КАФЕ ПАУЗА

Tag: социјални мрежи

  • 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

    10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

    Малку се оние коишто не се зависни од својот телефон. Повеќето, а особено младите, се опседнати со интернет и социјалните мрежи. Секако дека користењето на телефонот носи многу придобивки, но треба да се користи разумно. Воопшто не е пријатна ситуацијата кога ги игнорирате вашите пријатели, само затоа што сте нашле нешто интересно на социјалните мрежи. Постојат уште неколку знаци коишто покажуваат дека е време малку да одморите од користење на вашиот телефон. Во продолжение ви ги издвојуваме најважните.rnrnrn

    1. Не ја довршувате започнатата реченица затоа што ве прекинува телефонот

    rnПозната ли ви е ситуацијата кога ќе започнете нешто да раскажувате, а притоа не успевате да се докажете затоа што имате нова Фејсбук нотификација?rnrn(1) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    2. Постојано го проверувате телефонот

    rnМожеби некој ве барал, а не сте виделе. Не смеете да пропуштите повик или порака!rnrn(2) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    3. Почетната страница на социјалните мрежи ви е преполна со веќе видена содржина

    rnВеќе знаете кој каде е и кој што споделил. Позната ви е секоја објава на вашите пријатели. Па и како не би ви била, кога последен пат кога сте биле онлајн било пред некоја минута.rnrn(3) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    4. Го користите телефонот и во несоодветно време

    rnТолку често го користите својот телефон што дури повеќе не внимавате дали ситуацијата го дозволува тоа. Без разлика што се случува околу вас, вие морате да бидете онлајн.rnrn(4) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    5. Ги прашувате вашите пријатели бесмислени прашања, само за да можат да ви одговараат

    rnКому му е важно што разговорот нема цел, важно е вие да пишувате!rnrn(5) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    6. Зјапате во екранот без да бидете свесни за тоа

    rnИ така повеќе пати се фаќате себеси како одново и одново непрекинато гледате во екранот на вашиот телефон.rnrn(6) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    7. Поминувате 10 минути барајќи ги совршените емотикони

    rnИмате толку многу емотикони на располагање што навистина ви претставува потешкотија да ја најдете совршената за одредена ситуација.rnrn(7) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    8. Се јавувате некому на телефон туку-така

    rnСамо да ги чуете вашите најдобри пријатели или пак, да им го кажете најновиот трач…rnrn(8) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    9. Гледате повеќе во својот телефон отколку во својот партнер

    rnИако сте вљубени до уши, сепак, вашиот телефон добива повеќе погледи и внимание отколку вашиот партнер!rnrn(9) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефонrn

    10. Телефонот ви паѓа на лицето

    rnНевозможно е да се разделите од омилениот предмет дури и кога сте во кревет.rnrn(10) 10 знаци дека треба помалку да го користите вашиот телефон

  • Како Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?

    Како Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?

    Над популарното тврдење дека светот на блогерите е циркус кој става вредност на лицето, постои доменот на дигиталниот простор кој служи и како политички простор. Не само за конкретните блогови кои ги анализираат разните политички теми, туку и оние за личен стил и изразување. Како тие навлегуваат во политичките територии?rnrnКако Интернет културата и дигиталните медиуми го слушаат гласот на малцинствата?rnrnДобро е познато дека социјалните мрежи се еден вид новинарство, особено поради начинот на кој се испраќа и прима пораката. Нивниот подем не произведува само генерации на блогери, социјални гуруа или фотографи. Она што најчесто се пропушта е потенцијалот на колективната интелигенција.rnrnЛуѓето не се само консументи, туку и произведувачи на содржини. Културата на производството и социјалните мрежи полека стануваат синоними. Како што медиумите стануваат сѐ повеќе и повеќе влијателни, корисниците на Интернетот, блогерите, влогерите и слично, се пионерската колективна интелигенција која активно го реформира популарниот јавен дискурс каде малцинствата конечно можат слободно да го кажат своето мислење.rnrnЦенетите вредности на објективноста секогаш ќе имаат место во формалното новинарство, но нарацијата во прво лице може експлицитно да го обележи обидот сите маргинализирани гласови да дејствуваат на правото на раскажување на својата приказна. Да ги реконструираат своите идентитети и да се уверат дека нивниот глас е навистина слушнат.rnrnЗатоа, секој креатор на содржини на Интернетот треба да се стреми да споделува повеќе од фотографиите од новите парчиња облека. Да се стреми да ни го покаже неговиот или нејзиниот стил, идеологија, мотивација и нарација уникатна само нив. Сечија приказна е важна.

  • Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

    Социјалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?

    Живееме во свет во кој често ја гледаме уредената верзија на животот на луѓето. Пријателите на Фејсбук изгледаат како постојано да ги споделуваат своите прекрасни моменти. Видеата на Јутјуб ги покажуваат неверојатните таленти на обичните луѓе и вистинските херои. Сето тоа е за восхит и за жал, исто така е и многу деморализирачко. Понекогаш ни е тешко да не се обидеме да се споредиме со другите, мислејќи дека нивните животи се совршени. А, што се однесува до нас, се чувствуваме како да не можеме да се вклопиме и тука лежи проблемот. Но, постојат начини да се надмине оваа состојба и да се ослободиме од ваквите чувства, кои вреди да се научат.rnrnСоцијалните медиуми и самодовербата: Како да се ослободите од несигурноста?rnrnКлучот во избегнувањето на несигурностите е целосно да се разбере што значи тоа да се биде човек. Сите луѓе имаат и силни и слаби страни, и тоа треба да се цени. Сите се соочуваме со чувства на тага, повреда, осаменост и ред други ранливи емоции. Само затоа што луѓето не сакаат да ги истакнуваат своите патења не значи и дека тие не постојат. Набљудувајте ги тие околу вас и ќе сфатите дека не сте сами, и во оној момент кога ќе го сфатите тоа, сочувствувајте со себе.rnrnДа се има сочувство за самите себеси не значи да си дадете дозвола да се откажете и да се прифатите себеси како инфериорни. Напротив, тоа значи препознавање на фактот дека вашите маки се разбирливо тешки и вие ги делите со другите. Значи да останете поврзани со една поголема смисла за самите себеси – онаа која ги вклучува вашите силни страни, таленти, интереси и вредности. Кога ќе обрнете внимание на оние делови од вашиот карактер кои ќе ги цените, природно ќе се чувствувате подобро во својата кожа. Ќе сакате да го правите она што е најдобро за вас.rnrnПолека ќе се ослободувате од сите несигурности и ќе почнете да се огледувате на луѓето кои успешно ги пребродиле сите свои патења и недостатоци. Ќе ги користите како примери кои ќе ви помогнат да ги прифатите своите слабости и маани, паралелно фокусирајќи се на тоа што го правите добро. Помислете на Стивен Хокинг, Хелен Келер, Реј Чарлс или на кои било други личности од вашиот секојдневен живот кои ги сметате за херои. Кога ќе ја пренасочите енергијата и вашето внимание кон попозитивната перспектива ќе забележите многу моменти во кои сте ослободени од самокритичноста.rnrnНо, ќе забележите и дека негативните мисли и чувства можат многу лесно да се вратат. Кога тоа ќе се случи, на вас е да одлучите како ќе реагирате. Можете да изберете да останете заглавени во старите навики или можете да изберете одново да се групирате и фокусирате. Наместо да пронаоѓате доказ за вашата инфериорност, изберете да се потсетите дека не сте сами – вие се соочувате со животот исто како што и секој друг човек на светот. Гледањето и разбирањето на вистината може да ви помогне да бидете посилни личности и да го кренете својот морал.

  • 12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете и без да ги споделите на социјалните мрежи

    12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете и без да ги споделите на социјалните мрежи

    Без сомнение социјалните мрежи успешно навлегоа длабоко во нашите животи и ова не е ништо ново. Сите сме ги читале монолозите за тоа дека луѓето треба да ги остават телефоните бидејќи тие го уништуваат нашиот социјален живот во реалноста.rnrn12 нешта кои веројатно ќе ги преживеете без да ги споделите на социјалните мрежиrnrnИако многумина скептици се во право, социјалните мрежи не се во целост лоши. На пример, социјалните мрежи ви нудат можност да се поврзете со целиот свет и вашите мисли одеднаш да ги споделите со милиони луѓе онлајн. Секако, ова повеќе важи за славните личности кои денес ги користат социјалните мрежи да споделат некаква порака, но кога се работи за обични луѓе, како нас, нашите споделувања ретко кога имаат големо значење. Имајќи го сè ова на ум, има многу нешта кои едноставно не мора да ги споделите на социјалните мрежи, бидејќи едноставно никого не го интересираат.rnrn1. Секое ваше совршено селфи од некој настан, каде што единствен доказ за неговото постоење е само тоа што ќе го напишете во описот на фотографијата. Ако навистина сакате да споделите некакво искуство со вашите пријатели, тогаш споделете фотографија од настанот, а не од вашето лице.rnrn2. Какви било линкови кои водат до лажни извори на информации и вести, заедно со вашите гневни коментари на темата. Проверете ги вашите извори и не избрзувајте со заклучоците.rnrn3. Какво било омаловажување на личност која е пријател со другите луѓе од вашето опкружување или некако е поврзана со нив. Личноста која сте ја дискредитирале не заслужува да биде ставена на суд од тролови во виртуелниот свет.rnrn4. Што било кое мислите дека на некој начин е оправдано да го споделите, а вклучува повеќе од еден хаштаг. Многу е веројатно дека тоа нема потреба да биде споделено.rnrn5. Кој било од следниве статуси: „Кој е буден?“ „Не можам да се расонам“ „Филмот ‘Up’ е без врска“. Никому не му е грижа дали сѐ уште сте будни, дали сте толку очајно осамени што би се дружеле со секој кој ќе одговори на вашиот статус или дали сте поспани ова утро.rnrn6. Фотографии од славни личности со цитати кои ги кажале други луѓе. Ако веќе сакате да споделите нечија мисла, погрижете се дека е од соодветната личност.rnrn7. Фотографии од ручек во ресторан. Освен ако објаснувањето е граматички погрешно и полно со глупости, па така никој нема да гледа во фотографијата.rnrn8. Какво било селфи со исплазен јазик. Ако на него нема доказ дека сте пиеле нешто невообичаено, тогаш нема ништо интересно што да се види на таква фотографија.rnrn9. Какви било политички монолози. Без разлика на која страна од дебатата припаѓате.rnrn10. Селфи заедно со долго објаснување во вид на параграф, неповрзано со самата фотографија. Особено оние дека сте ја нашле среќата во себе. rnrn11. Каков било статус кој започнува со „Вообичаено не го правам ова, но…“ Ако вообичаено не го правите тоа, продолжете така, за доброто на сите.rnrn12. Што било. Буквално што било. Можете да преживеете и без споделување на вашите животи на социјалните мрежи.

  • Запознајте го Коби: Мачето со најубавите очи на светот

    Запознајте го Коби: Мачето со најубавите очи на светот

    Мачето Коби дава ново значење на фразата „мачкини очи“. Со неговите прекрасни сини очи, ова британско кратко-влакнесто маче секојдневно ги воодушевува сите свои 283.000 следачи на Инстаграм. Покрај нивната боја која наликува на длабоко море, очите на Коби имаат и дебела црна линија околу нив со мало накосување на краевите, што прави да изгледа како ова преслатко маче да е експерт за нанесување молив за очи.rnrnЗапознајте го Коби: Мачето со најубавите очи на светотrnrnМачето Коби, според социјалните мрежи нема само големи очи, туку и голем карактер. Но, како што расте од малечко маченце во голема убавица, атрактивните очи на Коби ќе останат неговата најзначајна и најспецифична карактеристика. Погледнете.rnrn

  • Интровертите имаат попрецизен поглед кон светот за разлика од екстровертите

    Интровертите имаат попрецизен поглед кон светот за разлика од екстровертите

    Добри вести за интровертните луѓе. Статистички гледано, има големи шанси нашите пријатели да се попопуларни од нас. На Фејсбук, вашите пријатели ќе имаат повеќе пријатели од вас. На Твитер вашите следачи ќе имаат повеќе следачи од вас. Во реалниот живот вашите сексуални партнери ќе имаат повеќе партнери од вас. Ова е познато како парадоксот на пријателството.rnrnИнтровертите имаат попрецизен поглед кон светот за разлика од екстровертитеrnrnПовеќето луѓе имаат неколку пријатели, додека мал број луѓе имаат многу пријатели. Поголема е веројатноста оние кои имаат многу пријатели да бидат и ваши пријатели. Екстровертите без сомнение имаат поголем круг познаници, па затоа тие се непропорционално позастапени на социјалните мрежи. Тоа значи и дека на социјалните мрежи има повеќе екстровертни луѓе отколку во реалниот свет.rnrnПарадоксот на пријателството е повеќе очигледен кај екстровертите. Тие почесто се опкружени со луѓе, од кои повеќето исто така се екстроверти, па затоа ова резултира со нешто кое се нарекува наклонетост на мрежите кон екстровертноста. Тоа ни укажува на фактот дека социјалните мрежи ќе бидат преплавени со екстровертни луѓе, додека ќе недостасуваат оние кои се интровертни.rnrnИстражувањето кое било објавено во списанието „Psychological Science“, се открива дека социјалните мрежи се погрешна претстава за пошироката општествена средина. Може да постои социјална пристрасност кон верувањето дека другите луѓе се поотворени отколку што навистина се.rnrnИстражувањето исто така открива и дека интровертните луѓе имаат подобро разбирање за реалноста и подобро го разбираат светот бидејќи тие не се придржуваат до парадоксот на пријателството во другите области од животот. Едноставно тие се помалку запознаени со концептот.rnrnАко сте екстровертна личност, може да имате искривен поглед за тоа какви се вистински екстроверти. Ако сте интровертна личност, всушност може да имате прилично прецизен поглед кон сѐ.rnrnИстражувањето покажало дека наклонетоста на мрежите кон екстровертноста без сомнение постои и е повеќе од очигледна на мрежите кои се преплавени од екстроверти. Степенот на наклонетост бил изненадувачки за истражувачите. Тие исто така откриле дека само оние кои се најголеми интроверти (кои преставуваат 1 процент од светската популација) можат да создадат мрежа која би можела да го репрезентира целото човештво.rnrnОстатокот од нас гледа на светот низ искривени леќи, оние кои нѐ прават помалку популарни и сакани од нашите пријатели и ни даваат идеја дека сме помалку социјализирани од нив. Ова може да има големо влијание врз перформансите во работата, врските и самодовербата.rnrnЗапомнете, социјалните мрежи не се огледало на реалноста. Многу често тие се само проекција на фантазиите за тоа како луѓето ја замислуваат реалноста, а интровертните луѓе можат да го потврдат тоа.

  • 9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од Фејсбук

    9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од Фејсбук

    Додека да трепнете, вашиот Фејсбук профил може да стане „прифатилиште“ за луѓе со кои веќе не комуницирате, поранешни колеги од работа и факултет кои обожаваат да објавуваат за своите „прекрасни и гламурозни“ животи, досадни познаници кои сте ги сретнале само еднаш во животот или уште полошо, никогаш не сте ги сретнале… Да бидеме реални, луѓето со кои комуницирате во дигиталниот свет можат да имаат сериозно влијание врз вашето здравје и среќа.rnrn9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од ФејсбукrnrnСледуваат неколку „пријатели“ на кои веројатно треба да им речете виртуелно до видување:rn

    1. Фалбаџијата

    rnДа, можеби беше забавно да ги разгледувате неговите фотографии од одмор и да дознаете што сѐ правел. Но, неговите постови за тоа колку неговиот живот е неверојатен ве прави да се чувствувате неспособни за да имате забава и возбудливост во вашиот живот. Избришете ги сите оние кои прават да се чувствувате виновно за нештата со кои сте благословени и оние кои ве прават да се чувствувате како супер непопуларни.rn

    2. Кавгаџијата

    rnВеќе знаете за кого станува збор: тој или таа го користи Фејсбук исклучиво како платформа за расправање. Ваквите луѓе често имаат контроверзни погледи кои резултираат со низи коментари и постови на расправии за тоа кој е во право и кој е попаметен. Политика, култура, дури и обични теми од типот што има за ручек можат да се претворат во огромна дебата. *Избриши од пријатели*rn

    3. Учесникот во реално шоу

    rnЗа него не постои зборот приватност. Освен што ја споделува целата својата интима со јавноста, често знае и да се расправа со неговиот партнер во јавна објава, па дури и да му раскине. Можеби одреден период е забавно да ја следите „драмата“, но потоа веќе станува срамно и досадно.rn

    4. Криптичниот тип кој комуницира исклучиво преку кодови и загатки

    rnШто е полошо од личноста која јавно ја објавува целата своја интима? Личноста што не открива ништо за себе. Ваквите личности секогаш споделуваат нешто само со одреден круг на луѓе и сѐ прават приватно, но на најјавниот можен начин. „Толку сум лута – не ми се верува дека некои луѓе можат да направат такво нешто… Посветено.“ Кои луѓе? Што направиле? Кога веќе кажуваш, раскажи докрај. Овие луѓе го прават ова за да привлечат внимание и вие не треба да им го давате. Избришете ги и од Фејсбук и од животот.rn

    5. Гејмерот

    rnСите ги мразиме тие досадни покани за „Candy crush“ или „Criminal case“, иако овие игри знаат да бидат доста заразни. Запрете ја целосно комуникацијата со луѓето кои не ги ни знаете којзнае колку, а ви испраќаат покани за игри. Не ви требаат. Доколку се работи за некој со кого сакате да го задржите пријателството, пак, само кажете му дека не сакате повеќе да ви испраќа покани.rn

    6. Гордиот родител

    rnПознато ви е: таткото кој не може да престане да се фали со достигнувањата на своите деца или бабата која не може да престане да објавува албуми од своите внуци. Во ред е, разбравме, си ги сакате децата и некои од фотографиите некогаш се интересни, ама мора да престанете да го преплавувате нашиот ѕид со вашата совршена фамилија!rn

    7. Критичарот

    rnТие се секогаш првите кои го критикуваат она што сте го направиле или рекле. „Тоа не е многу здраво за тебе“ – ќе напишат, кога ќе објавите фотографија од десертот кој само што сте го направиле или „Не си во право“ – кога ќе објавите нешто што ги засега моменталните случувања. Во ред е да водите дебати до некој степен и критички да размислувате, но не треба да дозволите некој да ви диктира како да го користите вашиот Фејсбук профил. Ако на некој тоа не му се допаѓа, направете му услуга и избришете го.rn

    8. Шефот

    rnНе е баш јасно зошто би ги имале вашите шефови или професори на Фејсбук (освен ако навистина не сте добри пријатели), но се препорачува да ги избришете. Дали навистина сакате да гледаат сѐ што објавувате? Ќе почнат да сфаќаат зошто сте доцнеле 10 минути на работа или на факултет наредниот ден токму поради таа фотографија од клубот од минатата вечер.rn

    9. Странецот

    rnСигурно нема да разговарате со некои од вашите Фејсбук пријатели во живо, па направете едно дигитално чистење и избришете некои од луѓето кои навистина нема да ви недостигаат. На тој начин Фејсбук ќе стане место каде можете да бидете во контакт со оние со кои навистина сакате. И, веројатно нема да им недостасувате на тие што ќе ги избришете.

  • 8-те најпопуларни настани кои ги одбележаа социјалните мрежи во 2015

    8-те најпопуларни настани кои ги одбележаа социјалните мрежи во 2015

    Социјалните мрежи и оваа година повторно се соочуваа со најразлични предизвици. Многу статуси, твитови, лајкови кои на момент го спојуваа целиот свет. Погледнете ја листата на овогодишните настани кои на момент го срушија и запреа интернетот.rnrn1. На модната ревија на Валентино, на 10-ти март, гостите пријатно се изненадија кога познатите актери Бен Стилер и Овен Вилсон ја прошетаа пистата за да го најават вториот дел од филмот „Зулендер“. Ова беше модниот настан за кој најмногу се коментираше оваа година.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn2. Кога Кејтлин Џенер за првпат се појави како жена на насловната страница на списанието „Vanity Fair“. Потоа ги објави фотографиите на Твитер и Инстаграм, каде што повторно ги собори рекордите.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn3. Дали се сеќавате кога целиот свет на социјалните мрежи дебатираше дали фустанот е сино-црн или златно-бел?rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn4. Кога претседателот на САД, Барак Обама, објави на Твитер дека геј браковите се дозволени во целата земја. Хаштагот #LoveWins се прошири низ сите социјални мрежи во светот.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn5. За време на настапот на Кети Пери на полувремето на „Super Bowl“ биле разменети неверојатни 28 милиони твитови.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn6. „Дружината“ на Тејлор Свифт, која се состои од најпопуларните модели и познати личности, беше дел од нејзината турнеја насловена „1989“, а на Инстаграм и Твитер публиката постојано ги фотографираше и коментираше нивните настапи.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn7. Еден трагичен настан ја одбележа 2015-та година, а тоа беше терористичкиот напад во Париз. Хаштаговите #PrayForParis и #JeSuisParis го обиколија целиот свет.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015rnrn8. Трејлерот за новото продолжение на популарниот серијал „Војна на ѕвездите“ е прегледан 70 милиони пати. Популарноста на социјалните мрежи сѐ уште расте, со оглед на тоа што филмот штотуку почна да се прикажува.rnrnОвие настани ги обележаа социјалните мрежи во 2015

  • Нов селфи тренд: Девојки со помош на плетенки прават неверојатни бради

    Нов селфи тренд: Девојки со помош на плетенки прават неверојатни бради

    Со долгите и луксузни прамени во комбинација со креативни фризури, девојките нашле одличен начин како да си направат брада, правејќи ги сите мажи завидливи на нивниот неверојатен изглед. Па, дали и вашата коса е доволно долга за да се приклучите на овој тренд кој брзо се шири низ социјалните мрежи? Не дозволувајте само мажите хипстери да се забавуваат на овој начин со нивната брада.rnrnНов селфи тренд: Девојки со помош на плетенки прават неверојатни брадиrnrn

  • Момците се согласија: Ова се работите кои не сакаат да ги видат на социјалните мрежи

    Момците се согласија: Ова се работите кои не сакаат да ги видат на социјалните мрежи

    Вашето однесување на социјалните мрежи може да ги одбие момците. Дали некогаш сте се запрашале што тие не сакаат да видат на нашите профили на социјалните мрежи? Момците се согласија и искрено ни одговорија. Ова се работите кои не можат да ги поднесат.rnrn1-momcite-se-soglasija-ova-se-rabotite-koi-ne-sakaat-da-gi-vidat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Премногу селфи фотографии

    rnПо некоја селфи фотографија е сосема во ред, но целиот профил со скоро исти фотографии остава лош впечаток. Бидете повеќе креативни кога се фотографирате.rn

    2. Приватни драми

    rnНе морате секој ваш проблем да го споделите јавно. Задржите нешто за себе или во рамки на разговорот со вашите пријателки кога ќе излезете на кафе. Во спротивно, ќе го преплашите.rnrn2-momcite-se-soglasija-ova-se-rabotite-koi-ne-sakaat-da-gi-vidat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    3. Хаштагови

    rnСите ние сакаме лајкови и нови следбеници, но тоа воопшто не значи дека под секоја фотографија мора да има 1.000 хаштагови. Колку време потрошивте додека ги напишавте сите?rn

    4. Претерана активност

    rnПравите ли нешто друго во животот, освен што „висите“ на социјалните мрежи? Така излегува дека не правите ништо друго во животот, освен што висите на Фејсбук, што се гледа по вашите 30 објави на ден, 100-те слики кои ги лајкнувате секојдневно… Тој ќе знае дека сте без обврски и дека немате некоја попаметна работа во животот, а никој не сака залудни девојки.