КАФЕ ПАУЗА

Tag: реалност

  • Моќни илустрации од јапонски артист што ќе ве замислат за животот

    Моќни илустрации од јапонски артист што ќе ве замислат за животот

    Една слика вреди илјада зборови… барем така се чувствуваат луѓето што ги гледаат илустрациите на мистериозните јапонски артист што во светот на Интернетот е познат како Avogado6. Илустраторот не споделува многу лични детали за својот живот. Според неговиот профил на Твитер, тој е обичен човек што сака хемија. Но, ако ги погледнете неговите дела ќе сфатите дека тие се многу повеќе од обични. Тој успева да создаде сентиментални, живописни слики што предизвикуваат емоции кои се тешки за опишување со зборови. Погледнете и самите…rnrn(1) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (2) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (3) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (4) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (5) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (6) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (7) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (8) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (9) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (10) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (11) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (12) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (13) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (14) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mk (15) mokjni-ilustracii-od-japonski-artist-shto-kje-ve-zamislat-za-zhivotot-www.kafepauza.mkrnrnПогледнете ги и овие интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество…

  • Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

    Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество

    Животот на денешните млади се состои од Фејсбук, Инстаграм и Снепчет. Сите наши доживувања се документирани на социјалните мрежи. 33-годишниот уметник Емет Траксес решил да ја претстави реалноста на современото општество преку интересни и урнебесни илустрации.rnrn

    Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество
    „Дали свинските ребра ќе изгледаат добро на фотографија?“
    rnrnТој ги објавил неговите кратки стрипови кога се преселил во Бруклин, но сѐ уште ги нема потрошено идеите за создавање слични содржини.rn

    „Среќен сум што имам урнебесни пријатели и понекогаш кога сме излезени, ако успеам да наслушнам или да забележам нешто интересно, веднаш го запишувам за да не го заборавам“, открил Емет.

    rn

    Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество
    Она кога ќе ја спуштат цената на авокадото, па конечно можете да заштедите за да ја купите куќата од вашите соништа.
    rnrnТој има повеќе од 147.000 следбеници на Инстаграм и се надева дека ќе им подари уште многу смешни илустрации на неговите обожаватели.rn

    „Целта на стриповите е да ја исмеат нашата култура, но на благ начин. Се надевам дека извлекувам насмевка од лицето на луѓето, но и дека ги потсетувам да ја држат главата високо крената, бидејќи на овој свет има повеќе добри работи отколку лоши“, објаснил тој.

    rn

    Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество
    „Кое патче е естетски поубаво?“
    rnrnПогледнете дел од неговите интересни илустрации што ќе ве насмеат, но и ќе ве натераат да се соочите со вистината за денешните генерации…rnrn
    Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество
    Девојката: Замисли да живееме тука!
    Дечкото: Не би имале скршен денар.
    Девојката: Но, би биле многу среќни!
    Дечкото: Велат дека среќата нема цена.
    Девојката: Но, има! 5.500 евра месечно!
    rnrn
    Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество
    „Ајде да не се следиме на социјалните мрежи, за да можеме да го зачуваме ова пријателство како убаво сеќавање.“
    rnrn
    Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество
    „Извинете, но примаме само кеш.“
    rnrn
    Интересни илустрации што ја отсликуваат реалноста на современото општество
    „Злато, мора да изгледаш поспонтано!“
    rnrnПродолжете на следната страница за останатите илустрации…rnrn

  • Како би изгледал нашиот секојдневен живот со облека од високата мода?

    Како би изгледал нашиот секојдневен живот со облека од високата мода?

