КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • Кои намирници ги намалуваат симптомите на алергија?

    Кои намирници ги намалуваат симптомите на алергија?

    Тешко е максимално да уживате во убавото време кога очите ве чешаат, носот ви тече и постојано кивате или страдате од симптоми поврзани со алергии, познати и како алергиски ринитис.rnrnКои намирници ги намалуваат симптомите на алергија?rnrnПокрај лековите за олеснување на симптомите, постојат одредени намирници кои не само што ќе го зајакнат вашиот имунитет туку и ќе ви помогнат да се ослободите од алергиите на природен начин.rn

    Кромид

    rnКромидот е природен антихистамин (група на лекови која се користи за справување со алергиите), богат со кверцетин, флавоноид кој има силно антиоксидативно дејство. Кверцетинот го блокира производството и ослободувањето на хистамин, процес вклучен во алергискиот одговор на телото, како и помага при инхибиција на други алергиски и воспалителни процеси. Други добри извори на кверцетин се: јаболка, црвено вино, каперси, црн пипер, коријандер, црн и зелен чај, банани и пиперки.rn

    Кефир

    rnОвој ферментиран млечен производ содржи пробиотици за кои е докажано дека го намалуваат воспалението на носните патишта, ги третираат сезонските алергии и го зајакнуваат имунитетот. Други извори на пробиотици се јогуртот и киселата зелка.rn

    Портокал

    rnПортокалите се богати со витамин Ц кој делува како природен антихистамин, но и со кверцетин, а комбинацијата од кверцетинот и витаминот Ц помага при намалување на воспалението. Други извори на витамин Ц се: агруми, пиперки, брокула, јагоди, папаја и манго.rn

    Мед

    rnПокрај веќе познатите антиинфламаторни својства, медот може да ги намали алергиите доколку се зема на самиот почеток на сезоната. Кај луѓето кои редовно консумираат домашен мед, симптомите од алергија на полен се намалени за дури 60%.rn

    Куркума

    rnОвој зачин содржи куркумин, антиинфламаторно соединение кое го спречува ослободувањето на хистамин и го намалува оксидативниот стрес и алергискиот одговор. Куркуминот исто така го зголемува протокот на воздух во носот и го зајакнува имунолошкиот одговор кај луѓето со алергии. Апсорпцијата на куркуминот се зголемува доколку куркумата ја консумирате заедно со црн пипер.rnrnОткако прочитавте кои намирници ќе ви помогнат да се справите полесно со симптомите на алергија, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те грешки што ги правите кога имате алергија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Како полесно да ги надминете одбивањето и отфрлањето?

    Како полесно да ги надминете одбивањето и отфрлањето?

    Без разлика дали се работи за љубовта, работата, пријателството, одбивањето/отфрлањето боли, нели? Тоа е дел од животот и како такво е неизбежно, па најважно е да научите да го прифаќате. Еве на кој начин можете да го направите тоа.rnrnКако полесно да ги надминете одбивањето и отфрлањето? rn

    1. Одбивањето можеби изгледа страшно, но може да се преживее

    rnМожеби мислите дека сте единствената личност која се плаши да не биде отфрлена, но многу други го имаат истиот страв. Сепак, не дозволувајте вашиот страв да ве спречи да се обидувате – наместо тоа, научете ги лекциите од вашите досегашни искуства.rn

    2. Сите ние сме го доживеале истото чувство

    rnДури и најспособната личност што ја познавате некогаш се почувствувала отфрлена или била одбиена за одредена работа. Затоа, дури и ако го доживеете истото чувство, не откажувајте се од вашите соништа.rn

    3. Секогаш постои дом за вашиот талент

    rnАко ве одбијат од одредена компанија или универзитет, можеби само тропате на погрешна врата. Продолжете да барате излез и да се усовршувате.rn

    4. Откажувањето е најлошата можна реакција на одбивањето

    rnАко сте сериозни за постигнување на вашите цели, продолжете да се борите и понатаму.rn

    5. Одбивањето ќе ви помогне да растете и на личен и на професионален план

    rnМожеби ќе откриете дека ова искуство ќе ви даде креативност и решителност за да продолжите да работите на вашите цели.rnrnОткако прочитавте за начините на кои полесно можете да се справите со одбивањето и отфрлањето, можеби ќе сакате да прочитате и зошто отфрлањето не ги допира силните жени.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Што е егзистенцијална криза и како да се справите со неа?

