Се чувствувате „заглавени“ и не знаете како да продолжите понатаму? Секој од нас во одреден момент од животот се справува со тешки предизвици, без разлика дали станува збор за кариерата, врската или животот воопшто. Еве на кој начин можете да се справите со проблемите дури и ако тие ви се чинат нерешливи.rnrn
rnrnКако прво нешто што морате да направите е да го прифатите проблемот и да не се обидувате да го занемарите, или уште полошо, да се обидете да избегате од него. Тоа, за жал, не е решението. Кога ќе ја прифатите ситуацијата онаква каква што е ќе имате повеќе храброст да се соочите со истата. Тоа ќе ви даде и сила за да направите избор кој што можеби во нормална ситуација не би го направиле, но не заборавајте дека можеби токму тој избор ќе ви помогне да го решите она што е навидум нерешливо.rnrnОсвен тоа, прифаќањето на новата ситуација не може ниту да ги реши проблемите ниту пак да ги влоши работите. Единствениот резултат е тоа што вие станувате поспособни или да ги решите проблемите или едноставно да ги преживеете.rnrnСекогаш анализирајте ги проблемите. Ќе го пронајдете решението доколку е нешто што може да се реши, но неопходно е да останете смирени и трпеливи докрај. Ќе наидете на моменти кога ќе се чувствувате во ќор-сокак без да знаете како да продолжите понатаму. Сè што треба да направите е да побарате помош и да научите да се справувате со проблемите. Освен тоа, насочете ја сета енергија кон себе – ова ќе ви помогне да дојдете до практични решенија или одговори.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за решавање на проблемите, можеби ќе сакате да прочитате и зошто „преспивањето на проблемите“ ви помага да ги решите.rnrnИзвор: themindsjournal.com
Tag: справување
-

Како да го решите навидум нерешливиот проблем?
-

Совети за полесно справување со раскинувањето
Понекогаш, раскинувањето може да биде навистина болно искуство. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како да закрепнете и да продолжите понатаму.rnrn
rnПреуредете го вашиот простор
rnБидете искрени сами со себе. Колку пати досега сте го погледнале столот на кој вообичаено седел вашиот партнер, или неговото место на каучот, а потоа сте се расплакале. Ова укажува дека е време за промена. Можеби можете да го смените распоредот на просторот или да купите нов мебел. На тој начин ќе се ослободите од енергијата на поранешниот партнер и ќе добиете можност да креирате нов простор со нови спомени.rn
Променете ги навиките
rnМенувањето на вашата рутина е од суштинско значење за полесно пребродување на раскинувањето. Секој од нас има свои навики кои имаме тенденција да ги повторуваме секој ден. Така, голема е веројатноста дека по раскинувањето несвесно ќе продолжите со истите навики кои сте ги споделувале со партнерот, а тоа само ќе придонесе да се чувствувате лошо. Обидете се да ги промените и ќе почувствувате дека резултатите набргу ќе бидат видливи.rn
Работете на вашата самодоверба
rnВреме е да почнете да размислувате и да се движите во нова насока. Сфатете го раскинувањето како нова можност за себе и за своите амбиции. Посветете се на работите кои отсекогаш сте сакале да ги правите, но за кои сте немале време досега. Тоа не само што ќе ви ја зајакне вашата самодоверба туку и ќе ви помогне да сфатите дека нема ништо што не можете да го направите сами – нема потреба да бидете во врска со некого за да успеете или да имате подобар живот.rn
Не губете надеж
rnНајверојатно во моментот не можете да се изборите со мислите од типот: „Никогаш повеќе нема да сакам“ или „Никогаш повеќе нема да бидам сакан/а“. Но, тоа не е точно бидејќи со текот на времето повторно ќе научите како да бидете среќни. Сепак, неопходно е да најдете сила и храброст за да почнете одново, а тоа не е така едноставно. Запомнете дека времето, надежта и љубовта кон себе ќе ви помогнат да закрепнете и да отворите нова страница од животот, полна со нови авантури и искуства.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за како полесно да се справите со раскинувањето, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 книги ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Како да се справите со хроничната болка?
