КАФЕ ПАУЗА

Tag: социјални мрежи

  • Дознајте што мислат луѓето за вашите селфиња

    Дознајте што мислат луѓето за вашите селфиња

    Ако поседувате телефон со камера, сигурно барем еднаш досега сте си направиле селфи. Тука нема ништо погрешно. Без разлика дали сте си ја проверувале шминката, дали косата ви изгледала неверојатно добро или едноставно сте посакале да направите селфи без никаква особена причина, сите го правиме истото. Понекогаш чувствувате потреба да му покажете на светот колку сте интересни, па затоа решавате да објавите селфи на социјалните мрежи.rnrnДознајте што мислат луѓето за вашите селфињаrnrnНо, што мислат другите за вашите селфиња? Неодамнешните истражувања го испитале ова прашање и резултатите можеби нема да ви се допаднат многу, но дефинитивно ќе ви ја разбудат свеста.rnrnИстражувачите од Минхен испитале 238 луѓе од Австрија, Германија и Швајцарија и ги прашале што мислат за селфињата и колку често тие самите ги прават овие фотографии. Не е никакво изненадување тоа што 77% од испитаниците одговориле дека прават селфи барем еднаш месечно, а 49% откриле дека добиваат нечие селфи барем еднаш неделно. Јасно е дека многу луѓе го следат овој тренд на фотографирање. Но, иако многумина од нас прават селфиња, тоа не значи дека другите сакаат да ги гледаат. Според истражувањата, 90% од испитаниците мислат дека селфињата им служат на луѓето за да се промовираат себеси, а само 46% од нив ги гледаат и сопствените селфиња на истиот начин.rnrnОва докажува колку е ниска човечката свест, но тоа не е некое големо изненадување.rn

    „Ние донесуваме заклучок за себе според нашите намери, а за другите според нивното однесување“, заклучил авторот на истражувањето.

    rnПостои психолошко објаснување за ваквиот начин на размислување. Ова се случува кога доживуваме когнитивна дисонанса, односно судир на две или повеќе нескладни верувања. Во основа, когнитивната дисонанса прави да се чувствуваме непријатно, па затоа се обидуваме да ги рационализираме нашите мисли и однесување. Токму затоа размислуваме на следниов начин: „Кога други луѓе прават селфиња, тоа значи дека се нарциси, но кога јас го правам истото, тоа е во ред бидејќи косата ми изгледа одлично и не објавувам селфиња толку често“.rnrnДоколку овие откритија ве поттикнаа засекогаш да се откажете од предната камера, сепак немојте да преземате драстични мерки. Имено, според едно истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија, селфињата можат да ви го подобрат расположението. Освен тоа, други истражувања докажале дека правењето селфиња им ја зголемува самодовербата на тинејџерите. Токму затоа, слободно продолжете со вашите селфиња, но со мерка!rnrnСо други зборови, само затоа што тие делуваат нарцисоидно за некои луѓе, тоа не значи дека треба да престанете да ги објавувате, особено ако се работи за поединци кои и самите прават селфиња. Поентата е дека не треба да се откажете од вашите потреби само поради многубројните хејтери. Ако имате потреба да објавувате селфиња, тогаш објавувајте селфиња без пардон!rnrnИако не треба да претерувате со ваквиот начин на фотографирање, не ги заборавајте 5-те начини на кои селфињата прават да се чувствувате подобро.

  • 5 начини на кои не треба да ја објавите веста за вашата бременост на социјалните мрежи

    5 начини на кои не треба да ја објавите веста за вашата бременост на социјалните мрежи

    Кога ќе дознаете дека сте бремени, не можете да ја опишете радоста и веднаш сакате со целиот свет да ја споделите вашата среќа. Но, при објавувањето на оваа весела вест, треба да знаете на кои начини да го направите ова, а социјалните мрежи баш и не се достојни за тоа. Погледнете ги овие пет начини кои треба да ги избегнувате кога ќе сакате да ја соопштите веста дека очекувате уште еден член во семејството.rn

