КАФЕ ПАУЗА

Tag: реалност

  • Погледнете го ова слатко глувче кое сака да биде дел од реалноста

    Погледнете го ова слатко глувче кое сака да биде дел од реалноста

    Швајцарскиот артист Лоик Арпеда без сомнение има бујна имагинација. Тој сфатил дека комбинирањето ликови нацртани на хартија со реални објекти ги прави тие да изгледаат како да се вистински суштества на кои им се случуваат настани од реалното време. Така, тој создал едно глувче по име Рикики кое има свој живот: Оди на вежбање, сака да јаде чоколадо и кикирики, па дури има и полжав како милениче, кој пак, се вика Џорџ.rnrnПогледнете го ова слатко глувче кое сака да биде дел од реалностаrn

    „Мислам дека ќе ме убијат ако наскоро не му нацртам девојка“, се шегува Лоик, кој е среќен што Рикики ужива голема популарност на социјалните мрежи и додава дека фановите постојано го прашуваат што ќе се случи следно.

    rnВо продолжение погледнете ја животната приказна на глувчето Рикики кое секојдневно се соочува со некој нов предизвик.rnrn

  • Брилијантни изјави од доктор Хаус кои ќе ве потсетат на реалната страна од животот

    Брилијантни изјави од доктор Хаус кои ќе ве потсетат на реалната страна од животот

    Арогантен, саркастичен, досетлив, духовит и генијален. Доктор Хаус е еден, единствен и неповторлив! Иако сите ние никогаш нема да ја заборавиме неговата ТВ серија, сепак тоа по што најмногу ќе го помниме се неговите изјави кои секогаш удираат директно во сржта на нештата. Погледнете дел од неговите животни мудрости според кои сите ние треба да се водиме.rnrnБрилијантни изјави од доктор Хаус кој ќе ве потсетат на реалната страна од живототrn

    „Нештата се менуваат. Но, тоа не значи дека ќе се сменат на подобро.“

    rn

    „Сите грешиме и сите плаќаме за тие грешки.“

    rn

    „Основната вистина за човековото постоење е дека сите лажат. Единственото нешто што варира е причината за лагата.“

    rn

    „Да се биде нормален е здодевно.“

    rn

    „Ако разговарате со Бог, тогаш сте религиозни. Ако Бог разговара со вас, тогаш сте психотични.“

    rn

    „Тоа што ти го мислиш за мене нема да ме промени, но би можело да го промени тоа што јас го мислам за тебе.“

    rn

    „Работете паметно, а не напорно.“

    rn

    „Истовремено ме забавува и нервира тоа што мислиш дека треба да бидам помалку тврдоглав од тебе.“

    rn

    „Лесно е да го слушате срцето. Пробајте еднаш да го послушате мозокот.“

    rn

    „Не постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. Помеѓу љубовта и омразата всушност постои Кинески ѕид со вооружени стражари на секои 10 метри.“

    rn

    „Ако се ожените во дваесеттите, во триесеттите ќе бидете шокирани со личноста со која всушност живеете.“

    rn

    „Велат дека не можете да живеете без љубов… Јас мислам дека кислородот е далеку понеопходен.“

    rn

    „Очите можат да преварат, насмевката да излаже, но чевлите секогаш ја говорат вистината.“

    rn

    „Кога сакате да ја знаете вистината за некој, тој некој е последната личност која би требало да ја прашате.“

    rn

    „Луѓето не го добиваат тоа што го заслужуваат. Тие го добиваат тоа што ќе го добијат и тука не може ништо да се направи.“

  • 10 инспиративни совети од Екарт Тол кои ќе ве одведат на патот кон среќата

    10 инспиративни совети од Екарт Тол кои ќе ве одведат на патот кон среќата

    Највисоката цел која можете да си ја поставите пред себе е да пронајдете мир и да се помирите со својот живот без оглед на ситуацијата во која се наоѓате. Примарниот причинител на несреќата никогаш не е таа ситуација, туку мислите кои ги создаваме во неа. Наместо да измислуваме приказни, треба да се држиме до фактите. Во продолжение следуваат 10 совети на познатиот духовен учител Екарт Тол кој тврди дека среќата не треба да се бара.rnrn10 инспиративни совети од Екарт Тол кои ќе ве одведат на патот кон среќатаrn

