Припадничките на секој хороскопски знак имаат различни начини за справување со кризни ситуации. Астролозите подготвиле една ранг листа со хороскопски знаци кои најдобро, односно најлошо се справуваат со социјалната изолација. Проверете на кое место се наоѓа вашата сопруга.rnrn
rn
1. Девица
rnДевица би била најдобра сопруга за време на апокалипса затоа што буквално никогаш нема да мора да се грижите за ништо. Таа е подготвена на сè. Потребно ви е ефикасно средство за миење на раце од Франција? Таа го има купено пред 6 месеци, за секој случај. Потребно ви е чаша од најдоброто вино што може да се понуди оваа сезона? Таа има зачувано за секој случај во подрумот. Потребно ви е некој за да разговарате, или да дебатирате со него, за сè што ќе ви падне на памет? Таа е тука да ве ислуша. Сакате да бидете интимни? Таа ќе го „зачини“ вашиот љубовен живот. Кога сите се под притисок, таа е смирена, опуштена и организирана како што и се очекува од неа. Воглавно, таа е пленот кој ви е потребен да го уловите.rn
2. Бик
rnЖената Бик можеби не е најорганизирана кога станува збор за планирање на крајот на светот, но нејзината екстремна потреба за удобност во секојдневниот живот ја прави одлична сопруга за време на апокалипсата бидејќи секој ден во изолација ќе се чувствува како во ден со совршено исполнет дневен ред. Дали вашата сопруга Бик ќе биде доволно организирана за да има план за евакуација, кој не се состои од кревање на рамениците и „дремење“ во текот на кризата? Апсолутно не. Дали таа ќе ви запали романтична вечера со највкусен оброк во животот, ќе направи да пливате во магичниот разговор за Универзумот и вонземјаните и ќе направи да се смеете до солзи со новата комедија на Нетфликс? Да. Плус, се вели дека единствено се среќни луѓето кои се со Бик. И тоа е така.rn
3. Вага
rnВага како сопруга за време на апокалипсата е трета на листата затоа што ја фаворизира убавината и љубезноста како животот да им зависи од тоа. Ако сакате да се изолирате со некого кој не само што ќе ви посвети големо внимание, туку ќе ви го направи и опкружувањето совршено луксузно, удобно и стилски, тогаш ви е потребна Вага. Вагите се флексибинли, па ова ќе биде најопуштената жена која ќе ја имате до себе додека светот завршува.rn
4. Близнаци
rnБлизнаците се толку мили, забавни и интересни човечки суштества. Може да бидете сигурни дека додека сте во карантин, комуникацијата ќе биде апсолутно најдобра. Бидејќи таа постојано бара нови ангажмани за да се активира и двајцата ќе продолжите да наоѓате нови и возбудливи начини за да бидете зафатени и да се забавувате. Бидејќи Близнаците не би преживеале без внимание, можете да бидете сигурни дека ќе сакаат да ве имаат покрај себе. Само немојте да ја игнорирате жената во знакот на Близнаци и ќе бидете најсреќниот мал изолиран пар до крај на светот.rn
5. Риби
rnЖената во знакот на Риби нема да штеди на ништо за да ве израдува. Како сопруга во карантин, таа ќе направи и дополнителни нешта за да ги задоволи вашите потреби. Сепак, таа е, исто така, исклучително чувствителна и може да биде нерасположена од време на време. И покрај нејзината способност да навлезат во вашите чувства, Рибите се лојални и грижливи. Низ што и да поминувате, оваа жена ќе биде тука да ве ислуша и да направи да се чувствувате подобро. Кога сте изолирани со жена во знакот на Риби, таа ќе направи да се чувствувате како во мирен сон, иако на моменти може да се појават и мали бури.rn
6. Скорпија
rnЖена Скорпија е крајно тешка, па доколку барате сопруга за време на апокалипса која ќе се грижи за сè и ќе ви дозволува да ги живеете деновите удобно, продолжете да го разгледувате списокот. Доколку барате личност која е длабоко страсна, па нема да ги тргне рацете од вас, го пронајдовте вашиот партнер.rn
7. Водолија
rnОвој тип на жена е силна и независна и отсекогаш живее како што таа мисли, така да изолацијата нема да ја промени. Водолиите се екстремно добро прилагодени за да ги направат дури и најчудните ситуации да се доживуваат како нормални, па можете да бидете сигурни дека вашата Водолија ќе го стори токму тоа.rn
8. Лав
rnНајдобро нешто што имаат сопругите од овој знак е тоа што тие се навистина забавни. Никогаш нема да имате досаден момент со личност која буквално копнее по внимание како тоа да е нивен извор на живот. Постојано ќе ве забавува. Сепак, овие жени, исто така, можат да бидат и екстремно нерасположени. Тоа е нивен начин на однесување, па доколку не се согласувате со нив, или направите нешто што би ги вознемирило, или ако не ви се допадне некој од многуте постови кои ги објавуваат на Инстаграм, најверојатно ќе ве исфрлат на улица за сам да се грижите за себе.rn
9. Јарец
rnДали ќе имате стратегија за излез, сокриени залихи од храна, големи резервни планови и доволно сигурност на долгорочен план? Да. Дали ќе седите и гледате како некој се измачува со работата од дома? Исто така да. Дури и апокалипсата не може да ја запре жената Јарец, па не очекувајте да уживате во скоро време со неа, освен ако ви се допаѓаат табеларни пресметки и ако не уживате во часовите поминати во аналитичко истражувања на берзите. Доколку ви се допаѓа како таква, бидете со неа. Но, навистина, трепнете двапати доколку ви е потребна помош.rn
10. Рак
rnИ покрај тоа што Ракот е личност која длабоко чувствува и дава многу љубов, Раковите се, исто така, претеруваат во изразувањето на своите чувства, па тоа може да ве презасити во карантин, особено кога имате други работи за кои треба да се грижите. Тие постојано ќе разговараат со вас и ќе ве прашуваат дали сте добро. Па доколку ги погледнете на погрешен начин, тие ќе бидат тажни. Доколку на своето куче му посветувате повеќе внимание отколку на нив? Тие повторно ќе бидат тажни. Доколку го тргнете погледот од нив на една минута? Исто така ќе бидат тажни. Ова можеби не е енергијата која ви е потребна кога светот каков што го знаеме доживува фијаско.rn
11. Овен
rnЖената во знак на Овен ќе биде неверојатно забавна сопруга за време на апокалипсата, но доколку направите нешто што ќе ја налути или вознемири, таа гласно ќе вреви до крајот на карантинот. Доколку се случи ова, таа исто така, нема да биде заинтересирана да ве заштити, така што може да се откаже од вас толку лесно како и што се заљубила. Врската со жената Овен исклучително брзо може да стане токсична, па можеби не ви е од интерес да одберете сопруга со која не би можеле да поминете неколку недели во изолација доколку работите не се одвиваат по нејзино.rn
12. Стрелец
rnСопруга Стрелец веројатно најбрзо ќе ве натера да побегнете од дома. Дали е потребно да се каже повеќе?rnrnМожеби сакате да прочитате и кои се најинтересните жени во хороскопот и зошто се толку посебни?rn