КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • Астрологијата, мажите и љубомората

    Астрологијата, мажите и љубомората

    Скорпијата ќе ве окова со златни синџири, близнаците ќе ве полудат од сомнежи, додека пак водолијата не го познава тоа чувство… Погледнете како машките претставници на хороскопските знаци се справуваат со љубомората.rnrnАстрологијата, мажите и љубоморатаrnrnОвенот како радар го следи секој чекор на својот партнер, а секоја насмевка подарена на некој друг или одењето во кафуле во туѓо друштво му забива нож во вљубеното срце. Во такви ситуации очекувајте жолчни изливи на љубомора, тешки обвинувања, па дури и закани. rnrnСкорпијата исто така може да се пофали со недостаток на тактичност. Опседнат со сексот и верноста, тој на секое навестување на флерт се чувствува повреден и предаден, па поради тоа тој партнерот го врзува со златни синџири на својата љубов, притоа давајќи му многу малку слобода.rnrnБиковите делуваат мирољубиво и добродушно, но нивната конзервативност може да стане агресивна и да создаде јасни забрани што ќе ве гушат вас и вашата врска.rnrnЉубомората на лавот е ласкава. Таа се воздигнува како џентлменска суета и жед за внимание од својата љубена. Таа љубомора не е нескротлива, само треба да се знае како да се контролира (попуштајќи на ситници).rnrnЈарецот многу бара од врската, но тој ретко кога ќе признае дека е љубоморен, па дури и на себеси. Но, кога одненадеж ќе стане студен, пакосен и затворен, треба да се запрашате дали можеби со премногу воодушевување сте зборувале за својот нов колега или сте го фалеле скапиот автомобил на младиот сосед.rnrnЉубомората на ракот е индиректна, по малку детинеста и смешна, но поради тоа не е помалку реална. Тој е  многу сензибилен и ќе го почувствува секој ваш особен интерес како опасност за врската, а потврда за тоа ќе најде во вашиот секси фустан или во новите шеги. Поради тоа тој ќе се лути и ќе ве обвинува.rnrnРибите всушност не се љубоморни, туку несигурни и слепи од љубов, па се во состојба да истрпат многу, понекогаш плачејќи или само долго ќе молчат.rnrnРеакциите на вагата се помирни во однос на другите знаци, бидејќи таа се води според разумот и за овој знак важи дека не се сомнева.rnrnБлизнаците не се страсни, па доколку се посомневаат во верноста на својот партнер со лукава насмевка на усните ќе смислат тактика со која партнерот ќе го излудат од љубомора.rnrnЗа да ја направите девицата љубоморна ќе ви треба малку повеќе време, но кога еднаш ќе се посомнева, сама ќе измислува причини за да продолжи да истражува. Поради тоа ќе ви ѕирка во писмата и ќе ви „копа“ по џебовите.rnrnСтрелецот знае да биде непријатен, да навредува без да ги одбира зборовите и да го напушта партнерот за секакви глупости, но во повеќето случаи е толерантен.rnrnТипичната водолија (што не значи дека не постојат исклучоци) е личност со најголема доверба на светот. Љубомората ја смета за примитивно чувство на кое не му дава место во своето срце.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и справувањето со разочарувањата

