КАФЕ ПАУЗА

Tag: слободно време

  • Дали е возможно да имате премногу слободно време?

    Дали е возможно да имате премногу слободно време?

    Замислете да имате можност самите да си одредите колку слободно време ќе имате во текот на денот. Колку часа би избрале? Но, запрашајте се и нешто друго: доколку навистина можете самите да си одредите колку слободно време ќе имате, дали би биле посреќни или тоа воопшто не би се одразило врз вашата благосостојба?rnrnrnrnВо едно ново истражување, тим од експерти работел со цел да најде одговор на ова прашање. Тие ја проучувале врската помеѓу слободното време и чувството на задоволство за да откријат дали помеѓу нив постои причинско-последичен однос. Истражувачите го дефинирале слободното време како време кое се користи за разонода или за некоја друга цел што нема поврзаност со тековните обврски.rnrnТие ја провериле тезата дека количината слободно време влијае врз човечката благосостојба и тоа на два начина. Најпрвин, тие побарале од учесниците во истражувањето да опишат што работат во своето слободно време, а потоа ги запрашале колку се задоволни во животот. Истражувачите сакале да дознаат и како секој од учесниците ќе реагира ако има можност да избере колку слободно време ќе има. За таа цел од нив било побарано да замислат две сценарија: во првото тие би го искористиле даденото слободно време на продуктивен начин, а во второто не.rnrnПреку анализа на нивните одговори, истражувачите дошле до следните заклучоци:rnrn1. Недоволното слободно време (помалку од 2 часа) негативно влијае врз благосостојбата на луѓето, а зголеменото слободно време пак, ги прави луѓето среќни но само до одреден степен.rnrn2. Луѓето можат да имаат премногу слободно време. Истражувачите откриле дека слободното време кое трае повеќе од 5 часа може негативно да влијае врз нашето расположение.rnrn3. Важно е како луѓето го користат своето слободно време. Кога го поминуваат во друштво со пријатели, или со некаков продуктивен исход, не ослабнува чувството на лична сатисфакција. Од друга страна пак, ако го поминуваат слободното време без да бидат продуктивни со текот на времето ќе стануваат сè повеќе раздразливи.rnrn4. Овие резултати важат подеднакво и за слободното време во текот на работната недела и за време на викендот, како за вработените така и за невработените.rnrnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, ви препорачуваме да прочитате и за друга студија според која главната разлика меѓу богатите и сиромашните луѓе лежи во тоа како го поминуваат слободното време.

  • Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

    Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

    Ако сакате да го исполните слободното време со игри за мобилни телефони, а ви недостасуваат идеи, погледнете ги овие препораки.rn

    Alto’s Odissey

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnОваа зен-игра ќе им се допадне на сите што се грижат за атмосферата. Сè што треба да направите е да го допирате вашиот мобилен телефон на некои места за да го натерате вашиот херој да скокне, а вие сте опкружени со прекрасна глетка и волшебна музика. Можете да ја започнете играта ако имате 10 слободни минути што сакате да ги „потрошите“, но таа може да стане „заразна“.rn

    Tiny Room Stories: Town Mystery

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnОваа игра е одлична за луѓето кои сакаат мистерии бидејќи барате траги за да откриете зошто исчезнале сите во еден мал град. Вие сте детектив кој љубопитно го истражува малото гратче Редклиф и наоѓа траги, решава мали загатки и ја решава истрагата.rn

    House Flipper

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnДали сакате преуредување и дали сакате да гледате емисии за реновирање? Ќе ја обожавате работата на експертите во разубавување уништени куќи на кои ќе им дадете втор живот и ќе ги продавате за повисока цена.rnrnПогледнете ги и овие апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате.

  • Како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?

    Како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?

