Постојат многу причини зошто социјалните мрежи негативно влијаат врз нашето ментално и емоционално здравје, а една од нив е фактот дека предизвикуваат самоомраза. Тие функционираат на тој начин што не можете а да не се споредите со она што го гледате на интернет, што доведува и до проблеми со самодовербата. Еве кои се причините поради кои социјалните мрежи нè тераат да се мразиме себеси.rnrn
rnrn1. Социјалните мрежи нè тераат да мислиме дека животот е натпревар со другите.rnrn2. Животите на другите се чинат толку забавни и секси.rnrn3. Нашите вештини и способности се чинат безвредни.rnrn4. Другите нè набљудуваат и осудуваат.rnrn5. Мамењето е сосема нормална работа.rnrn6. Се чувствуваме грдо.rnrn7. Сите граници се срушени.rnrn8. Социјалните мрежи нè тераат да правиме работи кои не ни се допаѓаат.rnrn9. Постојано живееме во страв од некаква казна или осудување.rnrn10. Самодовербата и сочувството кон себеси се чинат смешни концепти.rnrn11. Страдаме, но не можеме да се откажеме и да ставиме крај на нашата зависност од социјалните мрежи.rnrnОткако прочитавте за негативното влијание на социјалните мрежи врз нашата самодоверба, можеби ќе сакате да прочитате и за 30-те нешта што можете да ги научите за 30 дена без социјални мрежи.rnrnИзвор: themindsjournal.com
Tag: социјални мрежи
-

Зошто социјалните мрежи нè тераат да се мразиме себеси?
-

5 знаци кои укажуваат на тоа дека ви е потребна пауза од социјалните мрежи
Секој има потреба од одмор од социјалните мрежи. Во зависност од тоа колку време поминувате на социјалните мрежи, можеби ви треба пауза токму во моментот, а ова се знаците кои ќе ви укажат на тоа.rnrn
rn1. Вашето ментално здравје е нарушено
rnИако можеби навидум ви се чини дека социјалните мрежи се сосема безопасни по вашето ментално здравје, сепак ќе увидите колку штетно му влијаат особено доколку направите пауза. Социјалните мрежи неминовно нè тераат да го споредуваме нашиот живот со туѓите животи, а тоа не секогаш се одразува позитивно врз менталното здравје. Додека ги користиме социјалните мрежи забораваме дека животот е една целина од подеми и падови и дека не е сè така розово во животот на другите, а црно во нашиот.rn
2. Дефокусирање
rnДали има нешто пофрустрирачко од тоа да се обидувате да разговарате со некој што е на социјалните мрежи и кој воопшто не ви обраќа внимание? Ако вие сте оној кој е постојано на мобилниот, тогаш паузата од социјалните мрежи е вистинското решение за вас. На тој начин ќе бидете поприсутни во вашиот живот како и во животите на вашите најблиски.rn
3. Недостиг на приватност
rnЖивееме во свет на постојано споделување, така што нема да сте единствени доколку почувствувате дека го живеете својот живот на социјалните мрежи. Ако некое време престанете да споделувате на социјалните мрежи, ќе почувствувате дека вашиот живот повторно ќе стане ваш! Ќе се почувствувате убаво доколку се обидете да ги живеете работите во моментот, а не за слика на Инстаграм.rn
4. Премногу се фокусирате на туѓите животи
rnНаместо да се грижите за тоа што прават другите луѓе, ќе се фокусирате на сопствениот живот. На тој начин ќе се посветите повеќе на сопствените цели.rn
5. Не сте продуктивни
rnДоколку правите подолги паузи од социјалните мрежи, ќе имате повеќе слободно време, а тоа значи и дека ќе бидете попродуктивни. Покрај тоа, вашиот ум нема да биде заматен од мислите на љубомора и грижа дека не давате сè од себе во она што го работите. Наместо тоа, ќе почнете да работите и ќе бидете мотивирани за новите предизвици.rnrnОткако прочитавте кои знаци ќе ви укажат на тоа дека ви е потребна пауза од социјалните мрежи, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци откриваат дека вашето дете поминува премногу време на социјалните мрежи.rnrnИзвор: allwomenstalk.com