    Астрологијата и справувањето со разочарувањата

    Секој знае да се справи  со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.rnrnАстрологијата и справувањето со разочарувањатаrnrnОвенот никогаш не дозволува еден неуспех да го совлада. Неговата отпорност и необрнувањето внимание, му овозможува да ги остави проблемите во минатото и да продолжи да се обидува и да се обидува…rnrnБиковите секогаш ги игнорираат работите кои на сите други им личат дека се неуспех и продолжуваат да работат на тоа што почнале. Нивната истрајност често се покажува како одличен метод, но доколку нешто тргне наопаку, можат да се појават проблеми.rnrnБлизнаците се мајстори за опоравување од последиците од погрешна одлука, бидејќи тие често имаат неколку започнати работи одеднаш. Доколку една од нив не успее, тие едноставно вниманието го свртуваат кон некоја од останатите активности.rnrnРаковите имаат многу тешкотии да се соочат со реалноста и да ги остават работите да бидат такви какви што се. Сепак, тие поседуваат капацитет и секогаш пројавуваат иницијатива да создадат инспиративен план. Поради ваквиот начин на функционирање, тие секогаш се спремни да напредуваат самоуверено.rnrnСамоувереноста на лавот може да му опадне многу брзо доколку тој наиде на тешкотија или доколку почувствува дека ја изгубил поддршката од луѓето околу него. Неговата опадната самодоверба ќе го држи воздржан од повторно обидување, а за напредок ќе му биде потребно враќање на честа.rnrnДевиците се екстремно самокритични доколку нешто погрешиле. Сепак, тие веднаш штом сфатат дека направиле некој кикс, никогаш повеќе нема да им се случи да ја повторат истата грешка. Нивната зависност од работа ќе ги натера да ги прават работите како што треба.rnrnВагата може да се загрижи доколку нејзиниот углед е ставен во прашање, но истата оваа нејзина особина ја мотивира да го одржи притисокот во животот, кога нешто не е како што треба. Овие луѓе поседуваат генијални умови кои ќе осмислат паметен план како да се продолжи понатаму и да се избега од хаосот.rnrnСкорпијата сака да биде многу почитувана во нејзината професија и веројатноста за соочување со некаков проблем или грешка ја потресува. После некое време ќе мора да се соочи со тоа, а понекогаш ќе има тешкотии низ тој процес.rnrnКога станува збор за работа, стрелецот секогаш гледа само во еден правец, а тоа е напред. Поседувањето позитивна мисла и беспоштедна надеж, секогаш е спасувач во неговата кариера.rnrnЈарецот знае да биде потиштен кога ќе направи некоја грешка на работа, но најчесто има повеќе алтернативи кои би го вратиле во ритам. Откако ќе се ослободи од негативната енергија, се однесува како ништо да не се случило.rnrnВодолијата не се грижи што мислат останатите, ниту пак слуша многу совети. Како резултат на ова,често знае да „заглави“. Кога ќе се реши да се справи со своите грешки, таа брзо се враќа на правиот пат.rnrnРибите имаат големи проблеми да се вратат во нормала кога ќе погрешат нешто, бидејќи многу им паѓа самодовербата. Сепак, откако ќе сфатат дека грешки се случуваат, колебливо одново се обидуваат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 начини за справување со депресијата

    10 начини за справување со депресијата

    Депресијата е тешка психо-физичка состојба, а претставува големо пореметување на вашето расположение. Симптомите на депресија се: повлекување на болниот во себе, чувство на потиштеност, пад на нормалното енергетско ниво, несоница, губење на апетитот, опседнатост со црни мисли, забавен тек на размислување, безнадежност и беспомошност. Доколку сметате дека се чувствувате депресивно и особено ако имате биполарно растројство и големи промени во стилот на живеење, треба да посетите доктор, но доколку веќе одите на психијатар и консумирате медикаменти, постојат многу работи кои можете да ги направите за да си помогнете себеси да се чувствувате подобро, а нема да ве чинат ниту денар.rnrnЗабелешка: Ако сте моментално нерасположени или тажни, не значи дека боледувате од депресија. Повеќето депресивни епизоди траат подолго од две седмици и можат да траат со месеци, па дури и со години. Сезонските депресии, најчесто се јавуваат кај луѓето во текот на зимскиот период од годината, а состојбата се подобрува кога ќе настапи пролетта и летото.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    1. Не обвинувајте се себеси

    rnОва е наједноставниот, најважниот и најевтиниот начин да се борите со депресијата. Самата депресија, плус чувството на вина и неисполнетост во животот, можат да се излекуваат, но за да се случи тоа, потребен е практичен, научен пристап и трпение.rnrn„Морате да научите да ја прифатите реалноста дека депресијата е телесна болест, исто како болеста на срцето, дијабетесот и ракот“ – вели проф. д-р Ричард Раскин, клинички психолог во Њујорк и Личфилд, Конектикат. „Можете да ја надминете така што ќе се трудите повеќе да се борите и ќе го приспособувате вашето однесување. Потребно е да прифатите дека имате физичка болест на која е потребно да ѝ обрнете внимание и нема никаква смисла да се обвинувате себеси за тоа.“rn

