КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • Како да се справите со прикриеното вербално малтретирање?

    Како да се справите со прикриеното вербално малтретирање?

    Прикриеното вербално малтретирање може да ви изгледа сосема безначајно. Не сфаќате дека ве малтретираат и се навикнувате на тоа. Ова вербално малтретирање настанува кога некој ви кажува како да се чувствувате, што да размислувате или што ви е потребно. Навистина е подмолно и воопшто не го ни гледате како малтретирање.rnrnКако да се справите со прикриеното вербално малтретирање?rnrnДали во вашиот живот постои личност која се однесува како да ве поседува и како да знае подобро од вас што ви е потребно? Понекогаш ова го прават и родители на возрасни деца, најчесто со следниве фрази:rn

      rn 011

    • „Секогаш си премногу чувствителен/на.“
    • rn 011

    • „Никогаш не си можел/а да се справиш со вистината.“
    • rn 011

    • „Треба да правиш/чувствуваш/сакаш/очекуваш… ако си добар/искрен/успешен…“
    • rn

    rnДали некогаш се запрашувате како може некој да се осмели да ви каже како да се чувствувате? Или ова однесување станало навика во вашата врска со мајка ви, татко ви, партнерот, па веќе сметате дека сè што ќе кажат е вистина? Ова се случува кога сте се навикнале на малтретирањето.rnrnРазмислете за врската што ве полудува. Дали таа личност ви кажува кои сте, што да мислите и што да чувствувате? Дали често го слушате зборот „би требало“? Ова е прикриено вербално малтретирање.rnrnНекои толку многу се навикнуваат на малтретирањето што понекогаш и го оправдуваат. Како деца можеби сте се навикнале да бидете понижувани од вашите родители, па како возрасни барате партнер што ви го прави истото. Ви изгледало познато и ви изгледало нормално.rnrnБез разлика колку нормално ви изгледа, ова е однесување што не треба да го прифатите. Луѓето што ве малтретираат сакаат да ја дефинираат вашата реалност за да можат да ве контролираат. Можеби ќе си помислите дека личноста само се грижи за вас и не сака да згрешите. Но, ако сте возрасни тогаш сигурно можете самите да одлучите:rn

      rn 011

    • Како да живеете
    • rn 011

    • Што мислите
    • rn 011

    • Што чувствувате
    • rn 011

    • Што ви треба
    • rn 011

    • Што сакате
    • rn 011

    • Кои сте
    • rn

    rnАко сте се навикнале да ви ги кажуваат овие нешта, уште денес застанете на своја страна. Преземањето на контролата над вашиот живот може да биде бавен процес, но започнува овде. Наскоро ќе забележувате кога другите сакаат да ја наметнат нивната моќ над вас и нема да им го дозволите тоа.rnrnПред да се ослободите од вербалното малтретирање, потребно е да го препознаете. Потоа обидете се да го смирите вашиот гнев. Нормално е да се чувствувате гневно. Штом ќе го забележите малтретирањето нема да можете да го заборавите. Овој гнев е здрав, но ако му дозволите да ве надвладее ќе си создадете други проблеми.rnrnКога ќе сфатите дека некој се обидува да ви го контролира животот, побарајте помош. Можете да се обратите и кај вашиот терапевт. Заедно ќе создадете стратегија и ќе имате поддршка да ја направите потребната промена во вашите врски.rnrnДознајте и кои се предупредувачките знаци дека партнерот ќе ве контролира.rn

  • 10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

    10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневот

    Гневот е природна и понекогаш корисна емоција којашто ја покажува нашата внатрешна состојба. Гневот ни помага инстинктивно да ги идентификуваме и да реагираме на опасните ситуации. Гневот исто така може да нè поттикне да направиме големи нешта. Но многу често неконтролираниот гнев може да предизвика стрес и проблеми со вашите блиски. Па погледнете како да се справите со него.rn

    1. Запишете ја причината за гневот и уништете го листот

    rn10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневотrnrnДетално запишете зошто сте гневни и фрустрирани. Ова може многу брзо да ве ослободи од напнатоста во телото. Обрнете внимание на секое нешто што ве изнервирало и опишете го што е можно подетално. Потоа можете да ја фрлите листата или да ја уништите.rn

    2. Најдете љубов и внимание

    rn10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневотrnrnПонекогаш дури и пријателската прегратка е доволна за да ви помогне да се справите со гневот. Таа ќе направи да се чувствувате посреќни без разлика на вашата ситуација.rn

    3. Џвакајте гума за џвакање

    rn10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневотrnrnДокажано е дека џвакањето гума за џвакање може да ви помогне да се справите со гневот. Причината е што кога активно ја мрдате вилицата, се намалува напнатоста во телото и лицето.rn

    4. Одете на прошетка или џогирање

    rn10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневотrnrnФизичката активност е навистина потребна. Трчајте, шетајте 20 минути или направете некој склек. Секоја од овие активности му помага на мозокот да произведе ендорфини, односно хормони на среќата.rn

