КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • Како да се справите со љубоморниот партнер?

    Како да се справите со љубоморниот партнер?

    На прв поглед, љубомората може да не изгледа како голем проблем. Пред сѐ, таа може да направи да се чувствувате сакани, заштитени и згрижени. Но, таа најчесто се претвора во голем, горчлив проблем кој се развива брзо и никој здрав однос не може да се гради врз основа на неа. За среќа, тоа е проблем со кој можете да се справите, сѐ додека и двете страни се подготвени на компромиси и разбирање. Еве како да се справите со љубоморниот партнер и да ја зајакнете вашата љубовна врска.rnrnЕве како да се справите со љубоморниот партнер rn

    Која е причината?

    rnПостојат повеќе причини зошто вашиот партнер може да биде љубоморен и не сите тие се поврзани со вас. Во некои случаи може да биде прашање на несигурност, но во други случаи може да станува збор за довербата, што веќе претставува проблем. Тој може да има недостаток на доверба во вас или во останатите, но како и да е, оваа ситуација не е во ред. Полесно е да се справите со тоа доколку тој не им верува на другите луѓе. Тогаш едноставно треба да поминувате повеќе време заедно и да ги запознаете меѓусебните пријатели и колеги. Но, најпрво е потребно да признаете дека постои проблем. Пред да дознаете кој е проблемот, треба да прифатите дека тој постои и дека тоа е нешто што треба да го решите. Откако еднаш и двајцата ќе ја прифатите реалноста, тогаш можете да ја видите суштината на проблемот и истиот да го решавате.rn

    Суштината на проблемот

    rnНајважниот чекор за справување со љубоморниот партнер е да ја пронајдете суштината на проблемот. Отворањето некому не е лесно, затоа што многу мажи и жени имаат проблеми со отворена комуникација, што може да доведе до непријатни теми. Создавањето безбедна и отворена комуникација е важно, а доколку самите не можете да го направите ова, тогаш можете да побарате стручна помош. Ако пак се одлучите да ги преземете работите во свои раце, тогаш тоа е многу лесно. Вие треба да не судите, да бидете добар слушател и да се фокусирате не само на себеси, туку и на вашиот партнер. При отвореното и искрено објаснување за тоа како се чувствувате вие, многу е важно да не ја префрлувате вината. Подобро е да седнете и да размислите за овие работи уште пред да го започнете разговорот. Познавањето на тоа како се чувствувате е важен чекор. rnrnПостојат многу причини зошто вашиот партнер може да се однесува љубоморно, а повеќето од нив потекнуваат од нивното минато. Важно е да запаметите дека без оглед на причината за нивната љубомора, најверојатно таа потекнува од несигурноста. Справувањето со љубомората и несигурноста треба да се направи на начин на кој и двајцата ќе се чувствувате удобно. Доаѓањето до суштината на проблемот може да биде тешко. Сите сме биле повредени во минатото, а понекогаш некои рани остануваат. Но, со разговарањето вие ќе можете да го решите проблемот уште пред тој да ве раздели.rnrnЕве како да се справите со љубоморниот партнер rn

    Ова не е пријатен момент

    rnБез разлика колку и да е прекрасен вашиот партнер, неговото однесување и љубомората може да бидат показатели на големи проблеми. Однесувањето како што е на пример желбата да ве контролира вас и секое ваше движење, да контролира со кој го поминувате вашето време, кои се вашите пријатели или кога ќе се видите со вашето семејство, е голем предупредувачки знак кој покажува на тоа дека треба да преиспитате дали вашата врска е здрава или не. Но, првиот чекор секогаш значи да седнете и да разговарате околу проблемите. Настојувајте да бидете отворени и искрени. Ова може да ви изгледа како најтешката работа што треба да ја направите, но исто така е и најдобра.rn

    Справување со несигурноста

    rnОткако седнавте и разговаравте, заклучивте дека тој е несигурен. Тоа може да доаѓа од секаде: од минатите искуства, претставата што тој ја има за самиот себе, пријателствата… Несигурноста е нешто со што секој од вас се соочува секојдневно, но таа може да ги уништи најдобрите врски и најдобрите денови во вашиот живот. Несигурноста може постојано да расте и со текот на времето да ве победи. Но, за среќа, постојат начини на кои можете да им помогнете на вашите блиски во оваа борба. Малите работи може да помогнат многу. Уверете го, затоа што уверувањето е нешто што на сите одвреме-навреме ни е потребно. Бидете искрени со вашиот партнер, дајте му комплименти, бидете отворени со него, вклучете го во поголем дел од вашиот живот и животот на вашите пријатели. Малите работи како што е на пример оставањето белешка колку само да го потсетите дека се грижите за него, може да ви помогнат да ги промените работите.rnrnЕве како да се справите со љубоморниот партнер rn