    2. Зборувајте за тоа

    rnНема да биде лесно, но ако им зборувате на луѓето за вашата депресија е подобро, отколку да ја чувате во тајност. „Нема секој да ве сфати и да ви даде поддршка“ – вели Раскин. „Ако имате скршена коска на рамото, болки во грбот или главоболка, сите кои го искусиле тој проблем ќе ве сфатат бидејќи можат да се споредат со вас, но не и кога станува збор за ментална болест. Но, и покрај тоа што не ве разбираат сосема низ што поминувате, пријателите и семејството можат да ви пружат емоционална поддршка и да ви помогнат да ги истражите опциите за третирање на болеста. „Немојте да си дозволите да се изолирате од луѓето во вашиот живот. Комуницирајте со луѓето, до степен до кој можете да издржите “- додава Раскин.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    3. Редовно вежбајте

    rnМожеби вежбањето е последната работа која ви се прави кога се чувствувате депримирано, но џогирањето или вежбањето фитнес може многу да ви помогне да си ја подобрите психичката состојба. Енергичното спортување може да се бори со симптомите на вашата депресија, доколку вежбате редовно по 30 или повеќе минути. Во едно истражување, депресивните пациенти кои вежбале редовно на лента за трчање или на статичен велосипед во текот на 12 седмици, забележале намалување на симптомите на болеста за околу 50%. Вежбањето има и краткотрајни бенефиции. Друго истражување покажало дека вежбањето може да го подобри вашето расположение во наредните 12 часа.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    4. Одложете ги крупните одлуки

    rnДепресијата може да влијае на вашата перцепција и проценка, така што најпаметно е да ги одложите одлуките поврзани со вашите персонални врски и кариерата, до оној момент кога ќе се чувствувате подобро.rnrn„Еден од симптомите на депресијата е да имате негативен став околу повеќето работи кои се случуваат во вашиот живот“ – вели Раскин. „Тоа влијае на вашиот суд за речиси сè, а вие може да не сте ни свесни за тоа. Така што, одложувајте ги важните одлуки колку што можете повеќе“. Ако морате да донесете некоја одлука, немојте да бидете импулсивни. Пред да ја донесете одлуката, Раскин советува да се консултирате со луѓе кои ви се блиски и во кои верувате, како што се вашиот терапевт, членовите на вашето семејство, пријателите…rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    5. Грижете се за вашето здравје

    rnАко се чувствувате депресивно, предизвикувачки ви е да му дозволите на вашето здравје да се „лизне“. Но, ако си дозволите да изгубите желба да се грижите за вашето здравје, тоа може да ги направи симптомите на депресијата уште полоши. Поврзаноста помеѓу депресијата и здравствените состојби како дијабетес и срцеви болести е голема. Истражувањата покажуваат дека депресијата може да ги влоши овие состојби, но и обратно, луѓето болни од овие болести, стануваат депресивни. Така, луѓето кои искусуваат компликации поврзани со дијабетесот, е многу веројатно да станат депресивни, а постојат и некои докази дека стресот предизвикан од срцевите болести доведува до депресија, особено после срцев удар.rn

