КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • 11 нешта што треба да престанете да си ги кажувате за да го спречите влијанието на анксиозноста

    11 нешта што треба да престанете да си ги кажувате за да го спречите влијанието на анксиозноста

    Анксиозноста може да биде навистина моќна, но нештата што си ги кажувате додека се соочувате со неа можат да бидат помоќни. Поради ова, од голема важност е да научите како да прекинете со негативните мисли и зборови насочени кон себе со цел да го спречите нејзиното влијание.rnrn11 нешта што треба да престанете да си ги кажувате за да го спречите влијанието на анксиозностаrnrnКога анксиозноста се влошува, гласовите во вашата глава можат навистина да излезат од контрола. За да го спречите ова, важно е да ги идентификувате разните форми на негативното зборување со себе. Голем дел од ова е едноставно навика која за среќа можете да ја прекинете. На почетокот ќе ви изгледа тешко, но штом ќе научите да обрнувате внимание на вашите мисли, ќе ви станува полесно да напредувате. Ова се 11-те нешта што треба да престанете да си ги кажувате доколку сакате да се ослободите од анксиозноста.rn

    1. „Глупав/а сум“

    rnАко мислите дека тоа што сте строги кон себе ќе ви помогне да се ослободите од анксиозноста, време е да бидете малку понежни. Веројатно кога ќе направите грешка помислувате дека сите други ве гледаат како глупава личност. Но во овој случај препознајте како се чувствувате, дозволете си да се чувствувате така и не се обидувајте да го промените тоа. Наместо да се нарекувате со погрдни зборови, фокусирајте се на самата емоција.rn

    2. „Никогаш нема да се чувствувам подобро“

    rnПонекогаш анксиозноста ве тера да мислите дека можете да ја предвидите иднината. Важно е да не паѓате под ова влијание. Речиси секој што страда од анксиозност верува дека никогаш нема да се чувствува подобро, или пак си поставува услови кои доколку не ги исполни, смета дека ќе биде несреќен. Ако навистина сакате да ѝ се спротивставите на анксиозноста, почнете да верувате дека всушност не можете да ја предвидите иднината.rn

    3. „Ова е најлошото“

    rnАко навистина сакате да го спречите влошувањето на вашата состојба, важно е да престанете со катастрофалните мисли. Веројатно најчесто помислувате дека вашата ситуација е најлоша и дека што и да правите е бескорисно. Кога го гледате само најлошото, се подготвувате за грижи и разочарување. Наместо да го правите ова, повторно станете свесни за вашите чувства. Сфатете дека се чувствувате исплашено и тоа ќе ви овозможи да не ја влошите вашата состојба.rn

    4. „Би требало да се чувствувам подобро“

    rnСекогаш кога се обидувате да си ја подобрите состојбата, веројатно почнувате со изјавите кои содржат „Би требало“. За жал, на овој начин воопшто не си помагате. Заменете ги овие фрази со „Сакам“ или „Се надевам“. Менувањето на вашите мисли ќе го намали притисокот што си го создавате со вашите очекувања.rn

    5. „Што ако…“

    rnАко забележите дека размислувате за многу измислени сценарија, може да стане уште потешко да се справите со анксиозноста. Најдобро е да ги избегнувате мислите и речениците кои започнуваат со „Што ако…“. Мнозинството од нештата за коишто сте загрижени нема воопшто да се случат, па вие сте потрошиле многу енергија за безначајна фантазија. Ако можете да се фокусирате на сегашниот момент, или едноставно да го насочите целото внимание кон вашето дишење, можеби ќе ја најдете потребната утеха.rn

    6. „Поради ова ќе ми пропадне целиот план“

    rnАнксиозноста нема да се појави кога се чувствувате удобно. Поради ова можете да мислите дека спречувањето на анксиозноста е од толку голема важност, што немате никаква контрола над нештата. Кога и најмалото нешто ќе скршне од вашиот план, нормално е да почувствувате анксиозност. Во овие моменти обидете се да се фокусирате на нештата со коишто сепак можете да се справите и создадете пофлексибилни очекувања за нештата кои е можно да не се одвиваат по план. Запрашајте се дали овој проблем ќе биде важен за една година. Одговорот ќе ви помогне да се вратите во сегашноста и директно да се справите со анксиозноста.rn

    7. „Сето ова е моја вина“

    rnДоколку се обвинувате себеси за вашата анксиозност, нема да направите таа да помине. Сосема нормално е да го правите ова, но заслужувате да го промените вашиот фокус. Доколку се обвинувате за сè што се случува, можете да се чувствувате преплавено и немоќно. Добро размислете кои ситуации се надвор од вашата контрола и наместо да се прашувате зошто се случило нешто, размислете што ќе направите во врска со тоа. Запишувањето на вашиот план или кажувањето на глас може да ви помогне да си ја вратите потребната контрола.rn

