Артистот Аџит Џонсон од Лондон, со овие брутално искрени постери навистина успеал да ја долови реалноста за начинот на кој ја користиме технологијата во секојдневниот живот. Се сеќавате ли кога последен пат ве поканиле на некој настан, а да не било тоа преку Фејсбук? Погледнете дел од постерите на овој артист и размислете во колку од овие ситуации сте се нашле и вие самите…rnrnПоследен пат забележани: пред 8 секунди / Последен пат забележани: пред 8 месециrnrnСкршеното срце води кон блокирање на ФејсбукrnrnПокана за брак преку ФејсбукrnrnСелфи во тоалетrnrnНа љубовен состанок: „Изгледаш слатко денес, ти испраќам виртуелен бакнеж.“rnrnЗабавете, поминуваат деца кои праќаат поракиrnrn– Здраво сине, како беше на училиште денес? – Можеш да прочиташ сè за тоа на мојот блог.rnrnКон лево: Интернет. Кон десно: Вода.rnrnКога ќе ви побараат адреса на постојано живеалиште…rnrnСреќа е кога… ќе се вклучите онлајн на социјалните мрежи и ќе почнете да куцатеrnrnПомогнете ми, имам 1…rnrnОвА е НаЧиНоТ нА кОј ТиЕ пИшУвАат o.OrnrnПорно содржини скриени длабоко на хард дискотrnrn– Имаш Фејсбук? – Не! – А Твитер? – Не! – Имаш Whatsаpp? – Не! – Тогаш ШТО имаш? – Живот! – Супер, прати ми на Кенди Краш!!! – ?!?!
Според истражувањата, повеќе од 90% од малите бебиња веќе се присутни на интернет, па токму затоа можете на многу начини да најдете податоци за нив. Имајќи ги на ум овие информации, интересно е, но и важно, да знаете дали и вас некој ве пребарува, како го прави тоа и зошто. Погледнете ги наредниве 3 начини на кои можете да го откриете тоа.rnrnrn
Користeте Google Alerts
rnМожеби ќе ви делува претерано, но воопшто не е лоша идејата да ја користите оваа можност при што секогаш ќе добиете известување доколку некој ве спомне на интернет. Логирајте се на Гугл и кликнете на овој линк. Внесете го вашето име и презиме во пределот за предупредувања и кликнете „Create Alert“. Покрај вашето име, од опциите одберете колку често и каде да ви пристигнуваат овие предупредувања. На овој начин, секогаш кога некој ќе ве спомне, вие ќе бидете информирани.rn
Пребарајте на Mention
rn Оваа алатка функционира слично како претходната, но акцентот се става на социјалните мрежи. Секогаш кога вашето име ќе биде спомнато на некоја социјална мрежа, вие веднаш добивате известување за тоа. Постојат мобилни апликации за андроид, ајфон и виндоус, како и за Хром.rnrnНа располагање ви се 3 критериуми, како и избор на јазик. Откако ќе преминете на следниот чекор, изберете кои извори сакате да ги користите, како на пример, блогови, форуми, Фејсбук, Твитер… Филтрирајте ги оние извори кои не сакате да ги следите, а потоа создадете го предупредувањето и запомнете ги поставувањата. Доколку ги поврзете вашите профили, нотификациите многу побрзо ќе ви пристигнуваат.rn
Користете го LinkedIn
rnПрофилот на оваа мрежа е неверојатно корисен доколку сакате да пронајдете нова работа, без разлика дали сте хонорарец, експерт во своето поле или пак, едноставно сте во потрага по работа. Но, присуството на оваа мрежа ви овозможува и вие да бидете пронајдени. Со пријавата на LinkedIn имате можност да видите колку пати вашиот профил бил прегледан, но и кој го сторил тоа. Доколку некој го гледал вашиот профил, големи се шансите дека оваа посета била поврзана со работа.