    6. Одржувајте секојдневна рутина

    rnДржењето колку што е можно повеќе до некоја секојдневна рутина, е многу важно за луѓе кои се борат со депресијата, според Раскин.rnrn„Без разлика за каква активност ќе се определите, обидете се да ја извршувате секој ден во истото време. Рутината, без разлика дали е џогирање, пазарење или миење садови, ви помага да го избегнете синдромот на седење дома по цел ден во пижами, кој само може да ги отежни работите. Рутината ви докажува на вас, а и на останатите, дека ако сте способни да го издржите денот, ќе успеете да ја победите и депресијата.“rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    7. Јадете здрава храна

    rnХраната која ја внесуваме не делува само на телото, туку и на мозокот, па така доколку се чувствувате депресивно, многу е важно да јадете здрава храна. Тоа може да биде зрнеста храна, протеинска храна, зеленчук или овошје.rnrnХраната не може директно да ја победи депресијата, но сепак различни видови храна можат да влијаат врз расположението. Како на пример, јаглехидратите и храната која содржи витамин Д, можат да го зголемат нивото на серотонин, невротрансмитер директно поврзан со расположението. Некои истражувања докажуваат дека омега-3 мастите, кои можат да се најдат во рибата и рибиното масло, можат да помогнат во борбата против депресијата.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    8. Избегнувајте лекарства и алкохол

    rnИако депресијата полека ве тера да се фатите за чашката, попаметно ви е да не го правите тоа. Луѓето кои патат од ваква состојба, често се решаваат за вакви мерки за да ги сокријат симптомите, но сето ова може да биде многу штетно во иднина.rnrnПиењето и употребата на разни апчиња влијаат врз мозокот и подоцна можат да направат проблем во односите со партнерот и пријателите, работата и сите други аспекти на животот. Особено е опасно доколку се помешаат заедно со антидепресиви. Иако чаша вино одвреме-навреме нема да наштети никому, сепак луѓето во ваква состојба треба максимално да избегнуваат внесување на алкохол и лекарства.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    9. Обидете се да спиете убаво

    rnОбично депресијата и недостатокот на сон одат рака под рака. Проблеми при спиењето се чест симптом на депресијата, што е во директна релација со расположението.rnrnИако ова не е генерално правило, сепак ваквата комбинација може да биде краткотрајна. Лишувањето од сон кај некои луѓе кои се наоѓаат во состојба на депресија, може дури и да го зголеми расположението. Исто така може да создаде и манија кај некои луѓе со биполарно растројство.rnrnМногу работи остануваат непознати за конекцијата на депресијата и сонот, бидејќи секој има различна потреба за спиење, но сепак експертите препорачуваат, луѓето кои се соочуваат со депресија да спијат доволно и да воспостават редовно и точно легнување и станување.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    10. Не преземајте премногу обврски

    rnДоколку се борите со депресија, многу е важно да не си го преполнувате распоредот и времето со повеќе работи отколку што можете да направите. Доколку имате комплицирани задачи на работа или дома, работете ги чекор по чекор.rnrnСетете се: „Во ред е да го намалите темпото. Можеби не сте свесни дека не можете да работите со полн капацитет. Можеби можете да дадете само 75% од себе. Сепак и тоа е успех. Но, доколку навистина не можете да функционирате, мора да бидете внимателни со себе. Земете слободен ден, сепак заслужувате пауза.“ – вели Раскин.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    Што да не му кажувате на некој кој е во депресија?

    rnНе му велете: „На многу луѓе им е моментално полошо отколку тебе.“ – Дури и ова да е вистина, лицето не се чувствуваа така во тие моменти и тоа воопшто нема да му помогне.rnrnНаместо тоа, речете: „Не си сам во ова.“rnrnНе велете му: „Никој никогаш не кажал дека животот е фер.“ – Ова значи дека сте безобѕирни за чувствата на вашиот пријател.rnrnНаместо тоа, речете: „Ти си ми важен.“rnrnНе велете му: „Не е твоја вина.“ – Нормално дека не е негова вина, никој не ја одбира депресијата.rnrnНаместо тоа, речете: „Ќе бидам цело време покрај тебе.“rnrnНе велете му: „Верувај ми, знам како се чувствуваш. Еднаш и јас бев во депресија неколку дена.“ – Депресијата е сосема различна состојба од онаа кога сте тажни.rnrnНаместо тоа, речете: „Ќе се обидам максимално да се ставам во твоја кожа.“rnrnНе велете му: „Престани да се самосожалуваш.“ – Вашиот пријател не може одеднаш да престане да биде депресивен. Депресијата е физичка болест, исто како дијабетесот и срцевите заболувања, и оние кои патат од неа не можат туку така да се ослободат од нејзе.rnrnНаместо тоа, речете: „Дозволи ми да ти помогнам.“

