КАФЕ ПАУЗА

Tag: социјални мрежи

  • Зошто не треба да им верувате на фотографиите што ги гледате на социјалните мрежи?

    Зошто не треба да им верувате на фотографиите што ги гледате на социјалните мрежи?

    Зад повеќето одлични фотографии стојат вешти и креативни фотографи, но до каде може да оди нивната креативност? Секако дека во денешно време дигиталната манипулација сочинува голем дел од конечната слика, но многу фотографи сѐ уште користат обични физички предмети со кои успеваат да направат чуда. Време е да ги отворите очите! Следниве слики ја откриваат вистината што лежи зад сите оние фотографии што ни го одземаат здивот…rn

    Свадба од соништата

    rnЗошто не треба да им верувате на фотографиите што ги гледате на социјалните мрежи?rn

    Девојка во природа… Или не?

    rnЗошто не треба да им верувате на фотографиите што ги гледате на социјалните мрежи?rn

    Среќен пар со помошник фотограф

    rnЗошто не треба да им верувате на фотографиите што ги гледате на социјалните мрежи?rn

    Автомобил или сепак играчка?

    rnЗошто не треба да им верувате на фотографиите што ги гледате на социјалните мрежи?rn

    Уште играчки…

    rnЗошто не треба да им верувате на фотографиите што ги гледате на социјалните мрежи?rnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn

  • 15 фотографии кои ја откриваат вистината зад животот на социјалните мрежи

    15 фотографии кои ја откриваат вистината зад животот на социјалните мрежи

    Секој од нас сака да се пофали. Поради ова, многу луѓе објавуваат слики на социјалните мрежи кои се само една голема лага. Погледнете ги овие интересни фотографии кои го докажуваат тоа.rn

    1. Долго очекуваниот одмор на Бахамите

    rnrn

    2. Уживаме во прошетките

    rnrn

    3. Почнав со џогирање, па си купив нови патики

    rnrn

    4. Подготвени за луда ноќ

    rnrn

    5. Можеби не е најновиот модел, но сепак е ајфон

    rnrn

    6. Мојата стилска летна чанта

    rn(6)15-fotografii-koi-ja-otkrivaat-vistinata-zad-zhivotot-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrn

    7. Го однесов автомобилот на перење

    rn(7)15-fotografii-koi-ja-otkrivaat-vistinata-zad-zhivotot-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrn

    8. Мојата соба со поглед на море

    rn(8)15-fotografii-koi-ja-otkrivaat-vistinata-zad-zhivotot-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

    16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

    Замислете си за момент дека сите луѓе на планетата Земја живеат во една огромна зграда каде што има специјални агенти кои го одржуваат мирот. Според законите што владеат во зградата, сите дела на овие агенти имаат цел да ја зачуваат безбедноста на станарите. Но, во еден момент почнувате да забележувате дека агентите постојано ве набљудуваат. Ги контролираат вашите разговори, однесување, локација и зборови. Имате претстава на што мислиме? Да, Фејсбук е зградата во која сите живееме, а оние што управуваат со него се специјалните агенти кои знаат сѐ за нас. Во продолжение дознајте кои ваши лични информации им се познати на социјалните мрежи…rnrn16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови кориснициrn

    Ова се информациите што ги запаметува Фејсбук:

