Интернетот е наследство на 20-тиот век, но сепак својата вистинска смисла и влијание ги покажува дури во овој, трет милениум. Дали би можеле да замислиме ден без компјутер, мобилен телефон или пак Интернет? Тешко. Секој од нас посакува некогаш да се одмори од сето тоа, меѓутоа, дури и тогаш кога ќе одвоиме време да здивнеме, потребен ни е телефон во близина. Она што најмногу нè врзува за сета таа технологија се секако социјалните мрежи кои не ни даваат мир. Мора да провериме кој што објавил, како некој ја прокоментирал нашата или туѓата објава, како изгледа новиот тренд кој го покренал Инстаграм и слично… Лајковите и прегледите се нижат, се зголемуваат, а со нив се зголемува и нашата зависност од сето ова. И вие најверојатно сте зависник, а доколку мислите дека не сте, тогаш проверете дали имате дел од овие „симптоми“ во вашето однесување.rnrn
rnrn1. Доколку случајно се разбудите во текот на ноќта, првата работа што ќе ја направите е да погледнете дали некој објавил нешто интересно на Фејсбук, Снепчет или пак Инстаграм. Дури и да немате ниту една нотификација!rnrn2. Секое утро, денот ви започнува така што прво го земате телефонот во раце и ги проверувате вашите многубројни профили. Најверојатно веќе имате утврден редослед по кој ги прегледувате.rnrn3. Најверојатно сте виделе сè што може да се види на социјалните мрежи во рок од 24 часа. Признајте, не сакате да пропуштите ниту една Инстаграм објава.rnrn4. Истовремено сте вклучени на Фејсбук од својот лаптоп, но и од својот мобилен телефон.rnrn5. Дојдовте до крајот со бесконечното вртење на постовите и тоа повеќепати, а потоа со неверување гледавте во пораката „Не може да се вчита повеќе“.rnrn
rnrn6. Можете да станете онлајн детектив! Можете да го пронајдете секој што ќе посакате. И понекогаш, сосема случајно, завршувате на профилот од најдобрата другарка на сестрата на вашето бившо момче.rnrn7. Вашите родители/момче/девојка/пријатели повеќепати ве имаат замолено да не гледате во вашиот телефон додека седите на масата и зборувате.rnrn8. Се грижите за тоа како изгледате на профилната фотографија на Фејсбук повеќе отколку што сакате да признаете и знаете кога е вистинското време за да објавите нешто на својот профил.rnrn9. Додека чекате автобус или доколку некој отиде во тоалет во текот на вечерата, односно вие останете сами, веднаш го проверувате профилот на вашата омилена социјална мрежа.rnrn10. Малку ви е мака од фактот што се пронајдовте во повеќе од половина од горенаведените знаци.rnrn
Tag: социјални мрежи
-

10 знаци дека сте вистински зависник од социјалните мрежи
-

Научно докажано: Социјалните мрежи можат да ја подобрат вашата меморија
Сите ние ги користиме социјалните мрежи на некаков начин и сите постојано слушаме за нивното негативно влијание: Социјалните мрежи нѐ прават неспособни за водење вистински разговори, нѐ претвораат во нарциси и слично. Но, најновите истражувања спроведени на Универзитетот во Корнел покажуваат дека социјалните мрежи имаат позитивно влијание на нашата меморија.rnrn
rnrnВо истражувањето учествувале 66 студенти кои требало да водат дневник за она што им се случувало во текот на неделата и потоа да наведат дали објавиле нешто за тие настани на социјалните мрежи. Секој од настаните го оцениле според неговата важност и емоционалниот интензитет што го доживеале за време на истиот на скала од 1 до 5. На крајот од неделата, учесниците направиле тест со цел да се одреди на колку настани од изминатата недела можеле да се сетат.rnrnРезултатите покажале дека објавувањето одреден настан на социјалните мрежи ја зголемува веројатноста дека тој настан ќе биде запаметен, без оглед на емоционалниот интензитет или важноста на истиот.rn„Доколку луѓето сакаат да ги запаметат личните искуства, најдобро е да ги објават на социјалните мрежи. Процесот на пишување за личните искуства во јавната сфера, кој е честопати надополнет и со повратни реакции, им дозволува на луѓето пообјективно да размислат за сопствените искуства и да согледаат какво значење имаат тие за нив“, објаснува еден од истражувачите.