    Овие неколку трикови ќе ви помогнат да го претворите слободното време во време за грижа за убавината и за здравјето на телото и на целиот организам. Нема човек кој не знае колку е тешко да се избалансира слободното време, што е многу кратко. Денес, луѓето живеат динамичен живот и ретко ви останува слободно време за одмор и за грижа за убавината и за здравјето. Затоа е потребно да направите некои отстапки и да се обидете да убиете две муви со еден удар, а овие неколку совети ќе ви откријат како да го направите тоа.rnrnКако да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?rn

    Како да вежбате и да се одморите истовремено?

    rnИако звучи невозможно и крајно апсурдно да се одморите со вежбање, тоа е можно ако следите неколку совети.rn

    Пријатен амбиент

    rnПотребно е да го подготвите амбиентот така што ќе ви овозможи чувство на релаксација: светлина, малку ароматични масла за опуштање, тивка музика.rnrnИли пуштете го вашиот омилен филм и легнете на подот со неколку перници.rnrnШтом амбиентот е поставен за релаксација, тренингот може да започне.rn

    Вежби за опуштање што го отстрануваат целулитот

    rnПри грижата за здравјето и за убавината на телото, потребно е да одвоите време за борбата против целулитот, а тоа не е лесно.rnrnКога ви е потребен одмор, едноставно немате желба за вежбање, но на овој начин можете да ги постигнете двете работи одеднаш.rnrnВо пријатен амбиент, потпрете се на перниците и започнете со првата вежба:rn

      rn 011

    • Левата нога оптегната со стапало кон себе, десната нога свиткана кај коленото.
    • rn 011

    • Подигнете ја ногата десет сантиметри од подлогата, држете ја неколку минути и спуштете ја.
    • rn 011

    • Повторете барем десет пати, потоа заменете ги нозете и сторете го истото.
    • rn

    rnОваа вежба не само што го подобрува тонусот на кожата и го намалува целулитот, туку ги зајакнува и мускулите на ‘рбетот. Исто така, таа е добра за секој што долго седи или стои бидејќи ги намалува болките во грбот.rnrnСледна вежба:rn

      rn 011

    • Левата нога е оптегната и подигната околу десет сантиметри од подлогата.
    • rn 011

    • Десната нога е свиткана во коленото.
    • rn 011

    • Поместете ја левата нога налево и вратете ја на почетната позиција.
    • rn 011

    • Повторете десетина пати и сменете ги нозете.
    • rn

    rnОваа вежба не е напорна, ги затегнува мускулите на бутот и глутеусот, а на тој начин влијае и на разградувањето на целулитот во тој регион.rnrnОвие две едноставни вежби може да се направат додека гледате филм или се релаксирате со музика. Всушност, тие можат да се прават и во када додека се релаксирате со мирислива купка.rnrnОвие вежби се одлични за одржување витка линија и убав изглед, влијаат на целокупното здравје на организмот и може да се прават во слободното време наменето за релаксација.rn

    Слободно време со музика и танцување

    rnМузиката и танцот се одличен начин да го искористите слободното време и да одвоите време за себе – време за ослободување од стресот и за подобрување на расположението. Додека танцувате, ги затегнувате мускулите на телото и ја подобрувате циркулацијата на крвта.rnrnВашата омилена музика го поттикнува лачењето на хормонот на среќата, а со тоа се подобрува расположението и се намалува нивото на стрес. Ова е можеби најдобриот пример за тоа како слободното време може да се искористи во корист на здравјето и на убавината.rn

    Водата како извор на релаксација и грижа

    rnСлободното време поминато во природа покрај вода каде што можете да уживате и да се опуштите додека пливате е одлично искористено слободно време. Дури и да не е во природа, туку во затворен базен во зима, водата има големо влијание врз здравјето.rnrnПетнаесет минути пливање не само што нуди забава, туку заменува цел час во теретана.rnrnЛебдењето на површината на водата додека главата половина е во водата носи чувство на релаксација и му помага на умот да се одмори.rnrnПливањето го затегнува телото, влијае на дигестивниот и на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува циркулацијата и ги активира сите мускули во телото. Сето тоа се случува практично незабележливо бидејќи додека пливате и се забавувате во вода, телото работи и вежба, а вие не сте ни свесни за тоа.rn

    Јогата како вежба и релаксација

    rnЈогата за некои звучи глупаво и претенциозно, а некои ја сакаат и им звучи примамливо. Оние кои практикуваат јога тврдат дека е одлична за здравјето и за флексибилноста на телото, но и за релаксација и за ослободување од стресот.rnrnГолем број луѓе практикуваат јога и на тој начин постигнуваат единство помеѓу телото и духот и успеваат да се ослободат од стресот, да го подобрат тонусот на мускулите, да ја отстранат болката во телото и да се ослободат од негативната енергија.rnrnКористењето на слободното време на паметен начин и вложување во здравјето и во убавината никогаш не може да биде погрешно. Не мора да го трошите слободното време на ваков начин секој пат. Доволно е да применувате некои од овие совети двапати неделно за да забележите промени.rnrnПогледнете ги овие 3 дневни рутини за убавина што можете да ги позајмите од ајурведата.