    1. Да ја споделите веста на социјалните мрежи уште пред да ѝ кажете на вашата мајка

    rn5 начини на кои не треба да ја објавите веста за вашата бременост на социјалните мрежиrnrnНе означувајте фотографија со ваши чевли, чевлите на вашиот сопруг и мали бебешки чевличиња, со што ќе сакате да им дадете до знаење на вашите пријатели дека очекувате бебе. Оваа радосна вест најпрво заслужува да ја дознае вашето семејство.rn

    2. Да поставите фотографија од позитивниот тест за бременост

    rn5 начини на кои не треба да ја објавите веста за вашата бременост на социјалните мрежиrnrnДали пријателите треба да помислат на вашата урина? Сигурно не!rn

    3. Да покажете фотографија каде што му соопштувате на вашето постаро дете дека треба да го напушти креветчето за спиење

    rn5 начини на кои не треба да ја објавите веста за вашата бременост на социјалните мрежиrnrnТажниот израз на детето зад рашетките на креветчето и не изгледа баш добро.rn

    4. Да споделите фотографија со бебешки предмети

    rn5 начини на кои не треба да ја објавите веста за вашата бременост на социјалните мрежиrnrnУбаво е да имате до себе бебешки предмети и играчки, но не е добро во таков момент да ги споделувате истите на социјалните мрежи.rn

    5. Фотографија која го покажува вашиот гол стомак

    rn5 начини на кои не треба да ја објавите веста за вашата бременост на социјалните мрежиrnrnЧувајте ги тие фотографии во своите спомени!

  • 7 работи кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените

    7 работи кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените

    Полека, но сигурно на најдолгиот месец во годината му се ближи крајот. Тоа значи дека за кратко време ќе дојде и Денот на вљубените кој и покрај тоа што не е дел од нашата традиција и култура, многу млади сепак го прославуваат. Овој празник за некои парови претставува голем и среќен настан што со нетрпение го очекуваат, а на други, пак, им предизвикува главоболка. Без разлика во која група припаѓате, ова се 7-те работи кои никако не треба да ги објавите на социјалните мрежи за Денот на вљубените…rnrn7 работи кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубенитеrn

    1. Фотографии на кои се бакнувате со партнерот во уста

    rnФранцускиот бакнеж нека остане само ваш, не мора на сите да им покажувате што се случува кога сте сами.rn

    2. Долната облека што сте ја добиле како подарок

    rnДа ве потсетиме дека вашите и родителите на партнерот ве имаат за пријатели на Фејсбук и гледаат сѐ што ќе објавите.rn

    3. Подароците што сте ги добиле

    rnПрекрасно е тоа што вашиот партнер ви подарил 101 роза, но ако го објавите тоа на социјалните мрежи ќе делува како фалење, а никој не сака фалбаџии.rn

    4. Етикети со цена

    rnВеќе ако инсистирате да го објавите подарокот што сте го добиле, барем направете го тоа достоинствено.rn

    5. Вечера со свеќи

    rnКвалитетот на фотографијата и онака нема да биде добар поради лошата осветленост, така што причината поради која објавувате ваков интимен момент е очигледна: Сакате да се фалите и да ги направите другите љубоморни!rn

    6. Долги срцепарателни љубовни изјави на Фејсбук

    rnМожеби ќе добиете 200 лајкови на долгиот љубовен текст посветен на вашиот партнер што самите сте го смислиле, но единствената личност која треба да ви биде важна во таков случај е вашиот сакан или сакана. Доволно е само тој или таа да ги прочитаат вашите искрени зборови, нема потреба сите ваши 1.000 пријатели на Фејсбук да знаат како се чувствувате.rn

    7. Пораката што сте ја добиле за Денот на вљубените

    rnПовторно, ваквите интимни работи треба да останат само меѓу вас. Дали навистина сакате вашиот професор од средно да знае како вашиот партнер се почувствувал кога прв пат ве здогледал? Секако дека не!rnrnДоколку немате идеја какво изненадување да му приредите на партнерот, погледнете ги овие креативни состаноци за Денот на вљубените.

  • Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

    Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

    Социјалните мрежи се редовно преполни со компетентни критичари и искусни експерти од сите области. Сите луѓе имаат свое мислење за политичката ситуација во државата и светот, за загадувањето на околината, за заштитата на животните, за туѓата сексуална определеност, за туѓите животни избори, успеси, падови… И тоа од една страна е добро! Тоа значи дека луѓето размислуваат за работите што се случуваат околу нив. Па, зар не е тоа целта на модерното општество? Зар не треба секој да има свое право на мислење и изразување? Тоа денес е овозможено благодарение на многубројните социјални мрежи како што се Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Но, каде се наоѓа границата? Кога личното мислење преминува во хејтеризам и дали е тоа добро и продуктивно?rnrnХејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?rnrnЗа да можеме да го препознаеме хејтеризмот, најпрво треба да го дефинираме. Хејтеризмот (кованица од англискиот збор „hate“ што значи омраза) може да се објасни како негативна појава на модерното време чија цел е да омаловажи и исмее нечиј труд, успех или неуспех и се користи како алатка од страна на лица со недостаток на самодоверба и вишок слободно време.rnrnСигурни сме дека и самите сте биле сведоци на голем број вакви примери. Колку статуси сте прочитале досега што исмеваат нечиј избор на облека? Колку твитови сте виделе чија цел е да омаловажат нечие мислење? Што е со статусите кои содржат говор на омраза кон сите оние со поинаква политичка определба или начин на живот? Како сте се чувствувале вие кога сте ги прочитале? Сигурно добро, доколку вашето лично мислење се совпаѓало со нив, па дури и сте „стегнале“ лајк. Но, што е со оние кои не се одраз на вашиот личен став, туку го отсликуваат токму спротивното на најнегативен можен начин? Најверојатно ви разбудиле негативни емоции и мисли, па дури и самите сте се почувствувале навредени, особено ако сте се пронашле во нечиј статус или твит и сте го доживеале лично.rnrnХејтеризмот не треба да се меша со конструктивната критика. Едно е кога не се согласувате со нечие мислење, па образложувате преку аргументи и докази зошто според вас тоа е погрешно и како би можело да се поправи, а сосема друго е кога исмевате. Конструктивните критики се добри и корисни, бидејќи ни помагаат да станеме подобри и да постигнеме поголем личен напредок. Дури и да не се согласувате со нив, добро е да ги има за да го погледнете она што го правите од сосема поинаков аспект. Тие можат да ви ги отворат очите и да ви укажат на некои ситници кои воопшто не сте ги забележале. Луѓето кои критикуваат на конструктивен начин знаат како да се изразат, употребуваат неутрални зборови, го засноваат нивното мислење на добро издржани аргументи и нудат алтернативно решение. Конструктивните критичари немаат никаква врска со хејтерите.rnrnХејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?rnrnХејтерите најчесто си го кријат вистинското лице зад екраните и се претставуваат лажно, веројатно поради недостаток на самодоверба. Нивниот начин на изразување е полн со иронија и сарказам, укажуваат на проблемот преку исмевање и омаловажување, упатуваат директни навреди, нивното мислење не е поддржано со аргументи и не нудат конкретно решение. Нивната единствена цел е да укажат на нечија грешка и да го навредат сторителот за тие самите да се чувствуваат подобро. Вистинската причина за ваквото однесување произлегува од нивното незадоволство од сопствениот неисполнет и површен живот. Празнината што ја чувствуваат длабоко во себе се обидуваат да ја исполнат преку секојдневните статуси и твитови полни со омраза. Своето вистинско лице го кријат зад маската на самоуверени, интелигентни и нарцисоидни личности кои со гордост го носат епитетот „хејтери“.rnrnДенес стана модерно да се биде хејтер. Сите хејтаат. Сите си земаат за право да ги коментираат и осудуваат туѓите животи и ставови под оправдувањето дека „секој има право на лично мислење“. Тоа е неоспорно и неизбежно е дека еден ден и вие ќе станете мета на тие луѓе без разлика колку (не) се експонирате во јавност. Порано или подоцна некој ќе се обиде да ја излечи сопствената фрустрација преку вашиот успех или неуспех и тоа не може да се спречи. Тоа може да влијае на вашата самодоверба, можеби ќе се чувствувате повредени и ќе почнете да се сомневате во сопствените одлуки. Но, добрите вести се дека постои решение за овој проблем и дефинитивно можете да ја свртите целата ситуација во ваша корист!rnrnПа, како да ги победите хејтерите сезнајковци?rnrnХејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?rnrn1. Никако не се обидувајте да почнете расправија со нив! Нема да успеете ниту да ги разубедите ниту да им докажете нешто. Ако почнете да се карате, само ќе паднете на нивно ниво и ќе се изнервирате.rnrn2. Игнорирајте ги. Хејтерите одвај чекаат да реагирате, затоа што така ќе си го исполнат времето со оглед на тоа што и онака немаат попаметна работа. Едноставно не им обрнувајте внимание и продолжете понатаму со животот. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но со текот на времето ќе станете имуни на хејтеризмот.rnrn3. Искористете го нивниот хејт во ваша полза. Да, ова е сосема возможно. Не заборавајте дека никој не ги спомнува луѓето кои не се вредни за спомнување. Според ова, ако сте постојана мета на хејтери, тоа е знак дека нешто правите како што треба. Слободно сфатете го хејтот како комплимент.rnrnНормално е дека не можете да добиете одобрување за она што го правите од сите луѓе на светот, но не дозволувајте нечиј ограничен ум да ви го попречи патот кон остварувањето на вашите соништа. Никогаш не се менувајте себеси за да им се допаднете на другите. Останете доследни на себе и секогаш бидете свои. Не заборавајте дека што и да направите: Haters gonna hate (Potatoes gonna potate).rnrnХејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

