КАФЕ ПАУЗА

Tag: социјални мрежи

  • Запознајте го 7-годишното девојче со уникатен модел стил кое ги „запали“ социјалните мрежи!

    Запознајте го 7-годишното девојче со уникатен модел стил кое ги „запали“ социјалните мрежи!

    Иако Коко има само 7 години, таа има и половина милион следбеници на Инстаграм и тоа не е без причина. Ова модно освестено девојче од Токио има најоригинален стил на облекување во светот, па затоа и воопшто не нè изненадува фактот што е толку популарна на социјалните мрежи.rnrn0-7-godishnoto-devojche-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezhi-koko-e-najmodernoto-devojche-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnПрвите, самоуверени модни чекори на ова девојче секојдневно се следени од голем број луѓе коишто црпат инспирација од нејзиниот пример. Коко се облекува подобро од поголемиот дел возрасни модни блогерки и трендсетерки, па затоа и слободно можеме да кажеме дека е иднина на модниот свет.rnrn2-7-godishnoto-devojche-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezhi-koko-e-najmodernoto-devojche-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnОд мали нозе (иако е сѐ уште мала) ја преферирала облеката наместо играчките. Секое девојче своите први модни чекори ги вежба на куклите и барбиките, но Коко ги оставила нив настрана и започнала да си игра со гардероберот на нејзината мајка.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ut1su_ssv9YrnrnПа, ако ви недостига инспирација за тоа што да облечете во наредните денови, отворете го Инстаграм профилот на малата Коко и вашиот проблем ќе биде решен.rnrn3-7-godishnoto-devojche-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezhi-koko-e-najmodernoto-devojche-vo-svetot-www.kafepauza.mk_1-7-godishnoto-devojche-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezhi-koko-e-najmodernoto-devojche-vo-svetot-www.kafepauza.mk_4-7-godishnoto-devojche-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezhi-koko-e-najmodernoto-devojche-vo-svetot-www.kafepauza.mk_5-7-godishnoto-devojche-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezhi-koko-e-najmodernoto-devojche-vo-svetot-www.kafepauza.mk_6-7-godishnoto-devojche-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezhi-koko-e-najmodernoto-devojche-vo-svetot-www.kafepauza.mk_7-7-godishnoto-devojche-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezhi-koko-e-najmodernoto-devojche-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

  • До девојките кои неодамна кажале „Да“: Со што ги нервирате луѓето на социјалните мрежи?

    До девојките кои неодамна кажале „Да“: Со што ги нервирате луѓето на социјалните мрежи?

    Голем број девојки сонуваат за романтично запросување како од филмовите. И се надеваме дека секоја од вас ќе го добие или веќе го добила, бидејќи го заслужувате, но она што следува по овој голем настан кај некои жени се претвора од бајка во малтретирање на следбениците на социјалните мрежи. Погледнете дел од најголемите грешки на социјалните мрежи кои не само што не го пренесуваат запросувањето во вистинското светло, туку и ги нервираат сите оние што редовно ве следат…rnrn1-so-shto-novopechenite-verenici-gi-nerviraat-lugjeto-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Премногу слики од прстенот

    rnДоволна е само една убава фотографија на која се гледа прстенот за вашите пријатели да сфатат дека има убава промена во вашиот живот.rn

    2. Видео од вашиот прстен

    rnПо примерот на светските ѕвезди, голем број девојки кои го кажале судбоносното „Да“, често знаат да снимат видео на кое главната ѕвезда е нивниот прстен што тие го мрдаат лево-десно заедно со раката за тој да сјае… Ова се случува барем 2, 3 минути… Сфаќаме дека сте среќни, но на овој начин не ја пренесувате вашата среќа, туку ги нервирате вашите следбеници.rn

    3. Премногу хаштагови

    rnСекако дека ќе го споделите овој настан со вашите пријатели на социјалните мрежи, но не претерувајте ниту со хаштаговите. Изберете еден или два кои целосно го доловуваат вашето расположение и задржете се на нив.rnrn2-so-shto-novopechenite-verenici-gi-nerviraat-lugjeto-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Детали за венчавката

    rnИако вашите гости навистина се интересираат за овие детали, социјалните мрежи не се платформа за такви податоци. За тоа служат поканите.rn

    5. Идна госпоѓа

    rnВие наскоро ќе се омажите, па промената на името и презимето пред тој настан навистина не е потребна, освен ако баш сакате да ги збуните и изнервирате луѓето околу себе.rnrnКако надоврзување на ова, погледнете ги и овие урнебесни „веренички фотки“ кои ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук.