  • Необични веб-сајтови кои ќе ви се најдат кога ви е здодевно

    Необични веб-сајтови кои ќе ви се најдат кога ви е здодевно

    Понекогаш имаме премногу слободно време. Можеби денес порано сте завршиле со обврските, или пак навистина ви е здодевно на работното место. Можеби повеќе не ви се допаѓаат старите веб-сајтови, а не ве интересираат ни новостите на социјалните мрежи. Во продолжение погледнете неколку алтернативни веб-сајтови кои ќе ви помогнат кога ви е здодевно.rn

    1. The Secret Door

    rn(1)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnСекогаш кога ќе ја отворите „тајната врата“ завршувате на ново и неочекувано место.rn

    2. Radiooooo

    rn(2)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnОдберете дата и држава и ќе можете да слушате музика која била популарна на тоа место во тој период од историјата.rn

    3. Liveplasma

    rn(3)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnВо зависност од параметрите кои ќе ги внесете, овој веб-сајт ви препорачува нова музика, филмови и серии кои би ви се допаднале.rn

    4. GeoGuessr

    rn(4)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnОвој веб-сајт ги користи мапите на Гугл и ве носи на одредена локација во светот. Вашата задача е да погодите каде се наоѓате.rn

    5. The Museum of Endangered Sounds

    rn(5)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnКако што исчезнуваат старите работи, со нив исчезнуваат и звуците кои ги правеле. За среќа, на овој веб-сајт се зачувани многу вакви звуци. Навистина неверојатен поглед кон минатото.rn

    6. 8-bit icon

    rn(6)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnОвој веб-сајт ви овозможува да направите оригинален и необичен онлајн аватар.rn

    7. Rainfor

    rn(7)neobichni-veb-sajtovi-koi-kje-vi-se-najdat-koga-vi-e-zdodevno-kafepauza.mkrnrnОпуштете се и бидете едно со природата користејќи го овој уникатен веб-сајт.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 интересни работи што можете да ги правите со партнерот во кревет (ниту една од нив не е секс!)

    10 интересни работи што можете да ги правите со партнерот во кревет (ниту една од нив не е секс!)

    Знаеме што најмногу сакате да правите со партнерот под прекривките, но во деновите кога не сте баш расположени за акција, можете да пробате некои од овие работи. Сигурно ќе си поминете незаборавно, додека истовремено и ќе ја подобрите вашата интимност.rnrn10-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-vo-krevet-kafepauza.mkrn

    1. Гушкајте се

    rnТоа може, но и не мора да води до секс.rn

    2. Гледајте ја омилената ТВ серија цел ден, сè додека не заспиете

    rnАко сте зависници од серии, а не ги гледате од кревет, нешто не е во ред.rn

    3. Направете тврдина

    rnЗошто да не? Имате сè што ви е потребно – перници и прекривки.rn

    4. Масажа

    rnПружете си кратка масажа за опуштање.rn

    5. Масажа на стапалата

    rnОваа масажа навистина ќе ве релаксира.rn

    6. Секаква масажа!

    rnУживајте во секоја масажа што ќе ви падне на ум.rn

    7. Појадувајте

    rnНе мора да биде баш појадок, но ова ќе биде одлична причина за да се разбудите. Особено во недела.rn

    8. Спијте

    rnБуквално спијте. Прегрнете се со партнерот и одморете се неколку часови.rn

    9. Впуштете се во некој длабок разговор

    rnОва е релативен поим, но дефинитивно постојат теми кои ќе ве држат будни цела ноќ. Замислете да ја барате смислата на животот веднаш по будење.rn

    10. Борба со перници

    rnРазбудете го детето во себе и борбата може да почне!rnrnЗа вашиот нареден состанок, погледнете ги овие романтични и креативни идеи.