-

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот
Инстаграм, Твитер и ТикТок ви нудат различни совети за убавина и ве учат на трикови за шминкање кои, морате да признаете, доста ви го олеснија животот. Покрај тоа, социјалните мрежи се оние кои најчесто ги дефинираат модните трендови. Најновиот тренд е гласањето за најдобри парфеми на пазарот.rnrn
rnrnВо продолжение ви ги претставуваме најактуелните парфеми кои ги освоија за миг жените ширум светот.rn1. Love, Don’t be shy од Kilian
rnПарфемот изобилува со неодоливи слатки ноти на портокал, ванила и маршмелоу и е еден од фаворитите на Ријана.rnrn
rn2. Baccarat Rouge 540 од Maison Francis Kurkdijan
rnОвој парфем стана вистински хит благодарение на ТикТок. Станува збор за мирис кој содржи ноти на јасмин, шафран и кедар. Сите кои што го пробале ќе ви кажат дека навистина е долготраен.rnrn
rn3. Red Temptation од Zara
rnИако можеби не е толку софистициран како другите парфеми на оваа листа, сепак овој парфем потсетува на скапи и рафинирани парфеми и е подостапен за пошироката потрошувачка публика.rnrn
rn4. Gypsy Water од Byredo
rnПарфемот се карактеризира со ноти на лимон, бибер, бобинки и бергамот. Инфлуенсерките го опишуваат како освежувачки и долготраен.rnrn
rn5. Replica Beach Walk од Maison Margiela
rnСе работи за апсолутниот фаворит меѓу парфемите на ТикТок. Овој парфем содржи цитрусни ноти со мешавина од кокосово млеко, бергамот и бибер.rnrn
rnrnОткако прочитавте кои се 5-те најпопуларни парфеми на социјалните мрежи, можеби ќе сакате да ги прочитате и нашите совети за купување и нанесување парфем.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs -

Знаци што откриваат дека вашето дете поминува премногу време на социјалните мрежи
Создадени со цел да ги поврзат луѓето ширум светот, социјалните мрежи се и решение и проблем. Иако ви даваат можност секојдневно да комуницирате со најблиски кои се далеку од вас, многу истражувања покажуваат дека сè повеќе луѓе се чувствуваат отуѓени со нив. Имено, зголемената употреба на социјалните мрежи создава невидлива бариера помеѓу индивидуата и луѓето со кои таа е во секојдневен офлајн-контакт. Сепак, она на што треба да се посвети посебно внимание е влијанието на социјалните мрежи врз децата.rnrn
rnrnЕкспертите тврдат дека последиците што ги имаат социјалните мрежи врз децата се многу опипливи. Сè поголем број деца бараат потврда за својата вредност на социјалните мрежи и многу лесно развиваат симптоми на депресија и деструктивно однесување. Покрај тоа, адолесцентите лесно стануваат зависни од социјалните мрежи создавајќи проблеми со недостатокот на самодоверба, квалитетот на спиење и вознемиреноста. Како да препознаете дали вашето дете е премногу активно на социјалните мрежи?rnВашето дете е воодушевено само од дигиталните достигнувања
rnИако не е спорно дека некои дигитални достигнувања може да бидат позитивни, како што е онлајн-петицијата за чистење на животната средина, генерално тоа не е причина зошто децата се воодушевени. Бројот на лајкови собрани на објавената фотографија е она кон што тие се стремат. Ако бројот на лајкови е исклучително важен за вашето дете, тоа е јасен показател дека тоа претерува со времето што го поминува на социјалните мрежи.rn
Премногу се споредува со врсниците