    rn1. Сѐ што ќе лајкнете: Фотографии, белешки, луѓе, видеа, коментари. Фејсбук ги анализира сите ваши лајкови и споделувања.rnrn2. Сите ваши лични пораки со сите корисници.rnrn3. Сите ваши избришани пораки, објави на ѕид и коментари. Дури и да сте ги избришале пред долго време, тие засекогаш остануваат зачувани во серверите на Фејсбук.rnrn4. Сите ваши недовршени објави што сте почнале да ги куцате, но не сте ги објавиле. Да, добро прочитавте! Фејсбук ги памети дури и работите кои сте сакале да ги објавите, но сте се премислиле и сте ги избришале.rnrn16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови кориснициrnrn5. Сите фотографии и видеа што ги објавувате, но и оние што ги споделувате. Па, дури и тие што другите корисници ги споделуваат со вас.rnrn6. Периодот кога сте станале или сте престанале да бидете пријатели со некого и периодот кога активно сте комуницирале со одреден корисник.rnrn7. Сите ваши активности, лајкови и објави преку Инстаграм или Ватсап. Дали сте знаеле дека Фејсбук ги поседува и двете апликации?rnrn16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови кориснициrnrn8. Сите настани на коишто ќе присуствувате, како и местата, градовите и државите што сте ги посетиле.rnrn9. Сите уреди што сте ги употребиле за да се најавите на вашиот профил.rnrn10. Сите работи што сте направиле на веб-сајтови каде што сте се регистрирале или најавиле преку вашиот Фејсбук профил. Тоа е така затоа што би ви требало подолго време да се регистрирате на овие сајтови преку имејл, па полесно е да се искористи Фејсбук-от за таа намена.rnrn16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови кориснициrnrn11. Вашето ниво на образование и платата.rnrn12. Веб-сајтовите што сте ги посетиле преку објавите или рекламите на Фејсбук. Дали некогаш сте се запрашале зошто Фејсбук ги рекламира токму оние работи што ве интересираат?rnrn13. Сите страници што содржат „Сподели на Фејсбук“ (Share on Facebook) опција или едноставно опција за „лајк“.rnrn16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови кориснициrnrn14. Броевите на вашите кредитни картички.rnrn15. Вашата политичка определеност, особено коментарите што сте ги оставиле и кои можат да бидат искористени против вас.rnrn16. Вашето лице: Кога некој ќе ве означи на фотографија, Фејсбук го внесува тоа во неговата база на податоци за да може попрецизно да го препознае вашето лице во наредните фотографии.rnrnДоколку по читањето на овие информации посакавте да ги деактивирате вашите профили на социјалните мрежи, би требало да знаете дека дури и да го преземете тој чекор, нема да успеете да ги избришете вашите лични податоци од нивните бази на податоци. Тие ќе останат таму засекогаш! Но, на крајот на краиштата, не мора да ја напуштите зградата во која живее речиси целото човештво. Само треба да внимавате како се однесувате на социјалните мрежи и што објавувате.rnrnПрочитајте за 10-те корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат.

  • Инстаграм е најштетната апликација за психичкото здравје на луѓето

    Инстаграм е најштетната апликација за психичкото здравје на луѓето

    Време е да се преиспитате колку често ги прелистувате објавените фотографии на оваа социјална мрежа. Според најновите истражувања, Инстаграм е најштетната апликација за психичкото здравје на луѓето.rnrnИнстаграм е најштетната апликација за психичкото здравје на луѓетоrnrnИстражувачите испитале 1.479 луѓе на возраст од 14 до 24 години за да дознаат дали Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб, Твитер и Снепчет им предизвикуваат позитивни или негативни емоции. Учесниците одговориле на вкупно 14 прашања поврзани со секоја социјална мрежа. Освен тоа, тие откриле дали некогаш чувствувале анксиозност, депресија и осаменост додека ги користеле апликациите.rnrnПрашалникот исто така имал цел да дознае како социјалните мрежи влијаат на нивното мислење за сопствениот изглед, квалитетот на сонот и ризикот од силеџиство. Имало и прашања кои требале да го одредат нивото на стравот од пропуштање нешто (FOMO) кој обично се јавувал откако ги имале прегледано сите објави на социјалните мрежи. Истражувачите се обиделе да го измерат целосното влијание на социјалните мрежи на општата благосостојба кај корисниците.rnrnСпоред резултатите од истражувањето, Инстаграм најмногу им го влошувал расположението на испитаниците, а потоа следеле Снепчет, Фејсбук, па Твитер. Само Јутјуб им помагал на учесниците да се чувствуваат малку подобро. Сите 5 социјални мрежи доведувале до проблеми со спиењето и истоштеност.rnrnНајдобро би било да се поправат социјалните мрежи на тој начин што корисниците ќе ги користат апликациите на поздрав начин. Дел од причината зошто Инстаграм предизвикува најлоши последици по здравјето е неговото влијание на задоволството од сопствениот изглед кај корисниците.rn