  • Живот без социјални мрежи: Овие луѓе откриваат зошто го избришале нивниот Фејсбук профил

    Живот без социјални мрежи: Овие луѓе откриваат зошто го избришале нивниот Фејсбук профил

    Во денешното урбано општество речиси и да не постои човек што нема профил на Фејсбук. Луѓето ја користат оваа социјална мрежа бидејќи им овозможува полесна комуникација, запознавање нови луѓе, слободно изразување и добра информираност. Но, сите знаеме дека Фејсбук има и свои негативни страни кои доаѓаат до израз доколку не се користи правилно. Токму поради нив некои луѓе решиле да живеат без Фејсбук и го избришале нивниот профил. Но, што ја прелеало чашата? Прочитајте ги нивните искрени исповеди во продолжение…rnrnЖивот без социјални мрежи: Овие луѓе откриваат зошто го избришале нивниот Фејсбук профилrn

    „Кога немав работа, имав многу слободно време кое го трошев на Фејсбук. Се сеќавам дека еден ден решив да не се вклучам на Фејсбук воопшто. Цел ден играв видео игри и јадев. Се чувствував навистина продуктивно по целиот ден поминат во играње видео игри. Тоа ме поттикна да сфатам дека Фејсбук е како црна дупка што го троши вашето време. Го избришав профилот и не ми недостасува воопшто. Подобро го користам моето време сега.“

    rn

    „Луѓето се премногу драматични, сите секогаш се караат.“

    rn

    „Постојано го споредував мојот живот со животот на другите луѓе, а тоа растажува.“

    rn

    „Ме отпуштија од работа поради мојата политичка определеност што беше видлива на мојот профил. После тоа, решив дека не ми треба Фејсбук.“

    rn

    „99,9% од информациите се претерано глупави.“

    rn

    „Премногу луѓе користат Фејсбук за да ги објавуваат нивните приватни проблеми. Не ми е ниту мене гајле за вашите проблеми, ниту, пак, на некој друг, збогум Фејсбук!“

    rn

    „Го проверував мојот профил веднаш штом се разбудам и секој ден се разочарував. Поради тоа, решив да направам тридневен тест. Решив дека ако не видам ништо корисно во текот на тој период, ќе го избришам. Одлуката навистина не беше толку тешка. Сѐ уште не сум сигурен дали навистина е избришан профилот, бидејќи никогаш не им пратив примерок од крв како што ми побараа за целосно да го избришат.“

    rn

    „Сфатив дека целото време го поминувам зјапајќи во телефонот. Престанав да го користам целосно.“

    rn

    „Решив дека луѓето кои навистина ме сакаат, ќе најдат начин да разговараат со мене. Испадна дека тоа е навистина така и воопшто не ми треба Фејсбук.“

