КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • Не ги потиснувајте проблемите во себе, справете се со нив на овие неколку едноставни начини

    Не ги потиснувајте проблемите во себе, справете се со нив на овие неколку едноставни начини

    Понекогаш, за време на тешките денови, имаме чувство дека ако ги скриеме сите потешкотии длабоко во нас, тие магично ќе исчезнат. Но, со тоа си правиме само лошо. Погледнете ги следниве неколку начини на кои можете лесно да се справите со црните денови доколку ви изгледа како едноставно да нема излез од ситуацијата во која моментално се наоѓате.rnrnНе ги потиснувајте проблемите во себе, справете се со нив на овие неколку едноставни начиниrn

    Имајте покрај себе личност на која можете да се потпрете

    rnЛичноста на која можете да се потпрете во најтешките моменти во животот има непроценлива вредност. Станува збор за онаа блиска личност која навистина се грижи за вас, која е секогаш во близина и која ве сака и почитува со целото свое срце.rn

    Имајте место на кое што можете да отидете

    rnКога доаѓаат тешките денови во вашето секојдневие, многу е важно да имате некое место каде што ќе можете да отидете и да се скриете од ова животно невреме. Тоа место треба да биде далеку од онаму каде што живеете и работите и доволно тивко за да можете да се опуштите.rn

    Имајте нешто што ќе ви го одвлече вниманието

    rnКога ве притискаат животните неволји, изберете некоја активност која ве смирува и посветете ѝ се. Немојте да бегате во пасивноста, бидејќи таа само дополнително ќе ве влече надолу. Пронајдете хоби кои ќе го сакате и во кое ќе можете да уживате со цел лесно да се ослободите од тежините.rn

    Имајте соништа кои можете да ги остварите

    rnКога ќе надојдат тешки моменти, немојте да мислите дека тие засекогаш ќе траат. Најдете една светла точка во иднината и живејте за нејзиното остварување. Нека таа ве инспирира и ви дава сила да ги издржите моменталните проблеми. Запомните, после дождот, секогаш доаѓа сонцето.rn

    Имајте одговори кои ќе ве смират

    rnОвие одговори можете да ги најдете во инспиративни приказни, цитати или сведоштва на луѓе кои поминале низ она што вам моментално ви се случува. Читајте, гледајте, слушајте и проучувајте ги животите на луѓето кои не дозволиле нивните проблеми да ги скршат.

  • Како да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?

    Како да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?

    Постојат многу моменти во нашиот живот кога го имаме тоа непријатно нервозно чувство во нашиот стомак. Еден вид анксиозност која се појавува во моментите пред интервју за работа или пак, пред испит. Токму ова чувство е тоа што ви помага да останете енергични и фокусирани, резултирајќи со позитивен исход.rnrnКако да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?rnrnСосема е во ред понекогаш да чувствувате нервоза, бидејќи во одредени ситуации, како погоре наведените, таа може да биде од корист. Но, хроничната анксиозност може да биде толку силна што едноставно ја презема контролата врз животот на оние кои страдаат од неа. Доколку ги имате следниве симптоми, тогаш и вие сте едни од оние кои имаат проблем со нервозата:rn

      rn011

    • Потешкотии sо спиењето
    • rn011

    • Чувство на гадење
    • rn011

    • Забрзано чукање на срцето
    • rn011

    • Неспособност да се фокусирате
    • rn011

    • Непријатно чувство
    • rn011

    • Плачливо расположение
    • rn011

    • Лесно се иритирате
    • rn011

    • Губење апетит
    • rn

    rnПа, како да ја намалите нервозата која ги предизвикува овие симптоми? И покрај тоа што секој си има свои сопствени и уникатни начини да се справи со ова непријатно чувство, сепак понекогаш тоа може да избега од контрола. За да спречите тоа да се случи, погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да се заштитите:rn

    Излезете и вежбајте

    rnФизичката активност испушта ендорфини во вашето тело, па без разлика дали слушате музика додека трчате, кревате тегови или одите на аеробик, тоа е одлично време да ги средите малку вашите мисли и да откриете од каде доаѓа ова непријатно чувство.rn

    Почнете со јога или медитација

    rnИсто како и со физичката активност, така и овие две нешта можат многу да ви помогнат при поврзувањето на вашето тело со вашиот ум. Јогата и медитацијата се едни од најефективните начини да го исчистите вашиот ум и да си ги организирате мислите.rn

