КАФЕ ПАУЗА

Tag: задоволство

  • Мора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушнале

    Мора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушнале

    Сексот е дел од нашите животи и е неопходен за здрава врска. Сепак, за паровите кои се заедно долго време, сексот понекогаш може да биде малку здодевен. Ако сакате да внесете возбуда во спалната соба, мора малку да се потрудите, да истражувате и да пробате нешто ново. Секогаш е интересно да пробате некоја нова поза, а во продолжение погледнете неколку интересни пози што веројатно сè уште не сте ги пробале.rn

    1. „Клацкалка“

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnОд оваа поза може да имате грчеви во вратот, но и жесток оргазам, па вреди да се ризикува. Оваа позиција му овозможува на мажот подлабока пенетрација која може да ѝ овозможи на жената неверојатно чувство на исполнетост. Само предупредете го да биде претпазлив, за горниот дел од телото да не ви биде преоптоварен.rn

    2. Х-поза

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnОваа поза бара бавни и интимни движења. Легнете на грб, а вашиот партнер нека седне наспроти вас и нека ги префрли нозете преку вашите во форма на Х (како на сликата). Фатете го за рацете и помогнете му да пенетрира во вас колку што е можно подлабоко.rn

    3. Дејвид Коперфилд

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnЦелата магија на оваа поза е скриена во перница сместена под задникот. Вашата карлица е подигната така што вашиот партнер може да ви даде орално задоволство на најдобриот можен начин.rn

    4. Перек

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnИако можете да користите храна за време на предиграта за да се возбудите, овде не станува збор за тоа. Партнерот нека клекне пред вас, а вие обвијте го со едната нога околу половината, а другата ставете ја под неговиот задник. Тоа ќе му обезбеди длабока и силна пенетрација, но под овој агол, чувството е сосема поинакво и многу повозбудливо.rn

    5. Пајак

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnОваа поза изгледа како рак што се движи, но на најсекси можен начин. Вашата карлица треба да биде малку поткрената додека нозете ви се свиткани во колената од надворешната страна на телото на партнерот. Со оваа поза, двајцата партнери имаат контрола, така што лесно можете да се движите напред-назад и да уживате во задоволувачкиот ритам.rn

    6. Изменета лажичка

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnАко ја сакате позата лажичка, ќе ја сакате и оваа. Наместо двајцата да легнете странично, во оваа поза жената е на грб, а мажот се наоѓа помеѓу нејзините нозе, на таков начин што телото му е позиционирано под агол од 90 степени. Во оваа поза, мажот има целосна контрола и совршен поглед на вашето тело, особено на вашето лице, така што може да ги набљудува вашите изрази на лицето додека ве задоволува.rn

    7. Снежен ангел

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnНе дозволувајте името на оваа поза да ве измами, затоа што откако ќе ја пробате, ќе се чувствувате многу непослушно. Во основа, станува збор за мисионерската поза, но во малку изменета форма. Легнете на грб, а партнерот нека легне на вас, но со погледот кон вашите стапала (како на сликата). Ставете ги рацете на неговиот задник за да ја контролирате длабочината на пенетрацијата. На овој начин ќе почувствувате еден посебен вид триење што не сте го искусиле порано.rn

    8. Стоечка точка

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnОваа поза не е за почетници! Слична е како кучешката поза, но со уште подобри придобивки. За почеток, можете да седнете во класична јога позиција и вашиот партнер нека ви ги зграби нозете и нека ги стави околу својата половина. Нема да можете да останете во оваа позиција долго, но ова искуство нема да го заборавите.rn

    9. На топка за пилатес

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnОваа поза е слична на обратната каубојка, но во овој случај двајцата се обидувате да одржите рамнотежа додека сте на топката. Бидејќи жената е на мажот, таа ја има контролата на движењето и ги контролира брзината и длабочината на пенетрацијата.rn

    10. Водопад

    rnМора да ги пробате: Диви и луди секс-пози за кои сè уште не сте слушналеrnrnМногу интересна поза во која мажот виси од работ на креветот со главата на подот додека жената седи на него и целосно ја контролира целата ситуација.rnrnПрочитајте што открива неговата омилена поза во сексот.

  • Неверојатно прецизен психолошки тест со само 2 прашања: Дали сте задоволни од својот живот?

