КАФЕ ПАУЗА

Tag: спанаќ

  • Салата од спанаќ и мускатна тиква

    Салата од спанаќ и мускатна тиква

    Печената мускатна тиква, маринираниот лук и младиот спанаќ се одлична комбинација за салатаrnrnСалата од спанаќ и мускатна тикваrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 исчистена и исечкана мускатна тиква
    • rn 011

    • 2 лажици маслиново масло
    • rn 011

    • 1 лук, тенко исечен на парчиња
    • rn 011

    • Сок од 2 лимети
    • rn 011

    • 80 милилитри полномасно кокосово млеко
    • rn 011

    • 2 лажици рибен сос
    • rn 011

    • 1 лажица шеќер
    • rn 011

    • 200 грама млад спанаќ
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
    • rn 011

    • На исечената тиква ставете масло, зачинете по желба и печете 30 до 40 минути.
    • rn 011

    • Додека тиквата се лади, измешајте сок од 1 лимета и лук.
    • rn 011

    • За сосот измешајте го преостанатиот сок од лимета, кокосовото млеко, рибниот сос и шеќерот.
    • rn 011

    • Пред послужување измешајте ги печената тиква, спанаќот и лукот и прелијте со сос.
    • rn

    rnПробајте ги и овие ладни салати со тестенини.

  • Кажете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата

    Кажете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цревата

    Многу луѓе секојдневно патат од болки во желудникот и абдоминалниот дел бидејќи нивниот дигестивен систем не функционира во најдобар ред и како резултат лошо ја вари храната. Но, затоа постојат многу рецепти кои помагаат во регулирањето на цревната флора, како што е зеленото смуди кое се подготвува со само неколку состојки, меѓу кои и 5-те најмоќни растенија за правилно функционирање на дигестивниот тракт. Во продолжение прочитајте за што станува збор.rnrnРечете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цреватаrnrn1. Ананас: Ананасот го олеснува разградувањето на храната во организмот, го намалува апетитот, а благодарејќи на високиот процент на влакна ја забрзува и размената на материи во дебелото црево што резултира со рамен стомак. Покрај тоа, ананасот е одличен извор на витамин Ц и манган.rnrn2. Нане: Нането е исто така познато по своите лековити својства кои ја спречуваат подуеноста. Тоа е одличен сојузник при ослободувањето од чувството на тежина во стомакот, смирувањето на желудникот и спречувањето на грчевите.rnrn3. Ѓумбир: Ѓумбирот наоѓа голема примена во лекувањето на гастроинтестиналните нарушувања и тегоби. Го спречува собирањето на гасови во цревата и ја олеснува мачнината и болките во стомакот. По консумирањето, ѓумбирот се разредува во цревата и ги неутрализира киселините, хормоните и токсините.rnrn4. Куркума или индиски шафран: Ова е одличен антиоксиданс и помага во пречките и проблемите со варењето на храната, како и забрзувањето на метаболизмот.rnrn5. Алое вера: Ова растение го смирува и го прочистува системот за варење и органите во абдоминалниот дел од телото и се препорачува при лечењето на чир на желудник, синдромот на воспалени црева, целијакија и Кронова болест.rnrnРечете збогум на лошото варење на храната: Зелено смуди кое ја подобрува работата на цреватаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 130 грама спанаќ
    • rn011

    • 30 грама свежо нане
    • rn011

    • 130 грама замрзнат ананас
    • rn011

    • 2 лажици сок од алое вера или парче со големина од 5 сантиметри
    • rn011

    • 2 лажици мед
    • rn011

    • 1 парче свеж ѓумбир кое потоа се лупи и се мели
    • rn011

    • ¼ лажица прав од куркума
    • rn011

    • 1 зелен лимон
    • rn011

    • 200 милилитри кокосова вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер, промешајте и испијте го сокот после оброк.