    Што е егзистенцијална криза и како да се справите со неа?

    Дали некогаш сте се запрашале што претставува егзистенцијалната криза или сте биле принудени да се соочите со неа? Еве како да се справите со егзистенцијалната криза!rnrnШто е егзистенцијална криза и како да се справите со неа? rnrnЕгзистенцијалната криза е период на интензивно испрашување и неизвесност за смислата и целта на животот. Ова чувство се појавува кога почнувате да се прашувате дали има повеќе во животот од она што го доживувате моментално или дали воопшто има некаква смисла во вашето постоење.rnrnСпоред психолозите, егзистенцијалната криза се јавува како резултат на внатрешни конфликти и е пропратена со овој тип на емоции:rn

      rn 011

    • Вознемиреност
    • rn 011

    • Чувство на празнина
    • rn 011

    • Безнадежност
    • rn 011

    • Анксиозност
    • rn 011

    • Депресија
    • rn

    rnСправувањето со егзистенцијална криза може да биде предизвик и болно искуство. Во продолжение прочитајте кои се најчестите совети на психолозите за полесно справување со истата.rn

    1. Препознајте ги вашите чувства

    rnПрвиот чекор во справувањето се состои од тоа да ги признаете вашите чувства и да си дозволите да ги доживеете. Во ред е да се чувствувате изгубени или несигурни за смислата на животот, а преку препознавање на овие чувства, можете да почнете да работите на нив.rn

    2. Размислете за вашите вредности

    rnМоже да ви биде тешко да ги признаете вашите чувства, но можете да одвоите малку време за да размислите за вашите лични вредности и она што ви е најважно. Ова може да ви помогне да стекнете јасност за вашите приоритети и цели и може да ви помогне да ја најдете вашата цел во животот.rn

    3. Бидете благодарни

    rnПрактикувањето благодарност може да помогне да го префрлите вашиот фокус од она што недостасува во животот кон она за што сте благодарни. Почнете да пишувате дневник во кој секој ден ќе наведете минимум една работа која ви се случила во текот на денот за која сте благодарни.rn

    4. Медитирајте

    rnМедитацијата може да ви помогне да станете поприсутни и поприземни во моментот, да ја намали анксиозноста и да ви помогне да се фокусирате на она што е најважно овде и сега.rn

    5. Грижете се за себе

    rnФизичката и психичката грижата за себе може да игра голема улога во вашата благосостојба. Спијте доволно, хранете се здраво, вежбајте и размислете кои активности можат да ви помогнат да се опуштите и да го намалите стресот.rn

    6. Поврзете се со другите

    rnПоврзувањето со другите кои ги споделуваат вашите интереси и вредности може да биде корисен начин за да пронајдете поддршка и чувство на припадност.rn

    7. Вклучете се во креативни активности

    rnКреативните активности како пишување, цртање или музика можат да ви помогнат да ги анализирате вашите внатрешни мисли и емоции на продуктивен и позитивен начин.rnrnСите овие чекори не се подеднакво ефективни за секој поединец во обидот да ја надмине егзистенцијалната криза. Но, можат да ви дадат насоки како да се справите со неа. Не заборавајте дека иако процесот на надминување на егзистенцијалната криза е тежок и болен, сепак претставува и можност за раст и самооткривање.rnrnОткако прочитавте за егзистенцијалната криза, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е тешко вистински да се поврземе со другите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 5 начини за справување со чувството на безнадежност!

    5 начини за справување со чувството на безнадежност!

