КАФЕ ПАУЗА

Tag: социјални мрежи

  • Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

    Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

    Живееме во време на социјални медиуми каде без проблем собираме бројни пријатели. Но, зачудувачка е поврзаноста на бројот на Фејсбук пријатели и осаменоста во реалниот живот.rnrnЧовековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?rnrnСоциолошките истражувања покажуваат дека повеќето луѓе не можат интимно да познаваат повеќе од 150 личности, додека бројот на Фејсбук пријатели кај најголемиот дел од корисниците е многу, многу поголем. Зошто толку е важен бројот на пријателства? Да се осврнеме кон модерниот свет каде личноста се оценува според личните достигнувања, богатството, имиџот кој го промовира и начинот на кој ги троши парите. Токму поради ова многумина ги губат социјалните и семејните врски, стремејќи се кон идеалот на себепромовирање и системот на модерно вреднување. Така што воопшто не е изненадувачки фактот што сè повеќе луѓе се чувствуваат осамено и што осаменоста прерасна во најчест елемент на модерниот свет.rnrnЕдна од причините за нашата осаменост е феноменот на социјалните мрежи. Во свет каде времето е пари, сите ние сме под огромен притисок да постигнеме што е можно повеќе па поради ваквата претерана амбициозност, нашиот друштвен живот е изложен на голем предизвик. Токму тогаш на помош ни доаѓа модерната технологија која навидум е навистина примамлива – ни нуди неверојатно лесен начин на склопување пријателства и одржување на истите, како и пронаоѓање на виртуелна романса.rnrnТокму во денешно време кога лесно собираме пријателства како сликички за во албум, го губиме чувството за разлика меѓу квалитет и квантитет. Така значењето на пријателството преминува во онлајн разговори, размена на слики и лајкнувања. Тука се јавува големиот парадокс – создавање голем број пријателства кога во суштина си осамен.rnrnКолку е различен разговорот во живо со разговорот онлајн? Зад сигурната маска на интернетот самите одбираме како ќе се претставиме себеси, и наместо да се фокусираме на склопување пријателства во вистинскиот живот, ставаме акцент на промовирањето и градењето имиџ на интернет. Станува збор за часови минати во уредување на профилот, одбирање на најдобрите слики, селектирање зборови и изрази пред да се испрати што било. Така социјалните мрежи не само што ги менуваат нашите навики, туку нè менуваат нас.rnrnКога човек е осамен се осврнува кон социјалните мрежи кои нудат инстант пријателство, луѓе кои те „ценат“ и „сакаат“, место каде твоето мислење се вреднува. Споделување мисли, искуства, слики, уживање во чувството дека си поврзан со светот и дека не си осамен, кога во суштина спротивното се случува. Така, бидејќи не умееме да бидеме сами и да се носиме со фактот дека сме „одделени од мрежата“, ќе мора да научиме да бидеме осамени.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Видео кое секој треба да го изгледа: Погледни нагоре

    Видео кое секој треба да го изгледа: Погледни нагоре

    Живееме во време на интернетот и социјалните мрежи каде што лесно може да се стапи во контакт со сите. Но, дали некогаш сте се запрашале што точно значи овој брз и лесен контакт? Социјалните мрежи ни прават илузија дека ние сме поврзани со сите, но реалноста е нешто сосема спротивно. Како што поминува времето така сѐ повеќе и повеќе луѓе се кријат позади технологијата и се изолираат во мал и затворен простор далеку од сите. „Зошто да одам на кафе со пријателите, кога можам да комуницирам со нив од удобноста на мојот кревет“ – би помислиле. Но, зарем никогаш не ви паднало на памет дека доколку баш тој ден не излезете од дома би можеле да пропуштите нешто многу важно?rnrnПогледни нагореrnrn„Look Up“ е видео-лекција која нѐ учи на нешто многу важно преку приказната за вистинската љубов, во свет каде што континуирано се обидуваме да најдеме начини како полесно да се поврземе со другите, но за жал секогаш завршуваме поминувајќи многу време сами. Погледнете го ова видео кое ќе ви ги отвори очите и ќе ви покаже дека е време да погледнете нагоре…rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични свадбени трендови во 2014