  • Селфињата со подбрадок им ставаат крај на совршените фотографии на социјалните мрежи

    Селфињата со подбрадок им ставаат крај на совршените фотографии на социјалните мрежи

    Изминативе неколку години, селфи фотографиите доминираа на социјалните мрежи. Фотографиите на Снепчет, Фејсбук и особено Инстаграм се направени со цел да изгледаат „убаво“, а целото објавување фотографии се претвори во натпревар. Сега постојат безброј апликации кои контурираат, филтрираат и измазнуваат правејќи ги нашите лица непрепознатливи дури и за нас. Токму поради ова селфињата со подбрадок се вистинско освежување на Инстаграм.rnrn(7)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnКонечно можеме да уживаме во нешто забавно и многу поприродно на социјалните мрежи. Правилото е многу едноставно – направете селфи со што е можно повеќе подбрадоци. Добивате плус поени ако имате убава позадина на фотографијата. Но најважното правило е – што повеќе подбрадоци, толку подобро.rnrn(1)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnТрендот го започнала Мишел Лиу, жена која го посветила својот Инстаграм профил на усовршување на овие фотографии. Можете да ја пронајдете како Chinventures, и речиси сигурно ќе сакате да ви биде најдобра пријателка.rnrnrnrnТаа го отворила својот профил во септември, 2016 година. За само една година добила над 8.500 следбеници и тоа со само 75 фотографии. А секоја фотографија е подобра од претходната. Во едно интервју Мишел објаснила како нејзината страст за селфињата со подбрадок се прославила и се претворила во вистинско хоби.rn

    „Мојата гримаса им се допаѓаше на сите пријатели во основно, средно и на факултет, па решив да го споделам подбрадокот и останатиот свет. Луѓето ме забележуваат кога ја правам гримасата. Некои се шокирани, некои збунети, но обично сите се забавуваат.“

    rn(3)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnНејзиниот тренд можеби бил забавен за нејзините пријатели, но таа сега го забавува целиот свет. Полека станува и многу познат турист. Жените низ целиот свет веќе почнале да ги прифаќаат овие фотографии. Секое селфи со подбрадок е прекрасно на свој начин, но најважно од сè е што сите девојки на фотографиите се забавуваат. До денес постојат речиси 8.000 фотографии со хаштагот #chinning.rnrn(4)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrn„Правилниот“ начин да направите ваква фотографија е да изгледате многу сериозно, да го „соберете“ лицето и да ја направите фотографијата од повисок агол. И иако нема ништо лошо во тоа да се сакате себеси и да го покажувате вашиот изглед, има нешто навистина тешко во тоа да се обидете да го вметнете вашето лице во „совршениот“ калап. На многумина им стана вистинска обврска да работат на своите селфи фотографии, да се фотографираат многу пати за да го најдат совршениот агол и да го пронајдат совршениот опис за најдобрата фотографија. Сето ова само за неколку лајкови.rnrn(5)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnСо години е очигледно какви се проблематичните селфиња и другите конвенционални стандарди за убавина на социјалните мрежи. На пример, сè повеќе и повеќе млади лица се соочуваат со злоупотреба на Инстаграм токму поради ова. Исто така, едно истражување покажало дека младите поминуваат повеќе од 1 час неделно правејќи селфи фотографии. Кога ова ќе го земете предвид, ќе сфатите зошто е важно да постојат личности како Мишел Лиу на социјалните мрежи. Таа нè потсетува дека социјалните мрежи се она што ние ги правиме да бидат, дека постојат повеќе од еден начин да направите убава фотографија, и дека фотографијата е токму тоа – фотографија. Ни повеќе, ни помалку.rnrn(6)selfinjata-so-podbradok-im-stavaat-kraj-na-sovrshenite-fotografii-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnНа крај, социјалните мрежи се најдобри кога ги употребуваме за комуникација, поддршка и ценење на сè што прави да се чувствуваме убави и неверојатни. Па девојки, дали би ги замениле „обичните“ фотографии со овие?