rnСо други зборови, ако одвоите време да напишете нешто за некое ваше доживување и убаво да размислите за него, тоа може да ви помогне подобро да го запаметите во иднина.rnrn
rnrnМожеби социјалните мрежи сепак не се толку лоши колку што мислевме. Во продолжение прочитајте за уште неколку придобивки од социјалните мрежи…rnОбјавите на Фејсбук можат да ве направат среќни
rnОдредени видови објави можат да ве направат посреќни. Искрената интеракција со луѓето што ги познаваме и ни значат може да го подобри нашето расположение.rn
Социјалните мрежи можат да го подобрат животот на постарите луѓе
rnСпоред едно истражување од 2014 година спроведено во Велика Британија и Италија, доколку постарите луѓе научат како да користат имејл, Фејсбук, Скајп и други социјални мрежи, тоа може да им помогне да се чувствуваат помалку осамени, бидејќи на тој начин полесно ќе можат да комуницираат со нивните сакани. Освен тоа, постарите луѓе кои знаеле како да ги користат социјалните мрежи покажале подобри резултати на тестовите за когнитивен капацитет и личен идентитет. Некои од учесниците изјавиле дека дури и нивното физичко здравје се има значително подобрено откако почнале да ги користат социјалните мрежи.rn
Социјалните мрежи го намалуваат нивото на стрес кај жените
rnЕдно истражување од 2015 година барало поврзаност помеѓу нивото на стрес и социјалните мрежи и открило дека одредени социјални мрежи го намалувале нивото на стрес кај жените. Имено, колку повеќе жените објавувале фотографии, праќале и добивале имејлови и користеле Твитер толку помало било нивото на стрес.
-

5 вида есенски објави на социјалните мрежи кои треба да се забранат со закон
Есента е навистина прекрасна. Времето не е ниту премногу топло ниту премногу ладно, пејзажот е неверојатен, облеката удобна, а храната вкусна и здрава. Тешко е да се издржи и да не се објават еден куп фотографии на социјалните мрежи кои ја отсликуваат есента, но многу е лесно да се претера со тие типични есенски објави. Доколку не сакате да им бидете напорни на вашите пријатели, ова се 5-те објави кои треба да ги одбегнувате периодов…rn
1. Стапала и лисја
rn
rnrnСтапала во снег, стапала во песок, стапала во море, стапала насекаде! Можете да ја поштедите барем есенва од таквите фотографии! Златножолтите лисја се навистина прекрасни, но најдете нов начин за да ја искажете вашата љубов кон есента. Зошто да не направите Boomerang од тоа како фрлате лисја, на пример? Бидете креативни!rn2. Вашата шолја за кафе
rn
rnrnСигурни сме дека кафето што го пиете во уникатната шолја е превкусно, но навистина не мора тоа да го докажувате. Да, натписот на вашата шолја е смешен, но верувајте дека не е толку интересен колку што мислите.rn3. Топло чоколадо и книга
rn
rnrnОвој тип на фотографија има земено речиси исто толкав замав како и фотографиите со книга на плажа! Сигурно и вие сте направиле фотографија од вашите удобни ќебенца и онаа амбициозна книга што сакате вашите следбеници на Инстаграм да мислат дека навистина ја читате. Нормално, без топло чоколадо и хаштагови сликата не е целосна!rn4. Скриншотови од тоа колку изнесува температурата надвор
rn
rnrnВашата апликација за временска прогноза ви покажува дека надвор е сончево и има 30 степени Целзиусови сред октомври. Неверојатно! Но, сепак никому не му е гајле за тоа…rn5. Слики од ајвар
rn
rnrnАјварот е највкусното нешто што постои на планетава Земја, но освен ако вие самите не сте ги лупеле пиперките и не сте го приготвувале, фотографиите не доаѓаат предвид! -