    Необични свадбени трендови во 2014

    Многу работи немаше пред 10 години, смартфони, Пинтерест, Инстаграм, Твитер… Ова секако го прави различен скоро секој аспект од животот, но дали сте помислиле колку технологијата и социјалните мрежи го имаат променето начинот на кој ги организираме и посетуваме свадбите?rnrn?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????rnrnОва се 4 необични свадбени трендови кои ја бележат 2014.rn

    1. Покани „Не сте поканети“

    rnВо последно време многу парови се одлучуваат за мали свадби, понекогаш со цел да ѝ избегаат на традицијата, а многу често заради тоа што просторот кој го изнајмуваат е предвиден за помал број луѓе. Веројатно и буџетот си игра улога во ова.rnrnНавистина е чудно кога нема да добиете покана за свадба од некој што го чувствувате за доволно близок за да ве покани, но новиот тренд е добар за двете страни. Со културна порака ги известувате сите луѓе кои ги познавате и кои би очекувале да бидат поканети на вашата свадба, дека поради ограниченост на просторот, на вашата веселба ќе присуствуваат само најблиските и жалите што не тие нема да бидат дел случувањето. Некако за непоканетите, ова веднаш делува коректно и веројатно тие не би држеле лутина поради ова.rn

    2. Офлајн свадби

    rnУште еден тренд е присутен откако настапи ерата на паметните телефони и социјалните мрежи – константно „фоткање“ и поставување фотографии на Инстаграм, Пинтерест, твитање во живо од местото на случувањето итн.rnАко правите свадба веројатно сте најмиле армија професионални фотографи и сниматели, па можеби не сакате „неофицијални“ фотографии да истекуваат во јавност. Има доволно луѓе кои ќе се погрижат да ги фатат најдобрите моменти, а потоа и ќе им ги понудат на гостите да ги купат оние фотографии на кои ги има. Праксата е земање на телефоните на влез и враќање кога гостите ќе си заминуваат.rn

    3. Консиерж за социјални медиуми

    rnОвој тренд е сосема спротивен на претходниот. Ова се свадби на кои се најмени посебни лица кои се одговорни за сите хаштагови кои треба да се користат при споделување на фотографии од „зад сцената“ на сите социјални мрежи.rn

    4. Розови венчаници

    rnИ порано сме гледале венчаници во други бои, но најчесто ако се заобиколува традиционалната бела, обично изборот паѓа на бојата шампањ. Оваа сезона трендот е променет и сега се хит розовите фустани, боја која одлично одговара со лесните лелеави материјали кои даваат изглед на принцеза. За тоа придонесоа модните свадбени линии на некои дизајнери како онаа на Вера Ванг за есен, 2014.rnrnrnrnКој свадбен тренд го имате забележано вие? На кој начин се имаат променето свадбите во последно време?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?

    На какви СМС-пораки „паѓаат“ хороскопските знаци?

    Модерната технологија и мобилните телефони ни овозможија нови начини на додворување преку СМС и преку социјалните мрежи. Но, не секој хороскопски знак ужива да заведува и да ги изразува своите чувства на овој начин. За некои е забавно и секси, за други е многу подобро работите да се кажуваат во лице.rnrnna-kakvi-sms-poraki-pagjaat-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrnrnДознајте што му се допаѓа на секој хороскопски знак кога е во прашање додворувањето преку пораки и успешно освојте ја вашата симпатија со порака на која таа нема да може да остане рамнодушна.rn

    Овен

    rnИако овните се големи заводници кои сакаат флертување во лице, ним сепак не им се туѓи и флертувачките пораки. Тие ќе пронајдат песна која ги опишува нивните чувства или ќе цитираат некој писател што ќе биде сосема доволно за да се стопи личноста на друга страна.rn

    Бик

    rnРомантичните бикови сакаат да си играат и за да се забавуваат со љубовни пораки. Но, нивните пораки не содржат само зборови, туку и знаци кои ги опишуваат нивните емоции. Сакаат романтично допишување полно со топли зборови.rn

