КАФЕ ПАУЗА

Tag: слабеење

  • Подготовка за лето: 5 чаеви што ги топат масните наслаги во телото

    Подготовка за лето: 5 чаеви што ги топат масните наслаги во телото

    Летото наближува и веројатно веќе размислувате за слабеење. Доколку сте ги направиле потребните промени во исхраната и сте почнале со некоја физичка активност, овие чаеви ќе ви помогнат побрзо да ги добиете посакуваните резултати.rn

    1. Чај од нане

    rnПодготовка за лето: 5 чаеви што ги топат масните наслаги во телотоrnrnЧајот од нане можеби не е помеѓу популарните, но е одличен сојузник во борбата против килограмите. Мирисот на ментол го намалува чувството на глад. Доколку редовно пиете чај од нане а притоа и го мирисате, ќе јадете помалку, па вашето тело побрзо ќе ги согорува мастите.rn

    2. Мача чај

    rnПодготовка за лето: 5 чаеви што ги топат масните наслаги во телотоrnrnИ мача чајот може да ви помогне во слабеењето Имено, овој пијалак содржи состојки кои го поттикнуваат топењето на мастите, но и го спречуваат настанувањето на новите, особено околу стомакот. Меѓутоа, со овој чај потребно е и да спортувате. Доколку, на пример, сакате да го намалите стомакот, правете и по неколку стомачни во текот на денот.rn

    3. Зелен чај

    rnПодготовка за лето: 5 чаеви што ги топат масните наслаги во телотоrnrnЗелениот чај може да ве разбуди бидејќи содржи доста кофеин. Истовремено, тој го регулира варењето, а со тоа помага при топењето масти. Доколку сакате да ослабите, секој ден пијте по една шолја зелен чај.rn

    4. Гоџи чај

    rnПодготовка за лето: 5 чаеви што ги топат масните наслаги во телотоrnrnГоџи бобинките го поттикнуваат работењето на метаболизмот. Наводно, телото поефикасно ги согорува калориите доколку консумирате гоџи бобинки. Овој ефект го има и чајот од нив, па слободно консумирајте го редовно.rn

    5. Бел чај

    rnПодготовка за лето: 5 чаеви што ги топат масните наслаги во телотоrnrnИ белиот чај е одличен кога станува збор за топење на мастите. Состојките на чајот го спречуваат создавањето на нови масни наслаги, а истовремено го поттикнуваат согорувањето на веќе постоечките. Покрај тоа, белиот чај има и одличен вкус.rnrnПогледнете и кои видови храна го забрзуваат слабеењето.

  • 5 причини зошто не можете да ослабите

    5 причини зошто не можете да ослабите

    Дали строго ја следите диетата и постојано вежбате, но не гледате резултати? Доколку сте во ваква ситуација не очајувајте, туку обидете се да ги одговорите следниве 5 прашања.rnrn5 причини зошто не можете да ослабитеrn

    1. Колку спиете?

    rnНедостатокот од сон има влијание врз метаболизмот и може да предизвика дебелеење. Едно истражување покажало дека луѓето кои спијат 6 до 8 часа навечер, имаат најдобри резултати кога станува збор за слабеењето. Ова значи дека постои силна врска помеѓу недостатокот од сон и вишокот килограми. Иако денес луѓето се премногу зафатени и сметаат дека спиењето е трошење време, квалитетниот сон е клучен за менталното и физичкото здравје.rn

    2. Колку кафе пиете?

    rnДоколку сте зависни од кафе, тогаш можеби тоа е виновникот што не можете да ослабите. Кога нивото на шеќер во крвта ќе падне, нешто што се случува кога пиете кафе, телото почнува да бара храна. Во овој случај ќе почнете да јадете дури и кога не сте навистина гладни. Доколку пиете многу кафе, голема е веројатноста да јадете повеќе од потребното.rn

    3. Колку вежбате?

    rnМожеби ќе се изненадите, но претераното вежбање може да го забави слабеењето, односно да го забави метаболизмот. Претераната физичка активност води до зголемено лачење кортизол, естроген и тестостерон, што пак резултира со дебелеење.rn

