КАФЕ ПАУЗА

Tag: слабеење

  • Кои жени слабеат побавно, ниските или високите?

    Кои жени слабеат побавно, ниските или високите?

    Зошто слабеењето на некои жени им оди побрзо, а на некои побавно? Дали висината игра улога во процесот на намалување на тежината? Одговорот можеби лежи во метаболизмот. Направени се некои истражувања кои даваат покоректен одговор на ова прашање.rnrnrnrnНиските жени имаат побавен метаболизам и потешко слабеат. Колку калории ви се потребни и како можете да ја постигнете идеалната тежина зависи од годината и полот односно од уделот на поединечни компоненти на телото – масно ткиво, коскена маса, мускулна маса и вода. Истражувањата што биле извршувани покажале дека ниските жени имаат помалку витални органи од повисоките односно дека големината на органите е пропорционална со големината на телото. Исто така, тие имаат и помали мускули, а познато е дека мускулите трошат повеќе калории отколку масно ткиво. Сепак постои начин за да се „надмудри“ природно бавниот метаболизам.rnrnТреба да бидете умерени, да не се прејадувате и да прекинете со јадење кога ќе почувствувате дека ви е доста. Не би требало ниту да се споредувате со вашите пријателки или членови на семејството бидејќи сите сме различни. На пример, според една студија објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана, личностите со побрз метаболизам чувствуваат повеќе глад од оние со побавен метаболизам. Големината на органите не можете да ги промените, но можете да ја промените количината на мускулите. За тоа ќе треба редовно да вежбате, а главни сојузници во намалување на килограмите треба да ви бидат теговите.rnrnКога настојувате да го намалите внесувањето на калориите треба да го зголемите внесувањето на протеините бидејќи тие даваат подолготрајно чувство на ситост и го стабилизираат шеќерот во крвта. Ова правило се однесува и на повисоките луѓе што настојуваат да ја зголемат мускулната маса. Денот започнат со овесни снегулки и грчки јогурт е одличен избор за консумирање намирници богати со протеини. Покрај тоа, треба да се внимава и на консумирањето минерали и витамини бидејќи некои диети можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист. Пред да се одлучите за промена во исхраната убаво информирајте се и проучете ги сите предности и недостатоци, па ви останува само да го одберете оној начин на исхрана што ќе ви одговара најмногу.rnrnДознајте и како вашата крвна група може да влијае на брзината на слабеењето.

  • Љубители на кафе, имаме одлични вести за вас!

    Љубители на кафе, имаме одлични вести за вас!

    Повеќето од нас посегнуваме по шолја кафе наутро за да можеме да го започнеме денот. Но, покрај енергијата што ни ја дава кофеинот, тој ни помага и да останеме во форма, согорувајќи ни ги мастите во телото.rnrnrnrnПрвото нешто што треба да го разбереме за нашето тело е дека постојат различни масти: бели и кафени. Белите масти се оние што нашето тело ги складира и ги чува за да нè одржува во живот. Кафените масти пак, се оние кои ни помагаат при согорувањето на наталожените масти, го балансираат шеќерот во крвта, го одржуваат здравјето на коските, но и на мускулната маса. За жал, како што растеме, така губиме од кафените масти, што е една од причините поради кои потешко слабееме кога ќе остариме. За среќа, тие не исчезнуваат целосно. Новите истражувања покажуваат дека постои едноставен начин да се активираат повторно.rnrnСпоред неколку неодамнешни студии, бил донесен заклучок дека консумирањето кофеин помага при зголемување на активноста на кафеавите масти, дури и со само со една шолја кафе. Со други зборови, редовното пиење кафе помага при согорувањето на вишокот килограми. Научниците дошле до овој заклучок по набљудувањето на учесниците кои пиеле вода наспроти кафе.rnrnСепак, имајте на ум дека со додавањето шлаг и шеќер се губат придобивките на кофеинот. Исто така, обидете се да се задржите на 1-2 шолји кафе на ден, па бидете претпазливи да не претерате бидејќи тоа носи други негативни страни.rnrnПа, љубители на кафе, подгответе си една шолја уште веднаш и уживајте! И додека уживате во неговиот вкус, прочитајте го и ова истражување чии резултати укажуваат дека колку повеќе кафе пиете, толку подолго ќе живеете!rnrn rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • Инспиративна приказна на една жена која тврди дека и во менопауза можат да се имаат стомачни

