КАФЕ ПАУЗА

Tag: слабеење

  • 5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикација

    5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикација

    Чаевите за детоксикација се популарни со години, особено кај оние кои држат диета и практикуваат здрав начин на живот, бидејќи служат за исфрлање на токсините од телото, забрзување на метаболизмот и топење на масните наслаги. Но, колку се ефикасни овие чаеви и дали се опасни по здравјето?rnrn5 работи што треба да ги знаете за чаевите за детоксикацијаrn

    Ќе изгубите течности, а не масти

    rnЧаевите за детоксикација обично содржат кофеин и други диуретици што го поттикнуваат излачувањето на вишокот течности од телото преку урината и потта.rnrnОткако ќе се ослободите од вишокот течност, ќе се чувствувате полесно и поенергично, и покрај тоа што не сте изгубиле ни еден грам масти.rnrnЧаевите за детоксикација може да предизвикаат лаксативно дејство, што исто така придонесува да се чувствувате полесно. Важно е да запомните дека штом ќе се вратите на старите навики или ќе престанете да пиете чај, течноста ќе се врати, како и „изгубените килограми“.rn

    Не заборавајте на вежбањето и здравата исхрана

    rnСо секој чај за детоксикација се препорачува здрава исхрана и редовно вежбање. Имено, со потењето го забрзувате излачувањето на токсините, а со јадењето придонесувате за здравјето на метаболизмот. Сето ова може да резултира со губење на тежината на долг рок, но само пиењето чаеви за детоксикација не е доволно за да го растопи вишокот килограми.rn

    Чаевите за детоксикација предизвикуваат немирен сон

    rnПовеќето чаеви за детоксикација содржат кофеин бидејќи го намалуваат апетитот, го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Сепак, премногу кофеин може да предизвика голем број несакани ефекти поврзани со ритамот и притисокот на срцето, а тоа да предизвика нарушување на квалитетниот сон.rnrnПокрај тоа, прекумерната количина на кофеин може да го стимулира апетитот и на тој начин индиректно да влијае на зголемувањето на телесната тежина.rn

    Може да предизвикаат одредени несакани ефекти

    rnНекои чаеви се користат за намалување на апетитот, за забрзување на метаболизмот или за други слични цели, но некои растенија може да предизвикаат несакани ефекти.rnrnЕдна од популарните состојки во чаевите за слабеење е гуараната, растение кое често се додава во енергетските пијалаци. Несаканите ефекти обично се поврзани со нервоза, немир, иритација на стомакот, гадење, повраќање, главоболка, вознемиреност, немир, ѕвонење во ушите, забрзано чукање на срцето и брзо дишење.rnrnИмајте на ум дека дури и природните состојки може да предизвикаат несакани ефекти, особено кога се консумираат прекумерно или во интеракција со некои лекови.rn

    Спроведени се малку истражувања поврзани со овие чаеви

    rnИако има истражувања за одредени состојки на чајот, многу малку е испитана ефикасноста на комбинацијата на состојките што ги содржат чаевите за детоксикација.rnrnТоа значи дека не може со сигурност да се каже како дејствуваат чаевите за детоксикација и дали се безбедни за здравјето.rnrnПрочитајте дали е подобро да пиете ладен или топол чај.

  • Зошто тенисот е одличен избор за сите оние кои сакаат да ослабат и да го зајакнат своето тело?

    Зошто тенисот е одличен избор за сите оние кои сакаат да ослабат и да го зајакнат своето тело?

