КАФЕ ПАУЗА

Tag: реалност

  • Мора да ги гледате: 10 најреалистични момчиња од романтичните филмови

    Мора да ги гледате: 10 најреалистични момчиња од романтичните филмови

    Филмовите ни прикажуваат една поинаква „реалност“ во која скоро сите имаат среќен крај. Но, реалноста е многу погорчлива од тоа. Сите сме се лигавеле по Џон Кјузак и Рајан Гослинг во нивните филмови, но колку се тие реални? Воопшто. Затоа, револтирани од среќните краеви кои ги имаат романтичните филмови, се решивме да составиме листа на реалистични момчиња од романтичните филмови, кои можеби постојат.rnrn0-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mkrn

    1. Џоел во „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ (Eternal Sunshine of the Spotless Mind)

    rnКласичната љубовна приказна на Мајкл Гондри тече вака: Момчето ја запознава девојката, таа му раскинува и потоа двајцата бараат начин да се носат со тагата. Иако начинот на справување со болката е необичен (селективно бришење на меморијата), сепак филмот е многу реалистичен. А ликот кој го толкува Џим Кери, Џоел Бариш, е смирено и повлечено момче. Неговиот стан е несреден, додека неговиот живот е целосно подреден на рутини. Тој е нормален и ноншалантен. А него можеме да го сретнеме во кое било момче со кое излегуваме.rnrn1-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mkrn

    2. Лу во „Играј валцер со мене“ (Take this Waltz)

    rnЛу е смешен, но тој не е нешто којзнае колку привлечен и згоден, каков што е неговиот сосед, Даниел. А кога неговата жена одлучува да стави крај на нивниот брак за да се посвети на врска со друг маж, тој разбира и отстапува. Желбата на Лу да ја разбере одлуката на неговиот партнер е достојна за восхит. Мал е бројот на мажи кој би го направиле истото што и тој. Но овој филм го трга превезот од лигавите романтични краеви и ја открива тажната реалност дека луѓето секогаш сакаат нешто ново и возбудливо – па и кога станува збор за љубовните врски.rnrn1-filmovi-sto-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mkrn

    3. Питер во „Заборавањето на Сара Маршал“ (Forgetting Sarah Marshall)

    rnПитер не е совршено момче, тоа е јасно уште од авион, но тој е како голем дел од момците во реалниот свет. Не се плаши да ги искаже и своите најчудни мисли и никогаш никому не би му посакал зло. Тој е толку вистински затоа што сите сме биле во врска со уметник/музичар кој чувствувал длабока несигурност, исто како и ние.rnrn3-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mkrn

    4. Том во „500 дена лето“ (500 Days of Summer)

    rnУште од првата сцена во филмот, јасно е дека Том е далеку од убавината на Дизниевите принцови. Иако е слатко да се види романтично момче, Том претерува. Неговата желба и копнеж да биде во романтична врска го заслепува да ја согледа реалноста т.е. дека Самер воопшто не е ни блиску до тоа да биде неговата сродна душа. Она што можеме да го согледаме од него е дека иако е убаво да се има момче со нежна страна, тоа не значи дека тој ќе биде совршеното момче за нас.rnrn2-filmovi-sto-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mkrn

    5. Роб во „Висока верност“ (High Fidelity)

    rnПомеѓу сите неодоливи филмови во кои Џон Кјузак ги глуми најзгодните и најубавите момчиња, во овој филм тој ни претставува еден обичен, тридимензионален лик. Откако ќе биде оставен од неговата девојка, Роб сака да открие каде погрешил во минатите врски и ако може, некако да ја поправи штетата. На пат кон тоа, тој открива дека жените имаат секси долна облека, но и бабини гаќички. А ова е една огромна метафора за врските.rnrn5-mora-da-gi-gledate-10-najrealisticni-momcinja-od-romanticnite-filmovi-kafepauza.mkrnrn

  • 10 неверојатни теории за перципирање на реалноста кои длабоко ќе ве замислат

    10 неверојатни теории за перципирање на реалноста кои длабоко ќе ве замислат

    Реалноста не секогаш е очигледна и едноставна како што ние ја доживуваме – некои работи ги прифаќаме како вистинити, иако не сме баш сигурни кога станува збор за нивното постоење. Научниците и филозофите вложиле голем труд за да ја променат нашата перцепција преку овие неколку теории. Тие ќе ве замислат и ќе ве натераат да се запрашате: „Што всушност постои?“rnrn0-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrn

    1. Големата глацијација

    rn„Големата глацијација“ е теорија за конечната состојба на универзумот. Според неа, универзумот има ограничено снабдување со енергија, а кога таа енергија конечно ќе се потроши тој ќе се најде во т.н. „смрзната состојба“. Тоа значи дека движењето на честичките постепено ќе се намалува и кога ќе исчезне целата топлинска енергија произведена од нивното движење ќе настане „состојба на апсолутна нула“ – состојба која никој сѐ уште не ја постигнал.rn

    2. Солипсизам

    rnСолипсизмот е филозофска теорија која тврди дека ништо не постои, освен свеста на поединецот. Можеби изгледа лудо затоа што тоа е потполно негирање на сѐ што постои околу нас, но всушност ние и не можеме реално да го потврдиме постоењето на ништо друго освен на нашите мисли и на нашата свесност.rn

    3. Субјективен идеализам

    rnЏорџ Беркли – татко на идеализмот, тврдел дека сѐ постои како идеја во нечија глава, т.е. дека постоиме само ако сме набљудувани. Еден од неговите критичари го удрил со камен со затворени очи и рекол: ’Еве, ја демантирав твојата теорија!’ Критичарот всушност докажал дека кога каменот би постоел само во нечија имагинација, би било невозможно да го удри со затворени очи.rn

    4. Платон и Логос

    rnПлатон тврдел дека надвор од нашата реалност која ја перципираме постои свет со „совршен“ облик и дека сѐ што ние гледаме е само имитација на работите онакви какви што навистина се во тој „совршен“ свет. Тој тврдел дека само по пат на филозофија имаме шанси да ги увидиме нештата онакви какви што се и да го откриеме совршениот облик на сето она што го перципираме.rnrnИсто така, Платон тврдел дека сѐ што постои било создадено од една единствена супстанција – т.е. дека дијамантот, златото и изметот на кучето се од иста, основна материја само во друг облик, што всушност, со откривањето на атомот и молекулите се докажало како точно.rn