  • 8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

    8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумираме

    Железото е минерал кој има голема важност за нашиот организам и затоа е неопходно да го консумираме секојдневно. Она што е најкарактеристично е тоа што нашите тела не можат сами да го создадат и токму поради тоа исхраната има пресудна улога. Во продолжение почитајте кои прехранбени производи се богат извор на железо и потрудете се што почесто да ги имате на вашето мени.rnrn(0) 8-namirnici-bogati-so-zhelezo-koi-treba-sekojdnevno-da-gi-konsumirame-kafepauza.mkrn

    1. Школки

    rnОсвен железо, школките содржат многу витамин Б, а малку калории. Ако ги сакате морските плодови, школките се одличен избор за вас. Почестете се со некој морски специјалитет со школки барем еднаш во неделата и направете чуда за вашето здравје.rn

    2. Риба

    rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnОваа поздрава верзија на месото го намалува ризикот од депресија и развивање срцеви болести, а притоа е богата и со железо. Нутриционистите и лекарите препорачуваат да се јаде риба секоја недела.rn

    3. Мусли

    rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnЕве идеја за здрав појадок кој можете да го консумирате скоро секој ден. Немојте да додавате шеќер и наместо тоа одлучете се за суво овошје. Така ќе добиете вкусен и доволно благ оброк кој ќе ве засити и позитивно ќе делува на вашата здравствена состојба.rn

    4. Семки од тиква

    rnТие можат да бидат добар избор за ужина бидејќи не само што се многу здрави, туку и содржат малку калории. Па, ако сте на диета или водите сметка за здравјето и здравата исхрана, грицкајте ги овие семки секојдневно.rn

    5. Леќа

    rnЛеќата е многу практична за употреба и лесна за подготовка. Еден оброк кој содржи зрна леќа е доволен за да се задоволи дневната потреба од железо во крвта.rn

    6. Грав

    rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnПокрај железото, гравот содржи и бројни витамини и минерали кои помагаат при варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот.rn

    7. Спанаќ

    rnСалатата од свеж спанаќ може да биде одличен додаток на исхраната, бидејќи покрај тоа што претставува одличен извор на железо, тој исто така подобрува и целокупната работа на организмот.rn

    8. Црно чоколадо

    rn8 намирници богати со железо кои треба секојдневно да ги консумирамеrnrnМожеби не е толку слатко и млечно како обичното чоколадо, но затоа црното е една здрава алтернатива за оние кои внимаваат на исхраната од кои било причини. Црното чоколадо не само што ќе ја задоволи потребата од шеќер во организмот, туку и ќе го обезбеди со доволна количина на железо.

  • Супа од спанаќ и кокосово масло: Совршен рецепт за витка линија

    Супа од спанаќ и кокосово масло: Совршен рецепт за витка линија

    Едноставна и брза супа која е идеална за сите оние кои водат сметка за својата линија

    rnСупа од спанаќ и кокосово масло: Совршен рецепт за витка линијаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 лажици путер
    • rn011

    • 2 лажици кокосово масло
    • rn011

    • 1 голем кромид, исечкан
    • rn011

    • 140 грама пченкарно брашно
    • rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 2 лажици лук во прав
    • rn011

    • 1 лажица куркума
    • rn011

    • 1 прстофат чили
    • rn011

    • 1 килограм свеж или смрзнат спанаќ
    • rn011

    • Сенф
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnРастопете ги путерот и кокосовото масло во тенџере, а потоа додајте го кромидот и оставете го да омекне. Додајте го пченкарното брашно и мешајте полека додека додавате малку по малку вода. Варете сè додека смесата на зоврие и оставете ја така да вари 5 минути. Зачинете ја супата и потоа додадете го спанаќот. Не дозволувајте повторно да зоврие. Сипете ја зелената супа во чинија и послужете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ и други зеленчуци со зелени лисја

    Неверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќ и други зеленчуци со зелени лисја

