Иако сите оние што се занимаваат со активно вежбање губат килограми, тие што биле на програмата наречена HIIT (high-intensity interval training) – тренинг со високо интензивен интервал, губеле 28,5% повеќе килограми од останатите. Оваа програма вклучува кратки интервали на интензивно вежбање, што е поефикасно за губење килограми од долгото вежбање со низок интензитет и токму тоа го покажала една неодамнешна студија што била објавена од страна на BBC.rnrn
rnrnОвој тренинг не трае подолго од 20-тина минути, а може да се прилагоди и за почетници и за експерти. Системот може да се примени на различни начини, како кружни тренинзи со користење на сопствената тежина, со тегови, со трчање и одење или комбинирање на сите методи во еден тренинг. Важно е додека се вежба да дадете сè од себе, а во текот на одморите да му дозволите на телото да се релаксира и да се подготви за следниот интервал кога повторно треба максимално да се ангажирате.rnrnСе покажало дека оние што оделе на тренинг со високо интензивен интервал изгубиле и до 28,5% повеќе килограми од оние што вежбале умерено долго. Сепак, добро е да се запомни дека овој вид вежби не се за сите. Тренингот го зголемува ризикот од повреди и води кон поголем кардиоваскуларен стрес, па осигурете се дека сте во добро физичко здравје пред да го пробате овој метод на вежбање.rnrnПрочитајте ги и овие 12 факти за фитнесот што веројатно нема да ги слушнете од вашиот тренер.
Tag: слабеење
-

Нов фитнес тренд: 20-минутен интензивен тренинг со неверојатни резултати
-

11 совети за слабеење за мрзливите
Колку пати си кажувате дека ќе почнете со диета од следниот понеделник или пред некој важен настан? Сепак на крај се откажувате бидејќи не сте подготвени да вложите многу труд. Но нема потреба да правите големи чекори за да ја постигнете посакуваната тежина, можете да го направите тоа поставувајќи си навистина мали цели. Погледнете како да се ослободите од вишокот килограми, дури и ако сте мрзливи.rnrn
rn1. Незабележителна активност
rnГлавното правило за слабеење е едноставно – треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате. Физичките вежби се од голема помош, но на повеќето луѓе често им е проблем да ги изведуваат. Затоа, бидете активни во текот на денот и помеѓу секојдневните обврски. Доколку гледате некоја серија, направете неколку склекови или чучнувања. Кога ги миете забите направете неколку исчекорувања. Фитнес тренерите советуваат да бидете активни по секој оброк. На овој начин се подобрува дигестивниот процес и се согоруваат повеќе калории. Немојте да седнувате веднаш по ручек и не легнувајте си веднаш по вечерата. Прошетајте 10-тина минути, а после половина час можете да направите и неколку вежби.rn
2. Не заборавајте на умами
rnРазликуваме 5 различни видови вкус – слатко, кисело, горчливо, солено и умами. Умами е вкусот што можете да го почувствувате кај соја сосот, брокулите, печурките и оревите. Се смета дека тој има одредено влијание врз нашиот мозок и први побрзо да се чувствуваме сити. Можете да додадете малку соја сос во вашиот оброк, но бидете внимателни – соја сосот содржи многу сол, па немојте да претерувате.rn
3. Додајте зачини
rnЗачините имаат позитивно влијание на нашиот метаболизам. Циметот, куркумата, пиперот и ѓумбирот се најпопуларни. Ако го намалите количеството сол што го внесувате и додадете неколку зачини, можете да го забрзате вашиот метаболизам. Покрај тоа, зачините имаат и други корисни својства:rn
- rn 011
- Циметот го намалува шеќерот во крвта.
- Ѓумбирот ја подобрува кожата и има добро влијание врз дигестијата.
- Пиперот ја подобрува работата на крвните садови и го спречува задржувањето на вода.