    „Доколку ја барате среќата нема да ја најдете бидејќи барањето ве води во спротивна насока од неа. Среќата сама по себе е недостижна, но возможно е да се постигне ослободување од несреќата преку соочувањето со стварноста, а не бегањето од неа.“

    rn

    Ослободете се од егото

    rn1. Обидете се да го уловите гласот во вашата глава кој изгледа како во секој момент да се жали на нешто. Препознајте го како глас на егото и кога и да го слушнете бидете свесни за тоа да не ве претставува вас. Во позадина е свесноста, а напред се наоѓа гласот – мислителот. На овој начин станувате ослободени од егото, ослободени од такви мисли.rnrn2. Каде и да погледнете постојат толку показатели на минливоста на времето: Јаболко кое скапува или вашето лице во огледалото во бањата во споредба со фотографијата која е направена пред 30 години. Сепак, никогаш нема да најдете директен доказ, бидејќи едноставно не можете да го искусите времето – можете да го искусите само моментот во кој се наоѓате.rnrn3. Зошто се појавуваат анксиозноста, стресот и негативниот став? Тоа е така затоа што го оттргнувате моментот во кој се наоѓате од себе. А, зошто го правите тоа? Мислите дека нешто друго е поважно, а тоа е мала грешка? Доволно е само едно погрешно сфаќање на ситуацијата да создаде еден цел свет на патење.rn

    Со прифаќањето на сегашниот момент можете да пронајдете совршенство

    rn4. Луѓето се уверуваат дека среќата зависи од работите кои им се случуваат. Притоа не сфаќаат дека случувањата се одвиваат прилично спонтано и независно едни од други. Светот е во постојана промена, а со прифаќањето на сегашниот момент можете да пронајдете совршенство кое не може да се наруши со времето, бидејќи е независно од него. Што повеќе ве поврзува минатото со некоја личност, толку повеќе треба да живеете во сегашниот момент, инаку ќе бидете присилени одново да го преживувате минатото.rn

    Сконцентрирајте се на хранливите материи

    rn5. Изедначувајќи се себеси со физичкото тело секогаш води до патење бидејќи телото е осудено на стареење и смрт. Тоа не значи дека не треба да се грижите за него.rnrn6. Телото е силно, прекрасно, полно со живот и можете да уживате во неговите атрибути сѐ додека траат. Исто така можете да ја поправите својата состојба со исхраната и редовното вежбање.rnrn7. Ако не се изедначувате себеси со своето тело, кога неговата убавина и сила ќе исчезнат, нема да се чувствувате немоќни, ниту ќе ви се наруши самодовербата или разбирањето на своето битие.rnrn8. Кога вашето тело почнува да слабее повеќе нема да се концентрирате на хранливите материи кои се навистина важни.rnrn9. Со обидот да бидете добри нема да постигнете доброта, но со пронаоѓањето на добротата која веќе е внатре во вас, ќе ѝ дозволите да излезе на виделина.rnrn10. Доколку мирот е она што навистина го сакате, тогаш секогаш ќе го избирате!