    Сите знаеме дека зеленчукот е добар за нас, но дали знаевте дека јадењето само една порција зеленчуци со зелени лисја дневно може да ве заштити од деменција? Истражувачите од Универзитетот Раш во Чикаго ја испитувале поврзаноста помеѓу диетата и менталната способност на 950 постари луѓе, секои 2 години во период од 10 години. Учесниците, чија просечна возраст била 81 година, поминувале низ 19 теста со цел да се идентификува нивната ментална функција, а потоа одбирале од листа со 144 видови храна и пијалаци од што се состои нивната диета.rnrnНеверојатни придобивки од секојдневното јадење спанаќrnrnОние постари возрасни кои јаделе зеленчук со зелени лисја како спанаќ и кељ, еднаш или два пати дневно, покажувале помало намалување на когнитивните способности за разлика од оние кои немале навика да ја јадат оваа храна. Дури и во оние ситуации кога едукацијата, вежбите и историјата во фамилијата за деменција биле вклучени како фактори.rnrnВо просек, учесниците кои јаделе зелени зеленчуци, со нив го одложувале своето когнитивно влошување за околу 11 години. Главниот истражувач Марта Клер Морис вели:rn

    „Губењето на меморијата или намалувањето на когнитивните способности се едни од најголемите стравови на луѓето кои стареат. Бидејќи намалената когнитивна способност е клучна за Алцхајмеровата болест, зголеменото внесување на зеленчук со зелени лисја може да ви понуди едноставна и евтина превентива од оваа застрашувачка состојба.“

    rnСе претпоставува дека овие придобивки настануваат поради високото ниво на витамини и хранливи вредности, како витаминот К, лутеинот и бета каротинот со кои изобилуваат зелените зеленчуци. Друга студија од Шведска покажала и дека спанаќот ја подобрува силата на мускулите. Можеби е време да почнеме да го слушаме Попај за исхраната…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Крцкави крокети од компир со спанаќ и сирење

    Крцкави крокети од компир со спанаќ и сирење

    Одличен ручек готов за само 30 минути

    rnkrckavi-kroketi-od-kompir-so-spanakj-i-sirenje-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 800 г компир
    • rn011

    • 150 г спанаќ
    • rn011

    • 150 г брашно
    • rn011

    • 50 г маргарин
    • rn011

    • 1 поголемо јајце
    • rn011

    • 1 лажица сол
    • rn011

    • 100 г тврдо сирење
    • rn011

    • Масло
    • rn

    rn

    За пржење:

    rn

      rn011

    • Брашно
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 4 лажици млеко
    • rn011

    • Лебни трошки
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Добро измијте го компирот и сосе лушпа ставете го да се вари. Варениот компир исцедете го од водата и откако малку ќе се излади, излупете го. Лупениот компир потоа ситно издробете го, па оставете го сосема да се излади. Потоа додадете го обарениот ситно сецкан спанаќ, јајцето, маргаринот, посолете и сето тоа добро соединете го.
    2. rn011

    3. Постепено додавајте го брашното и со раце измесете го тестото. Лажица тесто ставете на набрашнета површина и благо притиснете го како диск. На средина ставете парче сирење, па потоа замотајте. Во меѓувреме припремете сè што треба за пржење.
    4. rn011

    5. Во една чинија ставете малку брашно, во друга изматете го млекото со јајцето, а во трета ставете ги лебните трошки. Обликуваните крокети од компир најпрво тркалајте ги во брашното, потоа поминете ги низ јајцето и на крајот истркалајте ги во лебни трошки. Пржете во длабоко масло.
    6. rn

  • Мазна кожа на плажа: Пробајте го вкусното смуди против целулит!

    Мазна кожа на плажа: Пробајте го вкусното смуди против целулит!