    Направете свесен труд да си го одвлечете вниманието

    rnДајте си себеси нешто да правите. На тој начин ќе имате помалку време да се грижите. Во денешно време постојат многу нешта кои можете да ги правите така што истовремено ќе ви биде и забавно, но и малку ќе го ослободите вашиот ум од грижите за секојдневните проблеми.rn

    Запишете си ги мислите

    rnМногу често ги заклучуваме нашите мисли длабоко во нас. Понекогаш тие се толку скриени што дури ни ние не можеме да им пристапиме. Но, со пишувањето вие лесно можете да стигнете до нив, како и да најдете решенија кои би ви помогнале да ја решите загатката.rn

    Побарајте помош

    rnПонекогаш најдоброто нешто што можете да го направите за себе е доколку побарате помош. Уште подобро ако таа е од професионален психотерапевт. Нема потреба да се срамите или да се плашите, бидејќи терапевтите се тука исклучиво за да го подобрат вашето ментално здравје.

  • Совети од Мајка Тереза: Како да се справите со лошите луѓе?

    Совети од Мајка Тереза: Како да се справите со лошите луѓе?

    Мајка Тереза го посветила својот живот служејќи им на сиромашните, болните, сираците и оние кои цел свет ги заборавил и отфрлил. Таа била неверојатна жена од албанско потекло родена пред 105 години во Скопје, но нејзините совети и ден денес можат да служат како инспирација и водичи кон вистинската насока. Откријте што таа им советува на сите оние кои се нападнати од луѓе кои им мислат лошо…rnrnСовети од Мајка Тереза: Како да се справите со лошите луѓе?rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЛуѓето можат да бидат неразумни, нелогични и егоистични: Сеедно, опростете им.rnrnАко ја негувате добрината, а луѓето ве обвинуваат тајно и од лични причини: Сеедно, негувајте ја добрината.rnrnАко сте постигнале успех, околу вас може да се појават многу замислени пријатели и вистински непријатели: Сеедно, постигнувајте успех и понатаму.rnrnАко сте искрени и отворени, а луѓето ве напаѓаат: Сеедно, продолжете да бидете искрени и отворени.rnrnТоа што сте го граделе со години може да биде уништено преку ноќ: Сеедно, не престанувајте да градите.rnrnАко сте пронашле спокој и среќа, а другите ви завидуваат: Сеедно, бидете си среќни.rnrnДоброто кое сте го создале денес, луѓето ќе го заборават утре: Сеедно, не престанувајте да правите добро.rnrnДелете го со луѓето најдоброто што го имате, тоа никогаш нема да биде доста: Сеедно, не го чувајте само за себе.rnrnНа крајот од краиштата и самите ќе се уверите дека сè ова е помеѓу вас и Бога: Сеедно, тоа никогаш не било помеѓу вас и нив.rnrn[/message_box]

  • Како хороскопските знаци се справуваат со својата тага?

    Како хороскопските знаци се справуваат со својата тага?