    rn

    „Поминав низ болно раскинување кога дознав дека мојот поранешен партнер ме изневерувал со повеќе жени. Се мачев себеси со месеци така што ги прогонував овие девојки на Интернет, а тоа само уште повеќе ме растажуваше. Сфатив дека за да продолжам понатаму треба да престанам да се споредувам со нив и решив да го избришам профилот на Фејсбук. По неколку месеци помислив да го вратам, но воопшто не ми недостасуваше. 6 години подоцна сѐ уште не ме интересира! Луѓето се шокираат кога ќе им кажам дека немам Фејсбук. Во денешно време незамисливо е урбана 26-годишна девојка да не користи Фејсбук.“

    rnЖивот без социјални мрежи: Овие луѓе откриваат зошто го избришале нивниот Фејсбук профилrn

    „Дали некогаш сте отвориле фрижидер за да видите дали има нешто убаво за јадење и подоцна сте се вратиле за да проверите дали убавото јадење магично се појавило? Истото се случува и кога проверувате Фејсбук по цели денови. Истите глупости одново и одново. Кога го сфатив ова, го избришав профилот.“

    rn

    „Ми се случи да ја барам фотографијата од кроасанот што еден колега го јадеше еднаш за појадок пред неколку години. Дефинитивно не сакам така да го поминувам времето.“

    rn

    „Се навредив од објавата на еден човек што го немав видено повеќе од 10 години. Си помислив ’Добро, што правам јас?!’. Исто така, ми се смачи од тоа да се обидуваме да ја направиме совршената фотографија секогаш кога ќе излезевме со пријателите.“

    rnПродолжете на следната страница за останатите исповеди…rnrn

  • 7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

    7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

    Сите ја чувствуваме предновогодишната атмосфера и со нетрпение чекаме да ги прославиме божиќните празници. Во целата таа еуфорија лесно е да се претера и да се заборави дека понекогаш стануваме досадни со сите тие објави на социјалните мрежи поврзани со празниците. Можеби мислите дека е симпатично тоа што целата јавност на Фејсбук го знае буквално секој ваш новогодишен украс, но за луѓето тоа не е интересно. Ова се 7-те работи што не треба да ги објавувате периодов…rnrn7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празнициrn

    1. Вашата листа на новогодишни желби

    rnОсвен ако Дедо Мраз не ве следи на Инстаграм, нема потреба другите ваши следбеници да знаат дека оваа година сакате боенка за возрасни или шолја за кафе со мотиви од „Војна на ѕвездите“.rn

    2. Сите подароци што сте ги добиле

    rnСупер е тоа што сте добиле Ајфон 7, брендирана чанта и свилена марама. Сите се радуваме за вас, но поентата на празниците не е да се фалите со вашите подароци.rn

    3. Вашата новогодишна елка

    rnМожеби сте потрошиле многу време за да ја накитите и навистина се гордеете со неа, но тажната вистина е дека на пошироката јавност сите новогодишни елки ѝ изгледаат исто.rnrn7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празнициrn

    4. Инспиративен божиќен цитат… освен ако не е урнебесно смешен

    rnСите знаеме дека ова е период на нови почетоци, промени и поминување време со најблиските. Навистина не мора да ги потсетувате на тоа вашите пријатели на Фејсбук со некои инспиративни цитати што сте ги нашле на Интернет. Реалноста е дека сите тие се веќе видени. Наместо тоа, смислете некоја оригинална новогодишна шега и насмејте го вашиот виртуелен свет.rn

    5. Претерано многу хаштагови

    rnОва се однесува на цела година, но хаштаговите од типот #новагодина #празници #подароци #дедомраз #божиќ #елка, навистина се здодевни. Одберете два-три и продолжете со животот.rn

    6. Фотографија од вас со новогодишна капа

    rnОва и не е толку страшно, но гарантираме дека Фејсбук и Инстаграм ќе бидат преплавени со селфиња од Дедо Мразовци и Баба Мразици. Бидете малку пооригинални и издвојте се од останатите.rnrn7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празнициrn

