КАФЕ ПАУЗА

Tag: задоволство

  • Кафехоличари обединете се: 8 причини зошто кафето е најдобриот пијалак

    Кафехоличари обединете се: 8 причини зошто кафето е најдобриот пијалак

    Ах утра… првото нешто на кое кафехоличарите помислуваат наутро е нивната дневна доза кафе. Не можат да функционираат без таа магична напивка која им дава енергија и е всушност причината поради која можат нормално да го протуркаат денот. Кафето е слатко, средно или горко – секакво какво што сакате. А ова се причините зошто тоа е најдобриот пијалак на светов. Секако, без навреда до љубителите на чај.rnrn0-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mkrn

    1. Денот не смее да започне без кафе

    rnПиете кафе по пат додека земате кафе. А последниот пат кога разговаравте со ваш колега без да се напиете кафе направивте ужасни грешки. Дури спомнавте имиња кои никако не смееја да бидат спомнати.rnrn1-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mkrn

    2. Можете цела ноќ да се забавувате

    rnБез да ви се приспие. А кафето, следното утро повторно ќе биде тука за да ги олесни работите. За секоја ноќ помината со премногу алкохол, доаѓа утро со еднаква количина кафе.rnrn2-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mkrn

    3. Не морате цел семестар да го поминете во учење

    rnБлагодарение на оваа магична напивка, можете да научите сѐ во рок од 24 часа. Па кој воопшто има време да учи цела година?!rnrn3-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mkrn

    4. Не чувствувате замор после долг лет

    rnДодека сите одат да си ги земат куферите, вие само што ќе стапнете назад на земја барате кафе.rnrn4-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mkrn

    5. Немате проблеми со тврда столица

    rnЗатоа што не пиете безкофеинско кафе. Тие што го пијат – нека му ја мислат.rnrn5-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mkrn

    6. Кафето ви дава енергија да ги направите работите што ве мрзи да ги правите

    rnДа вратите на сите имејлови, да ги измиете чиниите и да смислите решенија на сите проблеми.rnrn6-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mkrn

    7. Поради кафето секое утро вие сте среќни што сте живи

    rnНема потреба да читате книги за самопомош и позитивно размислување, кога можете да се напиете нешто што веднаш ќе ви го забрза срцето и ќе ве исполни со енергија.rnrn7-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mkrn

    8. Па дури и кога губите време на глупости вие сте продуктивни

    rnНема подобро време за средување на плакарот од тоа кога треба да учите. Кога ќе сакате да учите, тогаш го планирате средувањето на плакарот. А ваквите стратегии ќе ве направат успешна личност. Која пие многу кафе, се разбира.rnrn8-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

  • Загубената уметност на заведувањето: Зошто многумина се разочарани од сексот?

    Загубената уметност на заведувањето: Зошто многумина се разочарани од сексот?

    Ние сме генерација на инстантно задоволување. Го сакаме она што го сакаме во истиот овој момент, бидејќи никој од нас нема време, ниту пак сака да чека. Сите имаме лесен пристап до храна, врски, облека, секс, забава, новости… Целиот свет е на врвот од нашите прсти! Сè што треба да направиме е да кликнеме неколку пати на маусот и тастатурата и ќе добие скоро сè што можеме да замислиме. Но, зошто тогаш луѓето се сè повеќе разочарани од животот, работата, па дури и сексот? Најкраткиот одговор на ова прашање е: исчекувањето!rnrnЗагубената уметност на заведувањето: Зошто многумина се разочарани од сексот?rn

    Кога не постои ментална стимулација, не постои ни сексуална

    rnСексот не започнува со допирање и бакнување, тој започнува со разговор. Тој започнува кога мозокот е стимулиран од страна на доволно силни зборови кои оставаат трага врз нашите сеќавања. Стимулирањето на умот ја стимулира и нашата сексуалност со поинтензивен и подолготраен жар отколку едноставното набљудување на деколте или цврсти стомачни мускули.rn

    Каде што не постои тензија, не постои ни ослободување

    rnКлучната состојка на жешкиот секс е насобирањето тензија. Не постои ништо посилно од тензија која е толку густа што буквално можете да ја почувствувате во воздухот околу вас. И сè што сакате во тој момент е да ја зграбите. Но, едноставно не можете. Па, што правите? Вие почнувате да копнеете по неа. Таа е постојано таму, држејќи се за вашите мисли во секој момент од денот. Токму затоа, по одредено време, кога конечно ќе можете да ја допрете со вашите прсти, ослободувањето е и повеќе од неверојатно.rn

