КАФЕ ПАУЗА

Tag: спанаќ

  • Вкусно, превкусно: Рецепт за ѓозлеме со спанаќ и сирење

    Вкусно, превкусно: Рецепт за ѓозлеме со спанаќ и сирење

    Денес ви споделуваме рецепт за еден од специјалитетите на турската кујна, ѓомлезе, еден вид палачинка со спанаќ, сирење или мелено месо. Сигурни сме дека ќе му се допадне на целото семејство!rnrnВкусно, превкусно: Рецепт за ѓомлезе со спанаќ и сирењеrn

    Потребни состојки:

    rn

    За тесто:

    rn

      rn 011

    • 375 грама брашно
    • rn 011

    • 85 милилитри маслиново масло
    • rn 011

    • 185 милилитри вода
    • rn 011

    • 1/2 лажичка сол
    • rn

    rn

    За фил:

    rn

      rn 011

    • 300 грама спанаќ
    • rn 011

    • 2 чешниња лук
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 1 лажичка црн пипер
    • rn 011

    • 300 грама фета сирење
    • rn 011

    • 200 грама моцарела
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измешајте ги брашното, маслото, солта и водата во садот со миксер со кука за тесто. Мешајте околу 3 минути со средна брзина додека тестото не стане мазно, но не лепливо. Доколку е потребно, додадете брашно. Покријте го и оставете го да отстои околу 20 минути.rnrn2. Посипете ја со брашно работната површина. Поделете го тестото на четири дела. Расукајте го во правоаголник од 35 x 20 центиметри.rnrn3. Во сад ставете ги сечканиот спанаќ, лукот, јајцето и биберот. Мешајте со раце за спанаќот да биде покомпактен, додадете фета сирење и одново измешајте.rnrn4. Половина од тестото премачкајте го со филот и посипете со рендана моцарела. Преклопете ја другата страна од тестото за да го покриете филот. Притиснете ги рабовите и цврсто затворете го тестото.rnrn5. Загрејте 1,5 лажици масло во голема тава на средно-силен оган. Ставете едно од парчињата во тавата и пржете околу 3 минути додека не порумени и не стане крцкаво, па повторете ја постапката со останатите парчиња. Можете и да ги испечете на скара. Послужете со парчиња лимон. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за турски пудинг со бадеми и кокос.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за пита со спанаќ и сирење: Одличен избор за целото семејство!

    Рецепт за пита со спанаќ и сирење: Одличен избор за целото семејство!

    Денес ви споделуваме рецепт за пита со спанаќ која можете да ја сервирате во секое време од денот, како главно јадење, предјадење или ужина. Едноставна е за подготовка, но е многу вкусна!rnrnРецепт за пита со спанаќ и сирење: Одличен избор за целото семејство!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 глави црвен кромид
    • rn 011

    • 1 млад кромид, ситно сечкан
    • rn 011

    • 2 чешниња лук, мелени
    • rn 011

    • 500 грама спанаќ, измиен и исечкан
    • rn 011

    • 200 грама фета сирење
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • малку свеж копар, сечкан (по избор)
    • rn 011

    • путер или маслиново масло
    • rn 011

    • сол и бибер по вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Ставете го спанаќот во голема цедалка и прелијте го со врела вода. Исцедете го и оставете го да се излади.rnrn2. Додека спанаќот се лади, во тава пропржете ги кромидот и младиот кромид со 2 лажици маслиново масло со малку сол додека не омекнат. Префрлете ги во сад и кога ќе се изладат додадете спанаќ, фета, лук и копар и убаво измешајте.rnrn3. Намачкајте калап за печење со димензии 20 x 20 сантиметри. Премачкајте ги корите за пита со маслиново масло (или путер) и ставете ги во плехот. Нанесете од филот врз секоја кора и сè така додека не ги наредите сите кори.rnrn4. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Печете ја питата 30-35 минути или додека тестото не порумени. Послужете ја питата додека е топла. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за англиска пита со тиквички.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за печени палачинки со сирење и спанаќ

    Рецепт за печени палачинки со сирење и спанаќ

    Маникоти е популарно јадење од италијанско-американско потекло. Рецептот има две верзии: готови тестенини кои се полнат со сочни филови или мали палачинки кои се полнети со сирење и спанаќ и се печат во рерна. Денес ви споделуваме рецепт за втората варијанта.rnrnРецепт за печени палачинки со сирење и спанаќrn

