КАФЕ ПАУЗА

Tag: задоволство

  • Скриени ерогени зони: Точки на задоволство кои ќе ја доведат до лудило!

    Скриени ерогени зони: Точки на задоволство кои ќе ја доведат до лудило!

    Познавањето на овие ерогени зони не само што ќе ве претвори во одличен љубовник туку и ќе ви овозможи секоја жена да ја доведете во расположение за секс со потези кои се прифатливи иако не сте во врска.rnrnМногу мажи мислат дека жените имаат само една ерогена зона т.е. вагината. Меѓутоа оние малку поинформираните знаат дека жените полудуваат кога ќе ги допрете на внатрешната страна на бутовите или вратот, а малку од нив знаат и за овие скриени ерогени зони.rnrnАко спаѓате во оние кои сакаат да бидат информирани околу тоа како да задоволите жена, еве неколку ерогени зони за кои веројатно не знаевте, а сигурно ќе ви се најдат при рака за време на предиграта.rnrnrnrnГрбот е многу сензуален дел од човечкото тело кој освен со бавна масажа може многу успешно да се стимулира и со нежни бакнежи, а за време на сексот цврстото стегнување на грбот уште во моментот ја подигнува страста на уште повисоко ниво.rnrnСтапалата исто така се една од поважните ерогени зони и сензуалната масажа на оваа ерогена зона ќе ја направи секоја жена расположена за игри помеѓу чаршафите.rnrnДланките се многу осетливи на допир. Затоа кога поминувате со прстите по нејзините дланки додека гледате телевизија ќе испратите многу јасна порака за што сте расположени, а така ќе започне да се создава секси атмосфера.rnrnСовет плус: Ако со помош на јагодиците од прстите го масирате темето и со нерамномерни движења ги провлекувате прстите низ нејзината коса, а случајно нежно ја допрете и нејзината ушна школка, сигурно ќе ја доведете до лудило!

  • 10 одлични причини зошто е убаво да бидете во љубовна врска

    10 одлични причини зошто е убаво да бидете во љубовна врска

    Во секоја врска постојат подеми и падови и бидете сигурни дека ниту една врска не е совршена. Добро е да го знаете ова, бидејќи доколку имате преголеми очекувања или критериуми, тоа може да ве доведе до неуспех. Секоја врска подразбира некоја бесмислена борба, малку љубомора и малку драма, ама на крај, навистина е добро да се биде во врска. Кои се најдобрите работи во една врска, погледнете во продолжение.rnrn1-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    1. Ако имате среќа, може да добиете нов најдобар пријател.

    rn2-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    2. Секогаш имате некого со кого можете да уживате во кревет – и да правите сè што ќе посакате. Очигледно е…

    rn3-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    3. Кога сме веќе кај тоа, претплатени сте на неограничено галење.

    rn4-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    4. Секогаш имате планови за викендот. Вашите пријатели не сакаат да излегуваат вечерва? Секогаш можете да излезете со вашето момче или девојка!

    rn5-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    5. Конечно вашата мајка ќе престане да ви досадува со тоа дека е време да најдете некој за посериозно.

    rn

    6-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_

    rn

    6. Можете да престанете да се нервирате околу сите пропаднати состаноци и врски. Се чувствувате одлично, бидејќи го/ја имате него/неа!

    rn7-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    7. Имате некого на кого можете да му се жалите за секоја ситница која ве мачи… А тој/таа МОРА да ве слуша и да ве разбере.

    rn8-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    8. Исто така, имате некого на кого можете да се потпрете секојпат кога ви е тешко. А тоа е толку прекрасно чувство!

    rn9-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    9. Секогаш имате придружба, без разлика каде одите. Ви треба некого со кого би заминале на журка? Или на семеен ручек? Тој/таа е тука!

    rn10-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    10. Вие сте заљубени и добро се чувствувате, а тоа се гледа на вас. Вие едноставно блескате!

    rn11-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_

  • Ледено тајландско кафе со шмек на бадем

    Ледено тајландско кафе со шмек на бадем

    Силно и освежително – најдобро за во лето!

