КАФЕ ПАУЗА

Tag: слабеење

  • Чај од цимет за намалување на вишокот килограми

    Чај од цимет за намалување на вишокот килограми

    Луѓето имаат тенденција да прибегнуваат кон разни диети и апчиња за слабеење, притоа потценувајќи ја важноста на здравата и правилна исхрана. Она што е клучно да се разбере овде е дека долгорочните резултати во поглед на телесната тежина можат да се постигнат само преку радикални промени во исхраната.rnrnЧај од цимет за намалување на вишокот килограмиrnrnДоколку барате природен начин да се ослободите од вишокот килограми, чајот од цимет може да ви помогне! Овој ароматичен зачин кој одлично се вклопува во есенската и зимската сезона, покрај прекрасниот вкус има и бројни лековити својства. Дел од нив се забрзувањето на метаболизмот и согорувањето на вишокот маснотии.rnrnПокрај тоа, има антиканцерогени, антиоксидантски, антидијабетични и антиинфламаторни својства. Истражувањата покажале и дека овој зачин, освен што е одличен за зајакнување на имунитетот, го намалува шеќерот и холестеролот во крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува чувството на глад и го ослободува организмот од токсините.rnrnСепак, иако најчесто го консумираме во пита со јаболка, сутлијаш и други ароматични деликатеси, циметот е одличен и за правење многу вкусен и здрав чај!rn

    Зошто чајот од цимет е одличен за слабеење?

    rnБлагодарение на високата содржина на хранливи материи, чајот со цимет го забрзува метаболизмот и ги држи под контрола нивото на холестерол и шеќер во крвта. Неговите антиинфламаторни својства ја спречуваат надуеноста, а овој зачин е познат и по тоа што го помага варењето, што може да ви помогне да се ослободите од дополнителните калории.rnrnЧајот од цимет рамномерно ги топи наслагите на сите делови од телото, особено вишокот килограми во пределот на желудникот, но само ако се консумира правилно.rn

    Како да направите чај од цимет?

    rnЗа најдобри резултати, експертите препорачуваат да го подготвите со лимон за да го забрзате процесот на слабеење и да консумирате до 4 шолји дневно. Ако ви пречи лимонот во овој напиток, можете да пиете чај и без него, но резултатите веројатно нема да бидат исти.rn

    Потребно состојки:

    rn• Чаша водаrn• Лажица медrn• Половина лимон (по избор)rn• 1 стапче циметrnНачин на подготовка:rnrnСтавете стапче цимет во вода и почекајте да зоврие. После тоа, додадете мед и исцедете лимон. По желба можете да додадете малку ѓумбир или бибер за уште подобар ефект и вашиот напиток за слабеење е готов!rnrnОвој чај се препорачува да го пиете наутро бидејќи така најефикасно ќе го забрзате метаболизмот. Доколку го пиете меѓу оброците, циметот ќе го потисне чувството на глад и ќе го спречи внесувањето на непотребни калории, а се препорачува и да го пиете пред вежбање или прошетка.rnrnОткако прочитавте како да го консумирате чајот од цимет, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 заболувања можат да се олеснат со чај од цимет.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Брз и вкусен напиток за слабеење со тиквички

    Брз и вкусен напиток за слабеење со тиквички

    Денес ви споделуваме рецепт за пијалак од тиквички кој е идеален за слабеење! Тиквичките не само што содржат малку калории туку и помагаат за варење на храната и отстранување на масните наслаги.rnrnБрз и вкусен напиток за слабеење со тиквичкиrnrnТиквичките се дел од омилените намирници на многумина, полни со вода, витамини, минерали и хранливи материи. Иако сме навикнати да приготвуваме разни солени јадења па дури и колачи од тиквички, сепак тие се идеалната намирница и за напитоците за слабеење.rnrnТиквичките се полни со растителни влакна кои позитивно ќе влијаат врз процесот на варење на храната, но и ќе помогнат при регулирањето на апетитот. Освен тоа, тие ја намалуваат апсорпцијата на маснотии и се корисни во диетата која има за цел да го намали нивото на холестеролот и триглицеридите. Во продолжение ви споделуваме рецепт за слабеење со тиквички.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 јаболко
    • rn 011

    • 2 помали зелени тиквички
    • rn 011

    • 4 листови кељ
    • rn 011

    • 1 парче ѓумбир
    • rn 011

    • ½ лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте ги – ќе добиете густ и здрав сок.rnrn2. Ви препорачуваме да пиете по една чаша дневно како ужина помеѓу оброците.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за пијалак од тиквички, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусно смуди со јагоди што помага при слабеењето.rnrnИзвор: atma.hr

  • Кои 5 јаглехидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми?