    Потребни состојки:

    rn

    За палачинки:

    rn

      rn 011

    • 6 големи јајца
    • rn 011

    • 375 милилитри вода
    • rn 011

    • 150 грама брашно
    • rn 011

    • прстофат сол
    • rn 011

    • растително масло за печење
    • rn

    rn

    Состојки за фил:

    rn

      rn 011

    • 750 милилитри доматен сос
    • rn 011

    • 675 грама рикота сирење
    • rn 011

    • 600 грама замрзнат сечкан спанаќ
    • rn 011

    • 225 грама рендана моцарела
    • rn 011

    • 30 грама рендан пармезан
    • rn 011

    • 2 жолчки
    • rn 011

    • сол и бибер по вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Подгответе ги палачинките: изматете ги јајцата во миксер со голема брзина. Намалете ја брзината и постепено измешајте ги брашното, солта и водата. Мешајте додека не добиете еднолична смеса без грутки. Покријте ја смесата со крпа и оставете ја да отстои два часа.rnrn2. Во тавче загрејте малку масло и на вообичаен начин испржете ги палачинките. Користете две лажици смеса за секоја палачинка.rnrn3. Направете го филот: исцедете го вишокот вода од одмрзнатиот спанаќ и измешајте го во поголем сад со рикотата, ренданата моцарела и ренданиот пармезан. Измешајте ги жолчките и зачинете со сол и бибер.rnrn4. Во огноотпорен сад за печење ставете третина од сосот од домати, а потоа намачкајте ги палачинките кои сте ги наполниле со смесата од сирење и спанаќ. Остатокот од доматниот сос премачкајте го врз наредените палачинки и ставете ги во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 35 до 45 минути.rnrn5. Оставете го садот да се излади околу 15 минути пред да ги извадите палачинките. Добар апетит!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за руски палачинки со сос од печурки и пилешко месо.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за вкусни тестенини со сос од сирење и спанаќ

    Рецепт за вкусни тестенини со сос од сирење и спанаќ

    Горгонѕола сирење, павлака, ореви и спанаќ е сè што ви е потребно за брз кремаст сос кој можете да го послужите со тестенини или њоки. Наместо спанаќ можете да додадете блитва или рукола. Прочитајте го во продолжение нашиот рецепт за вкусни тестенини со сос од сирење и спанаќ.rnrnРецепт за вкусни тестенини со сос од сирење и спанаќrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 грама тестенини
    • rn 011

    • 20 грама путер
    • rn 011

    • 1 среден кромид
    • rn 011

    • 200 милилитри павлака
    • rn 011

    • 100 грама млад спанаќ
    • rn 011

    • 80 грама горгонѕола сирење
    • rn 011

    • 30 грама пармезан
    • rn 011

    • 30 грама ореви
    • rn 011

    • сол и бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Сварете ги тестенините според упатствата на пакувањето. Пред да ги исцедите, префрлете во чаша дел од водата во која се вареле тестенините.rnrn2. Растопете го путерот и пржете го кромидот на средна температура додека не омекне. Додадете ја павлаката и мешајте одвреме-навреме.rnrn3. Во друга тава пропржете ги оревите на тивок оган. Додадете малку од водата од тестенините во тавата со кромидот, додадете го спанаќот и гответе додека не омекне. На крајот додадете го сирењето и измешајте ги убаво состојките за да се соединат.rnrn4. Кога сосот ќе зоврие, додадете го во тестенините, а на крајот додадете ги оревите и пармезанот. Зачинете по желба и веднаш послужете. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за мусака со тестенини.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Консумирајте ги овие намирници доколку сакате да имате блескава кожа!

    Консумирајте ги овие намирници доколку сакате да имате блескава кожа!