    rn0-ledeno-tajlandsko-kafe-so-shmek-na-badem-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки за 4 чаши кафе:

    rn

      rn011

    • 960 мл силно подготвено кафе
    • rn011

    • 480 мл пола-пола или слатка павлака
    • rn011

    • 3 лажици гранулиран шеќер
    • rn011

    • 3 мешунки кардамом
    • rn011

    • ¼ лажичка екстракт од бадем
    • rn011

    • Mраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Згмечете ги мешунките кардамом за да го испуштат својот вкус и арома. Во аван, нежно гмечете ги додека надворешната лушпа не пукне. Ако немате аван, поставете ги на штица за сечење и со задната страна од голем нож силно удирајте по мешунката сè додека не се скрши.
    2. rn011

    3. Во тенџерче на умерена топлина, варете ги пола-полата (или слатката павлака), шеќерот и мешунките од кардамом додека не зовријат, а потоа околу 15 минути оставете ја смесата да се олади. Потоа, тргнете го кардамомот и додадете екстракт од бадем.
    4. rn011

    5. Наполнете 4 високи чаши со мраз. Поделете ја смесата помеѓу 4-те чаши, а на крај турете го кафето.
    6. rn

  • Време е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

    Време е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

    Многу често луѓето си дозволуваат ситници да им влијаат врз нивното расположение. Уште почесто се случува тие да потклекнат на релативно површна „тага“ со надеж дека ќе најдат вистинска „среќа“. Но, токму тука е грешката. Сите ние тежнееме кон среќа. Сите ние мислиме дека доколку имаме сè ќе бидеме среќни. Ние ги гледаме другите луѓе како се смеат и се прашуваме зошто тие имаат нешто што ние немаме. Но, постојаната среќа не постои. Никој не е среќен без прекин. Дури ни мажот во скапо одело чија прва љубов се парите и кој заработува милиони. Дури ни писателот кој обожава да пишува повеќе од сè и го плаќаат да го прави тоа. Лесно е да се каже „Ќе бидам среќна, ако го имам тоа што таа го има“, бидејќи е многу тешко да се сфати дека среќата постои надвор од споредувањето. Токму затоа и сигурно не сте свесни дека…rnrnВреме е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од променаrn

    Вие не сте тажни, вие сте само незадоволни

    rnЗадоволството е алчност со маска. Никој од нас нема никогаш целосно да биде задоволен со тоа што го има, бидејќи во нашата природа е секогаш да сакаме нешто подобро, поново и посјајно. Задоволството вклучува разбирање дека животот е серија од успеси и неуспеси. Доколку го сфатите ова, големи се шансите дека нема никогаш повеќе да ѝ дозволите на тагата да ги намали вашите можности за чувството на задоволство.rn

    Вие не сте монотони, вие само сè уште не сте заљубени

    rnКако што Ед Ширан пее, „Љубовта понекогаш боли, но е единственото нешто кое прави да се чувствуваме живи.“ Никој не сака да верува дека една област од неговиот живот е поважна од која било друга, но вистината е дека недостатокот на љубов во нашиот живот нè прави безнадежни. Секој од нас лесно би можел да се изгуби во успехот, со нашето име на насловна од книга и стотици фанови кои чекаат автограм, но сè уште да се чувствуваме романтично незадоволни. Вие едноставно не сте заљубени. Постои еден еуфорија која доаѓа со љубовта, правејќи нè посреќни, но сепак тоа не значи дека без неа не вреди воопшто да се живее. Сè во животот е моментално и поминува, а секојдневно нешто ново нè чека зад следниот агол.rn

    Вие не сте грди, вие само не сте совршени

    rnНикој не е совршен. Повторете го ова гласно заедно со нас: Никој не е совршен! Секоја девојка или момче кое вие мислите дека е совршено, ние можеме да ви гарантираме дека не е. Луѓето имаат и лоши денови, исто како што имаат добри. Никој не е имун на проблеми. Совршеноста е многу мудро извајана илузија, но откако еднаш ќе успеете да погледнете околу вас со реални очи, вие веднаш ќе сфатите дека таа е мит. Вие сте прекрасни онакви какви што навистина сте и токму затоа бесцелно е да трагате по совршеноста.rn

    Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

    rnМонотонијата води кон самоуништување. Сите ние знаеме по една ваква приказна. На пример, луѓето ги изневеруваат своите сопружници поради досада, не затоа што им мислат лошо. Тие едноставно решиле да ја извадат својата потисната потреба за нешто ново и возбудливо, па решиле да живеат во близина на бомба која отчукува. Токму затоа и само прашање на време е кога таа бомба ќе ги разнесе. Од друга страна пак, колкумина од вас работите работа која не ја сакате и не ја напуштате само затоа што се чувствувате удобно и се плашите да почнете од почеток? Стабилноста е во ред и таа ни е потребна до одредено ниво со цел да преживееме, но никогаш не треба да ѝ дозволите да ве спречи вистински да живеете.

  • Важни сознанија наменети за мажите: Еве што не сте знаеле за вашиот пенис

    Важни сознанија наменети за мажите: Еве што не сте знаеле за вашиот пенис

    Знаете дека тој бара посебно внимание, но вие сѐ уште не го познавате доволно добро? Еве ги најважните нешта што треба да ги знаете за вашиот пенис.rnrnzanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mkrn

    1. Редовна ерекција = здрав пенис

    rnСпоред Тобијас Келер – професор по урологија на Универзитетот во Јужен Илиноис – „потребно е да имате редовна ерекција за вашиот пенис да биде во одлична форма“. За да го одржите здравиот тонус, мускулите на пенисот периодично мора да се богатат со кислород преку протокот на крв што води до ерекција.rnrnАко немате физички тешкотии да добиете ерекција, но не постигнувате во период од три или четири дена, тоа сепак не е причина за грижа. Можеби едноставно се наоѓате во нееротична средина и ништо не ве возбудува доволно.rn

    2. Мозокот го одржува „алатот“

    rnМозочните импулси се оние кои ве водат до ерекција за време на различните фази од сонот, особено во РЕМ фазата. Не е важно дали сонувате еротски сон или кошмар, вашиот пенис може да биде спремен дури и додека спиете. Од друга страна, некои мажи никако не можат да постигнат ерекција поради проблеми со крвните садови во половиот орган кои најчесто се предизвикани од дијабетес.rn

    3. Не постои врска помеѓу големината на пенисот во ерекција и вон ерекција

    rnНе постои доследна врска помеѓу големината на пенисот во нормална и во состојба на ерекција. Во едно истражување во кое учествувале 80 мажи, утврдено е дека распонот на ерекција од опуштена состојба до неопуштена е прилично широк и станува збор за од 1 до 10-тина сантиметри. Затоа правилото дека мажите со големи пениси во нормална состојба треба да имаат уште поголема ерекција и обратно, овде воопшто не важи.rnrnzanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mkrnrnАнализите покажуваат дека мажите со пократки полови органи во нормална состојба можат да пораснат и двојно повеќе од оние кои се поголеми во нормална состојба. Отприлика, 12% од пенисите се зголемуваат за ⅓ или помалку во ерекција, а само 7% имаат иста должина и во опуштена состојба и во полна ерекција.rn

    4. Осетливоста може да се намали

    rnСпоред истражувањата, како што старее, мажот ја губи осетливоста на пенисот, но тешко е да се каже во колкава мера. Во суштина, осетливоста на пенисот се мери со последната количина на стимуланси која мажот може да ја почувствува. Тоа се нарекува праг на осетливост. Научно е докажано дека осетливоста почнува да опаѓа на 25 години, а во периодот од 65-75 години тој процес е најизразен.rn

    5. Вибраторот е корисен и за мажите

    rnМомци, вибраторот не е само за жени. Всушност, оваа направа е многу корисна за стимулација на пенисот за мажи кои имаат повреди на `рбетниот мозок – кои предизвикуваат проблеми со ејакулацијата. Вибраторот стимулира одредени делови од нервниот систем по пат на ситни фреквенции. Исто така, постојат одреден број мажи кои патат од одложена ејакулација. Нив дури им се советува да користат лични медицински вибратори.rn