    Понекогаш е сосема нормално да се чувствувате безнадежни, но кога ова чувство станува постојан дел од вас уништувајќи го секој обид да бидете оптимисти, тогаш тоа станува загрижувачко. Што ја предизвикува безнадежноста и што можете да направите за да се чувствувате подобро?rnrn5 начини за справување со чувството на безнадежност!rn

    1. Поголема ангажираност

    rnОтфрлањето на пасивноста и негативното размислување бара повеќе да се вклучите во светот околу вас. Дури и ако не сакате, од суштинско значење е да се обидете. Затоа, направете го првиот чекор за да ја напуштите вашата удобна зона и ќе увидите како набргу работите ќе почнат да се подобруваат.rn

    2. Алтруизам

    rnАлтруизмот е едно од најмоќните оружја против безнадежноста. Како што вели будистичката поговорка: ,„Кога ќе запалите фенер за друг, тој исто така ќе го осветли и вашиот пат“. Престанете да се фокусирате на вашите проблеми и посветете малку време и на другите така што ќе им помагате и ќе ги сослушате. Не заборавајте дека секогаш кога на другите им давате надеж, ја добивате и вие.rn

    3. Негувајте ја смислата за хумор

    rnСмеата е добар лек за менталното здравје. Според одредени студии, смеењето може да го зајакне имунолошкиот систем со оглед на тоа дека може да ги намали хормоните на стресот.rn

    4. Сосредоточување на сегашниот момент

    rnМедитацијата, јогата и молитвата можат значително да го подобрат вашето ментално здравје така што ќе ве инспирираат максимално да го искористите секој миг од вашиот ден. Саморефлексијата, исто така, може да ви помогне полесно да се изборите со негативните мисли.rn

    5. Одлучност

    rnНајважната алатка која ќе им стави крај на безнадежните мисли е решителноста. Без разлика на сесиите со психолози, лековите, советувањата и терапиите, само вие можете вистински да си помогнете себеси така што ќе одлучите каква личност сакате да бидете и ќе ги пренасочите вашите мисли и постапки во таа насока.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со безнадежноста, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 нешта треба да ги направите кога се чувствувате депресивно без причина.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да се справите со токсичната работна атмосфера?

    Како да се справите со токсичната работна атмосфера?

    Дали се плашите од помислата дека утре треба да одите на работа? Без разлика дали се работи за строг шеф, натрупан распоред со задачи или злонамерни колеги, токсичната работна средина може да има значителен негативен ефект врз вашето ментално здравје, а тоа може да доведе до високи нивоа на стрес, несоница и депресија.rnrnКако да се справите со токсичната работна атмосфера?rnrnВажно е да ги препознаете знаците на токсична работна средина и да знаете кога е време да заминете. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за тоа како да се справите со неа.rn

    Запомнете дека не сте вие виновни

    rnНегативната енергија на вашето работно место не е ваша вина. Иако позитивниот став може да помогне во одредени ситуации, запомнете дека вие самите не можете да ја подобрите енергијата и начинот на размислување/однесување на вашите колеги.rn

    Направете пауза за ручек на друго место

    rnЗадолжително направете пауза за ручек надвор од работната средина. Седнете во природа ако е можно.rn

    Поставете граници

    rnНе дозволувајте да бидете малтретирани и да ја прескокнувате паузата за ручек или да работите дополнителни часови за кои нема да добиете надомест. Објаснете му на вашиот шеф дека ви е потребна пауза за да се одморите и добро да ја завршите својата работа.rn

    Фокусирајте се на вашите цели

    rnБез разлика на сè, обидете се да останете позитивни. Нема да бидете тука засекогаш затоа што имате поголеми и подобри цели пред вас.rn

    Отстранете ја напнатоста по работата

    rnСледете ги вашите мали ритуали кои можат да ви помогнат да ги отстраните негативната енергија и напнатоста по завршувањето на работата како топол туш, прошетка во природа или разговор со пријател.rn

    Не ги заборавајте вашите вредности

    rnАко некој на работа е суров кон вас, потрудете се да не одговорите на ист начин. Тоа само ќе направи ситуацијата да ескалира.rn

    План Б

    rnАко не постојат знаци за прекинување на токсичната работна атмосфера во блиска иднина, започнете со потрагата по ново работно место.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да се справите со токсичната работна атмосфера, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци укажуваат дека имате токсично работно место.rnrnИзвор: healthline.com

  • 5 брзи и едноставни начини за справување со анксиозноста

    5 брзи и едноставни начини за справување со анксиозноста

    Мала доза на анксиозност е нормална, па дури и неопходна како инстинкт за преживување, но таа може да постане проблем кога ќе почне да го нарушува вашето секојдневие. За да спречите анксиозноста да влијае на квалитетот на вашиот живот, можете да ги погледнете нашите едноставни совети за справување со анксиозноста.rnrn5 брзи и едноставни начини за справување со анксиозностаrn