    „Инстаграм на многу едноставен начин прави девојките и жените да мислат дека нивните тела не се доволно убави, бидејќи луѓето честопати додаваат филтри за да добијат совршени фотографии“, изјавил еден од испитаниците.

    rnНавиката да се обработуваат фотографиите придонесува за појавата на генерација млади луѓе кои имаат лошо мислење за сопствениот изглед и ниска самодоверба.rnrnИнстаграм е најштетната апликација за психичкото здравје на луѓетоrnrnСо цел да се намали овој ефект, истражувачите предлагаат социјалните мрежи да им кажуваат на корисниците дали некоја фотографија е обработена. Една од идеите е да се направи мала икона или знак на дното од фотошопираната слика.rnrnНаучниците исто така сметаат дека социјалните мрежи треба да ги потсетуваат нивните корисници кога е време да се одјават. Еден од предлозите е апликациите да мерат колку време поминуваат корисниците на социјалните мрежи и да направат потсетник кој ќе излегува на екранот секогаш кога луѓето ќе претераат со користење.rnrnОва истражување само ги потврдува претходните докази за негативното влијание на социјалните мрежи врз психичката благосостојба. Едно истражување од 2015 година открило дека доколку поминувате 2 часа на социјалните мрежи, се изложувате на зголемен ризик од психички заболувања, вознемиреност и самоубиствени мисли.rnrnНо, сето ова не значи дека веднаш треба да ги избришете сите можни апликации. Тие можат да бидат многу корисни во одредени ситуации. На пример, едно истражување открило дека Фејсбук им овозможува на младите луѓе да научат повеќе за менталното здравје на другите преку постовите што ги објавуваат нивните пријатели. Социјалните мрежи исто така нудат можност за слободно изразување. Лајкувањето на разни страни и групи им помага на корисниците и отфрлените поединци да најдат емоционална поддршка и нови истомисленици.rnrnИ Инстаграм исто така има позитивно влијание на менталното здравје. Оваа апликација со околу 700 милиони корисници, започнала кампања со цел да ги поттикне отворените разговори во врска со психичкото здравје на луѓето. Некои корисници тврдат дека Инстаграм има позитивно влијание на нивното психичко здравје бидејќи ги поврзува со група луѓе кои се соочуваат со истите проблеми.rnrnКлучот лежи во умереноста и претпазливоста. Сѐ што е прекумерно, па дури и времето поминато на Интернет, може да биде деструктивно. Користете ги социјалните мрежи само кога ви требаат. Но, имајте на ум дека ретко кога ја прикажуваат вистинската слика за нечиј живот. Не заборавајте дека ништо не може да ја замени отворената комуникација во живо, очи во очи.rnrnДоколку се согласувате со овие откритија, прочитајте какво е влијанието на социјалните мрежи врз човековата психа и колку во суштина сме осамени.

  • 5 сигнали кои откриваат дека ви е потребна дигитална детоксикација

    5 сигнали кои откриваат дека ви е потребна дигитална детоксикација

    Дали некогаш сте се почувствувале лошо после гледањето туѓи фотографии на Инстаграм? Можете ли да се присетите како изгледал вашиот живот претходно, во ерата без грижи за тоа колку лајкови ќе добиете на Фејсбук? Дали можете да замислите да не поминете ни две минути средувајќи ја фотографијата пред да ја објавите? Дали некогаш се запрашувате каков би бил животот без социјалните мрежи?rnrn1-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_rnrnНајважното од сите прашања кое треба да си го поставиме во врска со влијанието кое социјалните мрежи го имаат над нашиот живот е следното: „Дали уживам во споделувањето содржини на социјалните мрежи, склопувањето нови онлајн познанства и конверзациите со непознати луѓе?“ Ако вашиот одговор е „Не“, можеби е вистинско време за дигитална детоксикација. Доколку не сте сигурни, тогаш проверете дали можете да препознаете кај себе неколку од следните сигнали кои укажуваат на тоа дека дошол моментот кога треба да исчезнете од социјалните мрежи, барем на некое време.rn