    6. Бактерии

    rnКожата на пенисот е дом на многу различни видови бактерии. Во текот на едно истражување, научниците користеле генетски тестови за да ги идентификуваат бактериите кои ги пронашле на машките полови органи. Резултатите откриле дури 42 уникатни видови бактерии. Со тоа се потврдува тезата дека човечкото тело всушност е еден голем екосистем.rnrnМеѓутоа, бројот на бактерии зависи и од тоа дали мажите се обрежани или се необрежани. Направени се анализи со примероци од 12 мажи пред да се обрежат. Нови примероци се земени и анализирани откако истите тие мажи биле обрежани. Според резултатите, забележан е помал број на видови бактерии на пенисот по обрежувањето. Голем број бактерии кои биле пронајдени биле од анаеробна природа – што значи дека нив не им е потребен кислород за да се размножуваат.rn

    7. Зона на задоволството

    rnМногу мажи сметаат дека долниот дел и главата од пенисот се најосетливите делови од нивното тело. Истражувачите прашаа 80 мажи да рангираат различни делови од своето тело според нивната осетливост. Тука освен пенисот спаѓале и: скротумот, анусот, брадавиците и вратот. Резултатите покажале дека деловите од пенисот се најосетливи – особено горната страна на главичката, левата и десната страна на столбот на пенисот и препуцијумот (кожниот набор).rnrn1-zanimlivosti-nameneti-za-mazhite-eve-shto-ne-ste-znaele-za-vashiot-penis-kafepauza.mk