    5. Презентизам

    rnВремето е нешто што го перципираме и го делиме на минатост, сегашност и идност. Според теоријата на презентизмот, постои само сегашноста, а минатото и иднината се измислени концепти. Со други зборови, сите зборови од оваа статија ќе престанат да постојат откако ќе ги прочитате, сѐ додека не ги прочитате одново.rn

    6. Етернализам

    rnДијаметрално спротивна теорија на презентизмот е етернализмот – филозофска теорија според која времето е повеќеслојно. Според оваа теорија, целото време постои во исто време, но начинот на мерење го одредува оној кој го набљудува – т.е. она што се гледа зависи од гледиштето. Во превод, диносаурусите, Втората светска војна и Џастин Бибер постојат истовремено, но тоа може да се гледа само од одредено место. Ако вака се гледа реалноста, тогаш иднината е една безнадежна и однапред детерминирана каде што слободната волја е само илузија.rnrn1-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrn

    7. Мозок во тегла

    rn„Мозок во тегла“ е мисловен експеримент во кој се расправа за човековата реалност и како таа исклучиво зависи од човековите субјективни чувства. Што е експериментот? Замислете дека сте само мозок во тегла кој го движат вонземјани и луѓе-научници. Како воопшто би знаеле дали тоа е реално? Ова всушност е модерна интерпретација на проблемот со картезијанскиот зол демон. Овој мисловен експеримент доведува до истиот заклучок како и солипсизмот – не можеме да го потврдиме постоењето на ништо друго освен на нашата свест и нашите мисли.rn

    8. Феноменализам

    rnСите нѐ интересира што се случува со работите кога не ги набљудуваме. Научниците внимателно го проучувале овој проблем, а некои од нив дошле до единствениот заклучок – тие исчезнуваат. Филозофите на феноменализмот веруваат дека предметите постојат само како феномен на свеста. Значи, вашиот компјутер постои само додека вие сте свесни и верувате во неговото постоење, но кога ќе се свртите и ќе заборавите на него, тој престанува да постои додека вие или некој друг не стапи во интеракција со него. Просто речено, не постои постоење без перцепција.rn

    9. Фиктивен реализам

    rnОва е најфасцинантната гранка на теоријата за мултиуниверзум. На пример – Супермен или Хари Потер навистина постојат, но во некој од паралелните светови. Оваа гранка тврди дека поради бесконечниот број универзуми, сѐ што гледаме и замислуваме може да постои. Значи, сите наши омилени ликови од серии, филмови и од нашата фантазија можат да бидат дел од некој алтернативен универзум.rn

    10. Теорија за мултиуниверзум

    rnМултиуниверзумот или паралелните универзуми се во основата на теоријата за постоењето на паралелни светови – тие се многу слични на нашиот, но со мали (а во некои случаи, големи) промени и разлики. Оваа теорија претпоставува дека постојат бесконечен број универзуми и алтернативни реалности.rnrn2-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mk

  • Прво работно место: Очекувања наспроти реалност

    Прво работно место: Очекувања наспроти реалност

    Еден од најсреќните денови на секоја личност е кога конечно ќе успее своето знаење и труд да го претвори во пари. Доколку тој ден конечно пристигнал и за вас, тогаш добро е да ги погледнете следниве неколку нешта со кои неизбежно ќе се соочите. Ние не сакаме да ви ги срушиме соништата, но сепак имајте на ум дека не живеете во филм од Холивуд. Најважното нешто е дека со првата работа вие ќе се здобиете со многу искуства, ќе запознаете голем број интересни луѓе како и дека ќе бидете далеку поподготвени за следните предизвици во вашиот живот.rnrnПрво работно место: Очекувања наспроти реалностrnrnОчекувања: Својата прва плата ќе ја потрошите на сите оние прекрасни и прескапи нешта за кои сте мечтаеле додека сте студирале.rnrnРеалност: Да бидеме искрени, платата која ја добиваат почетниците е далеку од висока. Особено ако сте станале независни и ако сакате да им помогнете на вашите родители. Но, ова не треба да ве обесхрабри. Како што ќе поминува времето, така полека ќе можете да си ги дозволите сите оние нешта кои отсекогаш сте ги посакувале. Патот од 1.000 километри започнува со 1 чекор.rnrnОчекувања: Вашите колеги ќе бидат одлични и згодни момци и девојки.rnrnРеалност: Без разлика на вашето работно место, вие сигурно ќе имате барем еден колега или колешка. Да бевме дел од филмска приказна, оваа личност сигурно би била најдобрата во градот, згодна и прекрасна, богата, со која на почетокот не би се согласувале добро, но во која на крај неизбежно би се заљубиле. И покрај тоа што ова често се случува во филмовите и сериите, реалноста е далеку поинаква. Вие најмногу што можете да очекувате од вашите колеги е дека со тек на време ќе станете добри пријатели.rnrnОчекувања: Конечно заработувате, па веќе не зависите од родителите.rnrnРеалност: Замислете го следново сценарио… Петок. Вие седите во вашиот стан, јадете шпагети и го пропуштате отворањето на новиот клуб само затоа што вашата плата ќе ви пристигне дури за 1 недела. Добро би ви дошол некој денар од мајка ви и татко ви, се согласувате?rnrnОчекувања: Бизнис патувања, состаноци, отмен начин на облека…rnrnРеалност: Еден ден сигурно ќе ги доживеете овие нешта, но не можете да очекувате дека уште од првиот ден на работа ќе ви тече мед и млеко. Вие најпрво мора да стекнете работни навики, искуство, познанства… Токму затоа не се обидувајте да бидете нешто што не сте, па не ги брзајте нештата премногу. Дозволете си тие да се развиваат сами по себе, бидејќи никој не станал успешен преку ноќ.rnrnОчекувања: Ако докажете дека сте подобри од другите, вашиот шеф ќе го запомни тоа и брзо ќе напредувате.rnrnРеалност: Трудот, работата и упорноста се најважните доблести кои можете да ги покажете. Но, немојте да одите на работа исклучиво со идејата да се докажете брзо и врз основа на тоа да добиете награда. На првото работно место вие најпрво само ќе учите и стекнувате навики. Токму затоа и фокусирајте се да ги совладате овие нешта и да научите што е можно повеќе од вашиот ментор. Тие секако ќе го забележат вашиот напредок и труд, кој ќе биде соодветно награден. Доколку претерано се трудите во желбата да бидете забележани, можете да бидете доживеани како иритантни и напорни, а тоа нема никому да му се допадне.