rnДури и возрасните се споредуваат со другите, но работите се многу поделикатни во детскиот свет бидејќи тие сè уште се развиваат и ако се обидат да се натпреваруваат со своите „совршени“ врсници на социјалните мрежи, никогаш нема да бидат задоволни. Ако премногу се споредуваат со другите, никогаш нема да добијат шанса да откријат кои се тие всушност.rn
Неговата онлајн-слика е многу различна од онаа во реалниот живот
rnАко ги погледнете сликите објавени од вашето дете и ако на нив е речиси непрепознатливо, тоа е јасен знак дека треба сериозно да разговарате со него. Ако детето сака другите луѓе да го перципираат како нешто што не е, тоа е очигледен показател за неговото незадоволство од самото себе или од својот изглед.rn
Го жртвува времето во реалниот живот за времето поминато на социјалните мрежи
rnАко вашето дете не го остава телефонот настрана дури и кога ќе дојдат неговите пријатели, јасно е дека е премногу приврзано за социјалните мрежи. Ако, пак, не можете да го натерате да се посвети на некоја друштвена игра со остатокот од семејството, без упорно да се обидува да ви објасни дека треба да објави нешто во моментот, време е да му го земете телефонот од рака.rn
Ви се лути затоа што му го зедовте телефонот
rnКако реагира вашето дете кога ќе му кажете да не го користи телефонот неколку часа? Дали е тажно или агресивно? Ако имате впечаток дека му го уништивте целиот свет затоа што му го одзедовте телефонот, размислете како да успеете да му објасните дека социјалните мрежи не треба да бидат целиот негов свет.rnrnПрочитајте на која возраст е најдобро вашето дете да го добие својот прв мобилен телефон.
-

Нови поими во машко-женските односи: Дали имате свој „орбитар“, „мостинг“ или „диплајкувате“ некого?
Социјалните мрежи, преку современите комуникациски „поими“, дефинитивно направија револуција во љубовта. Машко – женските односи се завртени за 180˚, и затоа се создадени нови термини за да се објаснат сите овие новини.rnrn
rnrnДали некогаш сте слушнале за терминот „орбитар“? Не, тоа нема никаква поврзаност со орбитата на планетата. Се работи за сосема поразличен „круг“ и воопшто не е пријатен. „Орбитар“ е, како што објаснува американската блогерка Леандра Медин Коен, личност која ја игнорира вашата порака на социјалните мрежи или на разни апликации каде сте ја побарале, иако постојано следи сè што објавувате на Фејсбук и Инстаграм. Можеби ве блокирала на телефон, па затоа секогаш кога ја повикувате линијата е зафатена, или на улица се прави дека не ве познава, но тоа не значи дека нема да ѝ се допадне фотографијата што сте ја објавиле тој ден. Такво однесување најчесто имаат поранешните партнери. Значи, важно за неа е да ве игнорира, но и да не ве остави целосно. Која е целта на ваквото однесување?rnrnСпоред Џо Бернет, експерт за партнерски односи, тоа е одличен начин на кој и себеси и поранешниот партнер може да го доведете до лудило. Тој вели дека само оној кој е деструктивно и мазохистички настроен има желба постојано да следи личност од минатото на друштвените мрежи.rnrnПсихолозите објаснуваат дека „орбитарите“ се склони кон мелодрама.rnrnТие сакаат да направат претстава од сè, што би претставувало ништо друго освен „нагласување на егото“, според нив. Најдоброто нешто што може да го направите доколку ги имате во вашиот живот, е да ги избришете или блокирате, бидејќи може само да ве вознемируваат, никогаш нема да ви донесат нешто добро.rnrnНо, тоа не се единствените „новини“, постои цела низа нови трендови и термини.rn„Диплајкувате“ ли некого?