- Куркумата ги намалува воспаленијата и ја подобрува работата на мочниот меур.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
4. Пијте студена вода
rnСе верува дека вкусот на водата зависи од нејзината температура. Можеби поради ова повеќето луѓе ја сакаат водата со мраз. Доколку немате никакви проблеми, секогаш пијте студена вода. На овој начин телото ќе согорува повеќе калории бидејќи ќе се обидува да ја загрее за подобра апсорпција. Можеби оваа активност не прави голема разлика (губите околу 8-15 калории со пиење чаша вода), но колку-толку помага.rn
5. Кратки прошетки
rnНе е толку тешко да се движите повеќе. Паркирајте го автомобил малку подалеку од работното место или прошетајте после ручекот. Овие активности согоруваат калории и ја подобруваат работата на крвните садови. Овие навики нека ви станат рутина и ќе забележите дека ќе се чувствувате подобро.rn
6. Излажете ги очите
rnЕден од најефикасните начини да ослабите е да ја намалите големината на порциите. Навистина лесно можете да ги излажете вашите очи и стомак. Големите парчиња сечете ги на помали, а храната служете ја во помали чинии. Тогаш ќе ви изгледа како да е повеќе.rn
7. Намалете го бројот на калории со јаболка
rnЈаболката, особено киселите, го стимулираат лачењето на желудочна киселина и го зголемуваат апетитот. Но, доколку изедете јаболко 15 минути пред оброкот, количеството калории што сте ги примиле во текот на денот ќе се намали за 150 до 200. Некои нутриционисти сметаат дека причината е што стомакот е делумно полн, а други сметаат дека е поради високото количество хранливи влакна што го забрзуваат метаболизмот.rn
8. Отстранете ја храната што можете лесно да ја заборавите
rnМногу луѓе почнуваат со диета, но набрзо потоа се откажуваат. Поради ова е важно да почнете со мали чекори. Прво отстранете ја храната без која можете да живеете, но сепак ја јадете кога ви е здодевно или кога сте под стрес. Ако не можете да си го замислите животот без чоколадо, не го отстранувајте веднаш, туку постепено намалувајте го внесот.rn
9. Користете ги боите
rnБојата има влијание врз нашиот апетит и најнепријатна е темно сината. Наводно, храната ни изгледа помалку вкусна во сини чинии и поради тоа јадеме помалку. Розовата може да го подобри мирисот на десертот, белата е неутрална, а портокаловата и жолтата можат да го зголемат апетитот.rn
10. Консумирајте витамини што го забрзуваат метаболизмот
rnДали сте се запрашале зошто полесно се слабее во лето? Причината е витаминот Д што го забрзува метаболизмот. Доколку е облачно, можете да го внесете овој витамин со риба, путер и јајца. Исто така не заборавајте и на хромиумот кој го намалува нивото на инсулин и го намалува апетитот. Можете да го најдете во риба, морска храна, леќа и грав.rn
11. Користете ги мирисите
rnНекои мириси имаат влијание на нашиот апетит, а неколку истражувања го докажале тоа. Наводно кога луѓето мирисале нане, јаболка, банана и грејпфрут јаделе помалку. Од друга страна цветните мириси го зголемуваат апетитот. Овде спаѓаат лаванда, роза и јасмин.rnrnПробајте ги и овие лесни и ефикасни вежби за мрзливи луѓе.