  • Интровертите имаат попрецизен поглед кон светот за разлика од екстровертите

    Интровертите имаат попрецизен поглед кон светот за разлика од екстровертите

    Добри вести за интровертните луѓе. Статистички гледано, има големи шанси нашите пријатели да се попопуларни од нас. На Фејсбук, вашите пријатели ќе имаат повеќе пријатели од вас. На Твитер вашите следачи ќе имаат повеќе следачи од вас. Во реалниот живот вашите сексуални партнери ќе имаат повеќе партнери од вас. Ова е познато како парадоксот на пријателството.rnrnИнтровертите имаат попрецизен поглед кон светот за разлика од екстровертитеrnrnПовеќето луѓе имаат неколку пријатели, додека мал број луѓе имаат многу пријатели. Поголема е веројатноста оние кои имаат многу пријатели да бидат и ваши пријатели. Екстровертите без сомнение имаат поголем круг познаници, па затоа тие се непропорционално позастапени на социјалните мрежи. Тоа значи и дека на социјалните мрежи има повеќе екстровертни луѓе отколку во реалниот свет.rnrnПарадоксот на пријателството е повеќе очигледен кај екстровертите. Тие почесто се опкружени со луѓе, од кои повеќето исто така се екстроверти, па затоа ова резултира со нешто кое се нарекува наклонетост на мрежите кон екстровертноста. Тоа ни укажува на фактот дека социјалните мрежи ќе бидат преплавени со екстровертни луѓе, додека ќе недостасуваат оние кои се интровертни.rnrnИстражувањето кое било објавено во списанието „Psychological Science“, се открива дека социјалните мрежи се погрешна претстава за пошироката општествена средина. Може да постои социјална пристрасност кон верувањето дека другите луѓе се поотворени отколку што навистина се.rnrnИстражувањето исто така открива и дека интровертните луѓе имаат подобро разбирање за реалноста и подобро го разбираат светот бидејќи тие не се придржуваат до парадоксот на пријателството во другите области од животот. Едноставно тие се помалку запознаени со концептот.rnrnАко сте екстровертна личност, може да имате искривен поглед за тоа какви се вистински екстроверти. Ако сте интровертна личност, всушност може да имате прилично прецизен поглед кон сѐ.rnrnИстражувањето покажало дека наклонетоста на мрежите кон екстровертноста без сомнение постои и е повеќе од очигледна на мрежите кои се преплавени од екстроверти. Степенот на наклонетост бил изненадувачки за истражувачите. Тие исто така откриле дека само оние кои се најголеми интроверти (кои преставуваат 1 процент од светската популација) можат да создадат мрежа која би можела да го репрезентира целото човештво.rnrnОстатокот од нас гледа на светот низ искривени леќи, оние кои нѐ прават помалку популарни и сакани од нашите пријатели и ни даваат идеја дека сме помалку социјализирани од нив. Ова може да има големо влијание врз перформансите во работата, врските и самодовербата.rnrnЗапомнете, социјалните мрежи не се огледало на реалноста. Многу често тие се само проекција на фантазиите за тоа како луѓето ја замислуваат реалноста, а интровертните луѓе можат да го потврдат тоа.

  • 14 литературни класици кои докажуваат дека љубовта отсекогаш била мртва

    14 литературни класици кои докажуваат дека љубовта отсекогаш била мртва

    Не секоја приказна завршува со романтично јавање на коњ до непознат замок, во прекрасно кралство на крајот од светот. Не секоја принцеза го наоѓа принцот од соништата. Понекогаш литературните класици знаат да бидат тажни.rnrn14 литературни класици кои докажуваат дека љубовта отсекогаш била мртваrnrnЗа разлика од „среќните краеви“ на Дизни кои ќе ви го стоплат срцето, литературните класици често имаат пореален крај. Покрај сѐ, големите писатели имале намера да го прикажат и критикуваат општеството во кое живееле, а не да ги залажуваат малите девојчиња со тијари и тинејџерски бракови.rnrnПриказните и карактерите нема да беа реалистични ако сѐ завршеше совршено. За жал, во реалноста момчето не се појавува секогаш со букет пред врата. Земете марамчиња за да ги избришете солзите и откријте кои се 14-те најтажни љубовни краеви од најпознатите литературни дела.rn

    1. Пип и Естела, „Големите очекувања“

    rnИако Естела може да се користи како поим во речник за некој кој има проблеми со интимата, сепак сите сакавме тие да останат заедно. Но, можеби сите требаше да имаме „поголеми“ очекувања од Пип.rn

    2. Винстон и Џулија, „1984“

    rnСамо што помисливме дека љубовта може да победи сѐ, сепак на крај системот победува повторно. Како може љубовта да опстане кога се соочени со најголемите стравови во собата 101? Барем Винстон засекогаш ќе го има Големиот Брат.rn