    8. „Секогаш е исто“

    rnДоколку и претходно сте се соочиле со анксиозност, нормално е да ви е страв дека целото искуство ќе се повтори. Но на овој начин само го продолжувате нејзиното траење. Кога ќе се убедите дека нештата можат да се одвиваат само на еден начин, не се отворате кон нови можности. Како сте се справиле со нешто во минатото не диктира како ќе се справите со истото во сегашноста. Потсетувајте се да бидете поотворени и ќе ја избегнете анксиозноста.rn

    9. „Не можам да го направам ова“

    rnДа ја спречите анксиозноста не треба да значи дека ќе ѝ се предадете. Потребно е да се потсетите дека можете и дека ќе ги надминете и најтешките периоди. Понекогаш може да ви се чини како времето да застанало кога сте соочени со анксиозност, но важно е да се потсетите дека ова чувство е привремено. Не заборавајте дека и претходно сте страдале од анксиозност и панични напади и дека сте ги надминале. Иако е голема веројатноста да се соочите со анксиозност повеќе од еднаш, секој пат потсетувајте се дека ова ви е нова можност да реагирате подобро кон вашите чувства.rn

    10. „Само смири се“

    rnВеројатно не сакате некој друг да ви рече да се смирите во овој момент, па немојте ни самите да си го викате тоа. Наместо тоа фокусирајте се на нешто што навистина ќе ве смири, како длабоко дишење или освежување со вода. Важно е да бидете добри кон себе како што би биле и кон пријател.rn

    11. „Морам да го направам ова совршено“

    rnНикој не е совршен и не постои совршен начин за справување со анксиозноста. Дури и ако самите ја лекувате вашата анксиозност, важно е да не си поставувате цели кои сигурно ќе резултираат со неуспех. Барањето на совршеноста само ќе ве направи нервозни и ќе ве тера да се грижите за можните исходи. Наместо да се убедувате дека ќе направите нешто совршено, почнете да си кажувате дека ќе го дадете најдоброто од себе. Ова е уште еден начин да бидете добри кон себе и ефективно да се справите со анксиозноста.rnrnПогледнете ги и овие ефективни начини да ги победите нападите на анксиозност.

  • Древната мудрост на еден тибетски свештеник: Приказна што ќе ви помогне да се справите со нервозата

    Древната мудрост на еден тибетски свештеник: Приказна што ќе ви помогне да се справите со нервозата

    Оваа неверојатна приказна ќе ве натера да ја сфатите важноста на смиреноста и трпеливоста. Веќе никогаш нема да бидете нервозни поради туѓите зборови.rnrnДревната мудрост на еден тибетски свештеник: Приказна што ќе ви помогне да се справите со нервозатаrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЕднаш имало некој тибетски свештеник кој целиот живот го сметале за свет човек. Луѓето доаѓале од најдалечните краеви за да го добијат неговиот совет. Тој бил личност која секогаш била смирена и која никој не можел да ја навреди.rnrnЗа ова слушнал некој лош човек и решил да отиде и да го тестира мудрецот. Само што стигнал и го здогледал, веднаш почнал да го навредува и да го понижува најмногу што можел.rnrnКога веќе немал што да каже, престанал и запрепастено сфатил дека свештеникот сè уште е смирен како и пред да дојде.rnrnЧовекот се изнервирал па почнал уште полошо да го навредува свештеникот, но и ова било залудно. Изгледало како неговите зборови воопшто да не допираат до мудрецот. Кога конечно ја изгубил целата енергија, решил да го праша и да ја дознае неговата тајна.rnrn- Ги разбирам твоите духовни техники и како не ти е грижа што мислат и зборуваат другите, но јас те понижував и навредував, мора да научиш да се бориш за себе – му рекол.rnrn- Драг човеку, може ли да ти поставам само две прашања? – конечно прозборел свештеникот.rnrn- Секако – му одговорил човекот.rnrn- Ако ти мене ми донесеш подарок и јас не го прифатам, на кого му припаѓа подарокот? – прашал мудрецот.rnrn- Па, ако не го прифатиш, тогаш сè уште ми припаѓа мене.rnrn- А сега, ако ти за мене имаш само навреди а јас не ги прифаќам, тогаш на кого му припаѓаат? – прашал мудрецот, се свртил и си заминал.rnrn[/message_box]rnrnДоколку постојано чувствувате нервоза, погледнете кои се можните причини за тоа.