Ве мачи хронична болка, но не знаете како да се справите со неа? Во продолжение прочитајте ги нашите совети кои не само што ќе ви донесат моментално олеснување туку и ќе го направат вашиот живот поздрав и посреќен.rnrn
rnПосетете го вистинскиот лекар
rnНе мора да значи дека вашиот доктор ви ги дава вистинските совети за справување со хронична болка само поради тоа што го посетувате со години. Можеби треба да започнете со алтернативна медицина, физикална терапија или да се консултирате со друг лекар. Иако новиот лекар нема да ви пронајде магичен лек за вашиот проблем, но може да ви даде нови опции за олеснување на вашата болка.rn
Бидете активни
rnСекогаш кога умот му ги испраќа на телото тие ужасни сигнали на болка, важно е да не претерувате со вежбање, но, од друга страна, лежењето на каучот воопшто нема да помогне. Во таквите моменти можете да правите бавни вежби за истегнување, да посетувате часови по јога за почетници или едноставно, да излезете на мала прошетка. Во секој случај, најдобро е да се консултирате со лекарот кој ќе ви даде препораки за вашите физички активности.rn
Не запоставувајте го вашето хоби
rnЗнаеме дека хроничните напади на болка можат целосно да ви ја исцрпат и волјата и енергијата, па така единственото нешто што сакате да го правите во тие моменти е да се одморите. Сепак, вашето тело и умот ќе ви бидат благодарни доколку успеете да соберете сили доволно долго за да ја надминете болката. Така, наместо да останете в кревет, можете да отидете на кино со пријателите, или во омиленото кафуле каде ќе уживате во шолја топол чај со книга. Не заборавајте дека вашето хоби може да го дефокусира умот од болката!rn
Разговарајте за вашите проблеми
rnДоколку вашата хронична болка влијае не само врз вашето тело, туку, целокупно, врз вашиот живот, време е да поразговарате со некого за проблемите со кои се соочувате. Ова може да биде особено корисно за оние кои страдаат од „невидливи болести“ како мултиплекс склероза или фибромијалгија. Луѓето можеби нема да бидат свесни и нема да ја разберат целосно болката низ која поминувате, но ако им објасните, тие ќе разберат како болката влијае врз вашиот живот. Така, членовите на семејството, колегите, соработниците и пријателите ќе знаат како да ви пристапат. Сознанието дека постојат луѓе кои се тука за вас, може навистина да ви помогне полесно да се справите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со хронична болка, можеби ќе сакате да прочитате и за истражувањето како да ги избегнете лековите за болка користејќи го вашиот ум.rnrnИзвор: allwomenstalk.com
-

Зошто наутро се будите нервозни и како да го спречите тоа?
Физичките и менталните симптоми на анксиозност можат да се појават одеднаш. Така, се будите наутро со чувство на вознемиреност, што е сосема нормално, особено доколку се справувате со тежок период. Сепак, доколку тоа ви се случува постојано, а не во одредени периоди, можеби се справувате со генерализирано анксиозно растројство. Во продолжение прочитајте повеќе за оваа појава.rnrn
rnЗошто се будите нервозни?
rnКортизолот (стресот на хормонот) се зголемува во првите 30, 45 минути откако ќе се разбудите. Според истражувачите, зголемувањето на нивото на кортизол му помага на вашиот мозок да се подготви за сите активности кои ве очекуваат во текот на денот. Но, стресот и анксиозноста, можат да предизвикаат зголемено лачење на кортизол.rn
Како тоа влијае врз физичкото здравје?
rnАнксиозноста и нарушувањето на сонот се вообичаени симптоми на многу здравствени состојби, како на пример:rn
- rn 011
- повреди и хронична болка
- срцеви заболувања и висок крвен притисок
- рак
- дијабетес
- псоријаза
- хормонски промени
- менопауза
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Како тоа влијае врз менталното здравје?
rnГенерализираното анксиозно растројство може да доведе и до лош сон, но и будење со мисли на вознемиреност. Покрај тоа, може да предизвика и депресија и биполарно растројство. Доколку забележите зголемена анксиозност или проблеми со спиењето, задолжително консултирајте се со вашиот лекар или терапевт.rn
Како да се справите со чувствата на анксиозност наутро?
rn1. Поставете си сопствен распоред за спиење и обидете се да се придржувате до него. Спијте во тивка, ладна и темна соба.rnrn2. Ограничете го кафето и алкохолот пред заспивање.rnrn3. Вежбањето може да ви помогне полесно да се справите со анксиозноста. Преку вежбањето се ослободуваат ендорфини кои го намалуваат стресот и ви помагаат да се чувствувате подобро.rnrn4. Опуштете се. Медитирајте, водете дневник и обидете се да се опуштите пред да заспиете. Тоа може да придонесе умот да ви биде полн со позитивни мисли кога ќе се разбудите.rnrn5. Дишете. За да ја намалите анксиозноста наутро, направете ги едноставните вежби за дишење. Тие не само што ќе ве смират туку и целосно ќе ве опуштат.rnrn6. Дозволете си 5-10 минути да размислувате за грижите, а потоа „запечатете“ ги овие мисли настрана без да се навраќате на нив.rnrnОткако прочитавте како да се справите со анксиозноста наутро, можеби ќе сакате да прочитате и која храна помага во намалување на анксиозноста.rnrnИзвор: greatist.com
-

Како да се справите со себичните луѓе?