    Дали има нешто подобро од активност што е забавна, секогаш различна и динамична, а истовремено и одлична за обликување на телото? Сето ова го нуди тенисот – популарен спорт во кој едвај чекаме да влеземе рекреативно оваа есен. Често се смета дека тенисот е наменет исклучиво за професионалци, но реалноста е нешто поразлична и со добра и релативно кратка лекција, многу брзо секој може да ги „фати“ основите, и секако со редовно вежбање.rnrnКако што споменавме, тенисот во никој случај не е резервиран исклучиво за професионалци, но и за сите оние кои сакаат да го завршат своето секојдневие со активност што носи бројни придобивки. Имено, тенисот е многу предизвикувачки спорт во кој се активираат мускулите на целото тело, се охрабруваат моторните вештини, како и самата кондиција. Сето ова води до многу ефикасно отстранување на несаканата тежина, но исто така и зацврстување на телото на начин кој воопшто не е досаден. Монотонијата е една од главните причини зошто престануваме да вежбаме, но ова нема да биде случај со тенисот. Секако, покрај вежбањето, за да постигнете добар резултат, треба да ја прилагодите и измените вашата исхрана. Неопходно е да се елиминираат нездравите јаглехидрати, да се зголеми внесувањето на сезонско овошје и зеленчук, а голем фокус е на доволното внесување на течности. Што се однесува до слатките, ако сте во процес на слабеење, ви предлагаме да се ограничите мали количини неделно, а потоа кога ќе ја достигнете посакуваната тежина, да го одржувате она што го добивате со балансирање.rnrnБидејќи тенисот е голем предизвик за почетници, во продолжение ви споделуваме видео со кратки упатства што ќе ве запознаат со овој одличен спорт.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=RIkanXUhpio&feature=emb_titlernrnПогледнете ги овие 7-минутни вежби за затегнат задник кои можете да ги правите во вашиот кревет.

  • Невозможно е да ослабите сè додека не ги прифатите овие 9 тешки вистини

    Невозможно е да ослабите сè додека не ги прифатите овие 9 тешки вистини

    Постојат вистински причини зошто ви е тешко да се ослободите од вишокот килограми и покрај сите ваши напори, но со познавањето на својот организам, полесно можете да ги надминете пречките и да ја постигнете долгорочната цел да имате витка фигура. Губењето тежина, а особено одржувањето на тежината по слабеењето, воопшто не е лесно. Но, кога ќе сфатите зошто е толку тешко, тоа ќе ви помогне правилно да се поставите и правилно да им пристапите на вашето тело, на храната и на начинот на живот. Заборавете на магичните трикови и соочете се со фактите за слабеење за конечно да ја постигнете вашата цел.rnrnНевозможно е да ослабите сè додека не ги прифатите овие 9 тешки вистиниrn

    1. Телото работи против вас

    rnКога се обидувате да изгубите тежина, не се борите само со желбите, туку и со сопственото тело.rnrnГубењето тежина го намалува нивото на хормонот лептин, кој му сигнализира на вашиот мозок дека сте сити, а го зголемува нивото на хормонот грелин, кој го зголемува чувството на глад. Оваа нерамнотежа на хормоните трае долго откако ќе успеете да ослабите, што го отежнува одржувањето на тежината.rnrnПокрај тоа, ако сте изгубиле многу килограми за краток временски период и драстично го намаливте бројот на калории, веројатно сте го забавиле вашиот метаболизам.rnrnВо таа ситуација, веројатно сте изгубиле поголема мускулна маса. Мускулите се двигатели на метаболизмот, па тоа придонесува за негово забавување.rnrnУмереното намалување на килограмите е подобро затоа што е докажано дека долгорочното зголемување на физичката активност и рационалното намалување на калориите помагаат за долгорочно слабеење.rn

    2. Нема брзо решение

    rnСите тие диети „5 килограми за 5 дена“ и слични чудотворни рецепти не се ефикасни, барем не на долг рок. Ако сакате да имате 30 килограми помалку до свадбата што е следниот месец, прифатете дека тоа не е возможно.rnrnКога се обидувате да изгубите тежина, тешко е да бидете трпеливи. Но, избегнете го искушението да пробате нешто драстично. Брзата диета со гладување може да го уништи вашиот метаболизам и да ги саботира вашите напори за слабеење на долг рок.rn

    3. Вежбањето не може да биде сè

    rnВежбањето ви помага да изгубите килограми и да ја одржувате телесната тежина и според извештајот на американското Национално биро за контрола на телесната тежина треба да вежбате 4 пати неделно по 1 час. Но, речиси е невозможно да се ослободите од вишокот килограми само од вежбање.rnrnЗа да изгубите 1 килограм масти, треба да согорите 3.500 калории повеќе отколку што трошите за да видите колку е тешко да „вежбате“ преку лошата исхрана. Наместо тоа, треба да внимавате што јадете и да вежбате.rn

    4. Не постојат чудотворни апчиња

    rnМалите таблети за кои тврдат дека го надополнуваат метаболизмот се примамливи, но има малку докази дека тие функционираат. Според едно истражување, разните додатоци за слабеење не се поврзани со намалувањето на килограмите.rnrnЈадете помалку, движете се и вежбајте повеќе и придружете се во некоја група за слабеење за да бидете мотивирани.rn