    Ако верувате во астрологијата, тогаш сигурно ги знаете општите карактеристики на секој хороскопски знак, особено оние кои го сочинуваат вашиот. Вие знаете точно што може да ве изнервира, кои ви се негативни, а кои позитивни тенденции, па дури и која е вашата омилена секс поза. Но, дали знаете како вашиот знак реагира на тага? Погледнете како секој од хороскопските знаци се однесува кога е соочен со тагата…rnrnКако хороскопските знаци се справуваат со својата тага?rnrnОвен – Тие се импулсивни, заслепени од гнев и не успеваат да ги завршат своите секојдневни навики. Тие стануваат спротивни од тоа што се, со многу помалку ентузијазам.rnrnБик – Тие се изолираат, па можеби дури и почнуваат да се прејадуваат или да ја губат целата своја енергија. Имаат чувство дека се сами против светот, им недостасува трпение и лесно се разлутуваат.rnrnБлизнаци – Претерано размислуваат, стануваат тивки и делуваат како да се на некое друго место. Тие се прилично нетолерантни на тагата и затоа имаат тенденција да се одвојат од нивните емоции за да се заштитат.rnrnРак – Емоционални, бараат многу грижа од другите и плачат дури и по незначајни настани. Тие се склони на болки во стомакот и имаат чувство како да се изолирани од сите околу нив.rnrnЛав – Тие го покажуваат својот стрес, но сепак добиваат чувство како да се на работ од нервен слом. Тие лесно избувнуваат и бараат многу грижа од другите. Имаат тенденција да се претворат во маченици.rnrnДевица – Имаат засилени компулзии, се исклучуваат од разговорите и престануваат да одговараат. Тие го губат допирот со емоциите и стануваат спротивставени од тоа што всушност се.rnrnВага – Имаат чувство на нестабилност и неочекувани промени на расположението, со намалена потреба да се социјализираат. Често чувствуваат безнадежност, но се обидуваат да останат среќни и средени.rnrnСкорпија – Стануваат насилни, изолирани и имаат силни промени на расположението. Тие покажуваат интензивна меланхолија проследена со параноја и мислите им стануваат страшни дури и за нив.rnrnСтрелец – Се чувствуваат без енергија, а понекогаш земаат дури и супстанци за да избегаат. Тие стануваат посериозни и понапнати, помалку толерантни и се преплавени со емоции на грижа кога размислуваат за иднината.rnrnЈарец – Тие ја губат својата мотивација, стануваат безнадежни и почнуваат претерано да размислуваат. Тие делуваат како да се на штрек, терајќи се себеси да поминат низ нештата, но ништо не ги импресионира.rnrnВодолија – Стануваат непријатни и тивки. Тие се изолираат од другите, но и од себе, дури и покрај тоа што се обидуваат да делуваат среќно.rnrnРиби – Имаат опсесивно размислување и ги помнат сите лоши настани кои им се случиле. Тие стануваат анксиозни, изолирани и имаат тенденција да чувствуваат сè.

  • 10 лекови за справување со тешкиот понеделник

    10 лекови за справување со тешкиот понеделник

    Дури и да ја обожавате својата работа, вие сигурно понекогаш не го сакате понеделникот. Токму затоа погледнете ја оваа листа која ќе ви помогне подобро да ја започнете новата недела и да внесете малку сјај во овој ден…rnrn10 лекови за справување со тешкиот понеделникrnrn1. Фокусирајте се на најважните 3 нешта. Одвојте ги големите нешта и веднаш завршете ги. На овој начин автоматски ќе се почувствувате подобро и ќе знаете дека ве очекува многу полесна недела пред вас.rnrn2. Пуштете ја вашата омилена музика. Секој има барем една песна која ја поседува моќта да го промени нивното расположение. Токму затоа најдете ја вашата и пуштете ја што погласно можете.rnrn3. Движете го вашето тело. Доволна ви е само 5-минутна брза прошетка за да го прочистите вашиот ум и да го започнете денот со многу енергија. Доколку имате можност и време, направете и неколку вежби за размрдување кои дополнително ќе ви ја зголемат енергијата.rnrn4. Научете нешто ново. Ова е најдобриот начин да се справите со досадата. Без разлика за што станува збор, макар и да се зборовите на некоја нова песна, научете нешто што ќе ве инспирира да бидете покреативни во текот на целата недела.rnrn5. Елиминирајте ги оние нешта кои ве спречуваат да се движите кон напред. Започнувајќи од пенкало кое тече, па сè до вашите лоши навики или непријатни мејлови, справете се веднаш со сите оние нешта кои ја исцрпуваат вашата енергија.rnrn6. Смејте се! Потсетете се колку сте среќни во моментов на вашиот живот. Бидете благодарни за она кое го имате и уживајте целосно во моментот. Насмевката е лек за секој вид потешкотии.rnrn7. Одвојте време да разубавите нечиј живот. Колку е тешко некому да му се насмеете или пак, да му кажете нешто убаво или од помош?rnrn8. Одложете нешто што е не е толку важно. Ова се нарекува креативно одложување. Кога вие ќе замените нешто што не е толку важно, со нешто поважно, вашата енергија и почит кон себе автоматски се зголемува.rnrn9. Совладајте непријатна задача. Дали знаете колку придобивки се кријат зад вашите незавршени задачи кои толку многу време ги игнорирате?rnrn10. Откријте што најдобро функционира за вас. Пронајдете ја онаа рутина која секогаш ќе биде успешна за вас и која ќе ви помогне најдобро да ја започнувате секоја нова недела.

  • Како хороскопските знаци ја поднесуваат сексуалната апстиненција?