Сосема нормално е да се биде себичен до одреден степен. Понекогаш, потребно ви е малку повеќе самољубие и грижа за себе, во спротивно луѓето ќе ве искористуваат и повредуваат. Но, што со оние кои не се ништо друго освен себични? Кои мислат само за себе, дури и по цена на другите? Како да се справите со таквите луѓе? Прочитајте во продолжение.rnrn
rn1. Не ги сфаќајте премногу лично
rnКога си имате работа со егоцентрична личност, сфатете дека колку и да се трудите да ја натерате да разбере нешто, тоа никогаш нема да се случи. Таквата личност само ќе продолжи да се грижи за сопствените потреби, желби и барања, занемарувајќи ги вашите чувства. Па, зошто да трошите време и енергија на такви луѓе? Што и да кажат, не сфаќајте го тоа лично. Заштитете си го својот ментален ум и не им го посветувајте вниманието што не го заслужуваат.rn
2. Натерајте ги да сфатат дека тие не се центарот на универзумот
rnЛуѓето кои се себични се секогаш премногу зафатени со „нивните светови“, па затоа важно е понекогаш да ги потсетиме дека тие не се центарот на универзумот и дека светот не се врти околу нив. Кога сте опкружени со себични луѓе, ќе сфатите дека тие се грижат само за сопствениот живот и дека никогаш не ни помислуваат на другите.rn
3. Опкружете се со луѓе кои не се егоцентрични
rnАко запознаете нова личност и сфатите дека се однесува премногу себично, или пак, имате таков пријател, тогаш добро би било да одржувате растојание од него и да го поминувате времето со подобри луѓе. Еден од најдобрите начини за справување со таквите луѓе е да се држите настрана од нив и од нивната негативност.rn
4. Не им го посветувајте вниманието за кое се толку очајни
rnЕдна од најмоќните работи што можете да ги направите доколку сакате да се справите со себични луѓе, е да престанете да трошите внимание и енергија на нив. Вашиот незаинтересиран однос ќе ги натера да се повлечат или барем да се обидат да го променат однесувањето.rn
5. Прифатете ја вистината дека не се грижат за никого друг освен за себе
rnПрифатете го фактот дека тие се такви какви што се. Колку побрзо го сфатите и прифатите тоа, толку подобро ќе можете да се справите со нив. Соочете се со вистината дека себичните луѓе никогаш нема да се грижат за вашата среќа.rn
6. Престанете да им давате помош и поддршка секогаш кога им е потребна
rnСебичните луѓе знаат што да направат за да ги искористат добрите луѓе. Сè ќе испревртат само и само да ве придобијат. Во моментот кога ќе добијат тоа што им треба од нив, ќе ве отфрлат како ѓубре. Затоа, престанете да бидете постојано тука за нив и натерајте ги да сфатат дека не можат да ве користат кога сакаат. Оставете им до знаење дека не сте тука за да ги исполните нивните желби и барања, а ако не можат да се однесуваат со почит и љубезност кон вас, тогаш не ви се потребни во животот.rn
7. Поставете граници
rnНе можете да го контролирате однесувањето на другите, но можете да се контролирате вие самите. На себичните луѓе не им е грижа како нивните постапки влијаат врз другите, па затоа добро би било да повлечете граници за да се заштитите од нивната негативност. Вашите граници ќе зборуваат сами за себе и ќе им дадат порака дека не можат да прават што сакаат со вас и вашиот живот. Вашиот мир е на прво место, а не нивната себичност.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со себични луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги препознаете луѓето кои може да ве повредат.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

12 знаци дека сте опкружени со токсични роднини
Велат дека не можете да одлучите за тоа какво ќе биде вашето семејство, но можете да одлучите како ќе се однесувате и реагирате во одредени ситуации. Доколку во последно време се чувствувате преоптоварени поради односите со вашите роднини, еве неколку начини за да откриете дали тие се токсични или не.rnrn