    Близнаци

    rnТие се мајстори за вербално заведување, па пораките и тоа како им одат во прилог. Нивните текстови се долги и преполни со најромантични и најдлабоки зборови кои ќе го стопат оној за кого се наменети. Исто така тие сакаат да бидат и духовити и во тој случај знаат како да го насмеат примачот на пораката.rn

    Рак

    rnРаковите обожаваат искажување на своите чувства преку зборови, па допишувањето им е еден вид хоби. На тој начин ќе го откријат сето она што никако не можат да го кажат во лице. Нивните пораки не се препишани, туку смислени и избрани само за личноста на која ги праќаат.rn

    Лав

    rnЛавовите повеќе би сакале да ги кажат и покажат чувствата отколку да ги напишат. Ним пораките им се нужно зло и не сакаат да се допишуваат, туку евентуално да пратат една мудра и одбрана порака која кратко и слатко би ја опишала нивната моментална состојба и емоции.rn

    Девица

    rnЗошто да се губи скапоцено време на допишување кога сѐ може да се каже очи во очи? Ова е мотото на девицата која баш и не сака да пишува за своите чувства. Кога ќе се потруди, може да прати само неколку пораки со одредена цел, а ако не е заинтересирана, ќе се прави дека не ја ни видела пораката што ја добила.rn

    Вага

    rnЉубопитни и креативни, вагите уживаат да смислуваат и да праќаат пораки како и да заведуваат преку нив. Сакаат мудри и романтични цитати од песни и книги кои може да бидат двосмислени со цел да ја заинтригираат личноста на која се наменети.rn

    Скорпија

    rnИнтригите се нивна страст што значи дека допишувањето и тоа како е привлечно за нив. Таинствените скорпии обожаваат да си играат со зборови, а најмногу од сѐ им е интересно пецкањето и заведувањето преку пораки со двосмислено значење.rn

    Стрелец

    rnДуховитите стрелци обожаваат да филозофираат, а со самото тоа, нивните пораки се многу богати и занимливи. Тие паѓаат на таинствено и по малку недокажано допишување кое може да се опише како вистинско филмско додворување.rn

    Јарец

    rnРомантичниот јарец желен за нежност обожава заведување преку пишани пораки. Тие уживаат да читаат убави зборови кои им се ним упатени, но исто така кога се „загреани“ за некого сакаат да пишуваат искрено и отворено да ѝ ја отворат душата за своите чувства на својата драга личност.rn

    Водолија

    rnВодолиите се уметници на модерната технологија и модерното заведување. Тие не сакаат да си играат со романтични зборови туку со духовити и хумористични пораки, посебно со такви на кои е скоро невозможно да се одговори. Сакаат технологија и уживаат да праќаат фотографии и песни.rn

    Риби

    rnРибите обожаваат пораки и допишување и баш тоа е начинот на кој сакаат да заведуваат и да бидат заведени. Тие се неверојатни заводници кои многу добро знаат што и кога треба да напишат, но исто така се и подеднакво слаби на зборови кои им се наменети на нив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нов тренд на фотографирање: бикини мост

    Нов тренд на фотографирање: бикини мост

    Минатото лето во тренд беше фотографирањето на целото тело во легната состојба, од градите до стапалата, ова лето само нозете (виршли), а очигледно следното ќе биде бикини мостот. Веќе на големо се прикачуваат вакви фотографии на социјалните мрежи, а трендот само ќе станува сè поголем.rnrnНов тренд на фотографирање: бикини мост Нов тренд на фотографирање: бикини мост Нов тренд на фотографирање: бикини мост
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како модерната технологија ја менува љубовта?

    Како модерната технологија ја менува љубовта?

    Не можеме да одречеме дека технологијата сè повеќе се менува и унапредува и сè повеќе влијае врз нашите животи, некогаш на позитивен, а некогаш и на негативен начин. Но влијанието кое технологијата го има врз љубовните врски и романси не е мало и не може да помине незабележано. Колку нешта се смениле од времето кога вашите родители биле на ваша возраст?rnrnЕве како модерната технологија влијае врз нашата перцепција за романтика и како ги менува љубовта и врските.rn

    Како модерната технологија ја менува љубовта?

    rnrn

    Како модерните врски почнуваат?