  • Поради овие причини реалната љубов се разликува од нашите очекувања

    Поради овие причини реалната љубов се разликува од нашите очекувања

    Реалноста на љубовта не се состои само во чувствата, кои се развиваат спонтано, но исто така и се гасат. Ние треба да го одржуваме тој однос, кој вклучува и лоши периоди, соочување со погрешни мислења и постојано поддржување на партнерот за кој искрено се грижиме.rnrnЉубовта не доаѓа сама, како некоја сила која може да ги реши сите работи, освен на самиот почеток. А кога таа ќе го изврши својот идеалистички дел од работата, мораме со сопствени сили да се соочиме со реалноста. Често ја немаме таа сила, па мислиме дека сме погрешиле, дека сме ја сакале погрешната личност и дека следниот пат ќе биде подобро. Но, следниот пат ќе го полагаме истиот испит на кој веќе сме паднале.rnrn1-poradi-ovie-prichini-realnata-ljubov-se-razlikuva-od-nashite-ochekuvanja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Не ни се допаѓа она што го гледаме околу нас

    rnНабљудувајќи ги нашите родители и сите останати парови во нашето опкружување, заклучуваме дека тоа не е вистинското нешто, дека всушност меѓу нив нема вистинска љубов. Љубовта не треба да биде она што го гледаме – напнување, карање, компромиси, периоди на оддалечување, недоразбирања, повредување. Воопшто не ни се допаѓа она што го гледаме и заклучуваме дека тоа не е љубов.rnrnНие не сме во состојба да разбереме зошто луѓето не можат да се снајдат во својата врска и зошто сепак остануваат заедно кога пропаѓаат во своите обиди и борби. Не земаме предвид дека тие започнале заљубени и понесени од нивните емоции и дека никогаш не ги научиле потребните вештини за одржување на односот и продлабочување на блискоста, бидејќи верувале дека љубовта може да ја исправи секоја неправилност и да ја пополни секоја пукнатина. Но, за љубовта да стане толку силен градежен материјал потребно е многу практична и напорна работа, а тоа е она што не го гледаме во односите помеѓу другите.rn

    2. Ги пронаоѓаме нашите идоли во литературата и филмовите

    rnКога не ни се допаѓа реалноста, го бараме она што е по наша мерка во креативната околина наместо во реалниот свет, во приказните за голема љубов, во среќните краеви и шаблони кои ги прифаќаме како идеали. И токму со нив ја мериме реалноста. Но километрите не можеме да ги измериме со домашна вага. За мерење на реалноста потребни се соодветните мерни единици, како што се: разбирање, прифаќање, прилагодување, отвореност и ранливост во однос на партнерот, како и грижа кон него, но и кон себе.rn

    3. Мислиме дека ќе можеме подобро од другите

    rnИ можеме, ако ги развиеме соодветните вештини, ако се описмениме емотивно и започнеме да живееме во реалноста и практиката. Затоа најпрво треба да ги искусиме грешките и неуспехот, баш како и сите други.rnrn2-poradi-ovie-prichini-realnata-ljubov-se-razlikuva-od-nashite-ochekuvanja-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не го наоѓаме во другите она што го немаме во себе

    rnЕдна мудрост вели дека треба да го дадеме на другите она што нам ни треба најмногу, бидејќи само така ќе го имаме во изобилство, а тоа е начинот за да ги нарачаме специјалитетите од космичката кујна на нашата трпеза. А ние се однесуваме потполно обратно – го бараме во другите она што нас ни недостига, што го немаме во себе и што мислиме дека може да го примаме и да го вградиме во себе, ако некој тоа ни го пружи. Работите едноставно не одат така. Тоа е фокусирање на немањето, кое води до очај, а ниту еден очај во љубовта не пронашол нешто друго освен очај.rn

    5. Не очекуваме дека треба да се промениме

    rnНашето его не прави ништо кога некој друг се менува со цел да се прилагоди на нас, но кога истото се очекува од нас, односно кога ние треба да направиме промена, сè во нас се побунува и прави воен распоред. Спремни сме да се браниме. Мислиме дека е нелогично. Зошто ние да се менуваме? Освен ако не поради тоа што промената е закон на животот во кој нема дупка низ која би ги впериле нашите пушки за одбрана и би пукале.rnrn Љубовта не е борба, туку преговарање. Правење отстапки. Броење до десет и преземање одговорност. Слушање и сфаќање. Решавање на проблемите без насилство, огорченост, омаловажување и бес. Ставање на заедништвото пред сопствените убедувања и наредувања од околината. А промената за која не сакаме да знаеме се нарекува созревање.

  • 12 очигледни вистини за животот кои никако не можеме да ги прифатиме

    12 очигледни вистини за животот кои никако не можеме да ги прифатиме

    Реалноста е некогаш едноставно премногу. Во тие моменти решаваме да не живееме во неа за да не мора да се соочиме со оние ситуации и луѓе кои знаат да бидат болно директни и сурови. А некогаш е само многу полесно да бидеме слепи за она што е пред нашите очи, божем ако не го гледаме, тогаш не се случува.rnrnСледниве 12 очигледни вистини се оние пред кои свесно решаваме да ги затвориме очите.rn

    1. Проблемот со трката на стаорците е што дури и кога ќе победиш, повторно си стаорец.

    rn(1)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    2. Разговорите се секогаш подобри кога ги водиме во нашата глава отколку кога ги водиме во реалноста.

    rn(2)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    3. Сите сме подобри судии кога судиме за туѓите животи, но стануваме подобри адвокати кога се справуваме со сопствениот живот.

    rn(3)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    4. Нема потреба да запишувам, ќе запомнам.

