КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • 8 начини да ја сопрете емоционалната болка и да почнете да се лекувате

    8 начини да ја сопрете емоционалната болка и да почнете да се лекувате

    Човечкиот мозок е неверојатен орган со огромна потенцијална моќ. Многу луѓе ја користат таа моќ секојдневно без воопшто да бидат свесни за тоа. Проблемот е што кога ќе ја дадете таа моќ на некој неискусен, резултатот најчесто не е добар.rnrn8 начини да ја сопрете емоционална болка и да почнете да се лекуватеrnrnБолката е важен дел од животот и сè додека сме во нашите човечки тела не можеме да ја избегнуваме. Најдоброто нешто што можеме да го направиме е да ја искористиме како наш сојузник. Емоционалната болка е како вашиот пријател што седи до вас додека вие возите. Секогаш кога ќе забележи дека правите нешто погрешно, ќе ве удри. Иако подоцна можеби ќе му бидете благодарни, самиот удар може да биде навистина болен. Ако самите си ја предизвикувате оваа емоционална болка, има неколку работи кои ќе ви помогнат да престанете.rn

    1. Направете нешто многу поразлично од вашата рутина

    rnОдете на патување (макар и на еден ден), ако сте на диета купете си сладолед, пробајте параглајдерство, посетете нудистичка плажа. Направете што било што би ве шокирало. Не им верувајте на луѓето кои ви велат „само останете зафатени“. Тоа не е доволно. Зафатеноста со вашата нормална рутина е намалување на симптомите на емоционалната болка, а не справување со самиот проблем. Емоционалната болка ќе се врати веднаш штом ќе забавите. Но, правењето нешто сосемa неочекувано ќе го отвори вашиот ум кон нови можности, а вам ви е потребно токму тоа. Па што чекате, направете нешто ново уште сега!rn

    2. Одете на состанок со себе

    rnСакајте се и разгалувајте се. Одете на претстава или на прошетка. Направете нешто што ќе ви каже „Те сакам“. И внимавајте, ако причината за вашата емоционална болка е некоја друга личност, не правете работи што би ги правеле со неа.rn

    3. Исчистете го домот

    rnОслободете се од сите предмети што ве потсетуваат на причината за емоционалната болка. Ако не го гледате, ќе го заборавите. Нема одново да ја чувствувате болката од тој одреден предмет.rn

    4. Јадете, спијте, вежбајте

    rnДвижењето предизвикува емоции, па зголемете ја вашата физичка активност. Спијте барем 8 часа секоја вечер и хранете се здраво. На крај, вашето тело е слуга на вашиот ум. Хранете го и дозволете му да си ја заврши работата.rn

    5. Простете

    rnПростувањето е ослободување од сите судења. Судењето потекнува од стари приказни кои повеќе не се важни за вашиот развој. Простете им на другите, а најмногу себеси. Запомнете, сè што се случило требало да се случи. Има лекција во секое искуство.rn

    6. Покажете благодарност

    rnВклучете ја оваа техника во сè бидејќи работи за сè, особено за емоционална болка. Секое утро запишувајте 5 работи за коишто сте благодарни и читајте ги пред да си легнете. Овој потсетник за благодарност ќе ви помогне да се излечите.rn

    7. Давајте

    rnЗа да престанете со самосожалување најдоброто нешто што можете да го направите е да им давате на другите. Најдете некој што е во полоша ситуација од вас и понудете му помош. Ако нема таква личност во вашиот круг на пријатели, купете букет цвеќе и давајте му по 1 цвет на секој странец со кој ќе се сретнете. Навистина ќе се случи магија.rn

    8. Дневник

    rnВодете дневник за вашите мисли. Запишете ги вашите чувства на хартија за да можете да ги видите. Потоа запрашајте се што мислите за нив. Штом ќе сфатите дека тоа се само мисли, ќе можете полесно да ги контролирате и да создавате мисли кои ќе направат да се чувствувате онака како што сакате.rnrnНајважно од сè, имајте на ум дека никогаш не сте сами. Секогаш можете да побарате помош од пријател, член на семејството или од професионалец. Време е да ја надминете емоционалната болка и да почнете да го живеете прекрасниот живот што го сакате и заслужувате!rnrnПогледнете и неколку начини на кои емотивната болка се претвора во физичка.

  • 6 начини брзо и едноставно да го излечите мамурлакот

    6 начини брзо и едноставно да го излечите мамурлакот

    Се разбира треба да се ограничиме на 1 до 2 пијачки дневно, но во реалноста тоа не е секогаш возможно. Додека умереното пиење е во ред, дополнителната чаша алкохол може да ви направи многу проблеми следното утро. Но ова не значи дека целиот ден треба да ви биде уништен. Погледнете некои методи кои ќе ви помогнат да се справите со мамурлакот.rnrn6-nachini-da-go-izlechte-mamurlakot-kafepauza.mkrn

    1. Рехидрирајте се

    rnСериозниот мамурлак обично значи дека сте многу дехидрирани. Алкохолот го поттикнува губењето на течности, па дури и ако сте испиле многу вода минатата ноќ, пак ќе бидете дехидрирани. Токму поради ова мамурлакот прави да се чувствуваме лошо. Дехидратацијата прави да се чувствувате уморно и слабо. Исто така ја попречува работата на црниот дроб, а тоа сигурно не е добро кога треба да се преработи многу алкохол.rn

