КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • Во тешките моменти, обидете се да ги најдете овие 5 нешта

    Во тешките моменти, обидете се да ги најдете овие 5 нешта

    Секој од нас понекогаш минува низ лош период. Во овие моменти најверојатно мислите дека целиот свет е свртен против вас и дека нема никаква надеж. Важно е да знаете дека и тоа ќе помине, а за да си го олесните целото искуство, обидете се да ги најдете овие нешта.rnrnВо тешките моменти, обидете се да ги најдете овие 5 нештаrn

    1. Некој на којшто можете да се потпрете

    rnЛичноста на којашто можете да се потпрете во тешките моменти има непроценлива вредност за вашиот живот. Ова е пријател кој секогаш се грижи за вас, кој не е во вашиот живот само поради интерес и кој навистина ве сака и почитува.rn

    2. Место на коешто можете да отидете

    rnКога ќе дојдат тешките денови, од голема важност е да имате место на коешто ќе можете да се засолните од животната бура. Тоа не мора да биде место оддалечено со километри од вашиот дом. Сосема доволно е да имате барам една просторија во која ќе можете да заборавите на сè и да се опуштите.rn

    3. Нешто што можете да правите

    rnКога ќе ве притиснат неволјите од животот, најдете некоја активност што ве смирува и посветете ѝ се. Обидете се да не станете пасивни, бидејќи тоа може да ви ја влоши состојбата. Најдете некое хоби што го сакате и што ви причинува задоволство и ќе забележите дека расположението брзо ќе ви се подобри.rn

    4. Соништа и цели кои можете да ги постигнете

    rnКога ќе дојдат тешките моменти, немојте да мислите дека ќе траат засекогаш. Обидете се да најдете барем една светла точка и живејте за неа. Ова ќе ви даде сила да ја надминете бурата, бидејќи после секој дожд, доаѓа сонце.rn

    5. Одговори што ќе ве смират

    rnОвие одговори можете да ги најдете во приказните, инспиративните цитати и животните искуства на другите кои поминале низ истото како и вие. Гледајте, читајте, слушајте и проучувајте ги животите на луѓето чии проблеми не ги уништиле, туку ги направиле посилни.rnrnПрочитајте ги и овие пораки што ќе ви се најдат во тешките моменти кога губите верба во себе.

  • 12 совети што ќе ви помогнат да се справите со лутината

    12 совети што ќе ви помогнат да се справите со лутината

    Лутината е природна емоција и кога ќе ја почувствувате, нема потреба да си замерувате. Во односите со другите, често постои подобар начин да се изразите од бесот и лутината. Важно е да знаете дека оваа емоција ве прави беспомошни, па следениот пат кога ќе ја почувствувате, пробајте некој од следниве совети.rnrn12 совети што ќе ви помогнат да се справите со лутинатаrn

    1. Запрашајте се дали лутината е разумна

    rnМожеби ова е навистина тешко да се направи кога сте лути, но доколку успеете да застанете, да вдишете длабоко и да се запрашате зошто чувствувате лутина, колку-толку ќе се смирите. Пред да се обидете да се ослободите од лутината, обидете се да размислите дали тоа е разумно. Запрашајте се дали и другите би чувствувале лутина во таква ситуација.rn

    2. Разгледајте ги и другите чувства коишто лутината можеби ги „маскира“

    rnМожеби чувствувате лутина наместо нешто поради кое би се чувствувале полошо, како страв, повреда или срам. Кога ќе сфатите зошто се чувствувате на одреден начин, најверојатно ќе се намали и лутината. Фокусирајте се на вашите емоции и дишете длабоко. На овој начин ќе сфатите што всушност се крие зад вашата лутина.rn

    3. Напуштете ја просторијата

    rnКога ќе се најдете во непријатна ситуација, најдобро е да ја напуштите просторијата. Излезете надвор, прошетајте и оттргнете се од причината за вашата лутина. Пешачењето дополнително ќе ви помогне бидејќи го поттикнува лачењето на ендорфин, кој пак го подобрува расположението. Се разбира, доколку сте сред расправија, немојте само студено да си заминете, туку кажете дека ви е потребно време насамо.rn

    4. Разговарајте со вашето внатрешно дете

    rnЧувството на лутина кон некого може да покажува и дека не знаете да се грижите добро за себе. Па, разговорот со вашето внатрешно дете ќе ви помогне да сфатите која е причината за лутината, но и ќе ве натера подобро да се однесувате кон себе. Замислете си дека делот од вас кој чувствува лутина е всушност дете кон кое имате изливи на бес. Разговарајте со ова дете и нека ви помогне да сфатите што навистина се случува.rn

    5. Научете да ги препознавате знаците на лутината

    rnВеројатно не знаете кои се физичките знаци со кои телото ве предупредува за стресот и лутината. Поради ова, повеќето луѓе не знаат дека чувствуваат лутина сè додека не изреагираат бурно на некој ситуација. Кога ќе изреагирате бурно, најдобро е да не правите ништо. Запрашајте се дали во таа ситуација ги гледате нештата рационално. Доколку сфатите дека со вас управува лутината, напуштете ја просторијата и смирете се.rn