rnrnОва се најчестите особини кои се карактеристични за токсичните луѓе:rnrn1. Тие дејствуваат без да се грижат за вашите емоционални потреби или чувства. Нивните постапки лесно можат да ви предизвикаат чувство на непријатност.rnrn2. Ве осудуваат за вашите животни избори и користат груби зборови за да ве критикуваат.rnrn3. Ве нарекуваат со погрдни имиња или се подбиваат со вас што е еднакво на вербална злоупотреба.rnrn4. Тие не ве почитуваат и честопати знаат да ја преминат границата правејќи ве да се чувствувате бесни.rnrn5. Тие никогаш не прават компромис.rnrn6. Се однесуваат како да се овластени да ви дадат совет и секогаш се во право само затоа што се постари.rnrn7. Поставуваат нефер барања од вас и очекуваат да имате сервилен однос кон нив затоа што сте помлади.rnrn8. Честопати може да ги слушнете како лошо зборуваат за другите и како ги пцујат.rnrn9. Не преземаат никаква одговорност за своите грешки и наместо тоа, избираат да ја префрлат вината на другите.rnrn10. Никогаш не се извинуваат и честопати ги повредуваат вашите чувства.rnrn11. Изразуваат гнев поради вашето однесување, но вие не можете да го изразите чувството на незадоволство кон нив.rnrn12. Ве уценуваат и манипулираат со вас за да ги исполните нивните барања.rnrnОткако прочитавте кои знаци укажуваат на тоа дека сте опкружени со токсични луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и на кои 5 начини можете да ја прекинете расправијата со токсични луѓе.rnrnИзвор: pinkvilla.com -

Како да останете позитивни доколку сте опкружени со луѓе кои ви предизвикуваат стрес
Секогаш кога сте под стрес, одвојте неколку минути за да проанализирате што е тоа што ве тера да се чувствувате на тој начин. Доколку причината за вашиот стрес се одредени луѓе, тогаш најдобро е да ги одбегнувате, но знаеме дека за жал тоа не е секогаш возможно. Наместо тоа, обидете се да ги идентификувате луѓето кои ви предизвикуваат стрес и најдете начин да се заштитите од нивната негативна енергија. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со совети за како најлесно да се справите со токсичните луѓе.rnrn
rn1. Не дозволувајте психички да ве малтретираат
rnПрвиот чекор за да останете позитивни кога имате работа со ваков тип на луѓе е да не дозволите да паднете во нивната „замка“ и да станете жртва на нивните негативни емоции. Голема е веројатноста дека ќе се обидат да ви го расипат расположението само и само да го чувствувате истото што и тие го чувствуваат. Доколку се лутат или тагуваат, ќе се обидат да ве натераат и вие да го доживувате истото. Кога оваа личност е во ваше присуство, можете да слушате и да разговарате, но не дозволувајте да оди подалеку од тоа. Не дозволувајте да побуди негативни емоции во вас.rn
2. Сето тоа е привремено
rnВо моментот кога сте под стрес, тешко е да се сетите на помислата дека ова чувство нема вечно да трае. Доколку запомните дека можете да го пребродите ова и дека наскоро сè ќе заврши, може да ви помогне полесно да се справите со личноста.rn
3. Размислете како би се справиле со токсичните луѓе
rnСо оглед на вашите досегашни искуства со нив, можете однапред да го предвидите нивното однесување. Искористете го тоа за да направите своја стратегија за како ќе се справите со ситуацијата.rn
4. Сменете го начинот на кој ги восприемате нештата
rnАко можете да ја смените вашата перцепција, ќе останете позитивни без оглед што и да се случи. Продолжете да се фокусирате на оптимистичките мисли и не дозволувајте му на стресот целосно да завладее со вашиот ум.rn
5. Помислете на работите за кои сте благодарни
rnДоколку размислувате на нештата за кои сте вистински благодарни, ќе ви биде полесно да ја пребродите стресната ситуација. На тој начин нема да го насочите вниманието кон негативната енергија, а згора на тоа, ќе бидете посмирени и посигурни во себе.rn
6. Потсетете се самите себеси дека сте издржливи и дека можете да се справите со нив
rnАко се гледате себеси отпорни на таквите ситуации, подобро ќе управувате со стресот и негативноста. Запомнете дека можете со сè да се справите и дека секоја пречка е начин да стекнете доверба во себе.rn
7. Имајте ги на ум вашите цели и потреби
rnНеопходно е да знаете однапред што е тоа што ви е потребно и кои се вашите цели. фокусирањето на вашите желби и потреби може да ви помогне да дојдете до поентата пред работите да тргнат во непосакуван правец.rn
8. Контролирајте се себеси
rnСекогаш кога дозволувате некој друг да го контролира вашиот начин на размислување со тоа му давате моќ да управува со вас. Сепак, во секој момент можете да направите промена и да ја вратите контролата над себе. Кога ќе одлучите дека никој освен вас не може да ја контролира вашата реакција на некоја ситуација, полесно ќе се справите со неа.rnrnОткако прочитавте како да останете позитивни при справувањето со токсични луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и 5 начини како да ја прекинете расправијата со токсични луѓе.rnrnИзвор: powerofpositivity.com
-

Смачено ви е од тоа постојано да се чувствувате уморни? Еве како да се справите со заморот!