    1. Активен живот

    rnИстражувањата покажале дека вежбањето и целокупниот активен начин на живот можат да помогнат во намалувањето на ефектите од хроничните болести како анксиозноста. Вежбањето ви помага да го оттргнете умот од работите што ве прават вознемирени. Покрај тоа, кога вежбате, пулсот се зголемува, што ја менува хемијата на вашиот мозок создавајќи неврохемикалии кои се борат против анксиозноста. Редовното вежбање исто така ја подобрува концентрацијата, што, од друга страна, помага да се намалат стресот и вознемиреноста.rn

    2. Медитација

    rnСо помош на медитацијата можете да го смирите вашиот ум, да ги разјасните вашите збунувачки емоции и да имате поприсебен и прониклив поглед.rn

    3. Ароматерапија

    rnАроматерапијата може да ги намали крвниот притисок и отчукувањата на срцето, да го подобри расположението и квалитетот на вашиот сон.rn

    4. Билни чаеви

    rnДокажано е дека билниот чај е корисен за смирување на нервите и за подобрување на сонот. Според едно истражување, билните чаеви се богати со природни биоактивни соединенија кои се карактеризираат со антиоксидантски, антивирусни и антибактериски својства.rn

    5. Подобро управување со времето

    rnЧестопати, стресот се јавува како резултат на пренатрупаниот распоред. Но, ако можете однапред да подготвите соодветен план и ефективно да управувате со вашето време, ќе можете да се справите со вашата анксиозност на многу подобар начин.rnrnОткако ги прочитавте нашите едноставни совети за анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и 28 лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Уморни сте од животот? Еве како можете да се справите со секојдневните стресови и обврски!

    Уморни сте од животот? Еве како можете да се справите со секојдневните стресови и обврски!

    Брзото темпо на живот кое е карактеристично за нашето време, ни го наметнува стресот од секојдневните обврски и задолженија, без разлика дали сме дома или на работа. Во продолжение прочитајте што можете да направите доколку се чувствувате уморни од животот и сте преоптоварени со обврски.rnrnУморни сте од животот? Еве како можете да се справите со секојдневните стресови и обврски!rn

    Посветете им се на вашите приоритети

    rnНаместо да го преоптоварувате вашиот распоред со непотребни задачи и настани, размислете за тоа кои работи ви се приоритетни во моментов и започнете да работите на нив.rn

    Поставете граници и кажете „не“

    rnЗапомнете дека понекогаш морате да кажеме „не“ на добрите работи за да можете да кажеме „да“ на поголемите работи. Кога ви е тешко да кажете „не“, вашиот распоред се преполнува со работи кои ви се непотребни, не ви служат и се работи што навистина не сакате да ги правите.rn

    Грижете се за себе

    rnКога сте преоптоварени со обврски, запрете за миг и размислете дали во сиот тој процес полн со грижи и стресови сте се запрашале како сето тоа може да влијае врз вашето ментално и физичко здравје. Во колкава мера се грижите за себе? Дали сметате дека тоа е доволно? Не заборавајте дека грижата за себе ги вклучува сите 4 аспекти на вашето битие: менталниот, емоционалниот, духовниот и физичкиот. Обидете се да му посветите доволно внимание на секој од овие 4 аспекти и за кратко време ќе забележите подобрување кое, од друга страна, ќе ви пружи повеќе самодоверба и можност за уживање во вашето секојдневие.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 книги ќе ви помогнат да го подобрите расположението и начинот на размислување.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Како да се сакате себеси во моментите на депресија?

    Како да се сакате себеси во моментите на депресија?