-

Поврзаноста на појадокот со слабеење: Вистината зад овој мит што конечно ќе ви даде мир
Поголемиот дел од вас сигурно го чуле советот што звучи многу контрадикторно – со прескокнувањето на појадокот би можеле да се здебелите, бидејќи на тој начин го забавувате метаболизмот и во текот на денот јадете многу повеќе за да надополните за изгубеното.rnrn
rnrnАко ова ви се чини како бесмислица, можно е да имате право. Сè уште не постојат докази дека прескокнувањето на појадокот води кон зголемување на телесната тежина. Барем така вели заклучокот од една нова студија објавена во научното списание „British Medical Journal“. Спротивно на популарното верување, истражувањето покажало дека ако го прескокнете појадокот, тоа нема да предизвика чувство на зголемена глад во попладневните часови или разлика во трошењето на енергијата.rnrnНаучниците од факултетот Монаш во Мелбурн ја анализирале врската помеѓу појадокот и промените во телесната тежина, како и дневното внесување на енергија. Тие користеле податоци од 13 различни клинички истражувања што биле спроведени во Америка и Велика Британија во последните 28 години. Нивниот заклучок бил дека вкупното дневно консумирање храна било поголемо кај луѓето што појадувале од оние кои го прескокнувале оброкот. Исто така утврдиле и дека нема значајни разлики во активноста на метаболизмот кај двете групи.rnrnИмајќи го ова на ум, редовното појадување води кон голем број други здравствени придобивки, па затоа мора да внимавате ако сакате да го исфрлите со цел да ослабите.rnrnПрочитајте и зошто не треба да јадете банани за појадок. -

10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми
Слабеењето не мора секогаш да биде јадење храна без вкус и постојана посета на теретаната. Можете да го добиете посакуваното тело на многу поедноставен начин – со длабоко дишење. Во комбинација со едноставни физички вежби, длабокото дишење ќе ви помогне да се ослободите од вишокот масти, а резултатите ќе бидат трајни. Следниве 6 вежби се одлични доколку сакате да го пробате овој метод.rn
1. Вежба со дишење во шише
rn
rnrnЗа вежбата ви е потребно само празно пластично шише.rnШто да правите:
rn
- rn 011
- Застанете на сите четири и ставете го отворот на шишето во устата.
- Вдишувајте и издишувајте бавно со помош на дијафрагмата.
- Вдишете низ носот, а издишете го воздухот во шишето додека ги активирате дијафрагмата и стомачните мускули. Важно е издишувањето да биде кратко, но моќно.
- Направете 15 повторувања, или повторувајте ја вежбата 10-тина минути.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnБидете внимателни со оваа вежба. Доколку почувствувате вртоглавица или каква било неудобност одморете се, па потоа продолжете.rn
2. Лавовски здив
rn
rnrnИако вежбата можеби изгледа смешно, таа е особено добра за вашиот врат и ќе ви помогне да се ослободите од дуплата брада.rnШто да правите:
rn
- rn 011
- Клекнете на колена и потпрете го задникот на стапалата.
- Поставете ги дланките помеѓу нозете свртени кон вас и исправете ги рацете.
- Вдишете преку носот, а издишете силно преку устата испуштајќи го звукот „ха“.
- За време на издишувањето широко отворете ја устата и исплазете го јазикот што е можно повеќе. Ќе почувствувате напнатост на вратот, брадата и мускулите на лицето.
- Повторете 4-6 пати.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
3. Истегнување на нозете
rn
rnrnОваа вежба ги активира стомачните мускули, ги зајакнува мускулите на грбот и го подобрува држењето на телото.rnШто да правите:
rn
- rn 011
- Легнете на грб, кренете ги колената и истегнете ги нозете.
- Поставете ги рацете на подот покрај телото.
- Издишете, поставете ги рацете зад главата и исправете ги лактите. Вдишете 2 пати.
- Додека издишувате кренете ги нозете под прав агол и останете во истата положба 15-20 секунди. Дишете со нормален ритам.
- На следното издишување спуштете ги нозете под агол од 60 степени. Останете во оваа положба околу 1 минута и дишете со нормален ритам.
- На следното издишување спуштете ги нозете под агол од 30 степени. Останете во оваа положба од 30 секунди до 1 минута и дишете со нормален ритам.
- Издишете и бавно спуштете ги нозете на подот.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
4. Брод
rn
rnrnОваа вежба ги активира сите стомачни мускули.rnШто да правите:
rn
- rn 011
- Седнете на подот со свиткани колена.
- Испружете ги рацете напред и навалете се назад.
- Стегнете ги стомачните мускули и исправете ги рацете.
- Исправете ги нозете и подигнете ги стапалата и застанете во положбата како на фотографијата.
- Држете ја положбата 15-20 секунди и дишете полека.