    Кои 5 јаглехидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми?

    Иако според многумина јаглехидратите се бескорисни бидејќи само придонесуваат за зголемување на телесната тежина, сепак тоа не е така. Тие се хранливи материи кои му се неопходни на телото за неговото правилно функционирање. Одредена група јаглехидрати не само што се здрави туку се и корисни за слабеење. Проверете во продолжение за кои намирници станува збор.rnrnКои 5 јагленихидрати можат да ви помогнат да се справите со вишокот килограми?rn

    Тиква

    rnТиквата е намирница која можете да ја консумирате како прилог, дел од салата, ужина, предјадење, главно јадење и десерт! Се карактеризира со ниска калорична вредност, но има и многу растителни влакна кои го забрзуваат процесот на варење и даваат чувство на ситост.rn

    Бобинки

    rnИма ли некој што не сака грозје, боровинки, рибизли и друг вид бобинки? Тие се богати со антиоксиданси и се нискокалорични. Освен тоа, поради високата содржина на витамини, бобинките го зајакнуваат имунолошкиот систем и имаат антиинфламаторно дејство.rn

    Леќа

    rnЛеќата е вистинска суперхрана! Има малку повеќе протеини од оризот и тестенините, а исто така не содржи глутен. Освен тоа, таа е богата со витамини и минерали.rn

    Овес

    rnДали понекогаш немате идеја што да зготвите за појадок? Зошто да не се почестите со овесна каша! Таа е богата со растителни влакна, а освен тоа ќе ве држи сити подолго време. Сепак, бидете внимателни при изборот – ви препорачуваме да изберете овесни снегулки без дополнителен шеќер, а при подготовката можете да додадете овошје или јаткасти плодови.rn

    Сладок компир

    rnДали знаевте дека слаткиот компир може да ви помогне да ја намалите тежината? Тоа се должи на фактот дека оваа намирница го забрзува метаболизмот, а нејзината калориска вредност не е висока.rnrnОткако прочитавте кои јаглехидрати можат да помогнат при намалување на телесната тежина, можеби ќе сакате да прочитате и за 3-те едноставни чекори за слабеење без изгладнување.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • 5 универзални совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

    5 универзални совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

    За ефективно губење на тежината понекогаш нема потреба да ги следите советите од разноразните прирачници за диета. Доволно е да ги имате предвид овие универзални животни совети.rnrn5 универзални совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограмиrn

    1. Одржување рамнотежа

    rnЕден од советите за слабеење е токму воспоставувањето рамнотежа. Сепак, тука станува збор за баланс во вашиот живот. Треба да бидете активни и продуктивни, но тоа не значи дека не смеете да кажете „не“ на одредени активности. Работете на рамнотежата така што ќе започнете од вашиот распоред. Тоа ќе придонесе и за намалувањето на стресот и притисокот кои можат лесно да предизвикаат зголемување на тежината.rn

    2. Сон

    rnВерувале или не, сонот е важен при процесот на слабеење бидејќи влијае врз секој хормон во организмот кој може евентуално да придонесе за губењето тежина. Не заборавајте дека на вашето тело му се неопходни 8 часа сон.rn

    3. Помалку интензивно вежбање

    rnМожеби ќе ви звучи чудно, но факт е дека високите интензивни вежби создаваат стрес во телото и иако помагаат при согорување калории, можат да ги исцрпат надбубрежните жлезди, да ја нарушат функцијата на тироидната жлезда, па дури и да го намалат апетитот. Затоа се препорачуваат помалку интензивни вежби како пешачењето, планинарењето, јогата и возењето велосипед, кои согоруваат калории па така ја намалуваат тежината, но и стресот.rn

    4. Не постои совршена диета

    rnСекој е различен па затоа не може да постои совршена диета. Вам ви преостанува да откриете кои здрави намирници најдобро делуваат врз вашиот организам и на тој начин да ја постигнете оптималната тежина. Покрај тоа, наместо да ги трошите парите на скапите диети, потрошете ги на здрава исхрана!rn

    5. Не вреди да го трошите времето во диети

    rnНаместо да бидете опседнати со книгите за диети и да размислувате која диета ќе биде следна, препуштете му се на животот и не дозволувајте ваквите мисли да ви ја одземат радоста од годините кои никогаш веќе нема да се вратат.rnrnОткако ги прочитавте нашите универзални совети за слабеење, можеби ќе сакате да прочитате и 5 совети за здраво слабеење и фит изглед.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • На кој начин пробиотиците ви помагаат да го намалите вишокот килограми?