    Одредени видови храна можат да ѝ наштетат на вашата кожа, додека други пак можат да ја подобрат. Еве кои намирници треба да бидат вклучени во вашата секојдневна исхрана доколку сакате да имате блескава кожа.rnrnКонсумирајте ги овие намирници доколку сакате да имате блескава кожа!rn

    Див лосос

    rnДивиот лосос е една од најдобрите намирници кога станува збор за негата на кожата. Покрај тоа, лососот е одличен и во борбата против депресијата, анксиозноста и стресот. Тој ги намалува хормоните на стрес во вашето тело кои доведуваат до појава на акни. Лососот исто така содржи двојно повеќе од количината на витамин Д што ви е потребна секој ден. Здравите омега-3 масни киселини пак, можат да ја намалат појавата на брчки, воспаленија, но и да го подобрат колагенот што ќе ви помогне да го одржите младешкиот изглед.rn

    Спанаќ

    rnСпанаќот претставува богат извор на железо, витамин Е, фолати, растителни протеини, магнезиум, витамин А и витамин Ц. Витамините А, Е и Ц се одлични за вашата кожа поради нивните антиоксидантни својства. Овие намирници исто така го враќаат природниот сјај на кожата. Хлорофилот, состојка која се содржи во сите зелени намирници, од друга страна е врвен лек против акните. Железото и протеините во спанаќот исто така помагаат за одржување на младешкиот изглед на кожата како и одржување на здрав проток на крв.rn

    Темно чоколадо

    rnФлаванолите, масните киселини и антиоксидансите кои се содржат во темното чоколадо ја прават кожата посјајна. Какаото од друга страна, ги релаксира артериите и го зголемува протокот на крв што доведува до здрав изглед на кожата.rn

    Пиперки

    rnПиперките се богати со каротиноиди кои се добри сојузници во борбата против брчки. Згора на тоа, антиоксидансите кои се присутни во пиперките, помагаат во чистење на кожата.rn

    Семиња

    rnСемето од лен, чиа семето, семките од сончоглед и тиква се прекрасни за вашата кожа. Здравите омега-3 масни киселини кои се содржат во овие семиња се одлични за справување со брчки и акни, а покрај тоа семињата се богати и со протеини. Освен тоа, витаминот Е кој се содржи во семките од сончоглед и тиква ја подобрува влажноста на кожата. Магнезиумот пак, кој исто така е дел од овој вид семиња, ги релаксира вашите крвни садови и го намалува нивото на стрес.rn

    Зелен чај

    rnЗелениот чај е задолжителна состојка за одлична кожа. Покрај тоа што зелениот чај е богат со антиоксиданси, тој исто така ја содржи и специфичната аминокиселина позната како Л-теанин која го релаксира телото и го намалува стресот. Пијте 3 чаши дневно или повеќе за најдобри резултати. Зелениот чај е одличен и за срцето и за вашите артерии со тоа што придонесува за намалување на крвниот притисок.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат во одржување на негата на вашата кожа, можеби ќе сакате да прочитате и како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Рецепт за вкусна пита со сирење и спанаќ

    Рецепт за вкусна пита со сирење и спанаќ

    Сирењето и спанаќот се добра комбинација во пити, a наместо спанаќ, можете да користите блитва или коприва, да додадете пржени коцки сланина, па дури и да си поиграте со неколку различни видови стопени сирења.rnrnРецепт за вкусна пита со сирење и спанаќrn

    Потребни состојки:

    rnТесто:rn

      rn 011

    • 250 гр брашно
    • rn 011

    • 125 гр путер
    • rn 011

    • 1/2 лажичка сол
    • rn 011

    • 1 јајце
    • rn

    rnПолнежот:rn

      rn 011

    • 400 гр спанаќ
    • rn 011

    • 250 гр урда
    • rn 011

    • 100 гр фета сирење
    • rn 011

    • 1 мал кромид
    • rn 011

    • 250 милилитри павлака
    • rn 011

    • 1 јајце
    • rn 011

    • малку сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Исечете го путерот на парлиња. Измешајте ги сите состојки за тестото, а потоа месете со рацете и формирајте топка. Расукајте го и ставете го тестото во подмачкан калап за пити.
    2. rn 011

    3. Спанаќот сварете го во вода минута или две, а потоа исечкајте го. Исечкајте го и кромидот и пропржете го, па додадете го спанаќот и кратко пропржете уште еднаш. Оставете да се олади. Измешајте ја урдата со павлаката и додадете ги јајцето и фетата. Сè добро измешајте и додадете го спанаќот.
    4. rn 011

    5. Ставете ја смесата врз тестотот. Покријте го тестото со алуминиумска фолија и печете околу 20-30 минути на 180-190 степени Целзиусови.
    6. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за намаз од грав со вкус на лимон и зачини.

