Лесна комедија за препознавањето на вистинските нешта кои ни биле пред нос целото време, но сме ги игнорирале… и многу повеќе за „спонзорушите“, за трулото американско школство, за манипулациитеrnrnРежи
ја: Џејк КасданrnrnУлоги: Камерон Дијаз, Џастин Тимберлејк, Џејсон Сегел, Луси ПанчrnrnВреметраење: 92 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 17 јуни 2011rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnДа го немав гледано документарецот „Чекајќи го Супермен“ за трулоста на американскиот образовен систем, новата комедија „Лоша учителка“ ќе беше за нијанса посмешна. Учителите кои преспиваат на работното место, кои пушат марихуана во училишниот двор и на кои им е гајле за децата можеби е (малку) претерана слика, но сепак и не толку далеку од тоа какви се навистина работите. Сепак, комедијата мора да се признае, има смешни секвенци особено во сцените со Џејсон Сегел (популарен по серијата „Како ја запознав мајка ви?“) чиј хумор е интелигентен и циничен. Од друга страна, забавно е да се види Камерон Дијаз во улога, поинаква од нејзините досегашни ангелски, совршени и шеќерни ликови.rn
rnrn
rnПриказна: Елизабет (Камерон Дијаз) е учителка која е посветена на тоа да најде богат маж кој ќе ја издржува цел живот. Таа е површна, злобна и тотално егоцентрична. Но, сега за сега, нејзините планови не се реализираат, а според Елизабет, единствена причина за тоа е фактот дека нема големи гради. Следна мисија: да се соберат пари за да стави силикони. Додека измислува секакви варијанти за да дојде до долар повеќе, таа мора да се соочува со нејзината најголема непријателка која воедно е и учителка во истото училиште, Ејми (Луси Панч). Во меѓувреме почнува да го „лови“ новиот учител Скот (Џастин Тимберлејк) кој е згоден и има огромно семејно богатство, но е апсолутно здодевен. Истовремено, Елизабет се обидува да го игнорира човекот кој всушност е вистинскиот избор за неа, учителот по физичко Расел (Џејсон Сегел).
Интересно е тоа што вообичаените американски комедии се обидуваат да имаат некаков образовен момент, ѓаволот да се престори во ангел, лажгото во искрен човек… Но тука, тој едукативен момент е толку слаб, речиси незабележлив што е вистинско освежување. Гледаме приказна заради приказна, а не за да извлечеме некоја мудрост и поука. Така, Елизабет на крај го одбира вистинскиот маж за неа, но останува повеќе или помалку истиот гад од човек, така што не е ни важно. Нејзе не можете да ја сакате затоа што е како ураганот Ајрин за детското образование, но на моменти добро ќе се забавувате со неа.
Глума: Комплетниот каст од Камерон, Џејсон до Луси е со голем „бекграунд“ во комични улоги, така што за нивната реализација нема сомнежи. Единствено отскокнува Тимберлејк на кој во неколку сцени му се читаа неискуството, незнаењето и да кажеме немањето талент. Добро, не е Мадона. Но сепак, можеби најпаметно е да се држи до работите кои најмногу му лежат.
Кога и како да го гледате: Со оглед на тоа дека моментално игра во кино, може да го погледнете таму. Но искрено, нема нешто претерано да добиете со големото платно, па слободно може да си го пуштите и дома.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn


Гугл веќе работи на развојот на самоуправувачки автомобили, но ако вниманието на возачот повеќе не треба да е 100% фокусирано на сообраќајот, тогаш што би правеле возачите зад воланот?!
Проектот Аеон претставува мудро исцрпување на спојот на мобилноста и 3Д апликациите. Концепт-проектот е реализација на
Аеон го инкорпорира системот за навигација и контролирањето преку интерактивен дисплеј, додека истовремено овозможува учење преку интеракција. Апликациите кои се проектираат на шофершајбната, овозможуваат доближување до одредени градбени објекти и информирање за нив замавнувајќи со прстите.
Аеон може да преминува од проширена во мешана, до виртуелна реалност, овозможувајќи му на корисникот да премине од информации базирани на текст, во интеграција со 3Д просторот до комплетно виртуелно искуство. Корисникот сам избира колку сака да види или доколку не сака, може да „сврти нова празна страница“ и едноставно да се опушти медитирајќи.
Апликациите даваат можности за информирање на сè што е околу нас, но не само за околните архитектонски градби, туку и за температурите, активностите на нашите пријатели во близина и сл. Слободата се состои и во тоа што секој може да ги создава апликациите, па можностите стануваат неисцрпни.
Додека виртуелноста стане дел од нашето секојдневие со помош на која ќе ги регулираме нашите редовни обврски, еве како Аеон планира да го промени корисничкото искуство на возачите.
rn
rn
rn
rn
Се случува „канцелариските врски“ да функционираат одлично и да не наштетат на работата на ниеден од партнерите. Но, доколку се случи „пеперутките во стомакот да умрат“ после некое време, целата ситуација може да стане многу непријатна и чудна, дури и ако не сте планирале така да биде. Вакви работи се случуваат и ретки се случаите кога приказната завршува како во филмовите.rnrn












Многу кликови, „лајкови“, споделени фотографии, тагови, радосни и тажни статуси…
rnrnСамиот производ е импресивно видео од помалку од 3 минути, за кое делува дека се потрошени многу часови работа.rnrnФантастична анимација, динамична музка, многу акција и интеракција… Дали доколку некој го направи ова за вашиот живот, ќе успееме да разбереме толку многу? Доволни ли ќе бидат 3 минути?rn


rnrnЗа да се случи ова, на кое секако се нафаќаат, потребно е многу планирање, градење, совладување пречки, манипулации, борби и искушенија.rn



rnrnИако нетрпеливоста за да го гледате филмов може брзо да се совлада, за вистинските филмски фанатици кои ги затвораат ушите секогаш кога некој зборува за Почеток, како не би им се расипало очекувањето, изненадувањето и чувството кое филмот го предизвикува, препорачуваме да почекаат до појавувањето на верзија за преземање со прифатлив, до одличен квалитет. Почеток дефинитивно не е филм за пуканки, не е за големо друштво и не е за разлабување, разонода и релаксација. Почеток е филм кој го гледате во еден здив, а по завршувањето продолжувате да реанимирате одредени сцени уште долго потоа.
rnrnНајдобро би било, филмот да го гледате барем два пати, за да навлезете подлабоко во приказната и да ги поврзете елементите кои останаа да ви немаат смисла после првиот пат, но и затоа што едноставно еднаш нема да ви биде доволно.rn
rnrn