    Ах, тие величествени креации на врвните модни дизајнери, тие раскошни, украсени фустани од најфини материјали што би ја претвориле секоја девојка во принцеза. Асоцијација за висока мода се скоро секогаш најпознатите модни центри како Њујорк, Милано, Лондон и Париз. Тие секогаш на црвениот тепих со избрани личности го претставуваат она што го создале, кое без сомневање остава без здив. Меѓутоа, дали сите тие креации се создадени исклучително за црвениот тепих и модните писти? Можете ли да се замислите себеси во голем, буен, блескав фустан како ги извршувате секојдневните активности?rnrn1-kako-bi-izgledalo-koga-visokata-moda-bi-bila-sosema-prisutna-vo-realniot-zhivot-www.kafepauza.mk_rnrnБудење, време е за „принцеза“ ден! Овој ден заборавете на задачата за избирање дневна модна комбинација, бидејќи денес знаете што ве чека (барем кога е облекувањето во прашање). Извршувањето на утринската рутина како што се основните навики и обврски и првото утринско кафе со појадокот остануваат непроменети, бидејќи сето тоа можете да го направите додека сте во пижами. Сѐ се менува кога ќе дојде време за подготвување. Вашиот блескав, балски фустан трпеливо ве чека да го облечете. Изгледа волшебно, а вие во него сте како принцеза од некоја бајка.rnrnОткако ќе го облечете, ви останува да додадете уште малку шминка, но притоа внимавате случајно да не го извалкате фустанот, бидејќи знаете дека нема да можете да ја поправите штетата доколку дојде до таа мала незгода. Веќе можете да ги забележите првите неудобности, уште додека се движите во домот. Секогаш вашите раце се полни со слоеви материјал и секогаш морате да внимавате на брзината со која се движите и начинот на кој чекорите, за да не направите дополнителна штета. Сепак, не живеете во огромен дворец и немате слуги за да ги извршуваат сите обврски наместо вас.rnrnДали во најава имаме доцнење на работното место? Доаѓате на паркингот и само што сакате да влезете во вашиот автомобил, сфаќате дека немате доволно простор за да можете слободно да возите. Ви преостанува да се одлучите помеѓу две опции: градски превоз или такси. Додека сте доаѓале до паркингот веќе сте забележале дека сте го привлекле вниманието на вашите сограѓани со многу љубопитни погледи, па веќе можете да замислите што би можело да ве чека во градскиот превоз. Сепак избирате такси, бидејќи го имате целото задно седиште за себе.rnrnkako-bi-izgledal-nashiot-sekojdneven-zhivot-so-obleka-od-visokata-moda1rnrnНо, иако сте ги избегнале луѓето од градскиот превоз, на работното место ве чекаат вашите колеги. Од нив покрај погледите можете да очекувате и прашања. Нема врска, фокусирајте се на вашите обврски и работете ја вашата работа. Доколку вашиот шеф нема забелешки за вашиот денешен изглед тогаш немате никаков проблем. Издржете до крајот на работното време.rnrnСте се договориле со вашите пријателки после работното време заедно да го посетите вашето омилено кафуле. Откако ќе стигнете во кафулето со поглед барате најпогодно место за седење во кое ќе имате доволно простор, а и нема да ризикувате другите гости да го газат или да се сопнуваат од вашиот фустан. Повторно, сите погледи, па дури и некој коментар се однесуваат на вас. Освен вообичаените теми за разговор, денес имате толку многу работи да им раскажете на вашите пријателки.rnrnРешивте да прошетате низ градот и да ги посетите вашите омилени бутици. Сфаќате дека денес тоа и не е баш најдобра идеја, бидејќи ќе ви биде прилично незгодно и преку глава да се провлекувате. Можеби е подобро да го оставите ова за некој нареден ден. Што ви преостанува да правите денес, а тоа да не го отежнува вашиот изглед? Прошетката не може да биде лоша идеја, а слободно можете да се замислите дека сте на некоја модна писта, бидејќи најверојатно сите луѓе ве доживуваат на тој начин и бараат камери кои ќе го следат вашето движење низ градот. Нека не ве чуди доколку сите се насоберат околу вас или доколку ви пријде некое дете и побара да се слика со вас.rnrnkako-bi-izgledal-nashiot-sekojdneven-zhivot-so-obleka-od-visokata-moda2rnrnВраќањето дома на истиот начин како што претходно сте стигнале звучи сјајно. Одвај чекајте да го соблечете фустанот и да облечете нешто обично и пријатно. Дали сте верувале дека со таа желба ќе ја дочекате вечерта? Секогаш бараме нешто поразлично и повпечатливо да облечеме, но на крајот од денот секогаш нè чека омилената, едноставна комбинација која честопати е нескладна, но удобна.rnrnШто научивме од сето ова? Сè што е премногу големо и несекојдневно, е неприлагодено за нормално дневно функционирање. Високата мода е тука за да ја гледаме и за да ѝ се восхитуваме, на ревиите, на фотографиите, на разните настани како што е црвениот тепих и гламурозните балови, таа е уметност која не е наменета за секојдневието, туку за некоја прилика која е ретка и која се памти во текот на целиот живот.