    2. Испијте течен оброк

    rnАко не можете да јадете, направете си некое смуди. Тоа ќе ви овозможи Б витамини кои му помагаат да вашиот црн дроб и исто така ќе ве рехидрира. Течните оброци се обработуваат многу полесно, па побрзо ќе ги добиете хранливите материи од нив.rn

    3. Испијте мултивитамин

    rnПокрај смудито и водата, испијте и еден мултивитамин. Алкохолот исфрла некои хранливи материи надвор од вашиот систем, како витамин Б12. Овие витамини не само што го поддржуваат протокот на крвта, што е клучен за исфрлање на токсините од вашиот црн дроб, туку тие ги подобруваат и вашите метаболизам и енергија, нешто што сигурно ви недостига кога сте мамурни. Покрај витамините, мултивитамините имаат и некои други хранливи материи кои ќе ви помогнат да се вратите во нормала.rn

    4. Спречете го гадењето со ѓумбир

    rnЃумбирот е одличен за намалување на гадењето, без разлика дали е поврзано со алкохолот или не. Ѓумбирот го смирува вашиот стомак, и се бори со гадењето и повраќањето. Исто така ѓумбирот помага при намалувањето на морската болест, без разлика дали сте на брод, воз или пак нагло сте станале од креветот. rn

    5. Пробајте техника за опуштање

    rnДоколку сте мамурни, сигурно не ви се прави ништо. Но малку грижа за себе може многу да ви помогне. Обидете се да се релаксирате и да го исчистите вашиот ум. Покрај смирувањето, опуштањето ќе ви помогне и ако имате главоболка.rn

    6. Одете во кревет

    rnСе разбира, оваа опција не е секогаш достапна, но спиењето е најдобриот лек за мамурлак. Враќањето во кревет откако сте испиле неколку чаши вода му помага на вашето тело да закрепне. Вашиот црн дроб ќе работи подобро при елиминирањето на токсините, а ќе ја преспиете и најлошата главоболка. Дури и ако немате време, обидете се барем да дремнете.rnrnПогледнете ги и најдобрите природни лекови за мамурлак.

  • Мажите се однесуваат како кретени затоа што се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоции

    Мажите се однесуваат како кретени затоа што се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоции

    Зошто некои момци се однесуваат како најголеми идиоти? Тие не го прават тоа затоа што се злобни или сакаат да ве повредат, туку затоа што се обидуваат да се справат со нивните емоции. Жените сакаат да разговараат за нивните чувства, додека мажите ги „закопуваат“ што е можно подлабоко. Тоа се должи на начинот на воспитување.rnrnМажите се однесуваат како кретени затоа што се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоцииrnrnМажите учат дека треба да бидат заштитници и ловци. Не смеат да ги покажуваат своите емоции. Треба само да соберат сила и да продолжат понатаму. Жените, пак, учат дека треба да се грижат за домот и децата. Но, во денешно време и жените имаат кариера, независни се и можат сами да го издржуваат семејството. Сепак, мажите сѐ уште не можат да се привикнат на овие промени. Сѐ уште не знаат како да се справат со нивните емоции, па затоа оставаат впечаток на кретени.rnrnКога мажите ќе почнат да доживуваат наплив на емоции, користат механизми за справување што жените честопати многу погрешно ги разбираат. За да можете полесно да ги разберете постапките на мажите во вашиот живот, обрнете внимание на следниве 7 знаци дека мажите се однесуваат како кретени само за да ги скријат нивните вистински емоции…rn

    1. Постојано излегуваат по дискотеки и остануваат до раните утрински часови

    rnОва е класично машко однесување. Кога мажите поминуваат низ раскинување, почнуваат да пијат и да излегуваат. Тоа најчесто остава впечаток дека не им е гајле, дека им е драго што раскинале и дека едвај чекаат да си најдат нова девојка. Но, ова исто така може да значи дека многу им недостасува партнерката и не знаат што да прават со себе, па излегувањата им помагаат да ги тргнат мислите од раскинувањето.rn

    2. Многу се неучтиви и лути

    rnКога ќе ги фатите мажите во „небрано“, тие се однесуваат како нервозни мачки. Избувнуваат и јазикот во комбинација со говорот на телото е првото нешто што решаваат да го искористат за да ја изнервираат партнерката.rn

    3. Се впуштаат во непромислени активности

    rnНекои момци решаваат да се впуштат во активности што ќе им го покачат адреналинот. Жените го сметаат тоа за глупаво и непромислено, но мажите на овој начин ја покажуваат својата мажественост.rnrnМажите се однесуваат како кретени затоа што се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоцииrn

    4. Имаат преголема самодоверба

    rnНекои мажи понекогаш се однесуваат како вистински петли! Се перчат наоколу како целиот свет да е нивен и ги кријат своите несигурности зад маската на „сезнајковци“. Ако почнете да се сомневате во нивното знаење, тие заземаат одбранбен став и почнуваат да се однесуваат неучтиво и луто.rn

    5. Кажуваат несоодветни шеги

    rnХуморот може да ве ослободи од стресот, но треба добро да ја познавате својата публика пред да почнете со шегување. Мажите кои чувствуваат внатрешна болка немаат никаков филтер. Зборовите што ги користат може да бидат неучтиви и навредливи за некои луѓе.rn

