Доколку лесно се зацрвенувате, веројатно ви е незгодно само што кликнавте на насловот, но верувале или не, звуците кои жените ги испуштаат за време на секс биле предмет на едно научно истражување.rnrn
rnrnИстражувачите се послужиле со понаучни термини за да зборуваат за сексуалните звуци и оргазмичните врискања кои ги нарекуваат копулаторни вокализации. Прашањето кое тие сакале да го одговорат било: Дали звуците кои жената ги испушта за време на сексот се неприсилени или рефлексни, или пак се резултат на оргазам?rnrnТие сакале да ја истражат врската помеѓу сексуалните вокализации и оргазмот. Примарното прашање било дали таквите вокализации се ненамерен рефлекс на оргазмот (или поврзани со оргазмот) или пак се независен акт на патот кон постигнувањето на врвот.rnrnРегрутирале 71 сексуално активни хетеросексуални жени на просечна возраст од 22 години и спровеле анкета прашувајќи ги субјектите за нивните звуци за време на секс.rnrn
rnrnКонзистентно на претходно истражување во истата област, жените најчесто одговарале дека постигнувале оргазам со мастурбација или самостимулација, па потоа со манипулација од страна на партнер. Оралниот секс е третиот по ред кој може да доведе до постигнување на врвот, по што следи најреткиот начин на кој жените постигнуваат оргазам – со пенетрација од страна на маж. Исто така жените во истражувањето откриле дека најчесто доживуваат оргазам за време на предиграта.rnrnШто се однесува до звуците (вокализациите), изненадувачки, тие не се поврзани со женскиот оргазам. Истражувачите откриле дека женските вокализации се случуваат за време на машкиот оргазам, најчесто пред или за време на ејакулацијата.rnrnИстражувачите тоа го објаснуваат вака:rn
„Податоците јасно демонстрираат неповрзаност помеѓу тајмингот кога жените доживуваат оргазам и произведувањето копулаторни вокализации и покажуваат дека постои барем еден елемент од овие реакции кои се под свесна контрола, што им овозможува на жените да го манипулираат однесувањето на мажите во нивна корист.“
rnЗаклучокот според ова истражување е дека жените изгледа вокализираат за време на сексот, не за да го изразат своето задоволство, туку за да им помогнат на мажите да го доживеат врвот.rnrn
rnrnОва е во согласност со идејата дека сите ние си имаме сопствени идеализирани сценарија во главата за тоа како треба да изгледа еден однос и што нашиот партнер би сакал.rnrnУште едно истражување вели:rn
„И машките и женските перцепции за идеалното времетраење на предиграта и сексуалниот однос за нивниот партнер е многу повеќе поврзано со нивните лични стереотипи, а не со изјавените желби од страна на нивниот партнер, што сугерира дека луѓето се потпираат на сексуални стереотипи кога ‘ги пресметуваат’ идеалните сексуални сценарија на нивниот партнер.“
rnМожеби и вокализациите се дел од идеализирано сексуално сценарио или пак се реакција на она што жените веруваат дека нивниот маж партнер го сака.rnrnСе надеваме дека не уништивме нечии замисли дека жените испуштаат звуци бидејќи едноставно уживаат во сексот. Сепак е малку покомплицирано од тоа.

rnrnМногу луѓе кои делат некој посебен однос со природата велат дека пронашле некоја сопствена верзија на среќата која ги прави да се чувствуваат длабоко поврзани со самите себеси. Тоа чувство го опишуваат како садењето семе: Корените ја впиваат хранливата и богата земја и тоа им ја дава основата да се чувствуваат безбедно и среќно. Тие забележале дека со нивните зафатени животи, работата и секојдневните обврски и одговорности им било потешко да одвојат време и да уживаат во сонцето или да прошетаат во паркот, да планинарат или да одат на плажа. Но, и покрај тоа, тие се обиделе да ја стават природата на нивната листа со дневни приоритети бидејќи таа им овозможува да ја почувствуваат личната среќа.rn
rnrnМузиката и мелодиите кои ви се допаѓаат, во комбинација со мирот, тишината и статичноста на природата, ветуваат едно неверојатно искуство. Кога ќе ги увидиме ефектите на ова моќно дуо ќе заклучиме дека пејзажите кои смируваат и звуците на светот околу нас заедно со омилените песни треба да станат наше секојдневие.rn
rnrn
rnrnЗнаеме дека е тешко да се поминува време во природата. Сите работиме и имаме семејства и обврски кои треба да ги исполнуваме секој ден. Но, ако сме одлучни и сакаме да ги исполниме своите цели и да се посветиме на среќата, важно е да додадеме и малку природа во нашиот живот. Не треба да забораваме да бидеме свесни за убавината околу нас. Таа постои таму надвор, бесплатна е и е еден од нашите највредни дарови.


rnrnНо, дали е тоа навистина така? Има ли нешто поважно од уживањето во животот? Има ли нешто поважно од тоа да се потрудиме да ги исполниме нашите цели и аспирации и да ја пронајдеме среќата? Постои ли некаков водич кој ќе ни помогне во таа наша потрага? Во продолжение прочитајте ги 4-те правила според кои живеат најсреќните луѓе на светот и дозволете мотивацијата и инспирација да станат ваши секојдневни практики.rn
rnrnВашата дозвола е единствената која има значење. Луѓето трошат премногу време во чекање потврда или дозвола од другите луѓе за да го направат она што го сакаат. Токму поради тоа често не ги споделуваат своите идеи, не посегнуваат по новото, се воздржуваат од учењето на нови вештини, од запознавањето нови пријатели или од вкусувањето нови рецепти. Освен ако не се благородни, потребни или корисни за сите други, ние не се осмелуваме да ризикуваме со новите можности. Она што треба да го направиме е да престанеме да се грижиме за реакциите на другите и да се фокусираме на нашите потреби со цел да живееме на начин на кој ќе се гордееме.rn
rnrnСите околу вас во секој момент можат да ви дадат листа од 100 работи кои треба да ги направите за нив, но единствената личност која може да си ги дозволи малите задоволства кои ги посакува сме самите ние. Топла купка, малку време да прочитаме добра книга, да го гледаме новиот филм, да го јадеме нашето омилено чоколадо, па дури и да испиеме шолја кафе покрај која е испишана некоја инспиративна порака. Посветувајќи се на себеси и правејќи работи кои нè радуваат е најдобриот начин да го потрошиме времето.rn
rnrnУметност, музика, храна. Опкружете се со нешта кои се вистински убави, не само естетски добри, туку и автентични, реални и природни. Поглед од планината, совршено направена торта, вистински и искрен разговор со најдобриот пријател… Опкружете се со вистинска убавина и вашиот живот ќе стане едно прекрасно искуство.rn
rnrnПарите и мислењата на другите луѓе доаѓаат и си одат. Мирот, благосостојбата и задоволството трпеливо нѐ чекаат во нашите срца, додека ја пренасочуваме среќата на работи кои ќе поминат. Кога ќе се ослободиме од таа површност, ќе ја искусиме среќата и мирот кои отсекогаш биле со нас.rnrnГледајте напред, а не назад. Дозволете мирот да дојде од вашето едноставно, чудесно постоење. Од вашето срце и од ништо друго.

rnrnПа, што тогаш кажува хроничната болка што една личност ја чувствува за нејзината емоционална состојба?rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