Науката открива на што девојките најдобро реагираат кога ги разгледуваат профилите на своите пријатели од спротивниот пол на социјалните мрежи.rnrnrn
Ако сте висок, нека се гледа тоа
rnВисината им е битна на девојките. Според некои истражувања мажите кои се високи 188 сантиметри или повеќе имаат многу поголеми шанси да договорат состанок со девојка во споредба со оние кои немаат повеќе од 173 сантиметри. Девојките висината потсвесно ја поврзуваат со силата, здравјето и добрите гени и затоа повеќе ги привлекуваат високите момци.rn
Немојте да се смеете на фотографијата на профилот
rnИстражувачи од Универзитетот Колумбија направиле истражување за тоа како девојките реагираат на различни профил-фотографии и заклучиле дека оние кои се смеат на нив добиваат помалку внимание. Мажите со сериозен и горд израз на лицето им биле попривлечни. Научниците претпоставуваат дека тоа е поради тоа што насмевката може да укажува на социјална послушност и преправање, а девојките не го ценат тоа.rn
Сликајте се со музички инструмент
rnИ музичките способности се поврзуваат со добрите гени во женскиот мозок. Сликајте се со некој инструмент, па дури и да не сте најдобриот свирач на светот. Тоа жените го сметаат за секси, а тоа го потврдува и фактот дека при едно истражување мажите кои додале фотографија со гитара трикратно го зголемиле бројот на Фејсбук пријатели.rn
Облечете црвено
rnИстражувањето на Универзитетот Рочестер потврдува дека оние кои носат црвени кошули се перципирани како посекси од страна на женскиот пол. Оние кои биле облечени во спортска облека или во сини кошули поминале нешто полошо од оние во црвено.rn
Скратете го своето име
rnСпоред податоците на еден американски сајт за запознавање, кратките и скратените имиња доста подобро поминуваат од долгите. Тоа значи дека ако ја напишете кратката форма на вашето име ќе делувате дури за 69% попристапно за припадничките на понежниот пол.rnrn rnrn
Како прво, да се разбереме, не „хејтаме“. Ова се нештата кои сите ние ги правиме поттикнати од празничната еуфорија и сосема е во ред. Еве што вие и вашите пријатели ќе постирате на социјалните мрежи овие празници, што само ќе ја збогати празничната еуфорија.rn
1. Вашата елка
rnПрекрасно изгледа и ќе ја споделите.rnrnrn
2. Вашата шолја за кафе
rnВо зимски амбиент, шолја топло кафе, чај или какао. Бидејќи изгледа добро.rnrnrn
3. Во трговски
rnБидејќи е прекрасно украсено а вие се чувствувате убаво.rnrnrn
4. Вие со вашите родители, браќа/сестри или деца
rnБидејќи сите се празнично расположени и сакаат да се сликаат.rnrnrn
5. Вие на автобуска/железничка или пејзаж од авионот додека слетува
rnБидејќи е кул, сегде има гужва за празниците.rn
6. Вашето милениче облечено во духот на празниците
rnСамо што му облековте новогодишно џемперче на вашето куче, секако дека ќе го сликате!rnrnrn
7. Како изминатава година била прекрасна а онаа што доаѓа ќе биде уште подобра
rnМалку мотивациски статус за вашите постигнати успеси и она што очекувате 2015 да ви го донесе.rn
8. Вие на тропски остров
rnАко имате можност да посетите топло место, сигурно ќе им се пофалите на пријателите. Јас ја дочекувам Нова година во костим за капење, вие смрзнувате, ха ха!rn
9. Вашите колачиња
rnСамо што направивте колачиња без да ја запалите кујната. Има да им кажете на сите!rnrnrn
10. Колку сте изеле
rnИ дека стомакот ќе ви пукне во секој момент.rn
11. Слики од зимскиот одмор
rnВие на скијање, вие на снежна планина, со шолја чај во рака на тераса со поглед кон снежниот град.rnrn
Дали барате потенцијални партнери по социјалните мрежи? Дали го минувате слободното време во допишување на Фејсбук и флертување онлајн? Ова се дел од проблемите и ситуациите со кои секојдневно се соочуваат оние кои бараат потенцијални партнери на интернет.rnrnrn
1. На вашите пријатели смачено им е да ги слушаат вашите приказни