rnАко забележите дека некому му се допаѓаат вашите постови од пред неколку години, коментира на фотографија која и сами сте ја заборавиле, значи влезени сте во игра наречена „диплајкинг“. Поточно, овој термин го објаснува феноменот на „копање“ низ минатото, она дигиталното минато, при што личноста ви дава до знаење дека е заинтересирана за вас. А вие самите донесете одлука како да одговорите на тоа!rnrnТука е и еден стар тренд кој добил ново име. Се нарекува „мостинг“, и ќе го препознаете преку однесувањето на луѓето кои веднаш штом ве запознаат, почнуваат да ви делат комплименти и потоа исчезнуваат! Ви кажуваат дека сте најдобри на светот, се восхитуваат на вашиот изглед, на вашата интелигенција, постојано ви пишуваат пораки, а следниот ден, или евентуално по неколку дена, „пропаѓаат в земја“. Ги снемува. Тие не ви оставаат простор да ги побарате за било какво објаснување.rnrnСпоред психолозите, за некого „мостингот“ е забавен. Сепак, тој не е пристоен, цивилизиран начин за меѓучовечки однос. Ова го практикуваат луѓето кои всушност сакаат само површен однос со некого, односно краткотрајна забава. Но, бидејќи се свесни дека тоа не оди лесно, тие даваат комплименти и ѝ кажуваат на личноста дека е совршена, се трудат да ја придобијат, и кога ќе го добијат она што го сакаат, ги снемува без траг и глас. Прво го наметнуваат чувството на поврзаност, а потоа заминуваат.rnrnУште помалку пријатно е да се биде жртва на „гоустинг“. Терминот е измислен за да се објасни ситуацијата кога помислувате дека сте налетале на добар дух (Каспер) лично, да се забавувате со него, да се смеете и уживате, а потоа го снемува. Тој нема да ве удостои ниту со порака за крај. Ве блокира на телефонот, а ќе се потруди да не се случи ни случајна средба.rnrnБелгиската психотерапевтка Естер Перел смета дека овие и слични феномени се појавиле затоа што луѓето сè повеќе бараат недефинирани односи.rnrnСпоред неа, ова води до „стабилна двосмисленост“. Луѓето се плашат да бидат сами, но не се ни подготвени да изградат подлабоки интимни односи. „Гоустингот“ укажува на недостаток на емпатија во општеството. Тоа е начин на однесување на личности кои не знаат да се соочат со другите, па затоа, во обид да избегнат конфликт и поглед „очи во очи“, тие ја прекинуваат врската со тоа што исчезнуваат. Тоа не е ништо друго, освен слабост. Лицето сака да се заштити себеси, така што избегнува директен разговор кој може да биде драматичен и непријатен. Другата страна, заради начинот на кој е оставена да страда, ја губи самодовербата и се чувствува беспомошно и поразено.rnrnНо, понекогаш се случува по оставањето без поздрав, лицето без никаква најава повторно да се врати во животот на поранешниот партнер. Тоа се нарекува „хаунтинг“ и почнува така што личноста прво ќе ве одблокира, а потоа повторно ќе ве побара за пријател како ништо да не се случило.rnrn
rn„Гетсбинг“ освојување
rnДоколку ви се чини дека некој „ве чува на клупата“ како „резервен играч“, додека се забавува со други, значи дека сте во „репер“. Но, доколку имате чувство дека сте во бајка, конечно го пронајдовте вашиот принц, кој, сè уште не ве запознава со пријателите, ви одговара на пораките само во вечерните часови и не сака да разговара за заедничка иднина, многу е веројатно дека ви се случува „бредкрамбинг“. Терминот е сличен на „сцена“, во кој се опишува врската во која сè изгледа сериозно, но едниот партнер сè уште не објавува заеднички слики на социјалните мрежи и крие во јавноста дека е зафатен.rnrnВо