    Неверојатно прецизен психолошки тест со само 2 прашања: Дали сте задоволни од својот живот?

    Често нè болат нештата што не можеме да ги промениме, па почнуваме да се лажеме себеси. Меѓутоа, оној момент кога ќе си ја признаеме вистината, можеби и можеме да направиме чекор кон напред и конечно да станеме тоа што отсекогаш сме можеле да бидеме! Токму затоа и решивме да го споделиме овој тест со вас. Епа ајде да почнеме.rnrnrn

    Прашање број 1: Дали сте задоволни од својот живот?

    rnНе размислувајте премногу и нема потреба да го запишете одговорот. Само искрено признајте си себеси.rnrnДа претпоставиме дека сте си ја кажале вистината, и со оглед на тоа дека не постои личност која е целосно задоволна со својот живот, вашиот одговор најверојатно би изгледал отприлика вака: „Не, не се сум задоволен/а од својот живот.“rnrnСите би сакале поинакви резултати, но подобро е да ја кажеме вистината.rn

    Прашање број 2: Дали одлуките што ги носите се исправни, вистинити и дали вашите постапки се оправдани?

    rnПовторно, без многу размислување, одговорете си искрено. Нема потреба да го запишете својот одговор.rnrnАко не патите од депресија, одговорот најверојатно ќе ви биде „Да“. Вие треба да сте свесни за своите одлуки и да знаете што ги правите нештата.rn

    А сега, следуваат резултатите на тестот!!!

    rnПрво сценарио: Вие лажевте и одговоривте на првото прашање дека имате фантастичен живот и дека сте навистина среќни. Исто така верувате дека носите само исправни одлуки.rnrnВторо сценарио: Вие сте несреќни и го признавате тоа. Но, тоа е само затоа што размислувате за животот погрешно. Вие се споредувате со другите, и сосема погрешно го оценувате животот.rnrnТрето сценарио: Лажевте за еден од одговорите. На пример, како би можеле да бидете несреќни, а да верувате дека правите сè како што треба? Или сте целосно среќни, а постојано да грешите?rnrnТоа што можете да го научите од овој тест е дека колку повеќе станувате несреќни, толку повеќе ги браните своите уверувања и постапки, а за потешкотиите ја кривите лошата судбина, околината или некоја личност…rnrnОд друга страна пак, колку е личноста посреќна, толку повеќе си го преиспитува своето мислење и одлуките со цел следен пат да постапи подобро.

  • 7 знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет

    7 знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет

    Веројатно досега многу пати се имате прашано дали сте добри во кревет. Понекогаш е тешко да си признаете дека размислувате за тоа, а уште потешко ви е да го прашате партнерот. Поради ова, во продолжение погледнете ги 7-те знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во кревет и дека знаете како да го задоволите партнерот.rnrn7 знаци кои покажуваат дека сте навистина добри во креветrn

    1. Партнерот ве фаќа за рака

    rnДоколку за време на секс вашиот партнер страсно ве фаќа за рака, тоа значи дека му се допаѓа она што се случува. Ова е јасен знак дека сте навистина добри во кревет.rn

    2. Партнерот сака уште

    rnДали партнерот не може да се засити од вас, па веднаш после сексот сака уште? Тогаш сигурно сте добри во кревет.rn

    3. Партнерот сака да пробувате нови работи

    rnДали вашиот партнер постојано бара нови положби и трикови? Ова не значи дека сте станале здодевни. Ова значи дека тој се чувствува добро со вас и би сакал да истражува нови работи во сексот. Ова е јасен знак дека партнерот ве гледа како авантурист, што во сексот може да биде навистина важно.rn

    4. После секс, партнерот флертува со вас

    rnДали после водењето љубов партнерот ви пратил слатка порака? Дали флертува со вас веднаш штом ќе станете од креветот? Тогаш сигурно сте завршиле навистина добра работа.rn

    5. Не може да ги тргне рацете од вас

    rnДали ви се случува после секс, партнерот да не сака да ве испушти од раце? Ова значи дека сексот навистина го полудел и едноставно не сака да се оддели од вас.rn

    6. Ви кажува колку било добро

    rnДоколку сте одлични во кревет, партнерот сигурно ќе се потруди да ви го даде тоа до знаење. Овој комплимент слободно сфатете го лично.rn

    7. И вие едвај чекате да одите во кревет со партнерот

    rnСе разбира, во сексот треба да уживаат и двајцата партнери. Па доколу и вие постојано мечтаете за секс со партнерот, тоа е јасен знак дека сте сексуално компатибилни и дека вашиот сексуален живот е неверојатен.rnrnПогледнете ги и советите од секс терапевт што ќе ве направат неверојатни љубовници.