    6. Се однесуваат чудно

    rnСите имаат навики за кои не сте свесни. Па, ако вашиот партнер почне да се однесува чудно, треба да се запрашате зошто. Дали размислува за некој проблем? Дали е лут или разочаран? Дали му се случило нешто што го извадило надвор од колосек? Доколку поминува низ тежок период, ќе можете да го забележите тоа благодарение на неговото чудно однесување.rn

    7. Целосно се затвораат

    rnНиту еден комуникативен маж нема да престане да ги изразува своите чувства и желби, без особена причина. Токму затоа, чудно ви е кога ќе ве исклучат од животот, бидејќи мислите дека не се грижат за вас и тоа ве повредува. Доколку забележите дека вашиот партнер премногу се затвора и ве оттурнува од себе, најверојатно се соочува со некој голем проблем. Наместо да му се лутите, дајте му простор и покажете му дека секогаш ќе бидете тука за него.rnrnМеханизмите за справување со емоциите што ги користат мажите воопшто не се едноставни. Но, доколку сакате да имате успешна врска, најдобро е да откриете каков механизам користи вашиот партнер. Тоа ќе ве поштеди од многу непотребни фрустрации и недоразбирања што можат да доведат до раскинување. Не заборавајте дека комуникацијата е двонасочна улица!rnrnПрочитајте ја и вистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врска.

  • 4-те хороскопски знаци кои не би издржале во врска на далечина

    4-те хороскопски знаци кои не би издржале во врска на далечина

    Врските на далечина не се за сите. Оние кои пробале сигурно се свесни колку е тешко да се одржи една таква врска. Не секој хороскопски знак може да се справи со оваа далечина. Погледнете кои знаци не можат да ги поднесат овие врски.rnrn4-te-horoskopski-znaci-koi-ne-bi-izdrzhale-vrska-na-dalechina-kafepauza.mkrn

    Близнаци

    rnНема ништо лошо во тоа што не можете да издржите. Голема е веројатноста да завршите со скршено срце. Близнаците имаат потреба од внимание кога се врска, а далечината не може да им го овозможи тоа. Тие постојано ќе бараат внимание од партнерот, а тоа нема да функционира. Се разбира, денес возможно е постојано да бидете во контакт со партнерот, но вам ви се потребни прегратки и бакнежи. Бидејќи врските на далечина бараат голема посветеност, голема е веројатноста Близнаците да си најдат некој друг додека партнерот не е со нив. Како што рековме, потребно им е постојано внимание.rn

    Вага

    rnФлертувањето им предизвикува неволји на Вагите, а тие пак обожуваат да флертуваат. Ова е една од причините зошто им е толку тешко на Вагите да бидат во врска на далечина. Тие мразат да бидат сами, а врската на далечина им го прави токму тоа. Како и Близнаците, така и Вагите бараат постојано внимание, па голема е веројатноста да си пронајдат и некој друг кој е во близина. Тешко е да им верувате на Вагите, а истовремено тие се и многу љубоморни. Тие со задоволство би флертувале, но навистина ќе им пречи ако и партнерот го прави тоа.rn

    Лав

    rnВрските на далечина никогаш не завршуваат убаво за Лавовите. Тие бараат внимание и нема да бидат среќни ако не го добиваат. Тие сакаат да се фалат пред својот партнер, да бидат разгалени, а врската на далечина не го овозможува ова. Лавовите можат навистина да полудат во ваква врска.rn

    Скорпија

    rnМожеби мислите дека Скорпиите можат да ја издржат далечината, но воопшто не е така. Тие се многу страсни со своите партнери, но кога едниот живее многу далеку, нема каде да ја покажат оваа страст. Ова е навистина тешко за Скорпиите бидејќи тие имаат проблем со искажувањето на нивните чувства преку зборови. Многу им е полесно физички да ја покажат својата љубов, па врската на далечина дефинитивно не е за нив.rnrnДознајте и кој хороскопски знак е вашиот најголем непријател.

  • Начини на справување со самоубиствените мисли што нема да ги најдете на Интернет