    Каде што не пости заведување, не постои ни задоволство

    rnСите ние сакаме да бидеме заведени. Крајната цел е вие да стигнете до момент каде што ќе ја распарите нејзината или неговата облека, но не без претходно да се потрудите. Покажете дел од вашата мистична сексуална моќ и потоа злобно повлечете се. Сите луѓе сакаат да бидат мачени кога станува збор за сексуални игри. Како кој било би можел да биде задоволен од нешто кое го добива премногу лесно? Тоа е исто како полека да отворате подарок. Не брзајте при одврзувањето на сатенските машни и внимателно отстранете ја светкавата украсна хартија, пред да го допрете вашиот неверојатен подарок.rn

    Кога не постои посветеност, не постојат ни емоции

    rnСо цел сексот да биде неверојатно стимулативен и несомнено возбудлив, мора да биде вклучена и одредена емоција. Оваа емоција не мора секогаш да биде љубовта. Постојат огромен спектар емоции кои можат да бидат канализирани во сексот, бидејќи мора да чувствувате барем нешто за време на односот со цел тој да биде задоволителен. Без разлика што ја разгорува вашата страст, започнувајќи од фрустрација надвор од контрола, пресилна среќа, возбудлива неодговорност, жешка расправија, па сè до класичното чувство на љубов, вие треба да ги искористите овие емоции во сексот со цел да уживате што е можно повеќе.rn

    Каде што не постои преколнување, не постои ни задоволување

    rnВо основата на одличниот секс се крие силната желба на одредена личност која е подготвена на преземањње драматични мерки за да ја оствари. Ниту една личност нема да биде доволно задоволна ако претходно не копнеела по вашиот допир. Луѓето не се сексуално возбудени сè додека не се исполнети со копнежи и тежнеење, како и со исклучителна страст, ниту пак ќе бидат задоволни од односот доколку претходно не „молат“ за вашиот допир.

  • Благодарение на овие трикови максимално ќе уживате во сексот

    Благодарение на овие трикови максимално ќе уживате во сексот

    Ако сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, следете ги овие николку совети кои ќе ви го олеснат патот до таа цел.rnrnblagodarenie-na-ovie-trikovi-maksimalno-kje-uzhivate-vo-seksot-kafepauza.mkrnrnВи претставуваме 6 начини на кои можете го подобрите вашиот сексуален живот и да бидете позадоволни заедно со вашиот партнер.rn

    1. Не глумете оргазами

    rnГолем број жени глумат оргазми, дури 60% имаат признаено дека одглумеле барем еднаш во животот. Ако ова ви стане навика, ќе се соочите со намалување на вашата самодоверба и емотивна оддалеченост од вашиот партнер. Сепак, за вашите лажни оргазми мора да постои причина, па ако не ја кажете вистината, вашиот партнер нема да знае што не е во ред со вашиот однос. За да уживате мора да ја откриете таа друга страна што ви претставува задоволство. Истражувањата имаат покажано дека партнерите кои се отворени и позитивни почесто доживуваат сексуално задоволство.rn

    2. Бидете јасни, но и гласни

    rnНе се срамете, бидете слободни и изразете го своето задоволство во сексот. Постои директна врска помеѓу секси гласот и добриот секс. Ако вие сте храбри, тогаш и вашиот партнер ќе биде храбар, па на тој начин ќе дознаете што најмногу му се допаѓа.rn

    3. Почесто имајте секс

    rnСексуалните вештини можат да се усовршат, а честиот секс е патот до тоа. Со тоа вие ја зголемувате вашата самодоверба и ја зајакнувате блискоста меѓу вас и вашиот партнер.rn

    4. Потсетувајте го вашиот партнер колку ви е важен

    rnВрските можат лесно да западнат во рутина, а понекогаш несвесно може да го игнорирате партнерот. Потсетете го колку ви значи, тој ќе ви се заблагодари така што повеќе ќе се труди да ве задоволи.rn

    5. Спалната соба не е единственото место за секс

    rnСексот не мора да биде планиран, не мора да го имате само во спалната соба. Изненадете го вашиот партнер, а и себе, спонтано и неочекувано. Важно е да ги исполните вашите желби.rn

    6. Пробајте нови пози

    rnНе се воздржувајте од испробување на нови пози во сексот. Ништо не го освежува сексуалниот живот повеќе од тие значајни промени. Експериментирајте и уживајте.