Есенски тренд: Оваа нијанса на руса коса полека ги освојува сите социјални мрежи
Русата коса е атрактивна сама по себе, па затоа и воопшто не е чудно што различни нијанси од оваа боја беа на врвот во последните неколку години. Но, по платинесто русата, различните омбре верзии и онаа со боја на пепел, на ред дојде златно-розовата руса коса. Звучи чудно, но кога ќе ги погледнете следниве фотографии ќе сфатите дека таа изгледа неверојатно. Токму затоа е и еден од моментално најактуелните бјути трендови ширум светот, а тоа особено може да се забележи на Инстаграм. Оваа социјална мрежа е преплавена со најразлични варијации на златно-розовата боја, која веќе се смета за водечки тренд на есента која доаѓа.rnrn
rnrnШто е тоа што ја чини оваа нијанса на русата коса толку атрактивна? Токму фактот дека е сосема поинаква од тоа што досега сме имале можност да го видиме, како и фактот дека со оваа боја дополнително ќе го истакнете вашето лице. Малку атипична, таа е идеална за девојките со светол тен, а се препорачува акцентот да биде на самиот крај од косата со цел да се создаде прекрасна рамка околу вашето лице. Но, тоа не значи дека таа ќе изгледа добро само на девојките со светла кожа. Златно-розовата руса коса одлично ќе стои на секоја девојка која сака да внесе малку новитет во својот изглед оваа есен. Нашата препорака е пред да се одлучите за овој тренд, да се консултирате со фризер/ка и најпрво, да се препуштите на нивните вешти раце. Сигурни сме дека ќе ја оживеат вашата замисла и ќе внесат магија во вашиот изглед. Па, што мислите, дали би го пробале овој тренд?rnrn -

10 начини на кои Фејсбук го уништува вашиот љубовен живот
Многу често се зборува за тоа дека Фејсбук е доста корисен кога се работи за добивање информации, споделување најнови вести, одржување контакти со луѓе од други земји, ширење познанства, па дури и наоѓање нова љубов. Но, сите овие придобивки имаат и своја негативна страна, особено кога станува збор за љубовниот живот. Дури може и да се каже дека во тој случај тој прави повеќе лошо отколку добро. Интересно е тоа како една социјална мрежа создадена со цел да нѐ поврзе, успева некако да направи да се чувствуваме уште поосамено. Во тој контекст, прочитајте како ова чудо на денешницата го отежнува љубовниот живот на сите негови корисници…rnrn
rnrn1. Само што ќе помислите дека сте го преболеле вашиот поранешен партнер, ви излегува фотографија од вас двајца. „На овој ден минатата година, беше на брод заедно со твојот поранешен партнер во неговата викендичка на езеро. Се сеќаваш? Сакаше да те потсетам на ова? Тоа сум јас, Фејсбук, само проверувам дали се сеќаваш дека еднаш имаше прекрасна среќна врска која те носеше на возбудливи авантури, а сега јадеш пица во кревет.“ Кому му е потребно ова?rnrn2. Сите пријатели што ви ги предложува се всушност ваши пропаднати љубовни состаноци. Како да не беше доволно тоа што го преживеавте ужасниот љубовен состанок со момче кое постојано зборуваше за себе и самото се смееше на неговите глупави шеги, сега треба да го гледате и во аголот на вашиот екран секогаш кога ќе се вклучите. Тоа ни најмалку не е интересно.rnrn3. Секој што ви се допаѓа има пристап до сите срамни работи што сте ги објавиле во изминативе 5 до 10 години. Потребни се само неколку минути и малку упорност за некој целосно да го прелиста вашиот Фејсбук профил и да дојде до сите глупави статуси што некогаш сте ги објавиле од типот „Вечер ќе биде газење“ или „Јас не сум Фанта, па да ме свртиш