- Повторете 3-4 пати.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
5. Разладување
rn
rnrnОваа вежба ви дава контрола над чувството на глад и жед и ги лади телото и умот.rnШто да правите:
rn
- rn 011
- Седнете со вкрстени нозе.
- Исплазете го јазикот и свиткајте го како на фотографијата.
- Вдишете низ јазикот. Започнете со вдишување од 4 секунди и издишување од 6 секунди низ носот.
- Правете ја вежбата 5 минути.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
6. Ножици
rn
rnrnОваа вежба ги зајакнува стомачните мускули, го израмнува стомакот и го зајакнува целиот труп.rnШто да правите:
rn
- rn 011
- Легнете на грб и спојте ги нозете.
- Поставете ги дланките под задникот, а главата и грбот притиснете ги на подот.
- Вдишете, издишете и направете пауза.
- Подигнете ги нозете, а потоа спуштете ја десната нога малку подолу.
- Подигнете ја десната нога и спуштете ја на истиот начин, како ножици.
- Повторете 6-7 пати, вдишете и опуштете се.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnПробајте ги и овие одлични јога вежби за намалување на килограмите.
-

3 едноставни чекори за слабеење без изгладнување
Многу од начините за брзо слабеење можеби се ефикасни, но поради нив ќе се чувствувате гладно и незадоволно. Доколку немате челична волја, голема е веројатноста брзо да се откажете од намерата поради чувството на глад. Но, можете да се ослободите од вишокот килограми и без гладување.rnrn
rnrnСе разбира, не можете да очекувате тоа да се случи преку ноќ. Потребни се трпеливост и дисциплина, но сигурно ќе ја стигнете посакуваната цел. Ако некогаш скршнете од патот, немојте да се казнувате. Едноставно продолжете по планот наредниот ден. Погледнете ги 3-те едноставни начини за слабеење без гладување.rn1. Намалете ја консумацијата на шеќер и скроб
rnПрвиот чекор е намалување на внесувањето шеќер и скроб, односно на јаглехидратите. Кога ќе го направите ова, со текот на времето ќе чувствувате помалку глад, а ќе внесувате и многу помалку калории.rnrnДруга придобивка од намалената консумација на јаглехидрати е и намалувањето на нивото на инсулин. Со ова вашите бубрези полесно ќе ги исфрлаат вишокот натриум и вода од телото, а ќе се намали подуеноста и непотребното задржување на вода. Многумина забораваат дека и „течните“ калории се виновни за дебелеењето. Поради тоа наместо сокови, пијте вода.rn
2. Јадете протеини, масти и јаглехидрати
rnИако овој совет звучи спротивно од првиот, важно е да запомните дека не смеете ништо да отфрлате целосно од вашата исхрана. Важно е само сите хранливи материи да доаѓаат од здрави намирници. Секој ваш оброк треба да содржи протеини, масти и здрави јаглехидрати, како на пример од зеленчук.rnrnНе треба да се занемари и важноста на протеините. Тие ја намалуваат желбата за храна, особено во текот на ноќта, па поради ова ќе консумирате помалку калории и со текот на времето ќе го отстраните вишокот килограми.rn
3. Вежбајте барем три пати неделно
rnИако исхраната и намаленото внесување на калории имаат голема улога во слабеењето, не заборавајте ја важноста на вежбањето. Обидете се да најдете време за вежбање барем неколку пати во неделата. Доколку не сакате да одите во теретана, на Интернет можете да најдете безброј програми за вежбање дома.rnrnДоколку вежбате дома, не заборавајте на загревањето и истегнувањето, а доколку одите во теретана најдобро е да побарате помош и совет од професионалци.rnrnНемојте да се фокусирате само на кардио вежбите како што се трчање, одење или возење велосипед. Почнете да вежбате и со тегови. Многу девојки се плашат од вежбите со тегови бидејќи мислат дека ќе им се направат големи мускули, но ова воопшто не е вистина. Дигањето тегови ќе ви помогне при согорувањето на калориите, ќе го спречи забавувањето на метаболизмот (што е честа несакана појава при слабеењето) и ќе ви помогне да го обликувате вашето тело.rn