    1. Чувствувате болка во зглобовите, грбот и вратот

    rnЗамижете неколку минути и слушајте го вашето тело. Чувствувате ли некаде болка и напнатост? Заземате ли неприродна положба додека го користите телефонот, таблетот или компјутерот?rn

    2. Чувствувате дека имате потреба да отидете некаде, само за да го покажете тоа на социјалните мрежи

    rnСега се враќаме на прашањето од почетокот на текстот. Се чувствувате лошо или несигурно споредувајќи го вашиот живот со Инстаграм профилите на луѓето кои ги следите? Забележувате дека станувате љубоморни, вознемирени или едноставно иритирани додека ги гледате туѓите фотографии? Доколку сте започнале да го споредувате вашиот живот со животот на другите, наместо нивните фотографии едноставно да ве инспирираат, можеби е вистинско време да размислите дали социјалните мрежи ви помагаат или одмагаат во животот.rnrn3-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_rn

    3. Потребно ви е повеќе од половина час за да ја „дотерате“ објавата

    rnОсвен ако е во прашање навистина долга објава, најверојатно е дека само премногу размислувате за неа. Дали сте под стрес кога ја поставувате вашата содржина на социјалните мрежи? Какво е чувството доколку цел ден не ги користите социјалните мрежи? Ако она што го поставувате не е автентичен одраз на вашата личност, туку го трошите времето за да креирате некаква совршена онлајн личност, време е за преиспитување. Зошто го правите тоа?rn

    4. Поради социјалните мрежи ги занемарувате другите обврски

    rnКолку време всушност поминувате на социјалните мрежи? Постојат ли некои други точки на вашата листа на „уживање и опуштање“, кои никако не успевате да ги реализирате? На пример, излегување на кафе со пријателката од средно, одење на масажа, книги кои не стигнувате да ги прочитате?rn

    5. Чувствувате дека не го правите тоа што го сакате

    rnДали социјалните мрежи ве усреќуваат, ве инспирираат, ве поврзуваат со вашата цел и градат навистина задоволувачки односи со луѓето кои ви се допаѓаат? Доколку тоа не е така, што е тоа што треба да си го дозволите за да ја почувствувате вашата вистинска вредност, за на она што го правите, и на луѓето околу вас, да можете неизмерно да им ја дадете вашата љубов?rnrnЦелта на вашите одговори на овие прашања не е да ве наведат целосно да се исклучите од дигиталниот свет, што во денешно време е скоро невозможно, туку пред сѐ да проверите што е она што вашето срце навистина го сака. Дигиталната детоксикација може да биде едноставен процес, на пример, да не ги користите социјалните мрежи во текот на еден ден, или може да потрае подолго, како на пример, недела или месец. Важно е тоа да биде она што ќе одговара на вашите вредности и погледи на светот.rnrn2-5-signali-koi-otkrivaat-deka-vi-e-potreben-digitalna-detoksikacija-www.kafepauza,mk_

  • Покажете ги ноктите: 8 интересни пози за фотографирање на вашиот маникир

    Покажете ги ноктите: 8 интересни пози за фотографирање на вашиот маникир

    Само што направивте прекрасен маникир и, логично, сакате да им го покажете на сите вашето ремек-дело. Најдобра платформа за тоа се социјалните мрежи, но, како да ги фотографирате вашите нокти за тие да заблескаат во најдобро светло? Ние ви даваме неколку предлози…rn