    5. Запејте ја омилената песна

    rn10 нешта што ќе ви помогнат да се ослободите од гневотrnrnПеењето е одличен начин да ги намалите стресот и гневот. Кога се чувствувате лошо пуштете си ја омилената песна и пејте ја на цел глас. Ова ќе ја намали напнатоста во мускулите и значително ќе ви го подобри расположението.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Прочитајте го ова ако чекате бурата во вашиот живот да помине

    Прочитајте го ова ако чекате бурата во вашиот живот да помине

    Додека чекате оваа бура да помине, без разлика каква е, обидете се да ја замислите секоја претходна бура што сте ја преживеале. Обидете се што поживописно да се потсетите на секој период од вашиот живот кога сте биле апсолутно сигурни дека сте го достигнале дното, дека сте биле во толку голема паника што сте мислеле дека нема да успеете да ги надминете следните неколку месеци и толку изгубени што не сте размислувале подалеку од годината што сте ја живееле.rnrnrnrnОбидете се и да замислите низ што сè сте поминале досега, што сè ве довело до овој момент, секоја ситуација којашто сте ја доживувале како крај на универзумот каков што го познавате… Успеавте? А сега потсетете се и дека не постоело ништо толку лошо во вашиот живот, колку стравот што сте го чувствувале за моменталната бура. Ништо.rnrnСè што сте мислеле дека нема да го надминете, е веќе надминато. Сè што сте се плашеле дека нема да го преболите, веќе е во минатото. Сè што сте мислеле дека ќе го заврши вашиот живот онаков каков што го знаете, е веќе поминато. И сите овие нешта ве направиле подобра личност.rnrnКога минувате низ тешко или предизвикувачко време во вашиот живот, вие добивате шанса да ја препознаете бурата однатре, а не однадвор. Нема потреба да бегате и да се криете од внатрешната бура. Тоа не е нешто што може да ве повреди. Најголемата опасност со којашто се соочувате сега е дека би можеле да не успеете од страв. Вашиот најголем непријател сте самите вие.rnrnНештата едноставно се случуваат. Врските завршуваат, кариерите се менуваат, љубените се загубуваат. Градовите се надградуваат, луѓето се преселуваат, светот продолжува да се врти.rnrnВие не се туркани или ставени на тест. Вие не треба да го заслужите мирот во вашата глава или пак, да се каете дека го немате. Ова може да биде моментот кога сè се менува за вас бидејќи токму кога минувате низ бура вие ја забележувате моќта што ја имате додека се обидувате да излезете од неа.rnrnНе секој е подготвен да го чуе ова. Не секој сака да го чуе. Некои луѓе се чувствуваат побезбедно, пооправдано во улогата на жртви на нивните околности. И тоа е сосема во ред. Со тек на време ќе го надминат ова и во истиот момент штом сфатат дека сакате повеќе за себе, тие сте подготвени да го имаат тоа.rnrnНајдоброто нешто што можете да го научите од овие бури е дека најголемиот предизвик во вашиот живот ви бил умот. Токму негативните мисли и грижи се тие што не ви дозволуваат да уживате во тоа што го имате, не ви дозволуваат да заштедите ништо за иднината и поради нив, поради вашиот парализирачки страв, вие пропуштате многу.rnrnНа сите ние се случуваат промени. Но нашиот одговор на ситуацијата е тоа што ќе одреди дали ќе страдаме или ќе уживаме. Постои изрека дека кога ќе излезете од другата страна на бурата сте многу поразлични од моментот кога сте влегле во неа. Но, тоа што луѓето не го разбираат е дека бурите завршуваат затоа што вие сте се смениле во неа.rnrnЖивотот ве насочува само во насоката кон која треба да одите. Бурата се стишува кога ќе ги совладате вашите стравови.

  • Како да ги читате туѓите мисли за време на конфликт?

    Како да ги читате туѓите мисли за време на конфликт?

    Реално, конфликтите се неизбежен дел од сечиј живот. Секој се расправал со некого, без разлика дали тоа е колега, член од семејството или пријател. Но веројатно имате забележано дека една личност може да ја спречи расправата исто како што ја започнала.rnrnКако да ги читате туѓите мисли за време на конфликт?rnrnПонекогаш ова изгледа како таа личност да може да чита мисли. За жал, не секој станува експерт за справување со конфликти. Покрај тоа луѓето кои ги сретнувате се многу различни и она што е навредливо за некој, не му значи ништо на друг.rnrnЗа навистина да го откриете изворот на проблемот и да го решите потребно е да читате помеѓу редови, да ги набљудувате постапките на соговорникот и да слушате повеќе отколку што зборувате. Со други зборови, треба да знаете да читате туѓи мисли. Пред сè важно е да забележите со како вид гневна личност се справувате. Оттаму ќе ви биде полесно да ги прочитате нејзините мисли и ќе можете да најдете решение.rn