    Како хороскопските знаци ја поднесуваат сексуалната апстиненција?

    Сексот за многу луѓе е важна компонента од животот. Некои не можат да живеат без него, а некои би издржале и без редовна сексуална акција. Одредени луѓе можат да поднесат недостаток на секс, а за други тоа е неисполнета потреба која може да го промени нивното однесување. Погледнете како хороскопските знаци се соочуваат со недостатокот на секс.rnrn0-kako-horoskopskite-znaci-ja-podnesuvaat-seksualnata-apstinencija-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnОвните се зависници од секс. Тешко ја контролираат својата сексуална желба, па затоа не поднесуваат ни кратка апстиненција. Во таквиот период тие стануваат нервозни и избувливи, па затоа пронаоѓаат утеха во еротските магазини и порно филмовите, но понекогаш тие наместо да ги задоволат нивните страсти уште повеќе ги зголемуваат.rnrnКога ќе изгуби самоконтрола, Овенот се претвора во вистински проблем. Кога се додворуваат, нивниот пристап не е ни малку тактичен, нити романтичен и без никаков повод ќе му дадат до знаење на потенцијалниот партнер дека се заинтересирани за секс.rn

    Бик

    rnБиковите се страсни, но кулминацијата на нивната сексуална желба не се случува нагло, туку доаѓа заедно со емоциите, а токму тоа е причината за успешното контролирање на нивната сексуална енергија. Иако се труди да ја скрие неговата фрустрација, кога е без секс, Бикот може да ги почувствува последиците на „сушниот период“.rnrnСовршена утеха за него се храната или еротските списанија кои му го ублажуваат чувството на празнина. Овој знак многу брзо се впушта во освојување на спротивниот пол. Сепак, без разлика на големата желба да го задоволи својот сексуален глад, вистинската страст ќе ја покаже дури во кревет.rn

    Близнаци

    rnЉубопитните Близнаци сакаат секс и веднаш штом почувствуваат заситеност од врската, тие имаат тенденција да го променат партнерот. За нив сексот е многу важен, па при апстинирање, тие се чувствуваат дезориентирано и тешко се фокусираат на секојдневните обврски.rnrnКога станува збор за освојување на спротивниот пол, тие стануваат скоро досадни во намерата да одведат некоја жртва во кревет за „секс набрзинка“. Немаат нерви за долги освојувања, па се служат со различни трикови. Тие се многу уверливи затоа што се добри глумци, а кога ќе го добијат она што го сакаат, исчезнуваат во потрага по нов извор на страст, иако претходно ветувале траен однос и голема љубов.rn

    Рак

    rnРомантичниот Рак е многу еротско суштество, но нема силна потреба за сексуални односи. При недостаток на секс, попрво би избрал да биде осамен, отколку да се впушта во врска со кој било. Долго се храни со надежта дека ќе ја запознае вистинската личност со која ќе оствари длабока врска, па затоа може да издржи и без секс.rnrnЕмоциите кај Ракот мора да бидат застапени во иста количина како и сексот, но долгото незадоволство ќе резултира со разочарување, депресија и повлекување во себе. И дури, со текот на времето може да дојде до потиснување на интересот за секс. Многу Ракови живеат во свет на еротски фантазии кои им се компензација за вистинскиот сексуален живот.rn

    Лав

    rnСтрасниот Лав постојано размислува за секс. Иако вистински ужива во водењето љубов, сексот му го храни егото – па затоа му е потребен и како доказ за сопствената вредност. Кога апстинира, Лавот станува нервозен и склон кон вербални судири.rnrnТој сака да се фали со сексуалните потфати и бројот на партнери, а неретко на спротивниот пол му истакнува дека е одличен во кревет и притоа ветува незаборавни мигови. Тој го прикрива својот недостаток на секс затоа што сака да ја задржи сликата на голем и успешен љубовник во очите на другите.rn

    Девица

    rnДевицата многу често со нејзиниот ладен став може да остави впечаток на личност на која не ѝ е грижа за секс. Вистината е дека всушност таа е желна за нежности и галења и дека недостатокот на секс прилично тешко ѝ паѓа. При такви моменти, таа станува многу непријатна за околината, а тоа се гледа по нејзината нервоза, излив на бес и зајадливост.rnrnНедостатокот на сексуална активност ја компензира со работа. Ако е во брак или во врска во која не ѝ е задоволена желбата за секс, тогаш Девицата брзо ќе се олади и ќе се одлучи на двоен живот со љубовник/ца.rn