    rn(4)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    5. Луѓето се преценуваат кога станува збор за што сѐ можат да завршат во еден ден, а се потценуваат кога станува збор за што сѐ може да направат во текот на целиот живот.

    rn(5)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    6. Луѓето сакаат да видат дека живееш добро, но не подобро од нив.

    rn(6)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    7. Загубата на еден човек е добивка за друг.

    rn(7)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    8. Луѓето кои ве прават најсреќни можат и најмногу да ве натажат бидејќи кога се тие во прашање, вие сте најранливи.

    rn(8)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    9. Луѓето го бираат оној пат кој им гарантира најголем успех за минимално потребно вложување напор.

    rn(9)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    10. Ако зборуваш со Господ, тогаш си религиозен. Ако Господ ти зборува тебе, тогаш си психотичен.

    rn(10)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    11. Колку повеќе сте зависни од пријателите за добро да се забавувате, толку сте поосамени длабоко во себе.

    rn(11)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrn

    12. Никој навистина не сака да бидете целосно свои. Секој сака да бидете личноста покрај која тие би сакале да бидат.

    rn(12)-12-ochigledni-vistini-za-zhivotot-koi-nikako-ne-mozheme-da-gi-prifatime-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл

    Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл

    Засекогаш сами? Никогаш нема да ја најдете совршената личност? Сите околу вас се во врска освен вас? Ова се само дел од мислите кои им поминуваат низ глава на сите оние кои веќе подолг период се сами. Тие толку многу се насочиле кон овие мисли што на некој начин изгубиле допир со релноста и се фоксуирале само на најлошиот исход, а големи се шансите дека ситуацијата воопшто не е толку лоша. Токму затоа погледнете ги наредниве негативни мисли и нивната спротивна реалност…rnrnМисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл   rnrnМисла: Јас сум причината затоа што сум сингл!rnrnРеалност: Постојат многу причини поради кои не сте во врска, можеби затоа што сте премногу зафатени во овој момент, можеби затоа што не сте ја нашле вистинската личност, па можеби и дури дека периодов имате потреба да сте сами. Без разлика која е причината, сигурно не е до вас!rnrnМисла: Ќе бидам засекогаш сам/а!rnrnРеалност: Не, вие нема да бидете засекогаш сами. Можеби токму утре ќе го запознаете вашиот иден партнер, од каде знаете? Без разлика на тоа колку време ја чекате љубовта на вашиот живот, вие секогаш ќе ги имате пријателите или семејството покрај вас и токму тоа значи дека не сте сами.rnrnМисла: Мене никој не може да ме сака!rnrnРеалност: Вас секој може да ве сака! Да не заборавиме и дека многу луѓе веќе ве сакаат, како семејството и вашите најблиски пријатели. Само затоа што немате партнер кој во овој момент е заљубен во вас не значи дека вие сте личност која не може да биде засакана.rnrn(1) Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл   rnrnМисла: Сите мои пријатели се во врска, така да сигурно нешто не е во ред со мене!rnrnРеалност: Ајде сега повторно погледнете ги СИТЕ ваши пријатели и размислите дали навистина СИТЕ се во врска? Најверојатно не. Но, дури и да се, тие едноставно ја запознале вистинската личност и кога ќе дојде време, и вие исто така ќе ја запознаете вашата вистинска личност. Не грижете се, сè е во ред со вас.rnrnМисла: Никогаш нема да се венчам!rnrnРеалност: Вие можеби ќе стапите во брак, но можеби и нема. Тоа не значи дека нема да ја запознаете љубовта на вашиот живот. Ова е 21-ви век, работите на тоа поле не се секогаш толку црно-бели.rnrnМисла: Доколку бев повеќе (додадете особина тука), сигурно веќе ќе бев во врска!rnrnРеалност: Не, тоа навистина не е точно. Единствениот начин да започнете со врска и да ја одржите истата е доколку сте вистинските вие.rnrn(2) Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл   rnrnМисла: Никогаш нема да имам деца!rnrnРеалност: Живееме во време каде што едноставно не ви е ни потребен партнер за да имате дете. Размислете, доколку сакате дете, постојат многу алтернативни начини на кои можете да го добиете.rnrnМисла: Сингл сум затоа што сум грд/а!rnrnРеалност: Не, вие не сте грди! Всушност не ни постои нешто што е „грдо“. Секој има своја дефиниција за убавина, па токму затоа постојат личности во чии очи вие ќе бидете најубавото нешто на планетата. И размислете, дали навистина ви е потребен партнер за да ви каже дека изгледате добро? Доколку вие се прифатите онакви какви што сте и се засакате во целост, ќе сфатите дека сте прекрасни, а со тоа и ќе си ја подобрите самодовербата.rnrnМисла: Никогаш нема да го/ја запознам вистинскиот/вистинската!rnrnРеалност: Не постои „вистински“ или „вистинска“. Постојат многу личности на оваа планета кои одговараат на вашата замисла за партнер, само треба да бидете поупорни во барањето и со сигурност ќе го/ја најдете!rnrn(3) Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл   rnrnМисла: Моите родители на моите години веќе беа во брак и имаа деца!rnrnРеалност: Времињата се променија, па токму затоа ретко кои млади започнуваат со сериозна врска од толку рана возраст. И тоа е можеби подобро. Нема потреба да брзате.rnrnМисла: Никогаш нема да имам толку добра врска како претходната!rnrnРеалност: Постои причина зошто вие двајца раскинавте, не го заборавајте тоа. Доколку таа врска навистина била толку добра, вие сè уште ќе бевте заедно.rnrnМисла: Можеби треба да го прифатам помалото зло!rnrnРеалност: Да, доколку сакате да бидете несреќни слободно направете го тоа! Никогаш не треба да се помирувате со нешто што знаете дека нема да биде добро за вас.