    Борбата со целулитот не е ни малку едноставна. Важно е да го нападнете со сите сили, што подразбира комбинација од соодветни вежби, креми, внесување течности и секако, обрнување внимание на исхраната.rnrn1-mazna-kozha-na-plazha-probajte-go-vkusnoto-smudi-protiv-celulit-kafepauza.mkrnrnЗа да ви помогнеме да ги намалите непосакуваните дупки на кожата на бедрата и задникот, ви препорачуваме некое време појадокот да го замените со ова вкусно и хранливо антицелулитно смуди.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Вода
    • rn011

    • Шака спанаќ
    • rn011

    • ½ банана
    • rn011

    • ½ портокал
    • rn011

    • Неколку крукчиња ананас
    • rn011

    • Малку цимет
    • rn

    rn

    Зошто баш овие состојки?

    rnСпанаќот е одличен извор на железо и растителни влакна. Го подобрува варењето на храната и помага во исфрлањето на штетните материи од организмот.rnrnПортокалот е богат со вода, витамин Ц, растителни влакна и антиоксиданси, па затоа е добар за сјај на кожата.rnrnАнанасот има диуретски својства, помага во борбата против задржување на течностите во телото и содржи антиоксиданси заради кои кожата изгледа здраво и затегнато.rnrnБананата е полна со калиум и е многу добар извор на витаминот Б6, како и на диететски влакна, витамин Ц и манган. Исто така помага за ослободување на задржаните течности од телото.rnrnЦиметот ја стимулира циркулацијата, а добро е познато дека целулитот најчесто настанува токму заради проблемите со циркулацијата.rnrnВодата е исклучително важна во борбата со целулитот бидејќи ги исфрла штетните материи и насобраните течности од организмот.rnrn2-mazna-kozha-na-plazha-probajte-go-vkusnoto-smudi-protiv-celulit-kafepauza.mk

  • Не сакате да јадете наутро? Подгответе смуди за појадок

    Не сакате да јадете наутро? Подгответе смуди за појадок

    Појадокот е најважниот оброк во денот бидејќи ни обезбедува енергија која му е потребна на телото за секојдневните задачи. Ако сте од оние кои не сакаат да појадуваат, ова зелено смуди е идеално за вас.rnrnИако е во течна состојба, овој појадок ќе ви ја даде потребната енергија. Преку намирниците кои треба да ги употребите, ќе ја примите потребната количина на витамини, минерали и антиоксиданси.rnrnne-sakate-da-jadete-nautro-podgotvete-smudi-za-pojadok-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 грст спанаќ
    • rn011

    • ½ краставица
    • rn011

    • 165 грама манго
    • rn011

    • 1 шолја сварен зелен чај
    • rn011

    • ½ лимон или лимета
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите наведени состојки ставете ги во блендер и додајте го лимоновиот сок. Од оваа количина ќе добиете околу 1 литар напиток, а она што ќе ви остане ставете го во фрижидер и конзумирајте го во текот на денот.rnrnСпанаќот го јакне имунолошкиот систем и е полн со витамини А и К, а краставицата го контролира нивото на шеќер во крвта. Зелениот чај штити од многу болести, а лимонот го додаваме за да ја олесни можната утринска мачнина, плус дава витамин Ц и го штити срцето во текот на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите

    Зелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите

    Нездравата исхрана и недоволното движење се двата најголеми причинители поради кои во нашето тело се таложат маснотиите. Во текот на денот не се согоруваат калориите, па вишокот се претвора во масно ткиво кое се таложи најмногу околу стомакот. Прв чекор во ослободувањето од вишокот е каков било тип на движење и вежбање, а вториот е промена на навиките во исхраната. Токму овој коктел може да ви помогне да се ослободите од маснотиите во телото.rnrnЗелен оброк во чаша кој ќе ве ослободи од мастите rnrnЃумбирот е еден од најсилните активатори за забрзување на метаболизмот. Оваа билка служи како поттикнувач на процесот со кој телото ги согорува вишокот калории и ги претвора во топлина. Јаболковиот оцет во комбинација со медот ги мобилизира маснотиите наталожени во организмот. Авокадото обилува со моно-незаситени масти кои не се таложат во салото, за разлика од заситените масти. Ова овошје создава чувство на ситост. Магдоносот и нането имаат детоксикациско дејство.rnrnСо помош на овој коктел ќе го исчистите телото од токсини и ќе ги намалите килограмите.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица јаболков оцет
    • rn011