  • Бидете благодарни за малите работи во животот, дури и во најлошите денови

    Бидете благодарни за малите работи во животот, дури и во најлошите денови

    Кога имате лош ден може да почнете да мислите дека сè на овој свет е лошо и дека не постои ништо добро во него, но верувајте дека грешите. Тешко е да гледате на подобрата страна кога сте нерасположени, тажни и депресивни, но сетете се на овие мали работи за кои треба да бидете благодарни и ќе забележите како вашето расположение се менува на подобро.rnrn1-bidete-blagodarni-za-malite-raboti-vo-zhivotot-duri-i-vo-najloshite-denovi-www.kafepauza.mk_rnrn1. Кафе. Јако, вкусно кафе. Можеби немавте доволно сон, но затоа тука е кофеинот да ве врати во живот.rnrn2. Неуредни пунџи кога вашата коса има лош ден. Во брзање сте и немате доволно време за да ја средите косата? Затоа служат многубројните ластици и шноли.rnrn3. Да се има пријател кој секогаш ќе биде покрај вас. Има многу работи за кои треба да им заблагодариме на нашите најдобри пријатели, но една од најважните е тоа дека тие секогаш се покрај нас кога навистина ќе ни затребаат. Нема ништо подобро од тоа да се има пријател кој е секогаш тука за да ве расположи.rnrn4. Вашата омилена песна. Музиката е најдобра терапија. Вклучете ја вашата омилена песна и заиграјте го вашиот специфичен танц. Ова ќе ви помогне да ја ослободите негативната енергија која се насобрала во вас.rnrn2-bidete-blagodarni-za-malite-raboti-vo-zhivotot-duri-i-vo-najloshite-denovi-www.kafepauza.mk_rnrn5. Чиста вода за пиење. Големи се шансите дека ако го читате ова вие може лесно да дојдете до чиста вода за пиење која е потребна за здрав живот. И тоа бесплатно! Не заборавајте колку е тоа прекрасно, иако звучи смешно. Замислете колку луѓе на овој свет ја немаат оваа среќа. Плус, водата е супер пијалак за жешките летни денови.rnrn6. Кратки месечни циклуси. Секогаш се жалиме за грчевите во стомакот и за тоа колку се тешки нашите циклуси, но сите ние треба да бидеме благодарни што природата не ги направила да траат подолго.rnrn7. Големата помош од коректорот кога мозолчињата ќе нападнат. Интересно е кога гледате како досадните мозолчиња полека исчезнуваат од вашето лице после нанесувањето на шминка. Прославувајте ја победата над нив.rnrn8. Сознанието дека сè е привремено. Кога работите се надвор од контрола, запомнете една важна работа – ништо не е вечно. Понекогаш времето ги лечи раните или пак решението за некој проблем ќе излезе на површината. Ова понекогаш го забораваме, но треба да бидеме среќни поради тоа.rnrn3-bidete-blagodarni-za-malite-raboti-vo-zhivotot-duri-i-vo-najloshite-denovi-www.kafepauza.mk_rnrn9. Можноста за правење грешки. Кога ќе погледнете назад, нема да зажалите за нив. Тие ви помогнале да научите нешто, а тоа е дел од созревањето.rnrn10. Социјалните медиуми се бесплатни. Со оглед на тоа колку време трошиме на нив, треба да им се заблагодариме што го трошиме нашето време целосно бесплатно.rnrn11. Да имате љубов во вашиот живот. Љубов не значи само да се биде во врска. Љубовта може да доаѓа од вашите пријатели, семејството, па дури и од вашиот миленик. Многу луѓе повеќе се фокусираат на љубовта која им недостига, отколку на онаа што веќе ја имаат.rnrn12. Првиот лош состанок. Можеби не се согласувате со ова. Но, подобро е да знаете дека врската нема да успее после првиот состанок отколку да го трошите вашето време со некого кој нема да ви се допадне подоцна. Ако лошиот состанок се претвори во прекрасна приказна, тогаш навистина треба да бидете благодарни.rnrn4-bidete-blagodarni-za-malite-raboti-vo-zhivotot-duri-i-vo-najloshite-denovi-www.kafepauza.mk_rnrn13. Утре е нов почеток. Кога имате лош ден, единственото нешто што треба да го направите е да заминете во кревет и утредента да ги започнете работите одново.rnrn14. Слушалките ве одржуваат нормални. Повеќето од нас го потценуваат ефектот што го имаат слушалките врз нашиот ден. Но, кога сте без нив и треба да комуницирате со луѓе кои не ви се допаѓаат или пак ви е досадно на работа, ќе сфатите што значат тие за вас.rnrn15. Постоењето на интернетот. Нема повеќе чекање за да добиете одговор преку пошта, можеме веднаш да ги видиме нашите сакани кои се на другата страна од светот, може да ги дознаеме најновите вести за неколку секунди. Животот е многу полесен.

  • Овие 3 нешта инстатно ќе ви го подобрат сексуалниот живот!

    Овие 3 нешта инстатно ќе ви го подобрат сексуалниот живот!

    Доста беше секс на брзинка. Истражувањата покажуваат дека галењето после секс е со причина. Паровите кои се галат после сексуален однос се многу позадоволни од својот сексуален живот за разлика од оние кои после секс сами прават нешто друго.rnrn0-ovie-3-neshta-instatno-kje-vi-go-podobrat-seksualniot-zhivot-kafepauza.mkrnrnВсушност, галењето после секс многу повеќе влијае на односот отколку самиот секс. Истражување спроведено на 335 испитаници, според кое научниците заклучиле дека луѓето кои после водење љубов останале во кревет заедно уште 15 минути и се галеле биле многу позадоволни од оние што имале само предигра и секс. Затоа, врз основа на ова истражување, ви препорачуваме:rnrn1. Останете во кревет уште 15 минути. Наместо после секс да одите под туш или да продолжите со чистење на куќата, галете се со партнерот уште 15 минути. Така ќе бидете многу позадоволни од вашиот сексуален живот.rnrn2. Изразете ги своите чувства. Не морате да си кажувате колку многу умирате од љубов, но после секс разговарајте за чувствата и убаво е да му кажете на партнерот дека го сакате. Секој сака да го чуе тоа, особено после секс.rnrn3. Останете поврзани. Не само емоционално, туку и физички. Допирајте се со рацете, играјте со нејзината коса, галете го по грбот… Нема да верувате колку посреќни, поисполнети и позадоволни од сексуалниот живот ќе бидете.