  • 10 „сурови“ реалности кои ни помагаат да созрееме

    10 „сурови“ реалности кои ни помагаат да созрееме

    Автор: Сара ТурановиќrnrnКарактерот и мудроста се развиваат со тек на време. Тие произлегуваат од поразите, лекциите и од победите. Доаѓаат од сомнежот, грешките и од истражувањето на непознатото. Кога би постоел конечен пат кон среќата, сите би биле на него. Семето на нашиот напредок се сее во нашите претходни неуспеси. Нашите најголеми приказни се создаваат со надминување на најголемите пречки и најтешките битки. Нашата слава се раѓа од нашата болка. Затоа продолжете да стоите на нозе, продолжете да учите и продолжете да живеете. Почнете да гледате на суровите реалности во животот и на најтешките предизвици како пријатели кои ви помагаат во развојот. Ви набројуваме неколку мисли кои ќе ви помогнат.rnrn10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mkrn

    1. Првиот чекор никогаш не е лесен

    rnПочетоците на вистинските работи секогаш се најтешки, но токму овие тешкотии ќе ви го отворат патот кон успехот. Бидете цврсти и задржете ја вербата. Ќе се исплати на крај. Најголемото чудо на вашиот успех нема да биде тоа што сте завршиле туку вашата сила и храброст кои ви биле потребни за да започнете. И запомнете, не е дека оние кои се силни, понекогаш не чувствуваат страв во колената или запирање на здивот пред да зачекорат… Разликата е во тоа што, додека им се тресат нозете, земаат здив и го прават првиот чекор.rn

    2. Добрите работи никогаш не се брзи и лесни

    rnЖивотот не е лесен, но вреди. Ако очекувате да биде лесен, ќе се разочарате. За достигнување на што било коешто е вредно потребно е време и труд. Усогласете го вашиот труд со вашите цели, направете секој ден чекор нанапред од претходниот и борете се посилно од претходно. Упорноста е најчеста карактеристика на луѓето кои ги постигнале своите цели. Тие едноставно не сакаат да се откажат. Колку подолго ќе издржите, толку е поголема веројатноста дека ќе се случи нешто во ваша корист. Успехот е среќа која доаѓа од стремежот, очајот, потењето и инспирацијата. Без разлика на тоа колку напорно изгледа, колку повеќе сте упорни, толку е поголема веројатноста за вашиот успех.rn

    3. Секогаш ќе имате помалку контрола отколку што мислите

    rnЕдинствената работа која можете да ја контролирате во животот е вашата реакција кога работите ќе излезат од контрола. Колку повеќе се прилагодите на реалноста, толку вашите искачувања ќе бидат побрзи, но и побрзо ќе се издигнувате од падежите во животот. Поедноставно, исполнет живот значи да ја прифатиме ситуацијата каква што е, токму тука и сега. Сигурно често сте биле во ситуација во која сте сметале дека се случува нешто лошо, но подоцна со анализирање сте сфатиле дека токму тоа ве упатило кон нешто подобро. Нема потреба да контролирате сè за да дојдете до среќа и мир. Само опуштете се и дозволете судбината да го направи своето. Верувајте дека сè ќе биде како што треба. Дозволете животот да се одвива на начин на кој треба да се одвива, бидејќи понекогаш резултатите кои не можете да ги промените, на крај ве менуваат вас, и ви помагаат да го постигнете вашиот целосен потенцијал.rnrn0-10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mkrn

    4. Не може да избегате од ризикот без да го избегнете животот

    rnКако што Хенри Дејвид Торо изјавил: „Кога ќе дојде смртта, не дозволувајте во тој момент да сфатите дека воопшто не сте живееле“. Животот е ризик. Среќата е ризик. Ако понекогаш не се плашите ни малку, тогаш правите нешто што не е во ред. Не грижете се околу грешките и неуспехот, туку сетете се што губите ако се откажете. Грижете се за животот кој не го живеете и за среќата која ја испуштате, додека живеете во својата зона на сигурност. Дозволете си еднаш да бидете од оние кои преживеале додека правеле грешки, се опоравиле од нив и израснале во своето вистинско „јас“.rn

    5. Вашите најголеми проблеми се обично во вашата глава

    rnГлавната причина за несреќа и пораз никогаш не е моменталната ситуација туку вашите мисли во врска со неа. Среќата и успехот се темелат на две состојки – начинот на кој размислувате и начинот на кој реагирате врз основа на вашите мисли. Човечките суштества ја имаат таа моќ да мислат дека можат да направат големи работи, во овој момент, без потреба од ништо друго. Често пронаоѓањето на вашиот пат не значи откривање нови работи туку нов поглед на работите кои веќе се тука. Кога ќе го направите ова ќе сфатите дека разликата помеѓу камењата од кои се сопнувате и камењата кои служат како скали, е само во начинот на нивната примена.rn

    6. Долготрајната среќа не може да се купи, треба да се заслужи

    rnАко би живееле опкружени со стари нешта со мала важност, а не со траги од среќни, страсни спомени, тогаш останете фокусирани на постигнувањето материјални нешта. Во спротивно престанете да се занимавате со работи кои може да ги допрете и почнете да се грижите за она што може да ве допре вас. Секој од нас има единствен пламен во срцето што прави да се чувствуваме живи. Наша должност е да го пронајдеме и задржиме. Што и да правите не трошете го својот живот само за да преживеете. Уживајте во подароците кои не може да ги купите со пари. Ветете си дека ќе останете верни на својата љубов, на своите вредности и цели. Нека вашето срце и ум работат заедно. Направете сè што е потребно за еден ден, месеци подоцна, да погледнете на својот живот, да воздивнете и искрено да се насмеете.rnrn1-10-surovi-realnosti-koi-ni-pomagaat-da-sozreeme-kafepauza.mkrn

    7. Нема секој да ве поддржи

    rnАко секоја навреда или грд збор го прифаќате сериозно, ќе бидете навредени до крајот на животот. Една од најслободните работи кои ги учиме во животот е дека не секогаш треба да се сложиме со мислењето на останатите, но и останатите не мора секогаш да се сложат со нас. Како што Брус Ли кажал „Не сум дојден на овој свет за да ги живеам вашите очекувања, ниту сте вие тука за да ги живеете моите“. Не го заборавајте овој цитат поради туѓото мислење. Потребно е долго време за да научиме да не судиме за себе низ туѓи очи, а кога ќе научите светот е ваш. Дојдени сме на овој свет за да го откриеме нашиот живот и никогаш нема да бидеме среќни ако пробаме да ја живееме туѓата идеја за нашиот живот. Затоа не грижете се што останатите мислат за вас. Без разлика што тие зборуваат за вас и вашите избори, сетете се дека ви е потребно само вашето одобрување.rn