    4. Дали пиете минерална вода?

    rnНе се само засладените и газираните пијалаци лоши за вашата линија. Едно истражување покажало дека јаглеродниот диоксид кој се наоѓа во киселата вода може да предизвика дебелеење. Причината е што го поттикнува лачењето на грелин – хормонот кој го предизвикува чувството на глад.rn

    5. Дали сте под стрес?

    rnСтресот може да има навистина штетно влијание врз организмот. Покрај тоа, тој предизвикува хормонална нерамнотежа и дебелеење. Па доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, научете да се справувате со стресот и најдете начин да се опуштите.rnrnПробајте ги и овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.

  • Вашата крвна група може влијае на брзината на слабеење

    Вашата крвна група може влијае на брзината на слабеење

    Дали постојано сте во борба со килограмите, дури и ако строго се придржувате до некоја диета? Доколку сте дел од луѓето за кои слабеењето е речиси невозможна мисија, причината може да биде вашата крвна група.rnrnВашата крвна група може влијае на брзината на слабеењеrnrnНаводно, луѓето со крвна група АБ+ и АБ- имаат потешкотии во отстранувањето на несаканите килограми. Причината е што овие луѓе тешко ги менуваат нивните навики за исхрана.rnrnЗа разлика од нив, луѓето со крвна група О+ и Б+ полесно можат да се ослободат од масните наслаги. Оние со крвна група Б+ имаат побрз метаболизам, па потешко се дебелеат. Доколку имате крвна група А, тогаш подложноста на дебелеење не зависи од вашата генетика.rnrnЛекарот Питер Џ. Дадамо направил диета за секоја крвна група. Тој тврди дека намирниците што ги консумираме реагираат со нашата крв, па исхраната поврзана со крвната група е одличен начин да го поттикнете и забрзате слабеењето.rnrnПокрај тоа, на овој начин можете навреме да го спречите развојот на разни болести. Држењето до планот за исхрана според крвна група не само што ќе ви помогне да ја добиете посакуваната тежина, туку може да ви го продолжи и животниот век.rnrnЗнаевте ли дека од вашата крвна група зависи и кои болести ви се закануваат?

  • Чаеви што ќе ви помогнат во битката против килограмите

    Чаеви што ќе ви помогнат во битката против килограмите

    Доколку сакате да се ослободите од вишокот течности во телото и да го забрзате слабеењето, сигурно ќе сакате да ги пробате овие чаеви кои го чистат телото од токсини, го поттикнуваат работењето на метаболизмот и ја намалуваат подуеноста.rn

    Чај од корен од глуварче

    rnЧаеви што ќе ви помогнат во битката против килограмитеrnrnЧајот од корен од глуварче го забрзува варењето на храната, го чисти црниот дроб и помага да ги отстраните штетните материи преку потта. Исто така ги прочистува дишните патишта и може да го намали нивото на холестерол.rn

    Начин на подготовка:

    rnВо топла вода ставете една лажица мелен сушен корен од глуварче. Оставете ја водата да зоврие, а потоа варете уште 10-тина минути на послаб оган. На крај процедете го чајот.rn

    Чај од анасон

    rnЧаеви што ќе ви помогнат во битката против килограмитеrnrnВеќе со години се знае дека анасонот е сојузник во битката против килограмите. Ова растение го поттикнува работењето на метаболизмот и го забрзува исфрлањето на токсините од организмот. Исто така го намалува чувството на глад и надуеноста.rn

    Начин на подготовка

    rnВо литар врела вода додајте 4 лажички семе од анасон и варете 5 минути. Тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете го да отстои 15 минути. Потоа процедете го чајот.rnrnЗа да постигнете најдобри резултати, препорачливо е да пиете 2-3 шолји дневно од овие чаеви.rnrnПробајте го и овој напиток за слабеење од зелен чај.