    Инспиративна приказна на една жена која тврди дека и во менопауза можат да се имаат стомачни

    Секој сака да биде здрав и да има здраво тело. Проблемот со тежината е најчеста појава во денешницата, а за дебелината велат дека е болест на 21-от век. Оваа животна приказна на жената која чекала долго време за да го доведе телото во форма може да ви послужи како инспирација и доказ дека сè е возможно и дека никогаш не е доцна за промена!rnrn

    rnrnНатали одлучила дека сака да биде здрава. Од исхраната го исфрлила сето она што ѝ штети, а почнала и со вежбање. Еве како го постигнала нејзиниот сјаен изглед на 47 години.rnrnКога наполнила триесет и нешто години, Натали Џил се развела од нејзиниот сопруг, ги спакувала работите и со нејзиното бебе започнале нов живот. Била осамена и со прекумерна тежина. Бидејќи по професија била нутриционист, знаела дека мора нешто да промени за да биде поздрава. Започнала да јаде повеќе природни намирници, а дневно вежбала по 15 минути.rn

    „Се чувствував премногу стара, премногу скршена, премногу дебела и депресивна за да правам што било. Моите бедра се триеја кога се движев, вратот ми беше дебел, а хормоните во тотален хаос. Постојано бев мрзоволна и гладна“, искрено објаснува Натали.

    rnКога почнала да вежба нејзиното тело почнало да се менува. Значајно изгубила тежина. Кога на себе ја видела промената дала отказ од работа и им се посветила на тренинзите. Со текот на времето успеала да го обликува своето тело доведувајќи го до совршенство.rnrnСо 39 години станала фитнес модел и неколку пати се појавила на насловни страни на списанија посветени на здравјето. Сега Натали има 47 години и нејзиното здравје го достигнало својот врв. Таа на сите им порачува дека никогаш не е доцна за вежбање и дека е можно секоја жена обратно да старее, односно да го врати саатот назад.rnrn

    rnrnБез оглед дали имате 45, 55 или 65 години, можете да се чувствувате фантастично, само ако преземете нешто во врска со вашето здравје. Секоја жена кога ќе влезе во менопауза се соочува со мастите кои се таложат во пределот на стомакот и бутовите. Метаболизмот станува спор, се чувствува тромаво и старо. Меѓутоа, може да се направи пресврт.rnrnНатали смета дека основно правило е да се промени мислењето, односно да престанете да размислувате за храната како уживање. Немојте да живеете за да јадете, туку јадете за да живеете. Вистинската храна ќе ви помогне да направите пресврт во процесот на стареењето. Нејзиниот совет е во текот на 10 дена да се придржувате на следниве правила:rn

    Престанете да барате утеха во храната

    rnДоволно сте возрасни за да знаете што е здраво, а што не. Имајќи го тоа на ум, од исхраната исфрлете ги слатките и брзата храна. Јадете здрави и свежи намирници. Направете си сами ручек и уживајте во храната. Но, јадете одбрана храна и по малку.rn

    Јадете протеини

    rnТие се многу здрави за вашите мускули и за одржување на метаболизмот. Задолжително јадете месо, риба и јајца. Сите три оброка нека содржат протеини. Водете сметка големината на месото да не биде поголема од вашата дланка.rn

    Маснотиите се потребни за да живееме

    rnНе заборавајте да јадете маслиново масло, авокадо или семки кои содржат маснотии како и јаткасти плодови.rn

    Зеленчукот со скроб нека ви биде секогаш на мени

    rnПодгответе морков и цвекло, ставете малку маслиново масло, сол и ќе добиете здрава салата која го чува вашиот струк. Тајната е во воздржувањето. Малку јадете, а се чувствувате многу подобро.rn