  • Експеримент кој ќе ви го промени мислењето за социјалните мрежи

    Експеримент кој ќе ви го промени мислењето за социјалните мрежи

    Ако ви е тешко да се разделите од вашиот телефон, верувајте дека не сте единствени. Милиони луѓе се зависни од социјалните мрежи и поминуваат многу време гледајќи во своите екрани обидувајќи се да се почувствуваат поврзани.rnrneksperiment-koj-kje-vi-go-promeni-mislenjeto-za-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrnrnМожеби сметате дека револуцијата во комуникацијата ќе нè зближи, но истражувањата покажуваат дека социјалните мрежи нè оддалечуваат од интеракцијата во живо, го зголемуваат проблемот со следењето, предизвикуваат Интернет зависност и ја намалуваат самодовербата.rnrnГоворот кој го одржал Марк Шапиро за TED е токму за оваа тема.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=O_krbaYx9VMrnrnКога се развел пред 5 години, Марк се свртел кон социјалните мрежи за да се почувствува поврзан, но се случило спротивното. Тој се чувствувал одделен од луѓето околу него. Но решил да не чека од социјалните мрежи да му го подобрат расположените, туку го сменил начинот на кој ги користел.rnrnМарк смислил дневна навика од 15 секунди која го поврзала со пријателите и познаниците и буквално го преплавила со љубов и ценење. Оваа навика може да ја неутрализира моќта на социјалните мрежи кои нè држат заробени.rnrnТој ја добил идејата кога ги споделил вестите за смртта на неговиот татко на социјалните мрежи. Реакцијата која ја добил ја опишал како „цунами од љубов“. Сакал да им одговори на сите пораки, но едноставното „Благодарам“ било премногу кратко, а за долги пораки немал време. Она што го направил е снимил лична порака за да ѝ се заблагодари на секоја личност. Ова искуство било терапевтско, па Марк решил да го применува во секојдневниот живот. Така настанал:rn

    Експериментот „Роденден“

    rnМарк има 2.700 пријатели на Фејсбук. Секој ден тој одвојува по 5 минути за да сними персонализирано видео за секој од контактите кога му е роденден. Тој смета дека иако за нас е обичен ден, за славениците овој ден е посебен.rnrnДо денес Марк има испратено 1.762 пораки. И најдоброто е што дури 70% од луѓето му вратиле – некои со видео, некои со текст. Овој експеримент навистина функционирал.rn

    „Во светот на роденденски пораки, објавувања на ѕидот и телефонски повици, ова видео ги надминува сите“, изјавил еден од пријателите на Марк.

    rn

    Нешто реално

    rnПричината што овој експеримент успеал нема врска со родендените. Тој е успешен бидејќи допира нешто реално кај луѓето. На секој од нас му потребна реална поврзаност. Што мислите за овој експеримент? Дали и вие би го направиле истото за вашите сакани?

  • 12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

    12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежи

    Сите ние користиме барем една од социјалните мрежи. Пишуваме статуси за нашите идни планови, ги разгледуваме фотографии на нашите пријатели, ги читаме новостите и муабетиме. Иако социјалните мрежи се обидуваат да ги заштитат личните податоци на нивните корисници, сепак постојат одредени информации што можат да бидат злоупотребени. Прочитајте ги следниве тајни што ќе ви помогнат да се заштитите од лошите луѓе и хакерите кои сакаат да ви наштетат…rn

    1. Геолокација

    rn12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежиrnrnСигурно сте забележале дека ознаките за геолокација се додаваат автоматски. На социјалните мрежи обично секогаш е вклучена оваа функција. Тоа значи дека човек со секакви намери може да дознае каде работите, каде живеете и каде го поминувате времето. На вас останува да одлучите дали сакате да го преземете ваквиот ризик.rn

    2. Телефонски број

    rn12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежиrnrnЧеста навика е да се поврзе телефонскиот број со социјалните мрежи. Меѓутоа, не треба да заборавате на стапиците и замките на оваа функција. Во најдобар можен случај ќе ви се јави некој напорен обожавател или дете што сака да се кажува. Во најлош можен случај, ќе ве хакираат за да ги украдат вашите лични податоци.rn

    3. Дата на раѓање

    rn12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежиrnrnВашата дата на раѓање е исто толку важна колку и вашето целосно име и домашна адреса. Оваа информација може да им помогне на измамниците да ја хакираат вашата лична сметка во банка.rn

    4. Фотографии од билети, карти и лични документи

    rn12 работи на кои треба да внимавате кога ги користите социјалните мрежиrnrnМногу патници објавуваат фотографии од аеродроми со нивните билети, со цел да ги доловат емоциите што ги чувствуваат поради нивниот долгоочекуван одмор. Доколку и вие го правите ова, внимавајте! Бар кодот на вашиот билет е единствен и може да се искористи за да се добијат вашите лични информации што сте ги оставиле кај авионската линија. Корисниците прават и други слични грешки: Кога сакаат да се пофалат поради тоа што добиле нова ВИП кредитна картичка или возачка дозвола, тие споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Запомнете дека објавувањето такви слики воопшто не е добра идеја.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Модерни и згодни: Секси старци ги освојуваат социјалните мрежи