    1. Држете некој предмет

    rn1-pokazhete-im-gi-vashite-nokti-na-site-8-zanimlivi-pozi-za-fotografiranje-na-vashiot-manikir-www.kafepauza.mk_rnrnНајочигледно, тоа може да биде шишенце лак за нокти, но вашиот маникир можете да го истакнете и така што ќе држите шолја за кафе, букет цвеќе, и сето она што на вашиот маникир ќе му даде некоја своја приказна. Плус, на овој начин добивате ултра занимлива Инстаграм фотографија која ќе „заработи“ многу лајкови!rn

    2. Испружете ја дланката и исправете ги прстите

    rn2-pokazhete-im-gi-vashite-nokti-na-site-8-zanimlivi-pozi-za-fotografiranje-na-vashiot-manikir-www.kafepauza.mk_rnrnКако надополнување, можете да додадете неколку модерни миди прстени за да направите совршена фотографија. Немојте да ги виткате прстите или да правите некоја друга поза со нив, бидејќи тоа ќе изгледа чудно. Исто така, внимавајте на аголот на фотографирање.rn

    3. Прекрстени раце

    rn3-pokazhete-im-gi-vashite-nokti-na-site-8-zanimlivi-pozi-za-fotografiranje-na-vashiot-manikir-www.kafepauza.mk_rnrnКога правите нешто со рацете, така што тие се движат и изгледаат спонтано и природно, добивате една од најдобрите фотографии што истовремено е и занимлива и динамична. Секако, ќе ви биде потребно некој да ве фотографира, но веруваме дека ќе се снајдете.rn

    4. Потпрете се

    rn4-pokazhete-im-gi-vashite-nokti-na-site-8-zanimlivi-pozi-za-fotografiranje-na-vashiot-manikir-www.kafepauza.mk_rnrnПознато ви е она кога се досадувате, па ја навалувате главата на раката? Токму тоа ви е потребно за фотографирање на вашиот маникир. Секако, во фокусот треба да бидат ноктите, а не вашето лице.rn

    5. Мудро сечење на фотографијата

    rn5-pokazhete-im-gi-vashite-nokti-na-site-8-zanimlivi-pozi-za-fotografiranje-na-vashiot-manikir-www.kafepauza.mk_rnrnВо смисла, ако имате навистина добар маникир кој сакате да го покажете, направете нешто со раката, но подоцна исечете ја фотографијата така што акцентот ќе падне исклучително на ноктите. Ништо друго не смее да го оттргнува вниманието од вашето ремек-дело.rn

    6. Склопете ги дланките

    rn6-pokazhete-im-gi-vashite-nokti-na-site-8-zanimlivi-pozi-za-fotografiranje-na-vashiot-manikir-www.kafepauza.mk_rnrnУште една интересна поза за фотографирање може да биде следната – држете нешто во едната рака, а другата склопете ја преку неа, така што дланките да бидат една покрај друга. Рацете можете да ги држите опуштено пред себе, а фотографијата повторно ќе ја исечете за да ја истакнете поентата.rn

    7. Вкрстете ги прстите

    rn7-pokazhete-im-gi-vashite-nokti-na-site-8-zanimlivi-pozi-za-fotografiranje-na-vashiot-manikir-www.kafepauza.mk_rnrnОва е уште една опција. Само внимавајте на аголот на фотографирање!rn

    8. Истакнете го вашиот маникир со помош на некој материјал

    rn8-pokazhete-im-gi-vashite-nokti-na-site-8-zanimlivi-pozi-za-fotografiranje-na-vashiot-manikir-www.kafepauza.mk_rnrnЕдноставно ставете ја раката на џемперот или ќебето или кој било материјал кој е контрастен, а кој повторно е сличен на вашите нокти. На пример, тие да бидат слични по боја. Обидете се ова да изгледа природно и опуштено.rnrn6 чекори до совршен домашен маникир!

