КАФЕ ПАУЗА

Tag: слободно време

  • Единственото нешто на кое вреди да се трошат пари

    Единственото нешто на кое вреди да се трошат пари

    Велат дека среќата со пари не се купува. Освен ако парите не ги искористите за да го купите ова. Една нова студија спроведена од Универзитетот во Британска Колумбија, вели дека трошењето пари за повеќе слободно време може да ве направи среќни.rnrnЕдинственото нешто на кое вреди да се трошат паритеrnrnНаучниците им дале на испитаниците повеќе хипотетички избори, како на пример: „Дали повеќе би сакале да имате скап апартман кој се наоѓа блиску до работното место или евтин апартман во предградието кој бара редовно патување до работното место?“ или „Дали повеќе би сакале да имате добро платена работа со подолго работно време или работа која носи помала плата, но ви овозможува повеќе слободно време?“rnrnВо продолжение, на една група испитаници им бил даден реален избор помеѓу 50 долари во кеш и ваучер за чистење на домот во вредност од 120 долари.rnrnИстражувачите заклучиле дека луѓето кои биле подготвени да се откажат од парите по цена на: поголемо работно време – поблиско работно место, помалку работни часови и помалку обврски – биле посреќни. Зошто? Бидејќи слободното време овозможува да се прават повеќе забавни и рекреативни работи. Дури и кога некој би имал милиони и милиони долари, за што би му вределе, ако нема време да ужива во нивното трошење?rnrnСепак, многу од испитаниците го направиле спротивниот избор – приоритетни им биле парите пред времето. Повеќе би сакале да ги потрошат нивните викенди чистејќи го домот или поправајќи ги расипаните предмети, наместо да најмат чистач или мајстор. Го избрале индиректниот лет за да заштедат 100 долари, но на сметка на 6+ часа од нивниот живот потрошени во патување.rnrnСе разбира, добро е и паметно да ги штедите парите и да не ги трошите на непотребни удобности. Но, вреди да се запомни дека она што навистина го прави еден човек среќен, кога станува збор за оваа тема, е кога тој човек ќе си го создаде и оформи сопствениот буџет. Парите треба да се трошат помалку на материјални добра, а повеќе на услуги кои го олеснуваат животот, бидејќи, со таа дополнителна сметка за чистачите на домот, можат да се купат и дополнителни 5 часа поминати со семејството и пријателите – а тоа е бесценето.

  • 10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и приватниот живот

    10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и приватниот живот

    Секој сака да постигне совршен баланс меѓу работата и личниот живот, но ретко кој го постигнува. Најчесто или страда работата или нашите врски со блиските, семејството и нашето слободно време. Ова се 10 знаци кои покажуваат дека вие сте дел од оние кои умешно балансираат меѓу работата и личниот живот.rnrn10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот животrn

    1. Јасно ви се зацртани приоритетите

    rnСо тоа што приоритетите ви се назначени, многу полесно носите одлуки и полесно се справувате во трката со времето. Со тек на време, приоритетите ви се менуваат или варираат, но вие секогаш знаете соодветно да ги вреднувате работите и си поставувате јасни приоритети.rn

    2. Знаете да речете „не“

    rnОва е можеби најтешката лекција за да го совладате менаџирањето на сопственото време. Велењето „не“ е најтешка работа за некои луѓе, но не и за вас. Иако не сакате да ги разочарате другите и сакате несебично да се вложите, сепак знаете дека не е изводливо да бидете присутни секаде и секому да му направите услуга. Наместо тоа вие проценувате и знаете кога да кажете „не“.rn

    3. Свесни сте дека овој баланс не може да го поостинете секогаш

    rnИако се трудите да ги избалансирате нештата, и самите признавате дека нема секогаш да владеете со овој совршен баланс, некогаш ќе потфрлите и некоја страна ќе пострада, но тоа е нормално и човечки. Не може секогаш да бидете совршен родител и вработена личност. Ќе има денови кога едноставно ќе мора на нешто да обрнете повеќе внимание и вие го прифаќате тоа.rnrn10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот животrn

    4. Знаете дека самото присуство не секогаш е продуктивно

    rnСвесни сте дека вашето седење и присуство некаде не значи дека ќе вроди со плод, токму затоа умешно ги избегнувате непродуктивните ситуации секогаш кога можете.rn