  • Метод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себе

    Метод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себе

    Големите грчки филозофи ги имале сите одговори кои денес ги учиме на разни тренинзи и работилници и преку Интернет. Секој од нас има свој пат до совршенството, доколку сака да го достигне. Запрашајте се, што е oна што го правите одново и одново што станало ваша навика, и дали во вашиот свет ова е совршенство? Односно, дали вие се сметате за совршена личност?rnrnМетод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себеrnrnИли пак кај вас наоѓате илјадници мани? И дали можеби постојано се споредувате со другите? Без разлика која е ситуацијата, можеби ова е вистинскиот момент да си го поставите ова прашање. Дозволете им на одговорите сами да дојдат, а најверојатно веќе и ги знаете.rnrnШто значи за вас да бидете совршени и што е потребно за да го потврдите тоа? За да станете совршена личност во овој момент, треба да го тргнете вашиот внатрешен критичар настрана. Иако не е лесно да го направите ова, навистина вреди.rnrnВашиот внатрешен критичар е постојано буден и често ве потсетува да се споредувате со другите. А ова споредување е само залудно и е совршен чин на покажување агресија кон себе.rnrnСекој од нас е потполно различен, со свои искуства, ресурси и внатрешен свет. Секој има посебен ритам на промена, усвојување и применување, а со тоа и своја интерпретација на она наученото.rnrnПа, една недела ослободете се од внатрешниот критичар и почнете да ги цените нештата што ги правите секојдневно. Не е важно дали тоа е правење ручек, подготвување на финансиски извештај или плетење. Едноставно, дајте си признание за што било што ќе направите во текот на денот. Обидете се и да запишете што сè сте одработиле во еден ден и ќе се изненадите од должината на листата.rnrnПравете го ова цела недела и на крајот ќе сфатите дека има некакво совршенство во секој ваш ден.rnrnПрочитајте ги и најкратките совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден.

  • Сексот е добар кога повеќе не ви е грижа дали партнерот ќе ве одбие

    Сексот е добар кога повеќе не ви е грижа дали партнерот ќе ве одбие

    Сексот не е само активност, туку и идеја. Нашите идеи за сексот се комплицирани, па со тоа го комплицираме и самиот чин. Но, ова не мора да биде вака.rnrnСексот е добар кога повеќе не ви е грижа дали партнерот ќе ве одбиеrnrnНа почетокот, сè изгледа поедноставно бидејќи ве водат хормоните. Но штом во љубовта ќе се вмеша животот, можно е желбата за секс постепено да се намалува. Сексот станува поредок, а секој чин станува долг и сложен процес. Доколку партнерите се поврзани, тие ќе најдат и други начини за уживање – шетање, готвење, гледање филм… Доколку знаат дека слободното време што го имаат ќе го потрошат на секс, ќе чувствуваат само фрустрација. Поради ова, луѓето се одлучуваат и на живот без секс.rnrnОвде улога имаат и годините. Можеби изгледате добро, но телото не реагира и не се однесува како кога сте биле во 20-тите. Доколку сметате дека страсниот секс значи долготрајна ерекција, влажност и оргазам, сигурно ќе наидете на проблеми. Поради тоа, важно е да се прилагодите на вашата сегашна ситуација.rnrnЛуѓето најчесто сакаат сексот да биде природен и спонтан. Но многумина одбиваат да се потрудите во врска со сексот, па се враќаат на ниво на адолесценција – започнуваат афери, се допишуваат со некого и остануваат заглавени со ниско либидо.rnrnРешението е во сексуалната интелигенција, којашто ќе ја развиете кога ќе ги прифатите информациите од партнерот, вашите емоционални вештини и кога ќе станете свесни за вашето тело. На овој начин, можете да ја искажете вашата сексуалност.rnrnСите сакаат комбинација од блискост и уживање. Но нема да го добиете ова доколку за време на сексот се фокусирате на тоа како изгледате, мирисате или звучите. За да го подобрите сексуалниот живот, мора да престанете да си кажувате што не можете или не смеете.rnrnЛуѓето минуваат многу време обидувајќи се да ги спречат несаканите емоции за време на сексот. Се плашат од реакцијата на партнерот, па не кажуваат доволно за себе, но не прашуваат и што сака партнерот. Добриот секс бара доверба помеѓу партнерите и способноста да се прифати одбивањето. Исто така важно е партнерот да ве привлекува, не само физички, дури и ако тој не го мисли тоа.rnrnЗа исполнувачки секс важна е уште една претпоставка – партнерот да може да се справи со сопствената непријатност, бидејќи веќе е возрасна личност. Секоја мисла која ве тера да се посомневате во вашите или во способностите на партнерот да управува со својата „возрасна“ сексуалност, го намалува задоволството.rnrnДознајте и какво е влијанието на нередовниот секс врз здравјето.