    Вага

    rnВагата не е зависник од секс, туку е зависник од љубов. Таа е романтична и по природа лесно се заљубува. Проблемот кај овој знак е што тие два поими често ги меша. Ако нејзините обиди да заведе некој уште веднаш не се покажат како успешни, Вагата без мислење преминува на друга жртва.rnrnТешко поднесува долга осаменост и сексуална неактивност, па во тој период умее да претера и да се препушти на промискуитет. Вагата е вечен заводник во душа, па затоа со честото меркање и сексуална активност го храни егото кое е желно за потврда и признание.rn

    Скорпија

    rnНенаситната Скорпија пати од синдромот на пренагласен секс. Нејзината страсна природа мора да ги задоволи нејзините нагони – колку повеќе, толку подобро, бидејќи во спротивност таа може да изгуби самоконтрола и да стане толку опседната со секс што при контакт со спротивниот пол станува насилна и наметлива.rnrnКога станува збор за освојување, таа не се откажува додека другата страна не се предаде. Ако не може да ја контролира апстиненцијата, тогаш „дружбата со пријателите“ за неа е совршеното нешто.rn

    Стрелец

    rnТемпераментниот Стрелец сака секс во сите пози и на сите начини, но не е зависен од него. Со задоволство ќе прифати секс за една вечер, но тоа искуство брзо го заборава. За него, сосема нормално е да се води љубов, но и да се апстинира.rnrnТој е свој во секое поле, па затоа добро ја поднесува апстиненцијата. Собраната сексуална енергија ја исфрла преку спорт, забава и рекреација. Тој е спонтан и добро се контролира – па можеби тоа е тајната на неговата успешност во освојување на спротивниот пол.rn

    Јарец

    rnЈарците се познати како луѓе со изразена самоконтрола и поради таа карактеристика тие долго можат да ја потиснуваат својата сексуална желба. Нo, напротив, тоа не значи дека ја немаат, тие се исклучително страсни, само се премногу пребирливи кога станува збор за изборот на партнер. Јарецот е сексуално активен онолку колку што партнерот го привлекува и интересира.rnrnЗатоа, Јарецот е оној кој можеби најдобро ја поднесува сексуалната апстиненција. Тој може да издржи без секс со месеци, па дури и години, а тоа да биде незабележливо во неговото однесување. Дури напротив, тој се однесува и делува како да излегол од најстрасната прегратка и честопати сексуалните фантазии му се замена за вистински секс.rn

    Водолија

    rnВодолијата не е зависна од сексот и долго може да апстинира. Спремна е отворено да признае колку долго не била сексуално активна и тоа го смета како најприродна појава. Во „сушниот период“ времето го пополнува со забава со пријатели или со некое хоби додека е во исчекување на некој спонтан однос или врска.rnrnДури и кога долго апстинира, Водолијата не е нетрпелива во освојување на спротивниот пол. Лесниот плен не е доволно голем предизвик за неа. Без разлика колку долго ќе трае тоа, таа сепак сака да освои некоја личност која многу ѝ се допаѓа.rn

    Риби

    rnРибата честопати е жртва на своите длабоки романтични чувства кои влијаат на секој дел од нејзиниот живот – па и на нејзините сексуални односи. Таа секогаш е заљубена во оној со кој има сексуални односи затоа што не разликува секс од љубов. Припадниците на овој знак не се зависници од секс во вистинска смисла на зборот, туку од потребата постојано да бидат сакани.rnrnВо периодот кога е без партнер, Рибата панично ја бара својата сродна душа и притоа не бира како објектот на нејзиниот интерес што побрзо да се најде во кревет со неа. Кога сака да освои некој, таа може да биде многу заморна и напорна и воопшто да не се откаже. Она со што може да се пофали е тоа што е добар освојувач, а тоа се должи на нејзиниот шарм.