  • 10 лаги за сексот кои жените постојано ги слушаат

    10 лаги за сексот кои жените постојано ги слушаат

    За жал, постојат многу лаги и митови поврзани со сексот. Тие не само што никому не му помагаат, туку дури можат и психички и емоционално да ве уништат, па затоа е време да се обелодени вистината.rnrn0-10-lagi-za-seksot-koi-zhenite-postojano-gi-slushaat-kafepauza.mkrn

    1. Сите жени имаат вагини

    rnНе. Половиот идентитет и сексуалните органи со кои сте родени се две различни нешта. Без разлика со какви гениталии е родена личноста, таа може да се претставува како маж, жена, двете, ниедно или онака како што се доживува себеси во светот.rn

    2. Невиноста постои и има големо значење

    rnНевиноста постои само како социјална замисла. Историски, невиноста се користела за да ѝ се даде вредност на женската сексуалност. Денес, првата асоцијација за невиност е вагиналната пенетрација. Освен што ова е еднострана перцепција за сексот, која го исклучува половиот однос меѓу припадници од ист пол, исто така истовремено ги потценува сите останати видови сексуални активности. Ова пак, им врши уште поголем притисок на младите луѓе да учествуваат во сексуални чинови за кои можеби и не се спремни. Концептот на невиноста ја определува вредноста на жената и нејзината „чистота“ – што води кон засрамување за нејзиното однесување и осудување на нејзиниот сексуален живот.rn

    3. Жените не мастурбираат

    rnИако истражувањата покажаа дека жените мастурбираат помалку од мажите, тие сепак го прават тоа. И тоа е супер. Мастурбацијата му дозволува на човекот да го истражи сопственото тело и она што му се допаѓа – тоа доведува до големо сексуално задоволство. Митот дека жените не мастурбираат или дека не треба да мастурбираат наведува многу жени да се чувствуваат виновно затоа што го истражуваат своето тело и својата сексуалност.rnrn1-10-lagi-za-seksot-koi-zhenite-postojano-gi-slushaat-kafepauza.mkrn

    4. Премногу секс ќе ја уништи вагината

    rnВагината е многу еластичен мускул, а не пар фармерки. Секако дека нема да се „истегне“ откако ќе ја употребите. Невозбудената вагина се враќа во својата оригинална форма – таа никако не може да се промени.rn

    5. Имањето деца ќе ја уништи вагината

    rnИако некои жени имаат промени во чувствителноста, сепак вагината се враќа во нормална форма неколку недели по раѓање на детето.rn

    6. Сите трансродни луѓе сакаат вагина

    rnКако што рековме, половиот идентитет и сексуалните органи се две различни нешта. Тоа исто така значи дека не сите кои се чувствуваат како жени чувствуваат потреба хируршки да го изменат нивното тело, а во случај да сакаат да го направат тоа, промената на полот не е единствениот начин. Постојат многу други различни хируршки опции за трансродните жени вклучувајќи аугментација на градите, феминизација на лицето и сл. за кои не е потребно променување на полот. Кој метод ќе го изберат (и дали воопшто ќе изберат некој) е право на секоја жена според тоа како таа сака да се претстави и изрази во општеството.rn

    7. Големината е најважна

    rnГолемината е важна, на некој начин и на некои луѓе, но не толку колку што ѝ се придава значење. Реално, просечниот пенис е нешто повеќе од 15 см во состојба на ерекција, што има смисла затоа што вагината е долга 12-16 см. Вагината е мускул кој се тегне (издолжува и шири) кога е во возбудена состојба и затоа може да ги прифати различните големини на пенисот, но нема потреба од голем пенис за да се дојде до задоволство.rnrnПлус, многу поважен е аголот. Постојат регии во вагината кои имаат повеќе нерви отколку други. Правилното насочување на пенисот, прстите или дилдото за да се погодат тие регии (експериментирајте со позиции за да откриете што вам најмногу ви одговара) е многу, многу поважно од неколку сантиметри плус.rn