  • Мажите не се толку сексуално задоволни колку жените на почетокот од врската

    Мажите не се толку сексуално задоволни колку жените на почетокот од врската

    Нормално е тоа што возбудата за сите нешта во животот се намалува со текот на времето. Кога станува збор за сексот во новата врска сите мислиме дека возбудата е подеднакво голема и кај двајцата партнери. Станува збор за нешто ново, непознато! За жал, имаме лоши вести за дамите. Спротивно на општото верување, момците не се толку возбудени за она што се случува во спалната на почетокот од новата љубовна врска.rnrnМажите не се толку сексуално задоволни колку жените на почетокот од врскатаrnrnПовеќе од 1.000 Американци и 1.000 Европејци одговарале на прашања поврзани со нивното сексуално задоволство и како тоа се менувало со текот на времето. Истражувачите дознале дека мажите и жените се различни кога станува збор за нивното уживање помеѓу чаршафите.rnrnНа почетокот од врската, иако 74% од жените биле многу задоволни од сексуалниот живот, мажите не биле толку воодушевени. Само 51% од мажите изјавиле дека се задоволни од сексот во текот на првите 6 месеци од врската. Како што времето минувало, работите тргнале во спротивна насока.rnrnВо периодот помеѓу 6 месеци и 1 година од врската, бројот на сексуално задоволни жени значително се намалил на 47%. Интересно е тоа што во истиот тој период машкото сексуално задоволство се зголемило на 65%. Потоа, жените повторно „пркнале“ малку и 56% од нив изјавиле дека се задоволни од сексуалниот живот по 2 до 3 години врска, најверојатно затоа што нивните партнери конечно научиле како да им овозможат оргазам.rnrnНо, по повеќе од 4 години поминати со некого, и мажите и жените признале дека не се задоволни од тоа како одат работите во спалната. И кај двата пола може да се забележи значителен пад на сексуалното задоволство, со 48% кај жените и 37% кај мажите.rnrnПа, зошто задоволството од сексуалниот живот се намалува со текот на времето? И како може тоа да се смени?rnrnНајголемиот извор на незадоволство е недостатокот на комуникација помеѓу партнерите околу нивните желби и потреби во спалната. Незадоволството е најчесто заедничко, па затоа отворениот разговор е единствениот клуч што може да доведе до прекрасен сексуален живот.rnrnСексуалното незадоволство кај партнерите во подолга врска може да се јави и како последица од зголемениот број на одговорности со кои мора да се соочат како пар. Малите деца, почетокот на заеднички живот, финансиските проблеми, сето тоа може да доведе до проблеми во спалната.rnrnВистината е дека вие и вашиот партнер може да сте незадоволни од голем број лични причини. Најважно е да разговарате со саканите за вашите сексуални потреби. Тоа е единствениот начин да дознаете каде грешите.rnrnДоколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, дознајте која е најголемата грешка за време на сексот која им се случува на сите.