  • 10 неверојатни теории за реалноста кои ќе ја променат вашата перцепција за светот

    10 неверојатни теории за реалноста кои ќе ја променат вашата перцепција за светот

    Реалноста не е толку едноставна како што мислиме. Многу од работите кои ги сметаме за вистинити, и тоа без многу размислување, всушност не се точни. Научниците и филозофите го даваат најдоброто од себе за да ги соборат теориите на здравиот разум, а тоа ќе го видите во овие 10 неверојатни теории.rn

    1. Големото замрзнување

    rn(1)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mk.jpg10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mkrnrnСпоред оваа теорија, нашиот универзум се движи кон својата последна фаза од живот. Универзумот има ограничена залиха на енергија. Според оваа теорија, кога ќе се истроши таа енергија целиот универзум ќе замрзне. Топлинската енергија настанува од движењето на честичките. Губењето на топлина, што е природен закон на универзумот, значи дека ова движење на честичките со тек на време ќе забави и еден ден целосно ќе запре.rn

    2. Солипсизам

    rn(2)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mkrnrnСолипсизмот е филозофска теорија според која ништо не постои освен индивидуалната свест. Теоријата на прв поглед изгледа смешно, но ако добро ќе размислите ќе сфатите дека навистина не можете да потврдите ништо освен вашата свест. За подобро да го разберете ова, помислете на некој момент и помислете на сите соништа што сте ги сонувале. Зарем не е можно сè околу вас да е еден долг сон? Но околу нас има луѓе и работи, и не можеме да се сомневаме во нив бидејќи ги мирисаме, ги слушаме, ги гледаме и ги вкусуваме тие работи, се согласувате? И да, и не. Луѓето кои користат ЛСД кажуваат дека имаат навистина убедливи халуцинации, но ние знаеме дека тие „визии“ не се реални. Нашите соништа симулираат сензации и сепак, она што го гледаме и чувствуваме е она што ни го наредуваат разни делови од нашиот мозок. Како резултат на ова, во кој дел од постоењето не треба да се сомневаме? На никој, секој од нас може да биде сигурен само за своите мисли.rn

    3. Филозофија на идеализмот

    rn(3)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mkrnrnЏорџ Беркли, таткото на идеализмот, сметал дека сè постои како идеја во нечиј ум. Беркли открил дека некои од неговите колеги и пријатели сметале дека оваа теорија е глупава. Постои приказна во која еден од луѓето кои не се согласувале во оваа теорија ги затворил очите и клоцнал еден камен, а потоа рекол дека тоа било доказ за неточноста на теоријата. Идејата зад овој „експеримент“ е тоа што ако каменот навистина постои само во неговиот ум, тој не ќе можел да го клоцне со затворени очи. Побивањето на Беркли е навистина тешко да се разбере. Тој сметал дека постои семоќен и сеприсутен Бог кој гледа сè, и гледа сè во исто време.rn

    4. Платон и логос

    rn(4)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mkrnrnСекој има слушнато за Платон, најпознатиот филозоф во светот. Како и сите филозофи, и тој имал свои ставови и мислења за реалноста. Тој сметал дека над реалноста која ни е позната постои свет од „совршени“ форми. Сè што гледаме е само сенка, имитација на вистинскиот изглед на работите. Тој сметал дека со изучувањето на филозофијата имаме шанса барем малку да видиме како навистина изгледаат работите, со тоа што ќе ја откриеме совршената форма на сè. Покрај ова, Платон рекол дека сè е направено од една супстанца. Ова значи (според него) дека дијамантите, златото и изметот се направени од истиот основен материјал, но во различна форма, а ова пак е колку-толку докажано како точно со откривањето на атомите и молекулите.rn

    5. Сегашност

    rn(5)10-neverojatni-teorii-koi-kje-japromenat-vashata-percepcija-za-svetot-kafepauza.mkrnrnВремето е нешто кое обично го делиме на минато, сегашност и иднина. Оваа теорија смета дека минатото и иднината се измислени концепти, додека само сегашноста е реална. Со други зборови, денешниот појадок и секој збор од овој текст нема да постојат, сè додека не го отворите да го прочитате пак. Иднината е исто толку имагинарна, бидејќи времето не може да постои пред и откако се случило.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Соочете се со суровата реалност: Тој никогаш не мисли на вас

