КАФЕ ПАУЗА

Tag: задоволство

  • Вкусни додатоци за вашето кафе

    Вкусни додатоци за вашето кафе

    За љубителите на кафето, овој пијалак е како еликсир на животот, наутро нè буди, нè одржува во текот на денот, а некои немаат проблем ниту да го пијат пред спиење. Обожавателите на овој вкус си имаат различни желби за начинот на приготвувањето, но ако сакате да експериментирате и да си го направите пиењето кафе уште повкусно задоволство, ви предлагаме 7 додатоци, кои би било згодно да ги имате на дофат во кујната. Секако, ако повеќе сакате да работите според однапред дефинирани работи, имаме многу рецепти, кои претставуваат скоро неисцрпен извор на различни кафе-задоволства.Вкусни додатоци за вашето кафе

    rnrn

    1. Крем со различни вкусови

    rn

    Ваквите производи може да му дадат различен шмек на вашето кафе, секогаш кога ќе ги употребите. Изберете каков вкус сакате, но ние ви предлагаме чоколадо и ванила.Вкусни додатоци за вашето кафе

    rnrn

    2. Сирупи

    rn

    Ваквите сирупи ги има во стандардна варијанта и без шеќер, а вкусовите варираат од чоколадо и лешник до овошни, како на пример боровница. Сирупите можете да ги користите и за да експериментирате со други коктели, па поради тоа нивното место на кујнските полици е уште пооправдано.

    rnrn

    3. Топло чоколадо

    rnВи текнало некогаш да измешате со кафе? Па што би можело да не биде убаво во ваквиот микс!?Вкусни додатоци за вашето кафеrn

    4. Нане и чоколадо

    rn

    Ви се допадна претходниот микс? Пробајте и нешто уште поинтересно. Додадете малку сируп од нане, кој ќе му даде супер ментол вкус на вашето кафе. Ако сте смели, декорирајте го кафето со лижавче-бастун со вкус на ментол.Вкусни додатоци за вашето кафе

    rnrn

    5. Цимет

    rnПропрскајте малку цимет на штотуку ствареното кафе или користете стапчиња од цимет наместо лажичка.Вкусни додатоци за вашето кафеrn

    6. Ликер од Ирски крем

    rn

    Ова е додаток за возрасни. Ставете малку во кафето и ќе добиете одличен вкус, но имајте предвид дека ваквиот микс е повеќе пожелен за студените зимски денови.Вкусни додатоци за вашето кафе

    rnrn

    7. Ликер со вкус на портокал

    rn

    Овој додаток му дава силен вкус на кафето, кое може да биде и мешавина со какао или топло чоколадо. Веројатно нема да му се допадне на секој, но многумина ќе уживаат во ваквиот вкус одвреме навреме.Вкусни додатоци за вашето кафеСо волку многу додатоци, никогаш не може да ви здодее вкусот на кафето.

    rnШто користите вие? Би додале ли нешто плус?rnrn—————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нешта кои може да ги давате и кога немате пари

    Нешта кои може да ги давате и кога немате пари

    Оние кои даваат, живеат подолго. Не мора да имате пари за да имате што да дадете. Има други валути со кои можете да направите промена во вашиот живот и во животот на оние околу вас: вашето време, вашите емоции, вашето срце, вашето сочувство…rnrnДенес може да е обичен ден, како секој друг, но може и да се обидете нешто да смените, па давајќи, да добиете повеќе. Колку повеќе сте подготвени да дадете, толку повеќе универзумот ќе се стреми да ви го врати секој „долг“. Овие 11 нешта се многу евтини. Впрочем, за нив не треба ни да посегнете по новчаникот.rnrnНешта кои може да ги давате и кога немате париrnrn1. Подарете насмевка, и тоа на секој што ќе го сретнете. За возврат ќе добивате многу насмевки.rnrn2. Споделувајте позитивни мисли за луѓето околу вас, па и за нешто што е поврзано со самите вас. Ќе имате добар живот, а луѓето ќе имаат добро мислење за вас.rnrn3. Упатувајте им љубезни зборови на другите и љубезноста несомнено ќе ве следи во животот.rnrn4. Ширете расположение.rnrn5. Ценете сè околу вас. Со тоа вашиот живот ќе добие повеќе вредност, а вие ќе бидете ценети насекаде.rnrn6. Охрабрувајте. Колку повеќе ги охрабрувате другите, толку повеќе вакви нови предивици ќе се поставуваат пред вас, но и толку повеќе охрабрувачи ќе имате во вашата околина.rnrn7. Оддавајте почит онаму каде што е потребно, а за возврат очекувајте нови луѓе да ја одобруваат вашата почит.rnrn8. Бидете среќни, давајте среќа и уживајте во чувството кое доаѓа со тоа. Тоа и вам ќе ви донесе среќа.rnrn9. Посветете време за некој друг освен за себеси, за некоја повисока цел. За возврат ќе бидете наградени на начини кои можете само да си ги замислите.rnrn10. Влевајте надеж. Гледајте како исчезнува безнадежноста, расте вербата и изобилува задоволството.rnrn11. Молете се за вашите пријатели, но и за оние кои ги доживувате како непријатели. Има толку многу гнев во воздухот, но молитвите ќе поминат долги патеки за да донесат вистински чуда помеѓу сиот тој гнев.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работете со љубов