  • Астрологијата и вашето справување со староста

    Астрологијата и вашето справување со староста

    Дали сè уште ќе носите мини здолништа, модерни очила за сонце и кул облека кога ќе имате 50 години? Или прерано ќе се помирите со фактот дека сте стари и немате што да правите повеќе со себеси? Ќе бидете кул старче или досадна баба/дедо? Некои хороскопски знаци грациозно се справуваат со староста, а други бесно се борат со неа. Во која категорија спаѓате вие?rnrnАстрологијата и вашето справување со старостаrnrnЈарецот е интересен, бидејќи го живее својот живот во обратен редослед. Припадниците на овој знак, додека се деца се многу сериозни и одмерени, а како што стареат стануваат сè повесели и опуштени.rnrnВодолиите се најчесто позаостанати во однос на нивните другарчиња додека се деца. Но, како што одминуваат годините тие стануваат поексцентрични и не им е гајле што другите мислат за нивниот необичен стил на облекување. Не се изненадувајте ако видите осумдесетгодишна водолија како носи големи округли обетки како оние на Доринда, од ТВ серијата „Касандра“.rnrnОвенот и стрелецот го игнорираат одминувањето на годините. Тие живеат во моментот, мислејќи си дека утре никогаш нема да дојде. Луѓето со овие хороскопски знаци, во нивната зрела фаза, најчесто безрезервно се впуштаат во истите оние активности кои ги правеле пред 30 години. Нивната енергичност и виталност, ги одржува млади во душа во текот на целиот живот.rnrnЛавот со текот на годините станува посмирен, умерен и сериозен, па поради побавното темпо на живот, може да качи некој килограм плус со тек на време. Потајно, лавовите сакаат да бидат почитувани како мудри возрасни личности, а тоа е статус до кој овој хороскопски знак може да дојде на свој начин.rnrnБлизнаците немаат намера да го забават нивното темпо, па тие најверојатно ќе го одржуваат нивниот луд набиен распоред во текот на нивниот средовечен живот, а и понатаму.rnrnРакот со текот на годините може да се јави во две варијанти. Едната варијанта е тој никогаш вистински да не порасне, а другата варијанта е да стане личност која постојано ќе ги негува и чува луѓето околу себе. Како што стареат, раковите сакаат да бидат сметани за личности достојни за почит.rnrnНа вагата ѝ е многу важен нејзиниот изглед, па затоа ќе направи сè што е во нејзина моќ да ги намали брчките и да не качува премногу килограми. Вагите сакаат суптилно да пловат низ времето и да веруваат дека на 90 години, сè уште го живеат својот средовечен живот.rnrnБиковите сакаат добро да се хранат, така што за нив е многу веројатно дека ќе се поправат и ќе станат помалку флексибилни, како што одминуваат годините. Во умот, исто така стануваат побавни. Но, за овој знак се смета дека е многу жилав, издржлив и може многу да поднесе, па така може да тера долги години.rnrnДевицата може да стане по малку негативна со текот на годините, ако ѝ дозволи на нејзината тенденција за критикување на другите луѓе да излезе надвор од контрола. Припадниците на овој хороскопски знак, мораат да останат љубезни и мили, доколку сакаат убаво да ја проживеат нивната зрела фаза од животот.rnrnСкорпијата има тенденција да стане отмена и грандиозна како што созрева, гордеејќи се со сопствената мудрост, која несомнено ја поседува. Но, таа може да стане и премногу нефлексибилна и тврдоглава да направи некакви промени во животот, дури и ако знае дека тоа е вистинската работа која треба да ја стори.rnrnРибите ги мразат физичките знаци кои ја одбележуваат фазата на стареење, поради што можат да станат премногу загрижени, раздразливи и неспокојни. Може да се каже дека, ако помалку се нервираат, рибите подолго и ќе живеат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.