  • 13 необични работи што ги прават интровертите

    13 необични работи што ги прават интровертите

    Интровертите се луѓе кои уживаат во осаменоста. Тие имаат потреба да се тргнат од сите социјални интеракции што понекогаш е предност за нив. Оваа осаменост им дава време и простор за размислување за некоја ситуација и за наоѓање на некој проблем. Погледнете некои од „чудните“ работи што ги прават интровертите.rnrn13-neobichni-raboti-koi-gi-pravat-introvertite-kafepauza.mkrn

    1. Долг викенд без планови

    rnДремката е првото нешто што им паѓа на ум. Топло ќебенце и затемнета просторија – совршено.rn

    2. Откажана забава

    rnСерии, филмови, видео игри… никогаш не им е здодевно со себе.rn

    3. Цел ден поминат со миленичето или со добра книга

    rnТие ја обожаваат тишината.rn

    4. Слободно време за мечтаење

    rnМечтаењето и фантазиите се извор на креативност и решенија. Денешното општество бара социјализација и врева, но некои од најдобрите идеи не се создадени овде, тие се раѓаат во тишината и осаменоста. Дали сте знаеле дека Стив Возниак, самопрогласен интроверт, со месеци работел сам и го креирал она што подоцна станало првиот компјутер на Епл.rn

    5. Опција за пишување имејл на некоја компанија наместо телефонски повик

    rnИнтровертите не сакаат да разговараат, па за нив е вистинска добивка кога можат да контактираат некого преку имејл или порака наместо преку телефон.rn

    6. Состанок со себе

    rnИнтровертите уживаат во своето друштво. Дали е тоа одење во кино или во книжарница, па дури и истражување на градот, тие обожаваат да бидат сами.rn

    7. Игнорирање на телефонот

    rnТие понекогаш немаат енергија да се справуваат со сите пораки и имејлови.rn

    8. Хобија и време за спиење како на старец

    rnИнтровертите се „стари души“. Тие сакаат да шијат, да везат, да цртаат и да прават што било што ја буди нивната креативност.rn

    9. Одење на шопинг, но сами

    rnЗа нив купувањето со пријатели е стресно. Пријателите може да ги натераат да купат работи што не им се потребни, постојано се грижат кому му е забавно, а кому здодевно, мораат да пробуваат облека пред нив… интровертите не уживаат во тоа.rn

    10. Останување дома со партнерот наместо одење во некој гласен бар

    rnТие сакаат да разговараат без врева во позадина.rn

    11. Долго возење

    rnТие сакаат да се возат сами бидејќи тоа им дозволува да размислуваат и да ја пуштат музиката која тие ја сакаат.rn

    12. „Полнење“ после долг ден поминат во социјализирање

    rnГужвата ги изморува интровертите. После секое дружење тие имаат потреба да бидат сами.rn

    13. Пишување

    rnЗа нив е многу полесно да се изразат преку пишување наместо зборување. Тие го сакаат пишувањето бидејќи не се обраќаат директно некому и за нив тоа е најинтимната форма на комуникација. Тие исто така многу внимателно одбираат што ќе кажат, па пишувањето им дава време да размислат за тоа. Поради ова, интровертите се едни од најдобрите писатели, а овде спаѓаат Вилијам Шекспир, Толкин, па дури и Џ. К. Роулинг.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте интроверт.