    Еден од најважните чекори кој ќе ви помогне полесно да се справите со депресијата е да се сакате повеќе себеси. Од друга страна, доколку работите на развивање позитивен однос кон себе, ќе имате продуктивни, и урамнотежени здрави односи со вашите пријатели, семејството и колегите.rnrnКако да се сакате себеси во моментите на депресија?rnrnШто значи да се сакате себеси? Значи да се грижите и цените себеси на сличен начин како што би сакале некој пријател или член на семејството. Тоа значи дека издвојувате време да се запознаете себеси, да се почитувате и да развиете врска со себе. Тоа значи и дека ќе се грижите за себе и ќе практикувате навики кои ќе ја подобрат вашата благосостојба и ќе ви бидат еден вид штит од надворешните негативни влијанија. Во продолжение прочитајте како да се сакате себеси во моментите кога се соочувате со депресија.rn

    1. Почнете повеќе да се грижите за себе

    rnГрижата за себе во овој момент сигурно ќе биде тежок чекор со оглед на тоа дека правењето нешто убаво за себе е последното нешто за кое веројатно сакате да размислите или за што можете правилно да размислите сега. Но, од големо значење е да почнете да ги правите оние мали нешта кои можат да ви дадат енергија да се справите со поголемите предизвици. Зборуваме за секојдневни навики како грижата за себе, хигиената, здравата исхрана, прошетките, разговор со вашите најблиски.rn

    2. Воздржете се од самоосудување

    rnЗнаете дека вие самите сте си најсуровиот критичар со оглед на тоа дека постојано ви се вртат во глава осуди и критики за она што сте го сториле или она што требало, а не сте го направиле. Првиот чекор е да престанете да се осудувате себеси бидејќи никој не е совршен. Прифатете го фактот дека грешките можат да ви помогнат да се подобрите и подобро да се спознаете себеси. Можеби сè уште не сте ги постигнале вашите цели, но доволно е сознанието дека се движите во вистинската насока. Освен тоа, не споредувајте се со другите бидејќи секој се соочува со предизвици и разноразни битки во животот.rn

    3. Простете си себеси

    rnСите грешиме, сите попуштаме кога не треба, сите на моменти им даваме приоритет на погрешните работи. Уште една потврда дека се сакате себеси е оставањето простор за грешки. Сè што треба да направите е да бидете искрени и да го прифатите фактот дека сте направиле грешка и дека ќе работите да се подобрите.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да се сакате себеси во моментите на депресија, можеби ќе сакате да прочитате и за раните симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 5 причини поради кои се откажуваме од нашите цели и како да се справиме со нив

    5 причини поради кои се откажуваме од нашите цели и како да се справиме со нив

    Дали некогаш сте посакале да се откажете од вашите цели? Не знаевте како да постапите за одново да добиете мотивација и да продолжите понатаму? Не заборавајте дека најважно е да бидете упорни и да работите на проблемите кои го отежнуваат стигнувањето до целта. Еве пет вообичаени причини поради кои сакаме да се откажеме од нашите цели и како да се справиме со секоја од нив:rnrn5 причини поради кои се откажуваме од нашите цели и како да се справиме со нивrn

    1. Умор

    rnВашиот физички умор влијае на вашиот ум и емоции. Кога сте физички исцрпени, немате волја и мотивација да ги надминете предизвиците.rnrnРешение: Грижете се за вашето тело и погрижете се да се одморите доволно. Не заборавајте дека во просек на возрасните им требаат околу осум часа сон.rn

    2. Обесхрабрување

    rnПонекогаш се чини дека вашите проблеми се трупаат еден врз друг и затоа едноставно сакате да се откажете. Освен тоа, многу е полесно да бегате од вашите проблеми отколку директно да се справите со нив.rnrnРешение: Ослободете се од вашите негативни емоции на здрав начин. Одете на прошетка, водете дневник, поминувајте повеќе време со луѓето што ве прават среќни. Не заборавајте дека бегањето од вашите проблеми само ќе ги влоши.rn

    3. Збунетост

    rnДали некогаш сте го изгубиле фокусот и не сте знаеле по кој пат да одите? Ако е така, не сте сами. Секој барем еднаш во животот го искусил чувството на изгубеност.rnrnРешение: Поврзете се повторно со вашата цел и визија. Каде сакате да бидете за една, две или пет години? Размислете за вашите долгорочни цели и чекорите што морате да ги преземете за да стигнете таму. Кога прецизно ќе ги одредите вашите цели и визии во вас патот пред вас ќе стане јасен.rn

    4. Преоптовареност

    rnИма моменти кога сте се посветиле на премногу обврски и се чувствувате целосно преоптоварени.rnrnРешение: Поставете приоритет на вашите обврски. Не можете да направите сè и затоа неопходно е да се фокусирате на најважните работи.rn