    1. Гневно однесување

    rnОвој гнев е непредвидлив и се искажува физички и директно. Оваа личност може да почне и да фрла работи ако не може да го контролира гневот.rn

    Како да се справите?

    rn

      rn 011

    • Оставете ги егото и гордоста. Иако е примамливо немојте да додавате гориво на огнот. Многу важно да не ја притискате личноста и да најдете начин да ја смирите. Причината е што личноста е во навистина ранлива состојба и е чувствителна на сè што ќе кажете. Еден погрешен збор може само да ја влоши целата ситуација. Не се расправајте за тоа кој е виновен, туку побарајте предлог за решавање на проблемот.
    • rn 011

    • Дозволете ѝ на личноста да се смири. Ако обидот да ја смирите личноста е неуспешен, дозволете ѝ сама да се смири. Нема смисла да се обидувате да бидете рационални кога личноста воопшто не ве слуша.
    • rn

    rn

    2. Вербален гнев

    rnОвој вид гнев е како емоционална и психичка злоупотреба што го повредува соговорникот преку зборови. Овие луѓе го искажуваат нивниот гнев преку викање, пцовки, закани, сарказам и критикување. Често се чувствуваат засрамено откако ќе помине гневот.rn

    Како да се справите?

    rn

      rn 011

    • Не сфаќајте ништо лично. Вербално агресивните луѓе зборуваат за да ве повредат. Наместо лично да ги сфаќате нивните зборови, имајте на ум дека не можат да ве повредат ако не дозволите. Исто така избегнувајте и вие да кажете нешто додека сте гневни само за да вратите. Не се спуштајте на нивно ниво. Запомнете дека штом ќе се смири, на оваа личност ќе ѝ биде жал што кажала некои работи.
    • rn 011

    • Одговорете со хумор. Ако не можете да одолеете и да вратите, обидете се со шега. Иако никој не сака да се шегуваат во вакви ситуации, ова може да ја намали напнатоста. Шегата може да биде и на ваша сметка.
    • rn 011

    • Поставете граници ако претера. Понекогаш овие луѓе можат да ги преминат границите со она што го зборуваат. Можеби не се гневни поради вас, туку некој сосема друг но потсвесно ви се „истураат“ вам. Ако забележите дека претерале, обидете се на мирен начин да им го кажете тоа.
    • rn

    rn

    3. Наметлив гнев

    rnОва е најздравиот начин за справување со гневот. Овие луѓе го користат гневот и ја насочуваат енергијата за позитивна промена. Отворено разговараат за проблемите и бараат решение на мирен начин.rn

    Како да се справите?

    rn

      rn 011

    • Покажете го вашето разбирање. Овие луѓе немаат намера да ве повредат, туку сакаат да го решат проблемот. Како и да е, ова не значи дека ќе внимаваат на нивните зборови. Слушајте внимателно што сакаат да кажат и покажете сочувство.
    • rn 011

    • Дајте им го она што го сакаат. Овие луѓе бараат промена, најчесто на подобро. Па обидете се да откриете како можете да им помогнете откако ќе кажат што е проблемот.
    • rn

    rn

    4. Пасивен гнев

    rnОвие луѓе избегнуваат конфликти и го потиснуваат чувствово на гнев. Како резултат ги покажуваат негативните чувства суптилно преку нивните постапки. Ова создава нејасна линија помеѓу она што го кажуваат и она што навистина го мислат.rn

    Како да се справите?

    rn

      rn 011

    • Бидете наметливи кога зборувате. Бидејќи овие луѓе не се соочуваат со проблемот, важно е вие да го направите тоа. Кажете кој е проблемот, како се чувствувате и кажете им дека ги разбирате.
    • rn 011

    • Не ги забавувајте. Понекогаш овие луѓе кажуваат едно, но нивната намера значи нешто сосема друго. Во таква ситуација не прашувајте ги што навистина мислеле, туку одговорете во контекст на она што ви го кажале.
    • rn

    rnПогледнете и кои се работите што не треба да ги правите кога сте лути.

  • Познат психијатар споделува 5 начини за справување со сите пречки во животот

    Познат психијатар споделува 5 начини за справување со сите пречки во животот

    Дали денот ви започна лошо? Дали причината е вашиот шеф, партнер или некој пријател? Без разлика на изворот на вашата нервоза, никогаш не е доцна да се справите со ситуацијата, да ја решите и да продолжите понатаму. Но што кога ќе се соочите со заканувачки проблем за којшто не сте сигурни како да го надминете?rnrnПознат психијатар споделува 5 начини за справување со сите пречки во живототrnrnСекој од нас се соочува со пречки речиси секој ден, па важно е да ја држите главата исправена без разлика на сериозноста на проблемот. Познатиот психијатар, Микаил Литвак, споделил одлични совети кои можат навистина да ја променат вашата моментална ситуација.rn