    6. Ослободете се од физичката напнатост

    rnМногу луѓе ја чувствуваат физичката манифестација на лутината, а ова им помага да се воздржат и да не кажат нешто за коешто подоцна ќе се каат. За да се ослободите од физичката напнатост, стегнувајте го телото дел по дел и останете неколку секунди во таа состојба, пред да ги релаксирате мускулите. Обрнете посебно внимание на рамената, рацете, дланките и стапалата. Ова ќе ви помогне да се релаксирате, а лутината ќе се намали.rn

    7. Пошегувајте се

    rnДали ви се случило додека се расправате со некого, вие или соговорникот да кажете нешто смешно или глупаво, па и двајцата да почнете да се смеете? Се разбира, ова нема да се случи доколку расправата е за нешто важно, но за време на баналните расправи, обидете се да ја намалите тензијата со некоја шега. Кога ќе почувствувате лутина, пуштете некое смешно видео и ќе забележите дека вашето расположение веднаш ќе се промени.rn

    8. Запрашајте се што навистина ви се случува

    rnЧувството на лутина е реално, но не смеете да му дозволите да ве понесе. Па кога ќе почувствувате лутина, запрашајте се зошто не сте личноста којашто сте. Можеби сте само гладни или уморни, па нема потреба од конфликт со некој друг.rn

    9. Запрашајте се дали оној кој ви дава совет навистина ви мисли лошо

    rnМногу често, советите од пријателите и партнерот можеме да ги сфатиме погрешно. Па пред да реагирате бурно, запрашајте се дали личноста што ве советува има добра намера. Не сите сакаат да ви наштетат.rn

    10. Напишете си писмо

    rnТерапевтите и психолозите тврдат дека пишувањето писмо на личноста со којашто сте се расправале е навистина добра терапија. Не мора воопшто да го испратите писмото, но тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Овие писма најдобро е да ги пишувате рачно, на хартија.rn

    11. Слушајте музика

    rnДобар начин да се тргнете од негативните емоции е да слушате музика, особено песни кои ги поврзувате со убави сеќавања. Музиката предизвикува разни емоции и во еден момент можете да плачете, а во следниот да танцувате на најновиот хит на Бијонсе. Песните со 60 до 80 удари во минута го смируваат телото, па направете си ваква плејлиста за кризните моменти.rn

    12. Грижете се за себе

    rnДоколку премногу работите, не се храните здраво, не вежбате и не минувате време со саканите, тешко дека ќе се чувствувате добро. Грижата за себе и уредните животни навики се клучни за справување со лутината. Посветете си време на себе кое ќе го искористите квалитетно, а истовремено променете ги и нештата што ви причинуваат незадоволство.rnrnПогледнете ги и важните нешта кои можеби не сте ги знаеле за лутината.

  • 18 начини да престанете да се чувствувате осамено

    18 начини да престанете да се чувствувате осамено

    Иронијата е тоа што постојано се „поврзуваме“ со сè повеќе луѓе на социјалните мрежи, но истовремено се зголемува бројот на оние коишто се чувствуваат осамено. Иако можеби ја користиме технологијата за да го совладаме ова чувство, изгледа дека токму таа прави да се чувствуваме осамено. Доколку се чувствувате осамено, можете да направите неколку нешта што ќе ви помогнат да се справите со тоа.rnrn18 начини да престанете да се чувствувате осаменоrn

    1. Практикувајте добрина кон себе

    rnВо тешките моменти, важно е да си покажете добрина. Не ви е од помош да се обвинувате себеси за вашата осаменост. Па, ограничете ги негативните зборови, грижете се за себе и едноставно дозволете си да се одморите. Можеби прошетката во природа или ден поминат во спа центар ќе ви помогне да се расположите за да се грижите за себе.rn

    2. Нагласете го сегашниот момент

    rnКога се чувствувате добро за нешто, споделете го веднаш со другите. Јавете се на пријател или разговарајте со колегите. Не заборавајте дека позитивните вести не секогаш треба да бидат големи. Можеби денес сте се разбудиле на правилната страна од креветот и тоа прави да се чувствувате добро, па споделете го. Кога ги споделувате овие моменти, создавате мала конекција со луѓето, што ви помага да ја надминете осаменоста.rn

    3. Поврзете се во реалниот живот

    rnПоврзувањето во реалниот свет можеби не е лесно како порано. Често сме навикнати да ја употребуваме технологијата за тоа – полесно е и прифатено е од сите. Но ќе ја намалите вашата осаменост, доколку градите посилни врски во живо. Гледајте ги другите во очи, слушајте и целосно посветете ѝ се на личноста со којашто сте излегле.rn