  • 5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоа

    5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоа

    Доколку имате проблем со мрсна коса, најверојатно барате посебни шампони, ја сокривате косата во опавче или ја миете многу често. Но постојат и други трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот маснотии. На пример, јадењето одредени видови храна може да го зголеми количество масло што се лачи, додека други видови храна го намалуваат. Погледнете за кои станува збор.rn

    ХРАНА ШТО ТРЕБА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ

    rn

    1. Шеќер

    rn5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоаrnrnХормоните се како курири на нашето тело кои помагаат во речиси сите процеси. Поради ова важно е да ја одржувате нивната рамнотежа. Шеќерот нема да ви помогне во ова. Всушност, тој ја нарушува рамнотежата на вашите хормони. Има влијание на воспалителните процеси во телото и го зголемува нивото на шеќер во крвта, со тоа поттикнувајќи ги жлездите да лачат повеќе масти.rn

    2. Рафинирани јаглехидрати

    rn5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоаrnrnПостојат добри (комплексни) и лоши (едноставни) јаглехидрати. Рафинираните спаѓаат во втората група. Одличен пример за рафинирани јаглехидрати е белиот леб. Проблемот е што рафинираните јаглехидрати го преоптоваруваат телото. Поради тоа лојните жлезди лачат повеќе масти, па вие завршувате со мрсен скалп.rn

    3. Пржена храна

    rn5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоаrnrnКоја било брза храна го поттикнува лачењето на масти. Овие масти ја покриваат нашата кожа, вклучувајќи го и скалпот. Па хамбургер изеден навечер навистина ќе ја измрси вашата коса во текот на ноќта. Не само што треба да ги избегнувате овие продукти за целокупното здравје, туку на овој начин вашата коса ќе изгледа почисто.rn

    4. Млечни производи

    rn5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоаrnrnМлечните производи како млеко, путер и сирење се обработуваат како масти, па можат да ја измрсат косата и да предизвикаат појава на акни. Исто така тие содржат компоненти кои го зголемуваат нивото на тестостеронот, што исто има влијание на вашите кожа и коса.rn

    5. Сол

    rn5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоаrnrnПретераното консумирање сол може да предизвика отоци, подочници, првут и дехидратација. Поради дехидратацијата, телото произведува повеќе масти за да се справи со недостатокот од вода. Сето ова завршува со мрсна коса. Поради ова внимавајте кога консумирате чипс, помфрит и солени јаткасти плодови.rn

    ПРОДУКТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ КОНСУМИРАТЕ

    rn

    1. Храна богата со витамини Б и Е

    rn5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоаrnrnОвие витамини се клучни за телото и за косата. Не само што го поттикнуваат растот на косата, туку го регулираат лачењето на мастите. Храната како грав, зеленчук и овошје е богата со витамин Б и може да ви помогне да го подобрите изгледот на вашата коса. Витаминот Е можете да го најдете во зелен лиснат зеленчук, сончогледово семе и јаткасти плодови.rn

    2. Храна богата со цинк

    rn5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоаrnrnНа телото му е потребен цинк во мало количество бидејќи овој минерал не се складира во нас. Добрите вести се ако го зголемите консумирањето на продукти со цинк, можете да го намалите лачењето на масти. Можете да користите додатоци во исхраната со цинк, а можете и да консумирате повеќе овес и јајца.rn

    3. Добри масти

    rn5 видови храна што ја прават вашата коса мрсна и 3 намирници што го спречуваат тоаrnrnДоколку имате проблеми со мрсна коса, тоа не значи дека треба целосно да престанете со консумирање масти. Мастите се важна компонента за правилно функционирање на телото. Потребно е само да го регулирате внесот на заситени и трансмасти. Лесно е да ги идентификувате бидејќи најчесто се наоѓаат во храна која останува тврда на собна температура. Па маргаринот, путерот и животинското сало се транс масти. Заменете ги со „добри“ масти кои се наоѓаат во јаткастите плодови, зеленчуковото масло и некои видови риба.rnrnПогледнете и кои видови храна се одлични за студените месеци.

  • Момче чија девојка страда од анксиозност споделило како се справува со нејзината болест

    Момче чија девојка страда од анксиозност споделило како се справува со нејзината болест

    Постојат многу митови и недоразбирања кога станува збор за менталното здравје. Освен ако не сте ја проучувале оваа тема или знаете некој што страда од ментално нарушување, навистина е тешко да ги препознаете или да ги разберете луѓето кои се справуваат со ова. Неодамна, едно момче решило да сподели што научило за справувањето со паничните напади и анксиозноста, бидејќи неговата девојка се соочувала и со двете.rnrnМомче чија девојка страда од анксиозност споделило како се справува со нејзината болестrnrnАнксиозноста е една од најчестите ментални нарушувања. Иако е лесна за лекување, само 36,9% од заболените го добиваат потребниот третман. Луѓето кои се справуваат со анксиозност и депресија, или познаваат некој таков, сè почесто ги споделуваат нивните искуства со цел да ги образуваат другите. Погледнете што научило ова момче и што сака да знаете.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn

    Еве што научив за паничните напади:

    rn1. Не се обидувајте секогаш да прегрнете. Потребно беше време за девојка ми да посака прегратка за да се смири. Прегратките правеа да се чувствува како да е заробена.rnrn2. Само затоа што не ви одговара, не значи дека личноста ве игнорира. Понекогаш едноставно не може да зборува. Нападите можат да произлезат од расправија и многу често сум мислел дека добивам „третман со молчење“. Трикот што го научив е: Ако сакаш да зборуваш со мене, но не можеш, мрдни со прстот.rnrn3. Дишете гласно. Можеби сте забележале дека кога се прегрнувате со некого вашето дишење се синхронизира. Или кога ќе слушнете дека некој вдишува длабоко и вие го правите тоа. Па ако личноста дише плитко и во паника, почнете да дишете бавно и гласно за да се синхронизира со вас.rnrn4. Бавните движења со рацете за да го синхронизирате дишењето помагаат. Можете да ја допрете личноста на раката или на грбот.rnrn5. Можете да ѝ кажете на личноста да престане или да се смири. Но, направете го тоа на вистинскиот начин. Ако порано го забележите нападот можете да кажете „Во ред е, смири се“. Но вметнете ги и смирувачките движења со рацете.rnrn6. Понекогаш личноста едноставно ќе се сруши на подот. Тогаш седнете или легнете до неа. Потсетете ја дека не е сама.rnrn7. Немојте да ѝ се лутите на личноста. Паничните напади можат да се случат и од најглупави причини. Еднаш девојка ми толку многу се изнасмеа на нејзината шега што доби паничен напад. Паничните напади можат да се случат и сред расправа. Во тој случај повеќе не се расправате и никој не победува. Само помогнете ѝ!rnrn[/message_box]rnrnПодоцна корисникот допишал уште нешто, бидејќи секој има разни стратегии на смирување.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn

    Дополнување:

    rnДа разјаснам неколку нешта за коишто коментираа другите.rnrnВо врска со прегратката, некои луѓе можеби сакаат да бидат прегрнати, само внимавајте со притисокот и гледајте да им биде удобно.rnrnВо врска со смирувањето, неколку луѓе кажаа дека мразат кога ќе им кажат да се смират. Сакав да кажам дека не треба премногу да се грижите за зборовите, туку начинот на којшто ги кажувате.rnrnСекоја личност е уникатна и она што работи за мене можеби нема да работи за вас. Се надевав дека луѓето ќе си ги споделат нивните искуства. Бев излезен со другарите и многу од нив кажуваа за нивните девојки кои имаат панични напади, или пак самите се соочувале со нив, па решив да го споделам моето искуство.rnrn[/message_box]rnrnДознајте и која е разликата помеѓу анксиозноста и паничниот напад.

  • Како да се справите со токсичните членови на семејството за време на празниците?

    Како да се справите со токсичните членови на семејството за време на празниците?

    За некои луѓе, празниците можат да бидат вистинска воена зона. Додека некои од нас пораснале со прекрасни сеќавања за Божиќ во домот со семејството, други не можат да го кажат тоа.rnrnКако да се справите со токсичните членови на семејството за време на празниците?rnrnПразниците се тешки за многу луѓе од разни причини, а една од најчестите се токсичните членови на семејството. Можеби цела година сте слободни од некоја личност или од целото семејство, но штом ќе пристигнете за време на празниците, војната започнува.rnrnАко ова ви се случува и вам, потребно е да се справите со проблемот. Овие стратегии ќе ви помогнат да излезете на крај со токсичните членови од семејството за време на празниците.rn

    1. Направете план

    rnСигурно сте премногу зафатени пред крајот на годината, но последното нешто што сакате е празниците да ве изненадат бидејќи сте имале други обврски. Ако сакате да знаете што ве чека, треба да размислите низ што сте минувале секоја година. Наместо да го игнорирате сето тоа, искористете го во ваша корист и преземете мерки кои ќе ви помогнат да се справите.rnrnОва не само што ќе направи да се чувствувате како да имате контрола, туку ќе ви помогне и да се справите доколку ситуацијата навистина излезе од контрола. Се разбира, сè зависи од проблемите кои ги имате со семејството. Сепак, правењето план ќе ви помогне да внесете малку позитивност.rnrnРазмислете кој е коренот на проблемот со семејството. Можеби станува збор за само една личност, па најдете начин како да ја избегнувате. Направете стратегија што ќе ви помогне полесно да ги поминете празниците.rn