    Модерни и згодни: Секси старци ги освојуваат социјалните мрежи

    Убавината и стилот не се поврзани со годините, туку со тоа како се чувствуваме однатре. Овие седум мажи се доказ дека и старата доба може да биде и тоа како згодна и шармантна и дека најдоброто само што доаѓа.rnrn1-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Антонио Варечија, 54 години

    rnСивокосиот убавец Антонио го подигна џентлменскиот изглед на едно повисоко ниво. Персоналниот тренер и модел Антонио Веречија има повеќе од 164.000 следбеници на Инстаграм. Тој е страстен дигач на тегови, модел и голем љубител на кафе.rn

    „Вие можете да бидете личност со одреден број години и понатаму да изгледате фантастично! Јас отсекогаш бев оној кој се издвојува од толпата. Имам свој сопствен стил и изглед и постојано добивам комплименти и пораки на социјалните мрежи дека им служам на другите како инспирација. Дали знаете какво е чувството? Не се опишува!“

    rn2-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Рон Џек Фоли, 50 години

    rnРон Џек Фоли е уште еден машки модел кој има прекрасна брада. И како ова да не е доволно, тој е исто така надарен и со совршени очи и одлично тело. Тој докажа дека годините не можат да го спречат духот на модерниот живот. Тој е модел, страстен пушач на цигари и долгогодишен скијач.rnrn3-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Гарет Сван, 48 години

    rnДали можете да му одолеете? Доколку сакате да го запознаете Гарет подобро, тогаш имајте ги на ум овие информации. Тој е доста баран модел. Теретаната ја посетува шест до седум пати неделно, па на тој начин ја одржува својата форма, но и мирот во себе. За својот стил вели дека е ретро, класичен и модерен, но и доста забавен. Додава дека сака во своите модни комбинации постојано да внесува малку смисла за хумор.rnrn4-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Алесандро Манфредини, 49 години

    rnОвој старец изгледа како секојдневно да се капе во фонтаната на младоста. Тој е жив доказ дека брадестите, истетовирани мажи како што стареат, така сѐ уште може да изгледаат фантастично и модерно. Тој има совршено негувана брада со која се гордее. По професија е графички дизајнер и керамички скулптор. Доколку се запрашавте како тој станал стилска икона, тогаш мора да ви ја откриеме приказната која се крие зад тоа.rnrnТој купил стара куќа што требало да биде неговиот дом од соништата. За жал, земјотресот кој следувал ја уништил. Како одговор на трагедијата, тој потонал во депресија. Во текот на оваа фаза тој ја израснал својата брада и мустаќи кои потоа се претворија во вистинско сребро. Денес, Алесандро е интернационален модел и е следен од масовна бројка на социјалните мрежи.rnrn5-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Рудолф вон Блон, 53 години

    rnРудолф целиот свој живот работи како модел. Тој одлично го држи местото на еден од најзгодните и најмодерни старци на социјалните мрежи. Сигурни сме дека веќе ве хипнотизира со својата сива коса и зелените очи.rnrn6-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    Алесандро (Сребрена лисица), 43 години

    rnМожеби ќе се обидете да развиете вкус за одредена сива нијанса откако ќе го запознаете овој џентлмен. Тој изјавува дека не се храни здраво секогаш, но се обидува да стои што е можно подалеку од лошата, брза храна. Секако, за вистинитоста на оваа објава сведочи неговото совршено обликувано тело. Неговата коса и брада се целосно сиви, па токму затоа го избрал овој прекар.rnrn20346927_1335162703263038_243080133747933184_nrn

    Ерик Рутерфорд

    rnПоследниот старец, но никако помалку атрактивен и модерен, е долгогодишен модел чија возраст е добро скриена од очите на Интернетот. Одличниот изглед и совршеното тело му ја овозможиле славата која ја има денес.rnrn7-moderni-zgodni-i-odlichno-stilizirani-seksi-starci-gi-osvojuvaat-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rnrnПрочитајте ги и овие 17 знаци дека сте старци сокриени во телото на млади луѓе!

  • Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

    Здодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!