Иако екстремниот замор може да се јави како резултат на одредена здравствена состојба, сепак тој може да биде поврзан и со мали, секојдневни аспекти. Во продолжение прочитајте ги кои се најчестите причини за замор и како да се справите со истите.rnrn
rn1. Стрес
rnСакале или не, стресот е дел од животот и е нешто што не можете целосно да го елиминирате. Сепак, не занемарувајте го фактот дека хроничниот стрес може да доведе до појава на физички и ментални проблеми, вклучувајќи го и проблемот со спиење. Премногу стрес го прави вашето тело ранливо на болести, главоболки, мускулна напнатост и анксиозност. Обидете да се ослободите од стресот преку овие активности: длабоко дишење, медитација, јога, вежбање, Таи Чи, релаксација.rn
2. Прекумерна употреба на енергетски пијалаци
rnЕнергетските пијалаци се богати со шеќер и кофеин, па така тие се вашиот прв избор особено доколку сакате да останете будни. Но, прекумерната употреба на пијалаци со висока содржина на кофеин може да придонесе само да се чувствувате уште поуморни. Наместо тоа, обидете се со кафе или чај кои содржат помалку кофеин од енергетските пијалаци, а можете и да ја контролирате количината на шеќер што ќе ја внесете. И секако, не занемарувајте ги придобивките на водата за вашиот организам.rn
3. Мала физичка активност
rnИстражувањата покажале дека редовното вежбање придонесува за повеќе енергија и помалку замор. Доволно е да одвоите 20 минути во текот на денот на вежби со низок до умерен интензитет. Ви гарантираме дека после вежбањето ќе се чувствувате поенергични!rn
4. Недоволен сон
rnДоколку ви требаат повеќе од 30 минути за да заспиете, ако честопати се будите навечер или ако останувате будни повеќе од 20 минути во текот на ноќта, тогаш навистина имате проблеми со спиењето. За да го подобрите квалитетот на сонот не консумирајте тешка храна или алкохол и избегнувајте кофеин и никотин пред спиење, спијте во тивка и удобна соба, а доколку не можете без пладневна дремка, нека не биде подолга од 20 минути.rn
5. Недоволно консумирање протеини
rnЕдно истражување покажало дека испитаниците чие мени било богато со протеини не се жалеле толку често на замор за разлика од оние чија исхрана содржела сосема мала количина на протеини. Риба (особено пастрмката, туната, сардината, лососот, скушата и харингата, богати со омега-3 киселини), пилешко месо, млечни производи, грав, јаткасти плодови и производи од соја се само дел од намирниците кои се богат извор на протеини.rn
6. Дехидратација
rnВодата е од витално значење кога станува збор за одржувањето на имунитетот. Така, не е воопшто за чудење тоа што студиите покажале дека дехидратацијата е поврзана со нарушена мускулна сила, издржливост и зголемен замор. Пијте повеќе вода во текот на денот за да не наидете на симптоми на дехидратација како сува кожа, замор, вртоглавици, главоболки и жед.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со заморот, можеби ќе сакате да прочитате и за трите начини за борба против „дигиталниот замор“.rnrnИзвор: thegreatist.com
-

Како да се справите со социјалната анксиозност?