    1. Престанете да се жалите

    rnМногу често луѓето сакаат да зборуваат за некого зад неговиот грб. Најчесто причината е што луѓето не сакаат да ги изнесат фактите пред некој, а тоа може да предизвика проблеми. Не можете да зборувате лошо за вашиот шеф бидејќи имате семејство за хранење и сметки за плаќање. Па како да се ослободите од тие мисли? Многу едноставно, жалете се за личноста зад него. Колку и да звучи добро, никогаш не е во ред да зборувате лошо за другите. Ако ги насочите гневот и фрустрацијата во вистинската насока, резултатите ќе бидат феноменални.rn

    2. Интроспекција наместо депресија

    rnНекои луѓе се навикната на идејата за интроспекција, а многумина имаат навика да се сомневаат во речиси сè околу нив. Интроспекцијата е добра бидејќи ви разјаснува дали се движите во вистинската насока. Но ако претерате, можете да создадете нешто што не постои. Па, внимавајте на вашите прашања и запрашајте се дали подобрувате нешто или само се растажувате. Ако одговорот е вториот, можеби треба да промените нешто.rn

    3. Чувствувајте се добро, не прашувајте ги другите

    rnДали сте прашале некого дали да се разбудите ова утро или што да облечете? Важно е контролата да биде ваша, а не на другите. Ова е ваш живот и не ви е потребна ничија дозвола за да направите нешто. Ќе се чувствувате добро кога ќе го следите вашето срце, а тоа е можеби најважното нешто. Без таа среќа не би стигнале никаде. Важно е да се фокусирате на вашите желби и соништа повеќе од што било.rn

    4. Не можете да ги задоволите сите

    rnВажно е да разберете дека невозможно е да ги задоволите сите. Ако сте фокусирани на тоа, голема е веројатноста да ги испуштите добрите работи во животот. Секој околу вас има разни потреби во зависност од неговиот карактер. Ако се обидувате да ги задоволите сите, ќе го изгубите вашиот идентитет, а без него не сте ништо. Престанете да задоволувате и почнете да живеете.rn

    5. Не слушајте ги негативните коментари

    rnАко го прашате чевларот како се качува планина или ако го прашате готвачот како работи авионот, сигурно нема да добиете точен одговор. Важно е да ги поставувате вистинските прашања на вистинските луѓе за да дојдете до најдобриот одговор. Покрај тоа, ако сте упатени кон нешто неверојатно, голема е веројатноста да слушнете многу критики од луѓе кои не го поминале вашиот пат. Ако се движите по патот што ретко кој го одбира, ќе се појават многу луѓе кои ќе се обидат да ве демотивираат. Ова не значи дека треба да ги слушате. Целете кон ѕвездите, но држете ги нозете на земјата и ќе го добиете она што го сакате.rnrnAко сте соочени со навистина голем предизвик, овие цитати ќе ве мотивираат да продолжите понатаму.

  • Како да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?

    Како да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?

    Депресијата може да го отежни дури и станувањето од кревет. Постојат денови кога чувството на тага е толку силно што веќе не знаете како да се справите. Депресијата е ужасна и вистински предизвик е да го поминете денот, но постојат неколку начини на кои можете да си помогнете кога сè ви изгледа безнадежно.rnrnКако да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?rn

    1. Станете од креветот

    rnОва изгледа очигледно, но за многу луѓе и станувањето од кревет е невозможно кога се во депресија. Желбата да останете подалеку од светот е речиси неодолива кога сте депресивни. Па ако сте заробени во креветот, станете уште веднаш! Преземете и драстични мерки ако има потреба од тоа. Некои луѓе го тргаат душекот од нивниот кревет, некои редат книги врз него, некои ја тргаат постелнината. Направете сè што е потребно за да не се вратите назад во креветот.rn

    2. Вежбајте

    rnНајдобриот начин да се мотивирате кога сте депресивни е да излезете и да вежбате. Вежбањето го поттикнува производството на ендорфини кои не само што ќе ви го подобрат расположението, туку ќе ви ја дадат и потребната енергија за денот. Ако успеете да излезете и да бидете активни надвор, придобивките се зголемуваат.rn

    3. Смејте се

    rnКога се депресивни, луѓето настојуваат да се изолираат. Интеракцијата со други им е навистина тешка. Токму затоа треба да го правите спротивното. Замислете си, можете да го поминете целиот ден во кревет, да тагувате и да губите надеж. Или пак, можете да ги поканите најдобрите пријатели кои сигурно ќе ви го подобрат расположението. Дајте сè од себе за да се насмеете. Ако навистина не можете да бидете со луѓе, пуштете си некоја комедија.rn

    4. Направете едно мало нешто во коешто уживате

    rnКога сте во депресија не можете да правите ништо, а тоа само ја влошува вашата состојба. Штом ќе успеете да станете од креветот и малку да се активирате физички, направете само уште едно нешто. Одберете некоја активност што навистина ја сакате. Одете на кафе, средете ја собата, слушајте музика, одете во шопинг… Што и да е што ви причинува задоволство.rn