    • 1 лажица свежо рендан ѓумбир
    • rn011

    • 1 чешне лук
    • rn011

    • ½ авокадо
    • rn011

    • 30 г свеж спанаќ
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn011

    • 1 шака нане и магдонос
    • rn011

    • ½ чаша млака вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnАвокадото исчистете го и исечете го на коцки, додека спанаќот, магданосот и нането, убаво измијте ги и исушете ги. Во блендер ставете ги авокадото, спанаќот, нането, магданосот, оцетот, водата и лукот, а потоа убаво измиксајте ги. На крај додадете ги медот и ѓумбирот и повторно убаво измешајте. Коктелот пијте го на празен стомак наутро и после секој мрсен оброк.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која ве прави попаметни

    Храна која ве прави попаметни

    Сигурно кога сте биле деца домашните ви велеле „Јади моркови за да имаш подобар вид“. И иако има некоја вистина во ова, ваквите совети честопати се земаат здраво за готово, бидејќи се чини дека секој вид храна нешто подобрува. „Јади спанаќ за да бидеш силен како Попај“ , „Испиј го млекото за поздрави коски“ итн.rnrnВистина е дека јадењето зеленчук и овошје е добро за вас. Јадењето пак на повеќе различни видови е дури подобро, бидејќи така телото ги добива сите витамини кои му се потребни за оптимално функционирање. Најдобриот дел е тоа што одреден тип зеленчук или овошје со себе носи неколку придобивки. Морковите на пример, не се добри само за очите, туку и за мозокот.rnrnХрана која ве прави попаметниrnrnПа така, доколку во одредена ситуација ви треба зголемена мозочна активност и енергија, да речеме кога учите за некој испит, не е на одмет да почнете да консумирате повеќе здрава храна, која докажано ја подобрува работата на мозокот. Еве некои видови храна кои треба да започнете да ги применувате во секојдневната исхрана, доколку сакате да ја подобрите и зголемите мозочната активност.rn

    1. Моркови

    rnМорковите покрај витаминот А, содржат и витамин Б, кој помага во градењето и лачењето на хемикалии познати како невротрансмитери. Нервниот систем зависи од невротрансмитерите за пренесувањето на пораки до мозокот, поточно оние поврзани со расположението, гладот и спиењето.rnrnХрана која ве прави попаметниrn

    2. Јогурт

    rnЈогуртот е богат со витамин Б12, уште познат како витаминот на меморијата, присутен само во храна од животинско потекло. Ја потпомага функцијата на нервите и освен во јогуртот, може да се најде и во сирењето, кашкавалот, лососот, ракчињата и говедското месо.rnrnХрана која ве прави попаметниrn

    3. Спанаќ

    rnНајдобрата храна за здравјето на мозокот е спанаќот. Богат е со антиоксиданси и токму во тоа лежи користа на овој зеленчук. А исто така содржи и многу витамини и минерали.rnrnХрана која ве прави попаметниrn

    4. Зелен чај

    rnЗелениот чај, не само што е голем извор на антиоксиданси, туку и содржи значителни количини на кофеин, што пак е добра замена за кафето. Кофеинот докажано ја подобрува мисловната функција, фокусирањето и концентрацијата. Антиоксиданси има и во кафето и во чоколадото, но тие не се толку силен извор како зелениот чај.rnrnХрана која ве прави попаметниrn

    5. Јајца

    rnИако е познато дека жолчките од јајцата не се баш најдобри за здравјето, сепак не треба да се занемарат кога станува збор за работата на мозокот. Холинот, градбена единица на невротрансмитерот ацетилхолин, ја подобрува меморијата, и го има во јајцата, особено во жолчките.rnrnХрана која ве прави попаметниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.