  • Третман за слабеење со криотерапија

    Третман за слабеење со криотерапија

    Во едно германско фитнес студио, инсталирале комора за криотерапија за целото тело. Температурата во комората постепено се спушта до минус 145 степени Целзиусови, речиси исто колку ноќта на месечината.rnrnТретман за слабеење со криотерапијаrnrnТретманот трае 3 минути и наводно е одличен метод за забрзување на метаболизмот и согорување повеќе калории. Со други зборови, ова е третман за слабеење.rnrnЕкстремниот студ, постигнат со помош на течен азот, воопшто не е штетен бидејќи е „сув“.rn

    „Тоа е целосно поразлично чувство за разлика од излегувањето надвор во зима“, изјавила Ренат Сусенгут, директорката на фитнес клубот.

    rnЗа третманот, луѓето се само во долна облека, а му даваат и волнени чорапи за нозете да им останат топли. Единствено главата им е извадена од комората.rn

    „Температурата ја намалуваме постепено за телото да може да се прилагоди“, додала Ренат.

    rnЗа време на третманот, калориите се согоруваат бидејќи организмот се обидува да ја задржи телесната температура.rnrnДоктор Себастијан Шмит смета дека идејата за слабеење со криотерапија е навистина интересна, но дека до денес нема никакви точни податоци за резултатите, бидејќи никој не направил вакво истражување. Според него, луѓето со кардиоваскуларни проблеми, отворени рани на кожата, или оние кои страдаат од клаустрофобија не би требало да ја користат комората.rnrnПогледнете и кои се пороците кои наспроти сите мислења, помагаат при слабеењето.

  • Бразилска диета: Комплетно мени за цела недела

    Бразилска диета: Комплетно мени за цела недела

    Бразилската диета е една од најпознатите „брзи“ диети бидејќи овозможува експресно губење на килограмите – до 10 килограми за 2 недели. Постојат две верзии на диетата – брза и нормална. Бидејќи брзата диета е сиромашна со многу хранливи материи, најдобро е да не ја пробувате. Вo продолжение можете да погледнете целосно мени за 7 дена за нормалната бразилска диета. Диетата се држи 4 недели, се јаде 4-5 пати дневно, а основните намирници се овошје и зеленчук.rnrnБразилска диета: Комплетно мени за цела неделаrn

    Понеделник

    rnПојадок: 1 портокал, 1 банана, 1 чаша сок од портокал.rnrnУжина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче двопек.rnrnРучек: 100 грама готвена риба, 100 грама салата од сиров зеленчук.rnrnВечера: Исто како и ручекот.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче двопек.rn

    Вторник

    rnПојадок: 1 меко варено јајце, 1 чаша сок од јаболка.rnrnУжина: 1 мало парче двопек, 1 чаша сок од јаболка.rnrnРучек: 100 грама варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата.rnrnВечера: 200 грама готвена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, грашок (свеж или од конзерва).rnrnПред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 двопек.rn

    Среда

    rnПојадок: 1 шолја обезмастено млеко, 1 двопек.rnrnУжина: 100 грама обезмастено сирење.rnrnРучек: 100 грама ориз, 150 грама салата од свежа зелка со прелив од 1 лимон и лажичка ситно исечкан магдонос.rnrnВечера: 100 грама варено месо, 1 јаболко, 4 листа зелена салата.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 1 мал двопек.rn

    Четврток

    rnПојадок: 1 чаша сок од ананас, 60 грама ананас.rnrnУжина: 1 чаша сок од ананас, 1 мал двопек,rnrnРучек: 100 грама варено месо, мало парче сирење и 1 портокал.rnrnВечера: 2 варени компири, 150 грама салата од свежи рендани моркови со малку масло.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од ананас, 1 парче двопек.rn

    Петок

    rnПојадок: 1 чаша сок од јаболка, 1 мало парче двопек.rnrnУжина: 1 јаболка, 1 портокал.rnrnРучек: 150 грама риба, 2 мали варени моркови.rnrnВечера: 1 чинија супа од зеленчук (или крем супа од печурки, или чинија рибина чорба), мало парче леб.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче двопек.rn