  • Солен ролат со спанаќ или блитва

    Солен ролат со спанаќ или блитва

    Кралицата на Франција, Кетрин де Медичи, им нареди на своите готвачи да служат спанаќ со секој оброк. Ова не е ни чудо, бидејќи овој зеленчук е вистинска ризница на вредни хранливи материи. Спанаќот е богат со хлорофил, протеини, минерали железо, магнезиум, фосфор и многу елементи во трагови потребни за одржување на здрава рамнотежа. Спанаќот нуди огромно снабдување со хранливи материи во однос на неговата калориска вредност.rnrnБлитвата во нејзините лисја крие многу хранливи материи, па затоа се смета за навистина моќна храна. Скоро нема витамини или минерали кои не се содржани во поголема или помала мера во овој зеленчук. Според експертите, блитвата содржи околу 13 различни антиоксиданти, од кои се издвојуваат алфа и бета-каротен, лутеин, зеаксантин и холин.rnrnЕве како да направите вкусен солен ролат со спанаќ или блитва.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Sanja Mijac – blog Domaćica (@domacica.sanja)

    rnrn

    rnrn

    Потребни состојки:

    rnЗа ролатот:rn

      rn 011

    • 5 јајца
    • rn 011

    • 150 гр варен и сечкан спанаќ или блитва
    • rn 011

    • 2 лажици павлака
    • rn 011

    • 100 милилитри масло
    • rn 011

    • 100 гр брашно
    • rn 011

    • малку сол
    • rn

    rnЗа полнежот:rn

      rn 011

    • 300 гр крем сирење
    • rn 011

    • 2 лажици павлака
    • rn 011

    • 150 гр шунка или врат
    • rn 011

    • сол, бибер и зачини по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Поставете поголем плех за печење со мрсна хартија за печење. Направете пире од спанаќот или блитвата и додадете ги сите други состојки. Измешајте да се соедини.
    2. rn 011

    3. Истурете ја смесата во голема тава за печење, израмнете и ставете ја во рерна околу 10 минути. Печениот ролат завиткајте го заедно со мрсната хартија во влажна крпа и оставете го да се излади.
    4. rn 011

    5. Наполнете го оладениот ролат со полнежот што сте го подготвиле со ситно сечкана шунка и остатокот од состојките.
    6. rn 011

    7. Премачкајте го ролатот и превртете го. Чувајте го во фрижидер. Добар апетит!
    8. rn

    rnПрочитајте и за 5-те најчести грешки при подготовката на палачинки.

  • Вегетаријански бургери од киноа и спанаќ

    Вегетаријански бургери од киноа и спанаќ

    Овие бургери од спанаќ и киноа се вкусни, вегетаријански и полни со протеини и хранливи материи. Погледнете го рецептот и направете ги уште денес.rnrnВегетаријански бургери од киноа и спанаќrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 150 г неварена киноа
    • rn 011

    • 450 милилитри вода
    • rn 011

    • 4 јајца
    • rn 011

    • 120 г пармезан или по избор
    • rn 011

    • 2 китки млад кромид
    • rn 011

    • 3 чешниња лук
    • rn 011

    • 150 г спанаќ на пареа
    • rn 011

    • 150 г лебни трошки
    • rn 011

    • 1 лажичка маслинов зејтин
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Исплакнете ја киноата и ставете ја во сад заедно со водата. Гответе за 20 минути.
    2. rn 011

    3. Потоа комбинирајте ги изматените јајца, киноата, пармезанот, сечканиот млад кромид, истолчениот лук, спанаќот и лебните трошки. Оставете за неколку минути за да се апсорбира течноста. Смесата треба да биде влажна. Потоа формирајте бургери.
    4. rn 011

    5. Загрејте го зејтинот во голема тава на среден оган. Гответе ги бургерите покриени за 8 до 10 минути од секоја страна. Треба да добијат златна боја. Потоа уживајте и добар апетит!
    6. rn

    rnПогледнете го и овој рецепт за полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин.

  • 8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!

    8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!

    Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот имунолошки систем.rnrn8 моќни придобивки од спанаќот: Го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од дијабетес!rn

    1. Добар е за здравјето на кожата

    rnТој е полн со антиоксиданси кои ја штитат кожата спречувајќи ги слободните радикали да се врзуваат за нашата кожа и да ни создадат проблеми.rnrnИсто така, богат е со витамини Ц и Е, а познато е дека витаминот Е делува како заштита на кожата од УВ зраците, така што консумацијата на спанаќ штити од сонцето.rnrnВитаминот Ц го поддржува производството на колаген во нашата кожа, го спречува развојот на брчките и ја стимулира еластичноста на кожата.rn

    2. Ги зајакнува мускулите

    rnОвој зеленчук, исто така, содржи голем процент нитрати кои помагаат во изградбата на мускулното ткиво.rnrnНитратите се одговорни за зголемениот проток на крв и им помагаат на мускулите да работат, а со тоа го помагаат и развојот на мускулните влакна.rn

    3. Го чува срцето

    rnГликолипидите кои се наоѓаат во овие зелени зеленчуци му помагаат на телото да произведе азот оксид, а оваа молекула предизвикува крвните садови да се шират и со тоа да се намали напрегањето на срцето. Крвта на тој начин циркулира полесно во телото и го намалува крвниот притисок.rn

    4. Го намалува ризикот од дијабетес

    rnСпанаќот содржи и магнезиум, кој го регулира нивото на шеќер во крвта, што е многу важно за да се намали ризикот од дијабетес.rnrnКонсумирањето спанаќ обезбедува доволна количина магнезиум во организмот. Една чаша спанаќ на ден содржи 6% од дневниот внес на магнезиум.rn

    5. Овозможува чувство на ситост подолго време

    rnЕдна чаша од овој зеленчук содржи и 3% од препорачаната дневна доза на влакна. Салатата од спанаќ е идеално јадење ако сакате витка линија затоа што растителните влакна овозможуваат чувство на ситост.rnrnТие го забавуваат варењето на храната, но важно е да пиете многу вода за да му помогнете на влакната да си ја завршат работата.rn

    6. Може да го намали холестеролот

    rnЛутеинот што се наоѓа во оваа храна, исто така, го спречува високиот холестерол бидејќи му помага да не се задржи и собира во артериите.rn

    7. Го одржува здравјето на очите

    rnСпанаќот ги штити очите од штетните УВ зраци, но и од дегенерација и катаракта на очите.rnrnДвата антиоксиданти кои му помагаат на здравјето на очите се лутеин и зеаксантин и тие го намалуваат оштетувањето на леќите од сонцето.rn

    8. Го подобрува расположението

    rnПокрај тоа што е добар за физичкото здравје, спанаќот има корисен ефект и врз менталното здравје. Како и другите лиснати и зелени зеленчуци и тој се смета за природен антидепресив.rnrnИсхраната која вклучува спанаќ придонесува и за здравјето на мозокот, а магнезиумот помага во спречување на депресијата. Зголемувањето на нивото на магнезиумот нè прави посреќни бидејќи влијае и на нивото на серотонин во крвта.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 8-те продукти кои се покорисни за женското здравје од суперхраната.

  • Лиснати погачи со спанаќ и фета сирење

    Лиснати погачи со спанаќ и фета сирење

    Малите погачи со спанаќ се одличен оброк кој можете да го понесете со себе на работа, или да го подгреете кога не ви се готви

    rnЛиснати погачи со спанаќ и фета сирењеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • Едно пакување лиснато тесто
    • rn 011

    • Маслиново масло
    • rn 011

    • Една главица кромид
    • rn 011

    • Праз
    • rn 011

    • 2 чешниња лук
    • rn 011

    • 500 грама спанаќ
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 30 грама фета сирење
    • rn 011

    • Сок од половина лимон
    • rn 011

    • Сусам
    • rn

    rn

    Начин да подготовка:

    rnКромидот и празот исечкајте ги ситно, па динстајте ги на маслиново масло. Додајте го исечканиот лук и динстајте уште неколку минути. Додајте го и спанаќот и динстајте додека не испари водата.rnrnДинстаниот зеленчук ставете го во сад и додајте едно јајце, лимонов сок и сирење. Измешајте добро и оставете ја смесата да отстои.rnrnЗагрејте ја рерната на 20 степени. Развлечете го тестото со дебелина од околу 5-6 центиметри и поделете го на 4 делови со нож. На секое парче тесто ставете од смесата со спанаќ и сирење и преклопете го со другата страна. Притиснете ги рабовите на погачите со виљушка за добро да ги затворите.rnrnИзматете го останатото јајце и премачкајте ги погачите, ставете сусам и печете додека тестото не порумени.rnrnПробајте ја и оваа вегетаријанска лазања со спанаќ.