КАФЕ ПАУЗА

Tag: реалност

  • Овие совети ќе ви помогнат полесно да ги прифатите луѓето и ситуациите онакви какви што се!

    Овие совети ќе ви помогнат полесно да ги прифатите луѓето и ситуациите онакви какви што се!

    Прифаќањето на животот онаков каков што е една од клучните работи за среќен, задоволен и исполнет живот. Во тој случај, станувате свесни за тоа дека:rnrnОвие совети ќе ви помогнат полесно да ги прифатите луѓето и ситуациите онакви какви што се!rn

      rn 011

    • Страдањето настанува кога некој не ги прифаќа луѓето и ситуациите какви што се.
    • rn 011

    • Прифаќањето ја намалува болката и страдањето што произлегува од недостатокот на прифаќање.
    • rn 011

    • Преку прифаќање на светот таков каков што е, човек може точно да се справи со животните предизвици.
    • rn

    rnПрифаќањето на ситуациите и луѓето какви што се ни овозможува да го видиме светот јасно и прецизно. Тоа може да ни помогне да се однесуваме кон себе со поголемо сочувство, да паузираме, да размислуваме и да ја анализираме нашата болка. Еве на кој начин вашата промена може да започне уште денес.rnrn1. Признајте кога се борите со некого или нешто во вашиот живот.rnrn2. Идентификувајте со што (или со кого) се борите.rnrn3. Истражувајте ја динамиката на конфликтот помеѓу тоа каква би била вашата идеална ситуација или интеракција наспроти она што навистина се случува.rnrn4. Не занемарувајте ги непријатните чувства кои се појавуваат во текот на целиот процес.rnrn5. Сфатете и прифатете го она што можете и што не можете да го промените во вознемирувачката ситуација.rnrn6. Разберете дека вашето прифаќање на ситуацијата или личноста нема да ја промени реалноста, но ќе ви овозможи да се свртите и да почнете да се движите во вистинската насока.rnrn7. Размислете за стратегии и решенија кои ќе ви овозможат да се оддалечите од токсичните ситуации и луѓе.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто првиот чекор кон промената се состои во прифаќањето на реалноста онаква каква што е.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Првиот чекор кон промената е прифаќањето на реалноста онаква каква што е!

    Првиот чекор кон промената е прифаќањето на реалноста онаква каква што е!

    Чувството дека работите се непроменливи и дека стагнираме во остварувањето на повеќето цели може да нè доведе до нереално доживување на реалноста. Сепак, првиот чекор кон промена може да биде свесноста за овој проблем.rnrnПрвиот чекор кон промената е прифаќањето на реалноста онаква каква што е!rnrnМногу е лесно да заглавиме во илузијата дека нешто што не можеме да го промениме мора да се промени за да се чувствуваме подобро, посмирено или задоволно. Сепак, не можеме само да ја промениме професијата или однесувањето на партнерот. Како да се справиме со реалноста во овој случај? Прочитајте во продолжение.rn

    Признајте и прифатете ја реалноста

    rnАко се обидеме да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е и се грижиме за себе најдобро што можеме во дадените услови, почнуваат да се случуваат два позитивни процеси. Првиот е стекнувањето контрола над таа ситуација. На почетокот може да биде непријатно да се соочиме со местото каде што застанавме, но бидејќи токму она што не сакаме да го видиме има најголемо влијание врз нас, вреди да се соочиме со чувството на непријатност.rnrnПризнајте си и почувствувајте: Поминав една деценија на работа која воопшто не ја сакам.rnrnПризнајте си и почувствувајте: Сите овие години бев со партнер кој ме кочи.rnrnПризнајте си и почувствувајте: Ја запоставив мојата креативност и се чувствувам лошо кога гледам како другите максимално ја користат.rnrnПризнајте си и почувствувајте: Долго време не се грижам за себе и се чувствувам запоставено.rnrnНишто од горенаведеното не е пријатно, но потребно е да го забележиме, прифатиме и почувствуваме она што нè кочи за да можеме со нови сили да започнеме со промените.rn