10 совети за полесен пат до успехот:
rn1. Јадете појадок богат со протеини. На овој начин ќе ви се намали желбата за храна и ќе го намалите внесувањето на калории во текот на денот.rnrn2. Избегнувајте засладени пијалаци и сокови. Наместо нив пијте вода.rnrn3. Половина час пред оброкот испијте чаша вода. Едно истражување покажало дека ова има позитивно влијание врз слабеењето.rnrn4. Одбирајте намирници што го поттикнуваат слабеењето.rnrn5. Јадете храна богата со хранливи влакна.rnrn6. Пијте незасладено кафе или чај. Кофеинот има позитивно влијание на метаболизмот.rnrn7. Обидете се што почесто да јадете непреработена храна.rnrn8. Јадете бавно.rnrn9. Редовно мерете се. Тоа не мора да биде секој ден, но одредете ден од неделата за да го следите вашиот напредок. Секој намален килограм ќе ви биде мотивација да продолжите понатаму.rnrn10. Не заборавајте на спиењето. Недостатокот на сон е поврзан со дебелеењето, па обидете се секоја вечер да спиете најмалку 7 часа.rnrnПогледнете ги и советите за слабеење од луѓе кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.
-

Што се случува со вашите тело и мозок кога слабеете?
Од секои 5 килограми сало што ги „губите“, околу 3 килограми издишувате, а останатиот дел се претвора во пот, солзи, урина и други телесни течности. Но намалувањето на тежината не е само за да ги намалите масните наслаги на стомакот, во текот на овој процес целото ваше тело минува низ многу промени. Понекогаш можете да добиете и навистина неочекувани резултати. Па погледнете што всушност се менува и се случува со вашите тело и мозок кога ќе се ослободите од вишокот килограми.rnrn
rn1. Ќе ви се зголеми нивото на енергија
rnПрвото нешто што ќе го забележите откако ќе почнете со слабеење е зголеменото ниво на енергија. Причината е едноставна – колку помалку тежина носите, толку повеќе енергија зачувувате за други важни работи. Покрај тоа слабеењето ја подобрува ефикасноста на кислородот, па повеќе нема да се задишувате кога се качувате по скали или кога трчате да го фатите автобусот.rn
2. Ќе се подобри вашата меморија
rnМозокот е уште еден орган што ги чувствува придобивките од слабеењето. Некои истражувања покажувале дека ослободувањето од вишокот килограми може да ви ги подобри когнитивните способности, како на пример, планирањето и организирањето. По слабеењето, мозокот станува поактивен кога складира нови сеќавања, па поради тоа му се потребни помалку ресурси за да ја најде потребната информација.rn
3. Ќе се исчисти вашата кожа
rnСо слабеењето не само што ќе се чувствувате поздраво, туку и ќе изгледате поздраво. Многу луѓе кои почнале да водат поздрав живот и да слабеат забележале неверојатни промени во нивниот изглед – кожата им се исчистила и престанала да се лупи, косата им станала погуста, а ноктите поцврсти.rn
4. Повеќе нема да чувствувате болка во колената
rnАко ослабите и само 1 килограм, намалувате околу 2 килограми притисок од колената. Замислете си колку ќе ви бидат благодарни колената за ова. Покрај тоа слабеењето, особено намалувањето на мастите околу стомакот, може да ги намали симптомите на артритис и другите болести на зглобовите.rn
5. Симптомите од алергиите ќе се ублажат
rnВишокот килограми го оптоварува респираторниот систем, па доколку имате некоја сезонска алергија таа само ќе се влоши. Но, како што ќе слабеете, така ќе почнете и да забележувате дека симптомите на алергијата се намалуваат бидејќи дишните канали се почисти.rn
6. Ќе се смалат вашите стапала