    4. Размислете како го минувате слободното време

    rnКога сте осамени, најверојатно само сакате да се скриете од целиот свет. Некогаш пак, вашата предолга листа со обврски ве прави премногу изморени за излегување и социјализирање. Кога одлучувате секоја вечер да останете дома за да гледате нешто, само ја поттикнувате вашата осаменост. Па, наместо тоа, обидете се да ја искористите осаменоста како изговор да побарате некој пријател. Кога ќе побарате поддршка и ќе создавате сеќавања со другите, осаменоста ќе исчезне.rn

    5. Правете повеќе нешта со други луѓе

    rnАктивностите кои вклучуваат и други луѓе имаат позитивно влијание врз менталното здравје. Социјалните интеракции можат да ви го подобрат расположението и да ја намалат депресијата. Па, најдете начин да се движите околу повеќе луѓе.rn

    6. Разговарајте со странци

    rnЕдно истражување покажало дека и навидум тривијалните интеракции со странци, како краток разговор со келнерот, можат да ви помогнат да се справите со осаменоста и да се чувствувате поврзано. Па, не плашете се да поздравите некој странец или да започнете мал разговор со него.rn

    7. Бидете активни онлајн

    rnНаместо пасивно да сурфате на Интернет, можете да го искористите за активности кои бараат активно учество и од други луѓе. На пример, можете да играте друштвени игри, да разговарате за нешто што го сакате, да споделите некој совет на форум и слично. Со колку повеќе луѓе сте поврзани онлајн, толку полесно ќе се справите со самотијата.rn

    8. Бидете искрени онлајн

    rnСподелувањето на Интернет полека се претвори во фалење. Сите објавуваат за интересните нешта што ги направиле, новата храна што ја пробале или за неверојатната забава на којашто биле. Но зошто да не споделите мал дел од себе со другите? Можете да дадете некој совет, поддршка, да покажете сочувство. Како резултат, вашите онлајн врски сигурно ќе бидат подобри и ќе ве поддржуваат.rn

    9. Престанете да се фокусирате само на себе

    rnРечиси невозможно е денес да не помислите дека немате доволно. Постојано го следите напредокот на другите, гледате нереални стандарди за убавина и нормално е да чувствувате завист. Поради ова, постојано се фокусирате само на тоа колку не можете да се мерите со другите. Наместо да се фокусирате на она што можете да го имате, фокусирајте се на она што можете да го дадете. На овој начин ќе го тргнете фокусот од себе, ќе првите добро, а истовремено и ќе се чувствувате помалку осамено.rn

    10. Престанете со негативните мисли

    rnМожете постојано да размислувате што би направиле поразлично за да го спречите чувството на осаменост. Постојано размислувате за настаните, луѓето или причините бидејќи верувате дека тоа ќе ви помогне да се справите со нешто. За жал, на овој начин само останувате заглавени во вашите мисли, наместо да преземете нешто. За да им ставите крај на мислите, направете промена. Одете во теретана, излезете на ручек со пријател или направете што било друго што сметате дека ќе ви помогне.rn

    11. Најдете нов восхит

    rnКога се восхитувате на нешто, времето како да застанува и вие сте отворени за поврзување. Нешто навистина мало може да направи да се чувствувате неверојатно и да се видите на нов начин. Па, изложувајте се на нешта што ви предизвикуваат восхит.rn

    12. Трошете пари на искуства

    rnАко ги трошите сите пари на предмети, нема да можете да ги потрошите на искуства со другите. А изгледа дека трошењето пари на искуства е одлично за менталното здравје. Па бидете креативни и размислете што би можеле да направите со друштво. Можете да одите на дегустација на вино, на некоја забава, па дури и на кратко патување.rn

    13. Обрнете внимание на важните нешта

    rnОд помош ќе ви биде да се фокусирате на сегашноста. Што направило да се чувствувате осамено? Што прави да се чувствувате поврзано? Идентификувајте ги овие моменти за да можете да ја намалите осаменоста. Кога ќе знаете кои активности ве прават осамени, ќе можете да ги избегнувате.rn

    14. Направете табла со визија

    rnНа табла ставете слики или пораки за нештата што сакате да ги постигнете. Штом ќе откриете што ве прави помалку осамени и поврзани, ќе можете да создадете табла, листа или план за она што ќе го направите. Држете ја листата покрај вас за да знаете што треба да правите.rn

    15. Грижете се за вашата мрежа

    rnПонекогаш можете да се чувствувате осамено, дури и ако сте поврзани со многу луѓе. Па, одвреме-навреме би требало да закажете средба со нив. Обидете се да имате барем еден час социјална дружба неделно.rn

    16. Вклучете се во онлајн група со луѓе со слични погледи како вашите

    rnДенес можете да најдете групи за сечиј интерес – политика, готвење, спорт… Вклучувањето во ваква заедница ќе ви помогне да се чувствувате поврзано, дури и без интеракцијата во живо.rn

    17. Волонтирајте

    rnНа некои луѓе им е навистина тешко да најдат некој со којшто можат да се поврзат, па треба да најдат нови личности. Еден начин да го направите ова е да волонтирате. Само осигурете се дека ќе работите со други. Работењето на важен проблем со другите ќе ви помогне да ја намалите осаменоста.rn

    18. Бидете добри кон себе

    rnВажно е да си покажете сочувство кога ќе доживеете неуспех. Не заборавајте дека на сите им се случува ова, па нема потреба да се малтретирате, да се чувствувате виновно и да си го расипувате расположението. Наместо тоа, најдете начин да си покажете поддршка. На овој начин ќе ги воочите вашите грешки, ќе ја намалите осаменоста и следниот пат ќе завршите подобра работа.rnrnПогледнете и како да се справите со духовната осаменост.