  • Ова е првото кафуле во светот

    Ова е првото кафуле во светот

    Денеска кафето е задоволство кое го практикуваме како рутинска навика. Неминовно е нашата кафе пауза да ја искористиме релаксирајќи се во некое кафуле, а пак првото нешто што ќе го направиме во посета на некоја нова држава е да ја почувствуваме атмосферата на кафулињата таму. Денес тој толку вообичаен процес некогаш бил недозволен и забрануван.rnrn1-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    Знаете ли кое е и кога е отворено првото кафуле во светот?

    rnКафето служело во медицината на Истокот. Најверојатно пристигнало од Етиопија и Јемен до Блискиот Исток, па потоа и по брегот на Северна Африка.rnrnПрвото кафуле било отворено во Константинопол во 1555 година на денешната улица во Истанбул – Тахтакале. Кафулето се викало Кива Хан.rnrnИма повеќе приказни кои се врзуваат за ова кафуле и за неговото потекло. Прво дека Шамс од Дамск и Хакам од Алепо се иноваторите на кафулето.rnrnДруга е грчката приказна во која велат дека Грци биле луѓето кои го отвориле ова кафуле уште во 1475 година, на што Турците возвраќаат дека кафето за првпат е донесено во 1517 година за време на владеењето на султанот Селим I по освојувањето на Египет.rnrnТрета приказна вели дека Отоманскиот управник во Јемен, Оздемир Паша, донел зрна кафе кога бил повикан во Константинопол каде што тој го запознал Султанот Сулејман со овој необичен пијалак. Најверојатно Оздемир знаел многу претходно за кафето затоа што пред да стане управител во Јемен живеел во Каиро, а потоа ги освоил Судан и Етиопија. По оваа средба во палатата веднаш бил вработен човек кој бил задолжен да прави кафе за султанот.rnrn2-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnПодоцна кафето во Турција било забрането и сите вреќи со кафе биле истурени во морето затоа што се сметало дека тоа е иновација која ја стимулира човековата природа. Но, ваквите забрани биле игнорирани од страна на кафулето Кива Хан, па тоа сепак продолжило да работи.rn

    Што се правело во кафулето?

    rnНајчесто тоа било место каде се собирале мажи кои покрај тоа што пиеле кафе, читале и пишувале поезија, слушале музика, воделе дискусии за културниот живот, играле шах. Вообичаено се собирала голема група мажи, околу 20-30 луѓе кои споделувале мисли и искуства со чаша кафе. Во кафулето доаѓале и високи функционери кои сакале да се релаксираат.rnrn3-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnКафулето многу пати било затворано, но подоцна почнало да функционира без дозвола, менувајќи ја локацијата во некои слепи улички далеку од очите на власта, каде всушност се ослободило од плаќање данок. По многуте обиди да се затвори кафулето, сепак властите попуштиле и тоа продолжило со работа.rnrnПо речиси еден век биле отворени и првите кафулиња во Европа. Со воените освојувања од страна на Отоманската империја во Европа, оставени се голем број вреќи со кафе, па така почнал да се шири овој тренд и биле отворени кафулиња во Виена, Венеција, Париз, Мадрид, Хамбург и Лондон.rnrn4-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Турција кафулето се сметало како место за состанок на мажите кои разговарале за културниот социјален живот.rnrn5-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Англија за одржување форуми чија тема била политичкиот живот. Кафето имало цена од 1 пени.rnrn6-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mkrnrnВо Германија кафулето имало погрдно значење со кое се опишувало женското озборување. Но, оттогаш ваквите места служат за попуштени разговори.rnrn7-Ova-e-prvoto-kafule-vo-svetot-kafepauza.mk7