    Соочете се со суровата реалност: Тој никогаш не мисли на вас

    Тој не ве повредува намерно. Тој најверојатно не ни знае колку ноќи сте поминале будни мислејќи на него, колку солзи сте исплакале поради она што го направил или не го направил. Тој нема поим што ви се случува.rnrnСоочете се со суровата реалност: Тој никогаш не мисли на васrnrnСо часови зјапате во телефонот и се прашувате дали ја прочитал пораката и уште колку време ќе му треба за да ви одговори. Но, тој не се обидува да глуми недостапен. Тој не гледа во стрелките на часовникот мерејќи уште колку време треба да почека пред да ви врати на пораката. Тој не сака намерно да ве измачува.rnrnТој веќе ја прочитал пораката, но заборавил на неа. Не ни помислил на вас. Можеби имал добра причина за неговото игнорирање. Можеби бил многу зафатен со работа или вниманието му било одвлечено од друга поважна порака. Каков и да е случајот, тој одлучил да не ви одговори цел ден. Тој одлучил да ве игнорира кога можел да разговара со вас.rnrnВреме е да се соочите со суровата реалност: Овој дечко не останува буден навечер за да мисли на вас. Тој не си замислува како ве бакнува. Не планира да ве претвори во негова официјална девојка. Да беше така, тој немаше да се однесува на овој начин. Немаше да ја игнорира секоја порака што му ја праќате секогаш кога има попаметна работа, а да ве бара во 2 часот по полноќ кога се чувствува осамено.rnrnПостои причина зошто ги игнорира фотографиите што ги објавувате на Инстаграм и зошто никогаш не ги гледа вашите приказни на Снепчет. Постои причина зошто понекогаш му требаат со денови за да ви одговори на пораките, ако воопшто ви одговори.rnrnТоа е така затоа што не му е гајле. Вие не сте неговиот приоритет. Да му беше грижа за вас, ќе ви обрнеше повеќе внимание. Да му беше грижа, ќе беше присутен во вашиот живот.rnrnЗа жал, фактот што ви дал комплимент, флертувал со вас на некоја забава и ви го побарал бројот не значи дека неговите намери се сериозни. Тоа нема никакво значење. Знаете каде треба да барате значење? Во одговорените пораки, одржаните ветувања и доброто однесување.rnrnСигурно сакате да верувате дека неговите чувства за вас се силни, поради тоа што одвреме-навреме тој излегува од неговата пештера и тврди дека му недостасувате, дека сака да ве види и сака да поминува време со вас. Но, да беше сето ова вистина, тој немаше да исчезне. Немаше да ве остави да чекате толку долго.rnrnТочно е дека некои луѓе имаат навистина хаотичен и напорен живот. Но, ако тој има време да објавува по милион статуси на Фејсбук и да постира фотографии од него како пие со други девојки, а продолжува да ве игнорира секогаш кога ќе пројавите желба за краток разговор, тогаш треба да ви биде јасно како стојат работите. Заслужувате некој подобар и време е да продолжите понатаму.rnrnВо продолжение прочитајте како да се справите со љубовно разочарување.

  • Грешка во матриксот: 5 искуства кои покажуваат дека реалноста можеби не е реална

    Грешка во матриксот: 5 искуства кои покажуваат дека реалноста можеби не е реална

    Сте чуле за феноменот што се нарекува „грешка во системот“? Тој е сличен со дежаву или предвидување, и станува збор за ситуација во која личноста гледа нешто што ги крши законите на физиката и реалноста.rnrnrnrnМоже да биде личност во толпа која два пати го прави сосема истото движење, или пак човек кој два пати сосема исто си го проверува паричникот. Погледнете неколку вакви искуства од корисниците на Редит. Што мислите, дали навистина реалноста е само илузија?rn