  • 3 нешта со кои хороскопските знаци не сакаат да се справуваат во модерните врски

    3 нешта со кои хороскопските знаци не сакаат да се справуваат во модерните врски

    Денешните врски навистина многу се разликуваат од оние во минатото, а ние луѓето треба да се прилагодуваме. Но и во модерните љубовни врски постојат многу недостатоци кои некои луѓе едноставно не можат да ги смислат. Погледнете кои се нештата со кои хороскопските знаци воопшто не сакаат да се справуваат во модерните врски.rnrn3 нешта со кои хороскопските знаци не сакаат да се справуваат во модерните врскиrn

    Овен

    rn

      rn 011

    • Измешани сигнали
    • rn 011

    • Неодговорени пораки
    • rn 011

    • Постојано променливо расположение
    • rn

    rn

    Бик

    rn

      rn 011

    • Манипулација
    • rn 011

    • Љубомора
    • rn 011

    • Душкање низ пораки
    • rn

    rn

    Близнаци

    rn

      rn 011

    • Чување тајни
    • rn 011

    • Лажење за мали нешта
    • rn 011

    • Премногу пиење
    • rn

    rn

    Рак

    rn

      rn 011

    • Откажани планови
    • rn 011

    • Доцнење
    • rn 011

    • Противење за етикета на врската
    • rn

    rn

    Лав

    rn

      rn 011

    • Неверство
    • rn 011

    • Употреба на дрога
    • rn 011

    • Претерано забавување
    • rn

    rn

    Девица

    rn

      rn 011

    • Мрзеливост
    • rn 011

    • Недостаток од насока
    • rn 011

    • Незрелост
    • rn

    rn

    Вага

    rn

      rn 011

    • Краток темперамент
    • rn 011

    • Песимизам
    • rn 011

    • Притискање
    • rn

    rn

    Скорпија

    rn

      rn 011

    • Зависност од партнерот
    • rn 011

    • Посесивност
    • rn 011

    • Пасивно-агресивно однесување
    • rn

    rn

    Стрелец

    rn

      rn 011

    • Непочитување
    • rn 011

    • Одбивање за извинување
    • rn 011

    • Префрлање вина
    • rn

    rn

    Јарец

    rn

      rn 011

    • Незнаење
    • rn 011

    • Хипокризија
    • rn 011

    • Зависност од социјални мрежи
    • rn

    rn

    Водолија

    rn

      rn 011

    • Контролирање
    • rn 011

    • Психолошко манипулирање
    • rn 011

    • Неповрзани приказни
    • rn

    rn

    Риби

    rn

      rn 011

    • Наредување
    • rn 011

    • Нарцисоидност
    • rn 011

    • Суеверност
    • rn

    rnДознајте и од што се плаши секој хороскопски знак во љубовните врски.

  • Како да се ослободите од зависноста од порнографија?

    Како да се ослободите од зависноста од порнографија?

    Порнографијата сè уште е табу тема во нашето општество, иако речиси сите мажи и жени ја употребуваат. Иако не постои клиничка дијагноза како зависност од порнографија, таа сепак постои и од неа страдаат милиони мажи и жени ширум светот.rnrnКако да се ослободите од зависноста од порнографија?rnrnРазни истражувања покажале дека четвртина од сите пребарувањана Интернет се за порнографска содржина. Порнографијата има влијание врз мозокот како дрога, и доколку настане зависност, личноста може да ја загуби работата, да го уништи бракот или врската и да стигне на самото дно. За среќа, постојат некои работи кои ќе ви помогнат да се изборите со оваа зависност.rn

    1. Бидете одлучни

    rnПорнографијата како зависност е речиси иста како и другите зависности, а за излегување од нејзиниот круг ви е потребна волја, желба и одлучност. Морате да најдете добра причина за да се ослободите од зависноста и да не бидете нејзин роб. Размислете за саканите, размислете за животот, размислете за што било што сакате.rn

    2. Учете од другите

    rnМногу жртви кои сакаат да се извлечат од некоја зависност, често се среќаваат со групи луѓе со исто искуство. Порнографијата е раширена и ја користат сите, но зависноста од порнографија предизвикува срам и тешко е да признаете дека имате проблем. За среќа постојат многу онлајн ссоветувалишта што можат да ви помогнат.rn