    На кој начин пробиотиците ви помагаат да го намалите вишокот килограми?

    Во последно време се чини дека пробиотиците се главното решение за многу здравствени проблеми, но дали тие можат да ви помогнат да ја постигнете идеалната тежина? Факт е дека тие изобилуваат со здравствени придобивки во поглед на дигестивниот систем и работата на срцето. Сепак, некои истражувања покажале дека тие можат да бидат одлична алатка за слабеење.rnrnНа кој начин пробиотиците ви помагаат да го намалите вишокот килограми?rnrnДури и ако не сте фан на комбуха или кефир, сепак сигурно секојдневно внесувате пробиотици преку консумирањето јогурт, кисели краставички или друга ферментирана храна. Вашето црево е полно со стотици микроорганизми кои произведуваат важни хранливи материи како витамин К и Б витамини. Тие исто така помагаат при разградувањето на влакната кои вашето тело не може да ги свари. Еве што се случува кога ќе ги додадете и пробиотиците.rn

    Ја регулираат телесната тежина

    rnИстражувањата покажале дека постои некаква поврзаност помеѓу цревните бактерии и регулирањето на телесната тежина. Во основа, постојат 2 вида на „добри“ цревни бактерии: Bacteroidetes и Firmicutes. Според експертите, телесната тежина е поврзана со рамнотежата на овие два вида бактерии. Тие дошле до заклучок дека луѓето со прекумерна тежина имаат повеќе Firmicutes и помалку Bacteroidetes за разлика од луѓето со умерена телесна тежина. Пробиотиците се оние кои воспоставуваат рамнотежа помеѓу овие бактерии.rn

    Ги намалуваат апетитот и апсорпцијата на мастите

    rnСпоред некои истражувања од 2018 и 201 година, пробиотиците можат да влијаат врз функцијата на масните киселини и да го намалат апетитот при што ослободуваат хормон. Овој хормон се нарекува пептид YY и ако имате повисоки нивоа на овој хормон, најверојатно полесно ќе можете да согорувате масти и калории.rn

    Го намалуваат ризикот од воспаление но и ризикот од покачена тежина

    rnСпоред едно истражување од 2020 година, пробиотиците го намалуваат ризикот од покачена тежина преку зголемување на нивото на протеини кои ги регулираат мастите. Зголемените нивоа на протеини може да предизвикаат вашето тело да складира помалку масти. Пробиотиците можат исто така да го намалат ризикот од воспаление кое е поврзано со проблеми како дијареа и тврда столица, па според тоа пробиотиците помагаат и при варењето на храната.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од пробиотиците во поглед на слабеењето, можеби ќе сакате да ја прочитате и нашата листа со здрави намирници доколку сакате да ослабите без да држите диета.rnrnИзвор: greatist.com

  • Смачено ви е од диети? Не пропуштајте ги нашите трикови кои ќе ви помогнат да јадете помалку

    Смачено ви е од диети? Не пропуштајте ги нашите трикови кои ќе ви помогнат да јадете помалку

    Преку глава ви е од држење диети кои, впрочем, не секогаш ги даваат очекуваните резултати? Наш предлог е да почнете да внесувате помала количина храна во организмот што ќе ви овозможи да ја намалите тежината без да вложите многу труд. Во продолжение откријте ги нашите трикови за како да јадете помалку.rnrnСмачено ви е од диети? Не пропуштајте ги нашите трикови кои ќе ви помогнат да јадете помалкуrn

    1. Користете помала чинија

    rnКолку и да звучи едноставно, сепак овој трик навистина функционира. Колку е поголема чинијата, толку има повеќе простор за храна. Но, со помала чинија веројатноста дека ќе ја натрупате со храна е помала. Експериментирајте следниот пат и ќе видите дека е така.rn

    2. Не јадете додека гледате телевизија

    rnСпоред едно истражување од 2007 година, кога сме расеани имаме тенденција да јадеме повеќе. Ова може да биде лоша вест за оние кои уживаат во јадењето додека гледаат телевизија или работат на компјутер.rn