    5. Клучот не е во една намирница

    rnЗа многу намирници како грејпфрут, зелка, јаболков оцет и др. се вели дека се чудотворни кога станува збор за слабеењето. Суровата вистина е дека тоа е само краткорочно. Штом ќе се вратите на стариот режим на исхрана, се враќаат и килограмите и тоа се случува во 99,9% од случаите.rn

    6. Еден вид исхрана не одговара на сите

    rnРецептот со кој вашата пријателка изгубила 20 килограми не значи дека ќе ви одговара и вам бидејќи секој организам е различен, а дури и психата е различна.rnrnКога разгледувате како најдобро да ослабите, размислете за вашето здравје и за историја на семејството, за метаболизмот, за нивото на активност, за возраста, за полот и за тоа што сакате и што не сакате да јадете. При губење на тежината, важно е да си ја дозволите храната во којашто уживате затоа што во спротивно ќе се чувствувате лишени и многу помалку ќе се придржувате до целиот план на здрава исхрана. За да успеете да изгубите тежина, приспособете ја исхраната според вашето тело и вашите способности.rn

    7. Кардио вежбите се клучни, а помага и тренингот за сила

    rnСпоред Упатството за физичка активност објавено во ноември 2018 година во списанието на Американското медицинско здружение, возрасните треба да имаат 150 минути аеробни вежби со умерен интензитет или 75 минути напорна аеробна активност (или комбинација од двете) на неделно ниво.rnrnОвие упатства треба да им помогнат на повеќето луѓе да изгубат тежина, но тие што имаат прекумерна телесна тежина треба да бидат уште поактивни и да вежбаат најмалку 30 минути на ден. Покрај тоа, не прескокнувајте ги тренинзите за сила затоа што тие ги подобруваат здравјето на зглобовите и функцијата на мускулите.rn

    8. Мажите може да јадат повеќе од жените

    rnНе е фер, но мажите можат да јадат повеќе од жените и сепак да изгубат тежина. Тоа е затоа што мажите природно согоруваат повеќе калории од жените, благодарение на нивната големина, на мускулната маса и на покаченото ниво на хормонот тестостерон што го стимулира растот на мускулите. Покрај тоа, машкото тело е генетски дизајнирано за повеќе мускули и помалку маснотии од женското тело затоа што мажите не мора да складираат енергија која е потребна за раѓање деца. Затоа, не споредувајте ги вашите порции со оние на вашиот партнер.rn

    9. Тоа не е диета, туку начин на живот

    rnАко сакате да ја намалите тежината и да ја задржите новата фигура, треба да го промените однесувањето, не само додека не ја постигнете целта, туку и во следните години. Тоа е за да не ги вратите килограмите што ги изгубивте. За да постигнете успех во губењето на тежината, треба да направите промени во животниот стил, како што е изборот на здрава храна во речиси секој оброк и треба редовно да вежбате секоја недела.rnrnПрочитајте како влијаат емоциите врз губењето на тежината и како да ослабите со помош на психолошки метод.

  • Здравствени ризици: Дали вашето тело има форма на круша, јаболко или песочен часовник?

    Здравствени ризици: Дали вашето тело има форма на круша, јаболко или песочен часовник?

    Лекарите велат дека сите имаме еден од трите облици на тело – јаболко, круша или песочен часовник и секој од нив може да ни каже многу за нашето здравје и начинот на кој може да се справиме со вишокот килограми.rnrnЗдравствени ризици: Дали вашето тело има форма на круша, јаболко или песочен часовник?rn

    Тип „Јаболко“

    rnЛуѓето кои имаат облик на тело во форма на јаболко често имаат вишок маснотии околу струкот, а тоа се таканаречените висцерални или внатрешни маснотии. Овие маснотии, исто така, се и најопасниот вид маснотии во човечкото тело и се наоѓаат длабоко под кожата. Токму тие се и најголемата пречка за успешно слабеење. Се таложат околу органите и може да ги оштетат со текот на времето.rnrnОд тие причини луѓето од овој тип се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања, висок крвен притисок, дијабетес тип 2, одредени видови малигни заболувања како карцином на дебелото црево или на матка. Висцералните маснотии во телото најлесно се „топат“ преку диета и вежбање, а губењето на вишокот телесна маса честопати им „оди од рака“ на луѓето со овој тип тело.rn