  • Освежете ја врската: 5 нешта кои предизвикуваат поголемо задоволство од сексот

    Освежете ја врската: 5 нешта кои предизвикуваат поголемо задоволство од сексот

    Идејата дека сексот е само физичка потреба на нашиот организам е целосно погрешна. Водењето љубов со својот партнер значи покажување емоции на најинтимниот, најстрасниот и најранливиот начин што може да постои меѓу две индивидуи. Меѓутоа, има и други начини на кои можете да ја покажете неизмерната љубов кон вашиот партнер.rnrn1-ne-sveduvajte-ja-vashata-vrska-samo-na-seks-5-raboti-koi-ovozmozhuvaat-pogolemo-zadovolstvo-od-seksot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Изградете силно пријателство

    rnЧинот на прифаќање и дозволување е многу важен во врската. Со самото тоа, многу е важно со вашиот партнер да станете добри пријатели. Да споделувате тајни, да раскажувате приказни и идеи меѓусебно. Кога го познавате добро вашиот партнер и знаете дека ви верува, ќе се чувствувате повеќе заљубено и сакано бидејќи окситоцинот во вашето тело ќе биде зголемен. Добрите пријателства градат здрави и интимни врски.rn

    2. Поврзете се по пат на храната

    rnСпоред најновите истражувања, готвењето со некого за кого имате чувство, заедничкото јадење или посетувањето часови по готвење создава природно возбудување помеѓу две индивидуи. Заедничкото готвење и вкусните оброци се одличен начин за да се поврзете на емотивно ниво. Упатете се во авантурата на готвењето и експериментирајте со храната.rn

    3. Пронајдете активности и хобија што ќе можете заеднички да ги извршувате

    rnДа се смеете и да се забавувате е преубава работа, а тоа веќе сигурно и самите го знаете. Направете заедничка листа на желби со активности кои двајцата сакате да ги правите и почитувајте ги желбите на другиот. Одете на прошетка, на трчање, запишете се на часови по сликање и така натаму. Само продолжете да ги правите работите кои интелектуално и физички ве стимулираат двајцата. Правете некоја активност која ќе создаде хармонија и ќе изгради доверба во вашата врска.rnrn2-ne-sveduvajte-ja-vashata-vrska-samo-na-seks-5-raboti-koi-ovozmozhuvaat-pogolemo-zadovolstvo-od-seksot-www.kafepauza.mk_rn

    4. Откријте ја вашата ранлива страна

    rnКога ќе се поврзете за вашиот партнер ментално, со самото тоа се поврзувате и физички и емотивно. Да ги признаете вашите најголеми стравови и ранливости можеби не е лесно, но тоа е најдобриот начин да се зближите. Спротивставувањето на мрачната страна од вашата личност ќе ви донесе мир и ведрина во вашиот живот.rn

    5. Бидете нежни

    rnПостојат повеќе начини за да бидете нежни. Галењето, бакнувањето, како и држењето за рака, претставуваат еден вид искажување љубов. Можете да му напишете на вашиот сакан писмо, да му направите честитка, да му купите цвеќе, или пак да му купите некоја ситница која многу ќе му значи. Со многу мали работи можете да направите другата личност да се чувствува сакано.

  • Не можете да доживеете оргазам? Овој план од 3 чекори ќе ви помогне да го достигнете врвот

    Не можете да доживеете оргазам? Овој план од 3 чекори ќе ви помогне да го достигнете врвот

    Фактот дека мажите почесто доживуваат оргазам од жените не е никаква тајна. Најновото истражување во кое учествувале 52.000 испитаници го потврдило истото. Имено, 95% од хетеросексуалните мажи одговориле дека доживуваат оргазам секогаш или речиси секогаш за време на сексуалниот чин. Но, само 65% од хетеросексуалните жени изјавиле дека го доживуваат истото.rnrnНе можете да доживеете оргазам? Овој план од 3 чекори ќе ви помогне да го достигнете врвотrnrnБез грижи! Експертите откриле дека постои една „златна тројка“ на движења кои значително ги зголемуваат шансите за оргазам кај жените. Станува збор за генитална стимулација, страсно бакнување и орален секс.rnrnАко ова ви се чини како премногу работа, оралниот секс сам по себе игра голема улога во доживувањето максимално сексуално задоволство. Според истражувањето, луѓето кои почесто биле орално задоволувани, почесто доживувале оргазам. Освен тоа, единствено хетеросексуалните мажи изјавиле дека оргазмот не им зависи од оралниот секс.rnrnДоколку имате проблем да го достигнете врвот кога имате сексуални односи, применете ги овие совети и не срамете се да го побарате она што го сакате. Ако сепак не успеете да доживеете максимално уживање, обидете се со овие 5 чекори до оргазам кој никогаш нема да го заборавите.