    3. Користете поголем прибор

    rnКолку и да звучи неверојатно, едно истражување покажало дека користењето поголем прибор за време на јадењето може да ви помогне да јадете помалку. Имено, во текот на испитувањето поголемиот прибор ги навел испитаниците да мислат дека ќе јадат побрзо и повеќе, а всушност тие консумирале помалку.rn

    4. Внесувајте течности пред оброкот

    rnДоколку сакате да јадете помалку, доволно е да испиете чаша вода пред ручекот или вечерата. Како резултат на тоа, брзо ќе се заситите и ќе внесете помала количина храна. Сепак, не заборавајте дека водата е подобар избор во однос на газираните сокови и слатките чаеви. На тој начин ќе избегнете непотребни калории.rn

    5. Забавете и уживајте во оброкот

    rnАко стекнете навика да јадете брзо, можете да почнете да внесувате многу повеќе храна отколку што ви е потребна и да ја зголемите тежината за кратко време. Според една студија во која учествувале 3000 испитаници, оние кои јадат брзо се соочуваат со три пати поголем ризик од прекумерна тежина.rn

    6. Користете ја вашата недоминантна рака

    rnГрупа психолози на Универзитетот во Јужна Калифорнија направиле експеримент и откриле дека без разлика дали грицкате или уживате во оброк, постои голема веројатност дека ќе јадете помалку доколку ја користите вашата недоминантна рака.rnrnОткако ги прочитавте нашите трикови за како да јадете помалку, можеби ќе сакате да прочите и триковите што навистина можат да ги подобрат вашите телесни функции.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Листа со здрави намирници доколку сакате да ослабите без да држите диета

    Листа со здрави намирници доколку сакате да ослабите без да држите диета

    Свесни сте дека некои работи од вашето дневно мени морате да ги пречкртате доколку сакате да ослабнете. Но дали знаевте дека преку консумирањето на одредени намирници можете да согорите калории? Нутриционистката Џес Кординг за списанието Woman’s health споделува листа со најдобрите намирници за согорување калории. Проверете за кои намирници станува збор во продолжение.rnrnЛиста со здрави намирници доколку сакате да ослабите без да држите диетаrn

    Пилешко и мисиркино месо

    rnПротеините во пилешкото и мисиркиното месо ќе ви дадат долготрајно чувство на ситост. Покрај тоа, тие се одличен извор на триптофан, поврзан со производството на невротансмитерот серотонин.rnrn„Ако сте под стрес важно е да го зголемите производството на серотонин во вашето тело за да го намалите емоционалното прејадување и да го спречите јадењето поради стрес, особено кога се обидувате да ослабнете“, вели Кординг.rn

    Јаткасти плодови

    rn

    „Јаткастите плодови се полни со здрави масти, влакна и протеини што е совршена комбинација за одржување на енергијата во организмот“, вели Кординг.

    rnТие се доста калорични така што е сосема доволна мала количина. Кординг додава и дека некои од нив, особено оревите, се богати со омега-3 масни киселини кои имаат антивоспалително дејство.rn

    Јајца

    rnУште еден богат извор на протеини и здрави масти кој ќе ви помогне да ја одржувате мускулната маса додека согорувате масти. Со оглед на тоа што едно јајце содржи околу 70 калории, тоа е одличен избор при слабеење, а исто така содржи и колин, соединение кое ја подобрува функцијата на мозокот.rn

    Млеко, јогурт и сирење

    rnМлекото содржи голема количина на калциум и животински протеини.rn

    „Иако ќе внесете повеќе калории, сепак подолго време ќе бидете најадени“, вели Кординг.

    rnДури и се препорачува консумирање на полномаслено млеко, богато со витамини Д и А. Дополнително, пробиотиците од јогуртот помагаат за воспоставување рамнотежа во системот за варење и го зајакнуваат имунитетот.rn

    Бобинки

    rnБидејќи се полни со влакна, бобинките ќе ви помогнат да ја намалите желбата за храна. На пример, во една шака бобинки има помалку калории (околу 84) и повеќе влакна (3,6 g) отколку во една банана. Освен тоа, бобинките имаат антиинфламаторно дејство и се полни со антиоксиданси кои го штитат вашиот имунитет.rn

    Авокадо

    rn

    „Авокадото е одлична комбинација од монозаситени масти и влакна, кои помагаат да се чувствувате сити“, изјавува Кординг.

    rnИсто така, авокадото е добар извор на калиум кој го спречува задржувањето на водата во телото. Ќе ви биде доволно половина авокадо со тост или со јајца затоа што е прилично калорично.rn