  • Бидете свесни: 3 начини да поддржите личност која страда од ментална болест

    Бидете свесни: 3 начини да поддржите личност која страда од ментална болест

    Најчестите форми на ментални болести вклучуваат нарушувања на анксиозноста, расположението, јадењето, контролата на импулсите, како и зависност, нарушувања на личноста, опсесивно-компулсивно нарушување и посттрауматски стрес. Доколку познавате личност која страда од овие нарушувања или пак, има друг вид ментална болест, со помош на следниве 3 нешта можете да ја поддржите и да ѝ помогнете во нејзините битки.rnrnБидете свесни: 3 начини да поддржите личност која страда од ментална болестrn

    1. Обидете се да сфатите за што станува збор

    rnКојзнае, можеби би можеле да најдете поврзаност со некоја ваша состојба. Истражувајте и обидете се да разберете дека менталните болести се многу чести. Дали вие некогаш сте се чувствувале анксиозно? Депресивно? Можеби сте страдале во минатото или пак, тоа ви се случува сега. Не можете да знаете додека не истражите повеќе на оваа тема. Доколку сте доволно информирани, вие исто така ќе можете и подобро да се поставите кон личноста која страда од ментална болест. Не можете да очекувате дека ќе ѝ помогнете ако барем малку не откриете низ што таа поминува.rn

    2. Послушајте ги оние кои ви се доверуваат

    rnДоколку некој ви се доверува, тој или таа веќе знае што прави. Токму затоа и не нудете слепи решенија бидејќи на нив не им потребен вашиот совет. Тоа што им е потребно е личност на која можат да се потпрат. Користете ги фразите како: „Тоа низ што поминуваш звучи многу тешко“ и не велете дека разбирате, бидејќи реалноста е дека не разбирате. Слушањето најчесто може да биде најдобриот начин да ги поддржите другите.rn

    3. Зборувајте отворено и прифаќајте

    rnКога славните личности говорат за своите битки со ментална болест, тие им покажуваат на луѓето дека е во ред да бидете искрени за овие лични сосојби. Токму затоа и вие кога ќе се отворите, можете да им помогнете на луѓето на начини на кои никогаш не сте верувале дека е можно. Доколку страдате од ментална болест, не се плашете да зборувате за неа. Со отстранувањето на вашиот оклоп за одбрана, вие ќе почнете да се чувствувате многу подобро. Од друга страна пак, ако познавате некој кој се справува со ваков проблем, обидете се да го прифатите целосно и да го ислушате докрај. На тој начин би можеле многу да му помогнете.

  • Родители, еве 17 совети и трикови кои ќе ви помогнат да се справите со вашите деца кога се немирни

    Родители, еве 17 совети и трикови кои ќе ви помогнат да се справите со вашите деца кога се немирни

    Децата се најголемото богатство и највредното нешто за родителите, но некогаш не е возможно да се справите со нив. Па никој нема енергија 24 часа 7 дена во неделата за да се занимава со викање, шарени ѕидови и сл. На секого му е потребен мир, барем одвреме-навреме. И не, не ве обвинуваме што сакате малку време за себе. Баш напротив, сакаме да ви помогнеме. Затоа смисливме 18 совети кои ќе ви помогнат да се справите со нив.rnrn0-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn1. Одете раат во тоалет така што ќе ги оставите да гледаат нешто што сте рекле дека никогаш нема да им дозволите да го гледаат.rnrn2. Вработете дадилка за да не мора вие да го трпите срамот во јавност.rnrn07-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn3. Ако сакате да си олесните со перењето, запаметете дека облеката може да се носи неколку дена по ред пред да ја сметате за гнасна.rnrn4. Никогаш не уживајте во тишината, затоа што тоа значи дека нешто сомнително се случува.rnrn01-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn5. Ако сакате да го натерате вашето малечко да престане да гризе некои работи, премачкајте ги со лут сос.rnrn6. Научете ги на некоја корисна вештина – како фотографија – за никогаш да немаат доволно пари да купат дрога.rnrn1-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn7. Ако ви е потребно да го привлечете вниманието на детето, едноставно седнете, опуштете се и изгледајте како да ви е многу удобно.rnrn8. Купувајте само маркери кои лесно се отстрануваат, за кога ќе ги чистите од ѕидовите и облеката да немате големи проблеми.rnrn02-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn9. Најдете ги изгубените играчки така што ќе ја однесете колата на миење.rnrn10. Гледајте ја омилената серија така што на детето ќе му дадете мобилен телефон.rnrn05-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn11. Спријателете се со касиерите во маркетот затоа што многу почесто ќе бидете таму отколку дома.rnrn12. Излезете навреме наутро така што ќе им дозволите да легнат да спијат во облека наместо во пижами.rnrn08-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn13. Дозволете ривалство меѓу вашите деца. Тоа е автокорективна мерка која ќе даде подобри резултати одошто ако вие се вмешате во „битката.rnrn14. Никогаш не им давајте пуканки откако сте смукале со правосмукалка. Не им давајте ништо откако ќе исчистите со правосмукалка. Всушност, не смукајте.rnrn04-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn15. Не плашете се од бунтовничкото однесување ако трае до 18-тата година. Нормално е.rnrn16. Играјте видео игри без да ве прекинуваат така што ќе им дадете неисправни управувачи.rnrn06-roditeli-eve-17-soveti-i-trikovi-kako-da-se-spravite-so-vashite-deca-koga-se-nemirni-kafepauza.mkrnrn17. Скратете го времето за готвење така што нема да готвите и ќе порачате храна од ресторан.