    Работете со љубов

    „Работата е љубов на видлив начин.“ – Калил Џибран

    rnЉубовта и работата се теми за кои вообичаено не се зборува истовремено. Но, ако си дозволите, работата може да биде прекрасен начин да се изразите себеси и да му покажете љубов на светот околу вас. Без разлика дали послужувате гости во кафеана или сте кардиохирург, во секоја работа им служите на другите и се обидувате да им го направите животот подобар, во некој аспект. Сите сме искусиле ситуација во која некој наш колега не воздига до степен што ни го прави денот поубав, но за жал исто толку лесно некој од нашата работна околина може да не спушти и да ни го направи денот ужасен.Работете со љубовСекогаш имаме избор какви ќе бидеме на работа, без разлика на типот на работата. Запознаваме прекрасни луѓе кои се задолжени за чистење на подовите низ долгите ходници, но и не толку воодушевувачки луѓе кои се на прекрасни работни позиции.rnrnКако вие ја носите љубовта на работа?rn

    Имате избор

    rnСекое утро влегувајте со десна нога во вашата канцеларија. Дури и да не ја сакате својата работа, можете да уживате помагајќи им на другите околу вас. Редовно потсетувајте се на ова. Во стресни ситуации, дајте сè од себе за да ги совладате проблемите и да продолжите понатаму со работниот ден. Плачејќи и жалејќи им се на колегите нема да ја подобрите ситуацијата ако не преземете нешто околу тоа.rn

    Бидете подготвени

    rnБидете подготвени за работниот ден. Потрошете малку плус време за себе за да се чувствувате добро пред да излезете за на работа. Ако отидете со главоболка или во брзање, нема да се чувствувате најдобро. Би било идеално да издвојувате малку време за вежбање наутро, после што треба убаво да појадувате. На овој начин ќе си ја одржите концентрацијата и ќе бидете подготвени за денот што е пред вас.Работете со љубовrn

    Бидете благодарни

    rn

    Бидете благодарни за вашата работа. Дури и во случаи кога платата е едниствената работа за која сте благодарни, сепак има за што да се „држите“. Да се биде благодарен не значи дека треба да се искажува задоволство за работа која не го причинува, но развивајќи позитивен став кон одредени аспекти од нејзе, ќе си помогнете да се чувствувате подобро додека сте таму. Можеби не ја сакате работата, но ја обожавате дружбата со колегите. И ова може да биде нешто за што би можеле да бидете благодарни.Работете со љубов

    rnrn

    Уживајте секој ден

    rnДонесете одлука дека ќе уживате во работата секој ден. Навистина е толку едноставно. Вашето размислување прави голема разлика во начинот на кој ги доживувате работите. Ако работите работа која воопшто не ја сакате, почнете да наоѓате причини да уживате во неа и од ден за ден ќе можете да ја почувствувате разликата. Гледајте да користите максимум од ситуацијата во која се наоѓате и ширете го задоволството на оние околу вас.rn

    Бидете присутни

    rnАко научите да бидете присутни и да се соочувате со секоја ситуација, ќе имате многу повеќе енергија и љубов за давање. Вежбајте секогаш да бидете присутни во моментот и да ја завршувате задачата која е моментално пред вас. Многу често нашето незадоволство на работа доаѓа од мислењето дека ситуацијата треба да биде поинаква. Престанете да се опирате и почнете да се ангажирате повеќе во вашата работа.Работете со љубовrn

    Давајте насмевки

    rnНасмевката има двоен ефект. Од една страна ќе направи самите вие да се чувствувате подобро, додека истовремено позитивно ќе влијаете врз другите. Па, смејте се често!Работете со љубовrn

    Заклучок

    rnОчигледно е дека колку повеќе искрено уживате во работата, толку е подобро. Борете се да ја најдете работата што ја сакате. Потребно е многу помалку труд за да се најде задоволство и да се искажува љубов во работа која се работи со уживање. Во таква ситуација, работата навистина станува љубов прикажана на видлив начин.rnrnУспевате ли вие да носите љубов на работното место?