светот е многу популарна и појавата наречена „гетсбинг“, која е поврзана со книгата и филмот „Големиот Гетсби“, во кој главниот лик г. Гетсби (кој го глуми Леонардо ди Каприо) редовно организира гала забави за меѓу гостите да биде и девојката која му се допаѓа. Сите останати гости не се важни. Тој модел е прифатен во новиот свет на машко-женски односи, но изменет. Поточно, кога некој сака да привлече некого, постојано објавува снимки и фотографии од разни настани каде присуствува. Младите се многу вешти и активни во ова, па затоа редовно ја користат опцијата „во живо“ на социјалните мрежи, за да може да известуваат во живо од возбудливите места. Тие сакаат да фасцинираат одредена личност, и мислат дека ќе успеат со секојдневно „бомбардирање“со објави.rnrnСе повеќе популарни се и претставниците на т.н. „гаслајтинг“. Овој термин опишува ситуација во која лицето постојано лаже и не ја признава својата вина, а истовремено го напаѓа својот партнер, навредувајќи го и во тоа вклучува и други луѓе, наведувајќи ги наводните (негативни) коментари кои целосно ќе го дескредитираат.rnrnИ, конечно, еве го и терминот „мастурдејтинг“, кој претставува градење врска сам со себе. Некои луѓе одлучуваат дека повеќе нема да ја бараат другата половина, не се ни обидуваат да се забавуваат со друг, се вртат само кон себе. Тие излегуваат на убава вечера, во театар или кино, се шетаат во романтичниот дел на градот и изгледа како да го прават тоа со специјална личност. Така се запознаваат самите себе.rnrnПсихолозите велат дека ова е начин човек да открие кој е тој навистина и што го радува, ова е искуство кое ослободува и зајакнува и испраќа моќна порака до мозокот.rn
„Сноуменинг“ разделба
rnФактот дека за време на празниците се јавуваат романси кои се гаснат веднаш по денот на прославата и општата еуфорија, бил иницијатива за создавање на нов термин „сноуменинг“.rnrnБожиќ, на пример, е одлична можност за славење и запознавање на некој посебен. Меѓутоа, веднаш штом се раскренат украсите и ќе престане да се точи пијалок, „хемијата“ исчезнува. Истражувањата покажуваат дека многу луѓе се повлекуваат од новите врски, па затоа овој тренд се нарекува „сноуменинг“ и трае колку еден снешко.rnrnМожеби сакате да прочитате и за начинот на кој вашиот партнер ви искажува љубов покажува колку тој ве цени.
-

Поради кои причини секој од хороскопските знаци се одлучува да ве блокира на социјалните мрежи?
Постојат различни причини зошто се одлучуваме да блокираме некој од своите пријатели на социјалните мрежи. Астрологијата го има одговорот и на ова прашање. Еве зошто се одлучуваме да му ставиме крај на некое Интернет-пријателство.rnrn
rnОвен
rnЗатоа што во неговиот живот нема место за луѓето што го повредиле.rn
Бик
rnЗатоа што нема трпение за вашите глупости.rn
Близнаци
rnЗатоа што или ќе ве блокира или ќе ви се развика.rn
Рак
rnЗатоа што не сака да се заморува со вашата драматичност.rn
Лав
rnЗатоа што е љубоморен на вашиот успех.rn
Девица
rnЗатоа што има различно политичко убедување.rn
Вага
rnЗатоа што не сака да ве залажува повеќе.rn
Скорпија
rnЗатоа што сте го скршиле срцето на Скорпијата и сте почнале да се гледате со некој друг.rn
Стрелец
rnЗатоа што сè што објавувате е глупаво за Стрелецот.rn
Јарец
rnЗатоа што веќе едвај и зборува со вас.rn
Водолија
rnЗатоа што е уморна од гледање на истите постови постојано.rn
Риби
rnЗатоа што долго време ви се лути.rnrnМожеби сакате да дознаете и дали сте дел од 6-те хороскопски знаци со „незгоден“ карактер.