  • Што му предизвикува стрес на секој од хороскопските знаци и како тие се справуваат со него?

    Што му предизвикува стрес на секој од хороскопските знаци и како тие се справуваат со него?

    Стресот е проблем со кој голем број луѓе секојдневно мора да се справуваат, а секоја личност различно се носи со него. Погледнете како хороскопските знаци успеваат да излезат на крај со оваа ужасна мака.rnrn0-shto-mu-predizvikuva-stres-na-sekoj-od-horoskopskite-znaci-i-kako-tie-se-spravuvaat-so-nego-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnПрипадниците на знакот Овен се динамични луѓе додека не се потроши нивната енергија. Кога се болни или се чувствуваат лошо, стресот им се насобира. Запомнете, вие не сте суперхерои. Никој не очекува да го спасувате светот. Одвојте време за одмор.rn

    Бик

    rnБикот сака постојано да се чувствува компетентно, па затоа вложува време да ги направи нештата како што треба уште првиот пат. Најголемиот предизвикувач на стрес за нив е неуспехот. Запаметете дека неуспех може секому да му се случи, така созреваме.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците не ги трпат глупостите на луѓето. Нивниот стрес е предизвикан кога луѓето се однесуваат глупаво, но од витална важност е да запаметите дека треба да дишете и да не се лутите затоа што токму таа лутина го создава стресот.rn

    Рак

    rnЗа овој знак, несигурноста е најголемиот причинител на стрес. Кога доживувате пораз имате тенденција да правите драма и непотребни сцени. Не ги голтајте чувствата, искажете ги, но сепак бидете конструктивни. Дишете длабоко и бидете сигурни.rn

    Лав

    rnСтресот кај Лавот се појавува кога нема контрола врз нештата, особено кога губи или ако нешто не функционира како што треба. Сетете се дека некогаш мора да ги пуштите работите да течат по свој тек. Ако ништо друго, барем ќе бидете посреќни.rn

    Девица

    rnПрипадниците на овој знак премногу размислуваат. Среќа што тоа не е смртоносно, затоа што ако беше вие досега ќе бевте мртви. Вашата најголема причина за стрес е тоа што не можете да си ги средите мислите. Правете листи, распореди, запишувајте ги нештата на лист – така сигурно ќе ви олесни.rn

    Вага

    rnВагите не сакаат нефер однесување. Од друга страна пак, кој сака? Вие имате навика да поминувате премногу време размислувајќи дали да се соочите со луѓето кои не биле фер кон вас. Наместо да се опседнувате со тоа, едноставно зборувајте со таа личност уште во моментот. Само без насилство.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите можеби изгледаат како скорпии – со остри штипалки и отров однадвор, но однатре се нежни и чувствителни. Кога чувствувате тензија и нервоза се трудите да ја прикриете што е можно повеќе. Она што мора да го запомните е да одвојувате време за себе.rn

    Стрелец

    rnСтрелецот е секогаш во движење. Вие мразите да седите и мразите ситуации кога мора да глумите. Одморете од тоа и слободно откачете. Излезете со пријателите или правете некоја физичка активност што ви го покренува адреналинот.rn

    Јарец

    rnВие имате преголеми очекувања од себеси. Стресот се состои во тоа што вие не уживате доволно во убавите моменти од животот. Едноставно е – ослободете се.rn

    Водолија

    rnМора секогаш сѐ да биде по нивно. Вие без причина сте фрустрирани ако нештата не се по ваше. Разберете дека таков е животот. Земете длабок здив и продолжете понатака.rn

    Риби

    rnРибите, како и Скорпиите, се знаци кои ја ценат и ја сакаат интимата. Јавното зборување и искажување чувства е најстресното нешто за нив. Овие нешта се дел од животот, затоа заземете став дека сѐ поминува и одвојувајте време кое ќе го поминете правејќи нешта што вие ги сакате.