    rnСтатистиката покажува дека во просек 17% од паровите кои ќе стапат во брак во блиска иднина, се запознале онлајн. Сè повеќе зема замав запознавањето на интернет преку социјалните мрежи кои буквално станаа место за наоѓање на совршениот партнер. Сè помалку луѓе се запознаваат при вечерни излегувања, излети со друштво или семејство. Наместо тоа познанствата започнуваат со понуда за пријателство. А не се само социјалните мрежи туку има и куп сајтови кои нудат онлајн-запознавање со вашата „сродна душа“.rn
    rn

    Експериментирање наспроти лично искуство

    rnНајчесто паровите кои се запознаваат на интернет веќе прочитале многу еден за друг од податоците кои секоја страна ги остава на своите онлајн-профили. Тоа наголемо ја убива магијата на првиот состанок, бидејќи веќе знаете што да очекувате. И секако, чест е и случајот кога личноста од другата страна на екранот воопшто не е она што се претставува.rnrnНовата технологија ни дозволува на некој начин да експериментираме со љубовта. Да запознаваме нови личности и да шириме познанства, да комуницираме без воопшто да стапиме во контакт лице в лице. Тука се Скајпот и социјалните мрежи кои сè повеќе го ставаат во сенка вистинското искуство.rn
    rn

    Дали вистинската романтика е мртва?

    rnАко некогаш луѓето си пишувале љубовни писма во кои ја отворале душата пред љубениот/та, или пак имале храброст да го кажат тоа лице в лице, денес повторно си испраќаме пораки, само што се во форма на мејлови, СМС или пораки на Фејсбук. За многумина тоа звучи како вистинско убиство на романтиката. Без разлика колку сериозно гледате на тоа, сепак не можеме да одречеме дека ваквата комуникација наголемо ја менува перцепцијата за љубов и романтика.Како модерната технологија ја менува љубовта?rnrn

    Многу полесно стапувате во контакт со оној кој ви се допаѓа

    rnНаместо да ја гледате згодната девојка од другата страна на барот, обидувајќи се да соберете доволно храброст, сега можете лесно да стапите во контакт со неа преку интернет. Колку е ова позитивно или негативно, останува самите да одлучите.rn
    rn

    Се менува нашата перцепција за самите себе

    rnЗа да му се допаднете некому додека сте пред екранот од својот компјутер, треба да умеете добро да пишувате и да играте со зборови за да го заинтригирате. Во тој случај вие сте послободна и поопуштена личност која би кажала куп работи кои нема храброст да ги каже во живо. Гледајќи си ги сопствените профили и начини на онлајн-комуникација си ја менуваме перцепцијата за самите себе и лесно стануваме нешто што не сме.rn
    rn

    Важноста на надворешниот изглед

    rnСликата е сосема различна од средбата во живо. Личноста е фотографирана во одреден момент и врз она што го гледате влијаат многу фактори како осветленоста, квалитетот на сликата и сл. Во време кога се меѓусебно гледаме преку фотографии и си праќаме сигнали на допаѓање преку „лајкот“, дали умееме вистински да ги согледаме нештата?Како модерната технологија ја менува љубовта?rnrn

    Како невербалната комуникација влијае на врските?

    rnКога разговарате со некого преку пораки или онлајн-разговор, колку нешта се менуваат? Не постои интонација, не можете да ја погледнете личноста во очи и вистински да допрете до нечии мисли. Во таквата комуникација не можеме со сигурност да знаеме што другата страна мисли ниту пак да ги протолкуваме насмевките и гестовите.rnrnИмајќи ги сите овие работи предвид, дали технологијата ја менува нашата перцепција за љубовта на позитивен начин или полека, но сигурно ја убива вистинската романтика?rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 зачудувачки факти за бакнувањето, раскинувањето и социјалните мрежи