    3. Приказни од Јутјуб

    rnНа Јутјуб можете да најдете безброј видеа од луѓе кои се соочувале со овој проблем и кои јавно зборуваат за нивната борба. Овие луѓе ќе ви објаснат што се случува и ќе ви докажат дека можете да се справите со проблемот.rn

    4. Блокирајте ј порнографска содржина

    rnЕден од начините да го намалите гледањето на филмови за возрасни е инсталација и употреба на програми што ќе ја блокираат порнографската содржина. И за ова ви е потребна волја, бидејќи лесно можете да ги исклучите програмите. Исто така, доколку имате личност на којашто вистински ѝ верувате, замолете ја да ги блокира овие содржини со лозинка што нема да ви ја каже.rn

    5. Уништете ја офлајн порнографија

    rnПорнографијата не постои само на Интернет, туку и во компјутерот, стари касети, весници, а потребно е да се ослободите од сето ова. Исто така внимавајте и на филмови со експлицитна содржина. Ослободете се од сè што ве потсетува на вашата навика и полесно ќе се справите со зависноста.rnrnВажно е да знаете дека зависноста од порнографија е иста како и зависноста од алкохол и треба да се справувате постепено. Најважно е да бидете свесни за проблемот, а потоа ќе можете да го решите.rnrnПогледнете и кои се штетните и несакани ефекти од гледањето порнографски филмови.

  • 5 нешта што треба да ги направите кога се чувствувате депресивно без причина

    5 нешта што треба да ги направите кога се чувствувате депресивно без причина

    Дали понекогаш и покрај тоа што имате сè што ви е потребно и животот ви е добар, се чувствувате лошо и само сакате да се затворите дома? Можеби чувството на очај и безнадежност не ви е непознато, без разлика што навидум нема причина за тоа.rnrn5 нешта што треба да ги направите кога се чувствувате депресивно без причинаrnrnДепресијата е болест предизвикана од хемиска нерамнотежа во мозокот. Таа е болест исто како и проблемите со срцето или тироидната жлезда. Причината за чувството на очај и безнадежност не е поради вашата слабост или неуспех, туку поради хемискиот состав на вашиот мозок. Доколку се чувствувате депресивно без некоја очигледна причина, можно е да станува збор за клиничка депресија. Во овој случај најдобро е да се обратите кај професионалец, но постојат и неколку совети што ќе ви помогнат да се изборите со вашата состојба.rn

    1. Поставете си неколку прашања

    rnДобар начин да откриете дали има причина да се чувствувате лошо е да си поставите неколку прашања.rn

      rn 011

    • Дали живеете со чувства на тага, празнотија или безнадежност?
    • rn 011

    • Дали се иритирате почесто од вообичаено?
    • rn 011

    • Дали сте изгубиле интерес во нештата што ве прават среќни?
    • rn 011

    • Дали имате проблеми со спиењето?
    • rn 011

    • Дали ви се промениле навиките за спиење? Минувате ли повеќе време во кревет?
    • rn 011

    • Дали ви се промениле навиките за јадење? Дали сте ослабеле или сте се здебелиле?
    • rn 011

    • Дали сте поанксиозни од претходно?
    • rn 011

    • Дали имате проблеми со фокусот?
    • rn 011

    • Дали размислувате за самоубиство?
    • rn 011

    • Дали имате нови физички проблеми, како болки во грбот и главоболки?
    • rn

    rnДоколку одговоривте потврдно на повеќе од едно прашање, можеби страдате од депресија. Размислете дали ви се случило ова и претходно. Колку пати ви се случувало ова? Дали некој член од семејството има историја со депресија? Дали сте имале трауматични искуства кои можеби ви влијаеле многу?rn

    2. Не срамете се

    rnМногу луѓе кои се дијагностицирани со депресија се срамат од нивната состојба. Срам им е бидејќи не можат да ги потиснат овие чувства. Сметаат дека имаат некој недостаток што ги прави послаби. Важно е да знаете дека не сте слаби, дека не ви недостига нешто. Баш напротив – вие сте навистина храбри што можете да се соочите со овој проблем.rnrnЗа жал, денешното општество ја гледа клиничката депресија како слабост. Веројатно и вие сте се запрашале како можете да бидете депресивни кога нема никакво проблем. Но сè повеќе и повеќе луѓе стануваат свесни за менталните болести. Луѓето почнуваат отворено да разговараат за овие проблеми и се обидуваат да ја отстранат стигмата за менталните нарушувања. Па, придружете им се на овие луѓе и немојте да се срамите. Депресијата не е нешто што можете да го спречите, но можете да се справите со неа.rn

    3. Веднаш одете на лекар

    rnДоколку се чувствувате депресивно без причина, важно е да му кажете на вашиот лекар за овие симптоми. Барањето помош е клучно за справувањето со оваа болест. Лекарите се свесни за ова и веднаш ќе ви помогнат да се вратите на вашиот пат. Тие ќе ви дадат дијагноза и ќе одредат третман кој е погоден за вас.rn