    Нема доверба

    rnОва е проблем со кој е тешко да се справите. Доколку вашиот партнер не ви верува или не им верува на другите околу вас, особено мажите, можеби е време да се запрашате дали оваа врска е вистинската за вас. Недовербата на другите луѓе е една работа, но недовербата кон вас е нешто сосема друго. Постојат ситуации кога недовербата на вашиот партнер може да биде целосно оправдана, затоа што довербата е нешто што треба да се заработи со текот на времето. Зошто тој не ви верува вам? Зошто не им верува на другите луѓе? Размислете за ова, слушајте го, но бидете претпазливи на неговото опсесивно однесување. Дали оваа врска вреди? Иако ова може да ви делува како сериозно прашање, тоа е нешто за што треба да размислете. Љубомората до одреден степен може да биде привлечна, но доаѓа момент кога треба да сфатите дека не можете да имате здрава врска доколку вашиот партнер не ви верува.rn

    Разговарање, доверба и намери

    rnПрво и основно, треба да го уверите дека сакате да бидете со него. Разговарајте и прашајте го како можете да му помогнете за да има повеќе доверба, кажете му дека треба да ви верува, а и покажете му го тоа. Продолжете да бидете прекрасната личност која сте биле и до сега и довербата ќе дојде со текот на времето. Бидете отворени и искрени. Фокусирајте се на тоа дека сакате да го задржите во вашиот живот. Никој не може да каже дали врската ќе трае или не, а најдоброто нешто што треба да го направите е да останете верни и искрени со себе. Искреноста е една од најважните работи која треба да ја имате кога учите како да се справите со љубоморниот партнер.

  • Како да се справите со вашата коса по носењето капа?

    Како да се справите со вашата коса по носењето капа?

    Со доаѓањето на постудените есенски денови, време е да ја извадите и топлата капа од вашата фиока. Таа е прекрасен моден додаток и можете да ја комбинирате на многу различни начини, но, еден од проблемите со кои би се соочиле е токму вашата коса. Многу девојки ќе се согласат дека во одредени ситуации не носеле капа само за да не ја уништат својата фризура. Но, постојат неколку начини на кои можете да го спречите тоа, па без грижи да ја носите вашата омилена капа во текот на претстојнава сезона. Погледнете како да го направите тоа.rnrnКако да се справите со вашата коса по носењето капа?rn

    1. Настојувајте косата да ви биде целосно исушена

    rnПрвото правило да се заштитите од уништувањето на фризурата кога носите капа е целосно да ја исушите вашата коса. Ако ставите капа на мокра (или малку влажна) коса, тогаш таа ќе ви се исуши во лоша положба, а сигурно тоа не е резултатот што сакате да го видите.rn

    2. Користете полесни производи за обликување

    rnИзбегнувајте тешки производи како што е гелот, кремата или восокот за коса, затоа што овие производи само може да ви го намалат волуменот. Наместо тоа, одлучете се за серум или масло кои ќе ги нанесете само на краевите.rn

    3. Носете поголема капа

    rnОва не значи дека треба да носите предолга капа, но со малку подолга од вообичаеното вие ќе ги спречите оние досадни пресеци кои би ви се појавиле, а би го задржале и волуменот.rn

    4. Отстранете ја капата кога се наоѓате во внатрешен простор

    rnКолку подолго ја носите, толку повеќе таа ќе остави свој белег. Секогаш кога ќе имате можност, извадете ја капата и овозможете ѝ на вашата коса малку да дише.rn

    5. Понесете со себе неколку помошни производи

    rnКога ќе одлучите да носите капа, понесете со себе и шампон за суво миење на косата и производи за обликување. Па, секогаш кога ќе имате можност поправете ги недостатоците.

  • Што треба да знаете ако сте вљубени во алкохоличар?

    Што треба да знаете ако сте вљубени во алкохоличар?

    Кога некој ваш близок има одредена зависност, како што е на пример алкохолизмот, тешко е да одржувате здрава врска со него. Одвреме-навреме ќе сакате да се вратите назад и сѐ да започнете одново. Но, знаете дека доколку оставите некој зависник, неговата ситуација ќе се влоши. Секоја година се забележуваат многу смртни случаи предизвикани од алкохолот. Борбата со ваквата зависност е долг и сложен процес, не само за лицето кое се лекува, туку и за останатите околу него. Иако можеби сѐ ви изгледа безнадежно, сепак, постојат неколку начини на кои може да му помогнете на вашиот сакан да излезе од таа ситуација. Погледнете ги овие неколку нешта што треба да ги знаете кога до вас имате алкохоличар.rnrnНеколку работи кои треба да ги знаете ако до вас имате алкохоличарrn

    1. Вие не сте виновни

    rnМногу деца на алкохоличари растат сметајќи дека зависноста на нивниот родител е нивна вина. Сестрите, браќата и родителите на зависниците исто така се соочуваат со чувство на вина, иако тоа не е нивна грешка. Секоја личност има можност да прави свои избори во животот, па доколку вашиот сопруг, брат или дете одлучи да му се предаде на алкохолот, тоа е негова одлука.rn