  • 9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизија

    9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизија

    Просечниот човек гледа телевизија по 4 часа на ден. Пресметајте колку потрошени часови се тоа на неделно ниво! А на месечно? Можете ли да си го замислите животот без телевизија? Ова се 9-те работи што ќе ви се случат доколку решите да се откажете од оваа бескорисна навика…rnrn9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизијаrn

    1. Прво, нема да имате поим што да правите со себе

    rnЌе имате многу слободно време и на почетокот нема да знаете како да го искористите. Цело време ќе го чепкате телефонот и ќе проверувате дали сте добиле нова порака.rn

    2. Ќе мислите дека немате за што да разговарате

    rnМислевте дека ако излезете со пријателите ќе успеете да ја одбегнете телевизијата, но тогаш сите почнуваат да зборуваат за најновата епизода на „Игра на тронови“, а вие немате поим за што се работи и се чувствувате изоставени.rn

    3. Но, тогаш ќе сфатите колку многу слободно време имате

    rnЗамислете си што сѐ можете да направите за тие 5 часа дневно што претходно сте ги трошеле на гледање телевизија! Конечно можете да научите да свирите на некој музички инструмент, да го средите плакарот или да одите на пилатес. Можностите се бесконечни!rn

    4. Можеби ќе паднете во искушение

    rnСи ветивте дека ќе се откажете од телевизија. Но, тогаш слушнавте дека новата епизода од „Живи мртовци“ е навистина одлична и си помисливте дека не е ништо страшно доколку ѕирнете што се случило. Одлуката останува на вас, но размислете за момент колкава контрола има телевизијата врз вас.rn

    5. Ќе прочитате многу книги

    rnПознати ви се оние романи што ви фаќаат прашина на полиците и никако не успевате да ги прочитате поради некоја непозната причина? Зграпчете го денот! Сега е време да го направите тоа! Можеби конечно ќе ја довршите „Војна и мир“ од Толстој.rnrn9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизијаrn

    6. Подобро ќе спиете

    rnГледањето телевизија половина час пред да си легнете можеби ви се чини безопасно, но според експертите тоа го нарушува квалитетот на сонот. Сината светлина од телевизорите и компјутерите го намалуваат лачењето на мелатонин во вашето тело, што може да ви предизвика проблеми со спиењето.rn

    7. Можеби ќе започнете ново хоби

    rnКога ќе си дојдете од работа, наместо да се наместите пред телевизорот, сега ќе можете да правите нешто многу покорисно. Можете да се запишете на јога или да почнете да изучувате некој странски јазик. Ќе бидете толку зафатени со новите предизвици со кои ќе се соочувате што сосема ќе заборавите дека сте ја пропуштиле најновата епизода од вашата омилена серија.rn

    8. Ќе стекнете нови пријатели

    rnАко во вашето друштво се зборува само за она што се случува во куќата на Големиот брат, проширете го кругот на пријатели и најдете луѓе со кои ќе можете да зборувате и на други теми. Како на пример за сите оние книги што ги имате прочитано.rn

    9. Со текот на времето ќе го пронајдете совршениот баланс

    rnОткако ќе се ослободите од вашата зависност од гледање телевизија, одберете неколку серии кои ги обожавате и постепено вратете ги во вашиот распоред. На овој начин ќе направите разлика помеѓу работите што навистина ви се допаѓаат и емисиите што ги гледате само затоа што немате попаметна работа. Разумното гледање телевизија е најдобро.

  • 13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

    13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадата

    Понекогаш имате само неколку минути одмор во денот, а понекогаш не знаете што да правите по цел ден. Во овие моменти сакате само да се опуштите и да не размислувате за ништо. Но, доколку повеќе ја сакате рекреацијата отколку релаксацијата, тогаш погледнете ги овие веб-сајтови кои имаат само една задача: Да тепате време на Интернет.rn

    1. Пукање обвивка со воздушни балончиња

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnMariemarie е едноставен веб-сајт кој ви дозволува да ја правите омилената активност: Да пукате воздушни балончиња на пластичните обвивки за пакување. Единствените маани се што нема тактилно чувство како вистинското пукање на балончињата, што е и главната причина зошто луѓето го прават тоа, и звукот на пукањето е доста гласен. Но, затоа има и една голема предност: Играта нема крај и можете постојано да пукате нови обвивки.rn

    2. Правење цртани филмови

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnDvolver е бесплатен веб-сајт кој ви овозможува да правите анимирани филмови со селекција на најразлични ликови, позадини, сценарија и да куцате наративи и текст за ликовите да зборуваат. Кога ќе биде готова, анимацијата можете да ја испратите до вашите пријатели по имејл и што е најдобро, не мора да основате свој профил за да почнете со користење.rn