    4. Држете се до режимот препорачан од лекарот

    rnОва е клучно за справување со депресијата. Најчесто лекарите препишуваат антидепресиви, но штом пациентите ќе почнат да се чувствуваат подобро, прекинуваат со терапијата. Но во овој случај, вашата депресија само ќе се врати. Држете се до третманот од вашиот лекар, исто како што би правеле и со која било друга болест.rn

    5. Опкружете се со луѓе кои ве сакаат

    rnМногу луѓе кои страдаат од депресија настојуваат да се изолираат од семејството и од пријателите. Понекогаш се дружат, но се преправаат дека уживаат, а ова може да биде премногу. Па, немојте да го правите тоа. Обидете се да минувате време со луѓе кои ве разбираат и ве сакаат. Бидете со луѓе кои можат да ве насмеат и кои ќе направат да се чувствувате добро. Ова е навистина важно доколку страдате од депресија.rnrnНајдобриот начин да се справите со клиничката депресија е со помош од професионалец. Слушајте ги неговите совети, грижете се за себе и опкружете се со луѓе кои ве сакаат. Вие, како и милиони други ширум светот, можете да живеете со депресија и со текот на времето да ја надминете. Сè што треба да направите е да побарате помош. Иако изгледа навистина тешко, направете го тоа уште денес.rnrnПогледнете и кои се симптомите на скриена депресија кои можат да се појават кај секого.

  • 5 нешта што предизвикуваат тврд стомак – дали треба да бидете загрижени?

    5 нешта што предизвикуваат тврд стомак – дали треба да бидете загрижени?

    Постојано се зборува за тоа како да добиете цврсти стомачни мускули, но тврдиот стомак не e секогаш добар знак. Всушност, доколку имате многу сало на стомакот, кој истовремено е и тврд, тоа може да биде знак за посериозен проблем.rnrn5 нешта што предизвикуваат тврд стомакrnrnТврдиот стомак може да биде како темпирана бомба во вашето тело и покажува дека сте изложени на ризик од заболувања на срцето и дијабетес. Исто така, оваа појава може да биде полоша од пушењето или високиот холестерол. Погледнете кои се причинителите за тврдиот стомак.rn

    1. Премногу масни наслаги

    rnПрвата можна причина за тврд стомак се наталожените опасни висцерални масти. Овие масти се сместуваат во просторот помеѓу органите и стомачната празнина, па го туркаат стомачниот ѕид кон надвор. Овие масни наслаги не се тврди, но ткивото на стомакот е. Тврдиот и изобличен пивски стомак е предизвикан таложење на висцерални масти, додека пак, мекиот стомак е знак за масни наслаги кои се наоѓаат под површината на кожата.rn

    2. Генетска предиспозиција за таложење висцерални масни наслаги

    rnВеројатно се прашувате што го предизвикува таложењето на висцералните масти. Тоа може да зависи од возраста, хормоните, но и од вашите гени. Едно истражување од 2017-та година покажало дека речиси 50% од дистрибуцијата на мастите е одредена од генетиката.rn

    3. Мажите се посклони на пивски стомак

    rnДруго истражување покажало дека жените се изложени на поголем ризик од развој на здравствени проблеми предизвикани од големото количество масти во телото. Кај мажите пак, многу почесто се појавува таканаречениот пивски стомак.rn

    4. Претерано седење

    rnИсхраната и животниот стил исто така имаат големо влијание на оваа појава. Претераното седење е поврзано со вишокот висцерални масти. Проблемот може да го предизвика и нередовната физичка активност, консумирањето мрсна храна, како и преработената храна. Кај жените поверојатно е да се појават поткожни отколку висцерални масни наслаги, но после менопаузата се забрзува таложењето и на вторите.rn

    5. Нездрава исхрана

    rnЕдно истражување покажало дека зголеменото внесување рафинирани житарици може да го зголеми количеството масти кои се таложат во пределот на стомакот. Од друга страна, ова не важи за житариците од цело зрно, кои се всушност здрави.rnrnЕкспертите предупредуваат дека здравствените ризици, како кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2, кои предизвикуваат вишок висцерални масти, се присутни дури и ако не сте дебели. Според истражување од 2015-та година, луѓето со пивски стомак но здрава тежина, сепак имале поголем ризик од смрт за разлика од луѓето кои немале покачено ниво на висцерални масти.rn

    Како да се ослободите од тврдиот стомак?

    rnКога ќе ја знаете причината за тврдиот стомак, како и постоечките ризици, време е да се ослободите од него. Намалувањето на само 5% до 10% од телесната тежина го намалува количеството на висцерални масти за 25% до 40%. Голема разлика прави и консумирањето житарици од цело зрно и намаленото внесување шеќер. Исто така, важно е да го избегнувате седењето и да најдете време за вежбање. Кардио вежбите се покажале како одлични за намалување на висцералните масти.rnrnПогледнете ја и оваа мапа која открива што ви е според местото каде што ве боли стомакот.