    10 зачудувачки факти за бакнувањето, раскинувањето и социјалните мрежи

    Сте се запрашале ли кога луѓето најчесто се одлучуваат за раскинување? Или пак колку проценти од луѓето се одлучуваат за раскинување преку СМС-порака? Следуваат 10 зачудувачки факти поврзани со овие работи.rnrn10 зачудувачки факти за бакнувањето, раскинувањето и социјалните мрежиrnrn12% од корисниците на мобилни телефони признаваат дека раскинале со некого преку СМС.rnrn8% од корисниците на мобилни телефони биле „жртви“ на раскинување преку СМС.rnrnСкоро 1 од 4 корисници на Фејсбук сфатиле дека врската им е готова од нешто што го виделе на нивниот тајмлајн.rnrn27% од корисниците на интернет кои имаат минимум 18 години сметаат дека најлош начин да раскинеш со некого е преку член на семејството или преку пријател.rnrn30% од корисниците на интернет кои имаат 18 години или повеќе сметаат дека најлош период за раскинување е за време на новогодишните празници. Јануари е најпопуларниот месец за раскинување.rnrnНа 67% од мажите не им пречи доколку жените носат кармин додека се бакнуваат.rnrn53% од жените преферираат целосно избричено лице на машкото со кое се бакнуваат.rnrn33% од луѓето ги отвораат очите кога се бакнуваат.rnrn96% од жените сакаат да бидат бакнувани по вратот. Тоа е всушност омиленото место за бакнување на жените, веднаш по устата.rnrn10% од мажите исто така сакаат да бидат бакнувани по вратот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте ја најслатката мачка на светот

    Запознајте ја најслатката мачка на светот

    Мачката Снупи е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Оваа егзотична мачка со кусо влакно е родена на 11 мај 2011 година, а за неа се грижи семејство кое живее во Ченгду, Кина.Запознајте ја најслатката мачка на светотЕдна обожавателка на ова слатко маче, неможејќи да се снајде на официјалниот кинески блог на Снупи, отворила блог на англиски каде што споделува сè што ќе најде за мачката. Исто така на Фејсбук, Инстаграм и на Пинтерест можат да се најдат многу профили кои споделуваат слики од ова слатко маче, па доколку се заљубивте во него, на нив можете да дознаете повеќе информации.Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот Запознајте ја најслатката мачка на светот  Запознајте ја најслатката мачка на светот  Запознајте ја најслатката мачка на светот  Запознајте ја најслатката мачка на светот  Запознајте ја најслатката мачка на светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поврзаноста меѓу осаменоста и социјалните мрежи

