КАФЕ ПАУЗА

Tag: слободно време

  • Авантурите на една мува

    Авантурите на една мува

    Како мувата го поминува слободното време, ќе ви откријат фотографиите на Белгиецот Николас Хендрикс, кој себеси се нарекува перфекционист со големо трпение. Хендрикс, овие зборови ги оправдува преку следните негови дела, за кои тврди дека не се фотошопирани…Господинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантуриГосподинот Мува и неговите авантури
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавни опции на Google Earth

    Забавни опции на Google Earth

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnДобро е познато дека Google Earth може да ве одведе до која било локација во светот, но малкумина знаат дека во оваа апликација се вградени уште неколку опции кои ја прават уште позабавна. Со неа може да се одлета и во вселената, или пак да се разгледува морското дно, да се прошета по некој град…rnrnАко имате доволно слободно време за трошење на заразниот Google Earth, на левата страна од прозорецот чекирајте ги полињата Street View, 3D Buildings, Ocean, Places of Interest и Terrain, и слободно впуштете се во виртуелна авантура преку следните опции.Забавни опции на Google Earthrn

    Истражувајте ја вселената

    rnНе очекувајте дека истражувајќи ја вселената со Google Earth ќе успеете да најдете вонземски живот, но барем можете да ги разгледувате планините, кратерите и кањоните на Марс и на Месечината. Треба само да кликнете на црвената планета на лентата со алатки и да изберете што сакате да истражувате. Ако сепак забележите некое чудно суштество, веднаш алармирајте ја НАСА. :)rn

    rn

    Истражувајте го морското дно

    rnВо менито Tools кликнете на Options. Ќе се отвори прозорец во чиј долен дел стои опцијата Terrain Quality, каде што лизгачот треба да го наместите на Higher. Потоа упатете се кон кој било дел од морското дно и истражувајте. Ќе наидете на подводни кањони и вулкани, а на одредени места се поставени и фотографии и видеа од морското дно.rn

    rn

    Поглед во историјата

    rnСо оваа опција можете да разгледувате како изгледала одредена локација пред извесно време. Впишете ја локацијата во полето Fly to и потоа зумирајте. Доколку оваа опција е достапна за вашата локација, во долниот дел на прозорецот ќе се појави број кој ја означува годината. Кликнете на него, а потоа со лизгачот во горниот дел на прозорецот изберете ја годината од која сакате приказ.rn

    rn

    Прошетка по улиците

    rnGoogle Earth дава не само мапи, туку и можност за вистинска прошетка низ одредени локации. Впишете го името на локацијата и откако ќе стигнете до неа, малото кафеаво човече на десниот дел однесете го на улицата по која сакате да „прошетате“. Потоа користете го курсорот за да се движите низ градот.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.