  • 12 знаци кои покажуваат дека животот во моментов ви е во полн ек

    12 знаци кои покажуваат дека животот во моментов ви е во полн ек

    Сите сме во суштина сочинети од енергија, a нашите вибрации претставуваат движење на нашата енергија низ просторот. Нашите вибрации се важни бидејќи влијаат на начинот на кој го живееме нашиот живот.rnrn12-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-zhivotot-vo-momentov-vi-e-vo-poln-ek-kafepauza.mkrnrnСпоред законот на привлекувањето, ние ги креираме своите животи врз основа на нашите вибрации. Најпросто кажано, кога поседуваме високи вибрации, ние создаваме повеќе од она што го сакаме во животот. Кога нашата енергија е на ниско ниво, ние создаваме повеќе работи кои не ги сакаме.rnrnВажно е да се напомене дека вибрациите со текот на времето се менуваат и дека нема ништо лошо во тоа некој да има ниски вибрации, бидејќи и тие се вредни. Ниските вибрации ни даваат сигнал дека нашите размислувања и нашето однесување не ни помагаат да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме, а тие сигнали можат да бидат исклучително корисни ако за нив сме свесни.rnrnСекако дека е корисно да знаеме и кога поседуваме високи вибрации со цел да можеме што подолго да уживаме во тие моменти.rnrnОва се 12 знаци на високи вибрации. Дали ги забележувате во последно време?rn

    1. Едвај чекате да се разбудите и да го започнете денот

    rnКога функционираме на високи вибрации, сè во животот ни делува возбудливо. Ако едвај чекате да скокнете од кревет и да го започнете новиот ден, сигурно сте на висока вибрациона фреквенција.rn

    2. Се чувствувате здраво

    rnНашите тела се физички манифестации на нашите вибрации. Висококвалитетната енергија е поврзана со високофункционално тело, што ги намалува, па дури и ги елиминира повредите и болестите.rn

    3. Се чувствувате силно

    rnКога нашата енергија е на високо ниво, се чувствуваме како да можеме да поместиме планина. Дури и најголемите проблеми тогаш изгледаат решливи, а најголемите предизвици остварливи.rn

    4. Можете да комуницирате јасно и ефективно

    rnКога нашите вибрации брзо се искачуваат, нашите зборови патуваат лесно и со мал напор. Тогаш можеме да комуницираме со другите на јасен начин, бес лапсуси и грешки.rn

    5. Финансиски сте стабилни

    rnСо добрата енергија доаѓа и изобилството во нашиот живот. Кога ни се високи вибрациите, имаме поголеми шанси да добиеме некаква награда и пари.rn

    6. Имате пријатни односи со другите луѓе

    rnСè е полесно на високи вибрации, дури и нашите односи се поубави. Во таквите моменти ги третираме другите луѓе со љубезност и почитување, дури и ако вообичаено сме воздржани кон нив.rn

    7. Сè ви оди како подмачкано

    rnВисоките вибрации ве одржуваат во оптимална состојба и продуктивност. Се чувствувате совршено урамнотежено, непреоптоварено, ниту здодевно. Често се чувствувате како да сте „во елемент“.rn

    8. Времето брзо ви проаѓа

    rnКога сè тече како подмачкано, времето брзо минува. Како што велат старите, времето лета кога се забавуваме, а кога се забавуваме, тоа значи дека сме на високи вибрации. Многу луѓе забележуваат дека времето брзо им поминува како што стареат. Некои веруваат дека тоа е заради тоа што се зголемува енергијата на целата планета.rn

    9. Изразувате љубезност и љубов без причина

    rnЛуѓето со високи вибрации просто емитуваат љубов кон својата околина. Тие природно шират насмевки, прегратки и љубезност без воздржување.rn

    10. Имате интуитивни моменти

    rnКога сме во состојба на висока енергија, ние ги примаме информациите кои доаѓаат преку границите на нашите 5 сетила. На пример, можеме изненадно да добиеме визија или одговор на некое прашање за иднината. Високите вибрации се поврзани со повисоки нивоа на знаење и разбирање.rn

    11. Се чувствувате среќни и полни со елан

    rnВаквите емоции укажуваат на тоа дека создавате позитивна енергија. Тие исто така се едни од најочигледните обележја на високи вибрации.rn

    12. Се трудите да изгледате најдобро

    rnНашата енергија влијае на нашиот изглед и на тоа колку се грижиме за себе. Кога се чувствуваме добро, нашата кожа повеќе сјае, нашата коса е посјајна и избираме поубава облека.rnrnАко покажувате знаци на високи вибрации, секоја чест. Продолжете да го правите тоа што го правите бидејќи се движите во вистинската насока.rnrnСепак, ако вашите вибрации не се доволно високи како што би сакале, не грижете се! Сетете се дека вашата енергија постојано ги менува вибрациите и дека свесно можете да го промените правецот во кој сакате да се движите.rnrnИсто така мора да запомните дека ниските вибрации секогаш се резултат на негативно размислување. Запрашајте се заради што имате негативни мисли и обидете се да се ослободите. Однесувајте се како вашите вибрации да се веќе на високо ниво: ширете љубов, пронајдете рамнотежа во сè што правите и постојано имајте природна широка насмевка на лицето.