на игра или Кока Кола, па да ме отвориш за радост. Јас сум Швепс – само за искусни“. Да се надеваме дека никој не го прави тоа.rnrn4. Премногу лесно е случајно да лајкнете фотографија од вашата симпатија објавена пред повеќе од една година. Во ред е да се занесете и да ги прегледате сите можни објавени фотографии, но проблемот настанува кога случајно ќе лајкнете некоја слика од пред 100 години, со што дефинитивно ќе откриете дека сте „манијачеле“. Можеби Фејсбук треба да размисли да воведе опција „Дали сте сигурни?“ пред секој лајк на објава постара од 3 месеци.rnrn5. Ги покажува вашите неодамнешни пребарувања. Обично, за ова може да се засрамите само додека сте сами, но еве да си замислиме дека сте излезени со вашата симпатија и сакате да пребарате некој ваш заеднички пријател. Отворате Фејсбук, кликате на опцијата за пребарување и тој веднаш покажува дека личноста која последна сте ја пребарувале стои до вас и гледа!rnrn6. Мисли дека сакате да видите фотографија од вашиот поранешен партнер со неговата нова девојка. Секако дека порано сте ги лајкувале сите фотографии на вашиот поранешен партнер. Но, потоа раскинавте. Меѓутоа, никој не му го кажал тоа на Фејсбук, па затоа сега тој ве напаѓа со сите нивни најнови објави и фотографии и ги сместува на врвот од вашата почетна страница. Многу внимателно од негова страна!rnrn7. Мисли дека сакате да видите колку луѓе ја лајкнале фотографијата од вашиот поранешен партнер и неговата нова девојка. Дури и да успеете да ги сокриете објавите на вашето поранешно момче од почетната страница, тоа нема да ви вреди ништо ако неговата фотографија добива многу лајкови. Не само што тоа повторно ќе го врати на врвот од вашата почетна страница, туку и ќе ви покаже колку многу сите ја сакаат новата девојка. Браво за неа!rnrn8. Можете да видите дека вашата симпатија го видела настанот на кој сте ја поканиле, но сѐ уште не одговорила. Во ред е. Ќе одговори кај и да е. Многу луѓе не ги гледаат поканите за настани, ништо страшно. Само за секој случај ќе продолжите на секои 5 минути да проверувате дали има одговор.rnrn9. Најстрашно е кога ќе видите дека вашата симпатија ја прочитала слатката порака што сте ја пратиле, но не ви одговорила. „Здраво, како си? Само сакав да ти посакам убав ден.“ Видено, односно „seen“. Нема поужасно чувство од тоа.rnrn10. Фејсбук праќа нотификации кога еден куп луѓе, меѓу кои и вашата симпатија, присуствуваат на „настан во ваша близина“. А вие ниту можете, ниту сте поканети да присуствувате. Како да ви се потсмева право во лице! -

Што може да се случи ако се откажете од социјалните мрежи?
Можете да негирате колку сакате, но ако проверувате Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Снепчет повеќе од еднаш дневно, вие без сомнение имате потреба од пауза од социјалните мрежи. За да ве инспирираме на овој чекор, кој ќе биде многу добар за вашето здравје, психичко и физичко, ви ги претставуваме следниве 8 нешта кои можат да се случат доколку тргнете по овој пат.rn
1. Најпрво може да ви биде многу здодевно
rn
rnrnФакт: Проверувањето на вашиот имејл на секои 15 минути не е толку интересно како проверувањето на Снепчет на секои 15 минути. Нема нов имејл. Ах, само што ви стигна спам. Нема нов имејл. Нема нов имејл. Почнувате да се проѕевате…rn2. И одеднаш случајно ќе отворите Инстаграм милион пати
rn
rnrnУпс, вие само сакавте да го проверите времето и одеднаш сите социјални апликации ви се отворија. Тоа е мускулна меморија, едноставно не можете да се борите против вашите прсти.rn3. Но, потоа ќе почнете да сфаќате дека сте многу поприсутни во моментот
