КАФЕ ПАУЗА

Tag: социјални мрежи

  • Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка

    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка

    Веќе имавме можност да прочитаме за одличниот проект на Чачо Пуебла наречен „Grandmother Tips“ кој привлече огромно внимание ширум светот, па поради тоа тој решил да состави и втор дел од интересните и незаборавни совети од неговата баба.rnrn

    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Никогаш не купувајте го првиот продукт од Епл, почекајте да ги поправат грешките во следниот модел.“
    rn
    rn

    „Отсекогаш сум сакал да го кажам ова: Се враќаме поради барањето на јавноста! Поради големиот успех ќе споделиме нови совети со вас. Но, овој пат сакам да биде многу поинтерактивно. Па ако имате некои совети од вашата баба, слободно споделете ги со нас на нашата фан-страна на Фејсбук,“ вели Чачо Пуебла.

    rn

    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Запомни синко: вистинските пријатели никогаш не пишуваат среќен роденден на твојот ѕид.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Немојте да мислите дека сè што ќе напишете на вашиот блог може да се смета за литература.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Не грижете се за тоа колку пати ви ја виделе содржината, коментарите се многу, многу, многу поважни.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Оние кои имаат статус – комплицирано е, сакаат да кажат дека бараат нешто подобро.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Верувајте ми, следачи не значат пријатели. И обратно.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Запомнете дека луѓето кои имаат смајлиња за фотографија на профилот се воглавно грди.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Никогаш, никогаш не лајкнувајте си го својот статус. Тоа ве прави да изгледате очајни за внимание.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Не е важно што велат, вашите деца нема никогаш да ви бидат пријатели на ниедна социјална мрежа.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Девојките спијат со момци кои употребуваат Фотошоп, но се мажат со оние кои работат во Ексел.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Не мислете дека копчето Reload има моќ да го забрза времето.“
    rnrn
    Корисни совети за социјалните мрежи од една бабичка
    „Слушај синко: Tвитер – тоа се само Фејсбук статуси кои се обидуваат да звучат фенси.“

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Манжетни во облик на Фејсбук-опцијата „лајк“

    Манжетни во облик на Фејсбук-опцијата „лајк“

    Популарноста на Фејсбук отиде дотаму што палецот нагоре се појави и на манжетни. Ви се допаѓаат, нели? Па, во случајов немате друга опција. 🙂Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“„Лајк“ модните додатоци се изработени од нерѓосувачки челик, со димензи 1,9 x 1,27 сантиметри. Можете да ги нарачате тука, по цена од 9,99 американски долари.Манжетни со Фејсбук опцијата „лајк“За профит или заради забава, не е првпат да се искористи сегмент од социјалните мрежи за изработка на моден додаток, најразлични парчиња облека, патики и што уште не. Досега сите беа одлично прифатени.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фраерски патики инспирирани од социјалните мрежи

    Фраерски патики инспирирани од социјалните мрежи

    Дизајнерката Лумен Бигот дизајнирала необични патики инспирирани од социјалните мрежи, сервиси и познати сајтови. Таа ги направила овие модерни модели за модната куќа „Keds“.Фраерски патики инспирирани од социјалните мрежиСекој пар од патиките има нешто карактеристично за социјалната мрежа или веб-сајтот, па така на патиките инспирирани од Фејсбук можете да забележите дека постои покана за пријателство, додека на оние инспирирани од Твитер се наоѓа китот заедно со птичките.Фраерски патики инспирирани од социјалните мрежиФраерски патики инспирирани од социјалните мрежи
    rn

    „Јас сум голем фан на блогови кои пишуваат инспиративни текстови, а голем дел од денот поминувам и на социјалните мрежи. Исто така ја обожавам и модата, па кога ги споив овие три работи настана оваа колекција. Идејата ми беше да ги најдам најважните графички елементи на моите омилени социјални мрежи и да ги искомбинирам со моите омилени обувки.“ – изјави Бигот

    rnФраерски патики инспирирани од социјалните мрежиФраерски патики инспирирани од социјалните мрежиФраерски патики инспирирани од социјалните мрежиФраерски патики инспирирани од социјалните мрежи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?

    Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?

    Фејсбук ја достигна бројката од 800 милиони корисници. Засега компанијата не излегува со официјални статистики за бројот на дневно објавени статуси, но едно истражување направено врз 2.000 Британци открива дека во просек секој корисник на Фејсбук објавува по еден статус дневно, со просечна должина од 2 реда.Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?Според ова истражување, на социјалната мрежа се објавуваат 292 милијарди статуси годишно, кои доколку би ги испечатиле на хартија, би направиле значителна штета на шумските предели на планетата.rnrnПа така, според претпоставката дека еден лист хартија, А4 формат има 51 ред доколку на него се пишува со големина на фонт 11, потребни ќе бидат 11,5 милијарди листови за да се испечатат сите статуси кои годишно се пишуваат на Фејсбук. Таа бројка на листови е еднаква на 500 милиони испечатени речници на англиски јазик, објавени од Оксфорд.rnrnУчесниците во ова истражување во просек поминувале по 32 минути на Фејсбук, читајќи што објавиле нивните пријатели. Па така, доколку би се претпоставило дека во просек една страна А4 формат се чита за 3 минути, за да ги прочитате сите статуси кои се објавени на Фејсбук за една година, ќе ви бидат потребни 573 милиони часови. За исто време еден авион може да ја заобиколи земјата 8,5 милиони пати.Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?Секако, оваа проценка може да е неточна. Можеби станува збор за уште повеќе статуси, но Фејсбук барем засега не излегува со официјални бројки за просекот на објави.rnrnОвие бројки се направени врз база на користењето на Фејсбук во Велика Британија, па така не може точно да се тврди како се однесуваат корисниците во другите земји. Официјалните бројки објавени од страна на најпопуларната мрежа на светот, велат дека дневно се прикачуваат околу 250 милиони фотографии и дека секојдневно се најавуваат барем 50% од корисниците.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини како да останете фокусирани на работата

    5 начини како да останете фокусирани на работата

    Автор: Маја ВладимироваrnrnСите имаат моменти кога се расеани и кога не можат да се фокусираат на работата. Но, кога појавата на таквите моменти ќе стане алармантна, треба навреме да се реагира и да се преземат одредени мерки. Иако многумина од нас го почнуваат денот со листа на работи кои треба да се завршат, на крајот не секогаш сите точки на таа листа се пречкртани. Најчеста причина за застој во работата е проблемот да се остане фокусиран. Затоа се одлучивме да ви дадеме 5 совети кои ќе ви помогнат да го задржите вашето внимание на обврските на работа и на она што од вас се очекува да го завршите во текот на денот.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    1. Поделба на работата на помали делови

    rnНаучно е докажано дека мозокот може да биде продуктивен при обработка на ограничен проток на информации, во ограничен временски период. Да се работи на една работа преку целиот ден може да биде напорно, монотоно и неефективно, бидејќи после некое време мозокот се заморува и резултатите кои се добиваат нема да бидат ефективни како на почетокот. Затоа, најдобро решение е да се подели работата на помали делови кои би можеле независно да се сработат. При ваквиот начин би можеле повремено да правите паузи со кои би му овозможиле на мозокот да „дишe“ и да се одмори. Така ќе имате чуство како да сте сработeле многу повеќе со што ќе си ја зголемите самодовербата, а и за секоја следна задача ќе бидете одморени и свежи.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    2. Наградете се после секоја успешно завршена работа

    rnНе е лошо повремено да се посетуваат Фејсбук, Твитер и други слични сајтови додека сте на работа за да ги проверите најновите вести поврзани со пријателите, но важно е да не се троши преголем дел од времето на нив, посебно кога ве чека еден куп работа. Нашиот совет е да изберете неколку задачи кои треба да ги завршите за да ја добиете дружбата со пријателите како награда, без разлика дали на некоја од социјалните мрежи или за време на кафе паузата.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    3. Изберете ја вистинската музика