    3. Хамлет и Офелија, „Хамлет“

    rnНе вљубувајте се во лудаци, бидејќи и вие ќе полудите. Офелија, тој е непоправлив. Можеби требаше да го послушаш неговиот совет и да отидеш во женскиот манастир.rn

    4. Др. Франкенштајн и Елизабет, „Франкенштајн“

    rnЗамислете вашето животно дело да ја убие вашата единствена љубов? Вреди, затоа што подобро е остатокот од животот и смртта да ги посветите на одмаздата кон вашата сопствена креација, отколку еднаш во животот да сте среќен младоженец.rn

    5. Ромео и Јулија, „Ромео и Јулија“

    rnТокму поради оваа приказна тинејџерите не треба да стапуваат во брак. Еј Ромео, можеби следниот пат е подобро да провериш дали таа има пулс пред да го испиеш отровот.rn

    6. Гетсби и Дејзи, „Големиот Гетсби“

    rnГетсби веруваше во зелената светлина. Тој направи сѐ за да ѝ овозможи живот каков што таа сакаше, но таа веруваше во парите и статусот во општеството. Извини Џеј, но наместо да ја импресионира, твојот голем жолт автомобил само предизвика уште повеќе проблеми.rn

    7. Хитклиф и Кетрин, „Оркански височини“

    rnПовторно, сѐ зависи од општествениот статус. Наместо приказна за сираче кое наоѓа дом и љубов, добивме 400 страни исполнети со смрт, безнадежност, одмазда и вампири.rn

    8. Кони и Роуз од Шерон, „Плодови на гневот“

    rnИдеализмот и соништата не можат да се одржуваат под притисокот на емигрантскиот живот. Кога Кони е во затвор, Роуз останува сама и скршена, но станува уште посилна. Исто така, крајот е чуден и морничав. Ајде само да кажеме дека вклучува млеко за доење и човек што умира.rn

    9. Отело и Дездемона, „Отело“

    rnНа почетокот Шекспир алудира дека љубовта може да ја победи суровоста на расизмот од 16-от век. И по кратко време, изманипулиран од Јаго, Отело ја убива Дездемона поради „неверство“.rn

    10. Димсдејл и Хестер, „Црвеното писмо“

    rnЛоша репутација и јавно понижување: Никогаш не вљубувај се во проповедникот, туку во неговиот син. Никогаш не се плеткај со друг маж пред да си сигурна дека твојот сопруг е мртов, посебно кога твојот сопруг (и љубовник) е комплетно откачен.rn

    11. Хенри и Кетрин, „Збогум на оружјето“

    rnДали тие ќе беа добри родители? Не. Тие беа ужасни, себични луѓе. Но, дали Кетрин мораше да умре? Дефинитивно не!rn

    12. Тес и Ејнџел, „Тес од Дурберфилдс“

    rnКомуникација, комуникација, комуникација. Само тоа беше потребно за да се спречеше патувањето во Јужна Америка и бесењето.rn

    13. Скруџ и Бел, „Божиќна приказна“

    rnСамо да можеше Скруџ да ја сака, како што го сакаше својот паричник. Бел продолжи со животот, но барем Скруџ остана заедно со своите пари.rn

    14. Мерсо и Мари, „Странецот“

    rnНа Мерсо воопшто не му беше грижа. Мари, не можеш да го промениш, колку и да се трудиш.

  • Стрипови кои ни покажуваат како е да се живее со социјална анксиозност

    Стрипови кои ни покажуваат како е да се живее со социјална анксиозност

    Социјалната анксиозност, која е една форма на генерализирано нарушување на анксиозноста, може да ги направи дури и најзабавните социјални настани да изгледаат како измачување. Состојбата која влијае на повеќе од 15 милиони луѓе се класифицира како интензивна неудобност која се јавува во текот на социјалните интеракции. Исто така често може да предизвика неосновани чувства на осуда или срам од другите.rnrn