rn
rnrnСамо за забава, излегувате на прошетка во природа и намерно го оставате телефонот зад себе. Следува прекрасно искуство кое целосно ќе ве опушти.rn4. Големи се шансите и дека нема да налетате на толку многу знаци за СТОП
rn
rnrnЧудесно е тоа што се случува кога гледате пред вас додека се движите… На пример, нема теоретски шанси да се здобиете со потрес на мозок од удар со глава во нешто на патот…rn5. Ќе почнете многу повеќе да читате
rn
rnrnСо сето ова новооткриено слободно време, ви конечно можете да ја завршите книгата која ја почнавте пред неколку месеци (или години), и од тогаш само ја префрлате од едно место на друго. Чувте дека љубителите на пишаниот збор живеат многу подолго?rn6. Вашите пријатели сè уште ќе ве сакаат
rn
rnrnНе грижете се, тие нема да ве заборават ако не сте на Фејсбук. Ви ветуваме! Но, дефинитивно ќе почнат повеќе да ве покануваат за излегување преку повици, наместо преку онлајн пораки. Можеби дури и во живо. Да не ви се верува!rn7. Ќе сфатите дека уживате во моментот
rn
rnrnНаместо да си помислите: „Ах, колку добро изгледа овој чизбургер“, ќе сфатите дека едноставно можете да станете од кревет и да изедете вистински чизбургер. Чувството ќе биде незаборавно.rn8. Постојат шанси и засекогаш да ги деактивирате вашите профили
rn
rnrnСè додека не станете љубопитни за бившиот или бившата, откако ќе налетате на нив додека се шетате низ парк… И потоа сè почнува од почеток! -

Луѓето кои ги објавуваат нивните физички активности на Фејсбук имаат психички проблеми
Бидете искрени: Колку пријатели имате на Фејсбук кои секогаш објавуваат фотографии од нивната посета на салата за вежбање или од џогирање? Можеби и вие самите го правите тоа.rnrnМожеби делува мотивирачки кога наутро ќе прочитате нечиј статус кој гласи: „Истрчав 5 километри пред работа!“, но тоа може и ужасно да ве иритира во зависност од тоа колку ги мразите исфорсираните емотикони со стегнати бицепси.rnrn
rnrnЕдно истражување, спроведено од страна на Универзитетот Брунел во Лондон, имало за цел да открие зошто толку луѓе имаат потреба да ја споделат секоја нивна рутина за вежбање на социјалните мрежи. Резултатите не се баш позитивни, во најмала рака.rnТие се зависни од внимание и зголемување на егото
rnСе чини дека луѓето кои секогаш ги објавуваат нивните активности од салата за вежбање или од нивното обично џогирање се нарциси. Според истражувањето, нивната главна цел е да се пофалат за тоа колку време трошат на нивниот изглед. Исто така, наводно овие објави добиваат повеќе Фејсбук лајкови од останатите.rnrnНарцисите многу почесто објавуваат статуси за нивните достигнувања, што е поттикнато од нивната потреба за внимание и валидација од страна на Фејсбук заедницата. Меѓутоа, големиот број лајкови не мора да значи дека на сите им се допаѓа тоа што ги гледаат тие фалбаџиски објави.rn
„Иако според нашите резултати фалењето на нарцисите се исплати, бидејќи тие навистина добиваат повеќе лајкови и коментари на нивните објави, сепак веројатно се работи за тоа што нивните Фејсбук пријатели учтиво ги поддржуваат, додека потајно не ги одобруваат таквите егоистични испади“, вели доктор Тара Маршал, една од истражувачите.
rnПа така, освен ако не правите нешто навистина креативно и необично во вашите физички вежби, воздржете се малку од секојдневните објави на Фејсбук за вашиот прогрес во салата за вежбање. Пријателите ќе ви бидат благодарни.