    rnМногумина не можат да си ја замислат работата без музиката која им обезбедува мотивација и инспирација. Ако сте и вие ваков тип луѓе, кои преферираат да слушаат музика додека работат, тогаш внимавајте на неколку детали при изборот. Најпрво немојте да бирате тивка и релаксирачка музика од која ќе ви се приспие или пак музика која ќе ве натера да размислувате за текстот на песната. Музиката треба да биде динамична за да ви даде енергија за работа, но не премногу јака и тешка за да ве измори и да предизвика спротивен ефект од посакуваниот. Бидејќи за вкусови не се дискутира, останува сами да одлучите кој ќе биде вистинскиот музички избор за вас.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    4. Изолирајте се

    rnСè додека во позадина е вклучен вашиот Фејсбук-профил и додека добивате пораки и нотификации од вашите пријатели, ќе биде вистински предизвик за вас да останете фокусирани на работата. За да можете целосно да се посветите на она што го работите во моментот, понекогаш е најдобро да се „сокриете“ од надворешниот свет. Поставете статус „Invisible“, „Do Not Disturb“ или „Busy“ на социјалните мрежи, а од колегите кои наминуваат до вашето биро, заштитете се со слушалки на ушите кои ќе ги предомислат во намерата да ве зазборат.5 начини како да останете фокусирани на работатаrn

    5. Сакајте си ја работата и работете со љубов

    rnОва е најдобриот начин за да го извлечете најдоброто од себе додека работите. Сите знаеме дека кога се работи на нешто интересно, времето поминува неосетно, додека пак фокусот се губи ако работите нешто што сметате дека е досадно. За да бидете продуктивни, обидете се најпрво да си ја направите работата што е можно поинтересна. Замислете си слика во која вашата задача е завршена или поставете си цел да импресионирате некого, без разлика дали се тоа колегите, вашиот шеф или пак некој друг.5 начини како да останете фокусирани на работата
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што имате споделено на социјалните мрежи пред 365 дена?

    Што имате споделено на социјалните мрежи пред 365 дена?

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnСе сеќавате ли што сè имате објавено на Фејсбук и на Твитер пред точно една година? А на Форсквер? На Инстаграм? Најверојатно не. Ако сте љубопитни да дознаете, „Timehop“ ќе ви помогне во тоа. Улогата на овој сервис е да ги врати сите информации објавени на социјалните мрежи, во изминатите 365 дена.Што имате споделено на социјалните мрежи пред 365 дена?Со што сте биле окупирани, за што сте пишувале, каде сте се движеле итн., ќе дознаете преку дневните имејл пораки кои секое сабајле ќе пристигнуваат во вашето сандаче. Но, најпрво треба да ги испратите вашите податоци, со кои ќе дозволите пристап до профилите што ги имате на разните социјални мрежи. Ако сте барем малку трпеливи, наредното утро ќе ви пристигне првиот имејл со вашите коментари, фотографии, муабети…rnrnИдејата за оваа бесплатна услуга е на Бени Вонг и Џонатан Вегенер. Нивната цел е да се документира сè она што ќе го објавите на социјалните мрежи, со што во кое било време, ќе ви биде овозможено повторно да се вратите на некои ваши драги моменти споделени со пријателите. Сосема е неважно дали тоа ќе го сторите од носталгични или од какви било други причини.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионот

    Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионот

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnПатувањето со странец до вас полека заминува во минатото. Холандскиот авиопревозник „КЛМ“ подготвува невообичаена услуга за неговите патници. Од наредната година, преку Фејсбук и Линкдин ќе им овозможи да бираат кој да седи до нив за време на летот.Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионотУслугата е наречена „meet and seat“ и води до профилите на патниците. Ова значи дека ако одлучите да летате со „КЛМ“ и сте корисници на овие две социјални мрежи, уште пред да го купите билетот ќе знаете кој сè ќе биде во авионот или поточно кој го резервирал седиштето, лево или десно од вашето. Ќе може да му понудите пријателство и да започнете комуникација. Ако од кои било причини личноста не ви одговара, слободно избегнете го нејзиното друштво и побарајте место до друг патник по ваша мерка. Никогаш не се знае, можеби на наредниот лет ќе се случи вашиот прв романтичен состанок во авион, секако ако успеете да се сместите далеку од досадните и „разлигавени“ деца :).Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионотПреку интернет изберете до кого ќе седите во авионотУслугите преку Линкдин ќе бидат повеќе прилагодени за лицата кои патуваат деловно. Таму ќе можете да се информирате за работните ангажмани на сопатникот, a можеби и да остварите некоја бизнис комуникација.Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионотОваа нова услуга која авиопревозникот ќе ја лансира идната година, нема да биде задолжителна. Доколку сакате, можете да останете анонимен патник. Вашите информации не мора да ги споделите на социјалните мрежи, ниту пак да се запознаете со лицето кое ќе купи билет со број на седиште веднаш до вашето.Преку интернет изберете до кого ќе седите во авионотШто би избрале вие? Би сакале ли да дознаете со кого ќе се дружите за време на летот, уште пред да пристигнете на аеродромот? Но, имајте на ум и дека на овој начин, преку социјалните мрежи, избраниот патник ќе знае и каде работите, каде сте го поминале викендот или што планирате. rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа

    Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа

    Во денешно време, доколку сакате да бидете бомбардирани со фотографии во кои се доловени личните моменти на луѓето, сè што треба да направите е да ги посетите сајтовите за споделување слики и социјални мрежи како Фликр и Фејсбук. Преку ваквите сајтови, веб-порталите за вести и пребарувачите на слики, секојдневно гледаме илјадници фотографии со секаква содржина.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаВаквиот релативно нов културолошки феномен го инспирирал холандскиот визуелен артист Ерик Кеселс да создаде една интересна инсталација. Тој решил да ги преземе сите фотографии кои биле прикачени на Фликр во период од 24 часа, а потоа ги испечатил и ги расфрлал низ соба во уметничката галерија „Foam“ лоцирана во Амстердам, за да ја прикаже масовната количина во еден поинаков, материјален облик. Проектот го нарекол „Photography In Abundance“ (Фотографии во изобилие), а неговата цел била да ја прикаже неизмерната количина фотографии кои се споделуваат на еден сајт, на дневна база.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПланина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часа.rn

    „Во денешно време, секојдневно сме изложени на еден куп фотографии. Изобилството во најголем дел е резултат на сајтовите за споделување фотографии како Фликр, социјалните мрежи како Фејсбук и пребарувачите на слики. rnrnСодржината на фотографиите е мешавина од она што е во ред јавно да се прикаже и она што треба да остане приватно, што доведува и најличните работи отворено и несвесно да ги приложуваме во јавност. Преку печатењето на сите овие фотографии кои се качени во период од 24 часа, го визуелизирам чувството на давење во приказот на туѓите искуства.“

    rnПланина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПланина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаИнаку, досега на Фликр се качени повеќе од 6 милијарди фотографии, а исто толкав број слики се качуваат на Фејсбук на секои два месеци.Планина од испечатени фотографии качени на Фликр во 24 часаПо повод 10 години постоење на галеријата „Foam“, организирана е едномесечна прослава, во чиј состав влегуваат артистичките инсталации на разни уметници, меѓу кои и оваа на Кеселс, кои ќе бидат изложени до 7 декември, 2011. Изложбата е насловена „Whats’ next?“ (Што е следно?)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

    Каква е вашата профил-слика на Фејсбук?

    Колку пати досега сте биле шокирани од фотографијата која ја објавил некој ваш пријател на својот профил на Фејсбук? Како пак реагирате кога ќе видите дека истиот тој пријател, решил да ја означи таа ужасна фотографија како профил слика, која ќе може цел свет да ја види?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Францускиот фотограф Mathieu Grac се сетил да направи една интересна серија фотографии, која ја нарекол „Boyz and Girlz du net“ (Момчињата и девојките на нет). Неговите фотографии ја истакнуваат опсесијата на секое општество во светот, со профил-сликите на социјалните мрежи. Тие се истовремено исто толку чудни колку што се и смешни, бидејќи се во суштина многу реални и иронично ја прикажуваат потребата на луѓето за внимание во современите општества.Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Каква е вашата профил слика на Фејсбук?Оваа серија фотографии, сама по себе, го подбуцнува прашањето: Зарем сме толку многу опседнати сами со себе?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.target=”_blank”>нашата страница на Фејсбук.