    8. Подобро ви е без некои луѓе за кои се грижите

    rnВо најтешките ситуации во вашиот живот ќе откриете кој е навистина тука за вас. Забележете кој е тука за вас, а кој не и бидете им благодарни на оние кои заминале бидејќи ви дале простор за да ги сакате оние кои останале со вас и ве сакале кога сте мислеле дека сте сами и напуштени. Подарете му го вашето отсуство на оние кои не го ценат вашето присуство.rn

    9. Не може да бидете среќни без одредена количина тага

    rnЧак Паланик рече: „Единствениот начин да ја пронајдете вистинската среќа е да ризикувате да бидете целосно отворени“. Ова е вистина. Одредена количина тага е неопходна. Сè во животот има добри и лоши страни. Не може да очекувате чувство на задоволство ако не сте почувствувале болка, среќа без тага, самодоверба без страв, надеж без чувство на несигурност. Во животот не постои паричка со едно лице за да купите живот без болка и тага. Животот е полн со успеси и падежи – авантура која бара преземање ризик и способност за можен успех и неуспех.rn

    10. Што било, било – животот оди понатаму

    rnАко во себе чувате тешки емоции за нешто што се случило во минатото, тие може да ве спречат да бидете продуктивни во сегашноста. Може да се сожалувате себеси или да гледате на нив како дел од вашето созревање. Може да биде можност за созревање или пак препрека која ќе ве држи назад. Изборот е ваш. Длабоко воздивнете, сè ќе биде во ред, можеби не денес, но на крај ќе биде. Има моменти кога ништо нема да ви оди од рака. Тогаш можеби ќе се чувствувате како да сте заглавени во тоа време, но тоа не е точно. Секако, сонцето понекогаш заоѓа, а можеби ќе слушнете и две-три громотевици, но на крајот сонцето повторно ќе огрее. Понекогаш е потребно само да останеме позитивни што е можно подолго за да го видиме сонцето кое се пробива од густите облаци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскопските знаци и соништата

    Хороскопските знаци и соништата

    Секој хороскопски знак различно ги доживува соништата. Токму затоа откријте ја поврзаноста на соништата со вашиот знак и дознајте нешто повеќе за начинот на кој можете да ги пронајдете скриените знаци кои се кријат во вашата потсвест…rnrnХороскопските знаци и соништатаrn

    Овен

    rnИако можеби сонувате ретко, тогаш кога сонувате најчесто се наоѓате во ситуации каде што посакувате да решите некои службени проблеми, особено ако се занимавате со јавна работа. Вие имате професионална позиција или посакувате и во реалниот живот да преовлада натпреварувачкиот дух во вас.rnrnБез разлика дали сонувате победа или пораз во боксерски меч или трка со спортски автомобили, кај вас секогаш е присутна потсвесната желба клучот за решението на некој проблем да се наоѓа во вашите соништа.rn

    Бик

    rnПоголемиот дел од претставниците на вашиот знак сонуваат многу, па затоа сакате откако ќе се разбудите детално да ги раскажувате соништата на вашиот партнер или на блиска личност. Вие ги нагласувате оние делови од сонот кои симболизираат моќ, авторитет, финансиска стабилност и пред сè љубов.rnrnМоже да се случи во вашите соништа да патувате или пак, да се ѝ се вратите на личноста која ја сакате, а токму тоа претставува компензирање за нешто што би сакале да го доживеете во реалноста, но кое што никако не доаѓа во вашите раце.rn

    Близнаци

    rnВо вашите соништа вие сте на сцена, опкружени со внимание или аплауз и тоа може да значи дека вашата желба за популарност во реалноста, без разлика на вашето занимање, едноставно никако не ви успева.rnrnДоколку живеете брзо, бурно или крајно рационално ги решавате вашите проблеми, во вашите соништа се појавува „инстант“ решение во облик на неочекувана појава на личност која има поврзаност со далечни земји или странски градови. Оваа личност ќе ви помогне во оние моменти кога најмалку се надевате на тоа.rn

    Рак

    rnБидејќи со вашиот знак владее месечината (фантазијата), вашите соништа се исполнети со потсвесни желби за успех кој со тек на време ќе го остварите, без разлика на сомнежите од вашите најблиски.rnrnСоништата често ви укажуваат на средби со личности кои ќе ви пружат „вечна љубов“ или со оние кои ќе се потрудат вашиот статус во друштвото да биде на највисоко нив. Кога сонувате егзотични дестинации или луѓе кои доаѓаат од далечни земји, најчесто вашето претчувство не ве мами, бидејќи овие личности кога-тогаш, навистина ќе влезат во вашиот живот.rn

    Лав

    rnВие обично го сонувате она што го симболизира вашиот успех, без разлика дали се работи за освојување на највисоката позиција на работа или неочекувано препознавање на вашите квалитети од личност во странство што ќе ви овозможи патување во друга средина каде што ќе потврдите дека секаде можете да се снајдете.rnrnЧесто, соништата за странство претставуваат ваша скриена желба за пронаоѓање на идеалниот емотивен партнер.rn

    Девица

    rnВие ни самите не сте свесни колку многу влијаат секојдневните случувања за кои постојано се нервирате врз вашите соништа. Често ве следи чувство дека имате некој заштитник кој се појавува во вашите соништа и кој ви дава насоки за животот, особено кога станува збор за емоциите.rnrnПоради вашата практичност, соништата понекогаш за вас се вистинско олеснување бидејќи во нив едноставно сè е можно.rn

    Вага

    rnСе случува да имате соништа во кои некој ви укажува на вашето или на туѓо однесување во одреден временски период, а со тоа и ви помага да донесете решение уште пред да се разбудите, бидејќи во истиот момент кога ќе проработи вашата рационална природа, вие веднаш барате излез од онаа ситуација која лошо ви влијае.rnrnПонекогаш сонувате личности кои во реалноста на некој начин сте ги запоставиле, но најчесто станува збор за ситуации во кои треба да прифатите или избегнете некоја одговорност.rn