    1. Не сум сигурен што се случи на работа денес

    rn

    „Никогаш сум немала искуство со ваква ‘грешка во системот’, но денес ми се случи нешто многу чудно. Работам како касиерка за да можам да се издржувам додека сум на факултет. Многу здодевна работа, но обично работам на брзата каса. Често работам и ноќни смени. Пред некој ден, околу 19 часот, немаше многу гужва и имав муштерии на секои 10 минути. Еден маж кој имаше околу 40 години, и двете негови деца купија замрзната пица, сладолед, пиво и некои други работи за дома. Водевме најобичен разговор, му ја побарав личната карта за алкохол и тие заминаа. rnrnОколу 5 минути подоцна го гледам истиот човек како повторно доаѓа на мојата каса. Го прашав дали заборавил нешто, а тој ми рече ‘За што зборуваш?’ Погледнав во неговата кошничка, и во неа се наоѓаа потполно истите работи како пред 5 минути. Беше со истите 2 деца. Само стоев збунета и го прашав дали беше во продавницата пред малку. Тој ми рече не, и јас морав да се насмевнам и да му речам дека веројатно некој личел на него. Но знам дека беше истиот човек, дури му ја проверив и личната карта втор пат. Ја прашав колешката која работеше на соседната каса за ситуацијата, но таа ми рече дека не обрнувала внимание.“

    rn

    2. Мојата рефлексија направи грешка

    rn

    „Најстрашното нешто што ми се има случено беше минатата година. Понекогаш уште ми е страв да погледнам во огледалото. Седев пред огледалото и се шминкав и трепнав, но мојата рефлексија трепна по мене. Накратко, ја видов мојата рефлексија како трепка.“

    rn

    3. На семафорот…

    rn

    „Се разбудив во 5 наутро за на работа. Излегов од дома околу 5.30. Како што претпоставувате, на улицата немаше речиси никој. Веќе бев на половина пат до работното место кога застанав на црвено. Малку пред мене имаше едно момче на мотор, кое не застана на семафорот, туку сврти десно. Така, само јас останав пред семафорот. rnrnНемаше никој ни пред мене, ни зад мене, ни до мене. Погледнав на ретровизорот, немаше ни еден автомобил. Кога светна зелено, тргнав нанапред и случајно повторно погледнав во ретровизорот. Она што го видов… истото момче на моторот повторно врти десно. Истото нешто што го видов пред 12-18 секунди се случи повторно. Уште не знам што да мислам за ова. Сигурен сум дека бев сам на семафорот.“

    rn

    4. Ме разбуди некој звук

    rn

    „Синоќа се разбудив 2 пати. И во двата случаи причината беше некој чуден звук. Нешто како ‘бииип’… Се разбудив бидејќи овој тон не доаѓаше од надвор, туку од мојата глава! Ништо чудно, нели? Си реков дека сум премногу изморена и не размислував за тоа. Но, за време на ручекот ми се јави сопругот, како и обично, и ме праша што е тој звук. Јас не можев да слушам ништо, но тој го опиша звукот што ме разбуди. rnrnКако е тоа можно кога звукот доаѓаше од мојата глава? Претпоставив дека е нешто од телефонот. Откако завршив со разговорот со сопругот почнав да размислувам за ситуацијата. Стоев во кујната и ги миев садовите и гледав низ прозорецот. Помина едно бело комбе и го забележав бидејќи возачот си го чепкаше носот, а тоа ме насмеа. Само 3 минути подоцна, помина истото комбе, а возачот си го чепкаше носот на истиот начин!“