    5. Успешно ја распоредувате вашата енергија

    rnЗнаете дека кога ќе завршите на работа не е завршен и целиот ваш ден. Токму затоа постојано изнаоѓате начини кои ќе ви заштедат енергија или ќе ви ја даруваат потребната енергија. Така ви останува енергија за вашето семејство кога ќе се вратите од работа.rn

    6. Институцијата/фирмата за која работите знае дека имате сопствен живот

    rnНе сте заглавени во големи корпорациски гиганти кои бараат од вас безрезервно да се жртвувате. Напротив, многу од вашите колеги имаат партнер и деца и дозволено ви е да имате свој живот настрана од работата.rnrn10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот животrn

    7. Вежбате макар неколку пати неделно

    rnКолку повеќе трошите енергија, толку повеќе добивате. Вие едноставно не застанувате. Вежбањето ве одржува во форма и токму затоа успевате во овој баланс.rn

    8. Наоѓате време за она што го сакате

    rnКако топла купка, читање книга, прошетки во природа и се разбира, вашето хоби. Едноставно одвреме-навреме целосно ѝ се препуштате на вашата омилена активност исто како надворешниот свет да не постои.rnrn10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и личниот животrn

    9. Вистински ги користите деновите за одмор

    rnКога ќе најавите дека одите на одмор тоа значи дека ќе бидете исклучени, недостапни, ќе му се посветите на вашето семејство и максимално ќе се релаксирате.rn

    10. Користите алатки и апликации кои ви помагаат да бидете попродуктивни

    rnГи има безброј, а вие веќе имате развиено шема која ви одговара вам. Продуктивноста е ваша јака страна и горди сте на тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини да си го пополните слободното време

    5 начини да си го пополните слободното време

    Денешниот брз начин на живот нè прави да се чувствуваме како затворени во кафез. Сите ние имаме огромен број обврски кои се врзани со многубројни рокови. Но, верувам дека и најзафатениот човек може да одвои по некој саат во денот за себе и своето здравје. Во продолжение, совети кои вам ви се добро познати, но убаво е да ве потсетиме:rnrn0-5-nachini-da-si-go-popolnite-slobodnoto-vreme-kafepauza.mkrn

    1. Не правете ништо

    rnЗнам, чудно звучи. Ова е всушност животно мото на многу мрзливи луѓе. Но зборувам за слободното време на оние кои неуморно работат. Во тој случај е потполно потребно. Тие треба да си дозволат ментална релаксација и едноставно да го ослободат умот. Таквата ослободена состојба на умот има исцелувачки ефекти.rn

    2. Медитација

    rn1-5-nachini-da-si-go-popolnite-slobodnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnНе е потребно да се има удобна и смирена атмосфера за дневна медитација. Дури и кратките медитации во текот на денот може да бидат од голема корист. Може да медитирате речиси секаде, затоа што единственото нешто што ви е потребно е вашата глава.rn

    3. Музика

    rn2-5-nachini-da-si-go-popolnite-slobodnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnМузиката е најдобриот начин да го поминете времето и да се чувствувате задоволно. Ако сте зависник од музика, тогаш едноставно пуштете ја вашата омилена музика, која има моќ да ве инспирира, да ве мотивира да мислите позитивно и да бидете продуктивни.rn

    4. Прочитајте некоја добра книга

    rnLibrary with a book ladder and lamprnrnЧитањето отсекогаш бил најпаметниот начин да го поминете слободното време. Човечката глава е како голем театар, со многубројни мисли и слики. Со помош на книга можете да влезете во еден свет на фикција каде ќе можете да ја почувствувате атмосферата на епохата и емоциите на ликовите. Исто така, читањето е омилена активност на ментално богатите и високо интелигентни луѓе. Ако сè уште мислите дека читањето е старомоден начин на развој на себе, тогаш многу грешите.rn

    5. Вежбајте

    rnНаправете неколку вежби секој пат кога ќе имате слободно време. Тоа ќе биде најдобар подарок за вашето тело. Физичките вежби го зголемуваат протокот на крв во вашите мускули и органи. Дури и пет минути вежбање ќе ве натера да се чувствувате подобро.

  • Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

    Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

    Новогодишните и божиќните празници се совршено време во кое можеме да се одмориме и да поминуваме повеќе време со најблиските, но тие исто така се и одлични кога станува збор за почнување на нова ТВ серија или пак, за догледување на оние епизоди за кои сме немале време претходно. Започнувајќи од прекрасната „Outlander“, па сè до урнебесната „Black-ish“, погледнете ја оваа листа од 15 серии и најдете ги оние чија приказна најмногу ви одговара на вашето моментално празнично расположение…rn

    1. Туѓинец (Outlander)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnПриказната ја следи Клер Рандал, воена сестра од 1945 година која е во брак со Френк. Таа на нивниот втор меден месец, по завршувањето на војната, мистериозно ќе биде повлечена низ времето, во далечната 1743 година во Шкотска. Таму нејзиниот живот постојано ќе виси на конец, сè додека не го запознае младиот војник Џејми Фрејзер кој ќе го освои нејзиното срце и со тоа ќе ја стави Клер во средината на незамислив љубовен триаголник.rnrnrn

    2. Аферата (The affair)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnОваа ТВ серија ги следи психолошките ефекти на аферата помеѓу келнерка во брак која работи во ресторан во Хемптонс и професор кој го поминува летото на имотот кој го поседуваат родителите на неговата сопруга. Одмотувањето на приказната (секогаш едноподруго раскажувана од перспектива на двата главни лика) открива нешто многу посериозно од летната жешка забранета љубов.rnrnrn

    3. Вистински детективи (True Detectives)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnПриказната го следи животот на двајца детективи, Раст Коул и Мартин Харт, чиј живот се испреплетува за време на 17-годишната потрага по сериски убиец во Луизијана.rnrnrnrn

  • Зошто читањето книги е најдобриот начин да го поминете слободното време?

    Зошто читањето книги е најдобриот начин да го поминете слободното време?

    Нема ништо поубаво од мирисот на нова книга и еден цел нов свет што чека да биде откриен. Простор со нови места, нови ликови, чии искуства ќе останат врежани во вашиот ум и фантазија. Активност која ќе ве направи поемпатични, позрели и секако, поинтелигентни. Па, доколку имате слободно време зошто да не се одлучите да прочитате една добра книга? Еве ги причините зошто тоа би бил најдобриот избор за вас.rnrn(0) zoshto-chitanjeto-na-knigi-e-najdobro-pominato-slobodno-vreme-kafepauza.mkrn

    Повеќе читање, поубаво изразување

    rnЧитањето книги ќе доведе до полесно акумулирање и зголемено разбирање на граматиката, вокабуларот и реченичната структура на еден јазик. Потсвесно, вашиот ум ќе го поврзе она што сте го прочитале со начинот на кој се изразувате и несомнено ќе бидете поелоквентни и ќе звучите покултурно.rn

    Читањето е учење

    rnИ додека фаќањето белешки на мошне досадните предавања на факултет, прават да заспиете, не грижете се бидејќи постојат и други начини да дојдете до информациите кои вас ви се интересни и сметате дека се важни. За момент, оддалечете се од строго предвидениот материјал за учење и побарајте книга, во која истата тематика е разработена на многу поразбирлив и интересен начин. Не велиме дека ќе се забавувате читајќи книги за историја или економија, но барем ќе сфатите дека секогаш постои алтернатива и дека ништо не е изгубено.rn

    Читањето е секси

    rnНавистина, има нешто толку неодоливо кога ќе здогледате некој со кафенце, книга в рака, како ужива во сопственото друштво и се труди љубопитно да дознае нешто ново. Сфаќате дека постојат и други како вас, кои читањето книги ги прави да се чувствуваат удобно во сопствената кожа, несвесни за тоа колку интелигентно и привлечно изгледаат.rn

    Читањето води кон интроспекција и самооткривање

    rnНекои книги се повеќе од едноставна забава и едукација. Постојат дела кои ви ги отвораат очите и срцето за нови досега неоткриени територии, хоризонти и начини на размислување. На пример, кога се чувствувате изгубено и безнадежно, читајте за нечие успешно животно патување, кое можеби ќе ви даде нови насоки и начини за справување со проблемот. Ова не значи дека ќе веднаш ќе дојдете до конечно решение, но секако ќе ви биде од огромна помош.rn