    2. Никогаш не сте сами

    rnКога се соочувате со нечија зависност, многу пати ќе се почувствувате сами. Борбата со алкохолизмот ќе направи да чувствувате дека сте единствената личност на светот која до себе има алкохоличар. Не дозволувајте да ве обземе ова чувство. Ако навистина сакате да му помогнете на некој зависник, побарајте друг кој се соочува со слична ситуација. Постојат многу алкохоличари кои се во кругот на нивните пријатели и семејство, па, никако не сте сами!rn

    3. Нема да бидете во можност да му простите

    rnСправувањето со зависноста е тешка задача и честопати прави зависникот да краде или да лаже, што дефинитивно ќе биде пречка во вашата врска. Кога вашиот син или родител ќе крие работи од вас, тогаш вие ќе бидете налутени. Простувањето нема да биде лесно, но ова е дел од процесот кој треба да се помине доколку сте во врска со личност зависна од алкохол или други пороци. Дури и кога ќе биде трезен, нема да ви биде лесно да ги простите сите тие лаги. Разочарувањето ќе биде дел од вашата врска подолго време, но треба да бидете искрени и внимателни што ќе му кажете за време на неговото подобрување, затоа што секогаш постои склоност повторно да се наврати на алкохолот. Некои луѓе може да се обидуваат да ги скријат чувствата кои ги имаат кон нивните сакани, но ова е најлошото нешто што можете да го направите.rnrnНеколку работи кои треба да ги знаете ако до вас имате алкохоличарrn

    4. Треба малку да се оддалечите од него

    rnКога до себе имате алкохоличар треба да бидете способни да се оддалечите од ситуацијата и да сфатите колку навистина може да вложите без да бидете исцрпени од животот со него. Наместо да трчате наоколу, обидувајќи се да ги решите проблемите кои ги создава зависноста, вратете се чекор назад и продолжете да го поддржувате вашиот сакан, без да го преземете неговиот живот во ваши раце. Доколку тој не е способен да престане да се уништува себеси, тогаш вие не можете да направите нешто со што би му помогнале. Затоа, поставете си граници и јасно наведете што сте подготвени да прифатите, а што не. Во многу случаи може да ви биде потребна и стручна помош, па, не срамете се да ја побарате.rn

    5. Научете како да се справите со срамот

    rnЗависноста од алкохол предизвикува срам за фамилијата, затоа, потребно е да научите како да се справите со тоа. Луѓето кои никогаш не се справувале со алкохоличар не можат да разберат низ што поминувате вие и вашите блиски. Тие не се подготвени да ве разберат, се водат според одредени митови, па трудете се да ги игнорирате. Обратете се во одредени групи за поддршка каде што ќе најдете ситуации слични на вашата, па ќе можете да ја добите емоционалната поддршка која ви е потребна. Не дозволувајте срамот да ве спречи во нешто!rn

    6. Дајте си време да се подобрите

    rnФокусирајќи се на алкохоличарот, честопати може да заборавите на своите потреби и чувства. Постојат моменти кога луѓето околу вас ќе ве осудуваат дека не сте со зависникот од алкохол кога тој минува низ лоша фаза и ќе мислите дека за вас нема надеж. Но, тоа не е вистина, затоа што секогаш постојат нови можности кои чекаат да бидат откриени. Запаметете дека и вие исто така имате потреба да се опуштите и да ги наполните батериите. Со цел да бидете во можност да му помогнете на алкохоличарот, треба да настојувате да го задржите својот разум и своето здравје.