    rn

    5. Можеби некој имал слично искуство

    rn

    „Ова ми се случи минатиот декември. Со сопругот, бебето и 4-годишното дете бевме кај моите родители бидејќи чекавме да ни го средат станот. Кај нив престојувавме околу 5 месеци. Собата во која бевме сместени беше на долниот кат, веднаш под бањата на моите родители и нивната соба. Креветот на кој спиевме беше свртен кон огромна полица за книги што ја изгради татко ми. Едно утро ми беше тешко да станам и не можев да ги отворам очите од зимското сонце. Малку успеав да ги отворам, и ја видов полицата, како и обично. Но, наеднаш целиот ѕид со полицата се помрдна неколку стапки на лево а потоа назад, и тоа толку брзо што си помислив дека сонувам. Ги затворив очите на кратко, и пак ги отворив и полицата беше на правилното место. Но потоа уште еднаш го направи движењето, прво лево а потоа назад на своето место, како машина за пишување. rnrnТогаш веќе знаев дека сум будна. Бев сама во собата со бебето. Излегов од собата збунета и си реков дека сигурно е некоја халуцинација од спиењето. Подоцна дојде мајка ми и додека пиевме кафе ми рече тивко дека нејзиниот кревет се тресел утрово. Ја замолив да ми објасни што се случило. Ми рече дека кога се разбудила го забележала сонцето низ прозорецот, и само што сакала да стане, нејзиниот кревет се помрднал налево, а потоа се вратил назад. Таа се исправила и седела некое време исплашена, но движењето не се повторило. Навистина е чудно што се поместиле две работи кои се една над друга, и тоа во речиси исто време. Тогаш ѝ кажав на мајка ми за моето искуство со полицата. И двете само се сложивме дека е навистина чудно и не можевме да си го објасниме ова искуство. Од тогаш ми се нема случено ништо слично.“

    rnНекои луѓе сметаат дека овие грешки се доказ дека нашата реалност е некаква компјутерска симулација, или пак дека сме живи на некое друго место и едноставно го сонуваме ова. Без разлика што мислите за овие феномени, тие се навистина чудни и поттикнуваат прашања за природата на времето и реалноста.rnrnПрочитајте го и овој морничав онлајн разговор.

  • Психолозите откриваат: Слободоумните луѓе живеат во сосема поинаква реалност

    Психолозите откриваат: Слободоумните луѓе живеат во сосема поинаква реалност

    Неодамнешните истражувања ги испитале разликите во погледот кон светот кај слободоумните луѓе и луѓето со ограничен ум. Истражувачите тврдат дека квалитетот на умствената „отвореност“ има одлучувачка моќ во однос на тоа каква е реалноста во која живее поединецот. Повеќето слободоумни луѓе живеат во сосема поинаква реалност од останатите.rnrnПсихолозите откриваат: Слободоумните луѓе живеат во сосема поинаква реалностrnrnОтвореноста подразбира слободен ум, пробување нови работи, запознавање нови луѓе, желба за истражување и поместување на границите на удобната зона. Слободоумните луѓе се многу дружељубиви. Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Мелбурн и во него учествувале 123 испитаници со различно потекло. Била извршена анализа на нивниот карактер и гледишта.rnrnТестот за слободоумност бил сконцентриран на 5 категории: Совесност, невротичност, екстровертност, соработливост и способност да се биде отворен кон нови искуства. Потоа, направиле тест за да видат кој го има доживеано феноменот „бинокуларен натпревар“, еден тип визуелна перцепција. Феноменот се појавува кога на секое око му се покажува различна слика, во овој случај црвен материјал на едното око и зелен материјал на другото.rnrnПовеќето луѓе постојано го менувале погледот од едната на другата слика, бидејќи мозокот може да ги види само една по една. Но, некои луѓе ги споиле двете слики во обединет црвено-зелен материјал. Учесниците кои можеле да ги видат двата материјали заедно биле оние кои добиле високи резултати на тестот за слободоумност.rnrnИстражувачите претпоставуваат дека слободоумните луѓе се покреативни. Со оглед на тоа што овие луѓе имаат отворен ум кон нови искуства, учење и перцепции, тие со леснотија создаваат нови ментални патишта во нивните глави. Благодарение на тоа, тие развиваат нови идеи преку поврзување на работите што просечниот човек не може да го направи.rnrnСлободоумноста им помага на луѓето подлабоко да размислуваат и да живеат посмирено. Тоа буквално создава поинаква реалност со тоа што се појавуваат нови елементи во сликата што просечните луѓе не можат да ги видат. Слободоумноста го проширува светот во кој живее поединецот.rnrnПрочитајте ги следниве 9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни.