Социјалната анксиозност може негативно да се одрази врз вашето секојдневие и да ви постави ограничувања кои пак можат да бидат пречка при остварување на вашите цели и идеи. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со совети за справување со ова психолошко нарушување.rnrn
rnСоочете се со вашите стравови
rnОва е еден од најчестите, но и најкорисните совети што можете да го добиете во врска со социјалната анксиозност или социјалната фобија. Доколку не се соочите со вашите стравови, тие секогаш ќе бидат присутни. Колку и да ви се чини невозможно или страшно ако самите се појавите на забава, сепак колку почесто го правите тоа, толку побрзо ќе се навикнете. Тоа е исто како и првиот ден на работа – по неколку недели ќе успеете да се вклопите во новата средина. Започнете така што ќе се соочите со најмалите стравови како на пример да се појавите сами во бар или да започнете разговор со непознат човек на автобуската станица.rn
Разговарајте за вашите стравови
rnДобра идеја би било да присуствувате на состаноци организирани токму за луѓе кои го делат вашиот проблем. Разговорот со нив може да ви помогне да го надминете вашиот страв, а можеби ќе откриете и дека сте помалку анксиозни од другите луѓе во групата.rn
Вежбајте медитација
rnМедитацијата може да биде одлична алатка за справување со секаков вид анксиозност, а едноминутната медитација можете да ја користите секогаш кога ќе се чувствувате вознемирени. Затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето околу 60 секунди. На овој начин ќе го забавите дишењето, ќе се ослободите од негативните мисли и веднаш ќе се почувствувате помирно.rn
Пробајте нешто ново
rnМногумина се чувствуваат вознемирени секогаш кога испробуваат нови работи, но новото хоби може да биде добар начин за да се ослободите од срамежливоста и социјалната фобија. Правете ги работите кои отсекогаш сте сакале да ги правите, но сте немале храброст за тоа. Почнете со часови по готвење или танцување – ќе имате можност да запознаете нови луѓе со кои ќе имате заедничка тема на разговор.rn
Водете дневник
rnСекогаш кога ќе се почувствувате вознемирено, опишете го чувството во вашиот дневник и обидете се да ја откриете која е причината за анксиозноста. На тој начин, пишувањето и споделувањето на вашите чувства на хартија ќе ви помогне да сфатите дека понекогаш вашата вознемиреност е ирационална – пример кога сте вознемирени пред да влезете во автобус бидејќи сметате дека останатите патници ќе зјапаат во вас. Дневникот може да ви помогне и да направите интроспекција и да увидите колкав напредок сте направиле во последно време.rn
Не заборавајте дека не сте сами
rnМногумина се справуваат со истите проблеми со кои и вие се соочувате, но секој го прави тоа на различен начин. Сепак, доколку почувствувате дека вашата социјална анксиозност е надвор од контрола, обидете се повторно да воспоставите контрола над вашиот живот и да уживате, макар и да се работи за мали чекори. На тој начин ќе добиете поголема самодоверба да се соочите со светот околу вас.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со социјална анксиозност, можеби ќе сакате да прочитате и за стриповите кои ни покажуваат како е да се живее со социјална анксиозност.rnrnИзвор: allwomenstalk.com
-

Како да се справите со негативните колеги на работа?
Токсичното работно место може да се манифестира преку негативната енергија и негативните колеги. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како да преживеете на работното место кога работите ќе излезат од контрола.rnrn
rn1. Фокусирајте се на себе и она што е во ваша контрола
rnЗапомнете кои сте и што ви е важно. Зошто сте тука? Можеби поради унапредување на сопствената кариера или обезбедување подобра материјална состојба за вашето семејство. Откријте ги сопствените вредности и не дозволувајте негативноста на другите луѓе да ве попречи во намерите. Останете посветени на вашата вистина и вашите приоритети докрај доколку сакате да се справите со негативната енергија на работа. Фокусирајте се исто така и на работите кои се во ваша контрола. Само тие го заслужуваат вашето време и внимание.rn
2. Не дозволувајте да бидете вовлечени во туѓа драма
rnАко луѓето околу вас се негативни или озборуваат, напуштете ја просторијата и прекинете го разговорот. Доколку тоа не е можно, обидете се да го пренасочите разговорот кон други, попозитивни теми или едноставно молчете и обидете се да мислите на нешто убаво.rn
3. Не озборувајте
rnОзборувањето не остава позитивен впечаток врз другите. Можеби се чини примамливо да се зборува зад нечиј грб, но на крајот на краиштата тоа нема да ви донесе ништо добро. Поставете си цел дека ќе се обидете да се контролирате секогаш кога ќе сакате да кажете нешто негативно за другите.rn
4. Не се спуштајте на нивното ниво
rnОстанете доследни на своите принципи и не дозволувајте другите да ве повлечат надолу. На тој начин ќе научите и да бидете подобра личност и ќе сфатите дека во животот постојат поважни работи на кои треба да се фокусирате.rnrnОткако прочитавте како да се справите со негативните колеги, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 совети ќе ви помогнат да бидете посреќни на вашето работно место.rnrnИзвор: themindsjournal.com