    8. Во ред е да глумите оргазам за вашиот партнер да се чувствува подобро

    rnАпсолутно не е, во ниеден случај. Не го правете ова. Никој не се чувствува подобро ако глумите оргазам. Не само што вие не чувствувате сексуално задоволство, туку и не го учите партнерот правилно да ве задоволи. Тоа е неискрено и сите кои се во врска треба да имаат отворена и искрена комуникација помеѓу себе. Додатно, глумењето оргазам само ја подгрева идејата дека сексот е само за доживување климакс. Секако дека тоа е целта на сексот, но тој има многу поголемо значење. Сексуалното истражување треба да биде истражување на вистинското „јас“.rnrn2-10-lagi-za-seksot-koi-zhenite-postojano-gi-slushaat-kafepauza.mkrn

    9. Сексот треба да биде како на порно

    rnПорното е секси и може да ве возбуди, но тоа е илузија. Особено првичниот концепт за порното, кој бил специфично направен само за да ги поттикне машките фантазии. Жените во нив се користат како објекти со единствена цел – сексуално да го задоволат мажот и притоа тие се портретирани како да уживаат во тоа. Бидејќи порното е генерално наменето за мажите, дури и лезбиското порно ги прикажува жените на начин што има за цел да ја возбуди машката популација.rn

    10. Сѐ се врти околу пенетрацијата

    rnАко сте гледале каква било секс-сцена, тогаш сигурно мислите дека сѐ што е потребно за да се дојде до оргазам е да мрдате објект во форма на пенис внатре-надвор одредено време. Вистината е многу поинаква – само 7% од луѓето родени со вагина можат да доживеат оргазам исклучиво преку вагинална стимулација. На сите останати им е потребна и клиторална стимулација.

  • 3 особини кои ги открива за вас кафето кое го пиете

    3 особини кои ги открива за вас кафето кое го пиете

    Сите ние сме (потајно) зависни од кафе. Црно или со млеко, благо или горко, во големи или мали количини. Какво и да е, нашиот ден никако не започнува без тоа наше мало, слатко задоволство. Но дали некогаш сте се запрашале дали кафето кое го пиете кажува нешто за вашиот карактер?rnrn(8)-3-osobini-koi-gi-otkriva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-kafepauza.mk.jpgrnrnЕдно неодамнешно истражување направено на околу 1.000 учесници покажало дека сепак постои поврзаност помеѓу карактерните особини на луѓето кои пијат ист тип кафе.rn

    Црно кафе

    rn

      rn011

    1. Директни и едноставни
    2. rn011

    3. Тивки, но често менуваат расположение
    4. rn011

    5. Минималисти
    6. rn

    rn(1)-3-osobini-koi-gi-otkriva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-kafepauza.mk.jpgrn

    Еспресо

    rn

      rn011

    1. Лидери
    2. rn011

    3. Вредни, но често менуваат расположение
    4. rn011

    5. Знаат како да го добијат тоа што го сакаат
    6. rn

    rn(2)-3-osobini-koi-gi-otkriva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-kafepauza.mk.jpgrn

    Кафе со млеко

    rn

      rn011

    1. Невротични
    2. rn011

    3. Сакаат да им удоволуваат на луѓето
    4. rn011

    5. Неодлучни
    6. rn

    rn(3)-3-osobini-koi-gi-otkriva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-kafepauza.mk.jpgrn

    Капучино

    rn

      rn011

    1. Посесивни и сакаат да контролираат
    2. rn011

    3. Креативни, искрени и мотивирани
    4. rn011

    5. Навистина добри пријатели, но брзо им здосадуваат луѓе без имагинација
    6. rn

    rn(4)-3-osobini-koi-gi-otkriva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-kafepauza.mk.jpgrn

    Фрапучино

    rn

      rn011

    1. Сакаат да пробаат сѐ во животот, но често не носат здрави одлуки
    2. rn011

    3. Трендсетери
    4. rn011

    5. Авантуристи и храбри
    6. rn

    rn5-3-osobini-koi-gi-otkriva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-kafepauza.mk_.jpgrn

    Инстант кафе

    rn

      rn011

    1. Радосни и оптимистични
    2. rn011

    3. Опуштени
    4. rn011

    5. Ги одложуваат работите
    6. rn

    rn(6)-3-osobini-koi-gi-otkriva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-kafepauza.mk.jpgrn

    Кафе со млеко од соја

    rn

      rn

        rn011

      1. Напорни и комплицирани
      2. rn011

      3. Ситничарат и убедени се дека секогаш се во право
      4. rn011

      5. Самобендисани и мислат дека цел свет се врти околу нив
      6. rn

      rn

    rn(7)-3-osobini-koi-gi-otkriva-za-vas-kafeto-koe-go-piete-kafepauza.mk.jpgrnrnДали се пронајдовте?