-

7 убедливи причини зошто не треба да објавувате фотографии од вашите деца на Фејсбук
Во ерата на социјалните мрежи многу луѓе се соочуваат со таа неодолива желба да објавуваат фотографии од нивните деца на Фејсбук за да покажат колку се тие слатки, паметни и колку се горди што се родители. Но, малкумина размислуваат дека оваа навидум безопасна активност може да предизвика опасност за нивното семејство. Секојдневно читаме за сексуални напади врз малолетници кои можат да се случат буквално секаде. Живееме во многу опасно време и добро е да се преземат некои мерки на претпазливост за да го заштитите вашето дете и да не го изложувате на дополнителен ризик.rnrn
rnrnЦелта не е да ја нахраниме вашата параноја или да ви го наметнеме мислењето дека никогаш не треба да ги покажувате децата во јавност. Ова се само неколку предлози како да не ги преминете разумните граници на нормалата со вашето однесување на социјалните мрежи. Во продолжение прочитајте кои се тие…rn1. Не ја покажувајте вашата локација кога објавувате фотографии
rn
rnrnБез разлика дали се работи за нивното училиште, сала за вежбање или место каде што се дружат со другарчињата, не е добра идеја да објавувате информации кои откриваат каде е вашето дете и што прави таму. Некој може да ја искористи таа информација за злонамерни цели и да дознае каде може да го најде вашето дете.rn2. Не објавувајте фотографии кои откриваат кои се хобијата и интересите на вашето дете
rn
rnrnАко некој дознае што сака да прави вашето дете, ќе му биде многу полесно да го измами и да го доведе во опасна ситуација, каде и да оди.rn3. Избришете ги сите фотографии кои можат да ги откријат официјалните информации за вашето дете
rn
rnrnМожеби ова ќе ви се чини очигледно, но сите сме виделе луѓе како се фалат со нивната нова виза, пасош или други важни документи кои ги добиле, обично придружено со фотографија. Кога се работи за децата, нивните официјални информации можат многу лесно да бидат искористени за да се дознае каде живеат и учат.rn4. Не објавувајте фотографии од вашите деца сликани до автомобил
rn
rnrnОва повеќе се однесува за безбедноста на родителите отколку на децата. Освен тоа што на потенцијалните криминалци им нудите информации за автомобилот што го поседувате, може да си направите дополнителни проблеми. На пример, родителите на фотографијата погоре завршиле во затвор откако ја објавиле оваа слика на Интернет.rn5. Никогаш не објавувајте слики од вашите деца кога се полу голи, без разлика колку слатко и невино ви изгледаат
rn
rnrnМожеби вам и на вашето семејство ваквите фотографии ви изгледаат смешно и слатко, но замислите си како луѓето со одредени ментални заболувања гледаат на нив. Станува збор за една сосема поинаква перспектива на работите.rn6. Не споделувајте фотографии поради кои еден ден вашите деца ќе се чувствуваат засрамено
rn
rnrnВо многу семејни фото албуми има слики поради кои децата се чувствуваат комплетно омаловажено и засрамено иако тоа воопшто не била намерата на нивните родители. За многумина не постоела можноста да ги покажуваат сликите од нивните бебиња на Интернет. Така што, би требало да водите сметка во овој случај. Мора да го земете предвид фактот дека за вашите деца таквите фотографии можат да се претворат во совршен компромитирачки материјал кој ќе биде искористен за нивно задевање многу години подоцна.rn7. Одбегнувајте да објавувате фотографии од вашите деца кога се со други деца
rn
rnrnПред да објавите училишна фотографија од вашето дете со неговите соученици, размислете дали на родителите на другите деца би им пречело да ја објавите фотографијата или не. Покрај сѐ, тие не се ваши деца, не се грижите вие за нив и не ќе треба вие да се справувате со негативните последици кои можат да произлезат од тоа што нивниот идентитет ќе биде откриен на Интернет.rnrnСекогаш имајте на ум дека кога објавувате фотографии од вашите деца на социјалните мрежи, дури и кога се споделени само со вашите пријатели, тие повеќе не ви припаѓаат само вам и можат да бидат искористени од секој што може да ги види за негови цели. Бидете внимателни и безбедноста на вашите деца секогаш нека ви биде приоритет. -

Ако имате една од овие зависности, време e да направите ментална пауза
Луѓето се несовршени. Без оглед какви способности и моќи му се дадени на човекот, секогаш постои дел во неговата природа, кој ќе стане зависен од некој или од нешто. Многу често се случува луѓето да ги користат своите способности и алатките со кои функционираат во секојдневието и да ги злоупотребат до точка во кои тие веќе не се корисни, туку штетни за нив. Со оглед на тоа колку брзо се развива технологијата, не е чудно што нашите мозоци многу тешко можат да ја избегнат зависноста од неа. Како се развива технологијата, така се развиваме и ние.rnrn