    Сабота

    rnПојадок: 1 чаша сок од јаболка, мало парче двопек.rnrnУжина: 150 грама варено цвекло со малку растително масло.rnrnРучек: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибина чорба и мало парче леб.rnrnВечера: 100 грама пржени печурки, 100 грама салата од сиров зеленчук.rnrnПред спиење: 1 чаша сок од јаболка, 2 крекери.rn

    Недела

    rnПојадок: 1 банана, 1 рака суво грозје.rnrnУжина: 1 чаша сок од моркови, 1 мало парче двопек.rnrnРучек: 100 грама варено месо, 100 грама салата од свежа зелка, млад лук и сок од 1 лимон.rnrnВечера: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибина чорба, 100 грама овошје, 4 листа зелена салата.rnrnПред Спиење: 1 чаша сок од јаболка, 2 сушени смокви.rnrnДиетата може да се повтори по потреба од 2 до 4 недели, но никако подолго од тоа. Враќањето на „нормалниот“ начин на исхрана ќе го постигнете со зголемување на внесот на овошје и зеленчук, како и почесто внесување на намирници богати со протеини. Диетата е богата со овошје и зеленчук, па не може да дојде до недостаток од витамини и минерали. Исто така распоредот на оброците е таков што воопшто нема да почувствувате глад или проблеми со нивото на шеќер во крвта. За најдобри резултати се препорачува и секојдневна умерена физичка активност, како 30 минути пешачење, возење велосипед или пливање.rnrnДоколку не ви се допаѓа бразилската диета, погледнете кои се 5-те најпопуларни диети.

  • Диета 5:2: Одличен начин на слабеење со уживање во храната

    Диета 5:2: Одличен начин на слабеење со уживање во храната

    Диетата 5:2 е одличен начин да се ослободите од несаканите килограми без многу мака и без одрекување од омилената храна – најчестата причина за откажување од диетите.rnrnДиета 5:2: Одличен начин на слабеење со уживање во хранатаrnrnПравилата на диетата се навистина едноставни – потребно е да јадете нормално количество храна 5 дена во неделата, а останатите два дена намалете го внесот на калории на 500 за жените, односно 600 за мажите.rnrnНа овој начин телото не го чувствува стресот од постојаното гладување и не го собира вишокот калории. Во овие два дена, телото едноставно го согорува она што сте го насобрале од претходните денови. Ништо не се задржува и метаболизмот значително се забрзува, со тоа „топејќи“ ги килограмите.rnrnСепак, ова не значи дека можете да јадете неумерено во 5-те слободни денови. Најдобро е да ја исфрлите брзата храна, печивата и храната богата со шеќер. Дајте им предност на зеленчукот, немасното месо и интегралните тестенини и ориз.rnrnПовремениот пост има навистина позитивно влијание врз здравјето. Тој делува благотворно на крвниот шеќер и го нормализира нивото на холестерол во крвта. Диетата 5:2 го намалува ризикот од Алцхајмер, тумор, дијабетес и срцеви болести, а има позитивно влијание и на концентрацијата и работата на мозокот.rnrnПробајте ги и овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.

  • Летото е сè поблиску, па затоа и ви откриваме рецепт кој ќе го направи вашето тело совршено

    Летото е сè поблиску, па затоа и ви откриваме рецепт кој ќе го направи вашето тело совршено

    Нутриционистката и авторката на популарната диета за рамен стомак, Синтија Сас, тврди дека со пиењето на таканаречената Саси вода се губи и до 10-тина сантиметри во струкот, и тоа за само четири дена. За пијалакот што самата го создала и испробала, таа вели дека освежува, ревитализира, ја намалува надуеноста, го смирува дигестивниот тракт и ја поттикнува дигестијата, додека истовремено содржи и малку калории.rnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 литри вода
    • rn 011

    • 1 лажичка рендан ѓумбир
    • rn 011

    • 1 свежа краставица со средна големина
    • rn 011

    • 1 лимон со средна големина
    • rn 011

    • 12 листови зелено нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКраставицата и лимонот исечкајте ги на тенки ленти и ставете ги заедно во водата заедно со останатите состојки. Промешајте и оставете да отстои во фрижидер преку ноќ. Пред да пиете, процедете го пијалакот.rn

    Начин на употреба:

    rnНутриционистката напоменува дека во текот на четирите денови, додека се пие овој пијалак, мора да ги избегнувате сите видови десерти и нездрава храна, како и висококалоричните оброци. Не е добро да пиете ни газирана вода. Треба да јадете здрави намирници во мали оброци и да се движите што е можно повеќе.