    7. Фотографија од вашиот миленик со новогодишна капа

    rnМислите дека не можете да погрешите доколку објавите каква било фотографија од вашиот миленик? Генерално, фотографиите со новогодишни капи се здодевни, без разлика колку е слатко вашето куче или маче. Освен ако не чувате тарантула. Новогодишна капа на тарантула звучи забавно.rnrn7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

  • 5 работи што љубовните парови никако не смеат да ги објавуваат на социјалните мрежи

    5 работи што љубовните парови никако не смеат да ги објавуваат на социјалните мрежи

    Љубовта секогаш треба да се покажува, но најдобро е тоа да се прави на само или во најблискиот круг на пријатели. Вашата љубов не треба да им ја покажувате на илјадници луѓе од кои добар дел воопшто не ги ни познавате. Паровите во врска или брак мора да имаат мерка кога станува збор за споделување приватни работи на социјалните мрежи. Доколку сте во врска, ви советуваме да заборавите на следниве 5 објави…rnrn5 работи што љубовните парови никако не смеат да ги објавуваат на социјалните мрежиrn

    1. Долги роденденски пораки полни со изливи на љубов

    rnНормално дека сакате да ѝ посакате најсреќен роденден на саканата личност и да ја покажете вашата љубов. Но, најдобро е тоа да го направите во четири очи. Долгите роденденски честитки полни со изливи на љубов треба да ги одбегнувате на социјалните мрежи, бидејќи поголемиот дел од вашиот приватен живот би требало навистина да остане приватен.rn

    2. Одбројување на деновите или месеците до вашата венчавка

    rnРазбирливо е тоа што сте пресреќни и возбудени поради свршувачката со вашата сакана личност. Кој не би бил?! Човечки е и тоа што сакате да ја споделите среќата со целиот свет, но тоа не значи дека треба го откриете секој можен детаљ, како што е одбројувањето на месеците или деновите до свадбата. Откако ќе се венчате, во ред е да го промените вашиот статус на Фејсбук, но слаткото исчекување на денот кога ќе го кажете судбоносното „Да“ оставете го за себе.rn

    3. Објавување фотографии на кои вашиот сакан или сакана не се целосно облечени

    rnДали навистина сакате да го рекламирате вашиот партнер и на целиот свет да му покажете колку е секси? Ваквиот потег може да се протолкува како обид да си означите територија и да се фалите со вашето згодно момче или девојка. Објавувањето фотографии на кои вашата сакана личност не е целосно облечена придружени со пофални зборови и срца е непотребно и непримерно.rn

    4. Водење какви било пасивно-агресивни караници

    rnКолку и да сте лути поради однесувањето на вашиот партнер, сите ваши проблеми би требало да ги решавате зад затворени врати, а не да ги споделувате со целиот виртуелен свет. Навистина е глупаво да вмешате стотици луѓе во вашите расправии. Немојте да оставате пасивно-агресивни коментари на фотографиите на вашиот сакан или сакана и да ги критикувате на Фејсбук без да ставите смајли или на некој друг начин да покажете дека се шегувате. Ова не е во ред ни спрема вашите заеднички пријатели на Фејсбук, бидејќи така и нив би можеле да ги ставите во непријатна ситуација.rn

    5. Објави поврзани со раскинувањето

    rnЉубовните врски треба да бидат приватни, а тоа го подразбира и евентуалното раскинување. Прекинот на врската секогаш предизвикува болка и разочарување, но никако не смеете да пишувате објави за тоа како конечно сте се ослободиле од нешто токсично. Постои причина зошто имате блиски пријатели. Оставете ги таквите приказни за нив.rnrnПрочитајте и зошто среќните парови не ја споделуваат нивната љубов на социјалните мрежи.

  • Зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи?

    Зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи?