    5. Бидете добри кон себе

    rnВо депресија сте и се чувствувате навистина лошо. Но, немојте да си судите поради тоа. Немојте да мислите дека сте ужасна личност бидејќи се чувствувате така. Немојте да мислите дека сте губитник бидејќи тагата ве спречила во нешто. Важно е да ја спознаете депресијата и да ви стане јасно дека мора да ја победите. Многу луѓе страдаат од ова нарушување и тоа не е знак на слабост. Всушност, луѓето со депресија се многу посилни од другите бидејќи се соочиле со потежок живот. Бидете добри кон себе. Имајте на ум дека депресијата ќе помине и дека повторно ќе бидете личноста којашто сте. Не заборавајте да се грижите за себе.rnrnПрочитајте и за овие терапии против депресија за кои сигурно не сте слушнале.

  • 25 „чудни“ работи коишто луѓето ги прават поради анксиозноста

    25 „чудни“ работи коишто луѓето ги прават поради анксиозноста

    Доколку подолго време се борите со анксиозност, можеби имате забележано некои необични работи коишто ги правите во тешките моменти или можеби имате „чудни“ начини за справување со неа.rnrn25 „чудни“ работи коишто луѓето ги прават поради анксиозностаrnrnБез разлика дали постојано си го проверувате пулсот, анксиозноста ви се манифестира во облик на гнев или пак, сте пронашле некој таен метод за справување, којшто ви е срам да го споделите со останатите, имајте на ум дека не сте сами. Единствениот начин да му се спротивставиме на срамот и стигмата којашто кружи, дека луѓето коишто се борат со анксиозност прават „чудни работи“, е отворено да зборуваме за оваа состојба. Не заборавајте, дека е сосема во ред, да не се чувствувате во ред и знајте дека нема апсолутно ништо срамно во тоа да се борите со анксиозност.rnrnВо продолжение, прочитајте ги овие 25 „чудни“ работи коишто луѓето ги прават кога се анксиозни и решиле да ги споделат нивните приказни, со остатокот од светот.rn

    1. „Постојано си ги чепкам кутикулите на ноктите. Кога анксиозноста ми станува уште полоша, си ја штипкам кожата на врвот од бутовите. Тоа е дискретно и ми предизвикува мала болка, којашто е доволна за подзаборавам на негативните мисли, без да си наштетувам. На овој начин, најчесто можам да воспоставам контрола врз моменталната ситуација.“ – Џесика Ф.

    rn

    2. „Секој прст го завиткувам со широк селотејп, во повеќе слоеви, до степен да не можам да го свиткам. Откако ќе ги завиткам сите прсти на едната рака, почнувам полека да го одлепувам селотејпот. Ова е бавен процес, којшто ми овозможува да го смирам умот. Го правам ова уште како дете. Сега имам 46 години.“ – Кетрин Џ.

    rn

    3. „Постојано зевам. Знам дека изгледа глупаво, но не можам да си помогнам. Како што мојата анксиозност станува сè полоша на моменти, така јас сè почесто и почесто го правам тоа. Се чувствувам како да не можам да вдишам доволно воздух, па морам постојано да зевам. Го правам ова уште како дете, но дури неодамна сфатив дека тоа е еден вид хипервентилација (синдром на прекумерно дишење).“ – Леа Х.

    rn

    4. „Кога сум анксиозна, морам постојано да одам во тоалетот по мала нужда.“ – Емили Л.

    rn

    5. „Понекогаш мојата анксиозност се претвора во гнев. Луѓето, честопати не можат да сфатат зошто сум гневна, а дури ни самата јас не можам во моментот да сфатам дека гневот ми произлегува од нападот на анксиозност.“ – Сара К.

    rn

    6. „Многу го тресам телото. Прво, започнувам со тапкање на стапалата од подот. Потоа, почнувам интензивно да ја тресам ногата и да тропкам со рацете. Тешко е да се сокријат овие движења, па сите околу мене автоматски почнуваат да ме погледнуваат, а тоа прави да се чувствувам како чудак.“ – Дениел В.

    rn

    7. „Си ги притискам моите или мозолчињата на моето момче, со коешто сум во врска 3 години. Тој го мрази ова, но кога се чувствувам ептен лошо, тој ја соблекува маицата и легнува на стомак, за да можам да му ги притискам мозолчињата коишто ги има на грбот. Доколку е многу уморен од работа и не може да го направи тоа за мене, почнувам да плетам, за да ми бидат рацете зафатени со некоја активност.“ – Мери У.

    rn

    8. „Си лепам вештачки нокти, чекам 30-тина минути и потоа ги одлепувам. Секојпат се обидувам да ги оставам залепени, убедувајќи се себеси дека тие ќе ме спречат да си ги грицкам моите природни нокти, но едноставно не можам, а да не ги извадам!“ – Сара В.