    3. Посакување желба

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnPush A Wish е веб-сајт кој ви дава шанса да посакате желба додека паѓа ѕвезда. Креаторите велат дека за да ви се исполни желбата, сѐ што ви е потребно се ѕвездата и облаците. Сајтот ви честита секогаш кога вашата ѕвезда ќе падне и ви нуди опција да се обидете уште еднаш.rn

    4. Играње со вода

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnWebGL Water е веб-сајт што се состои од мал сад полн со вода и топка која плови во него. Им дозволува на луѓето да ја ротираат камерата во која било насока, да ѝ пркосат на гравитацијата, да ја насочат светлината и да ја паузираат анимацијата. Играјте со топчето за да слушнете реалистични звуци на вода која прска наоколу.rn

    5. Покажување лице

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnTurn Your Name Into A Face е веб-сајт кој зборува сам за себе, опишувајќи ја својата цел совршено. Едноставно внесете го своето име или името на своите пријатели и тоа ќе го претвори во смешно, пикселирано лице.rn

    6. Играње со топчиња

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnBall Pool е веб-сајт со едноставна игра каде треба да ги движите топчињата по екранот. Примитивна, а сепак забавна, оваа анимација сигурно ќе ви помогне да потрошите неколку минути од времето.rn

    7. Слушање на звуците на дождот во кафуле

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnRainy Cafe е веб-сајт кој се состои од кафуле во кое седите и пиете некој освежувачки пијалак додека го слушате дождот. Можете слободно да го менувате волуменот на различните звуци.rn

    8. Цртање неонски вртлог

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnNeon Flames е необичен веб-сајт кој ви овозможува да создавате неонски вртлози со помош на 8 бои и екстензивен сет од параметри. Можете да го зачувате свето дело со симнување на цртежот.rn

    9. Чувство како да сте хакер

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnHackerTyper е веб-сајт кој ќе ви помогне да изгледате како хакер, програмер и компјутерски гениј преку интересен хакерски симулатор и екран со кодови. Сѐ што треба да направите е да куцате рандом букви, бројки и симболи.rn

    10. Неактивност

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnDo Nothing For 2 Minutes е веб-сајт кој ви овозможува да ги слушате морските бранови на 2 минути и да го одморите мозокот од напорната работа.rn

    11. Цртање со песок

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnThis is Sand е веб-сајт кој ви дозволува да создавате неверојатни пејсажи со песок. Притиснете го левото копче на глувчето за да создадете одредена количина песок и да цртате со неа со тоа што двојно ќе кликнете.rn

    12. Лупање врата

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnBig long now е сервис создаден за оние луѓе кои сакаат да ги смират нервите со тоа што силно ќе ја затворат вратата.rn

    13. Направете сѐ да е во ред

    rn13 необични и интересни веб-сајтови кои ќе ви помогнат да се ослободите од досадатаrnrnОва е веб-сајт кој ви овозможува со кликањето на едно копче да го подобрите квалитетот на животот. Пробајте. Можеби некогаш навистина ќе функционира.