    Забава
    Одење на забава
    rnrnВо реалноста е уште полошо. За оние кои не се соочиле со ова нарушување разбирливо е потешко да сочувствуваат со некој кој секојдневно има вакви проблеми. Илустрациите во продолжение совршено ја прикажуваат вистинската реалност, наспроти реалноста на оние кои страдаат од социјална анксиозност.rnrn
    Излегување во бар
    Излегување во бар
    rnrn
    Во ресторан
    Одење во ресторан
    rnrn
    Средба со познаник
    Средба со познаник
    rnrn
    Ѕвонење на телефон
    Одговарање на телефонски повик
    rnrn
    Враќање дома
    Враќање дома

  • 25 важни нешта што ги научивме од филмовите

    25 важни нешта што ги научивме од филмовите

    Секој од нас научил многу од холивудските филмови. Всушност, голем дел од работите кои ги знаеме за светот, сме ги научиле од филмовите. Да го земеме богатството од референци од поп-културата, музиката, цитатите, па дури и поимањето како треба да изгледа една успешна врска, сето ова во нашиот мозок е зачувано благодарение на филмската индустрија.rnrn(5)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)rnrnИако нешто од ова може да соодветствува со реалноста, генерално вистината во филмовите е извртена. Холивуд нѐ научи дека ако двајца навистина се мразат еден со друг, на крај голема е веројатноста да завршат заедно. Можете и да се обложите дека ова е точно. Како што веќе сигурно заклучивте, сите примери од нашата листа не се вистинити. Значи од филмовите научивме и многу нешта кои немаат допир со реалноста.rnrnЗнаејќи го ова, да видиме што знаеме за животот во Холивуд. Од селани кои живеат во 10 век и имаат совршени заби до вселенски бродови со внатрешен систем за гравитација кој функционира без разлика на турбуленциите.rnrn1. Дури и кога се сами, странците меѓу себе разговараат англиски.rnrn2. Ајфеловата Кула се гледа од секој прозорец во Париз.rnrn5-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mkrnrn3. И фотографиите со најлош квалитет можат да се зумираат и кристално јасно да ни ги прикажат и најминијатурните детали.rnrn4.Кучињата секогаш лаат на лошите момци.rnrn5. Кучињата секогаш преживуваат.rnrn6. Колите после секој судар се проголтани во пламен.rnrn(3)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)rnrn7. Внатрешниот систем за гравитација на вселенските бродови функционира без разлика на оштетувањата на бродот.rnrn8. Ако кашлате веројатно сте смртно болни. Најчесто од рак.rnrn9. Во минатото луѓето имале совршено здрави заби.rnrn10. На гробишта секогаш врне дожд.rnrn11. Членовите на семејствата не личат еден со друг.rnrn12. Електричните огради кои можат да осакатат Тираносаурус, не им можат ништо на малите деца.rnrn(2)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)rnrn13. Шминката не се разлева кога нуркате. Поточно, никогаш не може да ја извадите.rnrn14. Возможно е да се спасите од голема експлозија.rnrn15. Ако двајца се мразат, веројатно ќе се заљубат еден во друг.rnrn16. Секогаш има слободно паркинг место пред зградата во која треба да влезете.rnrn17. Во секој авионски лет има доктор, со спремен куфер со потребни препарати.rnrn18. Вонземјаните течно зборуваат барем еден човечки јазик. Најчесто англиски.rnrn(1)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)rnrn19. Ако имате кошмар веднаш скокате и почнувате тешко да дишете.rnrn20. Луѓето многу ретко одат во тоалет, а ако одат, најчесто таму некој ги претепува.rnrn21. Никогаш не мора да гледате во паричникот кога плаќате.rnrn22. Ако некогаш сакате да влезете во нацистичко упориште, треба само да го совладате стражарот. Неговата униформа секогаш ви е точна и потоа само треба да зборувате англиски, со германски акцент.rnrn(0)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)rnrn23. Луѓето ги затвораат очите кога умираат.rnrn24. Терористите секогаш имаат свои канцеларии во ноќни клубови.rnrn25. Ако некогаш се најдете во улична тепачка, вашите непријатели трпеливо ќе ве напаѓаат еден по еден.