    Читањето е уживање

    rnЧитањето не треба да претставува товар, туку уживање. Можеби нема да ви го промени светот, но ќе ве направи поотворени за пофлексибилни сфаќања и размислувања. Ќе ве натера поубаво да го разберете светот, животот и самите себеси. Придобивките можеби нема да ги почувствувате веднаш, но со текот на времето ќе станете свесни и ќе бидете благодарни што дел од времето сте одвоиле за читање и учење нешто ново.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршена фотелја за љубителите на книги

    Совршена фотелја за љубителите на книги

    Во денешно време ни се чини дека луѓето живеат со своите лица постојано вперени во електронските уреди. Иако слободното време најголем дел од нас веќе не го минуваат дружејќи се со книгите, постојат вистински и верни обожаватели кои никогаш не би се откажале од нив. Ова е вистинската фотелја за сите нив.rnrn1-sovrshena-fotelja-za-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mkrnrnДизајнерите на фотелјата од StudioTilt ја дизајнирале оваа фотелја во доста практичен и минималистички стил со цел вистински да уживаат оние кои слободното време го минуваат читајќи. На две страни од фотелјата има држачи за весници, додека на третата има полици за книги и место за вашата шолја кафе.rnrn2-sovrshena-fotelja-za-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mk6-sovrshena-fotelja-za-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mk 5-sovrshena-fotelja-za-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mk7-sovrshena-fotelja-za-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mk 8-sovrshena-fotelja-za-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mk3-sovrshena-fotelja-za-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mk 4-sovrshena-fotelja-za-ljubitelite-na-knigi-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 работи во животот за кои мора да бидете искрени кон себеси

    7 работи во животот за кои мора да бидете искрени кон себеси

    Сите ние понекогаш знаеме да лажеме, но што се случува кога се залажуваме самите себе? Што ако ги игнорираме проблемите и предизвиците, нашите штетни навики кои не ни носат ништо добро? Ова се 7 работи за кои секогаш мора да бидеме искрени кон самите себе.rnrn7 работи во животот за кои мора да бидете искрени кон себесиrn

    1. Вашите скриени задоволства

    rnСекој од нас има по некое скриено задоволство, за кое иако знае дека на некој начин му штети, продолжува да ужива во него. На пример продолжувате да пушите иако сте биле предупредени од медицинско лице, а на вашите пријатели им велите дека „палите по некоја“ за време на викендите – вистината е дека пушите по една кутија на ден. Клучно е да престанете да се залажувате самите себеси и сериозно да се соочите со проблемот како и со можните последици. Доколку гледате дека некоја навика ви штети, земете си обврска да направите важни промени.rn

    2. Вашите битки и стравови

    rnКолку повеќе бегате од вашите проблеми и стравови, толку поголеми стануваат и изгледа дека се сè потешки за решавање. Соочете се со вашите стравови. Од каде потекнуваат? Зошто се чувствувате така како што се чувствувате? Секогаш најдобар начин да ги победите предизвиците во животот е соочувањето со истите. Не бегајте од она што го чувствувате, колку и да се обидувате никогаш нема да успеете да го потиснете во себе. Бидете искрени за вашите чувства, пишувајте дневник во кој ќе ги искажувате вашите емоции, побарајте совет од пријател или член на семејството, искажете го она што го чувствувате и веднаш ќе ви олесни.rn

    3. Вашето слободно време

    rnБидете искрени, колку слободно време имате? Како го минувате? Во просек, еден човек во Америка поминува неверојатни 34 часа неделно гледајќи телевизија. Интернетот и телевизијата буквално го „јадат“ нашето слободно време и завршуваме со сознанието дека воопшто не сме биле продуктивни. Најдете креативен и продуктивен начин за минување на слободното време и правете нешто што ве исполнува.rn

    4. Вашето здравје

    rnЗдравјето е дефинитивно тема на која мора да бидете искрени самите со себе. Дали имате проблеми со здравјето, дали се храните добро, дали вежбате? Здравјето не смее да се запоставува, а залажувањето дека е сосема во ред тоа што јадете брза храна премногу често, нема да ви донесе ништо добро.rn