    Сигурно знаете од лично искуство дека не е лесно да се биде постојано мотивиран и инспириран. Инспиративните цитати понекогаш не можат да ве поттикнат на личен развој, особено ако сте ги слушнале милион пати и веќе ви станале здодевни. Но, сепак тие се насекаде иако никој не ги побарал и не сакал да ги прочита. Луѓето коишто се навистина инспирирани, немаат време да објавуваат инспиративни цитати на секои 5 минути. Ова се цитатите што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи еднаш засекогаш…rnrnЗдодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!rn

    „Живејте со полни гради“

    rn„Само еднаш се живее“ и „Живеј го секој ден како да е последен“ исто така припаѓаат во оваа категорија. Овие цитати се употребуваат премногу често и сигурно ви е веќе смачено од нив. Можете да ги сретнете во биографиите на Фејсбук профилите на многу луѓе и во описите под нивните фотографии каде што држат змија или се пијанат до бесвест. Веќе сме ги чуле овие цитати и не ни помагаат да се чувствуваме подобро. Не можеме сите да се разбудиме и да скокаме со падобран секој ден.rnrnЗдодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!rn

    „Бидете нечија причина за насмевка“

    rnДоста беше со оваа реченица! Кој има време да им го разубавува денот на сите? Овој инспиративен цитат звучи како фалење. Ако сакате да му се насмевнете на некој човек кој очигледно има лош ден, сторете го тоа, но тоа не ве прави посебни. Не сте херои затоа што сте се насмевнале. Сте пренеле позитивна енергија и тоа е супер, но не значи дека треба да добиете медал.rnrnЗдодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!rn

    „Сѐ се случува со причина“

    rnВистина е дека сѐ се случува со причина, но која е причината за она што се случува и како можеме да ги подобриме работите? Овој инспиративен цитат воопшто не е корисен и промовира незнаење. Вашиот дечко ве изневерил со најдобрата пријателка? „Сѐ се случува со причина“. Ви изгорела куќата со сите ваши работи во неа? „Сѐ се случува со причина“. Ви помогнавме? Не? Тогаш, престанете да го користите овој цитат!rnrnЗдодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!rn

    „Кога животот ви дава лимони, направете лимонада“

    rnНе мора да направите лимонада, можете да направите многу други работи, како на пример да купите текила! Можете и да ги искористите лимоните за да удрите некого по глава, зошто мора да пиете лимонада? Не бидете толку ограничени!rnrnЗдодевни инспиративни цитати што треба да престанете да ги користите на социјалните мрежи!rnrnВреме е да се замолчат сите оние претенциозни корисници на социјалните мрежи што си замислуваат дека се некакви гуруа. Ако веќе сакате да користите инспиративни цитати, бидете креативни и смислете некоја ваша реченица што навистина ви помогнала. Не е поентата да напишете што било само за да изгледате мудри и спиритуално прочистени.rnrnПрочитајте ги и следниве неинспиративни цитати што ќе ги насмеат сите скептици.

  • Како влијаат социјалните мрежи на модерните љубовни врски?

    Како влијаат социјалните мрежи на модерните љубовни врски?

    Способноста да се вљубиме, и тоа не само за репродукција, е особина која ја имаме само ние луѓето. Како и многу други работи, претставувањето на љубовта и нашиот однос кон неа се менувал со текот на времето, а технологијата си има свој удел во оваа промена. Љубовните врски никогаш не биле едноставни – да имате друга личност покрај себе со многу различни желби и навики понекогаш може да биде навистина тешко.rnrnkakvo-vlijanie-imaat-socijalnite-mrezhi-na-modernite-ljubovni-vrski-kafepauza.mkrnrnТехнологијата го променила начинот на кој гледаме многу работи, вклучувајќи ги и врските. Иако љубовта некогаш била нешто интимно и лично, социјалните мрежи го променија тоа. Погледнете какво влијание имаат социјалните мрежи на модерните љубовни врски.rn

    1. Се заборава заедничкото патување

    rnДовербата е како кула од карти – штом еднаш ќе се сруши почнува да предизвикува деструктивни мисли. Благодарение на социјалните мрежи и лесниот пристап до нови потенцијални партнери, многу луѓе го забораваат патот кој го поминале со личноста која е со нив.rn

    2. Лажење, неверство и барање излез

    rnДодека комуникацијата е клучна во една врска, социјалните мрежи го прават тоа да биде толку едноставно, па многу луѓе стануваат склони кон лажење и неверство. Тие почнуваат да ја сакаат личноста која ја запознале онлајн, па полека ги забораваат љубените кои се до нив во реалноста. Покрај тоа, бројните апликации за состанување уште повеќе го олеснуваат неверството.rn