  • Реалноста без телефоните: Како би изгледале нашите фотографии без паметните играчки во рака?

    Реалноста без телефоните: Како би изгледале нашите фотографии без паметните играчки во рака?

    Што ќе се случи доколку ги отстраниме телефоните од реалноста? Толку сме заразени со технологијата, што не сме свесни дека животот поминува покрај нас, а ние не сме дел од него. Среќни моменти или тажни, сите се пропратени со телефоните во рака или со некоја друга паметна играчка. Правиме слики во секакви изданија и ги објавуваме по социјалните мрежи, бидејќи штом не е ставено на интернет, никогаш не се ни случило, нели?rnrn2-realnosta-bez-telefonite-kako-bi-izgledale-nashite-fotografii-bez-pametnite-igrachki-vo-raka-kafepauza.mkrnrnОна што е тажно во и така веќе тажната ситуација е фактот дека повеќе не се забележуваме едни со други. Заедно сме, но со телефоните во рака, не ги ни помниме луѓето, разговорите и местата. И стануваме сè потажни и поосамени. А тоа јасно и гласно може да се види на следниве фотографии на фотографот Ерик Пикерсгил. Но, она што недостасува на нив се токму телефоните…rnrn

  • Сите предизвици на врската со личност која никогаш не била повредена

    Сите предизвици на врската со личност која никогаш не била повредена

    Кој не бил повреден, не сакал. Кој не сакал, не можел да биде повреден и затоа имате чест да го внесете тоа искуство во нечиј живот. Можеби и во вашиот. Повредувањето не доаѓа поради тоа што некој сака да повреди, туку поради тоа што неискуството претставува илузија, а илузиите секогаш потклекнуваат пред реалноста на љубовта. Личноста која никогаш не била поредена, сега сака за првпат, наивно како дете кое за првпат оди на забар.rnrnАко сте во врска со некој кој сака за првпат и мисли дека тоа не е ништо страшно или пак ако вие сте таа личност, еве неколку илузии чие рушење ќе боли, но ќе биде многу корисно на долги стази.rnrn1-site-predizvici-na-vrskata-so-lichnost-koja-nikogash-ne-bila-povredena-www.kafepauza.mk_rn

    1. Тој/таа ќе ве обожава

    rnУбаво е некој да ве обожава, но понекогаш може да биде напорно. Обожавателот ве става на пиедестал, ве прави божество, ги потенцира вашите добри квалитети и атрибути и ви припишува совршенство кое не го поседувате. Честопати имате желба да седнете со обожавателот и да му кажете: „Еј, јас не сум никакво божество, туку човек од крв и месо, грешам намерно и ненамерно, тоа е човечки, а човечкото е доволно добро за мене, зошто не и за тебе?!“rn

    2. Ужасно ќе се разочара

    rnОбожавањето води до разочарување, неизбежно е. Но, личноста без искуство во емотивните интеракции ќе се разочарува за сите ситници. Ќе ја боли што не сте ѝ возвратиле на погледот, сте биле отсутни додека нешто зборувала или не сте оставиле впечаток пред нејзиното друштво. Всушност, секое соочување со слабостите и недостатоците на карактерот, невниманието, нетрпението и одбивањето ужасно ќе ја разочараат. Ќе ги преувеличува ситниците, бидејќи не знае како да ги надмине работите кои вообичаено се појавуваат во врската – за неа ништо не е вообичаено.rn

    3. Сè треба да биде совршено

    rnБидејќи само што ја „измислиле“ љубовта, во неа нема место за прозаичните работи од кои патат обичните луѓе. Атмосферата, разговорот, музиката, флертувањето, бакнувањето, сè треба да биде совршено – нежно, пријатно, спонтано и волшебно, исто како на филм.rnrn2-site-predizvici-na-vrskata-so-lichnost-koja-nikogash-ne-bila-povredena-www.kafepauza.mk_rn