  • 15 илустрации кои покажуваат во што се претвора светот

    15 илустрации кои покажуваат во што се претвора светот

    Елија Колумбо е уметник чии дела се со многу подлабока порака отколку што изгледа на прв поглед. Ако подобро ги погледнете, ќе ви стане јасно – овие илустрации се вистинската рефлексија на нашиот свет.rn

    1. „Тепање“ време

    rn(1)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrn

    2. Социјално вежбање

    rn(2)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrn

    3. Затвореници

    rn(3)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrn

    4. Жолта внатрешност

    rn(4)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrn

    5. Вработување

    rn(5)15-ilustracii-koi-pokazhuvaat-vo-shto-se-pretvora-svetot-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Ако филмовите на Дизни беа реални, не секогаш ќе имаа среќен крај

    Ако филмовите на Дизни беа реални, не секогаш ќе имаа среќен крај

    Филмовите на Дизни нè научија на многу важни животни лекции, нè научија како да бидеме силни и да се бориме за она во што веруваме. Но бидејќи главната цел на овие филмови е да нè забавуваат, нивните креатори секогаш им даваат среќен крај. Ова е една од лекциите на која Дизни не нè научи. Светот понекогаш е суров и среќните краеви нема секогаш да се случуваат. Погледнете со што би се бореле тие доколку живееле во денешниот свет, дури и по својот навидум „среќен крај“.rn

    1. Мулан се справува со загадувањето во Кина

    rn(1)ako-filmovite-na-dizni-bea-realni-ne-sekogash-kje-imaa-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    2. Украдената земја на Покахонтас

    rn(2)ako-filmovite-na-dizni-bea-realni-ne-sekogash-kje-imaa-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    3. Книгата за џунглата од отпадоци

    rn(3)ako-filmovite-na-dizni-bea-realni-ne-sekogash-kje-imaa-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    4. Лило и Стич како бездомници

    rn(4)ako-filmovite-na-dizni-bea-realni-ne-sekogash-kje-imaa-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    5. Чикен Литл во борба за својот живот

    rn(5)ako-filmovite-na-dizni-bea-realni-ne-sekogash-kje-imaa-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    6. Изгубените момчиња

    rn(6)ako-filmovite-na-dizni-bea-realni-ne-sekogash-kje-imaa-srekjen-kraj-kafepauza.mkrn

    7. Новото работно место на Тарзан

    rn(7)ako-filmovite-na-dizni-bea-realni-ne-sekogash-kje-imaa-srekjen-kraj-kafepauza.mkrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Ако нешто навистина сакате, ќе пронајдете начин да го остварите!

    Ако нешто навистина сакате, ќе пронајдете начин да го остварите!