    3. Комуницирање со бившите партнери

    rnКако што кажавме, комуникацијата е многу полесна со социјалните мрежи, па луѓето се под искушение да направат грешки. Постојат ситуации каде што едниот партнер комуницира со бившиот, а другиот треба да се помири со тоа бидејќи тоа се „само пораки“. Чувството не е пријатно, а фактот дека ова се случува секојдневно го прави уште полошо.rn

    4. Постојано надгледување и параноја

    rnТоа што можете да видите пред колку време вашиот партнер бил онлајн може да навистина да ве излуди. Особено ако имате историја со неверство. Постојаното надгледување на партнерот преку социјалните мрежи навистина ја убива романтиката во врските.rn

    5. Љубомора

    rnСè е јавно и транспарентно, а ова има негативно влијание на врските. Кога ќе видите фотографија од партнерот со некој друг, сигурно ви поминуваат секакви мисли низ глава. Или пак, кога ќе видите фотографија од богат пар станувате љубоморни на нивната врска, наместо да бидете среќни за вашата.rn

    Добри страни

    rnСепак, како и сите работи, и социјалните мрежи имаат по некоја добра страна. Всушност, сè зависи од вашата намера. Сигурно слатката порака од партнерот која ќе ја добиете наутро ќе ви го разубави денот. Ако вашата врска е силна и си верувате еден на друг, социјалните мрежи не би требало да бидат пречка. На крај, најважна е почитта и љубовта која ја имате еден кон друг.rnrnПогледнете го и влијанието на социјалните мрежи врз човековата психа.

  • Тинејџерите повеќе ги сакаат Снепчет и Инстаграм отколку Фејсбук

    Тинејџерите повеќе ги сакаат Снепчет и Инстаграм отколку Фејсбук

    Фејсбук почнува да ја губи својата популарност кај тинејџерите, според истражување спроведено од eMarketer. Во исто време, социјалните мрежи Снепчет и Инстаграм постојано ја зголемуваат својата популарност.rnrntinejdzerite-povekje-gi-sakaat-snepshet-i-instagram-otkolku-fejsbuk-kafepauza.mkrn

    „И двете платформи го пронајдоа својот успех бидејќи се користи визуелна содржина за комуницирање“, изјавил аналитичар од eMarketer.

    rnОва е веќе втора година откако почнала да се намалува популарноста на Фејсбук. Тинејџерите дури и целосно ги бришат своите профили, а оние кои ги задржале, поминуваат сè помалку време на оваа социјална мрежа. Постои предвидување дека Снепчет ќе ги надмине и Инстаграм и Фејсбук кога станува збор за млади корисници (од 12 до 24 години).rnrnСо појавата на Снепчет во 2013-та година, прв пат се забележало намалена употреба на Фејсбук од страна на тинејџерите. Речиси 4 години подоцна, проблемот на Фејсбук станал уште поголем. Бидејќи и Инстаграм е на истата компанија, тие се обидуваат да ги клонираат карактеристиките на Снепчет за да ја зголемат популарноста на Инстаграм.rn

    Други резултати од истражувањето на eMarketer

    rn

      rn011

    • Користењето на Фејсбук во САД кај личностите од 12 до 17 години ќе се намали за 3,4%, и тоа на 14,5 милиони корисници.
    • rn011

    • Се очекува бројот на корисници на Фејсбук сепак да се зголеми (за околу 2,4%) бидејќи сè повеќе повозрасни лица ја користат оваа мрежа.
    • rn011

    • Се очекува бројот на Снепчет корисници да порасне за 25.8% до крајот на 2017-та година, и тоа со најмногу корисници на возраста од 18 до 24 години.
    • rn011

    • Бројот на корисници на Инстаграм ќе се зголеми за 23,8% до крајот на 2017-та, и тоа 19% од корисниците ќе бидат под 12 години, а 8,8% ќе бидат на возраст до 17 години.
    • rn011

    • Во Велика Британија бројот на Фејсбук корисници е 32,5 милиони, што сè уште го прави најпопуларна социјална мрежа.
    • rn011

    • Во 2017 година се очекува речиси четвртина од населението во Велика Британија да има Инстаграм профил.
    • rn

    rnВо своето истражување, eMarketer ги бројат корисниците кои ја посетуваат социјалната мрежа барем еднаш месечно.rnrnПогледнете и кое е лошото влијание од социјалните мрежи.