    Начини на справување со самоубиствените мисли што нема да ги најдете на Интернет

    Самоубиствата на Крис Корнел и Честер Бенингтон привлекоа големо внимание на Интернет и на социјалните мрежи. Сега многу луѓе зборуваат на оваа тема и ги споделуваат своите проблеми и искуства. На тој начин се подигнува свеста за самоубиствата и им помага на луѓето да сфатат колку е сериозна оваа појава.rnrnНачини на справување со самоубиствените мисли што нема да ги најдете на ИнтернетrnrnИако тоа е одлично, постојат уште многу работи што треба да бидат кажани за самоубиствата, а не се нагласуваат доволно моментално. Луѓето не се навистина свесни како се чувствуваат поединците кои живеат со самоубиствени мисли.rnrnУмот на тие луѓе е преоптоварен со мисли за самоубиство со денови, месеци, па дури и години. Мислите може да бидат толку постојани, што некои се откажуваат и им се препуштаат целосно. Но, сепак постои надеж.rnrnНа некои луѓе им е многу тешко да се соочуваат со болката што е присутна во нивниот живот. Ситуацијата им станува толку неподнослива што мора да се борат со таквите мисли секојдневно, бидејќи во спротивно можеби навистина би извршиле самоубиство.rnrnАко сметате дека самоубиствените мисли се појавуваат во еден момент, а во наредниот ве оставаат на мира, се лажете. Помислата на тоа дека самоубиството ќе донесе ослободување се јавува постојано.rnrnДоколку самите поминувате низ истото, добро е да ги прочитате следниве совети што ќе ви помогнат да се справите со самоубиствените мисли…rnrn1. Најдете кутија каде што ќе чувате работи кои ќе ве убедат дека не треба да извршите самоубиство. Чувајте фотографии од луѓето кои ве сакаат и не би сакале да ве изгубат. Пишувајте писма кога ќе бидете среќни и чувајте ги во кутијата за да ги прочитате подоцна и да најдете причина за да останете живи.rnrn2. Медитирајте и бидете присутни во моментот. Научете да ја прифаќате сегашноста без разлика колку е тешко да се стори тоа.rnrnНачини на справување со самоубиствените мисли што нема да ги најдете на Интернетrnrn3. Ако познавате човек кој размислува за самоубиство, бидете до него и обидете се да му помогнете. Обрнете внимание на нивното опкружување и не ги прекорувајте како да се деца. Наместо тоа, прашајте ги како би можеле да им помогнете.rnrn4. Пробајте ја дијалектичката бихевиорална терапија која е специјално направена за да им помогне на луѓето со самоубиствени мисли. Можете да најдете бесплатни книги на Интернет доколку не можете да ги купите.rnrn5. За да чувствувате, мора прво да бидете живи. Никогаш нема да го најдете мирот што мислите дека ќе го добиете со самоубиство, ако навистина си го одземете животот.rnrn6. Пред да преземете драстични мерки, обидете се да си го одвлечете вниманието од самоубиствените мисли. Препуштете им се на активностите што ве прават среќни и разговарајте со некого кому му верувате. Искажете ги вашите емоции.rnrn7. Ако сте преплавени со емоции и не можете да се смирите, побарајте стручна помош од кризните центри што се справуваат со вакви проблеми. Иако нема да можете да го правите ова секој ден, несомнено ќе ви помогне во итните случаи кога ќе изгубите контрола врз ситуацијата.rnrn8. Запомнете дека постојат многу луѓе во светот кои успешно ги надминале самоубиствените мисли. Можете да бидете едни од нив. Не губете надеж.rnrnПомислата на самоубиство е сериозен проблем и не треба да се игнорира. Не двоумете се дали да побарате помош и не плашете се од реакцијата на вашите блиски. Тие ќе ве разберат и ќе ви помогнат да ја надминете ситуацијата. Доверете им се на луѓето на кои им верувате и не губете надеж. Ќе успеете да ги победите самоубиствените мисли и да најдете причина за живот, само треба да ја побарате.rnrnДоколку поминувате низ тежок период во животот, прочитајте ги и овие 10 начини за справување со депресијата.

  • Природни додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се справите со хроничниот замор

    Природни додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се справите со хроничниот замор

    Хроничниот замор може да има лошо влијание на вашето физичко и ментално здравје. Може да биде предизвикан од некое нарушување, но многу често причината е животниот стил, што подразбира недостаток на сон, преголема физичка активност, консумирање премногу кафе и алкохол и нездрави навики за исхрана. Постојат неколку додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат природно да се справите со хроничниот замор. Кога ќе ги комбинирате со добра исхрана, повеќе спиење и некои техники за намалување на стресот, ќе можете да си ја вратите енергијата која ви е потребна.rn

    1. Витамин Б12

    rnSleepingrnrnОвој витамин има влијание на функционирањето на мозокот и на нервниот систем. Кога ќе додадете витамин Б12 во вашата исхрана, ќе почувствувате повеќе енергија, подобра концентрација и подобро расположение. Овој витамин можете да го најдете во месото, рибата, јајцата и млечните производи, како и во вид на апчиња. Исто така, витаминот Б12 го намалува ризикот од срцев удар, ја подобрува меморијата и штити од Алцхајмерова болест.rn

    2. Мелатонин

    rn2)prirodni-dodatoci-vo-ishranata-koi-ke-vi-pomognat-da-se-spravite-so-hronichniot-zamor-kafepauza.mkrnrnАко сметате дека причината за вашиот замор е недоволното спиење, додавањето на мелатонин во исхраната може да ви помогне. Ова е хормон произведен од мозокот кој помага во спиењето, па неговото консумирање ќе ви овозможи квалитетен сон.rn

    3. Витамин Д

    rnman with laptop computer relaxing on the beachrnrnВитаминот Д му помага на метаболизмот и на вашето тело да апсорбира фосфор и калциум. Ако имате недостаток од овој витамин, ќе чувствувате замор, проблеми со спиењето, променливо расположение и симптоми на депресија. Витаминот можете да го добиете од сонцето и храната како јајца, лосос и сирење. Доколку сте веган, постојат додатоци за исхрана кои се погодни за вас.rn

    4. Л-тирозин

    rn(4)prirodni-dodatoci-vo-ishranata-koi-ke-vi-pomognat-da-se-spravite-so-hronichniot-zamor-kafepauza.mkrnrnПостојаниот стрес може да води до замор, но со вежбање, медитација, правилна исхрана и додатоци во исхраната можете да се справите со стресот. Л-тирозинот е аминокиселина која помага во борбата против стресот. Овој додаток можете да го земете 30-60 минути пред некој стресен настан (како вежбање, испит или интервју за работа) и ќе ви помогне да останете смирени.rn

    5. Магнезиум

    rnwoman tired of shopping online in bed asleeprnrnМагнезиумот е минерал кој помага во правилното функционирање на крвниот притисок и на кардиоваскуларниот систем. Тој исто така помага и со болката во мускулите и заморот. Магнезиумот треба да се зема навечер комбиниран со нешто кисело, како на пример овошен сок.rnrnПогледнете и која храна ќе ви ја врати енергијата во текот на денот.