    Тип „Круша“

    rnОвој тип личности тешко губат тежина затоа што најголемиот дел од масните ткива им се складирани во долната половина од телото. Таквата „тврдоглава” маснотија обично се нарекува „пасивна маст”. Иако не е толку опасна, како висцералната маст, таа пречи во процесот на слабеење, затоа што голем дел од неа се акумулира во пределот на нозете. Тоа, исто така, може да го зголеми ризикот од проширени вени, дегенеративни заболувања на зглобовите на колената и нозете. Сепак „крушите“ се изложени на помал ризик од болести за разлика од „јаболката“.rn

    Тип „Песочен часовник“

    rnОвие луѓе имаат тенденција да имаат вишок тежина распределена низ целото тело и околу струкот, во облик на висцерални маснотии. Затоа и тие се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. За среќа, диетата и вежбањето може да ги намалат здравствените ризици.rnrnМожеби сакате да прочитате и што открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје?

  • Дали знаете дека доењето ви помага да ослабите?

    Дали знаете дека доењето ви помага да ослабите?

    Доењето на бебето е еден од периодите на мајчинството што бара голема посветеност, но неговите придобивки се повеќекратни, како за новороденчето, така и за мајката. Неодамнешните истражувања покажаа дека доењето има врска со обемот на половината на мајката.rnrnДали знаете дека доењето ви помага да ослабите?rnrnВо едно истражување наречено „Последиците од бременоста и здравјето на заедницата“ направено од страна на Универзитетот во Питсбург и од Државниот универзитет во Мичиген во кое учествувале 700 жени, истражувачите ги следеле мајките од 7 до 15 години по породувањето.rnrnРезултатите покажале дека мајките кои ги дојат своите деца повеќе од 6 месеци имаат потенок струк за околу 4 центиметри во споредба со оние на мајки кои престанале да дојат по шест месеци или дури и порано. Покрај тоа, мајките кои доеле подолго време имале помал обем на колковите.rnrnСпоред истражувањето, производството на млеко за доење троши околу 500 дополнителни калории дневно.rnrnЕкспертите откриле и дека мајките што ги дојат своите бебиња биле послаби од мајките што никогаш не доеле.rnrnПрочитајте ги и останатите придобивки од мајчинството.rnrn 

  • Највкусната диета за којашто некогаш сте чуле

    Највкусната диета за којашто некогаш сте чуле

    Диетата со кајгана звучи неверојатно, но функционира само доколку правилно се изведе. Познато е дека свежите јајца имаат многу белковини, витамини А, Ц, Е и Б, како и дека се богати со минерали. Можат да ве заситат, се подготвуваат многу едноставно и на различни начини, а претставуваат вистинска енергетска бомба, особено кога ги јадете за појадок.rnrnrnrnПа, ако секое утре појадувате кајгана со свеж патлиџан и лук, шансите дека ќе ослабете ви се зголемуваат за неверојатни 65% и тоа во рок од 2 месеци. Барем тоа го докажало едно интересно истражување што било објавено во списанието „National Institutes of Health“.rnrnСе препорачува да се јаде исклучиво кајгана, додека појадокот може да биде разновиден така што повремено ќе ги замените јајцата со овесна каша или јогурт со овошје.rnrnКајганата е одличен избор и за вечера, затоа што скоро и да не содржи јаглехидрати, па ќе ви помогне брзо да стигнете до посакуваната витка линија. Од друга страна пак, јајцата се одличен оброк и по тренингот, затоа што содржат доволно белковини да го поттикнат растот на мускулите. Само треба да ја обогатите кајганата со зеленчукот што го имате во својот фрижидер.rnrnКога од вашето мени ќе ги исфрлите јаглехидратите, вие ќе почнете да ги топите масните наслаги. За најдобри резултати, јадете кајгана баре 4 пати неделно. А ако сте едни од оние што не можат да јадат кајгана без леб, тогаш земете едно парче интегрален леб од цело зрно со цел да ја зголемите ситоста.rnrnОткријте го и овој едноставен трик за неверојатно вкусна кајгана.

  • 4 важни бројки кои откриваат дали треба да ослабите (а не се вашите килограми!)

    4 важни бројки кои откриваат дали треба да ослабите (а не се вашите килограми!)