rnКога ќе се ослободите од вишокот килограми ги губите мастите од целото тело, вклучувајќи ги и вашите стапала. Па немојте да паничите доколку омилените чевли одеднаш ви изгледаат големи. Истото ќе се случи и со вашите дланки.rn
7. Ќе станете почувствителни на ниски температури
rnКако што слабеете, буквално ќе ја изгубите „прекривката“ од сало што го топли вашето тело. Без овој екстра слој, телото ќе стане почувствително на промените на температурата, особено кога е постудено. Друга причина што повеќе ќе го чувствувате студот е тоа што ќе се забави вашиот метаболизам. Вашето тело ќе се обидува да штеди што е можно повеќе енергија бидејќи веќе ги нема вишокот калории.rn
8. Ќе се промени вашиот менструален циклус
rnНивото на хормоните е поврзано со телесната тежина. Па, кога слабеете или се дебелеете ендокриниот систем трпи одредени промени. Покачувањето и намалувањето на нивото на естроген и тестостерон може да резултира со нередовен менструален циклус, пообилно крвавење и подолга или пократка менструација.rn
9. Ќе имате помалку главоболки
rnИако дебелината не е директно одговорна за главоболките, таа го зголемува ризикот од мигрена за 50%. Според теоријата поддржана од експерти, масните клетки ги зголемуваат воспаленијата во телото, а во одредени ситуации овие воспаленија предизвикуваат мигрени. Поради ова слабеењето може да ја намали интензивноста и бројот на главоболките.rn
10. Ќе ви се зголеми апетитот
rnКога слабеете го намалувате нивото на хормонот лептин кој се ослободува од масните клетки и му дава сигнал на мозокот дека сте сити. Кога телото се обидува да го врати нивото на лептин во нормала, можете да почувствувате зголемен апетит и силна желба за мрсна и калорична храна. Но немојте да се откажувате, овие симптоми ќе исчезнат штом вашето тело се навикне на новиот животен стил.rn
11. Ќе престанете да рчите
rnИстражувањата покажале дека губењето само 5% од телесната тежина ќе ви помогне да спиете подобро и подолго во текот на ноќта. Изгледа дека и најмалото слабеење го намалува вишокот сало околу вратот, кое обично ги блокира горните дишни патишта и предизвикува рчење, а понекогаш и апнеа. Кога ќе го нема овој проблем, квалитетот на спиењето значително се подобрува и ќе ви стане полесно дополнително да ослабите.rnrnПрочитајте ги и овие кратки совети за лесно слабеење.
-

Шеќерот е вистински убиец, а вежбањето не е доволно за да се справите со него
Еден текст објавен во Британскиот весник за спортска медицина, напишан од тројца експерти, јасно го изнесува фактот дека вежбањето не е главното нешто за коешто треба да бидете загрижени кога сакате да ослабите. Науката одново и одново докажува дека она што го јадеме има поголемо влијание на нашата тежина и нашето здравје за разлика од вежбањето.rnrn
rnrnВсушност, можете да вежбате секој ден од неделата, и пак да не ги изгубите непосакуваните килограми поради начинот на исхрана. Дури и ако не сте со прекумерна тежина, можно е да имате проблеми со здравјето поради исхраната. Потребна е голема трансформација во начинот на којшто ги гледаме здравјето и слабеењето.rnrnИако вежбањето навистина помага, самото по себе не може да направи ништо за да ослабите. Очигледно го подобрува вашето здравје, но ако не внимавате на исхраната нема да се ослободите од килограмите. Но, ќе ви се намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и некои видови рак. Покрај тоа, изминативе три децении вежбањето се нема променето, а сè повеќе и повеќе луѓе стануваат дебели, или се доближуваат до границата. Ова е под директно влијание на достапноста на преработена храна којашто е полна со шеќер, како и засладените, газирани пијалаци. Пиењето, пушењето и недоволната физичка активност предизвикуваат помалку болести за разлика од нездравиот начин на исхрана.rnrnНајголемиот проблем овде е тоа што оние кои не