  • Неколку начини да се смирите кога животот ви станува тежок

    Неколку начини да се смирите кога животот ви станува тежок

    Животот не е секогаш лесен. Постојат моменти кога се чувствувате целосно совладани, депресивни, тажни, лути, па дури и дека никој од вашата околина не ве разбира ниту ве сака. Понекогаш можеби и да нема некоја очигледна причина, додека пак во други случаи оваа состојба може да потекнува од скршено срце, анксиозност… Но, тоа е сосема во ред. Сите сме луѓе и чувствата се дел од нас. Кога ќе се најдете во вакви моменти, тогаш сѐ што треба да правите е да се обидете да го вратите внатрешниот мир и да бидете среќни. Погледнете неколку начини кои ќе ви помогнат да ги надминете тешките моменти.rnrnНеколку начини да се смирите кога животот станува тежокrnrn1. Бидете дарежливи. Дајте му нешто на некој непознат. Давањето прави да се чувствувате подобро.rnrn2. Седнете во најблиското кафуле и набљудувајте ја околината. Не мора да зборувате со луѓето. Само набљудувајте.rnrn3. Релаксирајте се во вашиот дом. Од друга страна пак доколку не сакате да бидете помеѓу луѓе и ви сметаат гужви, тогаш најдобро е да останете дома и да се опуштите.rnrn4. Креирајте позитивна околина околу себе. Опкружете се себеси со инспиративни цитати. Можете да ги залепите на ѕидот во вашата соба, или пак едноставно да креирате папка во вашиот лаптоп која ќе стои на видливо место.rnrn5. Вежбајте ја љубовта кон себе. Секојдневно потсетувајте се дека сте силна и убава личност која има вистински квалитети.rnrnНеколку начини да се смирите кога животот станува тежокrnrn6. Запишете ги вашите силни страни. Составете листа од вашите најдобри квалитети и потсетувајте се на нив кога се чувствувате лошо.rnrn7. Продолжете напред. Не е важно што правите мали чекори, важно е да не застанувате. Стагнирањето не е во ваша полза.rnrn8. Прошетајте. Едноставната прошетка ќе ви помогне појасно да ги гледате работите и ќе ви покаже поинакви перспективи.rnrn9. Разгалете се. Поминете еден ден така што ќе правите сѐ она што вие сакате.rnrn10. Плачете. Ослободете се од таа емоција. Ќе се чувствувате подобро.rnrnНеколку начини да се смирите кога животот станува тежокrnrn11. Разговарајте. Без разлика дали е телефонски разговор или средба во живо, разговорот за проблемите ќе направи да се чувствувате подобро.rnrn12. Потсетете се на старото хоби. Ако пак немате одредено хоби, време е да го пронајдете. Цртајте, пишувајте, читајте, возете велосипед, има толку прекрасни нешта што ќе ве исполнат.rnrn13. Дајте им приоритет на важните работи. Правете го она што е приоритет на вашата листа и трудете се да ги избегнувате дополнителните обврски.rnrn14. Спијте. Доволниот одмор е од клучно значење. Спијте од седум до девет часа секоја ноќ.rnrn15. Побарајте помош ако ви е потребна. Не плашете се да побарате каква било помош од вашите пријатели, семејство, па и од стручно лице.rnrnНеколку начини да се смирите кога животот станува тежокrnrn16. Вратете ја вербата во човештвото. Не е сѐ така мрачно во овој свет. Побарајте инспиративни приказни на Интернет и потсетете се на добрите работи во животот.rnrn17. Медитирајте. Ова е одлична техника за да се смирите.rnrn18. Гледајте смешен филм. Ова може да ви го одвлече вниманието од проблемите и да направи малку да се релаксирате.rnrn19. Гушкајте се. Без разлика дали е тоа вашиот партнер, пријателите или пак домашното милениче, на секој човек му е потребен допир.rnrn20. Вежбајте интензивно. Трчањето или пливањето се добри начини да го зголемите нивото на вашата енергија.rnrnНеколку начини да се смирите кога животот станува тежокrnrn21. Листа на благодарност. Составете листа од неколку работи за кои сте благодарни и полесно ќе можете да погледнете на светлата страна на животот.rnrn22. Листа на достигнувања. Исто така можете да составите листа од вашите најважни животни достигнувања.rnrn23. Исчистете си ја собата. Средувањето на вашата соба ќе направи да се чувствувате поубаво.rnrn24. Прочитајте добра книга. Пронајдете книга што ви одговара и изгубете се во некој друг свет.rnrn25. Оддалечете се од социјалните мрежи. Понекогаш тие може да ве презаситат, па затоа одморете некој ден од сите нови случувања.rnrnНеколку начини да се смирите кога животот станува тежокrnrn26. Размислете за вашите соништа. Дозволете си да потонете во светот на фантазиите, а потоа запишете сѐ за што мечтаете. Можеби вашиот сон и не е толку недостижен.rnrn27. Купете си боенка. Таа има неверојатна моќ да ве ослободи од стресот.rnrn28. Инспирирајте се. Погледнете неколку инспиративни видеа и бидете креативни.rnrn29. Потсетете се на убавите моменти од минатото. Побарајте слики од вашето детство или пак разгледници испраќани од вашите пријатели, па веднаш ќе забележите насмевка на вашето лице.rnrn30. Помогнете им на другите. Ова најчесто е најдобриот лек за себе.rnrnНеколку начини да се смирите кога животот станува тежок

  • 5 начини да се справите со несигурноста во новата врска

    5 начини да се справите со несигурноста во новата врска

    Доколку само што сте почнале да се состанувате со некоја личност и после одреден период забележите дека тој или таа се однесува поинаку и почудно, сигурно ќе се вознемирите и ќе се грижите за тоа дали сѐ уште е заинтересиран/а за вас. Што е најдобро да направите кога ќе се соочите со оваа непријатна ситуација? Најпрво, обидете се да размислувате подлабоко пред да дејствувате. Вашиот партнер не ве познава доволно, па доколку реагирате несоодветно, може да помисли дека сте личност којашто има постојана потреба од докажување на љубовта, што не е добар знак. Уште една работа што не треба да ја практикувате е да го/ја демнете на социјалните мрежи, барајќи некој доказ дали во неговиот живот постои друга личност. Сѐ што треба е да останете смирени и да ги прочитате овие 5 совети коишто ќе ви помогнат да бидете потолерантни.rnrnrn