    2. Најдете поддршка од некој друг

    rnНајдобриот начин да се справите со токсичноста е со позитивност, љубов и поддршка од другите. Штом ќе завршите со планот, време е да најдете засилување. Разговарајте со пријател и за можноста да преспиете кај него, да поминете време заедно, или замолете го да биде овде доколку нештата навистина се влошат.rnrnБез разлика на кој начин, малото внимание што ќе ви го посвети пријателот ќе ви биде поддршка во лошите моменти. Најдобро е да не го каните пријателот кај вашето семејство. Некои луѓе сакаат да ве посрамотуваат пред други, особено ако ви се познаници.rn

    3. Ако ништо не успее, повлечете се

    rnДоколку сте стигнале до овде и ви изгледа како ништо да не работи, не заборавајте дека вистинската љубов не е токсична. Се разбира, понекогаш саканите забораваат да ви кажат дека ве сакаат и можно е да има периоди кога само ве критикуваат. Но воглавно, љубовта не е токсична. Не ви се потребни тие проблеми во животот и ништо не ве обврзува да трпите. Не плашете се да направите стратегија за „бегство“ што ќе ви овозможи да се повлечете од битката.rnrnСамо вие можете да одлучите како ќе се справите со вашето семејство. Сепак, имајте резервен план што ќе ви помогне да се извлечете од ситуацијата доколку стане неподнослива.rnrnДали вие и вашиот партнер спаѓате во паровите кои постојано се караат за празниците?

  • Како хорор филмовите станале лек за анксиозност?

    Како хорор филмовите станале лек за анксиозност?

    Кога станува збор за анксиозноста, не се важни годините, националноста или финансиската состојба. Милиони луѓе секојдневно водат војна со стравот кој може да биде предизвикан од сè – од работното место, па сè до најмалите ситници во животот.rnrnКако хорор филмовите станале лек за анксиозност?rnrnИако многумина мислат дека лекот е нешто како медитација, некои луѓе наоѓаат помош во сосема спротивните работи. Знаевте ли дека многу луѓе преферираат гледање хорор филмови како „лек“ за нивната анксиозност? Сигурно се прашувате како гледањето на вакви сцени може да ве смири.rnrnВерувале или не, гледањето хорор филмови против анксиозност се практикува со децении. Луѓето кои го практикуваат ова често мислат дека нивниот метод е чуден, но благодарение на објава на Редит, љубителите на овој жанр веруваат дека се на вистинскиот пат.rnrnВо суштина, хорор филмовите им овозможуваат на луѓето чувствата на анксиозност да ги насочат кон нешто што не е реално и што нема директно влијание на нив. Ова навистина им помага да се справат со нивниот проблем.rn

    „Почнав да се грижам за тоа дали некој ќе ми влезе во станот или дали ќе видам дух, што е многу подраматичен од кој било страв што сум го имал претходно“, напишал еден од корисниците.

    rnДоктор Матијас Класен од Универзитетот Архус во Данска, ги проучува психолошките ефекти на хорор филмовите веќе 15 години. Тој верува дека луѓето кои можат да го издржат филмот се чувствуваат многу подобро по крајот, бидејќи нивниот мозок реагира на сцените како да се случуваат во реалниот свет. Се појавува некое олеснување по гледањето на вакви филмови, исто како кога ќе се справите со стресна ситуација.rnrnГолема е веројатноста дека честото соочување со страшните работи од хорор филмовите може да им помага на луѓето со анксиозност да се справат со стресот во реалниот живот, бидејќи ова делува како вежба за амигдалата.rnrnАмигдалата е делот од мозокот кој сигнализира опасност, а во некои моменти може да „полуди“ кај луѓето со анксиозност. Ако луѓето со хиперактивна амигдала вежбаат со регулирана доза хорор филмови, можно е нивните страв и вознемиреност да се намалат со текот на времето. Но, направени се вакви истражувања само со одредени видови слики, па тешко е со сигурност да се тврди истото за хорор филмовите.rnrnБидејќи се соочувате со стравот во безбедно опкружување, како вашиот кревет или дневната соба, полесно е да ги одвоите ирационалните стравови од реалноста и да се сетите дека нештата секогаш можат да бидат полоши.rnrnВажно е да знаете дека не сите чувствуваат олеснување по гледањето хорор филмови. Едно истражување покажало дека голема група луѓе побарале помош по гледањето на филмот „Егзорцист“ (Тhe Exorcist) бидејќи стравот што го почувствувале бил премногу интензивен. Па начинот на којшто се соочувате со она што го гледате зависи од начинот на кој вашиот мозок ги процесира сликите.rnrnСепак, потребно е да се направи подетално истражување со цел да се открие колку навистина е ефективно гледањето хорор филмови во борбата против анксиозноста. Дотогаш можете само да пробате. Кој знае, можеби ова е вашиот лек. Ако премногу ви е страв, секогаш можете да ѝ се вратите на медитацијата.rnrnПогледнете ги и овие 6 целосно неконвенционални начини за борба против анксиозноста.