  • Зошто никогаш не треба да се чувствувате навредено?

    Зошто никогаш не треба да се чувствувате навредено?

    Животот е премногу краток за да го поминеме огорчени. Веројатно понекогаш посакувате да имате магично стапче кое ќе ги реши сите ваши проблеми. Понекогаш сè тргнува во погрешна насока и тешко ви е да се справите со тоа. Во овие моменти, мислите дека целиот свет се свртел против вас.rnrnЗошто никогаш не треба да се чувствувате навредено?rnrnНо, не можете да го забрзате времето за да стигнете до светлата иднина, без разлика колку го посакувате тоа. Чувствата како навреденост можат да траат долго. Тие ве заробуваат и не ви дозволуваат да дишете длабоко. Но можете да се ослободите од оваа огорченост штом ќе ја разберете нејзината суштина и штом ќе почнете да живеете поедноставен живот. Се разбира, ова бара многу работа, но на крајот целиот труд ќе се исплати.rn

    Од каде потекнува чувството на гнев?

    rnНезадоволството се појавува кога некој нема да ги исполни вашите очекувања. Но многу често, овие очекувања се залудни.rn

      rn 011

    • Очекувате саканата личност да ве сфати кога ви се потребни помош и внимание и мислите дека не треба да го кажете тоа на глас.
    • rn 011

    • Очекувате таткото на детето да се сети кога има училишна приредба и сте навредени кога ќе заборави.
    • rn 011

    • Очекувате родителите да ви помогнат во одгледувањето на децата, а тие пак ви кажуваат дека самите ве изгледале.
    • rn 011

    • Очекувате пријателите да ги разберат сите ваши проблеми, кога тие всушност се зафатени со решавање на нивните.
    • rn

    rnПостојат уште многу примери, но во секој од нив има неоправдано надевање и на крај, горко разочарување. Покрај тоа, колку повеќе очекувате, толку подолго ќе трае вашето незадоволство.rn

    Од каде потекнуваат очекувањата?

    rnЛуѓето кои често се навредуваат, несвесно веруваат дека сите околу нив мора да им излезат во пресрет.rn

      rn 011

    • Мажот мора секое утро да ви донесе кафе.
    • rn 011

    • Децата мораат да ги слушаат родителите и да учат.
    • rn 011

    • Пријателите мораат да ви помогнат во тешките моменти.
    • rn 011

    • Родителите мораат да ги сакаат и поддржуваат нивните деца.
    • rn

    rn

    Што треба да сфатите?

    rnКога нештата ќе почнат да се одвиваат спротивно од очекувањата, личноста чувствува големо разочарување. Причините за ова разочарување често се бараат надвор од проблемот и речиси секогаш се наоѓаат. Но мала е веројатноста во овој момент да сфатите што е висинската причина за тоа. Воглавно, кога се навредувате, самите се повредувате бидејќи очекувате другите да ви го дадат она што не сте си го дале сами.rn

    Приказна што ќе ви помогне подобро да ја разберете ситуацијата

    rnЕднаш еден ученик го запрашал неговиот духовен учител: „Учителу, вие сте ја сфатиле Големата мудрост, секогаш сте во состојба на мир и добро расположение. Никој не ве прави гневен и не се лутите никому. Научете ме да станам таков.“rnrnУчителот одговорил: „Добро, ќе те научам, но за тоа ти е потребна една кеса и компир.“rnrnУченикот го направил она што му го рекол учителот: „Кога ќе се налутиш некому или кога ќе се навредиш поради нешто, запиши го името на таа личност на компирот и стави го во кесата.“rnrnУченикот бил збунет и прашал: „Тоа ли е сè што треба да направам?“rnrn„Не, секогаш треба да ја носиш оваа кеса со себе, каде и да одиш. Секогаш кога некој ќе те вознемири или навреди, мораш да ставиш компир во неа.“rnrnПоминало некое време, а кесата на ученикот почнала да станува потешка. Покрај тоа, првите компири почнале да скапуваат и да шират непријатна миризба. Тогаш, ученикот отишол кај учителот и му рекол: „Не можам повеќе да го носам овој товар и оваа смрдеа со мене. Дајте ми нешто друго.“rnrnНа ова мудрецот одговорил: „Носиш ли нешто друго во својата душа кога си навреден или гневен на луѓето? Штом еднаш се навредиш, не забележуваш дека на твојата душа паднал камен. Со текот на времето, овие камења се таложат. Делата стануваат навики, а навиките стануваат карактер, што води до неморално однесување. Ти дадов прилика да погледнеш сè однадвор. Мислам дека друг пат ќе размислиш дали ти е потребен уште еден камен. Навредата е нешто што се наоѓа само во твојата глава. Научи да ја ослободиш главата од смрдеата и ќе станеш навистина среќна личност.“rnrnДознајте нешто повеќе за суровите сознанија кои најмногу ќе го зајакнат вашиот карактер.