  • Како да се справите со својата љубопитност?

    Како да се справите со својата љубопитност?

    Не, не мислиме само на љубопитноста која ве тера да го пикате вашиот нос во туѓата приватност. Но и тоа се смета за љубопитност, која укажува на детективски талент, па можеби ќе можете да ја искористите на начин за да бидете корисни за себе и за општеството, наместо да носите наоколу имагинарна лепенка на која со имагинарни флуоресцентни букви пишува „Радио Милева“. А таа фреквенција, сега или подоцна, сите ќе ја откријат, дури и пред да им појде од рака да го прочитаат невидливиот натпис.rnrn2-kako-da-se-spravite-so-svojata-ljubopitnost-www.kafepauza.mk_rnrnЗначи, мислиме на љубопитноста која ве тера да дознавате, да споредувате, да испитувате, никогаш да не се задоволувате со половични одговори, да брзате и да поставувате незгодни прашања. Љубопитноста и тактичноста не одат заедно. Стрелите на љубопитноста може да одлетаат далеку, толку многу што некогаш ќе ја промашите целта и ќе погодите некого на некое незгодно место. Научете да ракувате со својот лак.rnrnЉубопитноста секогаш „поставува“ прашања, а прашањата водат кон нови прашања – истото важи и за одговорите. Првото правило за справување со љубопитноста гласи:rn

    Почитувајте го редоследот: Прво прашање, па одговор, па прашање

    rnНа вашиот љубопитен ум му е потребна организација. За да не се дезориентирате поставувајќи многубројни прашања одеднаш, најпрво поставете ги почетните, приоритетни прашања. А потоа истражувајте, сè додека не ги пронајдете одговорите. Патем ќе ви текнуваат сè повеќе и повеќе прашања – запишете ги. Позанимавајте се со нив кога ќе пронајдете некои одговори. Уште подобро, најпрво позанимавајте се со одговорите. Набљудувајте ги, испитајте ги и анализирајте ги, а кога ќе излезат нови прашања, споредете ги со запишаната листа. Потоа елиминирајте ги периферните прашања и започнете потрага по приоритетните одговори.rnrnНа тој начин ќе стигнете до нова листа на прашања. Дисциплинирајте се и работете систематски. Замислите дека сте си сами на себе секретарка која води евиденција за редоследот на прашањата и одговорите. Сервисирајте го својот ум. Помогнете му во организацијата.rn

    Не игнорирајте ги стравовите, огнените желби и загрижености – обидете се да ги разберете

    rnВашиот ум е чувствителен инструмент. Учејќи да го користите како лак кој исфрла стрели и ги погодува метите, мора да се фокусирате, но исто така не треба да ги заборавите нарушувачките фактори. Бидејќи тоа се информации, кои бараат да им се посвети внимание за да ви пренесат порака која ќе ви биде од корист. Кога ќе се појават, престанете да се занимавате со прашањата и одговорите, престанете да истражувате и потполно посветете се на она што ве загрижува. Можеби чувствата кои ги чувствувате ви велат дека треба да ја смените вашата перцепција, да пристапите кон решавањето на проблемот на подруг начин или пак ви откриваат дека проблемот воопшто не е она кон коешто сте целеле, туку нешто сосема друго.rnrnТоа што сакате да го постигнете, можеби е маскирано, а вашиот чувствителен инструмент ви покажува како да го демаскирате. Тоа што е вон вас е поврзано со нешто витално во вас. Затоа горите од љубопитност, затоа страстите ве тераат да истражувате, да се обидувате и да се трудите, онаму каде што никој друг освен вас не ја гледа смислата, ниту патот, ниту целта. Сè во вас има одговори, дури и стравови. Збунетост и желба. Набљудувајте се себеси, истражувајте се, бидете љубопитни во однос на вашиот ум и емоции, работете темелно и истовремено интуитивно, како да се обидувате да решите загатка.