    Свежото овошје и зеленчукот се вашата сигурна карта

    rnИскористете го летото. Јадете колку што е можно повеќе овошје и свеж зеленчук. Тие производи се полни со влакна и се многу здрави. Само така ќе ја постигнете идеалната тежина.rn

    Исфрлете го шеќерот

    rnШеќерот и менопаузата не одат рака под рака. Ако сакате да се чувствувате добро за време на менопаузата престанете да јадете слатки. Единствен извор на шеќер нека ви биде овошјето.rn

    Пијте вода

    rnПред секој оброк испијте чаша вода. Кога ќе се почувствувате гладни неочекувано, повторно напијте се чаша вода и почекајте малку, па дури потоа јадете. Само така ќе ја контролирате тежината.rn

    Вежбајте

    rnАко досега не сте вежбале, сега е време да почнете. Пешачете, шетајте, одете, трчајте. Секој ден движете се повеќе и повеќе. Вежбањето во менопаузата ќе го намали ризикот од деменција, ќе го подобри памтењето и ќе помогне во борбата против Алцхајмеровата болест. Вежбањето го подобрува сонот, го намалува уморот и анксиозноста, ја зголемува самодовербата и ги намалува „топлите бранови“.rn

    Предлог вежби:

    rnСоветот на Натали е да вежбате што повеќе. Меѓутоа покрај секојдневната активност, пешачете до пазар, намалете го користењето на автомобил или автобус, а повеќе движете се и додајте стомачни, клекнувања и планк на вашата дневна рутина.rnrnДоволни се само 10 минути дневно за да имате совршена линија дури и во менопауза!rnrnПрочитајте и како да го спречите дебелеењето за време на менопаузата?

  • „Здрави“ производи кои всушност нѐ дебелеат околу стомакот

    „Здрави“ производи кои всушност нѐ дебелеат околу стомакот

    Доколку сакаме да ги намалиме килограмите, нутриционистите постојано препорачуваат здрава и свежа храна на нашето мени. Но, постојат неколку производи за кои сметаме дека се здрави, а всушност со нивната консумација можеме да добиеме и некој килограм плус околу стомакот.rnrnrn

    1. Житни плочки

    rnЖитните плочки, всушност, не се здрава замена за чоколадото. Англиските научници откриле дека т.н. енергетски плочки, поради своите лоши прехранбени вредности, влегуваат во ист ранг со чоколатцата. Често содржат многу шеќери, па затоа секогаш читајте што пишува на амбалажата.rn

    2. Јогурт

    rnКога велиме јогурт, мислиме и на сите различни видови овошни и полномасни јогурти. Тие содржат многу шеќери, а поради големиот процент на лактоза во нив, може да предизвикаат оток и воспаление во дигестивниот тракт. Кога купувате јогурт, изберете некој без додадени шеќери или варијанта без лактоза.rn

    3. Овошен сок

    rnПостои голема разлика меѓу свежо цедениот сок и овошниот сок во тетрапак. Додека цедениот сок содржи само овошни шеќери, сокот кој го купувате содржи многу повеќе шеќер.rn

    4. Сол

    rnСо цел да добиеме подобар вкус, солта е неминовен дел од готвењето. Но, внесот на премногу сол го крева крвниот притисок и предизвикува акумулација на вода во телото, нешто што резултира со неколку килограми вишок на вагата. Па затоа, доколку сакате да ослабнете, избегнувајте ги јадењата кои се премногу солени.rnrnДознајте ги и причините зошто не можете да ослабите.