    Поврзаноста меѓу осаменоста и социјалните мрежи

    Шери Таркл е доктор на науки по социологија и психологија на личноста, работи како професор на Универзитетот Масачусетс, а нејзините истражувања се поврзани со психоанализата и односите помеѓу луѓето и технологијата. Во својата книга „Заедно сами“ таа доаѓа до заклучок дека технологијата има огромно влијание врз денешната генерација, правејќи луѓето сè почесто директните средби лице в лице да ги заменуваат со текстуални пораки.rnrnИнспириран од ова нејзино дело, Шими Коен, апсолвент на Факултетот за инженерство и дизајн Шенкар во Тел Авив, за својот завршен проект изработил видео кое на јасен и сликовит начин го толкува она за кое говори Шери Таркл.rnrnПоврзаноста меѓу осаменоста и социјалните мрежиrnrnТргнува од фактот дека човекот е социјално суштество кое не може да истрае да биде само, но и покрај тоа, модерното општество ја игнорира сериозната дупка во системот на вредности кој богато ја наградува индивидуалноста за сметка на заедништвото. Кариерата, богатството, личниот имиџ и можноста да се троши се симболи да индивидуалноста и репер за секој кој се стреми кон самоактуализација. Луѓето кои се стремат кон постигнување на овие вредности постепено ги губат врските со семејството, пријателите и останатите луѓе, па затоа осаменоста е најголемата болест на модерниот свет.rnrnТаркл смета дека една од најверојатните причини за постоењето на оваа болест се социјалните мрежи. Заклучува дека во време во кое од поединецот се бара сè повеќе и повеќе успех, ниту социјалниот живот не е исклучок. Секој има проблем да одржува врски со што е можно повеќе луѓе поради потрагата по симболите на индивидуалноста, а социјалните мрежи експресно го решаваат тој проблем. Нивните платформи овозможуваат навидум поедноставно и поефективно управување со социјалниот живот отколку во реалноста, така што никој не се колеба дали средбите во живо да ги замени со четување или постирање фотографии.rnrnПоврзаноста меѓу осаменоста и социјалните мрежиrnrnСо тоа се редефинира поимот на пријателството. Не се бара квалитет во самиот однос со другиот, туку постигнување на некаков успех преку создавање на колекција од огромен број пријатели. Ако во реалноста пријателството се мери по тоа колку често и на кои теми можеш да разговараш со другиот, со помош на технологијата сега сè се сведува на проста онлајн-поврзаност. На крајот на краиштата, не мора ни да има комуникација меѓу виртуелните пријатели. Така неизбежно се стигнува до парадоксална ситуација во која некој има многу пријатели, а е осамен.rnrnТаркл понатаму ги бара причините зошто луѓето и понатаму ја преферираат онлајн-комуникацијата пред онаа во живо. Смета дека луѓето одбираат да се скријат зад компјутерите затоа што разговорот во живо е потежок и човек треба да внимава што ќе каже и како ќе се претстави. Така нема можност за исправка на кажаното. За разлика од тоа, онлајн-комуникацијата е излезена од рајот. Има доволно време за размислување да се напише совршениот микс на зборови кои сочинуваат статус, коментар или порака, да се одбере совршената слика за профилот, односно дава шанса човек да се претстави во своето најдобро светло или пак во лажно светло. Тоа е идеална можност за постигнување совршена лична презентација.rnrnПоврзаноста меѓу осаменоста и социјалните мрежиrnrnА, луѓето се опседнати со усовршување на својата лична презентација на социјалните мрежи. Минуваат часови во уредување на својот профил, одбирање на сликата на која изгледаат најдобро, одбирање на совршениот статус… само за да се претворат во сликата во која замислуваат дека се најдобри. Ова доаѓа оттаму што технологијата и социјалните мрежи даваат многу повеќе од реалноста. Тие го сменија начинот на кој ги правиме работите, но и претставата за тоа кои сме, затоа што „удираат“ таму каде што сме најранливи – осаменоста.rnrnСпоред Таркл, од социјалните мрежи добиваме три прекрасни илузии: дека можеме да бидеме какви што ќе посакаме, дека нашиот глас секогаш ќе биде слушнат и дека никогаш не сме сами. Отсега, мислата на Рене Декарт „Мислам, значи постојам“, може да се замени со онаа на Шери Таркл: „Споделувам, значи постојам“. Не е битно какви мисли ни поминуваат низ глава или какви настани се случуваат во нашиот живот, важно е само во моментите на осаменост да се сподели нешто за да се почувствува постоењето на овој свет.rnrnЧеста практика е симулирањето на искуства од типот на фотографии од луди журки на кои во „најлудиот момент“ сите дисциплинирано позираат со истрениран израз на лицето, со што се претставуваме онакви какви што посакуваме да бидеме. Читаме големи или плитки мудрости смислени од некој друг кои наводно баш во тој момент поминале низ главата на постирачот, а тој е задоволен затоа што е слушнат неговиот глас, кога можеби нема никој покрај него да го слушне. Не е битно што, треба само да се сподели нешто за да се почувствува прекрасната живост од поврзаноста со други луѓе. Сè е полесно со социјалните мрежи.rnrnПоврзаноста меѓу осаменоста и социјалните мрежиrnrnНа крај заклучува дека социјалните мрежи ни даваат чувство дека не сме сами, но проблемот е во тоа што на тој начин ние нема да се научиме да бидеме сами, но неизбежно ќе стигнеме до фаза во која ќе бидеме осамени.rnrnВо продолжение следува прекрасното видео на Шими Коен кое преку анимација ги објаснува овие видувања.rnrn

  • Социјалните мрежи објаснети со помош на кафето

    Социјалните мрежи објаснети со помош на кафето

    Нови социјални мрежи се појавуваат толку често што само оние кои будно ги следат трендовите можат да останат во чекор со нив. Ако се мачите да ја разберете функцијата на некои од нив, следниот инфографик ќе ви ги разјасни дилемите. Креација е на Marketplace Maven кои го искористиле кафето за да ги опишат специфичните функции на социјалните мрежи кои се хит во моментов.rnrnСоцијалните мрежи објаснети со помош на кафетоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.