  • Како да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?

    Како да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?

    Меѓучовечките односи подразбираат размена на енергии. За да се чувствуваме убаво, најдобро би било да се запрашаме: Кој ни дава енергија, а кој ни ја троши? Тешките луѓе знаат да ја исцицаат сета ваша енергија, па затоа треба да знаете како да се справите со нив. Повеќето тешки луѓе немаат вистинска намера да ви наштетат, тие едноставно не се свесни за нивното лошо однесување. Ретки се тие кои имаат навистина зла душа.rnrnКако да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?rnrnТреба да станете свесни дека сите ние знаеме да бидеме тешки понекогаш. Немојте да ги осудувате останатите, бидејќи проблематичните луѓе најчесто имаат големи проблеми со самодовербата и чувствата. Најважно е да знаете како да ги препознаете енергетските вампири и како да реагирате на нивните непромислени постапки. Постојат 5 типа луѓе со тешки карактери, а тоа се следниве…rn

    1. Крал/кралица на драмите

    rnТие се способни да направат од мува слон. Нивниот живот секогаш оди до екстремни граници, или е неверојатно добар или е неподносливо лош. Тие постојано преминуваат од криза во криза и живеат во хаос.rnrnКако да се одбраните? Поставувањето граници ќе ја намали нивната емоционална екстраваганција. Овие вампири не се помируваат како воспоставите рамноправност. Тие ќе победат само ако успеат да ве потчинат. За да останете смирени, веднаш штом забележите дека овие поединци почнуваат да драматизираат, вдишете длабоко и задржете го фокусот. Потоа, концентрирајте се на вашето дишење. Дозволете му на вашиот здив да ве ослободи од нервозата и да ве приземји. На овој начин нема да бидете фатени во нивната пајакова мрежа од драми и екстремности.rn

    2. Пасивно-агресивни луѓе

    rnОвие карактерни типови ја искажуваат нивната лутина со насмевка или со претерана загриженост, но секогаш остануваат смирени. Тие се експерти за маскирање на непријателските намери. Честопати ги одложуваат обврските или го користат очигледниот изговор „Заборавив“ за да одбегнат преземање одговорност. Не даваат директни одговори. Овие луѓе се неподносливи, бидејќи изгледаат како да сакаат да ви направат услуга, но знаат точно како да ве разлутат.rnrnКако да се одбраните? Ако нивните двосмислени пораки ве збунуваат, верувајте ѝ на вашата интуиција. Доколку се обидувате да ослабите, а тие ви се умилкуваат со тоа што ви носат десерт, слободно кажете им го следново: „Не требаше да ми донесеш сладолед кога знаеш дека држам диета.“ Ако јасно и прецизно им кажете што ви пречи, пасивно-агресивните луѓе ќе се повлечат. Немојте да мислите дека можете да ги промените. Однесувањето на пасивно-агресивните енергетски вампири потекнува од нивното детство кога не им било дозволено да го искажат нивниот гнев. Преку саботирањето на другите луѓе, тие се обидуваат да воспостават контрола.rnrnКако да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?rn

    3. Нарциси

    rnОвие вампири мислат дека се центар на универзумот и копнеат по внимание. Некои од нив се многу егоцентрични, но некои се шармантни, интелигентни и големи заводници. Ако сте ранливи, тие веднаш ќе ја преземат улогата на бестрашни витези за да ве спасат. Нарцисите многу добро знаат како да ве изиграат. Најпрво ќе ве натераат да се вљубите во нив, но кога вашата восхит ќе исчезне, тие почнуваат да ви заповедуваат, да избувнуваат и да покажуваат пасивно-агресивно однесување.rnrnКако да се одбраните? Со оглед на тоа што тие сакаат да имаат моќ и да предизвикуваат восхит, немој да мислите дека нарцисите некогаш ќе почнат навистина да се грижат за вас. Вашите очекувања мора да бидат реалистични. Вашата самопочит не смее да зависи од нив и немојте да ги споделувате вашите најдлабоки чувства, бидејќи нивната реакција секогаш ќе ве разочарува. Ако им се пожалите или налутите, нема да постигнете ништо. Наместо тоа, пумпајте го нивното его и обидете се преку нивните барања да ги остварите и вашите лични интереси.rn