rnПостојано имате нешто ново да кажете, да се пофалите, иако и сами сте свесни дека сè уште не сте се ни виделе во живо. Но, вашите разговори се доста интересни и чувствувате потреба да кажете дека и кај вас се случува нешто ново.rnrnrn
2. Сте се претвориле во демначи на социјалните мрежи
rnСè почна така наивно и невино, но пред да се свестите сфаќате дека сте станале вистински демначи. Знаете сè за него/неа што некогаш се чувствувате како детектив. Каде е, што прави, што сака а што не, какви размислувања има за животот и сл. Го отворате неговиот/нејзиниот профил најмалку 5 пати дневно.rnrnrn
3. Губите контрола над компјутерот
rnНекогаш едноставно ви се чини дека сè излегува од контрола. Веќе не сте сигурни кога е вклучена вашата камера, дали се допишувате или се гледате онлајн. Што е најстрашно, се допишувате со повеќе од една личност, па ви се случува да заборавите што кому сте кажале или излажале. Псст.rnrnrn
4. Ваше хоби стана гледањето туѓи слики
rnТолку време сте минале гледајќи и анализирајќи туѓи слики, што мислите дека би требало да се сметате за професионалец.rnrnrn
5. Премногу размислувате што значи секој ваш или негов/нејзин потег
rnВи лајкна пост, што сака да каже со тоа? А, ако вие лајкнете негова/нејзина објава, дали ќе сфати што сакате да му/ѝ кажете?rn
6. Пречесто употребувате емотикони
rnСмајли, кис, анимирана прегратка.rnrnrn
7. Никако отворено да признаете како се чувствувате
rnВртите и заобиколувате со месеци, а никако да кажете како се чувствувате или да го/ја поканите на состанок.rnrnrn
8. Иако никогаш не би признале, често ги отворате профилите на бившите
rnКога веќе сте пред компјутер, би можеле само да ѕирнете што има ново кај нив.rnrnrn
9. Креирате алтер его на социјалните мрежи
rnНе сте она што навистина сте во реалниот живот. На Фејсбук сте она што сакате да бидете и се трудите да ве гледаат онака како што сакате да се претставите. Што ви е гајле, сите го прават тоа.rnrnrn
10. Многу сте похрабри отколку во живо
rnИ тоа понекогаш ве загрижува. Што ќе правите кога ќе се видите во живо?
Социјалните мрежи зафаќаат значаен дел од нашите животи и често она што го објавуваме онлајн има сериозни последици врз нашиот вистински живот. Иако досега можеби не сте размислувале на темава, ова се 5 причини поради кои вашиот профил на Фејсбук треба да биде барем на пауза, ако не и целосно избришан.rnrnrn
1. Заради Фејсбук често си помислувате дека животот не ви е убав
rnСите поставуваат убави, среќни фотографии кои претставуваат искривена реалност. Во животот на никој не му е постојано убаво, меѓутоа, во моментите кога ќе ги видите таквите фотографии, не размислувате рационално, туку имате чувство дека ете, сите лудо се забавуваат освен вас, кои дремете на Фејсбук.rn
2. Мајка ви ве учела да не зборувате со непознати
rnНа Фејсбук во денешно време опасноста од воспоставување контакт со непознат е всушност многу голема. Ако некој ве вознемирува, треба да се ослободите од него, но ако не најдете друг начин, бришењето на профилот со сигурност ќе му ја скрати можноста и понатаму да ве демне.rn
3. Додека сте на работа, премногу време поминувате на Фејсбук
rnНе за џабе во многу фирми е забранет пристапот токму до оваа социјална мрежа. Но, ако ова не е случај на вашето работно место, ограничете си го пристапот самите, бидејќи во спротивно, вашиот претпоставен може да ја набљудува вашата активност и да забележи дека премногу време поминувате „висејќи“ на Фејсбук. Ова пак може да ве чини губење на работата.rn
4. Ни најдобрите пријатели веќе не ви ги лајкуваат вашите објави и статуси
rnОчигледно сте им здосадиле на сите, па затоа нема поента да продолжите да објавувате што било, кога и онака нема на кој да му се допаѓа.rn
5. Откривате премногу информации
rnСоцијалните мрежи умешно нè навлекуваат и нè тераат да споделуваме што повеќе за нашите ставови, идеи и за нас самите. Приватниот живот не напразно се вика приватен – не е за на Интернет, па ако не можете да одолеете на искушенијата, најдобро е да си ги скратите маките и да не се компромитирате себеси.