    5. Вашата работа

    rnМногумина се заглавени работејќи нешто што не им се допаѓа и не им е по мерак. Вашата работа треба да ве прави среќни и да ве исполнува. Доколку не го согледате тој факт, може да го минете животот градејќи кариера која потполно ве исцрпува, не ви носи среќа, ниту пак го истакнува најдоброто кај вас. Тешкото прашање е како ќе ги платам сметките ако дадам отказ? Не мора веднаш да дадете отказ. Во меѓувреме почнете интензивно да барате друга работа или пак запишете се на курс кој ќе ги надгради вашите знаења на полето кое ве интересира. Може вашата омилена професија за почеток да ви биде само хоби додека не се снабдите со доволно средства и можности за да ви стане постојана работа.rn

    6. Вашето семејство

    rnНе го бирате вашето семејство. Тоа ви е дадено од Бога, но тоа не значи дека треба да трпите секакво однесување. Доколку некој член на вашето семејство ви го отежнува животот, не игнорирајте ја таквата ситуација. Отворено разговарајте за проблемот или пак најдете начин да се оддалечите од личноста онолку колку што можете. Од друга страна бидете искрени колку добро и правилно вие се однесувате со останатите членови од вашето семејство.rn

    7. Вашите навики

    rnНашите секојдневни навики и рутини нè прават она што сме. Кога ќе зацртате некаква цел, фокусирајте се на вашите секојдневни напори за нејзиното остварување. Бидете искрени, дали со вашите секојдневни навики придонесувате за ваше унапредување на некое поле во животот? Дали будењето доцна напладне и пропуштањето на предавањата на факултет позитивно влијае на вашата иднина? Дали навиката да доцните на работа може да резултира со задржување или унапредување на работното место?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 одлични и продуктивни начини да го пополните слободното време

    6 одлични и продуктивни начини да го пополните слободното време

    Важно е да се има хоби и здрава навика која ќе ви помогне да ги проширите своите знаења и интереси, како и да ја зголемите вашата заработка. Ова се 6 здрави навики и хобија кои ќе ви помогнат да се надградите како личности.rnrn6 одлични и продуктивни начини да го пополните слободното времеrnrn

    1. Читање книги

    rnЧитањето нуди безброј придобивки, меѓу кои проширување на знаењата, интересите, вокабуларот, како и ослободување од стресот. Доколку читањето е ваше хоби и читате со задоволство, тоа ваше хоби ве прави да бидете секогаш жедни за повеќе знаења и информации. Ви помага да го збогатите вокабуларот и ја поттикнува имагинацијата и креативноста. Доколку не сте читале многу досега, започнете со пребарување рецензии и препораки, и откријте го вашиот омилен жанр, како и автор. Забавата е загарантирана.rnrn6 одлични и продуктивни начини да го пополните слободното времеrnrn

    2. Шетање кучиња

    rnДоколку немате ваше милениче, вдомете кученце за кое ќе се грижите, или пак договорете се со пријател да го шетате неговото. Не само што секојдневно ќе пешачите, туку ова хоби ќе ве направи сè понежни и почувствителни како што ќе минувате повеќе време со животните. Оваа кардиоваскуларна активност ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да го искористите слободното време посветувајќи љубов и внимание на некој друг, а тоа ќе ви годи многу.rn

    3. Одржувајте блог

    rnБлоговите се како лични дневници и споменари на 21-иот век. Вашите мисли, интереси и случки, може лесно да ги споделите со остатокот од светот. Ќе ги проширите своите видици и искуства и ќе стапите во контакт со луѓе кои ја делат истата страст како и вие. Плус, доколку станете навистина добри и посетувани, ќе имате можност да заработите нешто, а дополнителниот приход е секогаш добредојден. Најдоброто нешто е кога ќе успеете да заработувате од вашето хоби. Доколку умеете добро да готвите, нека биде блог за храна и рецепти, доколку патувате често, нека биде блог за патување, ако сакате да пишувате, направете писателски блог и сл.rnrn6 одлични и продуктивни начини да го пополните слободното времеrnrn

    4. Изработувајте сами

    rnПо стресниот ден, посветете се на вашето дело кое го изработувате рачно – нема подобар начин да се ослободите од стресот. Може да изработувате накит, слики или какви било предмети и украси. Може да ги подарувате на ваши блиски или да ги продавате.rn