    Опуштање

    rnДруг позитивен процес што е инициран со ова прифаќање е тоа што истовремено ние се обидуваме и да се опуштиме. Во животна ситуација која баш и не ни се допаѓа, си дозволуваме да се оттргнеме од постојаното фокусирање на нашите мисли во насока на невозможното и да се чувствуваме добро секогаш кога имаме можност за тоа. Тие периоди кога сме во добро расположение и покрај нерешената ситуација ја зголемуваат нашата способност да се справиме со животните околности и ни даваат појасна визија за иднината.rn

    Саморефлексија

    rnСаморефлексијата нè зацврстува, ни влева доверба дека еден ден сепак ќе можеме да промениме нешто. Кога сме обземени од незадоволство и не знаеме како да започнеме, а би сакале промена, немаме многу добро чувство за времето. Сакаме да се чувствуваме подобро, а за да го постигнеме тоа, нашиот живот треба да биде поинаков. Треба да бидеме различни. Нешто треба да биде поинаку. Така, заробени во оваа стапица, упорно остануваме на местото каде што се чувствуваме лошо. Но, ако си дадеме време да го доживееме и истражуваме сето тоа и станеме свесни за таа стапица, ќе има позитивна промена во перцепцијата на времето, иако всушност ништо не се менува.rnrnСо прекинување на приврзаноста кон идејата за посакуваната промена, имаме можност да размислуваме за нашата сегашност. И колку повеќе остануваме овде и сега, толку пореална е нашата проценка на времето. Можеме појасно да одредиме колку време ни е потребно за нешто и да го видиме процесот низ кој треба да поминеме за навистина да се случи промената.rnrnОткако прочитавте зошто е подобро да ја прифатите реалноста онаква каква што е, можеби ќе сакате да прочитате и за незапирливата моќ на промената.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

    Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

    Иако „Матрикс“ за прв пат беше прикажан пред 21 година, сепак постојат одредени цитати кои се сè уште релевантни. Имено, „Матрикс е научно-фантастичен акционен филм кој прикажува дистописка иднина каде човештвото е заробено во програмата наречена Матрикс. Оваа програма претставува симулација на реалноста создадена од машини направени со цел да го одвлечат вниманието на луѓето додека нивните тела се користат како извор на енергија. Сите три продолженија на „Матрикс“ истражуваат теми поврзани со заканата од технолошка контрола. Како што технологијата напредува секој ден, овие цитати од „Матрикс“ понекогаш нè тераат да чувствуваме дека животот е одреден вид симулација.rnrnЦитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денесrnrn rn

    „Си почувствувал ли некогаш дека не си сигурен дали си буден или сонуваш?“

    rn

    „Не ми се допаѓа помислата дека не можам да го контролирам сопствениот живот.“

    rn

    „Единствениот начин на кој можете да преживеете е да се преселите на друго место. Постои уште еден организам на оваа планета што ја следи истата шема. Дали знаете што е тоа? Вирус. Човечките суштества се болест, рак на оваа планета.“

    rn

    „Што е она што го посакуваат сите моќни луѓе? Повеќе моќ.“

    rn

    „Дали некогаш си сонувал сон Нео, каде сè се чинело толку реално? Што ако не си можел да се разбудиш од тој сон? Како би ја знаел разликата меѓу сонот и јавето?“

    rn

    „Се плашиш од промени. Не знам како ќе изгледа иднината. Не дојдов овде за да ти кажам како ќе заврши сето ова. Дојдов да ти кажам како ќе започне.“

    rn

    „Не можеш да го објасниш она што го знаеш, но го чувствуваш. Цел живот чувствуваш дека нешто не е во ред со светот. Не знаеш што е тоа, но чувството е тука, како делче во мозокот, и те полудува.“

    rn

    „Секој цицач на оваа планета инстинктивно развива природна рамнотежа со околината, но вие луѓето не го правите тоа. Наместо тоа, се размножувате и размножувате сè дури не ги потрошите сите ресурси.“

    rn

    „Се обидувам да ти го ослободам умот, Нео. Но, можам само да ти ја покажам вратата. Ти си оној кој треба да помине низ неа.“

    rn

    „Постои разлика помеѓу тоа да го знаеш патот и да чекориш по патот.“

    rn

    „Ако реалноста е сето она што можете да го почувствувате, вкусите, помирисате и видите, тогаш реалноста е само куп електрични сигнали кои вашиот мозок се обидува да ги протолкува.“

    rnОткако ги прочитавте најпознатите цитати од „Матрикс“, можеби ќе сакате да прочитате и за  дистописката серија во која човечките вредности не постојат.rnrnИзвор: yourtango.com

  • 6 работи кои беа карактеристични за 2021 година и кои би сакале да ги задржиме

    6 работи кои беа карактеристични за 2021 година и кои би сакале да ги задржиме

    Доколку некој ни кажеше на новогодишната ноќ во 2019-та година дека во наредните две години ќе се справуваме со разорна пандемија, најверојатно немаше да поверуваме. За жал, додека се збогуваме со втората година откако почна глобалната криза со коронавирусот, реалноста веќе ни е јасна на сите. „Новото нормално“ сега веќе и не е толку ново. Иако имаме вакцини сепак сè уште не можеме да се опуштиме со оглед на тоа дека се појавуваат нови варијанти. Од друга страна, одредени аспекти од пандемскиот живот во 2021 година ни годеа и сите се надеваме дека ќе опстанат и во новата година. Проверете во продолжение за што станува збор.rnrn6 работи кои беа карактеристични за 2021 година и кои би сакале да ги задржимеrn

    1. Опцијата за работа од дома

    rnВо новата година се надеваме дека повеќето работодавци ќе ги видат континуираните придобивки од работењето од дома. Истражувањата покажале дека продуктивноста не трпи штета доколку работниците не се во канцеларија, а во некои случаи дури и била зголемена.rn

    2. Дома е идеалното место за одмор

    rnСе чини дека дури и екстровертите сфатија дека после напорната работна недела сè што ни треба е мир и тишина што во голема мера може да ни ја обезбеди домот.rn

    3. Поголем пристап

    rnВо текот на последните две години, апликациите како Zoom и Google Meeting ни овозможија да присуствуваме на видео конференции и семинари повеќе од кога и да било. Не секогаш сме во можност да присуствуваме на такви активности (било поради финансиски причини или едноставно немање време) но, сето тоа се промени како резултат на пандемијата.rn

    4. Менталното здравје веќе не е табу тема

    rnСите сме свесни за тоа колку е важно менталното здравје, но дискусиите во оваа насока се интензивираа особено за време на пандемијата. Дури и работодавците станаа посвесни за тоа: сè повеќе компании организираат активности со цел подигнување на свесноста за менталното здравје и грижата за себе.rn

    5. Сфативме дека токсичната продуктивност може да претставува проблем и дека не живееме само за да работиме

    rnАко во 2021 година сфативме колку токсичната продуктивност е распространета ширум светот, ајде во 2022 година да се обидеме да прифатиме дека „доволно добро“ всушност е навистина добро. Токсичната продуктивност во суштина е нездрава желба да се биде продуктивен во секој време и по секоја цена. Нашиот живот е многу повеќе од она што го правиме од 9 до 17 часот.rn

    6. Важен е квалитетот, а не квантитетот кога станува збор за пријателства

    rnПандемијата ни помогна да сфатиме колку само е точна поговорката дека вистинскиот пријател се познава во неволја. Не е важно колкав е вашиот круг на пријатели – доволно е да имате и макар еден кој ќе биде тука за вас особено во тешките времиња.rnrnОткако прочитавте за тоа кои 6 работи беа карактеристични за 2021 година, а кои би сакале да ги задржиме и во 2022, можеби ќе сакате да прочитате и зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата.rnrnИзвор: huffpost.com

  • Модел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмее

    Модел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмее

    Фактот дека многу од работите што ги гледаме на социјалните мрежи се изменети на еден или друг начин, не треба да биде нова вест за никого досега. Сепак, сè уште има инфлуенсери кои не се плашат да се забавуваат и да споделуваат смешни фотографии што понекогаш ги прават за своите обожаватели. Само земете го на пример тајландскиот модел Виенадол – жената која редовно прави споредба Инстаграм vs. Реалност што е навистина интересно и смешно.rnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnМодел од Тајланд прави споредба Инстаграм vs. Реалност и сигурно ќе ве насмееrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Како изгледаат туристичките дестинации на реклама vs. во реалност?

    Како изгледаат туристичките дестинации на реклама vs. во реалност?

    Ниту една туристичка агенција нема да им признае на патниците дека Таџ Махал е опкружен со ѓубре, а пирамидите во Египет понекогаш се покриени со облаци од чад поради палењето на отпадот.rnrnФотомонтажите со само неколку кликови ја претвораат незабележителната реалност во кралица на убавината. Тоа понекогаш може да им предизвика главоболка на патниците кои потрошиле многу пари да отидат на другата страна на светот, а потоа да бидат разочарани од сосема друга атмосфера.rnrnКако изгледаат туристичките дестинации на реклама vs. во реалност?rnrnНиту туристичките агенции се толку луди да ставаат реални прикази на популарни дестинации на нивните страници, едноставно затоа што никој не би сакал да патува таму. Тешко е да се поверува дека во кој било патнички каталог ќе видиме фотографија во која Таџ Махал е опкружен со ѓубре и куп мајмуни, Саграда Фамилија во облак од смог или пирамида обвиткана со облак од чад од запалено ѓубре.rnrnСамо затоа што нешто не е како што замислувавме, не значи дека нема да патуваме или да престанеме да ги истражуваме сите убавини на светот, но добро е да се има предвид дека реалноста може да се разликува од очекувањата – што е особено точно за најпопуларните туристички дестинации.rnrnКако изгледаат туристичките дестинации на реклама vs. во реалност?rnrnКако изгледаат туристичките дестинации на реклама vs. во реалност?rnrnКако изгледаат туристичките дестинации на реклама vs. во реалност?rnrnКако изгледаат туристичките дестинации на реклама vs. во реалност?rnrnМожеби ќе ве интересира и што се крие зад најпопуларните летни митови?

  • Како изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?

    Како изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?

    Кој не се восхитува на фотографии од славни личности или на уметници за шминкање на профилите на Инстаграм? Како и да е, совршените фотографии кои ги гледаме се далеку од реалноста. Дури и прекрасната шминка на најубавата славна личност може да изгледа поинаку на црвениот тепих.rnrnПогледнете ги овие фотографии од актерки и модели кои ги направиле самите тие или луѓето околу нив и фотографиите направени истиот ден од професионални фотографи. Тие се толку различни!rn

    1. Емилија Кларк

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    2. Кејти Пери

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    3. Кајли Џенер

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    4. Џиџи Хадид

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    5. Шарлиз Терон

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    6. Емили Ратајковски

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    7. Ешли Греам

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    8. Кендис Сванепоел

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    9. Адријана Лима

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    10. Клои Кардашијан

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rn

    11. Марго Роби

    rnКако изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?rnrnМожеби ќе ве интересира и кои се 6-те најубави бринети на сите времиња.

  • Очекувања наспроти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

    Очекувања наспроти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?

    Очекувањата се една работа, а реалноста друга. Прочитајте каков хороскопски знак сте вие или вашиот партнер во однос на романтичните состаноци.rnrnОчекувања наспрoти реалност: Како е да се состанувате со секој хороскопски знак?rn

    Овен

    rnОчекувања: Овните сакаат постојана авантура и никогаш не седат дома. Понекогаш расправијата со нив може да се претвори во секс за помирување. Многу се лутат и постојано се караат. Сакаат да бидат главни и секогаш да го имаат последниот збор.rnrnРеалност: Овните се трпеливи и нема да се помират додека не ве добијат, а тогаш се спремни да сторат сè за вас. Тие оставаат нивните постапки да зборуваат погласно од нивните зборови, но не се плашат и да се изразат понекогаш. Тие имаат огнен дух, но и нежно срце кое сакаат да биде згрижено и покрај тоа што се прикажуваат како ладнокрвни. Сакаат да го преземат водството, но ќе ве држат за раката за заедно да „шетате“ низ животот.rn

    Бик

    rnОчекувања: Лавот е неверојатно тврдоглав и инсистира секогаш да биде по негово. Тој сака да бидете дел од неговиот свет, но тој никогаш нема да се обиде да биде дел од вашиот. Ќе се фокусира само на романтика и ќе започне да ја планира вашата иднина уште пред крајот на вашиот прв состанок.rnrnРеалност: Лавот е длабоко посветен и внимателен. Тој сака да знаат сè за вас, па затоа сака да поминувате повеќе време заедно. Ќе ве обвие со љубов и воодушевување, но ќе биде тука за вас и кога ќе ви биде потребен. Неговата цел е да создаде иднина со вас, а истовремено да биде и вашиот најдобар пријател.rn

    Близнаци

    rnОчекувања: Никогаш нема да знаете што да очекувате, тие зборуваат многу и секогаш ќе сакаат да ве одведат во нови авантури, разговарајќи за 70 различни теории одеднаш. Близнаците се многу дружељубиви и ќе сакаат да поминуваат време и со вашите пријатели, но вие нема да бидете сигурни дали се доволно посветени на вас.rnrnРеалност: Тие ќе ви ги покажат сите можности во секоја ситуација, така што вашите разговори никогаш нема да бидат здодевни. Секогаш ќе бидат тука за вас, кога и да ви затребаат. Ќе сакаат да бидете поврзани и да ги запознаваат сите ваши блиски. Можеби не се токму онакви какви што си замислувавте, но тие сакаат да ви ги покажат сите нивни различни особини, а сакаат да ги дознаат и вашите.rn

    Рак

    rnОчекувања: Ќе бидете опкружени во толку многу љубов и преданост, па нема да знаете што да направите со нив. Ракот ќе започне да ја планира вашата венчавка по само 2 недели излегување. Тој може да биде малку посесивен, но тоа го прикажува на прекрасен начин. Постојано сака да зборува за своите чувства и веројатно ќе ви направи торта без причина.rnrnРеалност: Раковите на прв поглед веруваат во љубовта, но сакаат да изградат и доверба кон вас пред да се нурнат премногу длабоко. Тие се интуитивни за нивните и вашите чувства. Може да почувствуваат ако имате потреба од пауза и ќе се обидат да се подобрат. Тие зборуваат за своите чувства, но само во контекст на унапредување на врската. Знаат дека комуникацијата е од суштинско значење, па затоа умеат да ви покажат како се чувствуваат. Раковите сакаат длабоко и искрено и да… веројатно ќе ви направат и торта без причина.rn

    Лав

    rnОчекувања: Тие се грижат за вашите интереси, но повеќе се грижат за нивните интереси. Сакаат постојано да ве „покажуваат“ пред другите, но сакаат и да бидат сигурни дека двајцата добро изгледате додека трае „парадата“. Тие ретко сакаат да останат дома бидејќи има многу нешта што треба да ги направат.rnrnРеалност: Тие се искрени со вас во врска со нивните чувства. Ако се состануваат со вас тоа е затоа што се вистински заинтересирани за вас. Тие мислат дека сте неверојатни и сакаат сите да го знаат тоа. Ќе ве поддржат во вашите соништа и се надеваат дека и вие ќе им возвратите со поддршка. Тие секогаш ќе ве заштитуваат и ќе одат и подалеку од нивната можности заради љубовта кон вас, затоа што едноставно веруваат дека вие тоа го заслужувате.rn

    Девица

    rnОчекувања: Девицата ќе биде крајно претпазлива и ќе мора многу да се трудите за да ја „отворите“. Таа веројатно ќе ја исчисти вашата соба наместо вас, ако мисли дека сте премногу неуредни. Таа ќе биде како ваша мајка, на некој начин, но во позитивна смисла. Таа се грижи за вас, но тоа најмногу ќе го покаже преку саркастични коментари и суптилни афирмации.rnrnРеалност: Таа ќе ги забележи сите детали за вас и ќе ги земе предвид кога ќе бидете заедно. Ќе ѝ биде потребно време за да се „отвори“, но нема да губи време ако смета дека не вредите. Девицата е трпелива, но вредна за чекање. Ќе ве охрабри да стекнете подобри навики и ќе ве пофали за тоа. Таа ќе ве сака на начин на кој не сте навикнати и со неа никогаш нема да ви недостасува романса или посветеност.rnrnПродолжете да читате за другите знаци на следната страница…rnrn

  • 8 големи вистини за животот што се срцепарателни и многу реални

    8 големи вистини за животот што се срцепарателни и многу реални

    Отсекогаш се пишувало многу за животот. Многу филозофи во минатото се обидувале да ја доловат и објаснат суштината на животот. Денес луѓето секој на свој начин се обидуваат да ја пронајдат смислата на сопственото живеење и да го разберат животот што го живеат. Да ја сфатат суштината на самиот живот. Темата има филозофски корени, но еве неколку вистини за животот коишто се срцепарателни, но истовремено и многу реални.rnrnrn

    1. Мислиме дека сè ни е под контрола, но сè може да се распадне

    rnМожеме да испланираме сè и ништо да не оставиме на случајностите, но пак може да тргне по зло. Животот не е создаден за формирање совршени услови, туку колку сме способни да истраеме да го живеете животот со сите потешкотии. Најскапоцените вештини што може да ги имаме се флексибилноста и отпорноста. Многу е важно на каков начин ќе му пристапиме на животот и какви визии ќе создадеме од сите урнатини што животот ни ги приредил.rn

    2. Вие сте целосно одговорни за тоа каков ќе биде вашиот живот и како ќе реагирате на тоа што ви се случува

    rnНајмалку корисно чувство е чувството на индиферентност. Мора да се бориме за живот каков што сакаме. Ништо нема да се промени со брзината со која посакуваме да се промени, но чекањето светот да се смени за да одговара со нашиот светоглед, нема да успее. Мора да се бориме! Да правиме сè што е потребно, и да го оставиме во минатото тоа што нè спречува да имаме живот каков што посакуваме. Животот не е стоење исправено, тој е трчање што прави да се чувствуваме живи!rn

    3. Секогаш кога мислите дека немате избор, грешите

    rnНашиот живот е исполнет со последици од изборите коишто сме ги правеле и е широко отворен кон изборите што сè уште не сме ги направиле. Можеби попријатно е да се мисли дека животот ни се случува нас, а не дека ние одлучуваме што ќе се случи, но секогаш можеме да го реконструираме и да преземеме различни чекори што се базираат на различните избори што ги правиме.rn

    4. Трошењето енергија за да се избегнат потешкотиите е залудно

    rnЌе се случи да ни биде скршено срцето, но тоа ќе биде почеток на ослободување од некои аспекти во животот. Еднаш кога ќе бидеме на дното веќе се плашиме помалку. Кога ќе ја согледаме длабочината на сопствената темнина сфаќаме дека нема место за страв.rn

    5. Убавината кога некој нè перципира е дека навредата или „негативната“ етикета е само етикета

    rnЛошиот дел е дека не постојат толку многу комплименти колку етикети. Треба да се ослободите од зборовите што луѓето ви ги упатиле бидејќи во моментот кога ќе ја закачите етикетата на себеси имате две опции – да ја отфрлите или да ја носите. Во секој случај притисок е да се живее под туѓите ограничувања. Ослободете се од секакви етикети, растете, менувајте се и научете повеќе за себеси и за светот околу вас. Вие не сте етикетите што ви ги припишуваат, вие сте многу повеќе од нив.rn

    6. Сè што доживуваме во моментов е привремено

    rnПостоиме во привремен свет. Затоа треба да живееме во сегашноста, колку и да звучи клише – едноставно не постои можност да се лансираме во иднината ниту да се вратиме во минатото. Од тоа нема никаква корист! Можеби извонредно е што некои делови од животот сакаме да траат привремено, но тешко е да се помисли дека работите што ги сакаме повеќе од сè се минливи.rn

    7. Неопходна задача на човештвото е секој од нас да подарува онолку љубов и љубезност колку што би сакале да добиваме

    rnПостојано се убедуваме за својата вредност и бараме докази да ја потврдиме. Еден ден се будиме со чувство дека заслужуваме да бидеме пољубезни со себеси и дека ќе биде така секој ден и дека ќе стане полесно, но никогаш нема да прифатите кои сте и можеби тоа не е поентата. Совршенството никогаш не било поента. Вие сте тука да живеете и како човечко суштество да доживеете најразлични искуства според вашите можности. Прегрнете го животот и прифатете го, залудно е да се буните и да му се спротивставите.rn

    8. Не постои правилен или погрешен начин на живеење

    rnЕдноставно е, ние живееме и постоиме. Убавиот аспект на ова е дека постои опојна и неограничена слобода. Најтешко е што не постои мапа на патување, нема правила ниту водич како да живееме. Оставени сме сами на себе и на нас останува да го земеме животот во свои раце и да ја прифатиме бескрајната дихотомија на сето тоа. Кога ќе научиме да ги прифатиме овие работи можеби ќе сфатиме која е суштината на живеењето. Но, тоа мора да го откриеме сами. Ќе го откриеме само преку живеење.rnrnПрочитајте и дознајте зошто само вие можете да го промените својот живот.

  • Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

    Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

    Наоѓањето локација за вашиот одмор често се претвора во вистински предизвик – сакате нешто поевтино, но луксузно и без толпи од луѓе. Еден корисник на Редит бил љубопитен за тоа кои туристички атракции не вредат за вашите пари, ниту пак за вашето време, а она што го открил било интересно. Погледнете ги дестинациите кои според корисниците на Редит, најверојатно нема потреба да ги посетите.rn

    1. Булеварот Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија

    rnИнтернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетитеrnrnОчекувања: Сакате да ја видите познатата Патека на славните и да уживате во неа.rnrnРеалност: „Има толпи од бездомници. И мириса како канализација.“rn

    2. Балконот на Јулија, Верона, Италија

    rnИнтернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетитеrnrnОчекување: Да влезете во атмосферата на Шекспировата драма, гледајќи го местото каде што разговарале Ромео и Јулија.rnrnРеалност: „Илјадници туристи се туркаат по тесна улица за да го видат балконот. Но, тоа што треба да го знаете е дека балконот бил изграден откако била напишана драмата.“rn

    3. Платформата на Големиот Кањон, Аризона

    rnИнтернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетитеrnrnОчекување: Да се прошетате, да уживате во погледот, да направите убави фотографии и да јадете нешто вкусно.rnrnРеалност: „Ни беа потребни неколку часа да стигнеме до таму од Лас Вегас. Самата платформа чини 26 евра. За да стигнеме од платформата до најблискиот трговски центар, потрошивме уште 26 евра. Забрането е да фотографирате таму или да носите камера. Но на самото место ќе се обидат да ви продадат камера! Има само едно место каде што можете да јадете и служат евтина конзервирана храна, што чини цело богатство.rn

    4. Мона Лиза во Лувр, Париз, Франција

    rnИнтернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетитеrnrnОчекување: Да го истражите портретот детално и да ја почувствувате моќта на насмевката на Мона Лиза.rnrnРеалност: „Лувр е неверојатен, но Мона Лиза е разочарување. Сликата е мала и има толпа од туристи насекаде. Едвај ќе видите нешто.“rn

    5. Машината за пишување на Адолф Хитлер, Алабама

    rnИнтернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетитеrnrnОчекување: Да ја почувствувате енергијата на машината што ја користел Хитлер.rnrnРеалност: „Тоа е обична машина за пишување. Ништо посебно, иако на фотографијата изгледа неверојатно.“rn

    6. Каменот Плимаут, Масачусетс

    rnИнтернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетитеrnrnОчекување: Да можете да си замислите дека ова е каменот што го допреле првите британски доселеници и да бидете возбудени бидејќи можете да видите важен дел од историјата.rnrnРеалност: „Всушност, никој не знае дали каменот е вистински или не и дали има нешто заедничко со првите доселеници.“rnrnПродолжува на следната страница…rnrn