    За некои луѓе статусот на социјалните мрежи може да биде поважен од она што се случува во реалниот свет. Едноставно, живееме во таков микрокосмос каде што нашето лично, она експонирано лично, е поважно од реалните моментални случувања.rnrn1-zoshto-srekjnite-parovi-ne-ja-spodeluvaat-svojata-ljubov-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rnrnГо оценуваме начинот на живот на другите во зависност од материјалот кој ни го пласираат на Фејсбук, Твитер или Инстаграм. Но, никогаш не сме во право кога изведуваме заклучок од прикажаното. Сте забележале дека постојат парови, за кои знаете дека се во врска, и немаат никаква заедничка содржина на Фејсбук. Зошто?rnrnСреќните парови живеат сега и овде. Сè им оди добро во животот и они едноставно не ја гледаат смислата на пишувањето постови на социјалните мрежи. Тоа не значи дека тие во своите мобилни телефони немаат заеднички фотографии или дека не разменуваат пораки, туку едноставно, не им се потребни никакви онлајн потврди за нивната љубовна врска.rnrn0-zoshto-srekjnite-parovi-ne-ja-spodeluvaat-svojata-ljubov-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rnrnАко ги откривате вашите проблеми на социјалните мрежи, нема да добиете ништо од тоа. Не можете да ги решите вашите проблеми во врската, така што ќе ги објавувате онлајн. Ова е метода која дава најмал резултат. Ваквата постапка може само да ја влоши состојбата во вашата врска.rnrnВистинската среќа доаѓа од моментите кои ги поминувате со личноста која ја сакате. Радоста е во тоа да бидете заедно, а не да објавувате на вашите профили дека сте заедно. Среќните парови ќе објават пејзаж од пределот во кој се наоѓаат, а не фотографија на која се среќни. Зошто? Затоа што уживаат во тоа што се заедно! Зошто би им било потребно целиот Интернет да ја гледа нивната фотографија на која се држат за раце?rnrn2-zoshto-srekjnite-parovi-ne-ja-spodeluvaat-svojata-ljubov-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rnrnТие никому ништо не докажуваат. Среќните парови знаат дека се заљубени. Исто така, научниците откриле дека оние кои помалку ги користат социјалните мрежи се посреќни од оние кои ги користат постојано. Паровите кои се навистина среќни во својата врска знаат дека вистинскиот извор на среќа се наоѓа во реалните искуства, а не во лајковите и коментарите. И за што ќе ви послужи бескрајната популарност на социјалните мрежи, ако вие сте несреќни во вашата врска?

  • До сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!

    До сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!

    Сите сме активни на социјалните мрежи и знаеме дека вежбањето е добро за здравјето. Но, никој не сака да биде преплавен со објави директно од салата за вежбање. Супер е тоа што вежбате и сте одбрале здрав начин на живот, но не мора го покажувате тоа во секоја можна прилика. Ова се 11-те работи кои никој не сака да ги гледа постојано на Фејсбук, Инстаграм или Снепчет…rnrnДо сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!rn

    1. Испотени селфиња направени по вежбањето

    rnВо ред е, јасно ни е, сте вежбале многу. Тоа нема да ги натера да се помрднат оние кои го поминуваат денот лежејќи на каучот.rn

    2. „Здрава“ брза храна

    rnСмесата од блендирани замрзнати банани не е сладолед. Таа чудна кремаста смеса никогаш нема да стане сладолед, затоа престанете да се преправате дека ќе се случи тоа и да нѐ убедувате останатите во истото.rn

    3. Фотографии од вашите мускули

    rnНавистина е за почит тоа што сте решиле да се грижите за вашето физичко здравје и да ја одржувате вашата фигура. Но, доколку објавувате фотографии на кои ја подигнувате маицата за да ги покажете вашите „плочки“ на стомакот пред огледало, веднаш престанете, бидејќи никој не мора да го гледа тоа.rnrnДо сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!rn

    4. Инспиративни цитати за вежбање

    rnИнспиративните цитати за мотивација се во ред во поголемиот дел од случаите, но тука не станува збор за нив. Инспиративните цитати за вежбање осудуваат и мора да признаеме дека се по малку глупави. Изреките од типот „Потта е солзата на маснотиите“ и „Нема да го добиете задникот од вашите соништа со тоа што ќе седите на него“ се навредувачки и непотребни.rn

    5. Фотографии од тоа колку километри сте истрчале

    rnСте истрчале 20 километри за рекордно време. Честитки, но на повеќето ваши следбеници и пријатели на Фејсбук не им е гајле за тоа. А и таквите фотографии не се нешто посебно привлечни. Но, фотографиите од крофни на пример, се секогаш добредојдени.rn