    4. Вечни жртви

    rnОвие луѓе се како разрушени куќи на кои постојано им требаат некакви поправки. Постојат два типа жртви од кои треба да се чувате. Првиот тип жртви ќе ве претворат во нивен приватен терапевт, ќе ви се јавуваат по 100 пати на ден и ќе очекуваат од вас да им ги решите проблемите. Вие ќе сакате да им помогнете во име на вашето пријателство, но нивните барања немаат крај и ќе ви ја исцрпат сета енергија. Вториот тип жртви се луѓе кои ги гледате како проекти. Овие вампири се многу привлечни, бидејќи ќе ви дозволат да ги поправате и ќе ги прифаќаат сите ваши предлози, иако во реалноста не се навистина заинтересирани да се променат.rnrnКако да се одбраните? Ако постојано сте опкружени со луѓе кои изигруваат жртви, обидете се да разберете што е тоа што толку ве привлекува кај нив. Запрашајте се: „Дали ме поттикнува потребата од тоа да им се допаднам? Да ме сакаат? Да воспоставам контрола? Дали имам грижа на совест? Дали не знам да кажам ’не’?“. Кога ќе налетате на жртва, поставете основни правила околу тоа каков ќе биде вашиот однос и понудете емоционална поддршка само тогаш кога нема да има ниту еден друг излез. Ако си стоите на зборот, многумина ќе се повлечат, а некои ќе почнат повеќе да ѝ веруваат на нивната внатрешна мудрост или ќе побараат стручна помош.rnrnКако да се справите со тешките луѓе кои ви го претвораат животот во вистински пекол?rn

    5. Набивачи на грижа на совест

    rnОвој тип луѓе се светски обвинители, маченици и драматизатори. Тие многу добро знаат како да ја разбудат вашата грижа на совест со тоа што ја поттикнуваат вашата несигурност.rnrnКако да се одбраните? За да се справите со тешките луѓе кои постојано ви набиваат грижа на совест, ослободете се од идејата дека мора да бидете совршени. Сите прават грешки. Ако навистина се чувствувате виновни, повлечете се на сигурно место и добро исплачете се. Можете и да им се обратите со позитивни зборови, како на пример „Го разбирам твоето гледиште, но ме повредуваш кога го кажуваш тоа. Би ми значело доколку не го повторуваш постојано“.rnrnОвие енергетски вампири се неминовен дел од секојдневието и со сигурност ќе налетате на барем неколкумина од нив во текот на животот. Колку и да сакате, нема да можете да ги одбегнете, па затоа најдобро е да научите како да се справите со нив. Сведете ја комуникацијата со нив на минимум и не им дозволувајте да ви ја трошат енергијата. Останете доследни на себе и не им дозволувајте да манипулираат со вас. Не заборавајте дека ќе бидете среќни и расположени само доколку внимателно ги одберете луѓето кои ве опкружуваат.rnrnПогледнете ги и овие 6 токсични врски на работното место од кои треба да бегате како од чума.

  • 8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

    8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

    Речиси 90% од жените се соочуваат со утрински мачнини во раните фази на бременоста. Тоа воопшто не е пријатно, но можете да преземете неколку чекори за да ги намалите овие ефекти. Погледнете ги овие 8 едноставни трикови што треба да ги примените кога ќе почнете да чувствувате дека ви се гади.rn

    1. Веднаш јадете нешто

    rn8 начини бремените жени да се справат со утринските мачниниrnrnВеднаш до креветот чувајте некоја мала ужина и полека почнете да грицкате штом ќе се разбудите. Со тоа што побрзо ќе ставите нешто во стомакот, ќе можете да го намалите гадењето.rn

    2. Бидете хидрирани

    rn8 начини бремените жени да се справат со утринските мачниниrnrnКога повраќате, вие губите многу течности, па затоа е значајно истите да ги надополните. Хидрирањето ќе направи да се чувствувате подобро, па затоа, треба да пиете вода почесто во текот на денот.rn

    3. Избегнувајте топли оброци

    rn8 начини бремените жени да се справат со утринските мачниниrnrnКога се наоѓате во период кога имате утрински мачнини, препорачливо е да се држите до студена храна или пак да престојувате во постудена соба. Топлата храна има посилна арома и мирис и тие се главна причина за гадење во раните фази на бременост.rn

    4. Забележете што е она што ви предизвикува мачнини

    rn8 начини бремените жени да се справат со утринските мачниниrnrnКога станува збор за утринските мачнини, мирисот на некои работи може да направи да се чувствувате полошо. Затоа, забележете што е она што ви предизвикува гадење. Дали е тоа парфемот на вашиот партнер, мирисот на одредено јадење или пак нешто друго. Откако ќе го направите ова, обидете се истите да ги избегнувате што е можно повеќе.rnrnПогледнете уште четири корисни начини на наредната страница…rn

  • Запишете ги вашите лични вредности и справете се со стресот

    Запишете ги вашите лични вредности и справете се со стресот

    Повеќето успешни луѓе работат следејќи еден збир на основни вредности и тие секојдневно се водени од нив при донесувањето значајни одлуки. Имајќи ги предвид тие вредности, тие појасно и полесно се движат кон своите цели. Како човечки суштества, секој од вас има лични вредности кои го одразуваат вашиот карактер. Сепак, нивното поседување и овозможувањето тие да ве водат низ животот, се две сосема различни работи. Да ги разберете своите лични вредности е клучно за вашиот успех, среќа и внатрешен мир.rnrnЗапишете ги вашите лични вредности и справете се со стресотrn

    Запишете ги своите лични вредности

    rnПрвиот чекор за да живеете исполнет живот, е да ги запишете своите лични вредности. Што е она што прави да се чувствувате живи? Што ви дава најмногу енергија? Дали станува збор за семејството, љубовта, парите, кариерата, славата или нешто друго? Продолжете понатаму. Што е она што сакате да го постигнете во животот? Што вам ви е најважно? Откако ќе ги идентификувате, многу е важно да ги запишете, затоа што истражувањата покажуваат дека запишувањето на своите лични вредности ви дава голем број позитивни резултати, како на пример:rn

      rn011

    • Ќе добиете вистинска слика за она што сте и она што сакате да бидете. За да го добиете она што навистина го сакате, морате да бидете она што навистина сте.
    • rn011