    Мислите дека килограмите се најважната бројка според која одредуваме дали сме здрави и во форма? Грешите! Не дозволувајте бројката на вагата да ве обесхрабри бидејќи постојат четири други фактори кои се многу поважни од килограмите кога зборуваме за здравјето. Тие ќе ви откријат дали сте во форма, дали треба да ослабите, и ако да, како да ослабите. Престанете да се мерите на вагата и обрнете внимание на следниве четири нешта…rnrnrn

    1. Обем на струкот

    rnАко ви се насобира масно ткиво во пределот кај стомакот, тогаш сте изложени на поголем ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Опсегот на струкот треба да се израчуна така што ќе го обвиткате метрото точно над коската од колкот, односно некаде на висина на папокот. Кај здравите жени, обемот на струкот не смее да биде поголем од 90 сантиметри.rn

    2. Број на отчукувања на срцето во мирување

    rnСтавете два прста на пулсот, на зглобот или на вратот, и избројте колкупати вашето срце отчукува во една минута. Бројката треба да биде некаде помеѓу 60 и 100 отчукувања. Ако таа е под 60, тогаш укажува на подобро физичко здравје, но ако е над 100 – тогаш вашето тело ви кажува дека не сте доволно активни и срцето мора да работи понапорно за да ги одржува сите функции.rn

    3. Процент на поткожно масно ткиво

    rnЗа разлика од индексот на телесна маса, процентот на поткожно масно ткиво ја открива количината на вишок маснотии одвоени од мускулната маса. Здравиот процент на поткожно масно ткиво кај жените изнесува од 20 до 32 проценти. Овој процент се пресметува со помош на биоелектрична импеданција, метод во којшто преку метални електроди се испраќа слаб електричен сигнал низ телото, додека личноста стои на платформа за пресметување.rn

    4. Базален метаболичен ритам

    rnБазалниот метаболичен ритам ги зема предвид вашата висина, тежина, пол и ниво на телесна активност со цел да пресмета просечен број калории кои се согоруваат додека одмарате. Оваа бројка може да ви помогне да одредите колку најмалку калории треба да внесувате на дневно ниво доколку сакате да ослабите.rnrnПогледнете ги и овие славни личности кои постигнале голем успех иако не ги слушале советите за слабеење.

  • Како да се вратите во форма по завршувањето на летото?

    Како да се вратите во форма по завршувањето на летото?

    Пролетниот период е најчесто оној период во годината кога се одлучуваме за промени во животните навики, особено кога станува збор за тренингот и исхраната и тоа само затоа што сакаме подобро да изгледаме во костимот за капење. Но, летните месеци и одењето на годишниот одмор неретко водат кон враќање на вишокот килограми.rnrnrnrnЛетото е идеално време за опуштање, но исто така е и идеален период за покачување на тежината. Вие уживате во вкусните морски деликатеси и во останатата храна, десерти и пијалаци па затоа и тоа често се одразува на вашата тежина.rnrnНо, не грижете се, губењето на летните килограми најчесто е многу лесно бидејќи се работи за насобрана вода како последица на премалку движење. Тоа што прво треба да го направите откако ќе се вратите од одморот е квалитетна детоксикација на телото. Кој метод ќе го одберете целосно зависи од вас, но дефинитивно не можете да згрешите со детоксикацијата базирана на овошје и зеленчук. Освен тоа што ќе ги исфрлите токсините, вие ќе го обогатите вашето тело со хранливи материи.rnrnПо детоксикацијата потребно е да ја урамнотежите исхраната и да избегнувате мрсна и пржена храна, како и десерти во прекумерна количина. Вкусната здрава храна денес е подостапна од кога било порано благодарение на многубројните креативни рецепти, па причина за нејзино избегнување навистина нема.rnrnИ за крај, најважното нешто е физичката активност. Зависно од тоа колку килограми сакате да изгубите, потребно е да го прилагодите и интензитетот на вежбањето. Покрај лесното вечерно трчање, сигурно не можете да згрешите и со вежбите дизајнирани за домашниот простор. Па, ако сте подготвени, погледнете го видеото и почнете со вежбање уште сега!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=CBWQGb4LyAM

  • Доктор Мати од Тајван: Научете го телото само да ги исфрла отровите за да ослабите без диети

    Доктор Мати од Тајван: Научете го телото само да ги исфрла отровите за да ослабите без диети