  • Едноставен трик за справување со одбивањето

    Едноставен трик за справување со одбивањето

    Без разлика дали некој ја одбил вашата покана за состанок или не сте успеале да направите нов бизнис договор, одбивањето може да биде навистина болно. Без разлика како го гледате, навистина боли кога другите ќе ви свртат грб. Одбивањето влијае на вашата самодоверба, па сигурно ќе се сомневате во себе по ваков настан.rnrnЕдноставен трик за справување со одбивањетоrnrnНе постои магичен трик за справување со одбивањето. Сепак, постојат трикови што ќе ви помогнат да го направите справувањето многу полесно.rnrnТрикот не е да ги следите вашите резултати, туку бројот на одбивања. Кога ќе ги претворите одбивањата во игра со броеви („Ми требаат 99 одбивања за да добијам потврден одговор“), ќе почнете да го гледате одбивањето како мерка за продуктивност и напредок.rnrnОва е едноставна промена, а вашата перспектива и начинот на којшто размислувате може да направи огромна разлика.rnrnНема секогаш да знаете колку одбивања ќе ви требаат за она што сакате да го направите. Но можете да го користите трикот за собирање податоци и потоа да го откриете бројот, односно колку одбивања сте доживеале додека да добиете потврден одговор, или можете да претпоставите, да видите како функционира со одреден број и оттаму да се прилагодите.rnrnПа, ако барате состанок, дајте си задача да поканите одреден број луѓе. Ако сте на интервју за работа, претпоставете колку луѓе се интервјуирани, па потоа испратете резиме на толку работни места.rnrnСе разбира, нема потреба да го знаете точниот број. Целта на овој трик е што оваа перспектива ви го менува мислењето за одбивањето и ве охрабрува.rnОва ќе ви помогне да преземете нешто бидејќи ќе знаете дека резултатите ви се на дофат.rnrnБез разлика што се обидувате да направите, сепак треба да се соочите со одбивање и да излезете надвор. Нема друг пат. Со користењето на овој трик ќе ја отстраните емоционалната напнатост која доаѓа со одбивањето и ќе се фокусирате на успехот.rnrnДознајте и како да го побарате и добиете она што го сакате.

  • 11 мисли што ги има секој којшто тагува за некого

    11 мисли што ги има секој којшто тагува за некого

    Ако се чувствувате изгубено по смртта на некоја сакана личност, не заборавајте дека не сте сами. Многу луѓе се соочуваат со истите стравови кога станува збор за тагување за некого. Не знаат дали тагуваат „правилно“ и дали нивната реакција е нормална. Што и да направите е нормално. Ако и самите си ги поставувате овие прашања, не сте единствените. Ова се најчестите мисли што се појавуваат кај луѓето што тагуваат, па дознајте како да се справите со нив.rnrn11 мисли што ги има секој којшто тагува за некогоrn

    1. „Зарем не треба да ми е подобро досега?“

    rnПонекогаш луѓето очекуваат да ја преболат саканата личност за помалку од еден месец. На тагувањето му е потребно време. Живееме во култура каде што се очекува брзо да преболиме нешто и да продолжиме понатаму. Но, не секој е способен за ова. Вашата тага не е причина за грижа сè додека не го консумира целото ваше време и нема лошо влијание на вас. Во екстремни случаи, сепак е важно да побарате професионална помош.rn

    2. „Дали моите чувства се нормални?“

    rnКога тагуваат, луѓето чувствуваат гнев, тага, бес, вина, срам, страв, а понекогаш пак, не чувствуваат ништо. Важно е да знаете дека нема „нормални“ чувства. Проблемот настанува единствено ако им дозволите на овие чувства да владеат со вас. Слободно чувствувајте, но ако се чувствувате заглавено побарајте помош.rn

    3. „Не сум тажен/на. Дали тоа значи дека не тагувам?“

    rnВоопшто не. Тоа само значи дека сега чувствувате други нешта, а со тек на време, можеби ќе се појави и тагата. Ако некој не чувствува тага, најверојатно чувствува други работи – шок, вкочанетост, страв или гнев. Без разлика што чувствувате, во ред е. Тагата не е единствениот начин да жалите по некого.rn