    rn

    9. „Кога анксиозен бран ќе ме нападне пред група од луѓе, почнувам да танцувам како робот и да испуштам роботски звуци. Во тие моменти се чувствувам хиперактивно и станувам параноична.“ – Аманда Н.

    rn

    10. „Колекционирам голем број прстени за клучеви и разни други приврзоци, на коишто можам да ги закачам моите клучеви. Тоа го правам од две причини: 1. Помислата дека можам да ги изгубам клучевите ме прави анксиозна, па се правам сè што можам за тоа да не се случи. 2. Ги чепкам и се занимавам со нив, кога станувам анксиозна во јавност.“ – Клои К.

    rn

    11. „Кога почнува да ми надоаѓа анксиозноста или паничните напади, сакам да сум на многу ниски температури. Во моментот, не можам ни да го почувствувам студот, но свесна дека го допира моето тело, а тоа ми помага да се фокусирам на нешто.“ – Кортни Н.

    rn

    12. „Секогаш кога сум анксиозна, почнувам да си го гребам лицето со ноктите, без да сум свесна за тоа. Тоа го правам, бидејќи се чувствувам како нешто да ме полазува по површината на лицето.“ – Карина М.

    rn

    13. „Обожувам да ја плетам косата на моето бебе, на којашто сè уште не ѝ е дадена шанса да порасне подолга, бидејќи ја тегнам малку посилно, кога се чувствувам анксиозна. Тоа ме релаксира и ме става во спокоен транс.“ – Марта Д.

    rn

    14. „Понекогаш почнувам да дрдорам нешто на Германски јазик или да потпевнувам слушајќи одредени песни, (исто така на Германски) сè со цел да се обидам да се смирам. Понекогаш е добро да се познава втор јазик, но каде што живеам јас, нема баш многу луѓе коишто зборуваат Германски, па сигурна сум дека на другите ова им изгледа чудно!“ – Кет Г.

    rn

    15. „Кога сум пред други луѓе, не јадам колку што нормално би јадела ако сум сама. Се чувствувам како постојано да сум осудувана, па затоа пред другите, јадам само половина од регуларната порција, освен ако не станува збор за луѓе, пред коишто се чувствувам сосема удобно.“ – Аманда К.

    rn

    16. „Вртам прамени од косата околу прстите, ги грицкам ноктите и ги притискам ушните ресички. Последново го имам научено уште кога бев дете, кога му ги притискав ушните ресички на татко ми, додека си го цицав палецот. И покрај тоа што не го шмукам веќе мојот палец, сепак сè уште си играм со ресичките и ги притискам. Тоа ме утешува, во тешките моменти.“ – Лиса М.

    rn

    17. „Крцкам со забите толку силно, што другите луѓе можат да ме чујат. Исто така, имам навика да ја тресам ногата нагоре-надолу, држејќи го стапалото на подот. Понекогаш, кога сум сам, знам да правам чекори во круг. Да, тоа се моите необични навики, коишто ги практикувам поради мојата анксиозност.“ – Мајк И.

    rn

    18. „Секаде со мене понесувам лак за нокти. Секојпат кога ќе се почувствувам премногу анксиозна и совладана од она што се случува околу мене, почнувам да си ги лакирам ноктите, за да ми светат. Ова за мене е како играње со играчката фиџет спинер. Ме смирува.“ – КЈ Б.

    rn

    19. „Постојано си го проверувам пулсот на моето срце и ги ставам рацете на грлото, во обид да ги оттргнам невидливите раце, коишто ме дават.“ – Мери С.

    rn

    20. „Постојано одев да седам на ВЦ – школката. Едноставно си седев таму некое време, без да правам ништо – немам поим зошто! Едноставно, еден ден започнав да го правам ова и ми премина во навика.“ – Ерика Џ.

    rn

    21. „Моите раце се буквално секогаш во употреба. Со нив држам нешто, правам нешто или ги чистам ноктите одоздола. Никогаш не прекинувам да правам нешто со нив. Дури имам и шема којашто ја следам некојпат, па ако нешто ми ја прекине, морам одново да почнам да ги притискам врвовите од прстите, сè додека не почувствувам рамнотежа.“ – Лана Џ.

    rn

    22. „Постојано си ги проверувам моите профили на социјалните мрежи, за да бидам сигурна дека не сум објавила нешто несоодветно и навредливо… И покрај тоа што никогаш досега не сум го направила тоа!“ – Дакота К.

    rn

    23. „Секоја вечер се тркалам во креветот околу еден час. Се обидувам да прекинам, но чувствувам како моите нозе да сакаат да се движат. Ова ми се случува и после испивањето на лековите за анксиозност.“ – Барбара В.rnrn24. „Постојано ми е топло поради анскиозноста. Дури и во сред зима, се облекувам во шорцеви и маица без ракави, бидејќи телото ми е премногу жешко.“ – Меги Б.

    rn

    25. „Понекогаш, кога мојата анксиозност ме ‘излудува’, се туширам неколку пати во текот на денот… Топлата вода малку ме смирува.“ – Брук К.

    rnПрочитајте и кои скриени супермоќи ги имаат луѓето со анксиозност, според науката.