се дебели и кои вежбаат, ќе имаат поголем ризик од хронична болест или прерана смрт поради нездравата исхрана. Ќе имаат проблеми со метаболизмот кои обично се гледаат кај дебелите луѓе – проблеми со срцето и црниот дроб, како и хипертензија.rnrnМногу често слушаме дека повеќе луѓе се здебелуваат поради постојаното седење. Наместо да ги прифатат советите за здрава исхрана, луѓето продолжуваат да веруваат во митот дека само вежбањето може да им ги реши проблемите.rnrnОна што луѓето треба да го разберат е дека калориите во шеќерот овозможуваат складирање на повеќе сало и брзо прават да чувствувате глад. Количеството шеќер во само една лименка газиран пијалак може да ви ги зголеми шансите да добиете дијабетес, без разлика колку вежбате. Најважниот дел од секоја рутина за слабеење треба да биде ограничување на бројот на калории, особено на јаглехидратите.rnrnПогледнете и што ќе се случи со вашето тело кога ќе престанете да консумирате шеќер. -

Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста
Храната може да го намали стресот на неколку начини. Некои намирници го поттикнуваат лачењето на серотонин во организмот, други го намалуваат лачењето на кортизол и адреналин, стрес хормони кои можат да му наштетат на вашето здравје, да го ослабат имунитетот и да го покачат крвниот притисок. Па, што е потребно да направите за да ослабете со антистрес диета?rn
Сложени јаглехидрати
rn
rnrnЈаглехидратите го поттикнуваат лачењето на серотонин во мозокот. Најдобро е да консумирате сложени јаглехидрати кои побавно се дигестираат. Овде спаѓаат интегрален леб, интегрални тестенини и овесни снегулки кои се најдобри за појадок.rnЕдноставни јаглехидрати
rn
rnrnИсхраната со едноставни јаглехидрати не се препорачува никому, особено не на луѓето со дијабетес. Најчесто ова се продукти што содржат шеќер и бело брашно, брзо се дигестираат и пружаат краткотрајно задоволство. Ограничете го внесот на едноставните јаглехидрати за да го намалите стресот и да се ослободите од вишокот килограми.rnПортокали
rn
rnrnПортокалите се богати со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и го намалува лачењето на стрес хормоните. Истражувањата покажале дека витаминот Ц го намалува крвниот притисок, го намалува лачењето на кортизол и го забрзува метаболизмот. Портокалите се одлични и во борбата против целулитот.rnСпанаќ
rn
rnrnНедостатокот од магнезиум може да предизвика замор, честа одлика на стресот. Една порција спанаќ има доволно магнезиум за цел ден. Покрај тоа спанаќот има многу хранливи влакна кои го намалуваат чувството на глад.rnРиба
rn
rnrnЗа да го намалите стресот, потребно е да внесувате доволно омега 3 масни киселини кои ги има во рибата. Овие здрави масти го спречуваат лачењето на стрес хормоните и го штитат организмот од кардиоваскуларни болести и депресија. Покрај тоа, рибата е одлична во борбата против килограмите. Протеините и мастите ќе го намалат чувството на глад и желбата за ужина. Се препорачува да консумирате риба барем два пати неделно.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Диета со грав што ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да го подобрите здравјето
Начинот на исхрана во кој е застапен гравот е најдобар за постудениот дел од годината. Гравот е одличен за црниот дроб и жолчката и ја подобрува нивната функција. Покрај тоа ја спречува авитаминозата којашто е карактеристична за зимските денови и држењето диети.rnrn
rnrnГравот го зајакнува кардиоваскуларниот систем и ја подобрува состојбата на кожата. Се препорачува во текот на диетата гравот да биде главно јадење, а истовремено потребно е да го намалите консумирањето леб и слатка храна.rnrnГравот е богат со протеини, витамини Б, Ц и Е, како и со калциум, фосфор, бакар и цинк. Исто така има изобилство од аминокиселини.rnПрв ден