    1. Признајте си дека работите не се во најдобар ред

    rnТрудете се постојано да бидете подготвени да се справите со нејасностите во врската, повеќе отколку што тоа е потребно. Можеби за себеси мислите дека сте личност која само сака забава и дружење, но, лесно и несвесно можете да се поврзете со некој. Знаејќи го ова, вие сте ја добиле половина битка.rn

    2. Грижете се за своите чувства

    rnКога ќе забележите дека некои работи ве повредуваат, размислете добро што е тоа што ви носи непријатни чувства и потрудете се да ги оттргнете. Грижата за своите чувства и својот живот ќе ја зајакне вашата способност да се справите со која било ситуација.rn

    3. Оддалечете се

    rnПонекогаш чувствувате дека сте премногу обземени од непријатни чувства, па не гледате излез од тоа. Честопати ангажирањето во некои активности може да ви го одвлече вниманието од тешките моменти. Обидете се да го исполните вашето време со позитивни активности, па така нема да подлегнете на емоционалните искушенија. На пример, можете да вежбате, да почнете со некој креативен проект или пак, да се препуштите на забава. Сето ова ќе ви овозможи да ја смените вашата емоционална состојба на позитивен начин.rnrnrn

    4. Побарајте поддршка

    rnНе треба целиот процес да го поминете сами. Повеќето личности сметаат дека е корисно да ја имаат поддршката од пријателите во периодот на емоционално тешки времиња. Самиот процес на зборување може да ви помогне да ја намалите непријатноста, а со тоа да ја намалите и веројатноста од донесување лоша одлука.rn

    5. Не потпирајте се на рационализацијата

    rnКако што ќе се обидувате да ги толерирате вашите чувства, ќе забележите глас во вашата глава којшто ќе се обиде да ве убеди да се откажете од вашите напори. Бидете скептични околу ова, па пред да преземете акција, проверете дали тоа е исплатливо.rnrnНа крај, запаметете дека секое искуство ве прави посилни и позрели личности. Со текот на времето, учењето за тоа како да се толерира емоционалната непријатност станува полесно. Развивајте ја способноста да управувате со вашите чувства и ќе забележите дека станувате поотворени кон животот, подготвени за нови предизвици.

  • Како да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?

    Како да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?

    Раскинувањата се секогаш тешки. Без разлика дали партнерот ве изневерил, сте одлучиле да го оставите затоа што врската била токсична или некој од вас морал да се пресели во далечна земја за да ги следи своите соништа, срцето секогаш ќе ви биде скршено на крајот и ќе се чувствувате повредени. Секој човек се справува на различен начин со болката што следи по раскинувањето, па така и секој хороскопски знак има свој лек за скршено срце. Дознајте што велат ѕвездите за вашиот…rnrnКако треба да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?rn

    Овен: Одете на лудо и незаборавно патување сами

    rnОвните се независни и импулсивни. Веројатно сте сами затоа што ја оставивте љубовта на вашиот живот за некоја минлива, страсна авантура. Токму поради тоа треба да поминете некое време сами. Разбудете го вашиот авантуристички дух за да се потсетите кои сте навистина. Истражувајте ги дивите предели, пробајте некои екстремни спортови и отпатувајте некаде далеку. Помогнете му на вашето уморно срце да заблеска повторно!rn

    Бик: Почестете се со скапа облека од познатите брендови

    rnБиковите по природа се големи материјалисти и сакаат луксузни работи. Токму затоа обновувањето на гардеробата е нешто што навистина може да им помогне по болното раскинување. Само што ќе ги пробате новите парчиња облека, веднаш ќе се расположите и процесот на заздравување може да започне.rn

    Близнаци: Направете драстична промена во фризурата

    rnБлизнаците се во постојана потрага по епски промени. Поради тоа, новата фризура која комплетно ќе им го промени изгледот, веднаш ќе им помогне да се чувствуваат подобро. Направете асиметрична боб фризура, бојадисајте ја црвена, зелена, каква сакате, скратете ја долгата коса и подгответе се за високите летни температури. Не е тајна дека Близнаците се многу привлечни и зрачат со неверојатна енергија, така што секоја можна фризура ќе знаат да ја носат со стил и ќе успеат да предизвикаат восхит.rn

    Рак: Разговарајте со терапевт и добро преиспитајте ги своите емоции

    rnРаковите се неверојатно емотивни личности. Тие секое раскинување го доживуваат како да е крај на светот. Најмногу им помага долгиот разговор кој ќе ги поттикне да ги искажат нивните емоции и да се исплачат. Дали како советник ќе го искористите вашиот најдобар пријател, вашата мајка, татко или навистина ќе посетите терапевт, најважно е да се соочите со вашите чувства и да се испразните емотивно.rnrnКако треба да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?rn

