КАФЕ ПАУЗА

Tag: реалност

  • Илустрации кои го отсликуваат светот во вистинско светло

    Илустрации кои го отсликуваат светот во вистинско светло

    Херлуф Бидстрап е одличен дански илустратор кој го отсликува животот на реалистичен и досетлив начин. Сите луѓе можат да се пронајдат во неговите илустрации без оглед на националноста, верската и етничката припадност. Неговите дела сѐ уште се од големо значење иако повеќето од нив биле создадени во 1940-тите и 1950-тите години. Погледнете дел од неговите фантастични илустрации кои ќе ве поттикнат на размислување и ќе ви го претстават светот во вистинско светло…rn

    Огледало на душата

    rnИлустрации кои го отсликуваат светот во вистинско светлоrn

    Љубомора

    rnИлустрации кои го отсликуваат светот во вистинско светлоrn

    Знаци на пролет

    rnИлустрации кои го отсликуваат светот во вистинско светлоrn

    Иднината на модернизмот

    rnИлустрации кои го отсликуваат светот во вистинско светлоrnrnПродолжете на втората страница за повеќе илустрации…rnrn

  • Татко ги претвора цртежите на својот син во смешна реалност

    Татко ги претвора цртежите на својот син во смешна реалност

    Децата обожаваат да фантазираат и да цртаат, а возрасните можат само да ѝ се восхитуваат на нивната креативност. Овој татко на 6-годишно момче, ги споделува цртежите на неговиот син на Инстаграм и потоа, со помош на Фотошоп, ги пресоздава така што тие изгледаат како да се дел од реалноста. Погледнете ја галеријата која ќе ве насмевне, прикажувајќи ги овие креативни ремек-дела.rnrnТатко ги претвора цртежите на својот син во смешна реалностrnrn

  • Посегнете по ѕвездите, но останете со нозете на земјата

    Посегнете по ѕвездите, но останете со нозете на земјата

    Човечки е да се сонува. Секој има надеж и нешто што сака да го оствари. Понекогаш овие соништа може да бидат едноставни, додека пак во други случаи може да бидат поголеми. Некои сонуваат да станат богати, а други сонуваат за денот кога ќе можат да се откажат од своите лоши навики. Како и да е, продолжете да сонувате. Посегнете по она што го посакувате, а потоа и кон нешто повеќе.rnrnСонувајте големи соништа, но бидете реалниrn

    Бидете реални

    rnДодека посегнувате по ѕвездите, многу е важно да останете со нозете цврсто на земјата. Некои едноставно не се наменети за вас и се надвор од вашиот дофат. За да се стигне до некои, пак, потребно е да се преземат повеќе чекори. Ако вашиот сон е да станете богати, реалниот начин за да го реализирате е да започнете со планирање. Почнете да ги планирате работите кои може да ги направите токму сега, што значи остварување на моменталните цели. Ова може да го постигнете така што од секоја плата ќе издвојувате одредена сума пари. Иако можеби ви изгледа како бавен начин за остварување на вашиот сон, во секој случај е подобар отколку постојано да бидете во место и да не преземате ништо. Вчера тоа било ваш сон. Денес, вие веќе правите чекори за да го реализирате.rn

    Бидете внимателни

    rnВнимателноста значи да учите да живеете во сегашниот момент, зашто така ќе можете да уживате и во најмалите нешта во животот. Многу е важно да обрнете внимание на сѐ што се случува во вашата околина, без тоа да го толкувате. Тоа значи да не им дозволите на вашите емоции да излезат на површината како што ги набљудувате случувањата во животот. На прв поглед ќе ви се чини тешко да го отстраните минатото да ви влијае на сегашноста, но со малку повеќе фокусирање на работите, полесно ќе ви биде да ги оставите сите оние нешта и да живеете во сегашниот момент. Ова не значи дека треба да станете студена личност без емоции. Со живеењето во сегашноста, вие ќе научите да ги преиспитате своите ставови и мислења, што значи дека ќе му овозможите на вашиот мозок да ја процени ситуацијата што вистински се случува, наместо да дозволите за вас да решаваат вашите емоции. Со користење на вакви техники за внимателност, вие ќе бидете способни да живеете во реалноста, која пак ќе ви помогне да ги достигнете ѕвездите кои ги посакувате. Многу луѓе откриле дека кога биле внимателни и еднаш веќе ги промениле своите соништа, тие биле способни да видат што навистина посакуваат во животот.rnrnСонувајте големи соништа, но бидете реалниrn