  • Астрологијата и среќата во животот

    Астрологијата и среќата во животот

    Некои велат дека среќата е нешто со кое треба да си роден, други велат дека среќата мора сам да си ја создадеш. Трети пак, велат дека ќе бидете среќни само доколку силно верувате во тоа. Од помош во патот кон откривање на вистинскиот одговор може да ви биде и астрологијата, која ви открива кои активности може да ви овозможат среќата да тропне на вашата врата.rnrnАстрологијата и среќата во живототrn

    Овен: работете на случајот

    rnВашиот пријател според хороскопскиот знак, Томас Џеферсон, рекол: „Јас многу верувам во среќа и видов дека колку повредно работам, толку повеќе ја имам“. Овните се чувствуваат најсреќно додека работат нешто, вложувајќи ги своите напори до максимум, со цел да постигнат некаков успех. Ако постојано ја вложувате вашата енергија во креирање на животот кој сакате да го живеете, вие ја зголемувате веројатноста среќата да ви се насмевне.rn

    Бик: следете го вашиот рецепт

    rnВие сте биле досега среќни и тоа не е случајност. Запомнете ги чекорите кои еднаш ве одвеле до среќните периоди во вашиот живот и повторно следете го нивниот редослед. Доколку ја повторувате вашата среќна комбинација од активности, не само што ќе го добиете посакуваниот резултат од неа, туку таа и ќе се вкорени во вас.rn

    Близнаци: создадете повеќе пријателства

    rnВашата способност за градење пријателски однос со луѓето кои ги запознавате во животот, е природно вградена во вас, па зошто да не ја искористите во полза на вашата среќа и задоволство?! Вашите одлични комуникациски способности ви овозможуваат лесно да се конектирате со луѓето, а секоја личност со која ќе се запознаете претставува шанса да го збогатите вашиот дух на еден или на друг начин. Како што ќе расте вашата друштвена мрежа, така ќе растат и вашите можности.rn

    Рак: создадете ритуал

    rnВашиот душевен мир можете го зголемувате со создавање ритуали. Креирањето серија однесувања кои ќе ги следите, ќе ве одведе онаму каде што постојат среќните случајности. Вие сте од оној тип луѓе, кои веруваат дека одреден предмет ви носи среќа, па без разлика дали вашиот е пенкало, детска четка за заби или приврзок, значењето и вербата која вие ја внесувате во тој предмет, е она што прави тој да ви носи среќа.rn

    Лав: замислувајте си среќни разговори

    rnВам ви е лесно да го препознаете фантастичното во луѓето и околностите, така што сè што треба да направите за да се чувствувате среќни, е да си го повторите на глас тоа што веќе го мислите. Вашиот оптимистичен поглед кон животот, прави сите луѓе околу вас да се чувствуваат подобро. Колку повеќе ја подобрувате атмосферата со вашата позитивна енергија секаде каде што чекорите, толку повеќе среќа ќе привлечете во вашиот живот.rn

    Девица: дајте си малку време

    rnЗамислете си ја следнава ситуација: Момче си ја скршило ногата. Неговото семејство помислило дека тоа е резултат на лоша среќа, но една недела подоцна, токму скршената нога го спасила од регрутирање за војна. Како што поминува времето, така ни се менува перцепцијата за она што е среќа, а што не. Така и вие треба да прифатите дека во животот не е сè така црно-бело и дека понекогаш околностите кои дефинитивно изгледаат како несреќни, излегува дека се создавачи на најсреќните моменти во вашиот живот.rn

    Вага: ширете ја вашата добра карма

    rn„Сè се враќа, сè се плаќа“ – рекле старите. Така и вие, доколку денес вашата добра карма му донесе среќа на некој друг, можеби утре ќе ви дојде редот вам да добиете некаква среќа од универзумот.rn

    Скорпија: верувајте им на инстинктите

    rnВие имате силно интуиција за луѓето и околностите околу вас. Постојат информации кои едноставно ги знаете, а не знаете од каде. Вашите внатрешни импулси се многу силни и ако ги следите ќе ве одведат на вистинското место. Најсреќните луѓе токму тоа и го прават – го следат своето срце.rn

    Стрелец: побарајте совет

    rnНајбрзиот и најлесниот начин да стигнете онаму каде што сакате да бидете, е да побарате совет од некој друг. Вие зрачите со младешки дух и ентузијазам, па доколку и дозволите на некоја „постара душа“ да ви даде добар совет во врска со нешто – вие ќе бидете незапирлива сила.rn

    Јарец: пронајдете си го својот ментор

    rnВие сте природно комептитивни, па понекогаш заборавате дека не секој сака да се натпреварува со вас. Всушност, токму онаа личност која мислите дека е во подобра позиција од вас, која вие упорно се трудите да ја окупирате, можеби ќе има желба да ви помогне и да ви се најде за нешто. Вие ги зголемувате вашите шанси да бидете среќни, на начин што ќе побарате помош од некој друг.rn