Знаеме дека криете нешто, дека имате тајни. Исто, знаеме што криете. Но, не грижете се, не сте сами. Многумина ги прават овие работи иако никогаш не би признале.rnrnrn
Кога немате перена долна облека користите костим за капење за истата намена
rnАко долната облека не е испрана, а вие мора да излезете веднаш од дома, и немате што да облечете, ќе наврете набрзинка долен костим за капење. Кога мора да се снаоѓаш, мора. А и не е толку страшно. Кој ќе знае што носите на себе?rnrnrn
Ги „демнете“ пријателите на социјалните мрежи
rnОк, здодевно ви е, нема што да правите, плус сте љубопитни за нечиј живот. Фаќате и прегледувате сè што му/ѝ се случувало на ФБ. Да, знаеме, звучи лошо. А знаете што е уште полошо? Знаеме дека одвреме-навреме ќе ѕирнете и во профилите на бившите, иако мина долго време и сте го/ја преболеле.rnrnrn
Јадење лоша храна и остатоци од храна
rnКако вчерашната пица со тврда корка, или ненаситното ждерење на последните неколку колачиња или пудингот со сомнителен рок на траење што се правите дека не го забележувате. Во ред е, сите знаеме да бидеме дрчни понекогаш.rnrnrn
Потфрлате со личната хигиена
rnНе сте понеле со себе четка за заби на викенд на место кое нема допир со цивилизација и се „четкате“ со прст. Или, немате време да измиете заби и набрзинка лапате мастика. Може и да доцните негде па да не се истуширате туку да потрошите пола дезодоранс. Упс.rnrnrn
Кажување „бели“ лаги
rnДа, знаеме, но не грижете се, вашата тајна е безбедна со нас. Не, не бевте толку зафатени едноставно заборавивте да ѝ ѕвоните, и не треба да одите таму и таму едноставно не сакате да се видите со личноста. И да, не ве боли стомак туку не ви се работи по дома.rnrnrn
Преправање дека имате супер живот на социјалните мрежи
rnДа се разбереме, ничиј живот не е совршен, а луѓето, кој помалку кој повеќе, ги користат социјалните мрежи за да покажат дека живеат посреќен, поудобен и побогат живот.rnrn
Разгледајте ги вашите пријатели на Фејсбук и размислете, дали е можно да се крие убиец низ некои од лицата кои се смеат на нивната профилна фотографија?rnrnrnrnИстражувачи од Универзитетот Бирмингем Сити ја објавиле првата студија која покажува како социјалните мрежи можат да водат кон криминално однесување. Со помош на оваа студија тие откриле дека 26 од 48-те таканаречени „Фејсбук убијци“ ширум светот се наоѓаат во Велика Британија. Овие луѓе пред да го направат криминалното дело, ги користат социјалните мрежи за да го демнат нивниот плен или пак, да ги споделуваат своите фантазии.rnrnПрофесорот Дејвид Вилсон и д-р Елизабет Јардли од центарот за применета криминологија на Универзитетот Бирмингем Сити го објавиле нивниот извештај откако проучувале случаи со Фејсбук убиства од 2008 до 2013 година. По долго истражување, тие успеале да идентификуваат 6 видови Фејсбук убијци:rn
Реактор (27,1% од сите убијци на Фејсбук)
rnРеакторот одговара на содржина која била објавена на Фејсбук со напаѓање во живо. Пример за оваа категорија е случајот со Вејн Форестер кој во 2004 година ја претепал неговата жена до смрт откако дознал дека го сменила својот статус во „слободна“. Еден ден пред убиството, 43-годишниот маж им се јавил на своите родители да им се пожали за делото на жена му, кое според него направило таа да изгледа глупаво. Извештајот ни открива дека сексуалната интимност, љубомората и желбата за одмазда се клучните карактеристики на овој вид убијци.rn
Информатор (22% од сите убијци на Фејсбук)
rnИнформаторот преку Фејсбук објавува дека тој планира да убие некоја личност или пак, дека веќе ја убил. Професорот Вилсон вели дека Вил Корник, кој би осуден за грозоморното убиство на неговата наставничка по шпански јазик, Ен Мегуаер, спаѓа во оваа категорија. Тој 4 месеци пред да го спроведе убиството им ги објаснувал своите фантазии за бруталното убиство на неговите Фејсбук пријатели. „Корник спаѓа во онаа категорија на луѓе кои сакаат да им ги кажат своите намери на сите“, вели професорот Вилсон.rn
Антагонист (16,7% од сите убијци на Фејсбук)