    Да сонувате или не

    rnНекои луѓе имаат проблем со скротувањето на нивната имагинација. Овие видови личности честопати ќе бидат фрустрирани кога нема да ги остварат своите големи соништа што ги замислувале. Откако ќе се случи ова, тие ќе го отфрлат овој и ќе почнат да замислуваат друг, исто така невозможен сон. Наспроти ова пак, други луѓе имаат проблеми воопшто да си дозволат да сонуваат. За да се реализираат соништата, потребно е да се пронајде некоја средина помеѓу овие две крајности.rnrnСо тоа што ќе си дозволите да сонувате и да се надевате, ќе го направите животот вреден за живеење, но секогаш внимавајте тие соништа да бидат реално остварливи. Не можете да сонувате да станете голема пеперутка, доколку никогаш не сте биле гасеница. Доколку не преземете соодветни чекори кои ќе ве водат кон вашиот сон, тој никогаш нема да стане реалност. Значи, сонувајте големи соништа, но бидете сигурни дека постојат начини како да ги остварите.

  • 14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

    14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

    Многумина од нас слушаат различни љубовни приказни и си мислиме дека тоа се случува само во филмовите, затоа што реалноста е многу поедноставна и пообична. Но, постојат и такви филмови што се базирани на случки од реалниот живот. Погледнете ја оваа листа на 14 филмови што зборуваат за силната и чиста љубов.rn

    1. Завет (The Vow)

    rn14 љубовни филмови базирани на вистински приказниrnrnОвој филм е базиран на приказната за младите Ким и Крикит Карпентер, глумени од Ченинг Татум и Рејчел МекАдамс. Младата двојка има несреќа што резултира Крикит да страда од амнезија. Таа ги изгубила спомените од изминатите 18 месеци, периодот во којшто се сретнала со својот иден сопруг и се заљубиле. Нејзината меморија не се враќа, но Ким не се откажува и останува со неа додека таа повторно не се заљуби во него.rn

    2. Кралица на пустината (Queen of the Desert)

    rn14 љубовни филмови базирани на вистински приказниrnrnОвој филм се базира на биографијата за британската писателка и патописец, Гертруд Бел. Како ќерка на богати родители, девојката нема интереси за социјалниот живот на лондонските аристократи. Гетруда (играна од Никол Кидман) оди на исток каде што се заљубува во Хендри Гедоган, вработен во амбасадата, а толкуван од Џејмс Франко.rn

    3. Ана и кралот (Anna and the King)

    rn14 љубовни филмови базирани на вистински приказниrnrnОвој филм е создаден од спомените на една наставничка, патник и јавна личност – Ана Леоновенс. Таа им предава англиски јазик и култура на 39-те сопруги на Кралот Монгкат и нивните 82 деца во повеќе од 5 години. Ана, чијшто карактер е толкуван од Џуди Фостер, добила репутација на мудра жена визионер која честопати го бранела своето гледиште.rn

    4. Надвор од Африка (Out of Africa)

    rn14 љубовни филмови базирани на вистински приказниrnrnФилмот е базиран на автобиографската книга за данската писателка Карен Бликсен. Преселувајќи се во Африка за да започне свој бизнис, таа го запознава Денис Финч Хатон, ловец и патник. И покрај големата разлика во нивните интереси и вкусови, Карен и Денис имаат бурна романса. Филмот каде што Карен е играна од неспоредливата Мерил Стрип, бил почестен со 7 Оскари.rn