    Водолија: замислете си сончева иднина

    rnСпособноста да си ја претставите низ слики иднината во вашата глава, е вашата суперсила. Кога си проектирате во мислите успешен крај за вас, вашите најблиски и светот воопшто, најчесто истата таа ваша среќна верзија за иднината, испаѓа токму онака како што сте рекле дека ќе биде.rn

    Риби: дружете се со весели луѓе

    rnВие имате една навистина интересна способност да ги апсорбирате вибрациите кои ги шират луѓето околу вас, а кога сте во близина на среќни луѓе, и вие постанувате среќна личност. Вие во суштина и не треба да правите нешто особено за да бидете среќни. Едноставно бидете секогаш во близина на луѓе кои се задоволни од нивниот живот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фасцинантни огномети

    Фасцинантни огномети

    Oгнометите се несекојдневно задоволство. Ни ги исполнуваат очите со сјај, ни го топлат срцето. Сетете се на новата љубов што се родила под распуканото небо, на заводничките погледи, на држењето за рака гледајќи нагоре. Овие фотографии се фасцинантни бидејќи нивните креатори ги фатиле совршените бои и форми во вистинскиот момент.rnrnФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огнометиФасцинантни огномети
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

    Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)

    Автор: Андријана АндоваrnrnФилм за себепронаоѓањето, за храброста да се направи промена, за потрагата по мир и задоволство, за среќата, прво сам со себе, а потоа со другите…rnrnЈади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Режија: Рајан МарфиrnrnГлавни улоги: Џулија Робертс, Хавиер Бардем, Ричард Џенкис, Џејмс ФранкоrnrnЖанр: драма, романсаrnrnВреметраење: 133 минутиrnrnПремиера: 13 август 2010rnrnЈазик: англиски, италијанскиrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 5/10rnrnБазиран на книгата од Елизабет Гилберт „Јади, моли се и уживај“rnrn


    rnrnРетки се оние самозадоволни проклети среќници кои нема да се пронајдат барем малку во овој филм, кои нема да размислат за некоја животна одлука и каде таа ги однела. Оние што нема да запрат ниту за секунда и да се запрашаат дали се задоволни со својот живот, дали е време за промени и дали воопшто имаат храброст да ги направат тие промени… Иако ова се работи кои ќе ги заскокоткаат мозочните бразди на повеќето гледачи и може да се обработат на 1001 начин, искрено, приказната во „Јади, моли се и уживај“ е малку лесна, лимонадеста, лесно сварлива. Особено што овој филм го носи проклетството на речиси секое кинематографско парче базирано врз книга – едноставно книгата секогаш, ама секогаш е подобра.rn


    rn
    rn

    rnrnПриказна: Лиз Гилберт е во навидум среќен брак, со добра работа, убава куќа и на чекор пред одлуката дали да роди дете. Но, под таа розова фасада, Лиз пополека се распаѓа. Низ годините се изгубила самата себе и станала, не она што е, туку она што се очекувало од неа. Таа одлучува да остави сè зад себе и да тргне на патешествието на себепронаоѓањето – во Италија за да го закрепне телото, во Индија душата, во Бали за да најде… љубов. На својот пат Лиз сретнува луѓе кои на различен начин ја инспирираат и ја поттурнуваат поблиску до целта.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кинематографија: Уште кога споменавме дека филмот се одвива во Италија, Индија и во Бали, не може сцените да не се живописни, интересни за гледање. Но, една од забелешките е што од овие три земји ни е сервирано само она што сакаме да го видиме (клишето, стереотипот) – па, така, од Италија имаме фонтани и млади на веспи, од Индија луѓе на рикши и оние што просат, а во Бали само природа и природа. Сепак, овој филм колку и да е лесен „за варење“ нема да ве засити веднаш и да ве натера да заспиете, а една од причините е што токму кога ќе почнете да „паѓате“, приказната се сели на ново место, па ќе си речете: чекај да видам што ќе се случи.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Кога и како да го гледате? Ве „измасирале“ на работа, сте имале екстра-напорен и нервозен ден и вечерта сакате да се отпуштите со филмче – ова дефинитивно е вашиот избор. Приказната нè поттикнува да мислиме дека во секој од нас стои силата за промени, но, од друга страна, нема толку да ве преоптовари и да ве остави без сон. Oва е дефинитивно женски филм. Наша препорака е да го гледате или сами или во женско друштво бидејќи доколку сте со вашето момче, можеби во знак на одмазда, следната недела ќе се најдете на најновиот филм на Силвестар Сталоне.Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Јади, моли се и уживај (Eat Pray Love)Слични филмови: „Сексот и градот 2“ (Sex and the City 2), „Писма за Џулиет“ (Letters to Juliet), „П.С. Те сакам“ (P.S. I Love You), „Ерин Брокович“ (Erin Brockovich)rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.