  • 3 начини да се справите со претераното размислување без медитација

    3 начини да се справите со претераното размислување без медитација

    Иако сите се обидуваме да бидеме добро расположени како знаеме и умееме, понекогаш се случува да ни се насоберат многу негативни мисли. Во овие ситуации го гледате само најлошото во вашиот живот и се чувствувате навистина неудобно. Но, постојат три практични начини со кои ќе го одморите вашиот мозок и ќе престанете со претераното размислување.rnrn3 начини да се справите со претераното размислување без медитацијаrn

    1. Зборувајте помалку

    rnМногу луѓе кои премногу размислуваат, особено жените, кога имаат некој проблем едноставно не можат а да не разговараат за тоа. Иако во повеќето случаи е добро да разговарате за вашите грижи, понекогаш тоа може да биде само постресно, особено доколку разговарате со личност која исто така претерано размислува. Понекогаш може да ви биде дури и потешко после овој разговор.rnrnКога две вакви личности започнуваат разговор, и двете се во постресна ситуација отколку пред почетокот на разговорот. Доколку навистина имате потреба да разговарате за она што ве мачи, секогаш можете да го запишете тоа и да го исфрлите од вашата глава. Подоцна, запишаните работи можат да ви изгледаат и смешни и ќе сфатите дека нема простор за грижа.rn

    2. Обидете се да бидете зафатени

    rnНе знаете што да правите, а да не размислувате? Најпрво, почнете да дишете длабоко за да ги смирите духот и телото. Потоа доколку сакате да правите нешто енергично, направете го тоа. Најдобро е во овие ситуации да правите нешто што бара физички напор. Шетајте, пливајте, трчате… Сите овие активности ќе ви бидат од голема помош бидејќи нема да ви дозволат да застанете и да размислувате за проблемите.rnrnДоколку не сте премногу физички активни, најдете активност која ментално ќе ве опушти, но не ѝ дозволувајте да се претвори во претерано размислување. Можете да играте карти, да читате, да правите накит, облека, а можете да откриете и некој скриен талент што ќе ви помогне да сретнете нови луѓе, па можеби дури и ја промените кариерата.rn

    3. Предадете му се на универзумот

    rnКога луѓето се грижат, тие се надеваат дека некогаш ќе имаат моќ да контролираат одредена ситуација. Тие сакаат сè да се одвива како замисленото, во спротивно им е страв од исходот. Во реалноста, луѓето речиси и да немаат контрола над она за коешто се грижат, а грижата нема да им ја даде посакуваната контрола. Па поради ова, секогаш имате две опции – можете да се грижите, или да ги прифатите нештата онакви какви што се. Универзумот е помудар и постар од нас, па не е лоша идеја да му се препуштите.rnrnВажно е да знаете дека ова препуштање воопшто не значи предавање, туку само ја покажува вашата способност да бидете флексибилни.rnrnПогледнете и кои се нештата што ги правите несвесно бидејќи премногу размислувате.

  • Како да ги препознаете и како да се справите со паничните напади?

    Како да ги препознаете и како да се справите со паничните напади?

    Дали во непријатни ситуации ви се потат дланките, срцето ви чука забрзано и ви станува студено? Ова се јасни симптоми кои укажуваат на паничен напад, кој во зависност од ситуацијата може да се јавува почесто. Кога ќе се земат предвид интензивните физички и емоционални промени, воопшто не е лесно да се справите со овие напади. Психолозите предлагаат неколку начини на кои ќе можете да го препознаете паничниот напад, но и да се справите со него.rnrnКако да ги препознаете и како да се справите со паничните напади?rn

    1. Дишете правилно

    rnНајдобриот начин да ги ублажите непријатните симптоми на паничниот напад е да ја совладате техниката за правилно и длабоко дишење. Кислородот кој ќе стигне до вашиот крвоток ќе ја намали мачнината и ќе го регулира чукањето на срцето. По неколку длабоки вдишувања ќе се чувствувате подобро и посмирено.rn

    2. Најдете фокус

    rnНајдобриот начин да се справите со паничниот напад е да се фокусирате на нешто што ќе ви го одвлече вниманието од стравот што го чувствувате. Ова може да биде разговор со некој во близина или размислување за некои важни одлуки. Најважно е да се фокусирате на што било, а што не вклучува страв и напнатост. Кога ќе го промените психолошкиот фокус, физиолошките функции ќе се вратат во нормала.rn

    3. Опуштете ги мускулите

    rnЗа време на интензивниот паничен напад ќе почувствувате нагло грчење на мускулите низ целото тело. Ова ќе направи да се чувствувате уште понепријатно. Фокусирајте се на постепено опуштање на поединечна група мускули. На овој начин ќе ги тргнете и мислите од изворот на паника. Кога ќе се опуштите и психички и физички, ќе почувствувате вистинско олеснување.rnrnПогледнете и која е разликата помеѓу анксиозност и паничен напад.