    5. Обновување на стари предмети

    rnОдлично хоби кое ќе ви помогне да заработите плус пари, но и да заштедите. Пред да помислите да фрлите нешто, размислете дали може да го поправите или да го модифицирате за да го користите за друга намена. Почнете да работите на обновување на предмети и со тек на време ќе станете многу добри. Тоа може да биде сè, од облека, па до стари автомобили. Кој ќе ве запре?rn

    6. Печење торти и колачи

    rnМоже да започне како хоби, но кој вели дека во иднина не би заработувале? Дури може да отворите сопствена пекара или слаткарница. Но за почеток, препуштете му се на задоволството кое го носат мирисот на печен леб во вашата кујна и насмевките на вашите најблиски.rnrn6 одлични и продуктивни начини да го пополните слободното времеrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

    Како да се развеселите кога се чувствувате осаменo?

    Тоа што во моментот сте сами или се чувствувате осамено не мора да значи дека навистина сте препуштени сами на себе. Чувствувате дека сте сосем сами, здодевно ви е, почнувате претерано да размислувате, сите ваши пријатели се зафатени со своите животи, а дури ни времето не ви оди во прилог. Тоа не значи дека вие сте осамени личности, едноставно во моментот нема никој покрај вас. Ова се 10 одлични начини да се развеселите самите, а можеби и да откриете некоја нова страст.rnrnКако да се развеселите кога се чувствувате осаменo?rnrn

    Време е да станете рок ѕвезда

    rnrnОблечете се како вашата омилена музичка ѕвезда или идол, грабнете нешто што ќе ви послужи како микрофон и пејте дури гласот не ви засипне. Пеењето, танцувањето па дури и свирењето на некој инструмент ќе ви помогне да ја исфрлите целата негативна енергија. Не грижете се ако воопшто не сте талентирани на ова поле, секако никој не ве гледа.rnrnКако да се развеселите кога се чувствувате осаменo?rnrn

    Уживајте во тишината

    rnrnНекогаш и тишината е добра. Всушност во разбрануваните денови полни со обврски би дале сè за да можете макар 10 минути да поминете сами со својата тишина. Во тишината може да си ги чуете сопствените мисли. Искористете го ова време за медитација, па дури и ако тоа за вас подразбира само седење во тишина и слушање на ветрот.rnrn

    Разгалете се себеси

    rnrnВо овој момент целиот свет се сведува на вас. Никој не ве малтретира и не ви бара дел од вашето слободно време, па слободно разгалете се. Направете го она што вам ви причинува задоволство, без разлика што и да е тоа. Слободно може да почнете и сосем ново хоби.rnrnКако да се развеселите кога се чувствувате осаменo?rnrn

    Зацртајте си некаква цел

    rnrnМоже да станува збор за нов проект на работно поле или пак за некаква промена во вашиот изглед. Искористете го слободното време добро да го испланирате секој чекор, а првиот направете го токму денес. Најдете ја вашата инспирација во некој филм или книга што сте го/ја гледале или прочитале скоро. Изборот е огромен, а одлуката е ваша.rnrn

    Слободно бидете „несредени“

    rnrnОслободете се од сите притисоци дека сè мора да биде средено по мерка. Едноставно опуштете се, пуштете ја вашата омилена серија, останете по пижами, препуштете се на храната или пијалакот кој ви е сладок непријател. Можеби вино или чоколада?rnrn

  • Одберете хоби според хороскопскиот знак

    Одберете хоби според хороскопскиот знак

    Здодевно ви е и не знаете што да правите? Прочитајте како ѕвездите можат да ви помогнат да го одберете вистинското хоби.rnrnОдберете хоби според хороскопскиот знакrn

    Овен

    rnЕнергични и активни, овните речиси секогаш имаат потешкотии со истрајноста и ретко ги завршуваат започнатите работи. Вие важите за динамични спортисти кои се постојано активни. Но, својата креативност можете да ја изразите и преку различните стилови на танцување, како што се класичен или модерен балет, па дури и стомачен танц. Без разлика дали се работи за спортување или танцување, вие уживате да ги истражувате сите форми на вашето хоби.rn

    Бик

    rnБиковите со право го носат епитетот „земјен знак“. Заради вашиот голем интерес за цвеќиња и други растенија, вие едноставно обожавате да работите со земја. Може да се каже дека градинарството ви е омилено хоби. Едноставни, тивки и методични, вие уживате во тишината која ви ја овозможува градината. Садењето разни билки и зеленчук понатаму води до уште едно ваше омилено хоби – готвењето.rn