  • 5 начини за справување со хронична зависност од супстанци

    5 начини за справување со хронична зависност од супстанци

    Кога сте зависни од алкохол, лекови или дрога, желбата за нив често може да ги надвладее вашите сетила. Во одреден момент сакате да се откажете од зависноста и да продолжите со својот живот, но тоа не е толку лесно. Токму ова е дефиницијата за хроничната зависност. Оваа состојба е позната како рецидив или повторно земање на супстанцата и претставува период кога зависникот прекинува со користење на наркотици или алкохол за потоа повторно да почне со нивна употреба.rnrn5 начини за справување со хронична зависност од супстанциrnrnОткажувањето од зависноста е тешко и е вистински предизвик, но не е невозможно. Со правилен третман, поддршка и насока можете да ја победите зависноста. Ако веќе еднаш сте пробале и тоа не било успешно, немојте да мислите дека не постои излез. Патот не е лесен, но можете да ја постигнете целта.rn

    1. Разберете ја желбата за супстанцата

    rnКога ќе бидете свесни за вашата желба и кога ќе знаете како да се справите со неа, ќе останете на патот кон ослободување од зависноста. Во процесот на лекување многу луѓе мислат дека желбата за супстанцата е знак за рецидив. Вистината е дека рецидивот се случува само кога повторно ќе почнете со користење. Сосема нормално е одвреме-навреме да почувствувате силна желба за навраќање, но потребно е да се справите со тоа. Без разлика колку се силни симптомите, имајте на ум дека секогаш вие сте во контрола.rn

    2. Најдете алтернативен извор на задоволство

    rnПостојат многу причини зошто луѓето се вртат кон дрога, лекови или алкохол, а сите тие може да се заменат со други активности. Бидејќи секој сака да се чувствува добро, важно е да знаете дека постојат и други начини освен наркотици и алкохол за да уживате во животот. Дрогата и алкохолот го поттикнуваат лачењето на допамин. Но, кога премногу ја користите супстанцата, се лачи сè помалку и помалку допамин, па сè повеќе ја зголемувате дозата за да му се предадете на задоволството. Како резултат на ова желбата станува потешка за трпење. Важно е да го исполните животот со забавни активности кои ќе ви помогнат да се чувствувате задоволно и исполнето.rn

    3. Побарајте професионална помош

    rnОткажувањето од дрога и алкохол може да биде уште потешко ако самите се справувате со проблемот. Секогаш најдобар избор е да побарате професионална помош. Кога ќе го најдете вистинскиот професионалец, вам и на вашето семејство ќе ви биде многу полесно да го издржите целиот процес. Бидејќи откажувањето на своја рака ја зголемува шансата за рецидив, најдобро е да одберете и медицински надзор.rn

    4. Променете го животниот стил

    rnАко цврсто сте се одлучиле да се откажете од зависноста потребно е да го промените целиот животен стил. Разгледајте го секој аспект на вашата дневна рутина, од начинот на кој се справувате со стресот до семејството и пријателите на кои се потпирате. Следењето здрава рутина ќе направи да се чувствувате добро. Покрај тоа физичката активност е навистина ефективна во борбата против зависноста.rn

    5. Држете се настрана од ризични ситуации

    rnЗа да ја надминете желбата важно е да се дистанцирате од луѓе и ситуации кои ја охрабруваат вашата зависност. Кажете им „НЕ“ на пријателите за пиење алкохол и излезете со ново друштво. Ако страдате од хроничен алкохолизам, избегнувајте социјални собири и посети на барови. Елиминирајте ги луѓето, местата и нештата кои се ризик за рецидив. Причината е едноставна, треба да ви биде што полесно да останете трезни.rnrnБез сомнение борбата со која било зависност е навистина тешка. Но со вистинските чекори и правилната поддршка можете да ја победите.rnrnПрочитајте и какво е влијанието на доргите кои предизвикуваат најголема зависност.