    5. Каење

    rnАко постојано се навраќате на грешките што сте ги направиле во минатото, нема да можете да се фокусирате на иднината.rnrnРешение: Не задржувајте се на минатото бидејќи не можете да го промените. Учете од вашите грешки и применете ги тие лекции на сегашноста и иднината. Фокусирајте се на она што можете да го промените, а тоа сте вие самите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и 6 причини зошто откажувањето е најлошиот избор за вас.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 7 едноставни совети за справување со анксиозноста

    7 едноставни совети за справување со анксиозноста

    Една од последиците на брзиот и динамичен начин на живеење е анксиозноста. Сепак, не секогаш таа може да ни влијае негативно со оглед на тоа дека нè прави свесни за опасноста, нè мотивира да останеме организирани и подготвени и ни помага да се соочиме со ризиците. Но, неконтролираната анксиозност може многу да влијае на квалитетот на животот. Еве на кој начин можете да се справите со неа.rnrn7 едноставни совети за справување со анксиозностаrn

    1. Бидете активни

    rnРедовното вежбање не само придонесува за подобрување на физичкото здравје туку тоа може да биде и од огромна помош за вашето ментално здравје. Тоа може да го оттргне вашето внимание од она што ве прави вознемирени. Меѓу другото, истражувањата покажале дека редовното вежбањето води до зголемување на концентрацијата и волјата за работа, што може да помогне во одредени симптоми на анксиозност.rn

    2. Намалете со алкохолот

    rnИстражувањата покажале дека намалената консумација на алкохол може значително да ги намали нивоата на анксиозност и депресија. Од друга страна, претераното консумирање алкохол може да ја попречи рамнотежата на невротрансмитерите кои се одговорни за позитивното ментално здравје.rn

    3. Размислете за откажување од пушење цигари

    rnПушачите често посегнуваат по цигара за време на стресни времиња. Сепак, како и пиењето алкохол, пушењето цигара кога сте под стрес е брз лек што може само да ја влоши анксиозноста со текот на времето.rn

    4. Ограничете го внесот на кофеин

    rnАко имате хронична анксиозност, кофеинот не е ваш пријател бидејќи може да предизвика анксиозни нарушувања. Исто така, може да предизвика напади на паника кај луѓе со панично растројство. Според одредени истражувања, елиминирањето на кофеинот може значително да ги намали симптомите на анксиозност.rn

    5. Спијте доволно

    rnДокажано е дека спиењето е важен елемент за доброто ментално здравје. Се препорачуваат 7 до 9 часа сон за нормално функционирање на телото.rn

    6. Урамнотежена исхрана

    rnНиското ниво на шеќер во крвта, дехидрацијата или хемикалиите во преработената храна, како што се вештачки ароми, вештачки бои и конзерванси, може да предизвикаат промени во расположението кај некои луѓе. Диетата богата со шеќер, исто така, може да влијае врз расположението. Затоа се препорачува урамнотежена исхрана богата со јаглехидрати, овошје и зеленчук.rn

    7. Обидете се со ароматерапија

    rnАроматерапијата е холистички третман за лекување што луѓето го користат илјадници години. Притоа се користат природни растителни екстракти и есенцијални масла кои дејствуваат поволно врз благосостојбата на умот, телото и духот. Целта на ароматерапијата е да го подобри физичкото и емоционалното здравје. Етеричните масла создадени од природните растителни екстракти може директно да се вдишат или да се додадат во топла бања. Ароматерапијата може да ви помогне:rn

      rn 011

    • да се опуштите
    • rn 011

    • да спиете подобро
    • rn 011

    • да го подобрите расположението
    • rn 011

    • да ги намалите отчукувањата на срцето и крвниот притисок
    • rn

    rnНекои есенцијални масла за кои се верува дека ја ублажуваат анксиозноста се:rn

      rn 011

    • бергамот
    • rn 011

    • лаванда
    • rn 011

    • жалфија
    • rn 011

    • грејпфрут
    • rn

    rnОткако прочитавте на кој начин можете да ја намалите анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и за 28-те лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме.rnrnИзвор: healthline.com