  • 10 љубовни предвидувања за 2011

    10 љубовни предвидувања за 2011

    Да бидеме реални. Она што е тука пред нас сега, може многу лесно да го снема утре, исто како што онаму каде што не постоело ништо, може да се роди нова љубов. Работите се менуваат за сите и љубовта никогаш не треба да се сфаќа здраво за готово. Влезете малку поподготвено на полето на љубовта во 2011. Да видиме што предвидуваат експертите за љубовта оваа година.rn.rn

    1. Моногамијата ќе биде повторно „ин“.

    rnБракот или барем моногамијата ќе стане повторно модерна. Позначајни ќе станат вистинските вредности во врските, а не материјалните работи. Повеќе време ќе се посветува на животот во заедниците и на добротворните акции, а помалку на расфрлање пари за скапи предмети.rnrnКако што сè повеќе истополови двојки се одлучуваат за заедничко чување деца, ова веќе нема да претставува контроверзен проблем и до крајот на 2012, многу земји ќе го прифатат правото за стапување во брак со секој.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    2. Луѓето кои се во врски ќе ја прифатат состојбата на статус кво.

    rnСреќните двојки ќе сакаат да останат во врска, под услов таа да е добра. Повеќето парови ќе се воздржуваат од стапување во брак, а брачните двојки кои се во криза, ќе го одложат разделувањето и раскинувањето на браковите додека се подобри економијата во светот. Ќе се зголеми бројот на љубовни двојки од различни раси, како и на такви во кои жената е постара по 5 и повеќе години од мажот.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    3. За оние кои се сингл, факторите за неуспех ќе исчезнат.

    rnСите како мали сме правеле листи на кои сме запишувале каков сакаме да изгледа нашиот иден партнер: некои преферирале високи, други крупно градени или тенки, трети со одредена боја на косата, а има и такви кои знаеле дека сакаат момче кое свири во бенд, девојка која се занимава со гимнастика и сл. Ваквите листи сега се веќе застарени. Општата состојба во светот и особено финансиската криза, предизвика многу луѓе да се запрашаат кои се нивните вистински вредности кои ги бараат кај својата идеална сродна душа.rnrnМажите и жените драстично ќе ги изменат своите листи и ќе ги намалат очекувањата, особено во однос на личниот изглед и возраста. Важно ќе биде колку е финансиски обезбедена другата личност. Ова пак не значи дека сите ќе станеме „копачи на злато“, но финансиската состојба на партнерот дефинитивно ќе се искачува погоре на личните листи.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    4. Ќе се вратиме на традиционалните улоги на родовите.

    rnМажите ќе ја вратат својата лидерска улога во врските, тие ќе го имаат главниот збор и ќе станат поголеми авантуристи, посилни и заштитнички настроени.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    5. Сè повеќе луѓе ќе закажуваат состаноци преку Фејсбук и Твитер.

    rnИ оние кои се и оние кои не се во врски се многу зафатени во денешно време, често работејќи многу за мали плати. Времето е луксуз. Затоа, сè повеќе врски ќе се формираат со користење на фејсбук и твитер, но и сè повеќе ќе гледаме како луѓето раскинуваат во реално време преку нивните статуси на овие социјални мрежи.rnrnСостаноци ќе се закажуваат со текстуални пораки, наместо преку телефонски повици. Раскинувањата нема да се случуваат лице в лице. Љубовта во врските на далечина се повеќе ќе се зголемува. Состаноците преку Скајп, со користење на веб-камери ќе ги одржуваат врските со своите сакани на далечина.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    6. Состанувањето преку мобилни ќе стане мејнстрим.