    4. Се обидува да ве вклопи во неговите/нејзините идеални романси

    rnАко обожаваната личност не се однесува како што треба, тогаш треба да се подучи. Ова е еден од најопасните проблеми на неискусните обожаватели, кои наместо да учат од реалноста, се обидуваат да ја прекројат. Тие одбиваат да ја запознаат личноста со која имаат романса, всушност личноста ја подредуваат на романсата. Типично за неискусните – потребен е некој за вежба, а за тоа е добар кој било.rn

    5. Се однесува како личност од роман

    rnИ тоа не е сосема несвесно. Тоа се облици на однесување кои се чинат дека се на место во одредени ситуации од животот, кои потсетуваат на ситуации од романите. Тоа е прилика да се живее во фантазија и во судир со реалноста да се добијат воспитни шамари кои се неопходни за оној кој никогаш не бил повреден.

  • 13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат

    13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат

    Ах, романтични комедии, совршен приказ на вистинскиот живот и вистинската љубов. Не. Вистината е дека филмовите ни ги „испраа“ главите и ни наметнаа големи очекувања од љубовта кои, за жал, никогаш нема да се исполнат. Со полно право можеме да го мразиме Холивуд и да фрламе со бонбоните по телевизорот (ако некој е доволно луд или тажен за да го прави тоа) поради овие 13 ситуации.rn

    1. Кога се појавува во последен миг за да ви каже дека ве сака…

    rn1-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnВо вистинскиот живот, останувате сами, плачејќи во тоалетот додека сите други се бакнуваат.rn

    2. Кога најдобриот пријател на вашиот сопруг се појавува и ви признава дека е заљубен во вас…

    rn2-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНикогаш немаше да истрчате и да го бакнете. Не, нема шанси! Ќе му кажевте дека сте поласкани, но дека тоа е несоодветно однесување и ќе му ја затворевте вратата (или барем така би го навеле вашиот сопруг да мисли).rn

    3. Изгледате секси додека се бакнувате на дождот…

    rn3-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСекако дека луѓето и во вистинскиот живот се бакнуваат на дожд, но маскарата си тече, косата изгледа ужасно, а и тој не е нешто подобар.rn

    4. Кога ги тргате очилата и наеднаш сите се вртат по вас…

    rn4-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnОдлична порака Холивуд! Немаме друг коментар на ова.rn

    5. Кога се заљубувате во личноста што ја мразите…

    rn5-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСте имале причина зошто ја мразите оваа личност и сега наеднаш не ја мразите? Постои причина зошто не сте се сложувале и зошто сте се мразеле. Двајца луѓе кои се згодни можат да се мразат и да не се заљубат. Во ред е.rn

    6. Комуницирате со маж од друго време преку поштенско сандаче преку кое си праќате писма…

    rn6-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНема што да се објаснува овде.rn

    7. Да се преправате дека сте друга личност и кога луѓето околу вас ќе дознаат, тие не се воопшто лути…

    rn7-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnЗнаете како кога нешто ќе згрешите луѓето околу вас стануваат лути? Е па ова е многу, многу полошо.rn

    8. Кога сте проститутка, се заљубувате во клиент и живеете среќно до крајот на животот…

    rn8-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnКолкави се шансите ова да се случи? Никакви. Ама баш никакви.rn

    9. Кога ја наоѓате вашата сродна душа додека купувате ракавици…

    rn9-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСекому му се потребни ракавици во зима, а богами и сродна душа…rn

    10. Кога ја изразувате љубовта во јавност на најчудниот начин кој постои…

    rn10-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnЈавното искажување љубов е нешто што предизвикува непријатност кај сите.rn

    11. Никој не ви замерува што сте лажеле дека сте во врска со член на фамилијата кој е во кома и не може дека е поинаку

    rn11-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНи малку не е шармантно, нити вистинито.rn

    12. Кога поставувате рок и личноста се појавува точно навреме…

    rn12-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnДраги дами и господа, ова го има само во Холивуд!rn

    13. Кога останувате бремени и се заљубувате во момчето со кое сте имале „секс за една вечер“…

    rn13-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНикогаш нема да можете да го пронајдете откако ќе заврши таа магична ноќ, особено не за да му кажете дека сте бремени.