    Близнаци

    rnБлизанците имаат повеќе хобија. Брзо решавате да започнете некое хоби, но тоа за кратко време ви станува здодевно, па уште побрзо започнувате ново, оставајќи многу незавршени работи зад себе. Имате широк спектар на интереси и повеќе сакате да знаете многу различни нешта во целина, отколку да се задлабочите во одредена работа. Дел од вашите омилени хобија се читање, сложувалки, учење странски јазици и шах.rn

    Рак

    rnОна по што вие се издвојувате од другите хороскопски знаци е вашата неверојатна меморија за спомени од значајни настани и вашата страст за колекционерство. Пробајте сами да ги креирате домашните албуми. На тој начин уште еднаш ќе ги оживеете драгите спомени, а протокот на креативна енергија ќе ви помогне да се ослободите од емоционалната напнатост. Покрај фотографиите во албумот, додадете и по некоја влезница или нешто слично што дополнително ќе ве потсети на убавиот настан.rn

    Лав

    rnДалеку од срамежливи, вие знаете да бидете строги критичари. Вашиот идеализам е заразен. Познати сте по тоа што знаете како да ги импресионирате другите. Ако започнете да водите сопствен блог, тоа би можело да биде одличен начин за изразување на вашата креативност. Доколку пишувањето не ви е јака страна, обидете се со актерство. Талентот за драматичност кој го поседувате прави да изгледате како да сте родени за сцена.rn

    Девица

    rnИнтелигентните и аналитички девици имаат талент за постојано учење на нови нешта и одлична меморија за зачувување на информациите. Способни се да го пренесат своето знаење на најдобар можен начин и уживаат додека го прават тоа. Ако сакате навистина да ги тестирате своите умствени способности, играјте шах или заедно со пријателите организирајте мал турнир во шах доцна во ноќта.rn

    Вага

    rnВагите имаат талент за убавина и полни се со страст кон животот. Тоа е совршената комбинација која ќе ви помогне да го развиете и негувате интересот за фотографирање. Запишете се на курс за фотографија или едноставно само фотографирајте го она што ве инспирира. Вашето прецизно набљудување и способноста за точно одредување на боите и нијансите ќе направат фотографиите да изгледаат како да се направени од професионалец.rn

    Скорпија

    rnСо зголемена моќ за перцепција и свесни за работите што ве опкружуваат, вие имате вродена љубопитност за мистериите на животот. Ве привлекува духовното и заради тоа не ви пречи самотијата. Практикувајте медитација секогаш кога сте сами. Таа ќе ви помогне да ги покажете емоциите кои ги чувате под површината за никој да не ги дознае.rn

    Стрелец

    rnВие сте родени филозофи кои постојано се во потрага по нови концепти. Вашата најголема желба е да ги разберете мистериите кои ги носи животот. Соодветно на тоа, вашето хоби треба да ја поттикнува постојаната желба за знаење. Читајте книги во кои се застапени животните мистерии, присуствувајте на предавање од таков вид или запишете се на курс за светските религии.rn

    Јарец

    rnВредните јарци мора да научат како да воспостават баланс помеѓу работата и забавата додека стабилно се искачуваат кон врвот. Слободното време поминете го спортувајќи на отворено (голф, крикет или секаков друг спорт кој ќе ве однесе надвор). Освен со спорт, исполнете си го слободното време читајќи книги со историска тематика, како што се биографиите.rn

    Водолија

    rnЖелни за постојан прогрес, вие најмногу сте загрижени за напредокот на општеството во целина. Ве интересира сè што е ново, па затоа знаете дека какво хоби и да одберете, нема да погрешите. Вие едноставно можете да се занимавате со сè, од музика, преку мода, до електроника. Вашиот интерес ќе го задржи динамично хоби кое постојано може да ви понуди нешто ново.rn

    Риби

    rnРибите имаат најголеми уметнички способности од сите знаци во зодијакот. Огромниот капацитет кој го поседувате, интуитивноста и начинот на кој ги примате работите ѝ помагаат на вашата креативност да се развие, што ве прави одлични писатели, музичари и сликари. Голем успех можете да постигнете ако се занимавате и со драмска уметност или новинарство.