  • Постојат 6 типови дебели луѓе. Во кој спаѓате вие?

    Постојат 6 типови дебели луѓе. Во кој спаѓате вие?

    Научниците откриле дека постојат 6 типови луѓе кои имаат проблем со прекумерна тежина. Во која група спаѓате вие? Дали воопшто имате проблем со прекумерна тежина?rnrnПостојат 6 типови дебели луѓе. Во кој спаѓате вие?rn

    1. Млади мажи кои многу пијат

    rnИ покрај претераната конзумација на алкохол, тие сепак се над просечното ниво според физичките активности, како и според нивната здравствена состојба и општата среќа.rn

    2. Средовечни луѓе кои се несреќни или анксиозни

    rnВо оваа група спаѓаат повеќе жени одошто мажи. Често патат од несоница, анксиозност и депресија. Покрај тоа што оваа група најмалку конзумира алкохол, тие истовремено имаат и лошо развиена одговорност за негување на својот физички изглед и менталното здравје.rn

    3. Постари луѓе кои се среќни, но живеат со некој здравствен проблем

    rnТие почесто заболуваат од хронични болести (дијабетес, висок крвен притисок, артритис), но не патат од депресија и анксиозни состојби. Тие се сепак среќни и задоволни од животот.rn

    4. Млади здрави жени

    rnТие немаат здравствени проблеми кои се поврзани со нивната дебелина. Тие се меѓу најсреќните и релативно здрави. Ретко имаат несоница, анксиозност или депресија и имаат прилично добар квалитет на животот. Често се вклучуваат во физички активности со цел да ја контролираат тежината.rn

    5. Постари, но здрави луѓе

    rnСкоро сите во оваа група имаат висок крвен притисок, но многу малку други проблеми поврзани со здравјето. Нивното ментално здравје е исто така добро и тие имаат високо задоволство од животот. И тие пијат, но не колку младите момци.rn

    6. Луѓе со многу лошо здравје

    rnВо оваа група спаѓаат луѓето со најмногу здравствени и ментални проблеми. Тие може да патат од дијабетес, висок крвен притисок, проблеми со дишењето и артритис. Тие исто така најмногу патат од болка, умор, анксиозност, депресија и инсомнија. Нивниот квалитет на животот и задоволството од него се многу ниски.

  • 5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за треба

    5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за треба

    Замислете дека седите некаде со друштво, си разговарате и се присетувате на некои работи од минатото. Дали со носталгија се присетувате кога сте купиле нов телевизор или телефон, или на некоја случка која има посебно место во вашите спомени? Така станува јасно на што вреди да се трошат пари, а на што не.rnrn5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за требаrn

    Не вреди да се трошат многу пари на…

    rn

    1. Електронски направи

    rnЕлектронските направи се многу потребни во денешно време, но не мора да се трошат многу пари на нив. И евтините уреди можат да ја извршат истата функција за помалку пари, додека скапите не носат поголемо задоволство. И онака веќе следната година ќе излезе нов поубав смартфон, па зарем вие постојано ќе купувате нов иако стариот добро ја врши истата работа како и новиот?rn

    2. Декорирање на домот

    rnПостојано излегува некој нов помодерен начин на украсување на домот со нешто ново. Истото можете да ги направите и без да потрошите илјадници денари користејќи ја сопствената креативност или помошта од некој близок.rn

    3. Автомобил

    rnКаков автомобил и да купите, тој ќе ве однесе од точка А до точка Б, и толку. Па сега сами размислете колку често треба да го менувате автомобилот за тој да биде нов и убав и што ќе постигнете со тоа.rn

    4. Облека по последна мода

    rnНе треба да имате чувство на вина поради тоа што сакате постојано да си купувате нови парчиња облека, но ако запнете да купите нешто супер скапо, тогаш треба да имате предвид дека што и да е тоа сигурно нема да ви донесе задоволство кое ќе биде правопропорционално со цената.rn

    5. Накит

    rnУбаво е да се има убав накит за некои прилики, но повторно, не вреди да се трошат премногу пари за нешто кое ретко се употребува и не може да ве исполни.rnrn5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за требаrn