  • 10-те најдобри работи што се случуваат кога сте сингл

    10-те најдобри работи што се случуваат кога сте сингл

    Да се биде сингл, сам и слободен не значи да се биде осамен ниту пак дека не се знае ништо за љубовта. Напротив, да се биде сингл значи да се знае доволно за љубовта за да се чека вистинската личност и да се има доволно време да ги сортирате приоритетите пред да запловите во нови љубовни води. Во продолжение прочитајте ги 10-те работи што се случуваат кога сте сингл, според мислењата на читателите.rnrn10-те најдобри работи што се случуваат кога сте синглrnrn1. Нови средби. Посетите во ресторантите, романтичните вечери, прошетките низ паркот, спортските настани, музеите, кината и театрите можат да бидат многу забавни и возбудливи кога ги поминувате со потенцијален љубовен интерес.rnrn2. Флертување. Да се биде сингл значи да можете да флертувате со кого сакате без да чувствувате вина и грижа на совест.rnrn3. Повеќе слободно време. Ова е периодот кога можете да прочитате една од омилените книги, да научите некој нов рецепт, нов јазик… Листата е бесконечна.rnrn4. Повеќе време за пријателите. Вечерните и попладневните излегувања со пријателите имаат сосема нов дух кога сте сингл.rnrn5. Нема расправии. Да се биде сингл значи да не бидете повеќе лути и разочарани во денот поради расправијата со партнерот.rnrn6. Повеќе спиење. Многу жени велат дека кога се забавуваат со некого, спијат помалку. Затоа, сега е шансата да го надоместите изгубениот сон.rnrn7. Нови симпатии. Нема да се радувате на првиот бакнеж со некој кој ви се допаѓа, доколку сте во врска.rnrn8. Немате обврски. Сакате да патувате? Да добиете унапредување во друг град? Да учите во странство? Кога сте сингл, немате проблем сами да одлучите за начинот на кој ќе се одвиваат работите. Имате право на слободен избор без да се каете, да ви е жал и без логистички главоболки.rnrn9. Фокусирање на нови цели. Кога не се посветувате на одржувањето на стабилна и функционална врска, тогаш имате време да ја пренасочите енергијата кон остварувањето на своите цели како што се подобрувањето на физичката кондиција, напредок во кариерата и слично.rnrn10. Бескрајни можности. Возбудливо е да не се знае што носи иднината на љубовен план, но и општо за животот.

  • Живејте го животот во полн ек: Науката вели дека спонтаните луѓе најмногу се забавуваат

    Живејте го животот во полн ек: Науката вели дека спонтаните луѓе најмногу се забавуваат

    Постојат луѓе кои го организираат секој момент од својот живот. На пример, кога ќе одлучат да одат на патување, тие сакаат да ги испланираат сите свои активности. Од друга страна пак, постојат и луѓе кои сакаат работите да ги прават спонтано, на пример такви кои го импровизираат своето патување и искусуваат работи кои никогаш не очекувале да ги видат или искусат.rnrnЖивејте го животот во полн ек: Науката вели дека спонтаните луѓе најмногу се забавуваатrnrnЕдно ново истражување од факултетот за бизнис Олин, дел од Универзитетот Вашингтон, ни предложува дека доколку сакате да се забавувате, тогаш најдобро е ако ги оставите сите планери и календари настрана. Габриела Тонието, кандидат за докторат во областа на маркетингот и Селин Малкоч, професор по маркетинг, спровеле 13 социјални експерименти за да проучат како луѓето го поминуваат и искусуваат слободното време. По спроведените истражувања, резултатите покажале дека кога слободното време било планирано, се зголемиле очекувањата, но се намалило уживањето.rn

    „Проучувајќи различни активности во слободно време, постојано откривавме дека планирањето може да направи луѓето да ги чувствуваат забавните задачи како работни задачи и да го намали уживањето“, вели Тонието.rnrn„Откривме и дека детерминантата на планирањето на слободното време произлегува од тоа колку структурирано е нашето време“, додава професорот Малкоч.

    rnКлучниот елемент во пронаоѓањето рамнотежа во планирањето и забавата е грубо да го планирате своето слободно време и активностите кои ќе ги правите во него. На пример, можете да планирате нешто за некој ден без да одредите конкретно време. Со тоа знаете дека активноста е сѐ уште вклучена како план за денот, но ја држите флексибилна бидејќи немате одреден час за нејзиното извршување. Така, правите таа да изгледа повеќе како нешто забавно отколку како работна обврска.rn

    „Со намалувањето на структурата на плановите, грубото планирање не прави слободното време да се чувствува повеќе како работа и со тоа не се намалува ниту уживањето“, објаснува професорот Тонието.

    rnНо, не заборавајте дека не треба секогаш да бидете безгрижни и спонтани, посебно за оние настани кои имаат голема важност за вас и вашиот живот. Понекогаш е добро да се има план, бидејќи така ќе ја зголемите вашата продуктивност. Затоа обидете се да го балансирате своето време и сѐ ќе биде во најдобар ред.rn

    „Од друга страна, заклучивме дека планирањето ни помага подобро и побрзо да ги завршиме работите. Но, штом ќе го сториме тоа, обично уживаме помалку“ заклучува професорот Малкоч.