    Скорпија

    rnКако претставник на водените знаци, вие имате привилегија многу да сонувате и често тоа што го гледате во соништата ви укажува на она што го посакувате во реалноста. Станува збор за безгранична љубов од личноста која ја сакате и остварување на вашите најскриени желби за кои ретко говорите.rnrnОдвреме-навреме се случува да сонувате места на кои никогаш не сте биле, а за кои имате чувство дека некој ден ќе ги посетите. Во овие соништа ви помага вашата интуиција која никогаш не греши.rn

    Стрелец

    rnНајдоброто решение на некој проблем во врска со вашата физичка состојба или реалните можности најчесто се наоѓа во вашите соништа. Ова се случува поради влијанието на Нептун (фантазијата) и Јупитер (успехот) врз вашиот знак.rnrnВам ви се случува да имате и телепатски соништа, бидејќи некои ситуации или настани од животот на луѓето кои ви се блиски, на некој начин, повеќе или помалку, се поклопуваат со она што сте го сонувале. Токму затоа, дури и пред да станете свесни за тоа, вие веќе го имате најдено решението за проблемот во вашите соништа.rn

    Јарец

    rnВашите соништа многу ви говорат, но најчесто ви разјаснуваат некои дилеми од реалноста, особено оние кои се поврзани со емоциите.rnrnВие најчесто знаете да правите разлика во вашите соништа помеѓу оние настани кои им се случуваат на вашите најблиски пријатели и оние моменти кога некој од паралелните светови ви доставува „шифрирани информации“ во кои лежи клучот за донесување на одредена одлука.rn

    Водолија

    rnВо вашите соништа доминира желбата за разновидноста, играта и радостите на живеењето кои се во голема мера проткаени од вашата потреба да бидете истовремено на две или повеќе места.rnrnУспехот во облик на влијателни личности кои гледаат во вас нешто што го нема никој друг, кога сонувате, најчесто претставува знак за дилема во јаве, а љубовта симболизира атрактивна личност од вашите соништа која ќе сретнете онаму каде што најмалку се надевате.rn

    Риба

    rnСо вашиот знак владее Нептун, симболот на соништата, па можеби затоа најчесто сонувате во боја. Вие во вашите соништа многу често пронаоѓате практични решенија за ситуации кои не знаете како да ги решите во реалниот живот.rnrnВие обожавате да ги раскажувате вашите соништа на личноста покрај која се будите, а доколку сте сами, тогаш ги запишувате затоа што на тој начин имате чувство дека брзо ќе се остварат, особено кога станува збор за еротски фантазии со моќна и сексапилна личност која доаѓа од далеку.

  • 24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот живот

    24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот живот

    Постојат некои работи кои се случуваат во филмовите и ТВ сериите, но кои би рекле дека има некакви шанси да се случат и во реалноста. Но, постојат и некои кои колку и да сакаме, едноставно нема никакви шанси да ги доживееме. Погледнете ги наредниве 24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот живот и кои сигурно ви се и повеќе од познати…rn

    1. Излегување на само една пијачка

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    2. Врски „без обврски“ кои навистина немаат обврски

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    3. Јадење сендвичи/пица/шпагети без притоа да не се најдат насекаде низ вашето лице

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    4. „Рандом“ луѓе кои магично се спојуваат и непланирано изведуваат совршено координирана танцова рутина

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    5. Девојки кои носат бели пантолони за време на нивниот месечен циклус

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    6. На предавање до вас да седне најзгодниот тип

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    7. Искористување на целиот џем од теглата

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    8. Сексуален однос кој одвреме-навреме не е чуден и неуреден

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    9. Диетата која си ветивте дека од утре ќе ја започнете

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    10. Искажување на вашите чувства слаткоречиво како што сте ги замислиле, наместо да зборувате глупости

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    11. Вашиот „спам“ фолдер на мејлот да биде секогаш празен

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    12. Пробување различни облеки со вашите пријателки само за забава

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    13. Премногу кафе

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    14. Да изгледате „жешко“ додека плачете

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    15. Купување шише вино и пиење само по една чаша на ден

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    16. Да имате полно работно време и сè уште постојано да сте во друштво на вашите пријатели

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    17. Да останете блиски со луѓето кои живеат далеку, далеку, далеку од вас.

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    18. Да ги прифатите луѓето онакви какви што навистина се, без притоа постојано да се жалите

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    19. Да го послушате советот на вашите родители

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    20. Запознавање нова секси и интелигентна личност за време на празниците, да се заљубите во него/неа и заедно да имате деца

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    21. Вашата фризура да преживее силен дожд или ветер

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    22. Да имате еден пар обувки кои одат со целата ваша гардероба

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    23. Веднаш по вклучувањето на телевизорот да најдете нешто добро за гледање

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот животrn

    24. Држење до вашите планови и цели за годината

    rn24 нешта кои никогаш не се случуваат во реалниот живот

  • 9 типови однесување поради кои луѓето ве избегнуваат

    9 типови однесување поради кои луѓето ве избегнуваат

    Никој не е совршен. Сите сме со свои предности и недостатоци и соодветно сме опколени со личности чии карактерни особини во поголемиот дел се согласуваат со нашите. Но дали некогаш сте забележале дека некои луѓе, колку и вам да ви се допаѓа нивното друштво, сепак ве избегнуваат? Сигурно сте се запрашале зошто е тоа така, а ретко кој ја бара причината за тоа кај себе. Иако не мора да значи дека кривицата е целосно ваша, што значи дека можеби не сте направиле нешто погрешно, сепак е можно токму некоја ваша реакција да предизвикала одбивност кај нив. Во глобала, може да се каже дека постојат неколку типови однесување кои предизвикуваат луѓето сѐ почесто да избегнуваат да бидат во ваша околина.rnrn(1)-9-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-lugjeto-ve-izbegnuvaat-kafepazua.mkrn

    1. Се обидувате да доминирате во секоја ситуација

    rnДали е тоа кафе муабет или завршување на некоја работа, доколку се обидувате во сѐ да бидете први и секогаш најгласни, тогаш со сигурност ќе ги оттргнете луѓето од себе. Сѐ поретко ќе ве бараат за кафе и никогаш доброволно нема повторно да работат со вас. Никој не сака кога се наоѓа во круг на луѓе каде не може да дојде до збор и да го искаже својот став. Доколку се пронаоѓате тука, би било убаво доколку следниот пат кога ќе се најдете во друштвена или работна група, им дадете предност на останатите и за промена слушнете што тие имаат да кажат.rn