  • 17 саркастични правила за употреба на социјалните мрежи

    17 саркастични правила за употреба на социјалните мрежи

    Во денешно време, речиси сите луѓе ги користат социјалните мрежи. Меѓутоа, сите го прават тоа на различен начин и со различна цел. Некои ги употребуваат социјалните мрежи погрешно и ги користат само за да се информираат и да контактираат со луѓето. Но, за среќа, преовладуваат оние кои знаат како максимално да го искористат потенцијалот на социјалните мрежи и токму тие луѓе го прават светот подобро место за живеење! Погледнете ги следниве 17 работи што ги прават само тие кои ја разбираат вистинската намена на социјалните мрежи…rnrn17 саркастични правила за употреба на социјалните мрежиrn

    1. Кажете ни сѐ! Немојте да изоставите ниту еден детаљ!

    rnНам ни требаат одговори веднаш! Зошто да ги прескокнувате безначајните детали кога можете да го преплавите светот со информации? Зошто да бидете мистериозни и скромни? Зошто да се изложите на ризикот да бидете заборавени или погрешно разбрани? Зошто луѓето да помислат дека ништо не ви се случува во животот? Споделувајте сѐ што ви се случува! Какви житарици купувате, што јадете за појадок и зошто? Дали ја користите истата пинцета за сѐ или имате различни? Сакаме да знаеме!rn

    2. Никогаш немојте да се тргнете од очите на јавноста

    rnМожеби нема да ги натерате луѓето да ве сослушаат, но можете да го кажете вашето мислење и треба! Не двоумете се дали да застанете во центарот на вниманието. Никогаш не ја напуштајте сцената. Поставете си камп на неа и бомбардирајте ги луѓето со објави!rn

    3. Никогаш не се сомневајте дали вестите во кои верувате се вистинити

    rnПроверувањето на фактите е дел од минатото. Вашето субјективно мислење е она што ви треба. Ако мислите дека некоја статија е вистинита, тогаш сигурно сте во право. Ниту еден веб-сајт не објавува лажни информации. Можете да ја искористите која било статија за да ги докажете вашите тврдења, вклучувајќи ја и оваа…rn

    4. Пријателите на социјалните мрежи се вашата публика

    rnОва се вашите 5 минути. Не прифаќајте ништо помалку од она што го заслужувате. Штом ве додал некој за пријател, тогаш сигурно му се допаѓа она што имате да го понудите. Не плашете се да ја зголемите вашата база на обожаватели, бидејќи сигурно сите ве обожаваат.rnrn17 саркастични правила за употреба на социјалните мрежиrn

    5. Постојано информирајте нѐ колку следбеници имате

    rnСекогаш кога ќе достигнете цел број, објавете фотографија, видео, песна, филм, што било, само не дозволувајте да помине моментот. Бројот на следбеници е голема работа!rn

    6. Не заборавајте да се пожалите доколку некој ве отследи

    rnВо денешно време луѓето не се воопшто лојални… Слободно пожалете се доколку некој ве отследи. Објавете твит и објаснете ја целата ситуација. Направете графикон. Оставете линк од нивниот Фејсбук профил. Покажете му на светот какви предавници постојат на социјалните мрежи! Напишете статија и до детали објаснете ја целата ситуација. Не му дозволувајте на неранимајкото да се извлече!rn

    7. Слободно кажете си сѐ што ви лежи на душичката

    rnЗошто да се жалите само за следбениците кои ве отследиле? Зошто да не се пожалите за целиот свет? Почнете со вашиот сосед, партнер, симпатија, човекот кој не знае дека сте во врска, но би требало да знае… Светот полека пропаѓа и некој треба да каже нешто во врска со тоа! Очигледно е дека вие сте тие! Тоа е многу несебично од ваша страна. Замислете си свет полн со наивни луѓе кои мислат дека сѐ е во ред! Не смеете да го дозволите тоа!rn

    8. Споделувајте информации без утврдени докази

    rnНемојте да барате докази за вашите информации. На светот му треба повеќе искреност. Поголема автентичност. Повеќе интуиција. Зошто да се обидувате да докажете нешто? Не, ако не можат луѓето да ја поднесат вистината, нека ве отследат. Не размислувајте, само споделувајте!rnrn17 саркастични правила за употреба на социјалните мрежиrn