    Риба

    rnЛосос, туна и скуша се најдобриот избор кои ќе ви помогнат долго време да останете сити. Лососот е богат со омега-3 масни киселини кои помагаат при согорување на маснотиите.rn

    Грејпфрут

    rnБогат извор на влакна, грејпфрутот помага при регулирањето на шеќерот во крвта. Се работи за нискокалорично овошје кое можете да го консумирате како ужинка без страв дека ќе се здебелите. Полн е и со витамин Ц и бета каротин кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.rn

    Лути пиперки

    rnКапсаицинот е состојка во пиперките што ги прави лути. Истражувањата покажале дека оваа состојка помага при слабеење бидејќи го забрзуваат метаболизмот. Според Кординг, лутите пиперки не можат во голема мера да ви помогнат да согорувате маснотии, но можат да му помогнат на вашиот метаболизам во процесот на слабеење.rn

    Темнозелен лиснат зеленчук

    rnОвој вид на зеленчук е богат со железо што го стимулира протокот на кислород низ вашето тело. Покрај тоа, темнозелениот лиснат зеленчук содржи супстанции кои го помагаат варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот.rnrnОткако прочитавте кои намирници се најдобар избор за вашето мени доколку сакате да ослабнете, ви препорачуваме да прочитате и кои витамини помагаат при согорување калории.rnrnИзвор: miss7zdrava.24sata.hr

  • Витамини кои помагаат при согорување калории

    Витамини кои помагаат при согорување калории

    Доколку сакате да го отстраните вишокот килограми или пак да одржувате здрава телесна тежина, морате да бидете свесни за количината на хранливи состојки што ја внесувате. Исто така, сигурно сте слушнале дека некои намирници го забрзуваат процесот на согорување калории. Во тоа можат да помогнат и одредени витамини, па во продолжение ќе ви откриеме кои се тие.rnrnВитамини кои помагаат при согорување калорииrn

    Витамин Д

    rnИако некои истражувања ја докажаа поврзаноста помеѓу зголемената телесна тежина и малата количина на витаминот Д во организмот, сè уште не е утврдено дали овој витамин ги согорува калориите сам по себе. Сепак, според една анализа е покажано дека додатоците на овој витамин заедно со правилна исхрана и редовна физичка активност можат да влијаат врз намалувањето на телесната тежина.rnrnОд друга страна, недостатокот на витамин Д ја зголемува депресијата и влијае врз промената на расположението како и на квалитетот на сонот. Тоа пак, следствено влијае врз прекумерниот внес на калории.rnrnВитамини кои помагаат при согорување калорииrn

    Магнезиум

    rnОвој додаток го подобрува сонот како и одговорот на телото на стрес. Високото ниво на стрес пак, се манифестира со инсомнија, зголемен апетит и покачена тежина. Магнезиумот не ги согорува калориите, но го поттикнува процесот на слабеење, а со тоа и позитивно влијае врз промената на квалитетот на животот. Магнезиумот е присутен во семки од тиква, јаткасти плодови и намирници од цело зрно.rnrnВитамини кои помагаат при согорување калорииrn

    Витамин Ц

    rnСпоред некои истражувања, витаминот Ц му помага на телото да се ослободи од оксидативните масни наслаги. Затоа, овој витамин е поврзан со регулирањето на хормоните на стрес. Јагодите, кивите, брокулата, спанаќот, цитрусното овошје и дињите се богати со овој витамин.rnrnВитамини кои помагаат при согорување калорииrnrnОткако дознавте кои витамини можат да ви помогнат во симнувањето вишок килограми, можеби ќе сакате да научите и трик со кој ќе го преполовите бројот на калории во лебот.

  • 6 вежби со кои ќе имате тело од соништата

    6 вежби со кои ќе имате тело од соништата

    Вежбањето го забрзува метаболизмот и ќе ви помогне многу ако се обидувате да ослабите. Сепак, не сите вежби имаат ист ефект врз слабеењето. Најважно е прво да си поставите цел што сакате да ја постигнете и соодветно да изберете вежби што ќе ве испотат и ќе ви го забрзаат срцевиот ритам.rnrn6 вежби со кои ќе имате тело од соништатаrn