  • Лични прашања што не треба да ги поставувате на Фејсбук

    Лични прашања што не треба да ги поставувате на Фејсбук

    Кога имате голем број пријатели или следбеници на Фејсбук или на која било друга социјална мрежа, сакате да ја користите таа бројка не само за да соберете лајкови, туку и за добивање на потребните информации. Понекогаш тие информации се прилично бизарни, но најчесто ви е многу полесно да поставите прашање, дали во вид на статус или пак, како објава во некоја група за дискусија, и потоа да чекате одговори и поделени мислења, отколку самите да „изгуглате“ или уште подобро, да ги откриете лично. Нема да зборуваме подетално зошто е тоа така, но ќе ви го насочиме вниманието на неколку прашања/ситуации/дилеми кои се премногу лични за да се прашаат на еден ваков јавен начин.rnrn1-lichni-prashanja-koi-ne-treba-da-gi-postavite-na-fejsbuk-www.kafepauza.mk_rn

    1. Правни совети

    rnТоа што вие мислите дека не сте платиле некоја казна, па на Фејсбук барате совети како да се извлечете или што и да е друго во прашање, воопшто не е симпатично. И всушност, зошто некој би знаел што треба да (не) правите? Ситуацијата е уште полоша кога се во прашање големи правни проблеми. Наместо тоа, лично прашајте ги вашите пријатели дали познаваат адвокат, контактирајте го лично и решете го вашиот проблем.rn

    2. Прашања во врска со вашето здравје

    rnОвие прашања не се пребаруваат и не се објавуваат на Фесјбук или на Инстаграм. Ако имате некој проблем од здравствена природа, единственото нешто што би требало да го направите е да отидете на доктор или да му се јавите. Сѐ останато има навистина несакан ефект.rn

    3. Информации што самите можете да ги дознаете со пребарување

    rnНемојте да бидете толку мрзливи. Отворете Гугл и поставете го вашето прашање, без разлика дали станува збор за какво ќе биде времето денес, кој глуми во тој и тој филм, како се вика онаа песна… Навистина не треба да ги прашувате вашите пријатели на Фејсбук ваков вид прашања.rnrn2-lichni-prashanja-koi-ne-treba-da-gi-postavite-na-fejsbuk-www.kafepauza.mk_rn

    4. Идеи во врска со храната

    rnПронајдовте одлични рецепти на Пинтерест? Сјајно! Но, немојте сега да ги прашувате вашите виртуелни пријатели дали да подготвите едно или друго јадење. Послушајте го вашиот стомак, а не вашите социјални мрежи!rn

    5. Понуди за работа

    rnСекако, многу огласи за работа се пронаоѓаат на социјалните мрежи, бидејќи денес сите „живеат“ на нив. Сепак, едно е кога ќе забележите некој оглас, а друго е кога поставувате такви прашања јавно, со статус, или кога ќе напишете на некоја страница или нечиј профил… Воздржете се и бидете дискретни!rnrnПогледнете ги и овие 7 работи што не треба да ги правите на Фејсбук ако сакате да ви се допаѓа вашиот живот!

  • Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи?

    Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи?

    Што кажуваат фотографиите на Интернет за нас? Кои скриени комплекси или желби, кои некогаш не ни знаеме дека ги имаме, му ги откриваме на светот преку социјалните мрежи? Погледнете ја оваа анализа на различните видови фотографии на социјалните мрежи…rn

    1. Голем број селфиња (на огледало, во лифт, во теретана и слично)

    rn(1)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnАко поголемиот дел од фотографиите на нечиј профил се селфиња, тоа открива потреба за признание и одобрување од другите, егоцентричност, суета и наклонетост кон нарцизам.rn

    2. Секси селфиња

    rn(2)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnНагласената линија на телото кажува „Јас сум слободна и спремна да експериментирам.“ Размислете дали е потребно толку отворено да му кажете на светот дека сте „достапни“ користејќи го вашето тело како мамка и како начин да се „продадете“. Дали мислите дека мажите сакаат сериозна врска со таква мамка?rn

    3. Фотографии со партнерот

    rn(3)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnТоа е приказ на вашата врска и на фактот дека ја гледате како силна и долготрајна. На овој начин кажувате „Не сум сама, сакана сум, потребна сум некому и ценета сум.“ Ако имате премногу вакви фотографии на профилот, запрашајте се зошто ви е потребно тоа и што сакате да кажете со толку многу фотографии. Можеби сакате да му докажете нешто на бившиот или да победите во натпреварот со вашите пријатели?rn