    На што треба да се трошат пари?

    rn

    1. Едукација

    rnУчењето нови работи ќе ви го прошири погледот на светот и ќе ви овозможи работите да ги гледате и искусите на поинаков начин. Разните курсеви и семинари понекогаш се доста скапи, но има такви кои навистина вредат за парите, а она што ќе го научите ќе ви овозможи и многу добри искуства понатаму. На пример, со курсот по странски јазик ќе можете да комуницирате со странци и сл.rn

    2. Патување

    rnПатувањето дава некои од најдобрите искуства за кои човек може да мечтае. Излегувањето од комфорната зона и запознавањето на светот носи возбуда од која лесно остануваат спомени. За тоа требаат пари, но вреди да се потрошат за едно такво искуство.rn

    3. Музика

    rnНе двоумете се дали да потрошите пари за да научите да свирите на некој инструмент. Можеби добро ќе ви тргне и тоа ќе биде нешто на кое ќе ги учите вашите деца и внуци. Исто така би можеле да посетите концерт на некој изведувач кој не го познавате добро, па можеби после тоа секојдневно ќе уживате со неговата музика.rn

    4. Книги

    rnМожете да купите и користени книги, можете и да ги позајмите од библиотека, но ако никаде не можете да го најдете она што сакате да го прочитате, дозволете си да платите малку повеќе. Книгите се средство за патување во нови светови додека сте удобно сместени некаде и затоа вредат за парите.rn

    5. Храна

    rnВреди да се потроши некој денар повеќе за здрава или за вкусна храна. Вреди да се потрошат пари на поздрава храна поради придобивките за здравјето, но секако дека може да потрошите и на некој вкусен специјалитет кога патувате некаде. Убавите вкусови долго се паметат.

  • 5 суштински состојки на прекрасното секојдневие

    5 суштински состојки на прекрасното секојдневие

    Луѓето веруваат дека само богатите можат да живеат убав живот поради тоа што можат да си дозволат некои возбудливи работи, или пак мислат нешто слично за моќните, славните и за привилегираните. Психијатарот Дејвид Сак потврдува дека извонредните работи можат да ни се случуваат секојдневно и за нив не ни треба некаква привилегија, туку треба да ги најдеме во себе.rnrn5 суштински состојки на прекрасното секојдневиеrn

    1. Фокус на важни работи

    rnПотребно е да се фокусирате на квалитетот на работите, а не на квантитетот. Можете да соберете многу пари, предмети или сексуални партнери, но тоа никого не го направило најсреќен на овој свет. Иако квантитетот дава некаква сигурност, за да се почувствувате на начин заради кој вашиот живот ќе можете да го наречете извонреден потребно е да се фокусирате на внатрешните работи кои обезбедуваат интимност и личен развој. Ако чекате нешто друго да ве направи среќни, тоа никогаш нема да стигне и ќе предизвика само да очекувате и посакувате уште. Но, таквиот живот е сосема просечен и несреќен.rn

    2. Љубезност

    rnЉубезноста кон другите луѓе се враќа. Не само што вие самите ќе се почувствувате убаво поради вашиот убав начин на однесување, туку и оние околу вас ќе се потрудат со нешто да ви возвратат и животот да ви го направат поубав.rnrn5 суштински состојки на прекрасното секојдневиеrn

    3. Спремност да се биде перципиран како несовршен

    rnЛуѓето со исклучително добро секојдневие не се оние кои никогаш не грешат и немаат падови во животот. Бегањето од грешките обезбедува просечност, а оние кои се стремат кон извонредност знаат дека критицизмот и одбивањата се цената која се плаќа денес за утре да се живее убаво. Свесни се дека се плашат, но знаат и дека стравот не значи безвредност. Мора да бидете спремни да бидете несовршени и да бидете перципирани како несовршени.rn

    4. Способност за градење врски со другите луѓе

    rnСак зборува и за една студија спроведувана од 1930 година до денес. Огромната количина податоци добиена во тие осумдесетина години покажала една многу битна работа: на луѓето им се потребни врски со други луѓе. Оние кои знаат како да си го средат животот веќе го сфатиле ова. Тие знаат за силата која може да се црпи од оние со кои имаме изградено блиски односи.rn