    Можете да се грижите за вашето тело, здравје и фигура колку сакате, но телото нема да стане идеално ако содржи непотребни работи. Овде станува збор за отпадот во вашето тело. Поради тоа детоксикацијата (различните методи за чистење на телото) стануваат сè попопуларни во светот. Добрата програма за детоксикација треба да биде нежна, но ефикасна и да се заснова на добри навики. Доктор Мати е тајвански специјалист за здрав живот и многу е популарен поради својот метод „Тенки нозе и рамен стомак од Мати“. Тој има обожаватели ширум светот кои изгубиле тежина благодарение на неговиот метод, но и постигнале поквалитетни услови за живот.rnrnrn

    Доктор Мати изјавува: „Ако сакате да имате чиста кожа и слабо тело, треба да го истренирате вашиот организам да го исфрла отровот (пот, урина и столица).“

    rnАкумулацијата на овие отпадоци се манифестира со лошо варење на храната, сува кожа и губење на косата. Важниот фактор за здравје и убавина зависи од тоа како токсините се исфрлаат и издвојуваат од телото.rnrnrnrnПравилното чистење на телото се случува дури тогаш кога ќе се исфрли отпадот од организмот. Па, како да го сторите тоа?rn

    1. Утринска навика

    rnКога ќе се разбудите, не станувајте одма. Прво облечете чорапи пред да стапнете на подот. Чорапите не ги греат нозете туку им ја одржуваат топлината. Дури и во најтоплото време овој метод делува на поттикнување на природниот метаболизам и правилниот проток на крв. Важно е глуждовите и стапалата никогаш да не бидат ладни.rn

    2. Навики пред вечера

    rnИспијте една чаша прочистена вода којашто има иста температура како вашата телесна температура. Струкот ќе ви биде подебел ако пиете премногу топли или премногу ладни пијалаци. А, течноста што е приближно со иста температура како вашето тело, ќе ви помогне да ги исфрлите токсините од организмот. Чашата вода пред оброкот ја смалува количината на внесена храна и доведува до ситост. Исто така, многу е важно да пиете вода додека стоите исправено бидејќи на тој начин таа побрзо ќе стигне до стомакот.rn

    3. Прехранбени навики

    rnПлунката е многу важна. Таа го поттикнува брзото варење на храната. Денешниот човек има помалку плунка бидејќи јаде преработена храна која не предизвикува излачување на плунка. За да го поттикнете излачувањето на плунката, пред јадењето јазикот треба силно да се исплази во траење од 60 секунди. Плунката сама ќе почне да тече што значи дека вашиот организам одма ќе го започне процесот на варење на храната.rn

    4. Навики со овошјето

    rnДоктор Мати споменува дека е многу важно времето кога се јаде овошјето. Тој советува дека ако немате стомачни проблеми треба да јадете наутро на празен стомак бидејќи единствено тогаш телото ќе ги преземе сите потребни витамини. Ако јадете овошје после оброк, попладне или навечер, процесот на варење трае подолго.rnrnДознајте со кои навики во исхраната ќе го зачувате здравјето и без држење диети.

  • Како влијаат емоциите врз губењето на тежината и како да ослабите со помош на психолошки метод?

    Како влијаат емоциите врз губењето на тежината и како да ослабите со помош на психолошки метод?

    Сакате да јадете и не можете да го контролирате апетитот? Јадете и кога не сте доволно гладни? Зошто жените обожаваат чоколадо, а мажите повеќе сакаат солена храна? Да се биде витка и слаба е животна желба речиси на секоја жена. Жените се изложуваат на секакви диети, а некои можат да напишат и книга за совети за слабеење. 80% од нив ќе признаат дека не се задоволни од својот изглед и дека би сакале да ослабат барем уште 2-3 килограми.rnrnrnrnДа речеме дека сте биле на диета, сте успеале да ослабите и додека ја губите тежината не признавате дека сте под стрес. Откако ќе ослабите се појавува паника од друг вид: како да се задржат постигнатите резултати? Овој пат нема да зборуваме за физички методи за губење на тежина, како исхраната, спортот, пиењето вода туку ќе ви претставиме поинаков метод на слабеење – психолошки и енергетски.rn

    Зошто го јадеме тоа што го јадеме?