    4. „Навистина сум гневен/на. Дали тоа е тагување?“

    rnГневот дефинитивно е дел од тагувањето, а на некои луѓе им е тешко да се справат со него. Луѓето често се изненадени кога чувствуваат гнев по губењето на сакана личност, но сепак оваа реакција е многу честа. Иако гневот е очекуван дел од тагувањето, ако тој прави да се однесувате лошо можеби е време да побарате помош и да се справите со него на здрав начин.rn

    5. „Не ми изгледа реално. Дали тоа е чудно?“

    rnВоопшто не е чудно. Тешко е да се прилагодите на оваа нова реалност, особено ако не сакате да ја прифатите. Тоа што сè ви изгледа нереално е начин на справување на вашата психа. Постојат нешта коишто е претешко да се прифатат како реални. Ова ќе се промени со текот на времето, но дури и подоцна може да ви биде тешко да поверувате дека сте ја изгубиле личноста.rn

    6. „Се чувствувам виновно. Мислам дека сè е моја вина…“

    rnКога ќе изгубиме работно место, врска, па дури и сакана личност, вината е обид да преземеме контрола. Ако се обвинувате себеси и откриете дека нешто можело да се направи поинаку, можно е во тој момент да се чувствувате подобро. Иако е важно да размислите за вашите избори по крајот на врската или некоја загуба, воопшто не е добро да ја преземете целата одговорност кога се справувате со смрт. Смртта никогаш не е ваша вина.rn

    7. „Сè уште немам заплачено. Дали тоа значи дека не го/ја сакав?“

    rnВоопшто не. Некои луѓе плачат многу, а некои не плачат воопшто. Вашето уникатно искуство со тагувањето не значи дека не сте ја сакале личноста. Ако не сте плачеле сега, не значи дека никогаш нема да заплачете.rn

    8. „Не ги чувствувам сите фази на тагувањето. Дали сè правам погрешно?“

    rnФазите на тагување не се црно-бели и не се искусуваат линеарно. Вашето тагување е уникатно и не постои правилен начин. Едноставно, тагувате на ваш начин.rn

    9. „Мислам дека не треба да чувствувам олку многу. Не сум единствената личност што се соочила со ова…“

    rnСамо затоа што многу други луѓе се соочиле со загуба, не значи дека вам ќе ви биде полесно да се справите со неа. Споредувањето на вашето искуство со туѓите нема воопшто да ви помогне. Од голема важност е да знаете дека и други се соочиле со истото, но нема потреба да ја намалувате вашата тага поради тоа.rn

    10. „Понекогаш се шегувам и се смеам за оваа загуба. Дали нешто не е во ред со мене?“

    rnХуморот ни помага да се справиме со тешките периоди. Смеењето на погреби и слични настани не е необично. Тоа може да биде механизам за справување со анксиозноста предизвикана од ненадејна загуба.rn

    11. „Не чувствувам никаква утеха. Дали нешто не е во ред со мене?“

    rnСо текот на времето ќе го прифатите она што се случило. Загубата е рана што е дел од вас. Ако најдете утеха, тоа значи дека раната е затворена засекогаш.rnrnДобро е да знаете и кои се разликите помеѓу привремената тага и депресијата.

  • 5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

    5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

    Според статистиката, околу 60% од луѓето ширум светот страдаат од лош здив. Дури и ако секојдневно ја одржувате хигиената во устата и не јадете многу лук, понекогаш лошиот здив може да се прикраде и да ви уништи некој настан. Па, доколку се најдете во ваква ситуација, а со себе немате гума за џвакање, овие совети ќе ви бидат од корист.rn

    Причини за лош здив

    rn5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здивrnrnЛошиот здив се појавува поради бактериите во устата кои се размножуваат од разни фактори. Ако се соочувате со овој проблем, најпрво обрнете внимание на хигиената во вашата уста и на вашите навики за исхрана. Ова се некои од најчестите причини за лош здив:rn

      rn 011

    • Јадење многу храна богата со сулфур
    • rn 011

    • Цигари и алкохол
    • rn 011

    • Усен микробиом
    • rn 011

    • Болест на непцето
    • rn 011

    • Стрес и анксиозност
    • rn 011

    • Орални инфекции
    • rn 011

    • Кариес
    • rn

    rn

    1. Пиење вода

    rn5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здивrnrnБактериите во нашата уста испуштаат гасови со лош мирис, а плунката го спречува ова. Па, колку повеќе вода пиете, толку повеќе ќе се намали проблемот со лошиот здив. Ако имате сува усна празнина, доволно е да испиете чаша вода.rn

    2. Џвакајте тревки како нане, босилек и магдонос

    rn5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здивrnrnАко сте на некоја забава, можете да џвакате некоја тревка или зачин, како на пример нане. Ова нема да ви ги исчисти забите, но ќе го освежи вашиот здив. Навистина е ефективно, но функционира многу краток период.rn