  • Уживајте и слабејте: Рецепти за сладоледи што ќе ви го намалат обемот на струкот

    Уживајте и слабејте: Рецепти за сладоледи што ќе ви го намалат обемот на струкот

    Ако сакате да се разладите и да ослабете, не мора да се откажете од омилениот летен десерт. Сè што треба да направите е да го пробате овој домашен сладолед со „магични“ состојки кој има моќ да ви го намали обемот на струкот. Постојат две варијанти од истиот рецепт. Ние ќе ги споделиме и двете, а на вас останува да го одберете омилениот!rnrnrn

    1. Сладолед од лубеница

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1/2 мала лубеница
    • rn 011

    • 2,3 гранчиња нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОтстранете ја кората и исечете ја внатрешноста на лубеницата на парчиња, па ставете ја во блендер. Исечкајте ги ливчињата нане, додајте ги во блендерот и матете додека не добиете мазна смеса. Ако тестото е премногу густо, додајте малку вода. Сипете ја смесата во калапи за сладолед и ставете ја во замрзнувач.rn

    2. Егзотичен сладолед

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1/2 ананас
    • rn 011

    • 1 краставица
    • rn 011

    • 1 јаболка
    • rn 011

    • 100 грама свежи листови спанаќ
    • rn 011

    • 1 гранче свежо нане
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер и добро изматете. Ако смесата е прегуста, додајте малку вода и продолжете со матење. Сипете ја добиената смеса во калапи за сладолед, па оставете ја да се олади во зармзнувач.rnrnОсвежителен рецепт: Пробајте го и овој здрав сладолед од јагоди.

  • „Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

    „Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

    Сакате да ослабете, а не знаете како да ги контролирате порциите храна? Во тоа ќе ви помогне едноставната „дланка диета“.rnrn„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калорииrnrnКонтролирањето на големината на порциите и внесот на калории се двата најважни елементи во повеќето диети. Со т.н. „рачна“ диета нема потреба да размислувате за калориите, а порциите без проблем ќе ги држите под контрола.rnrnОваа диета се заснова на идејата за контролирање на порциите храна со помош на сопствената рака. Поточно, со помош на одредени делови од дланката. Така, препорачаната дневна количина месо, на пример, не би требало да биде поголема од големината на вашата раширена дланка.rnrnИстражувањето спроведено од Американското здружение за малигни болести покажало дека не сме вешти во менаџирањето на количината храна која ја внесуваме во организмот. На пример, просечната порција тестенини е пет пати поголема од препорачаната  количина.rnrnОтсекот за исхрана и студиите за храна на Универзитет Њујорк вината ја фрлаат на менталитетот „празна чинија“ кој ни создава погрешен однос кон храната. Луѓето од мали се учат дека мора да исчистат сѐ од чинијата пред себе, а таквото однесување подоцна преминува во навика, па во комбинација со преголемите порции доведува до натрупување вишок килограми.rnrn„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калорииrnrnМали промени во исхраната можат да доведат до големи резултати, само мора да научите како секојдневно да ја контролирате количината на храна што ја јадете.rnrnПарче путер големо колку врвот на прстот има максимум 40 калории и тоа е сосема доволно за појадок, а ако на парчето леб намачкате полна лажичка путер, непотребно ќе внесете минимум 110 калории.rnrnМала лажичка масло има 45 калории, а голема 135 калории. Заради една лажица масло вишок на ден, во годината можете да се здебелите 6 килограми.rnrnВо продолжение дознајте колкава количина од основните и популарни намирници смеете да консумирате во текот на еден ден.rnrnНа ист начин контролирајте ги и останатите намирници од иста група и запаметете дека во јадењето свежо овошје и зеленчук не постои ограничување.rn

      rn 011

    • Месо – отворена дланка
    • rn 011

    • Риба – отворен дланка
    • rn 011

    • Јаглехидрати (тестенини, компир, ориз, леб) – затворена дланка
    • rn 011

    • Путер – врвот на прстот
    • rn 011

    • Сирење – испружен показалец и среден прст
    • rn 011

    • Мајонез, кечап и други индустриски сосови – врвот на два прсти
    • rn 011

    • Чоколадо – три испружени прсти
    • rn 011

    • Сладолед – затворена дланка
    • rn

  • 5 совети за здраво слабеење и фит изглед

    5 совети за здраво слабеење и фит изглед

    Летото е скоро тука и сигурно во текот на овој месец сте размислувале за вашата фигура. Без разлика колку килограми сакате да изгубите и како сакате да изгледа вашето тело, потребно е да се одлучите на промена и да почнете од некаде. Доколку се чувствувате изгубено, следниве совети ќе ви помогнат на патот до вашето совршено тело.rnrn5 совети за здраво слабеење и фит изгледrn