  • Науката открива: Како да бидете посреќни на работа?

    Науката открива: Како да бидете посреќни на работа?

    Повеќето од нас работат затоа што мораат и не се среќни на работа, а тоа незадоволство влијае и на други аспекти од нашиот живот. Сигурно сте ја слушнале изреката: „Најди работа што ќе ја сакаш и нема да мора да работиш ниту еден ден од животот“. Ова звучи логично, бидејќи не би требало да се чувствувате како да работите, ако навистина го правите она што го сакате. Сепак, во реалноста работите стојат малку поинаку.rnrnНауката открива: Како да бидете посреќни на работа?rnrnСпоред најновите истражувања, најголемиот број од луѓето ја немаат таа среќа секое утро да „скокаат“ од кревет и со задоволство да го започнат денот. Всушност, работата е една од активностите што предизвикуваат најмалку среќа.rnrnНаучниците користеле иновативна технологија за да направат анализа како испитаниците се чувствуваат во врска со нивната работа и другите задачи што треба да ги извршат. Тие ги снимале нивните моментални реакции преку мобилна апликација наречена „Mappiness“. Илјадници испитаници од Велика Британија требале да ја оценат нивната среќа, како и други детали поврзани со нивните секојдневни задачи. Не е никакво изненадување тоа што истражувачите откриле дека токму работните задачи предизвикувале најголем стрес кај учесниците.rn

    „Многу ретко се случува поединците да се почувствуваат исто толку среќни на работа колку што се среќни кога немаат работа, дури и кога работата е во комбинација со поопуштени активности што носат задоволство. Платената работа се наоѓа на последно место во однос на сите други 39 активности што испитаниците пријавиле дека ги прават, со исклучок на боледувањето во кревет“, открил еден од истражувачите.

    rnНауката открива: Како да бидете посреќни на работа?rnrnТоа значи дека работата носи речиси исто толку задоволство колку и боледувањето. Секако дека овие резултати не важат за сите. Некои луѓе навистина имаат работа во која уживаат, но ова истражување докажува многу, бидејќи е првото што ги анализирало моменталните реакции на луѓето во текот на денот. Според резултатите, дури и да си ја сакаме работата што нѐ исполнува, сепак многумина од нас ги мразат секојдневните работни обврски. Доколку работите како шефови, обрнете внимание на ова истражување, бидејќи не само што среќните вработени се попродуктивни, туку и го зголемуваат профитот на бизнисот.rn

    Како да бидете посреќни на работа?

    rnПостојат голем број работи што можете да ги направите за да бидете порасположени на работа. Не е никакво изненадување тоа што сѐ започнува од будењето. Најважно е да се разбудите среќни! Истражувачите докажале дека ако станете на десна нога, ќе создадете ситуација што ќе ви го поттикнува позитивното расположение во текот на целиот ден.rnrnУште еден ефективен начин да го задржите доброто расположение на работа е да ја „убиете“ досадата. Според едно истражување, само 32% од луѓето се активно посветени на нивната работа, што значи дека останатите не се посветени воопшто. Според истражувачите, проблемот лежи во досадата.rn

    „Ако ви е здодевно на работа, побарајте можност да научите нешто ново или да преземете повеќе одговорности“, советуваат тие.

    rnОсвен тоа, ако им помагате на колегите на работа, незадоволството ќе се намали. Посреќните работници им помагаат на нивните колеги 33% повеќе од оние кои не се среќни.rnrnАко ништо од ова не ви помогне, можеби треба да размислите за промена на кариерата или за давање отказ. Се работи за вашиот живот и можете да живеете како што сакате.rnrnПрочитајте ги и овие 4 знаци дека треба да најдете друга работа.

  • Совршени фотографии кои ќе го задоволат секој перфекционист

    Совршени фотографии кои ќе го задоволат секој перфекционист

    Секој има различно сфаќање за перфекционизмот. За некој тоа е кога сенката која паѓа совршено ќе се вклопи со линиите на тротоарот, додека пак за други перфекционизмот значи кога некои предмети совршено ќе се вклопат во кутијата. Како и да е, доколку сте перфекционист погледнете ја галеријата која ќе ви даде визуелно задоволство!rnrn

    Телефон кој совршено се вклопува
    Телефон кој совршено се вклопува во своето место
    rnrn