  • Најдобрата вежба за слабеење и ослободување од болките во грбот

    Најдобрата вежба за слабеење и ослободување од болките во грбот

    Многу луѓе поголемиот дел од времето го минуваат седејќи. Ова е најчесто поради работата, па не можат да направат многу во врска со тоа. Но без физичка активност, телото станува помалку подвижно и со текот на времето почнува да акумулира вишок масти.rnrnНајдобрата вежба за слабеење и ослободување од болките во грботrnrnСето ова може да предизвика и сериозни здравствени проблеми, па од голема важност е да одвоите време барем за неколку едноставни вежби. Јапонскиот експерт за слабеење по име Тамајо, ја има совршената вежба за зафатените луѓе.rnrnСтанува збор за вежба за истегнување со која се активираат мускулите на стомакот и грбот. Исто така, оваа вежба активно делува и на внатрешниот дел од бутовите.rn

    Како да ја направите вежбата?

    rn

      rn 011

    • Застанете со раширени нозе и отворени стапала. Колената и прстите на нозете треба да бидат свртени во иста насока.
    • rn 011

    • Свиткајте ги колената, а за подобра рамнотежа поставете ги рацете на нив.
    • rn 011

    • Наведнете се напред, свртете го десното рамо кон лево и навнатре, така што левото ќе биде назад. Треба да почувствувате истегнување на мускулите во бутот, стомакот и грбот.
    • rn 011

    • Останете во оваа положба 3 секунди, па вратете се во почетната позиција.
    • rn 011

    • Повторете и на другата страна.
    • rn

    rnДвижењата треба да ги изведувате полека и внимателно и постојано да ја чувствувате напнатоста во мускулите. Правете ја вежбата 2 пати дневно, со по 10 повторувања.rnrnМожете да погледнете како правилно да ја изведете вежбата и на видеото во продолжение.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=_7hr3IGFwI0rnrnПогледнете ја и вежбата со која можете да го обликувате целото ваше тело.

  • Можете ли да ослабете пиејќи алкохол?

    Можете ли да ослабете пиејќи алкохол?

    Празните калории од алкохолот многу брзо можат да станат проблем, барем кога станува збор за вашите килограми. Само еден час поминат со весело друштво и некоја пијачка, може да резултира со внесување стотици непотребни калории.rnrnМожете ли да ослабите пиејќи алкохол?rnrnНо, доколку сметате дека мора целосно да се откажете од алкохолот додека сте на диета, грешите.rnrnСе разбира, доколку целосно го отстраните алкохолот од вашиот живот можно е да ослабете побрзо, но нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да се почестите со некоја пијачка.rn

    „Не мора целосно да се откажете од уживањето во пијачка со пријателите додека се обидувате да ослабeте. Меѓутоа, имајте на ум дека консумирањето алкохол придонесува во вашиот вкупен дневен внес на калории, а истовремено има малку хранливи материи како што се протеини, витамини, минерали и хранливи влакна, што му се потребни на телото за да остане здраво“, изјавила нутриционистката Елора Базанел.

    rnПокрај тоа, според нејзината колешка Џули Апто, пиењето алкохол го зголемува вашиот апетит. Па, добро е да размислите и за тоа доколку сакате да пиете додека сте на диета.rn

    „Чаша вино неколку пати неделно не би требало да биде проблем. Но доколку пиете две или три чаши секоја вечер, тие калории можат да направат голема разлика во вашите обиди за слабеење“, изјавила нутриционистката Синди Далоу.

    rnДоколку сепак се одлучите да пиете алкохол додека сте на диета, осигурете се дека тоа ќе биде пијалак со помалку калории кој нема да има многу големо влијание на вашата цел.rnrnДали знаете што ќе се случи ако целосно се откажете од алкохолот?