    1. Донесете одлука дека овој пат навистина ќе се ослободите од вишокот килограми

    rnМожеби ви звучи смешно бидејќи штом сте почнале со диета, веројатно сте донеле одлука да се ослободите од вишокот килограми. Но, ова не е точно. Сигурно многу пати досега сте пробувале да ослабите, но не сте правеле ништо, бидејќи не сте биле доволно одлучни. За конечно да го постигнете посакуваниот изглед, морате да бидете цврсто решени и вистински мотивирани. Не треба да постои ниту една желба за одолговлекување. Овој пат треба да одите на сè или ништо.rn

    2. Поставете реални цели за вашиот нов изглед

    rnСега кога сте вистински одлучени да ослабите, време е да ги поставите вашите цели. Најпрво пресметајте го вашиот индекс на телесна маса за да откриете како би изгледала вашата идеална фигура, односно колку има вишок. Потоа направете план до кој навистина ќе се држите. Поставете цели – колку килограми ќе изгубите, за колку време, колкав обем сакате и слично. Водете сметка целите да бидат реални. Сè што е „на брзина“ воглавно е привремено и најчесто нездраво.rn

    3. Подобрете го начинот на исхрана

    rnДоколку сакате да ослабите, морате да го промените начинот на исхрана. Сепак, важно е да не гладувате, туку само да го намалите внесувањето на шеќери и брза храна, а да го зголемите консумирањето овошје, зеленчук и житарици. Доколку сметате дека немате доволно познавање за да направите ваше мени, секогаш можете да побарате помош од нутриционист.rn

    4. Не заборавајте на водата

    rnВодата го забрзува метаболизмот. Па, обидете се да пиете 1,5 литри вода во текот на денот, а кога времето е топло, добро би било да пиете и до 2,5 литри вода. Покрај водата, можете да пиете и незасладен чај и свежо цедени сокови, а избегнувајте ги засладените пијалаци.rn

    5. Следете го напредокот и не откажувајте се

    rnДоколку се држите до вашите цели и планови, резултатите сигурно ќе се појават. Бидете упорни, истрајни и трпеливи и никако не се откажувајте. Не заборавајте дека овој пат сте цврсто решени да успеете. Мерете го секој напредок и радувајте му се на секој успех кој ќе ви служи како мотивација да продолжите понатаму. И, се разбира, уживајте во вашето ново тело.rnrnПогледнете ги и овие одлични совети за слабеење од оние кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.

  • Неверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослаби

    Неверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослаби

    Ангус Барбиери го држи светскиот рекорд за најдолгото гладување кое траело неверојатни 382 дена. Дури и денес на научниците не им е јасно како можел да живее без храна толку долго без да му наштети на своето здравје. Повеќето научници се убедени дека откажувањето од храна повеќе од 40 дена може да биде екстремно опасно.rn

    Една година на минерална вода и витамини

    rnНеверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослабиrnrnВо 1965-та година, многу дебел 27-годишен маж се пријавил во болницата Мерифилд во Шкотска. Во тој момент тој тежел 206 килограми. Ангус им кажал на болничарите дека е подготвен да се откаже од јадењето храна за да ослаби, а лекарите се согласиле да го следат неговиот напредок.rnrnНа почетокот, Ангус не планирал на долго да се откаже од храната, но животот без храна му бил навистина лесен. И покрај советите од лекарите, решил да го продолжи својот експеримент и после 40 денови постење. Сакал да биде во совршена форма.rnrnПовеќе од една година, тој земал само витамински додатоци во исхраната и јадел квасец и особено витамин Ц. На 92-риот ден, почнал да зема пилули со калиум, а на 345-тиот ден започнал да јаде сол. Исто така можел да пие пијалаци без калории во неограничено количество, како чај, кафе и минерална вода. Понекогаш јадел малку шеќер и млеко, особено во последните денови од диетата.rnrnАнгус имал само едно движење на цревата на секои 37-38 денови. Ова не е изненадувачки бидејќи не јадел многу.rn