    Замислете дека вашиот ум е фотоапарат. Вашиот ментален фокус е предмет кон кој е насочено вашето внимание, односно објективот на фотоапаратот. Сега, ако вашиот објектив (фокус) е насочен кон некоја сцена од шумата, не можете како краен резултат да добиете фотографија од море, туку постојано ќе добивате фотографии од шума.rnrnОна на што се фокусирате, тоа и ви се случуваrnrnВашите желби и она што сакате да го видете во вашата реалност обично не се поклопуваат со она кон што е насочен вашиот фокус и кон што ја трошите вашата ментална енергија. Ако постојано се насочувате на недостатокот од нешто што го сакате, како на пример нов автомобил, но вашиот фокус постојано е ставен на тоа дека имате стар, а не нов и подобар, вие постојано ќе имате слика дека овој автомобил не чини, што значи дека вашиот фотоапарат постојано ќе ви прикажува фотографии од стар автомобил со кој сте незадоволни, а тука основна емоција станува незадоволството, при што полека станува дел од вашата реалност. На тој начин нема да се фокусирате на новиот и подобар автомобил, туку само ќе живеете во поразлична реалност, онаа која не ви се допаѓа. rnrnВие честопати се фокусирате на недостатокот на нешто во животот, а помалку го забележувате она што го имате и за што не сте благодарни. Најчесто, она што го имате го подразбирате како да е тоа нешто нормално, додека пак вашиот ум постојано се насочува кон она што немате, при што создава нови желби и потреби, како и уверувања дека баш само уште тоа ви треба, за да бидете среќни. На пример, имате убав живот, работа, семејство и сѐ е во ред, но во вашата глава постојано кружат мисли кои ги бараат недостатоците и дупките кои треба да се зашијат, а потоа сета енергија се насочува кон тие дупки, силно повлекувајќи го вашето внимание на недостатоците. И тогаш започнува реалноста која постојано ве потсетува на тие недостатоци. Ако вашиот фокус е насочен кон недостатокот на пари, тогаш во реалноста ќе ви биде на удар недостатокот на пари, неплатените сметки, стравот и неизвесноста.rnrnПроблемот со префрлување на фокусот кон богатството е во тоа што вие се сомневате и тој сомнеж ви пречи затоа што сметате дека постои само еден извор на финансии и дека сте ограничени. На пример, работите и заработувате мала плата, па сте ги исклучиле сите можности за одредена сума пари да ви дојде и од некој неочекуван извор. Факт е дека некој мал и ограничен износ на пари навистина не може да ги покрие сите потреби и трошоци, па тоа постојано ве држи фокусирани на сиромаштијата. И вашата реалност постојано ќе потврдува дека сте во право, затоа што она во што верувате, тоа и се одразува во вашата реалност. rnrnСите сте во право, во однос на тоа во што верувате. Ако цврсто се држите до уверувањето дека морате да работите за мал износ на пари, за точно определен работодавец и дека не можете да вклучите и други извори на приход, тогаш тоа и така ќе биде, затоа што вашиот објектив е насочен на тој начин. Ако го промените вашиот фокус, може да добиете идеја за тоа со што дополнително би можеле да се занимавате, за да ги зголемите своите извори на приход. Многумина ќе откријат дека може да се занимаваат со некое хоби, креативни изработки, изработка на накит и слично, па барем денес во времето на Интернет може да се има бесплатна реклама и промоција на своите изработки во јавноста. Сѐ е подобро од тоа да стоите во место и да се жалите на ситуацијата, фокусирани на постојаниот недостаток.rnrnОна на што се фокусирате, тоа и ви се случуваrnrnПозната ли ви е изреката „Кој сака – ќе пронајде начин, кој не сака – ќе пронајде изговор“? Факт е дека многумина бараат изговор за својата состојба или пак ги обвинуваат другите, само за да го оправдаат своето постојано незадоволство. Од тоа никој друг нема штета, освен самите вие. Постојат лоши моменти, лоши луѓе и лоши ситуации, но затоа што сте фокусирани на тоа. Ако погледнете околу себе, ќе видите многу скапи автомобили, куќи, средени и убави луѓе, многу продавници. Но, вие самите треба да одлучите на што ќе се фокусирате во своето место, во својата држава, на својата работна позиција. rnrnСекако, постојат и позитивни и негативни ситуации, но не треба да го држите фокусот на она што е негативно, туку наместо тоа, да почнете да го забележувате она што е убаво. Вашите колеги се онакви какви што се, но доколку постојано го држите вашиот фокус на тоа дека некој лаже или озборува, вие уште повеќе ќе му ги нагласите негативните особини, целосно потиснувајќи ја во себе способноста да го пронајдете доброто во луѓето. Зошто да ви е гајле ако некој озборува, кога со тоа не ви штети вам и вие имате своја реалност, а таа личност нејзина? Не можете да менувате нечија реалност. Секој човек има свои аргументи. Вие самите одлучувате на што ќе се фокусирате.rnrnТреба да си создадете навика свесно да го насочувате своето внимание и таа после одредено време ќе премине во автоматски процес и ќе ја отстрани старата навика за негативно фокусирање. Најважно е утринското будење, затоа што веднаш штом ќе се разбудите, вашето внимание се насочува кон нешто, а најчесто се надоврзува на некоја грижа од вчерашниот ден, па веднаш почнувате да се грижите. Некои луѓе имаат потреба веднаш да читаат весници и да слушаат телевизија, каде најчесто ќе слушнат негативни настани. Вие сте гладни за информации затоа што вашиот ум е жеден за знаење, за вистинско знаење, затоа што вашиот дух сака да расте. rnrnВашата душа не познава националност, вера, религија, сите души се исти пред Бог. Вие себеси си ја скратувате вистинската храна која се содржи во молитвите и која ви го насочува вниманието кон Бог. Зошто да не го започнете денот со молитва и со позитивни работи. Постојат повеќе начини на кои можете да го тренирате вашиот ум и да го програмирате на позитивно фокусирање, па наместо вашето внимание да биде насочено кон грижите, проблемите или лошите вести, вие ќе бидете во можност да создадете една убава слика, добра мисла, да бидете полни со надеж и слично. Ова можете да го направите на тој начин што ќе бидете опкружени со убави и позитивни работи, онаму каде што спиете и каде што се будите.