    Лав: Најдете привремен љубовник кој ќе ве обожава

    rnЛавовите се самопрогласените кралеви на кралството на Зодијакот. Тие сакаат да бидат обожавани. Токму затоа се чувствуваат неверојатно повредени доколку некој ги остави и им го скрши срцето. Чувствата им се повредени, гордоста прегазена, а егото срамнето со земја. Време е да си ја вратите изгубената моќ и да ја кренете паднатата круна! Она што ви треба е привремен љубовник, препорачливо е да е неколку години помлад, за да ја обожава земјата по која газите и постојано да ви вели колку сте прекрасни и неверојатни. Оваа романса нема да трае засекогаш, бидејќи сепак вам ви треба некој кој ќе ви претставува предизвик. Но, додека сте во оваа ранлива состојба добро е да имате потчинет обожавател кој ќе сака да учи од вашата лавовска мудрост.rn

    Девица: Посветете се на некој интересен и креативен проект

    rnДевиците се секогаш разумни и реалистични. Нивната перцепција целосно зависи од нивната реалност. Но, мора да ја направите вашата перцепција позитивна бидејќи така и вашата реалност ќе стане позитивна. На сите ни е добро познато дека Девиците сакаат сѐ да им биде организирано и средено како што тие ќе замислат. Затоа оваа потреба треба да ја насочите кон некој креативен проект кој ќе биде само под ваша контрола. Не се посветувајте на работата, бидејќи тоа ќе ѝ наштети на вашата креативност. А вам сега ви е потребна таа креативност. Насликајте ремек-дело, направете колаж од стари фотографии, напишете книга, танцувајте, што било. Сонувајте и создавајте!rn

    Вага: Чувајте милениче

    rnВагите постојано имаат потреба од љубов и не сакаат да бидат сами. Но, наместо да барате нов партнер и да преминувате од врска во врска, насочете ја таа неизмерна љубов што ја поседувате кон нешто друго. Љубовта не мора да биде само романтична. А каде ќе ја истурите целата таа љубов ако немате љубовник? Нормално, дека ќе си набавите милениче! Посвојте некое слатко животинче кое ќе можете да го гушкате навечер кога ќе се почувствувате осамени.rn

    Скорпија: Истрошете ја вашата сексуална енергија

    rnСкорпијата е најсексуалниот знак во Зодијакот и обично таа е виновникот кој ја прекинува врската бидејќи брзо ѝ досадуваат работите. Но, понекогаш се случува и таа да биде оставена. Да не се лажеме! Она што вистински ѝ треба на секоја Скорпија во таков случај е сексуално празнење. Само не заборавајте да користите заштита.rn

    Стрелец: Забавувајте се до раните утрински часови

    rnСтрелците го обожаваат ноќниот живот и сакаат да се забавуваат. Потребно им е нешто да им го одвлече вниманието и да им помогне да заборават на болката и скршеното срце. А има ли подобар лек за тоа од танцувањето на вашите омилени песни? Кога ќе се презаситите од сите тие луди и незаборавни ноќи, не двоумете се да побарате помош и да разговарате со некој близок.rnrnКако треба да се справите со скршеното срце според вашиот хороскопски знак?rn

    Јарец: Бидете му пример на некој помлад од вас

    rnЈарците се секогаш организирани и точни. Тие сакаат да им помагаат на другите, да им даваат совети и да го споделуваат нивното огромно знаење. Токму затоа тие се одлични ментори! Канализирајте ја вашата учителска енергија кон некој помлад од вас кој со задоволство ќе ја прифати вашата мудрост. Тоа може да биде вашиот помал братучед, брат или сестра, или, пак, некој тврдоглав тинејџер од соседството. На тој начин ќе се чувствувате корисно и вашиот живот повторно ќе добие смисла.rn

    Водолија: Станете ѕвезда

    rnВодолиите се многу независни и затоа тешко се врзуваат. Но, кога ќе се врзат го прават тоа со целото свое срце и целосно се предаваат. Затоа многу тешко ги поднесуваат раскинувањата. Најдобриот начин да се справите со скршеното срце е да станете ѕвезда! Бидете во центарот на вниманието и блеснете на караоке забавите, на некое талент шоу или на подиумот во вашата омилена дискотека. На плашете се да го покажете вашиот талент бидејќи сите знаат дека вие сте родена ѕвезда!rn

    Риби: Гледајте тажни филмови и исплачете се

    rnРибите се неверојатно ранливи и чувствителни. Потребно им е навистина долго време да преболат некого и да продолжат понатаму. Најпаметното нешто што можете да го направите по раскинувањето е да ги облечете вашите удобни пижами, да се сместите пред телевизорот и да маратонски да изгледате еден куп тажни филмови за да се исплачете и целосно емотивно да се испразните. Ова можеби ви звучи депресивно, но навистина е ефективно. По некое време ќе ја вратите вашата енергија и ќе бидете подготвени да свртите нов лист во љубовта.