    rn

    Сè повеќе корисници на сајтовите за онлајн состанување пристапуваат од својот ајфон или ајпод и овој број продолжува да се зголемува секој месец. Причината за ова е брзината и практичноста во пристапувањето. Сервисите на мобилните оператори и апликациите за мобилни телефони ќе ни овозможуваат реално-временско договарање состаноци, дури и во движење.10 љубовни предвидувања за 2011

    rnrn

    7. Ќе бидеме попаметни во врска со праќањето сексуални пораки (sexting).

    rnСпоред едно скорешно истражување, праќањето сексуални пораки достигнува до 15% од сите испратени пораки преку телефоните на тинејџерите, додека над 30% кај младите на 18-29 години.rnrnПраќањето сексуални слики преку мобилни телефони стана посебна вредност, а ова особено го потврдуваат сè почестите сексуални изложувања на познатите. Во тренд е и фаќањето за ваквото „зло дело“. Во 2011 очекувајте нови етички правила и можности во врска со овој тренд. Ако сакате некому да му испратите интимна слика од себеси, која притоа не може да биде копирана, препраќана и ретвитана, добрата вест е што ќе има апликации кои ќе го овозможуваат тоа.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    8. Паровите ќе почнат да применуваат забрани и ограничувања на социјалните мрежи.

    rnКолку што Фејсбук и Твитер се добри за создавање нови врски, толку се ефикасни и за нивно раскинување. Замислете само колку драма може да додаваат социјалните мрежи во моногамните врски: незгодни коментари на ѕидовите кои можат да водат до недоразбирања и лутења со денови; приватни пораки кои ја преминуваат линијата на тој начин заматувајќи ја линијата помеѓу пријателството и емоционалното неверство; „спријателување“ со бивш кое може да распламти некои стари пламени што веројатно требале да останат во минатото. Листата може да продолжи до бескрај.rn

    Оние кои ќе сакаат да ја одржат својата врска ќе бараат од своите партнери да ги напуштат социјалните мрежи. На оние пак, на кои не им треба дополнително затегнување на односите, може да одлучат да се повлечат од сите работи поврзани со социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека се зголемува потпирањето на виртуелната комуникација, вештите парови ќе се реорганизираат на овој план и својата потреба за комуникација со пријателите ќе ја фокусираат на контакти со оние вистинските, наместо на оние кои само постојат на сликите на социјалните мрежи.10 љубовни предвидувања за 2011

    rnrn

    9. Луѓето ќе се откажуваат од онлајн состанувањето, а повеќе ќе се потпираат на стројници.

    rnВо 2011 очекувајте повеќе надеж за романтични состаноци обраќајќи се до роднините и пријателите кои можат да ве спојат со некого.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    10. Астрологијата ги потврдува предвидувањата.

    rnВо 2011 ќе има неколку големи планетарни промени. Некои планети ќе се движат кон знаци кој се посоодветни за нивните енергии. Еве ги главните астролошки трендови во 2011 кои се во корелација со превидувањата на неастролошките експерти:rn.rn

      rn011

    • Врзувањето ќе биде ин, необврзувачкиот секс ќе биде аут.
    • rn011

    • Ќе избегнуваме врски кои се засноваат на страв и потреба за сигурност или на грижата дека ќе бидеме осудувани од другите, за да се посветуваме на вистински врски кои се уникатни и либерални.
    • rn011

    • Мажите ќе стапнат еден чекор понапред и ќе земат поголема улога во динамизирањето на врската.
    • rn011

    • Љубовта ќе се базира на забава, авантури и спонтаност.
    • rn011

    • Ќе се намали трендот на онлајн состанување, а ќе се зголеми состанувањето преку мобилни телефони.
    • rn

    rn10 љубовни предвидувања за 2011Заклучок: И ѕвездите и експертите предвидуваат дека совршениот партнер можеби нема да биде згоден, но тоа нема да биде многу важно бидејќи секако нема да го изберете врз основа не неговиот онлајн профил. Тој ќе сака вистинска и ексклузивна врска, која ќе претставува повеќе од нов статус на неговиот профил на фејсбук. Па, има надеж за 2011.rnrn