    5. Благодарност

    rnНекои луѓе постојано ја чекаат среќата, ја чекаат, ја чекаат, а кога таа ќе дојде тие пак ќе најдат нешто ново за кое ќе се грижат. Ним им фали благодарност. Постигнале некаков успех, но ако не се благодарни на себеси за него како ќе бидат задоволни од животот? Луѓето кои имаат извонредно секојдневие не реагираат вака.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 едноставни нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жени

    15 едноставни нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жени

    Постојат некои работи кои предизвикуваат задоволство кои само жените можат да ги разберат. Зарем има нешто подобро од соблекување штикли или градник по напорен ден или пак, влегување во жешка пенлива бања по долгата недела? Погледнете ги наредниве 15 едноставни нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај жените…rnrn15 нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жениrnrn1. Соблекување тесни фармерки. Вашата работа е да се изборите со нив, но слободата која ја чувствувате подоцна прави оваа битка да вреди.rnrn2. Отпуштањето на косата од коњско опавче. Бидејќи злобната болка во коренот на косата мора да престане!rnrn3. Поправање скршен нокт. Сите жени знаат какво чувство на терор се појавува кога ќе се скрши некој од ноктите. Но, исто така знаат и какво интензивно чувство на задоволство се појавува кога во рацете конечно ќе земат турпија за нокти.rnrn4. Ставањето крема на вашите суви раце. И одеднаш се чувствувате дека вашата кожа може повторно да дише!rnrn5. Соблекувањето на штиклите по излегувањето. Не постои ништо подобро од извлекување на вашето стапало од овој „затвор“ и поставувањето во удобни и меки папучи. Ах.rnrn(1) 15 нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жениrnrn6. Влегувањето во топла пенлива бања. Прекрасно!rnrn7. Чистење на порите. Ова е малку гадно, но чувството кое се појавува додека гледате како излегуваат нечистотиите од вашето лице е неверојатно позитивно.rnrn8. Звукот на крцкање кој го испуштаат продуктите за убавина кога се затвораат. Кармин, маскара, огледала… Има нешто многу позитивно во нивното затворање.rnrn9. Пиење вода по вежбање. Вие можете да го почувствувате еликсирот на животот како преминува во вас.rnrn10. Соблекувањето на градникот на крајот од денот. Не постои ништо порелаксирачко од ослободување на градите.rnrn(2) 15 нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жениrnrn11. Нанесување балсам за усни. Рај. Сјаен и мек рај.rnrn12. Миењето коса кога ви е многу мрсна. Во ред е. Секоја жена имала период кога ја миела својата коса на неколку дена подолго од социјално прифатениот временски период, но токму тоа е она што предизвикува поголемо задоволство од чистата коса.rnrn13. Нанесување туш во права линија на вашите очни капаци од прв обид. Успеавте! Знаевте дека го имате тоа во себе!rnrn14. Добро истегнување. Она кое ве тера да испуштите силен звук на опуштање. Уште поголемо задоволство доживувате и ако вашите коски крцнат.rnrn15. Местењето на вашиот градник кога ве боде во ребрата. Ах, тоа е подобро!rnrn(3) 15 нешта кои предизвикуваат интензивно задоволство кај сите жениrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добрите девојки финишираат последни: Зошто е во ред да бидете сингл?

    Добрите девојки финишираат последни: Зошто е во ред да бидете сингл?

    Сите ваши луди пријателки веќе имаат момчиња, а вие постојано заглавувате во „пријателската зона“. Постојано трчкате по „лошите момци“ со нивните кожни јакни и лоши навики. Ги обожавате алфа момците кои не се плашат да го грабнат она што сметаат дека им припаѓа. Се однесувате добро кон нив, а тие ве гледаат само како пријателка. Ја барате вината во себе? Се прашувате зошто сте сингл? Немојте. Сепак изреката: „Подобро сама отколку во лошо друштво“ е вистинита, само некои тоа го сфаќаат порано, а некои подоцна. Еве 10 причини зошто е убаво да сте сами.rnrn0-dobrite-devojki-finisiraat-posledni-zosto-e-vo-red-da-ste-singl-kafepauza.mkrn

    1. Имате организиран живот

    rnДевојките како вас ги поминуваат ноќите учејќи/работејќи на важни проекти кои ќе резултираат со голем успех во иднина. Имате многу активности поради кои сте постојано зафатени. Вие никогаш не сте посегнале по цигари, а имате мерка со алкохолот. Знаете да комуницирате со луѓето и имате широки познавања од сите полиња. Еден ден ваквите особини ќе ви се најдат многу корисни.rn