    Се откажал од работата во продавница за храна за да ослаби

    rnНеверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослабиrnrnАнгус не добил никаков медицински третман, иако на почетокот бил опкружен со лекари. Но бидејќи се прилагодил на животот без храна, наскоро добил дозвола да оди дома и да живее таму. Ја посетувал болницата само за тестови.rnrnЛекари тврделе дека нивото на гликоза во организмот на Ангус било многу ниско, па тоа го докажувало фактот дека не јадел ништо. Но, хипогликемијата не го сопрела да ги извршува своите обврски. Единственото нешто од коешто се откажал било работното место во продавницата за помфрит и риба на татко му. И покрај неговата одлучност, Ангус не можел да ослаби кога околу него имало толку многу вкусна храна.rn

    Варените јајца биле деликатес за Ангус

    rnНеверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослабиrnrnАнгус го завршил неговиот пост на 11-ти јули 1966-та година. За 382 дена, тој изгубил 125 килограми и на крај тежел 81 килограм. На крајот на постот, Ангус појадувал едно варено јајце со парче леб и путер и шолја кафе. Според него, дотогаш веќе целосно го заборавил вкусот на храната и можел вистински да ужива и во наједноставните оброци.rnrnИако ослабел навистина брзо, во наредните 5 години после постот, тој вратил само 7 килограми.rnrnАнгус се преселил во Ворвик, Англија, каде што имал 2 сина и живеел уште 24 години.rn

    Дали е можно да се ослаби со откажување од храна?

    rnНеверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослабиrnrnСлабеењето на овој начин може да биде навистина опасно. Дипломците од Медицинскиот факултет во Данди Шкотска опишале 5 случаи каде што дебелината била третирана со постење. Сите 5 случаи резултирале со смрт на пациентите. Само една пациентка успеала да живее 210 денови без храна и умрела откако почнала со јадење. Ова е честа последица кога ненадејното консумирање храна ја нарушува рамнотежата на течности и електролити во телото. Останатиот дел од пациентите умреле поради здравствени проблеми во 3-тата до 8-мата недела од постот. Многу други пациенти страдале од недостаток на калиум, иако земале додатоци.rnrnНекои луѓе можат да издржат долго без храна, живеејќи од масните наслаги на нивното тело. Но постењето, па дури и нискокалоричните диети, можат да предизвикаат инфаркт бидејќи тежината и мускулите исчезнуваат пребрзо. По околу 6-8 недели од постењето, почнуваат да се појавуваа проблеми со срцето. Доколку личноста нема доволно сало или има некоја хронична болест, овие проблеми можат да се појават и порано.rnrnНекои истражувања покажале дека ограничувањето на храната, или нејзиното целосно избегнување може да помогне во борбата против ракот и дебелината. Кај животните, откажувањето од храната го забавува стареењето. Сепак, предностите не се сигурни, па ова е навистина опасен метод за слабеење.rnrnДоколку и вие се борите со вишокот килограми, пробајте ги овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.