    3. Изедете јаболко

    rn5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здивrnrnКога излегувате од дома, со себе понесете јаболко. Јаболката содржат оксидирани полифеноли кои ја неутрализираат лошата миризба во устата. Исто така јаболката ги чистат вашите заби благодарение на нивната текстура.rn

    4. Изедете лимон

    rn5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здивrnrnЛимоните не само што се здрави, туку тие се навистина корисни во борбата против лошиот здив. Тие ги убиваат бактериите во усната празнина и со тоа ја спречуваат лошата миризба. Доволно е да изедете едно парче лимон или да го исцедите во чаша вода. Лимонот е исто така ефективен и откако ќе изедете лук или кромид.rn

    5. Користете спреј за уста

    rn5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здивrnrnАко постојано имате проблем со лош здив, можете да употребувате спреј за освежување на здивот. Ова е одлично решение за луѓето кои имаат проблеми со вилицата и не можат да џвакаат гума за џвакање.rnrnПогледнете и кои се телесните миризби што не треба да ги игнорирате.

  • Како ви штети самосожалувањето и ви ја одзема моќта?

    Како ви штети самосожалувањето и ви ја одзема моќта?

    Една од најважните карактеристики што ги прави луѓето ментално силни е нивната самоконтрола во која било ситуација. Овде не станува збор за недостаток од страв, туку за знаење како да се соочат со тој страв.rnrnКако ви штети самосожалувањето и како ви ја одзема моќта?rnrnОвие луѓе можат да се справат и со најстресните ситуации, а токму поради тоа се разликуваат од другите. Тие се во состојба да откријат кои нешта им ја намалуваат самопочитта и ги отстрануваат пред да бидат победени од нив.rnrnГрупа истражувачи интервјуирале 10 ментално силни луѓе и откриле дека сите делат слично мислење – самосожалувањето го уништува животот. Всушност, ова може да биде најдеструктивната навика што ве прави немоќни и неспособни да се справите и со најмалите пречки на патот.rnrnМентално силните луѓе го препознаваат самосожалувањето и веднаш го спречуваат. Тие се свесни дека тоа е битка што ќе ја изгубат уште пред да започне. Па, погледнете како оваа навика му штети на вашиот карактер и ви ја одзема моќта.rn

    1. Самосожалувањето го поттикнува таложењето на негативности

    rnЖивотот е циклус од победи и неуспеси. Учите од неуспесите, а стекнувате самодоверба од успесите. Ако не ги гледате работите на овој начин, ќе заклучите дека животот е битка во која секогаш треба да добивате. Кога нема да победите, ќе мислите дека нешто не е во ред со вас.rnrnАко не го препознавате овој мисловен процес, си наштетувате себеси и го уништувате вашиот свет. Тогаш почнува и да се таложи негативноста. Недостигот од самопочитување може да ја намали вашата енергетска вибрација. Кога другите ќе почувствуваат дека имате ниска вибрација, ќе почнат да се држат подалеку од вас, а вие ќе станете уште поизолирани.rn

    2. Самосожалувањето ви ја уништува продуктивноста

    rnКога самосожалувањето ја уништува самопочитта, почнува да страда и вашата продуктивност. Оваа состојба најверојатно ќе ве направи апатични. Со тоа ќе настанат проблеми на работното место кои сигурно ќе ги однесете и дома и ќе ги раширите низ саканите личности.rnrnНајлошо од сè е што ќе ви недостига мотивација да преземете нешто во врска со проблемите. Тогаш повторно се појавува апатија и повторно почнувате да се сожалувате, па уште толку ја уништувате вашата продуктивност.rnrnНајдобриот начин да излезете од овој циклус е да го спречите самосожалувањето уште пред да настане. Друга опција е веднаш да преземете одговорност и да се присилите да направите нешто.rn

    3. Самосожалувањето ја блокира способноста за учење

    rnМожете да ги искористите грешките во ваша корист и да ги согледате можностите за учење и созревање. Самосожалувањето не ви дозволува да ги гледате грешките на овој начин. Наместо тоа, веројатно ќе окривувате други за вашите тешкотии со кои сте се соочиле кога сте му се препуштиле на самосожалувањето.rnrnМентално силните луѓе секогаш ја гледаат посветлата страна на животот, дури и кога се чувствуваат лошо. Чувствуваат кога нивната болка ќе се намали и бараат простор за созревање. Да бидете ментално силни не значи никогаш да не грешите. Потребно е да се соочите со вашите неуспеси и да ги искористите како предност.rnrnПрочитајте ги и вистините што ги знаат само ментално силните луѓе.