  • Неколку мудри начини да се справите со луѓето коишто не ви се допаѓаат

    Неколку мудри начини да се справите со луѓето коишто не ви се допаѓаат

    Доколку живееме во совршен свет, секој човек со кој би имале можност да комуницираме би бил убав, учтив, внимателен, дарежлив и уште многу повеќе. Сите би се наоѓале во позитивна атмосфера каде што никој не би бил вознемирен. Сепак, ние не живееме во совршен свет. Некои луѓе успеваат да нѐ изнервираат, а и ние исто така влијаеме на други. Оние што не ни се допаѓаат едноставно не одговараат на нашиот карактер. Но, едноставно не е возможно да ги сакаме сите оние со коишто ќе се запознаеме, па затоа овде ви прикажуваме неколку начини со чија помош можете да се справите со поголемиот дел од луѓето кои не ви се допаѓаат.rnrnrn

    1. Прифатете дека не треба да ги сакате сите

    rnИако понекогаш мислите дека можете да се вклопите со секој со кој комуницирате, сепак, неизбежно е дека ќе се судрите со луѓе коишто се противат на она што го мислите. Треба да сфатите дека конфликтите и несогласувањата се резултат на разликите во вредностите. Тоа лице што не ви се допаѓа, не мора да значи дека во суштина е лош човек. Едноставно, има разлика во вашите карактери, па затоа треба да прифатите дека не секогаш ќе им се допаѓате на сите, или пак сите ќе ве сакаат вас.rn

    2. Не игнорирајте ги и не отфрлајте ги оние кои не ви се допаѓаат

    rnСекако, комуникацијата со оние кои не ви се допаѓаат може да биде навистина тешка, но треба да знаете дека оние луѓе кои на некој начин ве предизвикуваат, понекогаш може да ве доведат и до нови сознанија и ви помагаат да успеете. Запаметете, ни вие не сте совршени, па луѓето сепак ве толерираат.rn

    3. Третирајте ги со учтивост оние кои не ви се допаѓаат

    rnБез оглед на вашите чувства кон некој, таа личност ќе биде свесна за вашиот став и однесување, па најверојатно ќе се однесува исто. Ако сте груби кон некого, личноста ќе биде груба и кон вас. Затоа, останете фер и непристрасни. На овој начин нема да се спуштите на нивно ниво и да делувате на начинот на кој тие се однесуваат.rn

    4. Запознајте се со своите очекувања

    rnНе е невообичаено едни луѓе да имаат нереални очекувања во однос на други. Вие можете да очекувате една личност да реагира и да го кажува она што вие би сакале, но тоа не е реално. Всушност, очекувајќи другите да го прават она што вие би го направиле во дадена ситуација, значи дека самите си создавате разочарување. Доколку некоја личност прави да се чувствувате секогаш исто, приспособете ги вашите очекувања. На овој начин ќе бидете психички подготвени и нема да бидете изненадени од однесувањето на луѓето кои не ви се допаѓаат.rnrnrn

    5. Фокусирајте се на себеси

    rnБез разлика што и да направите, некои луѓе сѐ уште може да ве нервираат. Но, важно е да научите како да се справите со вашата фрустрација кога сте во близина на некој што ве нервира. Наместо да размислувате колку иритирачка е таа личност, фокусирајте се на она што сте. Понекогаш она што не ви се допаѓа кај другите, е токму она што не ви се допаѓа и кај вас. Затоа запаметете дека подобро е да ги промените своите ставови и очекувања, отколку да барате некој да се однесува различно.rn

    6. Направете пауза и земете длабок здив

    rnНекои карактеристики на личноста честопати може да ве нервираат. Тоа може да биде колегата кој ги промашува зададените рокови или пак личноста која секогаш кажува невкусни шеги. Во тие моменти подобро е да направите мала пауза и да добиете контрола над вашиот адреналин, па да можете подобро да реагирате. Земете длабок здив и заштитете се од несаканите реакции.rn

    7. Искажувајте ги своите потреби

    rnДоколку некој постојано ве нервира, дајте му до знаење дека неговиот начин на однесување или стил на комуникација е проблем за вас. Избегнете ги навредите, но на учтив начин искажете го својот став, па притоа чекајте го нивниот одговор и нивната реакција.rn

    8. Овозможете си простор помеѓу вас

    rnАко ништо друго не успее, овозможете простор помеѓу вас и личноста што не ви се допаѓа. Тоа значи да си продолжите по својот пат. Доколку сте на работното место и доколку ви дозволуваат условите, преместете се во другата канцеларија. Со тоа што ќе бидете оддалечени, на некој начин вие ќе можете да ја вратите и одржувате и меѓусебната комуникација.