rnВИДОВИ ЗАВИСНОСТИ
rnНо, понекогаш потребно е да застанеме и да видиме колку далеку сме отишле со нашата зависност и дали можеби ни треба кратка или подолга пауза, како и од сè друго што му нанесува штета на нашиот ум и на нашето тело. Проверете до каде сте со својата зависност и дали со технологијата имате развиено здрав однос или можеби ви е потребна ментална пауза.rn
1. Социјални мрежи
rnСоцијалните мрежи се прекрасен изум, кои ни помагаат да се поврземе со целиот свет. Сигурно имате голем број пријатели од најразлични делови на планетата, со кои секојдневно можете да комуницирате, иако живеат на стотици илјади километри од вас. Тоа е технолошко чудо, но и врата низ која навлегува зависноста. Наместо да бараме реален контакт со луѓето околу нас, ние тежнееме да создадеме пријателства преку социјалните мрежи и преку нашите паметни телефони. Колку и да изгледа интересно и можно, тоа е лажно чувство на поврзаност.rn
2. Работа и професионализам
rnВо свет каде што потрошувачката и капитализмот владеат со светот, напорната работа е прифатена како позитивна карактеристика и вредност на секој човек. Обидот да се постигне што е можно повеќе на професионален план, што потоа се вреднува со материјално достигнување, но прашајте се, кои се изворите на вашата желба за тоа? Дали работите по 80, па и повеќе часа неделно, за да ги задоволите идеалите на вашите родители, да изгледате успешни пред пријателите и љубовните партнери? Само вие го имате одговорот. Но, не значи дека доколку општеството смета оти „напорната работа“ е добра и вообичаена, не значи дека треба слепо да го следите тоа правило, доколку забележите дека тоа се одразува на вашето психичко и физичко здравје.rn
3. Вежбање и фитнес
rnЗа некои луѓе тешкиот дел е да се натераат да влезат во сала за вежбање, додека пак за некои е тешко да излезат оттаму. Вежбањето го стимулира создавањето на хормони кои го подобруваат нашето расположение и прават да се чувствуваме убаво во сопствената кожа. Тоа, секако создава зависност. Многу често се случува луѓето кои вежбаат да станат зависни од физичките активности. Доколку се пронаоѓате себеси меѓу оние луѓе кои влегуваат во сала за вежбање и со часови се исклучуваат од останатиот социјален живот, прашајте се која е целта на оваа ваша пожртвуваност и дали можеби станува збор за само уште еден вид зависност која се обвила околу вас.rn
4. Стимулација
rnКолку често ви се случува едноставно да гледате во празен бел ѕид и да бидете сами со себе и со мислите во вашата глава? Голем број луѓе, такви неколку минути имаат единствено кога ќе легнат да спијат. Нашите животи се постојано исполнети со одреден вид на стимулации – телевизија, музика или вести.rnrn
rnСООЧЕТЕ СЕ СО ЗАВИСНОСТА
rnОвие четири навики се тешки за разгледување со оглед на перспективата којашто општеството ја има за нив. Повеќето совети се дека вежбањето и физичките активности се добри за нас, но тоа не е секогаш така. Еве неколку совети кои би можеле да ви помогнат да се соочите со своите зависности и како да си помогнете.rn
1. Мотиви
rnПрвиот чекор е да ја проширите вашата свесност и да ги разберете мотивите поради кои токму кај вас се развила таа зависност. На пример, кога најчесто го проверувате телефонот? Најверојатно кога сте сами, а не со вашите најдобри пријатели. Оваа навика најчесто се практикува, кога луѓето се чувствуваат осамено и отсечено од средината. Кога ќе станете свесни за причините, потоа е полесно да ја дијагностицирате и да се справите со својата зависност.rn
2. Правете паузи
rnЗа овој чекор можете да го земете за пример религиозното постење со храна. Едноставно, како што во одредени периоди од годината, верниците постат, така и вие направете пауза од вашата зависност. На пример, кога ќе одите да пазарувате, оставете го телефонот дома или исклучете го на неколку дена кога одите на одмор. Прекинете со вежбање неколку дена. Без оглед како ќе го смислите паузирањето, тоа позитивно ќе влијае врз вашиот личен живот и подобрувањето на односите со луѓето околу вас. Истовремено, за време на тие паузи може пред вас ќе согледате некоја нова перспектива.rn
3. Преземете „нуклеарно“ решение
rnДоколку забележите дека не можете само да си помогнете во намалувањето или искоренувањето на вашата зависност, тогаш можеби е време да побарате стручна помош.