    Јаже за скокање

    rnСкокањето на јаже е одличен тренинг што ќе ви овозможи да согорите калории и да го забрзате пулсот, но исто така влијае позитивно на мускулите на целото тело. Ова е забавна активност што можете да ја правите секој ден и е исклучително корисна за организмот. Правете ја оваа вежба 3-5 минути ако сте почетник и со текот на времето зголемете ги интензитетот и времето.rn

    Планк

    rnОваа вежба е одлична за целото тело бидејќи согорувате многу калории. Со оваа статичка вежба се активираат сите мускули во телото, а најважно е да ја изведувате правилно, па резултатите ќе бидат загарантирани.rn

    Скок и клекни-стани

    rnСо оваа вежба ќе согорите многу калории – всушност, колку повеќе скокате, толку повеќе калории согорувате. Постапката е прилично едноставна: застанете со нозете раширени во ширина на колковите или малку пошироко, гледајте право напред, свиткајте ги колковите и колената и клекнете под агол од околу 45 степени. Потоа замавнете со рацете и скокнете колку што е можно повисоко.rn

    Бурпи

    rnОваа вежба го активира целото тело и е физички тешка бидејќи се состои од неколку последователни движења без пауза. Овие движења се: клекнување, склек, враќање назад и скокање.rnrnhttps://youtu.be/qLBImHhCXSwrn

    Високи колена (висок скок)

    rnВисокиот скок е кардио вежба која ќе ги зајакне вашите мускули и зглобови и ќе ги загрее подобро за понатамошниот тренинг.rnrnhttps://youtu.be/oDdkytliOqErn

    Склекови

    rnДобро позната стара вежба, но исклучително ефикасна бидејќи помага да се изгради мускулна маса. На почетокот обидете се да ги правите склековите со бавно темпо, а најважно е да ги правите правилно.rnrnПогледнете ги овие ефективни вежби за долниот дел на стомакот.

  • Кога треба да пиете топла, а кога ладна вода ако сакате да ослабите?

    Кога треба да пиете топла, а кога ладна вода ако сакате да ослабите?

    Најважното правило за здрав живот е минимум осум чаши вода на ден. Ако тренирате или се обидувате да ослабите, мора да знаете дека самата диета нема да даде резултати без соодветно внесување вода.rnrnКога треба да пиете топла, а кога ладна вода ако сакате да ослабите?rnrnСо цел телото да функционира нормално, доволната количина вода е од голема важност за циркулацијата на крвта и за работата на цревата. Сепак, често се дискутира дали е подобро да пиете топла или ладна вода. И двете опции се добри за правилно функционирање на телото, но постои правило кога се пие топла, а кога ладна вода.rn

    Ладна вода

    rnНема подобар начин за ладење и освежување од пиењето ладна вода.rnrnТреба да пиете ладна вода пред тренинг бидејќи го поттикнува согорувањето калории. Пиењето ладна вода му помага телото да не се прегрее, особено додека вежбате или за време на топлото време. Непотребното зголемување на телесната температура може да го оптовари срцето затоа што вените имаат тенденција да се шират.rnrnПиењето ладна вода за да се намали температурата на телото, исто така, помага да се намали дехидрираноста, што може да се појави поради прекумерно потење.rnrnСтудената вода расонува. Кога сте поспани, можеби имате навика да пиете повеќе кафе отколку што е потребно, а тоа нема да ви помогне. Ако чувствувате поспаност, напијте се 1-2 чаши вода и веднаш ќе се расоните.rn

    Топла вода

    rnТоплата вода е добар избор, особено наутро по будењето, бидејќи ја стимулира работата на сите органи, како и метаболизмот и варењето на храната. Кога ќе завршите со тренингот, најдобриот начин да ја надоместите изгубената течност и да ја вратите енергијата е да пиете топла вода, која ќе ве исчисти однатре.rnrnТоплата вода спречува стареење на кожата. Таа е поефикасна за ослободување од насобраните токсини во организмот отколку ладната вода. Со ослободување на отпадните материи од телото, кожата може да стане помека и посјајна. Исто така, топлата вода го стимулира создавањето на структурните протеини колаген и еластин, што ја затегнуваат кожата и ги измазнуваат брчките.rnrnТоплата вода е одлична за функционирање на дебелото црево. Таа помага при разградување на храната на помали честички, овозможувајќи им непречено минување низ гастроинтестиналниот тракт. Пиењето топла вода помага при запек, како и при другите симптоми поврзани со него, како што се надуеност, гасови или грчеви во стомакот.rnrnПрочитајте како да пресметате колку чаши вода треба да пиете секој ден.