  • 7 начини на кои ментално силните луѓе се справуваат со стресот

    7 начини на кои ментално силните луѓе се справуваат со стресот

    Додека стресот навистина може да уништи нечии животи, ментално силните луѓе знаат како да се справат со него. Всушност, тие го гледаат стресот како нешто што им овозможува да созреат. Без разлика дали се соочуваат со финансиски проблеми, проблеми на работното место или здравствени проблеми, овие луѓе не дозволуваат стресот да ги закочи. Па, погледнете како тие се справуваат со стресот.rnrn7 начини на кои ментално силните луѓе се справуваат со стресотrn

    1. Прифаќаат дека стресот е дел од животот

    rnМентално силните луѓе се свесни дека проблемите и пречките во животот се неизбежни. Кога ќе се појави стресна ситуација, тие даваат сè од себе за да продолжат понатаму. Дури и кога не можат да ги променат околностите, тие знаат дека секогаш можат да преземат нешто за да ги подобрат своите животи.rn

    2. Имаат добра перспектива кон проблемите

    rnНаместо да мислат дека некој проблем ќе им го уништи денот, ментално силните луѓе имаат друга перспектива. Тие не ги гледаат малите проблеми како катастрофи кои би им ја уништиле кариерата или животот. Не дозволуваат негативните мисли да влијаат на нивните постапки.rn

    3. Внимаваат на своето физичко здравје

    rnОвие луѓе знаат колку е важно нивното здравје. Свесни се дека нема да можат да се справат со стресот доколку не се грижат за здравјето. Тие вежбаат, спијат доволно и се хранат здраво.rn

    4. Одбираат здрави вештини за справување

    rnМногумина се вртат кон алкохол, брза храна и други нездрави навики обидувајќи се да се справат со стресот. Но ментално силните луѓе се справуваат со неудобноста на продуктивен начин. Тие си дозволуваат да чувствуваат негативни емоции како анксиозност, страв, тага и слично. За да се справат со емоционалната болка, овие луѓе користат здрави активности како шетање во природа или некое креативно хоби.rn

    5. Создаваат рамнотежа помеѓу социјалната активност и самотијата

    rnПонекогаш со цел да ги избегнат проблемите, луѓето ги исполнуваат своите распореди со социјални активности. Други пак се справуваат со стресот избегнувајќи ги семејството и пријателите. Ментално силните луѓе создаваат рамнотежа помеѓу овие нешта. Имаат здрав социјален живот дури и кога се под стрес, но секогаш одвојуваат и време за себе.rn

    6. Ги признаваат своите избори

    rnСтресот може да направи луѓето да се чувствуваат како жртви на лоши околности. Ментално силните луѓе ги признаваат сите нивни постапки и избори. Одбиваат да ги прават работите кои не ги сакаат и прифаќаат целосна одговорност за нивното однесување.rn

    7. Ја бараат позитивната страна

    rnОва не значи дека ментално силните луѓе го гледаат светот низ розови очила. Тие имаат реален поглед кон светот, но секогаш ја бараат позитивната страна. Се обидуваат да ги видат добрите работи кои произлегуваат од стресните ситуации. Наместо да им дозволат на проблемите да ги претворат во огорчени и беспомошни жртви, тие ги користат стресните ситуации да станат посилни и подобри личности.rnrnПробајте ги и овие едноставни и кратки начини за ослободување од стресот.

  • 4 работи што е сосема во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напушти

    4 работи што е сосема во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напушти

    Колку и да е болно кога ќе ве напушти партнерот, гледајте го тоа како ново поглавје во вашиот живот. Потребно е да најдете начин да се справите со ситуацијата. Секој се справува на свој начин со емоционалната болка и колку и да ви изгледа чудно потребно е да се слушате и да го направите она што сметате дека ви е потребно. Погледнете некои работи кои е сосема во ред да ги направите кога сте во ваква ситуација. Одберете ја вашата стратегија според вашите потреби.rnrn4 работи кои е во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напуштиrn

    1. Смејте се

    rnИако е вистинско искушение да се затворите дома и да слушате тажни песни, дајте си дозвола и да се смеете. Смеата е дел од лекувањето, и тоа многу важен дел. Па маратон со комедии, излегување со пријателите и секаков вид забава се повеќе од добредојдени.rn

    2. Направете „книга за горење“

    rnИако звучи малку злобно, ако ги запишете сите ваши мисли за партнерот кој ве напуштил може да ви биде од голема помош. Запишувањето можете да го наречете и дневник, но ако повеќе ви помага изразот „книга за горење“, не двоумете се.rn

    3. Оттргнете се од ситуацијата

    rnПо раскинувањето целиот град може да ви биде како минско поле. Постојат места што ве потсетуваат на бившиот, но постои и „опасноста“ од тоа да го сретнете. Излегувањето во град можеби е последното нешто што ќе ви падне на ум, но потребно е да се оттргнете од ситуацијата и да продолжите да го живеете вашиот живот.rn

    4. Јавете им се на родителите

    rnПонекогаш мајката и таткото навистина знаат што е најдобро. Можеби сте премногу горди да им се јавувате во многу ситуации. Можеби ќе се чувствувате како мало дете. Но, раскинувањето е една од оние ситуации во кои ќе ви помогнат нивните совети и поддршка.rnrnШто и да направите за да се справите со болката е во ред. Се разбира, сè додека не си наштетувате. Раскинувањата можат да бидат навистина брутални, па дајте си време да го надминете тој период.rnrnПогледнете и што не смеете да правите по прекинување на врската.