-

Дигитална злоупотреба: 8 знаци дека вашиот партнер ве контролира на Интернет
Новите форми на интеракција меѓу луѓето создаваат различни начини на контрола и вршење притисок од страна на вашиот партнер, а дигиталната злоупотреба е една од нив. Дознајте како да откриете дали вашиот партнер има нездрава потреба да го контролира вашето однесување на Интернет.rnrn
rn1. Одеднаш бара да му го покажете телефонот
rnТелефонот стана многу личен дел од нашите животи и не мора да му го покажувате никому, ако не сакате. Кога вашиот партнер без причина ќе побара да ги прочита вашите разговори или пак, редовно го следи вашиот паметен телефон – тоа е токсичен начин на контрола на којшто треба да внимавате. Полошо од тоа е само условот да му ги дадете сите лозинки од социјалните мрежи. Ако не сте му дале добра причина да не ви верува, несигурноста на партнерот е само негов проблем.rn
2. Го контролира списокот на вашите пријатели на социјалните мрежи
rnПонекогаш, злоупотребата се манифестира во обидите да го контролира списокот со контакти на социјалните мрежи, односно вашиот партнер бара да отстраните некого од пријатели само затоа што не му се допаѓа изгледот или полот. Имајте на ум дека вашиот партнер не треба да го одредува вашиот социјален круг, ниту на Интернет, ниту во животот.rn
3. Тој се обидува да ве манипулира преку своите објави
rnТоа е популарен модерен начин на манипулирање и може да се манифестира на различни начини. На пример, кога партнерот ќе ја сокрие својата страница од вас за време на расправија, ќе ве блокира или ќе го промени својот статус, целта на ваквото инфантилно однесување е почесто отколку јавното поттикнување вина, вознемиреност и несигурност кај партнерот. Друг вид манипулација е објавувањето негативни објави за вас или за вашите врски на социјалните мрежи, без разлика дали станува збир за обичен текст или за некои нејасни изјави. Лесно можете да забележите ако вашиот партнер се однесува чудно на социјалните мрежи само за да ви го привлече вниманието и да ги разбуди емоциите. Тоа е исто така метод на психолошки притисок на кој треба да му дадете отпор.rn
4. Се вознемирува кога ќе слушне известување за порака на вашиот телефон
rnАко партнерот следи колку многу комуницирате со луѓето и станува мрачен откако ќе слушне известување на вашиот телефон, тоа е црвено знаме. Меѓутоа, можеби има причина да се лути, а вие не забележувате дека дури и кога сте со него, никогаш не го испуштате телефонот од раце. Ако ја забележите неговата загриженост, можете да направите компромис и да не ги употребувате телефоните за време на вашите средби.rn
5. Се лути ако не одговорите доволно брзо
rnНесреќните луѓе најчесто почнуваат да се однесуваат агресивно ако не го добијат тоа што го сакаат. Негодувањето поради тоа што не сте го подигнале телефонот доволно брзо или не сте одговориле на пораката е уште еден знак за дигитална манипулација. Во вакви случаи, вашиот партнер може да ве „казни“, така што ќе ги игнорира вашите повици или пораки.rn
6. Ве проверува
rnПостојано прашува каде сте и со кого сте и бара да го потврдите тоа со фотографии, а ова е уште една карактеристика на злоставувачот и јасен знак дека тој не ви верува. Покрај тоа, таквиот човек може да ви прави разни проверки – да ви пишува од туѓи профили и да ви предложува средби. Ако забележите вакво однесување кај партнерот, треба да бидете внимателни затоа што можеби ќе треба постојано да го известувате партнерот и да се правдате во врската.rn
7. Бара „разголени“ фотографии
rnОва е нормален дел од современите врски. Сепак, како и секоја друга сексуална практика, за тоа е потреба заемна согласност. Ако поради некоја причина ви е непријатно да споделите „разголени“ фотографии или такви пораки со партнерот, не правете го тоа, без разлика колку тој инсистира на тоа. Ако испратите нешто преку Интернет, никогаш не можете целосно да се чувствувате безбедно. Во случај да ви биде непријатно со неговите ненадејни секси фотографии, треба да го пријавите тоа. Тоа не значи дека партнерот не ве привлекува, туку значи дека треба да се заштитите.rn
8. Тој ве шпионира
rnЕден од најопасните видови дигитална манипулација е кога вашиот партнер тајно ве набљудува. На пример, тајно го проверува вашиот телефон, ви го хакира профилот или инсталира програма за набудување на вашиот паметен телефон. Ако се сомневате дека партнерот се однесува на ваков начин, веднаш разговарајте и размислете дали е добро да бидете во таква врска.rnrnМожеби сакате да откриете и која е најчестата причина за несогласувања помеѓу партнерите?
-

Пет трендови на социјалните мрежи за 2020 година
Социјалните мрежи денес се составен дел од животот и дел од секојдневната рутина на секој човек. Поради тоа, не е ни чудо што дигиталната стратегија сè повеќе станува задолжителен дел од деловната стратегија на повеќето компании и бизниси.rnrn
rnrnВо теорија, концептот е многу едноставен. Ја следите вашата целна група и ѝ сервирате релевантни содржини, но сите го прават истото и се појавува проблем – презаситеност на социјалните мрежи со содржина. Затоа е многу важно да ги следите трендовите и да се трудите да бидете пред конкуренцијата.rnrnЕкспертите советуваат дека треба да бидете во чекор со времето, а ова се петте главни трендови за 2020 година.rn1. Зголемена популарност на краткотрајните содржини
rnОва се однесува на содржината со кратко траење што не е достапна по одредено време. Пример за ова се Инстаграм, Снепчет и Фејсбук. Причината за популарноста на овие формати е тоа што вниманието на луѓето сè повеќе опаѓа што е предизвикано од премногу достапни информации. Ова е поткрепено со фактот дека во јануари 2017 година, 150 милиони луѓе дневно објавувале приказни, а во јануари 2019 година тој број изнесувал 500 милиони.rn
2. Пораст на популарноста на социјалните мрежи со специфична содржина
rnФејсбук и Инстаграм се најголемите, најпопуларните и сеопфатните платформи, но тие не се единствените. На пример, TikTok е социјална мрежа за кратки видеосодржини особено популарна кај помладата популација, LinkedIn останува првиот избор за деловни контакти, а Twitch е најатрактивна социјална мрежа за гејмерите.rn
3. Инстаграм го укинува бројот на лајковите
rnМожеби веќе сте ја забележале оваа промена на вашите профили бидејќи Инстаграм почна постепено да ја воведува, но во почетокот на 2020 година ќе ја има на сите профили. Ова значи дека увидот во вкупниот број лајкови на една објава ќе биде видлив само за корисникот на профилот. Образложението за воведување на оваа новина е тоа што луѓето почнаа да се вреднуваат според лајковите што ги добиваат, а тоа негативно влијае врз менталното здравје. Но, прашањето е дали тоа е вистинската причина за промената или Инстаграм сака да го спречи понатамошниот развој на маркетингот на инфлуенсерите, со цел да се зголеми профитот од класичното рекламирање во рамките на самата платформа.rn
4. Проширување на трговијата преку социјалните мрежи
rnСè повеќе компании ги користат социјалните мрежи за директна продажба, а овој тренд има тенденција да продолжи и во наредните години.rn
5. Видеото како доминантен формат на содржина
rnВидеосодржината е најпримамлива за корисниците и се смета дека стигнува до голем број корисници. Исто така, видеорекламите што се поставени на Фејсбук и на Инстаграм се над десет пати поевтини од оние што содржат само фотографија, а се претпоставува дека до 2022 година, видеото ќе сочинува дури 82 % од целата содржина на Интернет.rnrnПогледнете ги овие 6 апликации слични на Инстаграм што можете да ги користите доколку не сакате да бидете многу друштвени.