rnОвие луѓе се вклучуваат во непријателски онлајн дебати кои многу брзо ескалираат во насилство надвор од социјалните мрежи. Токму затоа, со самото знаење дека треба да се случи борба, криминалците најчесто доаѓаат наоружани. Во 2010 година, 18-годишниот Салум Комбо бил прободен до смрт од страна на негов поранешен пријател. 15-годишниот убиец, чиј идентитет е заштитен од судот, го нападнал Комбо веднаш по низа навреди на Фејсбук.rn
Фантазер (12,5% од сите убијци на Фејсбук)
rnФантазерите, според оваа студија, се оние луѓе чија линија помеѓу фантазијата и реалноста е малку замаглена. Убиството настанува кога тие се обидуваат да ја одржуваат својата фантазија во живот или пак, со цел да спречат другите да ја дознаат вистината. Марк Твичел, кој убил еден човек во „соба за убиства“ која била инспирирана од една сцена од ТВ серијата „Декстер“ поседувал профил на Фејсбук во кој се преправал дека е ликот. Со помош на овој профил тој ги бирал своите жртви и се подготвувал за голем број убиства.rn
Предатор (12,5% од сите убијци на Фејсбук)
rnПредаторите креираат лажен профил на Фејсбук со цел да ги запознаат своите жртви во реалниот свет. Во 2010 година, Пјер Чапман бил осуден на 35 години во затвор откако креирал лажен профил на Фејсбук во кој се претставувал како симпатичен тинејџер со цел да лови и убива 17-годишни девојчиња. Во реалноста тој бил 33-годишен осуден силувач кој живеел во својот автомобил. Според студијата, предаторите често ги демнат слабите страни на нивните жртви со цел да постават добра основа за развивање на стабилна врска.rn
Натрапник (8,3% од сите убијци на Фејсбук)
rnНајчесто поврзани со домашните криминални дела, натрапниците пишуваат статуси на профилот на нивните жртви со цел да креираат илузија дека тие сè уште се живи. Во 2010 година, Ендру Линдо ја убил својата партнерка, Мери Стјуарт и потоа си праќал пораки од нејзиниот Фејсбук профил тврдејќи дека го напуштила и отишла да живее на Канарските острови.
Дали ве нервира кога гледате дека луѓето објавуваат селфи фотки на социјалните мрежи? Или можеби кога ќе објават нешто што тукушто го купиле? Дали е тоа нивна вина или едноставно се такви заради хороскопскиот знак?rnrnrnrnКарактерот и особините на луѓето многу зборуваат за нивниот стил на користење на социјалните мрежи, а тоа е тесно поврзано со хороскопскиот знак. Продолжете со читање и проверете дали вашиот однос на социјалните мрежи се рефлектира во вашиот зодијачки знак.rn
Овен
rnОвните се најсамољубивиот знак на зодијачкиот спектар, па затоа тие се оние кои најчесто ги фотошопираат своите слики од кои редовно откинуваат и по некој килограм. Ако некој пријател сака да постави фотографија од нив, тие мора прво да ја видат и да ја поправат пред да се прикаже во јавност. Проверувањето кој ги тагирал на Фејсбук за нив не е само практика, за нив тоа е религија.rn
Бик
rnБиковите се оние кои објавуваат нови луксузни работи на социјалните мрежи на дневна база, бидејќи тие се по малку материјалисти. Не се баш како „Rich Kids of Instagram“ иако некои од нив се, но дефинитивно сакаат да се фалат со работите кои ги стекнуваат. Тие исто така сакаат да копираат од другите, па ќе ги препознаете по сликите што ги објавуваат, кои се истите оние кои вие веќе ги имате видено по 100 пати. Бидејќи се и доста чувствителни, тие се типови кои ги бришат негативните коментари на нивните објави.rn
Близнаци
rnНе е важно дали луѓето родени во знакот Близнаци се среќни или тажни, другите секогаш ќе мислат дека им е лудо и незаборавно. Тие никогаш не сакаат да се однесуваат како нешто да ги загрижува, па ќе објават безброј фотки ако треба за да го докажат тоа. Понекогаш изгледаат како да живеат во лажна реалност претставена преку објективот на нивниот фотоапарат. Па кога ќе ви изгледа дека некој има извонреден живот според неговиот Инстаграм профил, постои добра шанса дека таа личност е Близнак, а уште поголеми се шансите дека за неа работите не се толку беспрекорни како што изгледаат.rn
Рак