rnПојадок: 50 грама тврдо сирење и парче интегрален леб.rnrnУжина: Шолја обезмастен јогурт.rnrnРучек: 100 грама младо сирење, салата од мешан зеленчук, лимонада или чај без шеќер.rnrnВечера: 200 грама сварен грав, 150 грама овошје по ваш избор.rn
Втор ден
rnПојадок: 100 грама младо сирење, кафе или чај.rnrnУжина: 100 грама какво било овошје.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук по ваш избор или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај без шеќер.rnrnВечера: Исто како и ручекот, плус 100 грама печена риба.rn
Трет ден
rnПојадок: Шолја обезмастен јогурт или кефир, парче интегрален леб и 50 грама тврдо сирење.rnrnУжина: Шолја кефир.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај.rnrnВечера:Исто како и ручекот, плус 230 милилитри сок од домати.rn
Четврти ден
rnПојадок: 100 грама младо сирење, чај или кафе без шеќер.rnrnУжина: 100 грама какво било овошје.rnrnРучек: 100 грама варен грав, салата од морков и јаболка со една лажица мед.rnrnВечера: 100 грама печени пилешки гради, 50 грама варен ориз, чај или кафе без шеќер.rn
Петти ден
rnПојадок: 100 грама младо сирење или 100 милилитри јогурт, чај или кафе.rnrnУжина: Шолја обезмастен јогурт.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај.rnrnВечера: Исто како и ручекот плус два варени или печени компири и 230 милилитри сок од домати.rnrnДоколку оваа диета не е за вас, пробајте некоја од 5-те најпопуларни диети.
-

Како овој маж успеал да најде мотивација за да ја надмине депресијата и да изгуби 30 килограми?
Џеф Кендал страдал од депресија и се борел против вишокот килограми уште откако знае за себе.rnrn
rn„Минував поголем дел од ноќите буден во креветот прашувајќи се дали некогаш ќе ослабам и ќе станам личноста што сакам да бидам“, изјавил 26-годишникот од Торингтон, Конектикат.
rnОткако мајка му имала проблем со здравјето што ѝ го променил животот, Џеф го здогледал ова како можност да преземе одговорност за неговото здравје.rn
„Мајка ми имаше мозочен удар на 4-ти јули, 2015-та година. Помина месеци во центри за рехабилитација и не можеше да прави ништо.“
rnКога мајка му конечно се вратила дома, имала потреба од 24-часовна нега. Џеф бил преплавен од емоции. Со неговата тогашна тежина од 113 килограми, тој знаел дека ако не може да се грижи за неговото здравје, нема да може да ѝ овозможи соодветна нега на мајка му.rnrnВо истиот период, еден негов пријател минувал низ раскинување, па решиле заедно да се вратат во форма. Наскоро овој систем со пријател за вежбање почнал да се исплати. Џеф почнал да му се радува на вежбањето, но не само поради слабеењето, туку и за намалување на стресот.rn
„Здравјето на мајка ми ги стави моите проблеми во перспектива. Малите болки не се толку лоши, а со вежбањето се стекнува навика. Сега само се обидувам да се однесувам како личноста што сакам да бидам. Се обидувам да бидам смирен и искрен со себе.“
rnНеговото патување го научило да се сака себеси. Бавно, но сигурно, тој научил дека иако менувањето на секојдневната рутина може да го промени вашиот надворешен изглед, не значи дека ќе ја промени и вредноста што си ја придавате себеси. Но бидејќи одлучил да прави поздрави избори, Џеф веќе изодел половина од патот.rnrnДенес Џеф има изгубено над 30 килограми и има повеќе самодоверба од кога било.rn
„Во најмала рака, се прошири мојот поглед кон животот. Гледам нова можност и се чувствувам исполнето.“
rnНеговиот совет за слабеење и градење самодоверба? Бидете искрени со себе и дајте го најдоброто.rn
„Почнете бавно и создавајте навики. Немојте да се преморувате.“
rnПрочитајте ги советите за слабеење од луѓето кои се ослободиле од вишокот килограми.