    9. Објавувајте само фотографии за кои еден ден ќе се покаете

    rnЕднаш се живее! Сте ги фатиле сите тие диви, луди и засрамувачки моменти на камера, па зошто да не ги споделите со светот?! Па, што ако не се примерни?! Вие не треба да уживате во овие чудни фотографии сами. Па, што ако другар ви може да остане без работа поради една фотографија? Да сакал да остане на работа, немало да постои таква фотографија, се согласувате?rn

    10. Видеата се уште подобри

    rnСветот копнее по видеа. Споделете ги. Споделете ги сите. Колку поголема можност постои да се покаете толку побрзо треба да го објавите видеото.rn

    11. Објавувајте само на секои 20 минути

    rnНа секоја здрава врска ѝ треба пауза, а вашата врска со социјалните мрежи не е ништо поразлична. Наместо да објавувате работи на секоја минута, бидете малку поумерени и објавувајте на секои 20 минути. Треба да им недостасувате на луѓето понекогаш. Така е позабавно.rn

    12. Ако сакате да направите подолга пауза, објаснете ја причината за тоа во 6 параграфи

    rnАко, не дај Боже, нешто ви се случи и не можете да објавите ништо цел ден, должни сте да ја објасните причината за тоа. Доколку сакате да ви успее врската со социјалните мрежи, извинете се со текст од минимум 6 параграфи и објаснете зошто сте исчезнале. Дајте ветување дека нема да ви се случи повторно, а ако се случи, повторете го овој чекор.rnrn17 саркастични правила за употреба на социјалните мрежиrn

    13. Златно правило: По едно селфи на ден и ќе бидете здрави како дрен

    rnДа не беше важно ова правило, телефоните немаше да имаат предна камера. Ако не објавувате по едно селфи на ден, ќе заборавиме како изгледате. Постојат билиони луѓе во светот. Како би можеле да ве запаметиме, ако не нѐ потсетувате на вашето лице?! Не размислувајте, само објавувајте.rn

    14. Дајте ни ги сите информации за вашата љубовна врска

    rnСе слуша дека сте започнале нова врска. Кажете ни повеќе во врска со тоа! Кажете ни како сте се запознале, кои се вашите соништа, што јадете заедно, што мислите еден за друг, какви подароци си подарувате… Сакаме и ние да бидеме дел од вашата врска. Но, ако се случи нешто и прекинете, немојте да кажете ниту збор! Исклучете го компјутерот, преселете се на Алјаска и вратете се кога ќе бидете подготвени. Кога ќе пишувате 6 параграфи за да објасните зошто сте исчезнале, немојте да ги спомнувате вашите бивши. Исто како да не се случило.rn

    15. Слободно хејтајте! Баш ни се допаѓаат негативните коментари

    rnКако се осмелуваат луѓето да објавуваат глупав хумор на социјалните мрежи?! Исхејтајте ги! Најдете ги луѓето кои најмалку го сакаат вашето мислење и соочете се со нив преку коментари. Правете го ова секогаш кога можете. Љубовта и почитта што ќе ги добиете на овој начин се неверојатни!rn

    16. Со месеци игнорирајте ги пораките и одговорете само откако ќе го изгубат нивното значење

    rnЗошто да одговорите на време кога можете да одговорите подоцна? Луѓето можат да забележат дека сте зафатени. Зар не ги виделе објавите на секои 20 минути, коментарите, фотографиите, видеата и статусите? Очигледно е дека имате премногу работа! Не смеат да очекуваат да одговорите на сите тие пораки одеднаш. Сторете го тоа кога ќе можете. Најдобро е да одговорите подоцна. Луѓето треба да си ја научат лекцијата!rn

    17. Поканете нѐ да ви се придружиме во игрите што ги играте на социјалните мрежи

    rnЗошто да си играте сами кога можете да нѐ поканите сите? Не заборавајте дека упорноста е најважна! Поканете колку што можете повеќе луѓе. Доколку ве блокнат, не го сфаќајте тоа лично. Направете друг профил и исхејтајте ги. Вие можете и треба да пратите што е можно повеќе покани за игри. Еден ден ќе му го разубавите животот некому!rnrnОвие саркастични правила за употреба на социјалните мрежи се дел од нашето секојдневие. Многумина ги применуваат, па ако се пронајдовте во некои од нив, ваша одлука е дали ќе ги промените или ќе продолжите слепо да ги следите. На крајот на краиштата, сите треба да го правиме она што ни овозможува среќа и задоволство, така што доколку социјалните мрежи ве прават среќни, слободно следете ги вашите лични правила и принципи и користете ги онака како што сакате.rnrnНе се согласувате со овие правила? Тогаш сигурно ќе се сложите со причината зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи.