КАФЕ ПАУЗА

Tag: реалност

  • 5 нешта за кои на крајот од денот никогаш не треба да жалите

    5 нешта за кои на крајот од денот никогаш не треба да жалите

    Дали кога легнувате да спиете се чувствувате исполнето и смирено знаејќи дека денес сте направиле еден чекор понапред кон она што е важно во вашиот живот или пак, повторно жалите за нешто што не сте направиле?rnrn5 нешта за кои на крајот од денот никогаш не треба да жалитеrnrnЖивотот е како река, во него многу е тешко да одржувате една позиција – или се движите напред или назад. Доколку не вложуваме свесен напор во остварувањето на нашите цели, животот секојдневно ќе нè води низ својот тек. Токму затоа станете свесни за своите цели и не дозволувајте на крајот од денот повторно да жалите за…rn

    Тоа што повторно чекате до утре

    rnПроблемот лежи во тоа што секогаш мислите дека имате повеќе време одoшто навистина имaтe. Но, еден ден ќе се разбудите и веќе нема да имате време за сите оние нешта кои отсекогаш сте сакале да ги правите. И во тој момент зад себе ќе имате или постигнати цели или листа на изговори. Токму затоа ако нешто ви е важно, започнете го уште денес!rn

    Тоа што не сте ризикувале и направиле напредок

    rnЖивотот е ризик. Секоја одлука, секоја интеракција, секој чекор, дури и секое утринско станување од кревет во себе содржат мали ризици. Да се живее животот значи да се преземаат овие ризици и да се верува во себе додека се прави тоа. Доколку не можете да станете од вашиот кревет, држејќи се до илузијата дека таму сте сигурни, вие воопшто не го ни живеете вашиот живот. Подобро е да имате живот кој е исполнет со мали грешки од кои сте научиле нешто, отколку целиот живот да ви е исполнет со жалење за оние нешта кои никогаш не сте ги ни пробале.rn

    Тоа што сте ѝ се спротивставувале на реалноста, наместо да ја прифатите и да работите на неа

    rnСекој ден е изграден од безброј мали избори. Доколку се борите за работа која не ја сакате, а ја гледате како начин на отплаќање кредит, одржување на својата фамилија или негување на своите соништа тогаш немојте да создавате отпор против неа. Едноставно прифатете ја ситуацијата бидејќи во овој момент и покрај тоа што не сте задоволни со неа, таа ви овозможува да постигнете нешто друго кое ви е потребно. Или пак, доколку сте во врска која ви создава болка, не заборавајте дека вие сте избрале да останете во неа. Можеби таа врска ќе ви помогне да пораснете и подлабоко да ја сфатите љубовта, а можеби и не. Но, вие сте оние кои одбирате дали да останете таму или да ставите крај, во овој момент. Бидете сигурни во својот избор, бидејќи тој е изворот на вашата сила.rn

    Тоа што сте биле лути

    rnЛутината најчесто се јавува тогаш кога луѓето веруваат дека некој нешто им должи. Опростувањето, од друга страна, е карактеристична за оние луѓе кои имаат доволно самодоверба да застанат на своите нозе и да продолжат понатаму. Но, за кој било да може да продолжи со својот живот, мора да знае точно што чувствува со цел да се избори со овие емоции. Вие треба да си простите на себе и да му дозволите на минатото да остане онаму каде што му е местото – во минатото.rn

    Тоа што сте изгубиле многу време во обидите да им се допаднете на сите

    rnНемојте сè да сфаќате лично, бидејќи луѓето најчесто ги прават работите само поради себе. Вие не можете да го промените начинот на кој луѓето се однесуваат кон вас ниту пак можете да го промените начинот на кој зборуваат за вас. Она што можете да го промените е начинот на кој реагирате на овие нешта. Најпрво опкружете се со оние луѓе кои позитивно влијаат на вас, а потоа потсетете се дека не сте сами. Трошете го вашето време на она што вам ви е важно, а не на градењето на маската која ја носите секој пат кога ќе излезете од вашиот дом.

  • Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

    Човековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?

    Живееме во време на социјални медиуми каде без проблем собираме бројни пријатели. Но, зачудувачка е поврзаноста на бројот на Фејсбук пријатели и осаменоста во реалниот живот.rnrnЧовековата психа под влијание на социјалните мрежи – колку во суштина сме осамени?rnrnСоциолошките истражувања покажуваат дека повеќето луѓе не можат интимно да познаваат повеќе од 150 личности, додека бројот на Фејсбук пријатели кај најголемиот дел од корисниците е многу, многу поголем. Зошто толку е важен бројот на пријателства? Да се осврнеме кон модерниот свет каде личноста се оценува според личните достигнувања, богатството, имиџот кој го промовира и начинот на кој ги троши парите. Токму поради ова многумина ги губат социјалните и семејните врски, стремејќи се кон идеалот на себепромовирање и системот на модерно вреднување. Така што воопшто не е изненадувачки фактот што сè повеќе луѓе се чувствуваат осамено и што осаменоста прерасна во најчест елемент на модерниот свет.rnrnЕдна од причините за нашата осаменост е феноменот на социјалните мрежи. Во свет каде времето е пари, сите ние сме под огромен притисок да постигнеме што е можно повеќе па поради ваквата претерана амбициозност, нашиот друштвен живот е изложен на голем предизвик. Токму тогаш на помош ни доаѓа модерната технологија која навидум е навистина примамлива – ни нуди неверојатно лесен начин на склопување пријателства и одржување на истите, како и пронаоѓање на виртуелна романса.rnrnТокму во денешно време кога лесно собираме пријателства како сликички за во албум, го губиме чувството за разлика меѓу квалитет и квантитет. Така значењето на пријателството преминува во онлајн разговори, размена на слики и лајкнувања. Тука се јавува големиот парадокс – создавање голем број пријателства кога во суштина си осамен.rnrnКолку е различен разговорот во живо со разговорот онлајн? Зад сигурната маска на интернетот самите одбираме како ќе се претставиме себеси, и наместо да се фокусираме на склопување пријателства во вистинскиот живот, ставаме акцент на промовирањето и градењето имиџ на интернет. Станува збор за часови минати во уредување на профилот, одбирање на најдобрите слики, селектирање зборови и изрази пред да се испрати што било. Така социјалните мрежи не само што ги менуваат нашите навики, туку нè менуваат нас.rnrnКога човек е осамен се осврнува кон социјалните мрежи кои нудат инстант пријателство, луѓе кои те „ценат“ и „сакаат“, место каде твоето мислење се вреднува. Споделување мисли, искуства, слики, уживање во чувството дека си поврзан со светот и дека не си осамен, кога во суштина спротивното се случува. Така, бидејќи не умееме да бидеме сами и да се носиме со фактот дека сме „одделени од мрежата“, ќе мора да научиме да бидеме осамени.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како мислите дека изгледате кога сте пијани и како навистина изгледате?

    Како мислите дека изгледате кога сте пијани и како навистина изгледате?

    Алкохолот ве прави да изгледате одлично… во вашата глава. Еве ги разликите помеѓу вашата перцепција и реалноста која ја гледаат другите.rn

    1. Вашиот заслепувачки настап кога чекорите

    rn1-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Како всушност изгледате…” active=”false”]rnrn1.1-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrn[/toggle_item][/toggle_box]rn

    2. Кога играте, се чувствувате како да сте најкул од сите

    rn2-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Реалноста…” active=”false”]rnrn2.1-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrnrn[/toggle_item][/toggle_box]rn

    3. Како мислите дека изгледате кога веќе пијани се поздравувате со пријатели

    rn3-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”А еве како обично излегува…” active=”false”]rnrn3.1-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrnrn[/toggle_item][/toggle_box]rn

    4. Висите покрај шанкот и се шмекате со згодни момци/девојки

    rn4-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”А всушност изгледате вака…” active=”false”]rnrn4.1-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrnrn[/toggle_item][/toggle_box]rn

    5. Се обидувате да изгледате како стручњак за вино кога ја навалувате чашата

    rn5-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Всушност не изгледате баш така…” active=”false”]rnrn5.1-kako-mislite-deka-izgledate-koga-ste-pijani-i-kako-navistina-izgledate-kafepauza.mkrnrn[/toggle_item][/toggle_box]rnrn

  • Замрзната приказна: магично фотопатување во недопрен замок од 17-тиот век

    Замрзната приказна: магично фотопатување во недопрен замок од 17-тиот век

    Австралиската артистка и фотографка, Алексија Синклер, има неверојатна фантазија која оживува преку нејзината работа. Таа неодамна создала магично фотопатување наречено „Замрзната приказна“ кое е исполнето со историја и се наоѓа во недопрен замок од 17-ти век. Во оваа серија фотографии, артистката нѐ внесува во сосема различно време и место, ера преполна со стари традиции, формална мода и богат декор. Прекрасните драматични сцени претставуваат колекција на реалноста која е заматена со фантазија.rnrnЗамрзната приказнаrnrnИ покрај тоа што Синклер ги обработува фотографиите во Фотошоп, таа сепак верува во фаќање на колку што е можно повеќе преку своите леќи.rn
    rn

    „Не верувам дека со Фотошоп би можеле да направите нешто да изгледа онолку реално колку што би можело да биде со помош на светлината и фотографијата во реалниот живот,“ објаснува таа. „Јас фотографирам сѐ што можам со мојот фотоапарат. Она што го додавам се оние нешта кои верувам дека не можат да бидат пронајдени во реалниот живот. Може да станува збор за нешто кое постои само во мојата фантазија или пак, да е нешто кое едноставно не ми е дозволено да го внесам внатре.“

    rn

    rnrnПогледнете го и ова видео кое покажува како биле направени неколку од фотографиите кои не биле снимени директно на локацијата.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Над и под нивото на водата – фотографии кои го прикажуваат дуалитетот на светот

    Над и под нивото на водата – фотографии кои го прикажуваат дуалитетот на светот

    Лара Занкул е фотографка која живее и работи во Либан. Со оваа серија фотографии се труди да го покаже дуалитетот на светот во кој живееме – како работите изгледаат наспроти какви се во реалноста. Она што е под водата го претставува она што окото не може да го види, додека делот над површината на водата ги претставува работите така како што ги гледаме. rnrnЗа правењето на фотосесијата бил користен огромен сад со вода, а на фотографката ѝ биле потребни два дена да ја заврши. Таа го опишува искуството како вистински и забавен предизвик. Погледнете ги фотографиите и уживајте!rnrn(0) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk (1) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk (2) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk (6) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk (5) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk (4) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk (3) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk (7) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk (8) 9-prekrasni-nadrealistichni-fotografii-od-lara-zankul-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку соништата ни влијаат на животот во реалноста?

    Колку соништата ни влијаат на животот во реалноста?

    Дали некогаш ви се случило да сонувате некоја ваша блиска личност во негативен контекст, а после будењето да продолжите да ѝ бидете лути? Не сте единствени, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека содржината од нашите соништа се пренесува многу лесно во нашите животи.rnrnКолку соништата ни влијаат на животот во реалноста?rnrnОвие соништа, според објаснувањата на експертите, покренуваат конфликти и сомневања во нас.rnrnГолем број истражувања веќе докажаа дека нашиот реален живот влијае врз соништата, но најновите истражувања покажуваат дека и соништата влијаат на стварноста, односно на нашето однесување.rnrnСпоред истражувањата, сништата најмногу влијаат на меѓучовечките односи, особено на љубовните. Така на пример, можете да сонувате како партнерот ве изневерува и цел нареден ден да му бидете лути, а поради тоа да настане конфликт.rnrnВо ова истражување учествувал 61 човек, а научниците кажуваат дека ова е само почеток на нови откритија за испреплетеноста на соништата и вистинскиот живот, како и нивното меѓусебно влијание.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сексот во реалноста наспроти сексот во порно филмовите

    Сексот во реалноста наспроти сексот во порно филмовите

    Во краткото видео на њујоршката продукција „KB Creative Lab“ ќе имате можност да ги видите разликите во сексот од реалноста наспроти оној што се прикажува во порно филмовите. Специфично за ова видео е што разликите се прикажани со помош на храната. Ве предупредуваме, после ова можеби нема да сакате да погледнете, на пример, во банана или во краставица. :)rnrn

    Сексот во реалноста наспроти сексот во порно филмовите
    13-18 см
    rnrnЕве некои од фактите:rn

      rn011

    • Во порно филмовите машките ѕвезди „се долги“ импресивни 15-23 см, додека во реалноста се 13-18 см.
    • rn011

    • Во порно филмовите мажите и жените имаат многу малку влакна таму долу, но во реалноста 65% од жените и 85% од мажите се влакнести на интимните места.
    • rn011

    • Во порно филмовите партнерите инстантно се возбудуваат, додека во реалноста, потребни се 10-12 минути за тоа.
    • rn011

    • Во „порките“ мажите „траат“ многу долго, но во реалноста повеќето мажи ејакулираат во рок од 3 минути.
    • rn011

    • Женските порно актерки лесно достигнуваат оргазам само со пенетрација, но во реалноста, на 71% од жените им е потребна дополнителна стимулација.
    • rn

    rnПогледнете го видеото за останатите факти, како и за целосно доживување на споредбата. :)rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Некогаш… и сега

    Некогаш… и сега

    Некогаш многу одамна, момите излегувале на сред село, да наполнат вода во бардето, и така си се бендисувале со момчињата (исто како во приказните). Убавини. Селски носии, марама околу главата и цвет над увото. Природа. Само лицето ѝ го гледа и се заљубува. Ете ваква една идила ми поминува низ глава секогаш кога ќе го видам девојчето во селска носија на опаковката на наше, македонско млекце или јогуртче. Или пак, сликата од мојот охридски крај, момите перат облека во езерските води, а момчињата поминуваат со кајче и ги задеваат (морам така малку филмски да го опишам од мерак). Ах леле. Веднаш ме потсетува на оние убави звуци на староградските песни. Билјана платно белеше на охридските извори… Толку си ги сакам приказните и легендите за Билјана, што не пропуштам да им ги раскажам на дојденците во нашата убава Македонија.rn

    Некогаш... и сегаАма Билјанчето од 21-ви век не се малтретира да пере алишта. Денешната Билјана си отвара профил на Фејсбук, си става слика облечена во кратко здолниште или тесни фармерки и се допишува со јакиот тип со слика од теретана. Сега, и јас нејќам да мрчам. Фала Богу, времињата си се менуваат. Да останеме во 19-ти век па и тоа не го бива. Арно ама, и многу работи од денешницата не ги бива.

    rnДали мајката на тоа 14-годишно девојче знае дека ќерка ѝ има слика каде е облечена во минич и високи потпетици? Кога јас имав 14 години, уште си ги немав купено првите штикли, со другарките дома не се прибиравме за време на летниот распуст, одевме пешки до плажа, пешки назад, а вечерта шетавме покрај езеро и зборувавме за тие што ни се свиѓаа… Денешните 14-годишни веќе се возат во џиповите на своите постари дечковци. Што спомени ќе имаат тие од детството или раното тинејџерство? Чекај, па кое детство?rnrnЈас само се прашувам дали тие имаат родителски надзор? Постојат 2 опции, или нивните родители абер немаат дека ќерка им е Фејсбук-лепотица, или уште пострашно, знаат и се гордеат. „Убава таа на мајка, најубо си ми испадната, лепотиче моеее!“ Абе не за бадијала старите рекле дека ќотекот од рајот е излезен. Ама ќотек велам за родителите во овој случај, децата за ништо не се криви. На крајот на краиштата, таа е уште дете.rnrnКолкав дел од родителите се свесни дека нивните ќерки ги даруваат манијаците со нови фотографии најмалку петпати неделно? Или дека се допишуваат со некој кој демек е Бојан и има 16 години, а може и да биде Смиљан и да има 50. Страшно ви звучи? Ич да не се тревожите за ова, реалноста е многу пострашна.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Суровата реалност на амбицијата

    Суровата реалност на амбицијата

    Секој човек има свои амбиции и желби во животот. Но, патот кон нивното остварување знае да биде тежок и бодлив, дури и кога сте на врвот. Ова кусо стрипче е интересно, најверојатно поради неговата сурова реалност.rnrn

    Суровата реалност на амбицијата
    Ако имаш среќа, ќе најдеш нешто сакаш да го работиш. Останатите ќе го забележат тоа.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Ќе се трудиш да си ги подобриш вештините. Твојата работа ќе се развие до степен што другите ќе те препознаваат по тоа што го работиш.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    По некое време, ќе добиеш признание за тоа.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Но, може ќе се судриш со негативни реакции. Внатрешни превирања.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Безмилосна конкуренција. Сомневања во себе.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Во борбата за моќ, работата ќе стане поголема, побрза и поегзотична!
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    Сѐ додека конечно не ја изгубиш контролата.
    rnrn
    Суровата реалност на амбицијата
    И останеш со празни раце. Освен со она нешто, што си го сакал на почетокот.

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни пејзажи за кратко бегство од реалноста

    Неверојатни пејзажи за кратко бегство од реалноста

    Се чувствувате ли понекогаш како да ви е очајно потребно бегство надвор од градот, далеку од сè? Имате ли премногу обврски на факултет или на работа или пак, едноставно не можете да постигнете со сè она што сте го замислиле периодов? Доколку одговорот на овие прашања е позитивен, тогаш можеби навистина ви е потребно кратко бегство од секојдневието.rnrnНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаrnrnНо, бидејќи ретко кој може да си дозволи да остави сè и да го фати првиот воз за каде било, погледнете го ова видео со неверојатни пејзажи кои малку ќе ве оттргнат од секојдневните проблеми.rnrnrnrnДоколку ви се допадна ова видео, погледнете ги и постарите проекти од колекцијата „Landscapes“ на Дастин Фарел:rnrnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.