    • Ќе почнете подобро да управувате со вашето време и ќе правите подобри избори на што да се посветите.
    • rn011

    • Кога ќе знаете што е она што е добро за вас, вие ќе имате повеќе страст за остварување на своите цели, а ќе имате и поголема мотивација.
    • rn011

    • Вашите вредности се како ваш внатрешен часовник, затоа што ви даваат насоки за тоа кој пат да го изберете.
    • rn011

    • Вашите вредности се вашите корени кои се втемелени во она што е важно за вас. Со тоа што ќе ги имате запишано, вие ќе се потсетувате да останете верни на она што навистина сте.
    • rn

    rnНа кратко, откривањето, дефинирањето и запишувањето на вашите основни вредности, ќе ви помогне да се осигурите дека ги правите вистинските работи, на вистинскиот начин.rn

    Гледањето во запишаните лични вредности ќе ви го намали стресот

    rnД-р Кели МекКонигал, професорка и авторка на книгата „Горната страна на стресот“, го проучувала влијанието што го има поврзаноста на личните вредности со здравјето, благосостојбата и справувањето со стресот. Според нејзиното истражување, постојат многу предности кои ги нуди запишувањето на личните вредности.rn

    „На долг рок, пишувањето на вредностите покажа дека ги зголемува позитивните резултати, ги намалува посетите на доктор, го подобрува менталното здравје и помага со сѐ, од губење тежина, па до откажување од пушењето и намалувањето на пиење алкохол. Тоа им помага на луѓето да се соочат со дискриминацијата и да ги намалат сопствените попречувања. Во многу случаи, овие придобивки се резултат на еднократното делување на умот. Луѓето кои еднаш, во период од десет минути, ќе ги запишат своите вредности, ќе чувствуваат придобивки неколку месеци или години подоцна“, вели д-р Кели.

    rnТаа смета дека пишувањето за тоа како настаните од денот се совпаѓаат со вашите лични вредности, може ментално и биолошки да ја подобри вашата способност за справување со стресот.rnrnЗапишете ги вашите лични вредности и справете се со стресотrn

    Усогласете ги вашите постапки и вредности

    rnКога вашите дела не се совпаѓаат со вашите вредности, вие можете да бидете помалку мотивирани во вашето секојдневие. Погледнете ги овие едноставни чекори кои ќе ви помогнат да ги усогласите вашите акции, активности и цели со вашите лични вредности.rn

    Запишете:

    rn

      rn011

    • Изберете пет (или помалку) работи кои сметате дека вредат најмногу во вашиот живот и запишете ги.
    • rn011

    • Дефинирајте што за вас значи секоја од тие вредности.
    • rn011

    • Помислете на денот (или неделата). Што е она што ви се случило? Кога се чувствувавте под стрес? Зошто?
    • rn011

    • Изберете една или две добри работи и една или две стресни ситуации и одредете како тие се поврзуваат со најмалку една од вашите основни вредности.
    • rn011

    • Изберете една или две лични вредности и забележете нешто што можете да го направите наредниот ден (или во текот на наредната недела), што позитивно ќе се одрази на вас.
    • rn

    rn

    Самопроценка:

    rn

      rn011

    • Како што минува времето, забележете колку пати намерно сте се вклучиле во активности кои позитивно се одразувале на вас.
    • rn011

    • Проценете го вашето ниво на стрес. Дали се чувствувате повеќе или помалку под стрес откако започнавте со оваа вежба? Каква е вашата мотивација?
    • rn011

    • Оценете ја вашата физичка благосостојба. Какви промени имате забележано кај себе? Повеќе или помалку главоболки, болки во вратот, грбот и слично?
    • rn011

    • Планирајте ги вашите наредни чекори. Што можете да направите за да го зачувате овој момент?
    • rn

    rnНајважното нешто што можете да го направите за вашиот личен успех не е само да ги знаете вашите основни лични вредности, туку и да ги примените во вашето живеење и да им овозможите да станат дел од вашето секојдневие. Запишете ги и видите што сѐ поседувате, па со нивна помош ќе си обезбедите посреќен и поисполнет живот.

  • Хороскопскиот знак ја открива вашата најголема несигурност: Еве како да се справите со неа!

    Хороскопскиот знак ја открива вашата најголема несигурност: Еве како да се справите со неа!

    Сигурноста е добра особина која нуди многу придобивки. Но, секоја личност во одредено време од својот живот се соочува со несигурност која зависи од многу работи. Кај некои личности е повеќе доминантна, додека пак кај други помалку, но, како и да е, таа е неизбежен дел. Иако кај секого поинаку се изразува, сепак, таа во одредена мера зависи и од вашиот хороскопски знак. Еве со кои несигурности најчесто се соочуваат хороскопските знаци, а и што треба да преземете за истите да ги надминете.rnrnСправете се со несигурноста: Еве која состојба треба да ја надминете според вашиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnВие сте неверојатно вредни, амбициозни и можете да погрешите доколку сте премногу натпреварувачки настроени, особено со самите себе. Вие сте сигурни во вашите успеси, но понекогаш токму таа амбиција и натпреварувачки дух може да ви побегнат. Се чувствувате несигурни кога не се наоѓате на врвот во она поле во коешто дејствувате, односно не сте најдобри во она што го правите. Треба да признаете дека успехот е субјективен и дека има повеќе од еден начин за да бидете на врвот. Бидете горди на себе за она што го имате. Апсолутно го заслужувате тоа.rn