-

Прогонувањето на поранешниот партнер на социјалните мрежи влијае на вашето ментално здравје
Одвреме-навреме на сите ни се случува да паднеме во онаа стапица на социјалните мрежи, како што е Фејсбук, која се наоѓа на 5 клика од означените фотографии на нашиот поранешен партнер. Психолозите знаат за таа мрежна стапица и тврдат дека прогонувањето на поранешниот партнер е штетно по вашето здравје. Сѐ започнува како обична љубопитна проверка. Се прашувате што прават и дали се среќни. Се убедувате себеси дека проверувате затоа што навистина се грижите, сакате да бидете сигурни дека тие продолжиле понатаму и дека живеат среќен и исполнет живот. И навистина верувате во ова додека не ги видите насмеани на фотографија со нивната нова љубов.rnrn
rnrnСе држат цврсто за раце, се искачуваат на планини, го плазат јазикот на плажа и пијат вино во романтична атмосфера. Во тој момент, вие се наоѓате во епицентарот на таа стапица и додека да се освестите вие веќе сте ги прегледале сите нивни објави и означени фотографии од претходните две години. И тогаш веќе не може да ве сопре никој! Темелно ги прегледувате сите можни албуми со фотографии на новата љубов, истражувајќи за нејзините пријатели и семејство.rnrnСтигнавте толку далеку, што не знаете како да се вратите на почетокот. Почнувате да ги пресметувате датумите, обидувајќи се да откриете дали постојат некои преклопувања помеѓу врските. Одново ги читате коментарите кои ви ги оставиле пријателите на вашата прва заедничка фотографија и правите споредби. Сакате да престанете, но вашата морбидна љубопитност веќе земала силен замав.rnrnПоминале веќе часови, а вие сѐ уште сте заглавени во истата стапица. Почнувате да станувате анксиозни. Несреќни сте. Чувствувате стрес. Не можете да се фокусирате на ништо друго во текот на целиот ден. Мозокот ви работи сто на саат. Не можете да престанете да размислувате за новиот живот на вашиот поранешен партнер и на вашиот стар живот. Посакувате никогаш да не сте го напишеле неговото име на алатката за пребарување. Посакувате никогаш да не кликавте бесцелно наоколу. Многу добро знаевте што ќе се случи, но не можевте да застанете. Дали можеби потајно сте мазохист? Дали е возможно да се ослободите од синџирот на сајбер психозата?rnrn
rnrnНе сте единствени. Според едно истражување објавено во списанието „Cyberpsychology, Behavior, and Social Networking“, прогонувањето на вашиот поранешен партнер на Фејсбук ја зголемува менталната вознемиреност, копнежот и сексуалната желба, односно сите оние нешта кои би требало да ги намалувате кога поминувате низ раскинување. Психологот Тара Маршал додава дека ако продолжите да го следите поранешниот партнер на Фејсбук, само го одложувате процесот на заздравување. Не дека ни треба одобрување од експерти за ментално здравје дека прогонувањето на поранешните партнери е штетно, но корисно е да знаеме дека овие сомневања што сме ги имале а сме ги игнорирале, се всушност факти. Да, факт е дека прогонувањето на вашите поранешни на Фејсбук може да е причината зошто не можете да ги преболете.rnrnДали тоа значи дека за да имате здраво раскинување апсолутно морате да престанете да се следите еден со друг на социјалните мрежи? Не. Секоја врска и секое раскинување се различни. На некои луѓе не им е проблем веднаш да преминат во пријателската зона. Но, ако се обидувате да преболете некого, а тоа не ви оди баш најдобро, можеби најдобро би било да ги избришете од пријатели. Барем за некое време, додека да ги излечите раните и да си дадете себеси малку психолошка дистанца. Тоа што ќе ги прекинете врските во виртуелниот свет, ќе ви помогне да живеете поздраво во реалниот свет.