  • 4 точки за масажа на вашето тело што ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

    4 точки за масажа на вашето тело што ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми

    Ако се придржувате до оваа рутина, вашиот метаболизам ќе се забрза. Како резултат на тоа, ќе станете многу енергични во текот на денот, притоа елиминирајќи ги побрзо сите маснотии во вашето тело. Истовремено ќе се прекине и нивната акумулација. Ќе почнете да го контролирате својот апетит и ќе создадете нов, здрав начин на живот.rnrnАкупунктурата и акупресурата се комплексни медицински техники што веќе илјадници години им помагаат на луѓето да се ослободат од здравствените проблеми. На кратко, логиката е во тоа дека секој орган во нашето тело е директно поврзан со одредени точки на телото, преку енергетски канали. Па, ако сакате да ја подобрите работата на некои од внатрешните органи, потребно е само да пронајдете одредена точка и редовно да ја масирате.rn

    1. Точка на увото

    rnrnrnМасирањето на оваа точка го забрзува метаболизмот, што допринесува за губење на тежината во сите делови од телото. Треба да ја масирате со палец околу 3 минути дневно, 3 пати на денот, со ист притисок на увото. По масажата ќе забележите дека во вашето тело има многу повеќе енергија. Исто така, помага при отстранување на непријатните симптоми како умор на рацете, нозете, рамената и стапалата.rn

    2. Точка на лицето

    rnrnrnОваа точка се наоѓа точно помеѓу носот и горната усна. Потребно е да ја стимулирате два пати дневно, по 5 минути. Таква масажа помага да го контролирате чувството на глад и нервоза. Ако се прејадувате за време на стрес, оваа вежба е посебно добра за вас.rn

    3. Точка на раката

    rnrnrnОва е клучна точка на телото, низ која поминуваат сите меридијани на вашата енергија. Масирајќи ја, го ослободувате телото од вишокот телесна топлина и допринесувате за подобрување на работата на цревата. Ја масирате оваа точка 1 минута, 2-3 пати дневно.rn

    4. Точка на ногата

    rnrnrnОваа точка е најкористената во акупунктурата. Се нарекува Зу Сан Ли. Таа не само што ја подобрува дигестијата, туку помага и во намалување на воспалителните процеси во целото тело. Ја нарекуваат точката на долговечноста или точката што се бори против 100-тина болести. Таа се наоѓа веднаш под чашката на коленото. Масирајте ја 9 пати со кружни движења во насоката на часовникот, наизмечно (9 пати на едната, 9 пати на другата нога). Правете го тоа 10 минути вкупно. Но, немојте да ја масирате веднаш пред спиење, бидејќи можете да предизвикате несоница. Исто така имајте малку ум дека оваа точка предизвикува мала непријатност, понекогаш дури и болка, но тоа е сосема нормално.

  • 15-минутна рутина за вежбање за рамен стомак

    15-минутна рутина за вежбање за рамен стомак

    Веројатно досега сте донеле одлука да го промените начинот на живот, да се храните здраво и да вежбате. Но доколку сè уште не сте подготвени за оваа драстична промена, има надеж и за вас.rnrn15-минутна рутина за вежбање за рамен стомакrnrnИако вежбањето е долготраен процес кој бара секојдневен труд, постојат некои комбинации на вежби што ќе ви го направат тренингот поефикасен, и тоа за пократко време.rnrnСтомакот е еден од најпроблематичните делови од телото бидејќи масните наслаги најлесно се таложат овде. За да го добиете стомакот од соништата, да ги стопите мастите и да го обликувате мускулите, потребна е комбинација од активен тренинг и правилна исхрана.rnrnНамирниците што ги внесувате се одговорни за вашиот изглед. За да го намалите стомакот, важно е вашата исхрана воглавно да се состои од овошје, зеленчук, немасно месо и житарици, а уште поважно е да пиете и многу вода.rnrnМожете го обликувате стомакот со разни кардио вежби и вежби со тежина. Дури откако ќе се ослободите од сите масни наслаги, можете да почнете со вежби чија цел е обликување на стомачните мускули.rnrnВажно е да знаете дека нема потреба да вежбате по неколку часа за тренингот да биде ефикасен. Понекогаш доволни се и 15 минути, под услов вежбите да бидат со висок интензитет. Доколку не знаете со какви вежби да почнете, на видеото во продолжение погледнете ја одличната 15-минутна рутина за рамен стомак.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=CSRtn7N0lWIrnrnПробајте го и овој фитнес предизвик за затегнување на целото тело.