    2. Немате многу емоционални лузни

    rnСите имаме т.н. емоционални лузни кои некогаш знаат да нѐ изместат од колосек. Сепак треба да се радувате на тоа што не сте завршиле бремени на 15 години, со 5 деца на 33 години и што не сте се откажале од соништата. Исто така, уште една причина за радост е што не сте завршиле со некој идиот кој не сте сигурни ни дали има средно образование. Затоа секогаш гледајте позитивно на работите.rn

    3. „Вистинските“ момчиња ве сакаат

    rnМожеби го чекате „совршениот“ целиот ваш живот, но верувајте дека и тој ве чека вас. Тој може да биде фино момче кое постојано заглавува во „пријателската зона“ исто како вас или можеби тоа ќе биде некое од „лошите момчиња“ кое е спремно да се стабилизира кога ќе ја пронајде вистинската девојка. Но тој постои и кај да е, верувајте дека ќе го сретнете и конечно сѐ ќе биде како што треба.rn

    4. Знаете што сакате

    rnЕдноставно не сте очајни и не одите со секое момче кое ќе ви се „пушти“. Имате одредена слика во главата за тоа како еден маж треба да се однесува и изгледа и тоа е во ред сѐ додека имате реални очекувања.rn

    5. Си посветувате доволно време себеси

    rnЗатоа што сте сингл, тоа ви дава можност повеќе да се истражите и да се запознаете себеси. Имате доволно време да ги прочитате сите книги и да ги изгледате сите филмови, имате време за фитнес и време кое им го посветувате на пријателките. Кога сте во врска, многу повеќе се посветувате на потребите на партнерот и остварувате компромиси.rn

    6. Искрено сте среќни

    rnИако можеби сега се чувствувате несреќно и се плашите дека веројатно ќе завршите сами со куп мачки околу вас, сепак сте искрено среќни и задоволни со тоа кои сте и што сте. Чувствувате големо задоволство поради личноста која станавте со текот на годините и успесите кои сте ги постигнале. Вашата сопствена среќа е важна за вашата самодоверба. А, важно е да бидете среќни, иако вистинскиот маж сѐ уште не пристигнал во вашиот живот.rn

    7. Позрели сте од останатите

    rnОсамените ноќи значат дека го поминувате времето размислувајќи и созревајќи. Не сакате да бидете во врска со момче кое еден ден ве сака, а другиот ден ве понижува. Не сакате да зависите од некој кој цело време ќе ви ја поткрева самодовербата. Позрели сте од останатите на ваша возраст и тоа е многу важно и значајно, а ќе дојде маж кој ќе знае да го цени тоа.rn

    8. Тој навистина ќе ве цени

    rnКога конечно ќе го добиете тоа што го сакате, ќе сфатите дека целото време кое сте го поминале сами вредело. Поради вашите моќни квалитети и зрелоста која ја поседувате конечно ќе се појави маж кој ќе го цени тоа. Освен тоа, тој ќе ве сака, добро ќе се однесува кон вас и нема да остави никој да ве украде од него бидејќи премногу му значите. Само мора да бидете трпеливи.rn

    9. Вашата врска има поголеми шанси за долготрајност

    rnКога веќе ќе бидете во врска со некој на кого му верувате, поголеми се шансите таа да трае долг временски период. Нема да се задоволите со помалку од она што го заслужувате и не сакате некој на кој не вреди да трошите ни минута од вашето време. Среќникот кој ќе биде со вас е момчето кое бара повеќе од флерт и забава за една вечер. А, вашата емоционална зрелост ќе ги зголеми шансите за долга врска исполнета со љубов, меѓусебно разбирање и поддршка.rn

    10. Не се задоволувате со помалку од она што го заслужувате

    rnСте имале време да дознаете многу работи за себеси и сте сфатиле дека да се биде во врска која не води никаде едноставно не вреди. Сакате интелигентен маж кој е згоден и културен, исто како што сте вие. Го сакате вистинското нешто, целосниот пакет со сите работи кои вие искрено ги заслужувате. Нема ништо суетно во тоа, туку тоа е знак дека се цените и сакате себеси доволно за да не оставите да пропаднете во нешто што не вреди и не ви прилега.rnrn4-dobrite-devojki-finisiraat-posledni-zosto-e-vo-red-da-ste-singl-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.