    4. Групни фотографии

    rn

    Group Of Friends Having Fun Together Outdoors

    rnАко повеќето од вашите фотографии се од забави или дружби, каде што покажувате колку многу се забавувате со пријателите, тоа може да биде знак на внатрешна празнина или осаменост. Исто така може да значи дека припаѓањето во некој група му ласка на вашето его.rn

    5. Деца

    rn(5)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnОвде има две опции. Ако споделувате фотографии од вашето детство, тоа може да значи дека сте уморни од „возрасниот“ живот. Ова крие потсвесна желба за враќање во детството. Втората варијанта е кога споделувате фотографии од вашите деца, на тој начин кажувајќи „Јас сум мајка, и тоа е најголемото достигнување во мојот живот.“rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежи

    5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежи

    Живееме во свет каде што владеат социјалните мрежи и понекогаш чувствуваме притисок да се натпреваруваме со нашите пријатели и да објавуваме сѐ што е поврзано со нашите успеси. Потоа, кога нема да се случи она што сме го планирале или едноставно ќе се премислиме, чувствуваме должност на сите да им дадеме соодветно објаснување. Животот е доволно тежок сам по себе и не треба дополнително да си го комплицираме. Ова се 5-те причини зошто треба добро да размислите пред да ги објавите вашите успеси на социјалните мрежи…rnrn5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежиrn

    1. Понекогаш нештата не одат по планот

    rnСте биле на интервју за работа и сите прашања сте ги одговориле совршено, сте ги воодушевиле работодавците со вашите креативни идеи, па дури и сте преговарале за платата што ќе ја добивате. Нормално е тоа што одвај чекате да им кажете на вашите пријатели и семејство за успехот што сте го постигнале. Но, потоа сте го добиле оној озлогласен мејл што почнува со зборовите „За жал, во моментов мислиме дека не одговарате за оваа работна позиција.“rnrnДоволно тешко е тоа што ве одбиле, па уште треба и да им објаснувате на сите луѓе околу вас зошто не сте ја добиле работата за која сте се пофалиле дека со сигурност ќе ви припадне токму вам. Ако не можете да се справите со објаснувањата за вашите неуспеси, најдобро е да молчите додека успехот не ви биде загарантиран.rn

    2. Ќе мора да одговарате на милион прашања

    rnАко објавите некоја голема вест на социјалните мрежи, очекувајте прашања од типот „Кога ќе се преселиш?“, „Кога ќе започнеш со новата работа?“, „Кој е датумот на венчавката?“. Прашањата што почнуваат со „кога“ ќе ве излудат и ќе посакате целосно да исчезнете од социјалните мрежи, додека не решите кога овие ваши цели навистина ќе се реализираат. Иако луѓето мислат дека ви помагаат со тоа што ве форсираат да одредите точна дата, тие само дополнително ја зголемуваат вашата анксиозност. Најдобро е да си ја држите устата затворена, додека не ги добиете сите одговори на овие прашања што почнуваат со „кога“.rnrn5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежиrn

    3. Критиките само ќе ви пренесат негативна енергија

    rnЗависта е најлошата човечка особина. Не бидете изненадени доколку некои од вашите пријатели на Фејсбук не ви посакуваат сѐ најдобро. На некои луѓе ќе им падне многу тешко тоа што сте поуспешни од нив. Тие ќе се обидат да ве обесхрабрат, ќе ве натераат да се посомневате во вашите способности и ќе ви пренесат негативна енергија. Откривајте ги вашите цели само на луѓето кои ќе ви помогнат да ги достигнете.rn