  • 7 едноставни трикови со чија помош ќе го олесните вашето работење во кујната

    7 едноставни трикови со чија помош ќе го олесните вашето работење во кујната

    Ако секојдневно поминувате одредено време во кујната, сигурно се соочувате со некои работи коишто ве нервираат, па се прашувате дали постои начин полесно да се справите со нив. Дали ви се познати солзите додека сечете кромид? Или пак, премногу време ви одзема затворањето на тесните капачиња? Во продолжение следува листа од едноставни трикови со чија помош ќе можете да заштедите време, притоа користејќи го она што го имате во вашиот кујнски шкаф.rnrnrnrn1. Запрете ги солзите додека сечете кромид. Избришете го приборот за сечење со бел вински оцет.rnrn2. Справете се со незгодните, тесни капаци. Сè што ви е потребно се две ластичиња.rnrn3. Одделете ги добрите од лошите јајца. Ставете ги во чаша со вода – ако останат на површината, расипани се.rnrn4. Отстранете ги непријатните наслаги од приборот за сечење. Ова лесно можете да го направите така што ќе измешате лимон и чиста сол.rnrn5. Излупете ги јајцата полесно. Додајте сода бикарбона во водата каде што ги варите јајцата, па ќе немате потешкотии при нивното лупење.rnrn6. Зачувајте го шеќерот мек. Додајте шеќерчиња во коцки коишто ќе ја одземаат влагата и ќе го одржуваат вашиот шеќер мек.rnrn7. Одржувајте го разладено омиленото вино. Сè што е потребно е во шишето со вино да ставите неколку замрзнати зрна грозје.

  • Руски психолог открива изненадувачки, но ефикасен метод за ослободување од стравовите

    Руски психолог открива изненадувачки, но ефикасен метод за ослободување од стравовите

    Рускиот психолог Александар Свијаш, по долготрајна работа во областа на фобиите, решил да го сподели најдобриот метод со чија помош брзо и едноставно ќе ги победите сите стравови со кои ќе се соочите во вашиот живот. Станува збор за постапка од 3 фази, која доколку ја издржите до крај, вашите фобии и стравови ќе исчезнат за само неколку минути.rnrnРуски психолог го открива изненадувачкиот, но ефикасен метод за ослободување од стравовитеrn

    Прва фаза:

    rnКога ќе почувствувате страв, веднаш, намерно и претерано, исплашете се најмногу што можете. Почнете да треперите со целото тело, почувствувајте како сите влакненца на вашето тело полека се подигнуваат.rn

    Втора фаза:

    rnНаправете еден чекор на страна и во умот видете се себеси, крај вас, странично. Дајте ѝ слобода на вашата фантазија и обидете се да се замислите како стоите до самите вас. Набљудувајте се во ова исплашено и бледо издание, додека треперите со целото тело. Забележете како по вашето лице тече студена пот и се разлева како река по подот, додека сите влакненца на вашето тело се наежени. Слушнете како тропате со забите гласно. Обидете се да го видите вашиот напор да се обидете да се скриете под ќебе и да избегате од светот.rn

    Трета фаза:

    rnПо кратко набљудување, вие ќе почнете да се смеете на личноста која ја гледате крај себе. Ќе се насмеете на самите себеси. И додека го правите тоа, стравот едноставно ќе исчезне. Откако еднаш нешто ќе ви стане смешно, никогаш повеќе нема да го доживувате како страшно. Оваа едноставна техника многупати е тестирана и се смета како метод кој дава извонредни резултати. Па, следен пат кога ќе се почувствувате исплашено или панично, испробајте ја оваа вежба.

  • 5 начини како да ги носите вашите шишки додека чекате да пораснат

    5 начини како да ги носите вашите шишки додека чекате да пораснат

    Сигурно на повеќето од вас барем еднаш ви се случило да ги скратите вашите шишки, но бргу сте се премислиле и сте одлучиле повторно да ги оставите да пораснат. Проблемот настанува во меѓувреме – шишките ви се предолги и ви сметаат, но повеќе не сакате да ги кратите, затоа што целта ви е да ги оставите да пораснат приближно до должината на остатокот од косата.rnrnrnrnПогледнете ги овие пет предлози кои ви нудат решение да се борите со нив додека ви паѓаат во очите и ви сметаат.rnrn1. Завртете ги. Едноставно фатете ги шишките заедно, поделете ги на половина, па извртете ги на страната или наназад, фаќајќи ги со шнола.rnrnrnrn2. Исплетете ги. Многу лесно можете да ги тргнете шишките од лицето со помош на плетенка. Едноставно од патецот или од увото почнете да плетете плетенка каде што ќе ги вметнете и шишките.rnrnrnrn3. Закачете ги едноставно. Шишките можете да ги тргнете и на тој начин што едноставно со шнола ќе ги фатите на страна или наназад. Користете шноли во боја доколку сакате да изгледате поубаво.rnrnrnrn4. Сокријте ги. Исчешлајте ги шишките назад или на страна, па фиксирајте ги со трака, марама и слично. На овој начин ќе добиете интересна женствена фризура, а притоа шишките нема да ви пречат.rnrnrnrn5. Пунџа на врвот од главата. Оваа сезона пунџите на врвот на главата станаа апсолутен хит којшто може да се види како на познатите личности, така и на манекенките ширум модните писти. Најдобро е да го приберете горниот дел од косата, заедно со шишките, па да направите пунџа над челото. На овој начин шишките ќе бидат фиксирани и тргнати од вашето лице.rnrn