    Бик

    rnЛичностите родени во знакот Бик се љубезни и трпеливи и сакаат да бидат опкружени со луѓе. Вие сте почувствителни од другите хороскопски знаци и тоа има тенденција да ве води кон љубомора. Вашата несигурност е поголема во однос на другите, затоа што честопати се споредувате со останатите и со нивните животи. Ова е целосно непотребно. Фокусирањето на другите луѓе ве спречува да го искористите вашиот целосен потенцијал.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се социјални знаци. Вие сакате да бидете во центарот на вниманието и во тек со сите случувања. Возбудени сте за секој настан и се плашите нешто да не пропуштите. Но, не секогаш можете да бидете во тек со сѐ. Вашите пријатели ве сакаат онакви какви што сте, но на секој понекогаш му е потребен одмор, а тоа не значи дека вината е ваша.rn

    Рак

    rnПолни со љубов, емоционални и чувствителни, Раковите се емпатите во светот на астрологијата. Бидејќи вие сте емпатични, честопати сте склони и кон прекумерно мислење. Несигурни сте во тоа дека не сте доволни за себе, за другите и за светот во којшто живеете. Но, запаметете дека светот е среќен што ве има!rnrnСправете се со несигурноста: Еве која состојба треба да ја надминете според вашиот хороскопски знакrn

    Лав

    rnЛавовите се креативни личности кои бараат внимание и сакаат одредени драматизирања. Вие сакате сите погледи да бидат насочени кон вас и да бидете првото име кое другите ќе го изговараат. Со ова доаѓа многу притисок. Идејата дека некој може да биде нешто што вие не сте, нешто подобро и поинтересно, може да ве онерасположи. Треба да се преиспитате себеси и да не дозволите туѓите мислења да ви влијаат толку многу. Вие сте прекрасни и постојат многу луѓе околу вас кои веќе го знаат тоа.rn

    Девица

    rnПрактични и педантни, не е изненадување што Девиците честопати сакаат да ги контролираат работите. Вие сакате да имате планови и истите да ги извршувате. Мразите кога некој ви се меша во работите, а помислата дека можете да ја изгубите контролата ве полудува. Но, треба да сфатите дека дури и да се случи тоа, светот нема да престане да се врти. Вие ќе се прилагодите и сѐ ќе биде во ред.rn

    Вага

    rnВо совршениот свет на Вагите, секој е среќен и го добива она што го посакува. Слично на тоа, во вашиот совршен свет, дури и луѓето кои прават грешки не се осудувани. Но, ова не е совршен свет, а ниту пак вие сте совршени… Токму затоа и помислата дека ќе бидете осудувани за вашите грешки и недостатоци целосно ве полудува. Секогаш сакате да бидете добри, но сите имаат одредени моменти кога ова не им успева, и тоа е сосема во ред.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се многу таинствени и мистериозни. Вие не се отворате лесно и чувствителноста е нешто што прави да се чувствувате неудобно. Вие сте несигурни токму поради вашата несигурност или пак нејзиното покажување пред светот. Но, треба да сфатите дека секој понекогаш се чувствува несигурно, без разлика која е причината. Никој нема да ве осудува поради тоа.rnrnСправете се со несигурноста: Еве која состојба треба да ја надминете според вашиот хороскопски знакrn

    Стрелец

    rnСтрелците се авантуристи и сакаат возбуди. Но, понекогаш вие може да се чувствувате малку плашливи и невнимателни. Сепак, треба да запаметите дека секој живее свој живот и сѐ додека си веруватесебеси и на своите способности, вие ќе бидете добро.rn

    Јарец

    rnЈарците се вредни и ориентирани кон деталите. Вие самите си поставувате високи стандарди, а нивното неисполнување, или пак неуспехот кој можете да го доживеете, е голем страв кој постои кај вас. Но, морате да си признаете дека неуспесите се неизбежни. Сѐ што можете да направите во овие моменти е да се издигнете и повторно да продолжите напред. Секој понекогаш греши, но најважно е како ќе се справите откако тоа ќе ви се случи.rn

    Водолија

    rnНезависните Водолии сакаат слобода и да го живеат својот живот токму така како што им одговара. Вие имате незаситна потреба за нови искуства и сакате да бидете сигурни дека го живеете вашиот живот во целост. Ја мразите помислата дека би можеле да бидете ограничени и да ја изгубите слободата што сте ја сакале премногу. Но, она што треба да го разберете е дека секогаш можете да пронајдете нови искуства и слобода, без оглед на сѐ. Едноставно треба да погледнете повнимателно.rn

    Риби

    rnНе постои друг хороскопски знак кој е толку љубезен, внимателен и грижлив, како што се Рибите. Вие сакате да правите другите луѓе да чувствуваат дека ги сакате и се грижите за нив. Но, понекогаш премногу се грижите, особено за она што другите луѓе мислат за вас. Треба да сфатите дека единствено важни ви се мислењата од оние личности кои мислите дека се достојни за тоа. Но, пред сѐ, не заборавајте дека вашето мислење е најважно!rnrnСправете се со несигурноста: Еве која состојба треба да ја надминете според вашиот хороскопски знак