-

Најголемите митови за Инстаграм
Инстаграм стана една од најкористените социјални мрежи на денешницата. Но, стана и чудно место полно со митови, со илузии и со неточни работи. Еве во кои митови не треба да верувате.rnrn
rnМит 1
rnИнстаграм ги забранува профилите без претходно предупредување, така што корисниците не ни забележуваат дека се забранети.rn
Реалност:
rnОд Инстаграм тврдат дека не се занимаваат со забрани од ваков вид. Нема да добиете забрана ако користите премногу хаштагови или ако направите некои други мали престапи. Некои профили е потешко да се најдат, но од Инстаграм велат дека тоа е последица на лош маркетинг.rn
Мит 2
rnХаштагот што го измисливте е ваша приватна сопственост.rn
Реалност:
rnМожеби ќе ве изненади, но одговорот е не. Вие не сте сопственик на содржините на социјалните мрежи. Сè што објавувате станува сопственост на Инстаграм, а ознаките може да ги користат сите.rn
Мит 3
rnИнстаграм намерно ги крие вашите објави за да спречи да бидат видени од повеќе луѓе.rn
Реалност:
rnИнстаграм веќе не ги прикажува вашите објави хронолошки, што значи дека тие не се достапни по редоследот на објавување, туку на основа на алгоритам.rn
Мит 4
rnКупувањето лајкови и следбеници е пократок начин да станете инфлуенсер.rn
Реалност:
rnИнстаграм ги казнува корисниците кои го прават тоа и наскоро ќе ги избрише лажните следбеници и лажните лајкови.rn
Мит 5
rnИнстаграм ги казнува корисниците што претеруваат со хаштагови.rn
Реалност:
rnВсушност, колку повеќе, толку подобро – но, бидете разумни и умерени.rnrnПогледнете ги овие апликации слични на Инстаграм што можете да ги користите доколку не сакате да бидете толку друштвени.
-

Дознајте што кажуваат вашите фотографии за вас
Да бидеме искрени, сите во животот сме направиле селфи и сме го објавиле на социјалните мрежи бидејќи ни се допаѓало како изгледаме на него. Социјалните мрежи станаа полигон за собирање лајкови и фалење, како со изгледот така и со сопствените успеси и постигнувања. Што велат вашите фотографии на Фејсбук и Инстаграм?rnrn
rnСелфи
rnСите имаме направено барем едно селфи и сме го објавиле бидејќи добро сме испаднале. Светлото и шминката си го направиле своето, како и некои филтри. Директорката на една фирма за маркетинг Лин Морисон вели дека селфињата се доказ дека живеете со полна душа. Таквите фотографии велат: јас сум паметна, необична, и живеам како што сакам.rn
Пејзаж
rnСите сме аматери фотографи (освен, секако, оние кои што се навистина професионалци). Фотографиите со сликовити пејзажи се всушност очајнички повик на одобрување. Морисон вели дека луѓето кои објавуваат пејзажи на тој начин ги потсетуваат своите пријатели на своето постоење.rn
Активности
rnИ овие фотографии се од оние кои им идат на нерви на сите. Без разлика дали планинарите, возите џет-ски или правите нешто екстремно, овие фотографии им покажуваат на луѓето дека сте социјални и важни. Морисон тврди дека тие фотографии се само за собирање лајкови, а всушност не уживате во тоа што го правите.rn
Постигнување
rnСлики на кои држите медали, награди или на пример, чинија со совршено испечени колачиња покажуваат за вашата потреба за фалење за вашите постигнувања. Лин вели дека луѓето кои објавуваат такви фотографии во описите често го омаловажуваат својот успех, а всушност посакуваат луѓето да им бидат љубоморни.rnrnОпшто гледано, што и да објавиме јавно на социјалните мрежи, на некој начин бараме потврда дека тоа што го правиме е генијално.rnrnСледно, прочитајте што мислат луѓето за вашите селфиња.