    4. Конкуренцијата ќе ви ги украде идеите

    rnВо секоја професија постои конкуренција. Го знаете она чувство кога ќе кажете шега, но некој друг ќе ја каже истата шега погласно и сите присутни во просторијата ќе прснат од смеење? Или чувството кога некому ќе кажете некоја од вашите идеи и потоа истата личност ќе почне да прави нешто слично? Заштитувајте си ги идеите. Ќе бидете многу бесни ако видите како некој успева благодарение на вашата визија.rn

    5. Не мора сите да знаат сѐ за вас

    rnСамо затоа што не сте го објавиле успехот на социјалните мрежи не значи дека не е вистински. Некои достигнувања треба да си ги задржите за себе. Не мора да споделите со сите дека сте добиле унапредување на работа, дека сте имале успешна презентација или дека сте ослабеле 3 килограми за една недела. Вашите успеси не се помалку вредни доколку вие сте единствените што знаат за нив. Мора да го вреднувате вашиот напредок дури и тогаш кога нема кој да ве пофали со лајкови и коментари. Не мора ништо да докажувате никому. Радувајте се сами и тивко продолжете понатаму.rnrnВо продолжение прочитајте и како влијаат социјалните мрежи на човековата психа и колку сме всушност осамени.

  • Загрижувачки податок: Дури 69% од младите ја сликаат храната пред да почнат со јадење!

    Загрижувачки податок: Дури 69% од младите ја сликаат храната пред да почнат со јадење!

    Социјалните мрежи претставуваат значаен дел од животот на секој млад човек. Младите денес чувствуваат потреба да објавуваат фотографии од сите нешта што ги прават, од местата што ги посетуваат како и од храната што ја јадат. Според законот, не смее да се почне со јадење додека не биде објавена убава фотографија! Владее мислењето дека ако не е објавено на Инстаграм, исто како да не се случило.rnrnЗагрижувачки податок: Дури 69% од младите ја сликаат храната пред да почнат со јадење!rnrnСпоред најновите истражувања дури 69% од младите ја фотографираат хранат пред да почнат со јадење. Тоа и не е толку големо изненадување со оглед на тоа што главната цел на луѓето денес е да остават позитивен впечаток на социјалните мрежи и да го претстават нивниот живот како совршен. А да не навлегуваме во муабетот дека биле направени 100 фотографии пред да се добие совршената со совршено осветлување и од совршен агол. Младите се претставуваат себеси како експерти за храна и мајстори за готвење. Но, дали е тоа навистина така во реалноста?rnrnЗагрижувачки податок: Дури 69% од младите ја сликаат храната пред да почнат со јадење!rnrnСоцијалните мрежи како Фејсбук и Инстаграм им овозможуваат на младите да создадат илузија за нивниот живот, во која веруваат сите нивни пријатели и следбеници. Сепак, таа слика измислена со цел да се предизвика завист кај останатите е далеку од она што се случува во реалноста. Во денешно време, сите се стремат кон тоа да го добијат туѓото одобрување и да го зголемат сопственото влијание и статус меѓу врсниците. Сѐ се врти околу „пумпањето“ на егото и промовирањето на лажни морални вредности.rnrnЛуѓето ги користат лајковите како мерка за лична вредност. Што повеќе лајкови соберат, толку позначајно се чувствуваат. Суровата вистина е дека на вашите пријатели и следбеници воопшто не им е грижа какво селфи сте направиле или што сте јаделе за ручек.rnrnЗагрижувачки податок: Дури 69% од младите ја сликаат храната пред да почнат со јадење!rnrnВо ред е да објавувате фотографии кои сведочат за некој важен момент од вашиот живот. Никој нема да ви суди ни доколку објавите уметничка фотографија од зајдисонце на која сте особено горди. Но, немојте да ги „бомбардирате“ луѓето со секоја можна секунда од вашето секојдневие. Не мора да го сликате секое кафе што ќе го испиете и слободно можете да почнете со јадење и без да ги известите сите за тоа колку здрав оброк сте си подготвиле. Не дозволувајте бројот на лајкови да ве дефинира. Живејте за себе, а не за другите.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, дознајте што мислат луѓето за вашите селфиња.