    6. Лоши зборови за други луѓе

    rnНикому не му е грижа што жената која ја користела лентата за трчање пред вас не ја избришала според вашите стандарди или што не ви се допаѓа нечија облека за вежбање. Задржете си ги тие жалби за себе.rnrnДо сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!rn

    7. Скромно фалење

    rnСтатусите од типот „Многу бев уморен/на после работа, но сепак успеав да стигнам до салата за вежбање пред да затвори“ придружени со иритирачки хаштагови, се чист пример за скромно фалење. Директното фалење навистина нервира, но скромното фалење е многу полошо. Ако имате потреба да се пофалите на социјалните мрежи за вашата посветеност на вежбањето, подобро е да го направите тоа директно.rn

    8. Детали за вашата исхрана

    rnСупер е тоа што претпочитате здрава исхрана, но не мора да го споделувате секој ваш здрав оброк. Со други зборови, храната што ја јадете е здодевна.rn

    9. Фотографии од тоа како вежбате заедно со саканата личност

    rnСе сакате толку многу што имате еден куп заеднички интереси меѓу кои и вежбањето. Толку многу сте блиски што никаде не одите еден без друг. Во ред, супер, сфативме, продолжете така само не мора да нѐ известувате за тоа.rnrnДо сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!rn

    10. Повреди од вежбањето

    rnБуквално никој не сака додека ги прелистува објавите на Инстаграм за време на слободното време случајно да налета на некоја ваша отворена рана што сте ја добиле за време на вежбањето.rn

    11. Видеа од тоа како правите клекнувања или други вежби

    rnСвесни сме дека клекнувањата и склековите се корисни и супер е тоа што можете да ги направите во толкав број, ама навистина не мора да ни го покажувате вашиот задник. Има и деца на Фејсбук!

  • Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

    Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

    Живееме во чудно време каде за некои луѓе статусот на Интернет може да има поголемо значење од она што се случува во реалниот свет. Тие го оценуваат нечиј живот врз основа на фотографиите што ги објавуваат на Фејсбук, или врз основа на она што го пишуваат, па доаѓаат до погрешни заклучоци. Но, за разлика од нив, среќните парови не ги споделуваат нивните животи на Интернет, а во продолжение погледнете и зошто.rn

    1. Кога луѓето се среќни во нивната врска, тие го живеат сегашниот момент

    rn(1) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежиrnrnАко повеќето работи им одат добро, како во животот, така и во врската, среќните парови не ја гледаат смислата во тоа да им го докажат овој факт на останатите, објавувајќи на Интернет. Секако, ова не значи и дека тие никогаш не ставаат слики или пак не проверуваат што има ново на социјалните мрежи, но не го прават тоа со цел да им докажат на другите колку се среќни.rn

    2. Знаат дека споделувањето на проблемите на Интернет нема да им донесе ништо добро

    rn(2) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежиrnrnСреќните парови знаат дека откривањето на личните проблеми на социјалните мрежи е најмалку ефикасен метод за нивно решавање. Напротив, свесни се дека тоа само ќе им ги влоши односите.rn

    3. Вистинската среќа значи да се биде во врска со некој што го сакате

    rn(3) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежиrnrnНема да добиете ништо доколку секојдневно на Фејсбук објавувате докази за тоа колку сте среќни. Радост е да се биде заедно, а не да го покажувате тоа на Интернет. Среќните парови го разбираат ова и уживаат во секој заеднички миг, наместо да поминуваат време на социјалните мрежи.rn

    4. Никој не мора да докажува ништо на никого

    rn(4) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежиrnrnОние кои се во вистински среќна врска немаат потреба да им покажуваат на другите како се чувствуваат. Тие се заедно затоа што така сакаат, па не се грижат дали на нивниот Фејсбук профил им пишува дека се во врска.rn

    5. И најважното нешто…

    rn(5) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежиrnrnИстражувањата покажале дека оние што не ги користат социјалните мрежи се многу посреќни од оние што го прават тоа, пред сѐ бидејќи тие постојано се споредуваат со нивните пријатели и колеги, па секогаш им се чини како другите да се подобри или посреќни. Најважен е вашиот реален живот, вашата врска, искуството и чувствата, а не популарноста на Интернет.