  • Мали тајни од спалната соба: Напредни орални секс трикови кои ќе го восхитат

    Мали тајни од спалната соба: Напредни орални секс трикови кои ќе го восхитат

    Без разлика дали се сметате за почетник во уметноста на оралниот секс или сте напредни, секогаш постои простор за усовршување. Оралниот секс за мажите е исто што и цвеќињата за жените, па затоа потрудете се да го правите со доза на ентузијазам. Со помош на неколку клучни техники, оралниот секс може да биде совршеното тајно оружје кое треба да се најде во вашиот секс арсенал. Ако ги запомните овие трикови, нема потреба да се грижите дека сте потфрлиле. Еве неколку мали тајни кои максимално ќе го задоволат.rnrn0-malechki-tajni-od-spalnata-soba-napredni-oralni-seks-trikovi-koi-kje-go-voshitat-kafepauza.mkrn

    1. Користете вибратор

    rnВибраторот кој го чувавте само за вас и вашите посебни ноќи е одличен при орален секс. Врвот од пенисот има исти нервни завршетоци како вагината – што значи дека вибраторот ќе му предизвикува подеднакви сензации како што би ви предизвикал вам. За максимално задоволство, користете мал вибратор кој ќе го поставите зад неговите тестиси, притиснат врз местото помеѓу скротумот и анусот.rn

    2. Пробајте ја техниката длабоко грло

    rnВо последно време, оваа позната техника ги доживува своите пет минути слава – многу жени сметаат дека овој начин на задоволување е тоа што ќе ги направи експерти во оралниот секс. Сепак, не сите мажи се обожаватели на оваа техника, а дури и ако им се допаѓа не им е постојано потребна. Длабокото грло е само уште една од низата техники на задоволување.rnrnЗа да станете вешти, многу е важно да бидете опуштени, да дишите, да не размислувате и да бидете спремни. Со текот на времето и искуството, ќе станува сѐ полесно и полесно. Тајната се наоѓа во трпението, но и во употребата на рацете. Притисокот е навистина важен, па затоа започнете така што нагло ќе го зграпчите и ќе одите што е можно повнатре, а како што се враќате, користете ги рацете за да нема прекини во задоволувањето. На некои жени лежењето на грб додека тој стои на работ од креветот им изгледа совршено, но за да откриете кој агол најдобро ви одговара вам добро е да експериментирате. Запомнете: Вие ја водите играта и вие ги поставувате правилата. Тој и онака ќе е среќен.rn

    3. Поиграјте си со додатоци

    rnНема ништо позабавно од додатоци во оралниот секс. Ако не ви се допаѓа самиот чин, не ви се допаѓа вкусот или само сакате да пробате нешто ново зачинете го оралниот секс со неколку додатоци.rnrnАко е лето, земете малку мраз. Веројатно првата помисла ви е дека користењето мраз врз неговите најчувствителни делови е премногу опасно, па затоа коцката мраз оставете ја да се стопи во вашата уста и потоа орално задоволете го. Топло-ладните сензации во вашата уста ќе му предизвикаат силно задоволство кое долго време нема да го заборави.rnrnУште еден начин како да ги разиграте работите во оралниот секс е да пробате лубрикант со вкус. Одличен трик е да нанесете малку лубрикант на вашите усни (како сјај) и потоа лизгајте ги усните нагоре-надолу. Со веќе додадениот лубрикант, додека ја шмукате главичката движете ги рацете. Вака, тој целосно ќе ужива, а вам ќе ви биде пријатен вкусот.