    rnКога сме гладни и ни се јаде тоа е показател дека ни недостига некаква енергија. Јадеме бидејќи ни недостигаат емоции. Добро е познато дека јадеме многу повеќе храна отколку што на нашето тело му е потребно. Можеме лесно да живееме ако еднаш или два пати дневно јадеме во мали порции.rnВистинската човечка глад на модерниот човек речиси му е непозната. Гладот што го чувствуваме е глад на нашето друго тело, односно на енергетската обвивка. Можеме цел ден да седиме и ништо да не правиме без да трошиме каква било физичка енергија, а пак да сакаме да јадеме. Зошто е тоа така? Бидејќи сè е во енергијата. Секој производ има вкус и сопствена енергија. На пример, благиот вкус смирува, соленото ја поттикнува концентрацијата, лутиот вкус активира, додека горчливиот дава трпеливост…rnИсто така секој производ има лична енергија. Некои производи имаат женска и мека енергија, додека други машка, некои го поправаат расположението, други се утеха… Кога сакаме да јадеме – тоа е показател дека ни недостига некаква енергија.rn

    Жените посегнуваат по благо бидејќи несвесно се обидуваат да се смират додека мажите сакаат солено бидејќи се обидуваат да ја соберат и да ја активираат својата сила.

    rnВкусот на храната се поврзува со нејзината енергија, таа нè исполнува со нејзините вибрации и промени во менталната состојба. Така на пример постојат одредени животни моменти кога буквално сме зависни од некој производ (тој ни давал потребна енергија), а после тоа во друг момент сме сфатиле дека не сакаме повеќе да го јадеме.rnrnБидејќи јадеме поради недостаток на емоции, пробајте да се потсетите на сите радости и среќни денови во вашиот живот. Јадевте многу тој ден? Дали воопшто јадевте? Кога сме исполнети со позитивни емоции не ни требаат дополнителни извори на енергија и поради тоа не јадеме.rn

    Зошто диетата не помага?

    rnИсцрпувачките диети помагаат да се изгуби тежината само на одредено време. Моменталното воздржување од храна може да резултира со прејадување, а самиот факт дека изгледате одлично и дека сте ослабеле нема да ве направи задоволни бидејќи тоа сте го постигнале со гладување и лишување од храна.rnrnФизичкото тело може да издржи глад долго време без никакви пречки за на крајот да се врати на нормална исхрана. Но, емотивното тело не може. Секој ден му е потребен одреден вид храна, а кога ја скратуваме храната стануваме нервозни и раздразливи. Се сеќавате кога бевте на диета која траеше долго? Тогаш сигурно немавте никакво задоволство, ниту спокој.rnrnКога сте емоционално исполнети, вашето тело не е гладно. Постојат многу начини за да се исполните емоционално преку вашите омилени активности. Вежбање, читање добра книга, гледање филм, прошетка, дружење со пријателите…rnrnВи предложуваме да направите еден експеримент од 21 ден и секој ден да го правите она што го сакате – наместо со храна, бидете нахранети со радост.rnrnСекојдневно правете нешто добро за себе, како спа, масажа, миризлива купка, спорт, танцување… Многу е важно вашето тело да чувствува радост што вие самите ќе му ја овозможите.rnrnАко забележите дека одеднаш сте се здебелиле, бидете сигурни дека сте биле во животен период кој не ве правел задоволни. Тоа значи дека сте се оддалечиле од среќата.rn

    Еве некои работи кои дебелеат, а не се храна:

    rn

      rn 011

    • Се занемарувате себеси поради вашиот сопруг, деца, роднини, колеги
    • rn 011

    • Кога работите нешто што не ви е пријатно
    • rn 011

    • Кога не ги остварувате вашите желби
    • rn 011

    • Кога сте заробени во минатото
    • rn 011

    • Кога се плашите од животот, страв од соочување со него
    • rn 011

    • Откажување од своите желби
    • rn 011

    • Отфрлање на животот и останување во удобна зона
    • rn

    rn

    Ова е многу важно да го знаете:

    rn

      rn 011

    • Добро е кога сте задоволни од своето тело и кога сте среќни што го имате и што е здраво.
    • rn 011

    • Добро е кога се смеете живо и заразно така што сите луѓе во вашето опкружување ќе почувствуваат радост.
    • rn 011

    • Убаво е кога уживате во ситници и им се радувате на обичните нешта.
    • rn

    rnНе бидете изнемоштени и без сила поради прекумерната тежина, не мора да ги броите калориите постојано и да ја отфрлате среќата – пронајдете ја среќата во себе! Бидејќи кога сте среќни и задоволни, тогаш сте и најпривлечни.rnrnПрочитајте ги и овие 5 совети за здраво слабеење и фит изглед.