    2. Судите дури и кога не ги знаете сите факти

    rnЕдно е да давате совети, но сосема друго е кога осудувате некого за нешто. Дали навистина може да кажете дека сте подобри од него? Секој направил, прави или барем еднаш во животот ќе направи нешто поради кое ќе жали подоцна, но во ниту еден случај вие немате право да го осудите. Тоа право е уште помало кога едноставно станува збор за работа која вие би ја направиле поинаку. А да не зборуваме за ситуација за која не ги ни знаете сите факти. Секој си живее со последиците од своите дела, добри или лоши, но вие не сте тие што треба да судат. Следниот пат бидете пријател и пружете ја поддршката која вие би сакале да ја добиете доколку се најдете во слична ситуација. Во спротивно веројатноста е голема дека вашиот круг на пријатели ќе се намали.rn

    3. Постојано сте негативни

    rnЖивееме во свет во кој и те како има и се случуваат лоши и тажни работи во врска со кои не можеме да направиме ама баш ништо. Со оглед на ова, голем дел од луѓето се обидуваат да се опкружат себеси со убави работи и позитивни луѓе кои дополнително ќе ги разведрат и расположат. Притоа избегнуваат каков и да било потсетник на сивило, посебно оние луѓе кои се полни со негативна енергија. Ова не значи дека мора постојано да сте расположени и среќни за луѓето да сакаат да бидат во ваше друштво. Но секако значи да бидете позитивни, да се обидете да го извлечете максимумот од сѐ и секогаш да ја барате убавата страна на нештата. Бидејќи негативното размислување нема само да предизвика другите луѓе да ве избегнуваат, туку ќе направи и вие да сакате да можете да се избегнете себеси во даден момент.rn

    4. Ви недостасува доза деликатност

    rnЕдно е да се пошегувате на нечија сметка, но сосема друго е да ги преминете сите граници и без размислување да кажете или направите нешто што притоа сигурно ќе повреди и навреди некого. Сѐ што е претерано не чини, па така е и со безобѕирното однесување. Внимавајте повеќе на вашите зборови, бидејќи доколку ги преминете границите може да изгубите многу повеќе отколку што мислите.rn

    5. Живеете во виртуелна реалност

    rnПовеќе зборови не се ни потребни. Ништо поубаво не го репрезентира ова од секојдневното седење пред лаптоп и постојаното користење на мобилниот телефон. Дури и излегувањето со пријателите значи постојано гледање во екранот на која и да е паметна играчка која ја имате во рака. Кога заборавивте да зборувате, ама вистински, со испуштање на глас? Факт е дека денес светот е во постојан развој на секаков тип технологии кои, сакале или не, не можете да ги избегнете ниту занемарите. Но тоа не значи дека треба да се одвоите од светот и да заборавите на добрите стари вредности и пријатели. Не дозволувајте живеејќи во светот на технологијата, да заборавите да живеете во реалноста. Бидејќи ако некогаш сепак се вратите во реалноста, дали сте сигурни дека ќе најдете некого таму?rn

    6. Сконцентрирани сте само на себе

    rnУбаво е кога можете некому да кажете што ве мачи или како ви поминал денот или едноставно да споделите нешто со некого. Но не заборавајте дека и тој некој сигурно сака и има да сподели нешто со вас. Никогаш не треба да бидете толку сконцентрирани на самите себе така што ќе заборавите да поставите барем едно кратко, но многу важно прашање, а тоа е Како си? Луѓето ценат кога ќе видат дека некој се грижи и сака да знае малку повеќе за нив. Но не постои човек кој е расположен постојано да слуша нечија опседнатост со самиот себе и во таков случај сигурно ќе ги избегнува тие личности.rn

    7. Премногу сериозно ги сфаќате работите

    rnДоколку претераното шегување не чини, тогаш ниту претераната сериозност не е во ред. Доза сериозност мора да постои, бидејќи како поинаку навистина ќе бидеме успешни во нешто. Но мора да постои некој издувен вентил преку кој барем на кратко ќе избегате од реалноста. За многу луѓе тоа се пријателите, дружењето, излегувањето. Доколку вашите пријатели имаат некоја мака тогаш е сосема соодветно сериозно да ја сфатите работата и да бидете тука за нив. Но во секој друг момент бидете ведри и расположени. Не сфаќајте сѐ премногу сериозно и не обидувајте се да пристапите на секоја работа како на потенцијален проблем. Истото се однесува и на вашето перципирање на работите. Некогаш зборовите кои ви звучат како да се кажани со задна намера, всушност се само шега. Премногу сериозниот пристап во врска со сѐ само укажува на некои ваши несигурности, а тоа ве прави најмалку забавната личност во друштвото.rn

    8. Не сте доверлива личност

    rnОва се однесува на тоа дека човек не може да се потпре на вас и вашите зборови. Поточно не може да смета на вас кога му е најпотребно или, пак, да се потпре на тоа дека договореното ќе биде исполнето и од двете страни. Луѓето сакаат да бидат опколени со други луѓе на кои можат да им веруваат, а ако вие не сте таа личност, поверојатно е дека ќе избегнат да ве побараат кога навистина ќе им биде потребен пријател. Доверливоста е многу важна особина која не треба да ја земате здраво за готово, дури ни кога се шегувате.rn

    9. Премногу сте зафатени со сѐ останато

    rnНикој не е секогаш слободен и во можност во кое било време да излезе и да се види со пријателите. Но иако постојат и подолги временски периоди во кои сте зафатени со работата и други обврски, по нивното завршување сигурно постојат час-два кои можете да ги одвоите за луѓето кои ви значат. Постојаното гледање и зборување не значи пријателство, како што ни слушањето и гледањето еднаш во месецот не значи дека не сте повеќе пријатели. Но дали навистина сте толку зафатени што не можете да одвоите барем некоја минута и ако ништо друго да подигнете слушалка? Кога сте премногу посветени на обврските, постои опасност целосно да се оддалечите од сите и сѐ останато. Бидете повнимателни со поставување на приоритетите во животот. Ништо не е повредно од луѓето кои ви значат и ништо не вреди толку за да ги изгубите.