rnДенес Ракот објавува пост полн со радост и задоволство, а веќе утре ќе објави нешто што е тотална спротивност. Нивните фидови се полни со контрадикторности, како резултат на нивните променливи чувства. Тие цврсто се држат за минатото, па затоа често ќе видите ретро фотографии од нив.rn
Лав
rnЛавот секогаш објавува слики со пријатели бидејќи овој знак често е „социјална пеперутка“. Секогаш можете да сметате на колаж од слики од Лавот за вашиот роденден, дури и ако на нив поприсутен е самиот тој, на кои секако изгледа одлично. Од друга страна, тие знаат да бидат доста самобендисани, па не се чудете ако на нивните фидови видите многу селфиња. Тие ќе направат сè што можат за да го задржат својот добар имиџ пред другите.rn
Девица
rnЛуѓето родени во знакот Девица се познати како перфекционисти, па не е чудно што се толку обземени од социјалните мрежи. Тие многу време посветуваат за да одлучат каков текст ќе додадат на сликите. За нив прилагодувањето на филтрите е задолжително и мора да ја доведат до совршенство секоја слика од нив која некој планира да ја објави онлајн.rn
Вага
rnАко некој постојано објавува слики со својот/ата партнер/ка, можете да се кладите дека се работи за Вага. Луѓето од овој знак имаат потреба од константна поддршка од своето момче односно девојка, што е објаснување за нивните фидови полни со „лигави, заљубени“ фотографии. Затоа пак, кога се во мрачен период од животот и не се во врска, нивните фидови ќе се полнат со фотографии од осамени и замислени лица, твитови и цитати.rn
Скорпија
rnСкорпиите се насекаде кога станува збор за мрежите. Тие се најемотивниот знак и се доста компетитивни. Па, без разлика дали објавуваат куп цитати или што било што ќе им донесе лајкови, нивните постови со сигурност ќе ви го поплават тајмлајнот со докази дека тие се и емотивни и компетитивни.rn
Стрелец
rnСтрелците сакаат хумористични постови, без разлика дали се брутално искрени или чисто забавни. Тие никогаш не го кријат и секогаш го објавуваат она што е одраз на нив самите, бидејќи сакаат да ги забавуваат другите.rn
Јарец
rnЈарците се претерано загрижени за својот изглед, па нив многу им е важен бројот на лајкови што ќе ги соберат. Не им е гајле дали некоја фотографија е нешто што навистина сакаат да го споделат, ако изгледа дека ќе соберат доволно кликови и лајкови, оди на интернет.rn
Водолија
rnЛуѓето кои се родени во знакот Водолија ќе објават сè што сакаат кога и да посакаат. Тие не се грижат што ќе каже некој друг и постојано ќе објавуваат контроверзни цитати и ризични фотографии без око да им трепне.rn
Риби
rnРибите цветаат за време на социјалните собири, па затоа ќе видите фотографии од нив од секое место на коешто биле. Тие се креативни души по природа, па можете да бидете сигурни дека ќе објавуваат многу цитати со кои сакаат да ги инспирираат другите. Креативноста исто така е причина што поминуваат значително време избирајќи соодветни филтри и бои за дошминкување на нивните фотографии.
Сакале да признаеме или не, Фејсбук ни ги промени животите. Без разлика дали целиот живот си го споделувате на социјалните мрежи или пак сте умерен корисник, овие 5 нешта позајмете ги од виртуелната околина и пренесете ги во вашиот секојдневен живот.rnrnrnrn1. Не се плашете отворено да покажете дека нешто сакате, дури и ако сте првата личност што ќе го направи тоа. Неретко се воздржуваме и не сакаме да покажеме дека нешто или некој ни се допаѓа, додека некој друг не го направи истото. Отфрлете го тоа однесување.rnrn2. „Лајкувајте“, односно не мразете. Секако дека постојат работи кои може да не ви се допаѓаат, но омразата кон некого и мразењето нешто ве оптоварува само вас.rnrn3. Бидете отворени за коментари. Не се плашите да го изразите своето мислење, какво и да е.rnrn4. Споделете го со другите она што ви се допаѓа. Ако нешто ве допрело, насмеало, развеселило денес, споделете го тоа со другите како и ним би им го разубавиле денот.rnrn5. Создавање нови пријателства.Ако ви е удобно во нечие друштво, потрудете се да го претворите секое такво познанство во пријателство.