    5. Опасна убавина (Dangerous Beauty)

    rn14 љубовни филмови базирани на вистински приказниrnrnСтанува збор за филмска адаптација на биографијата на една од најпознатите и најубавите куртизани во Венеција во 16 век, Вероника Франко. Младата жена се заљубува во угледен и млад човек којшто не може да ѝ стане законски сопруг. По совет на нејзината мајка, Вероника станува куртизана и благодарејќи на нејзината духовитост и убавина, ги освојува срцата на многу мажи.rn

    6. Теорија на сѐ (Theory of everything)

    rn14 љубовни филмови базирани на вистински приказниrnrnПогледнете го овој филм за да видите како научникот Стивен Хокинг се заљубува во студентка по филозофија, Џејн Вајлд. Наскоро, како што напредува неговата болест, тој почнува да ја губи контролата над своето тело, па со помош на својата сакана го продолжува неговото истражување. На Еди Редмајн, кој ја игра улогата на истакнатиот астрофизичар, му бил доделен Оскар за својот неверојатен перформанс.rn

    7. Невидлива жена (Invisible Woman)

    rn14 љубовни филмови базирани на вистински приказниrnrnОвој филм ја раскажува љубовната приказна на Чарлс Дикенс, игран од страна на Ралф Фајнс, и младата жена именувана како Елен Тернан, толкувана од Фелисити Џоунс. Тие се запознале во 1857 година кога тој имал 45 години а таа 18. Бурната романса траела 13 години, сѐ до смртта на писателот.rnrnПреминете на следната страница за останатите 7 филмови…rn

  • 5 причини коишто покажуваат дека училиштето не ве подготвува за реалниот свет

    5 причини коишто покажуваат дека училиштето не ве подготвува за реалниот свет

    За еден човек да стане вистински самостоен и способен да порасне како стабилна личност, треба да работи многу повеќе на себе отколку само да присуствува на редовната училишна настава. Иако образованието воведува одредени подобрувања, сепак, тоа не е доволно. Животот нуди различни предизвици, а вие самите треба да се подготвите за справување со нив. Зачудувачки е како понекогаш дипломирани студенти не можат да се снајдат во најобични, секојдневни ситуации, како што е на пример плаќањето сметки, пазарување и слично. Погледнете ги овие 5 причини коишто покажуваат дека училиштето не е најважното нешто во вашиот живот.rnrnrn

    1. Ви ја гуши љубопитноста

    rnНекои уште како мали имаат развиено склоности кон одредени области и потоа се усовршуваат во истите, но на оние коишто сѐ уште ги немаат откриено своите таленти, учебните години не им оставаат доволно простор за да истражуваат. Општиот проблем се согледува во материјалите коишто тие ги имаат за учење, приготвувајќи се за претстојните тестови, при што им е згушена нивната љубопитност. Со цел да го избегнете ова, трудете се никогаш да не го запрете развојот на своите вештини и да работите на вашите таленти, бидејќи тоа е она што ќе ви донесе успех во животот.rn

    2. Методите на учење не се прилагодливи на сечии интереси

    rnНачините на коишто се тестира знаењето на учениците не се секогаш корисни. На пример, оценувањето за пишување на есеј не е секогаш најдобриот начин да се прикажат нечии квалитети, пред сѐ поради тоа што не секој е вешт да го стори тоа. Всушност, некому пишувањето есеи понатаму во животот му е речиси бескорисно. Иако ова не можете да го смените, ваше е да ги истражувате опциите коишто ви се на располагање. Размислете добро за тоа каде ќе го продолжите своето образование.rn

    rn

    3. Недостаток од вештини за готвење

    rnПоследно, но не и помалку важно, е што училиштето не ве учи на вештини поврзани со вашиот дом, како што е вештината на готвењето. Секој има потреба од храна, но речиси повеќето се збунети кога влегуваат во кујната, а особено доколку треба да користат садови за готвење.rnrnrn

    4. Немате доволно познавања од домашните работи

    rnЗавршивте со школување и време е да станете независни. Но, понекогаш доаѓаат ситуации каде што се соочувате со недостаток од знаења и вештини во врска со домашните работи. Никогаш во животот не сте допреле шрафцигер, а треба да го поправите скршениот стол? Е тогаш е проблем. Затоа, настојувајте додека се школувате да не бидете насочени само на тоа. Обидете се да стекнете и нови вештини коишто понатаму во животот многу ќе ви користат.rn

    5. Не умеете многу да управувате со вашите финансии

    rnИако постојат и исклучоци, сепак, повеќето студенти кај нас се на финансиски товар на фамилијата. Па, ним не им е целосно познат начинот на управување со расположливите финансиски средства, секако, освен ако не избрале да студираат економија каде што учат како да управуваат со парите, заштедата и инвестициите. А ова може да биде сериозен проблем кога доаѓа зрелата фаза во животот.rnrnСекако дека училиштето не треба да се занемарува или пак да се потценува неговата вредност, но запаметете дека постојат уште многу вештини коишто треба да ги усовршите за да се снаоѓате понатаму во животот, а коишто не ви ги нуди училиштето. Преземете ја иднината во свои раце и создадете ја токму таква каква што сте ја замислувале. Имате доволно време за сѐ, се разбира, доколку го планирате правилно.

  • Како изгледаат жените на насловните од списанијата, а како во реалниот живот?

    Како изгледаат жените на насловните од списанијата, а како во реалниот живот?

    Кога гледаме низ страниците на познатите списанија, добиваме идеја дека сè во животот на овие жени им е совршено: Нивната фризура, шминка, тен, како и облеката. Тие се будат беспрекорни, и лесно се движат на нивните високи потпетици. Но, реалноста е далеку од овие бајки…rnrn(0) Како изгледаат жените на насловните од списанијата, а како во реалниот живот?rnrn

  • На вашиот живот не му треба среќен крај за да биде добра приказна

    На вашиот живот не му треба среќен крај за да биде добра приказна

    Сите сакаме да го најдеме својот среќен крај. Секој филм, секоја приказна, секое сценарио кое сме го виделе како малечки завршило на ист начин: Ликовите кои ни беа омилени секогаш завршуваа заедно. Нивните проблеми исчезнаа. Никогаш повеќе не се свртија кон минатото и продолжија напред. Живееја „среќно до крајот на животот.“ И така, почнавме да веруваме дека и нашите приказни ќе имаат сличен расплет.rnrnНа вашиот живот не му треба среќен крај за да биде добра приказнаrnrnСе разбира, како што растевме така се ослободувавме од бајките и магијата. Сите сфативме дека тие не се толку валидни, туку само малку поучни. Ние не сме „дамите во опасност“ кои го чекаат херојот да ги спаси и „среќни до крајот на животот“ е многу покомплицирано отколку што мислевме. А, сепак еден дел од нас никогаш не престанува да го бара тој концепт.rnrnГи бараме решенијата на сите наши проблеми. Сакаме нашите приказни добро да се плетат пред да преминеме на следното поглавје и пресврт. Ние сѐ уште ги посакуваме среќните краеви, само повеќе не ги препознаваме како такви. Но, овие мисли можат да нѐ залажат, бидејќи во реалноста, приказните не завршуваат секогаш среќно.rnrnПонекогаш, на крајот, ја губиме личноста со која сакавме да го поминеме нашиот живот. Не ја спасивме личноста која сакавме да ја спасиме. Бескрајно работиме за да постигнеме нешто во кое сме ги вложиле и срцето и душата и сепак, не успеваме. Но, никогаш не застануваме да помислиме дека можеби нашите приказни никогаш не требало да завршат среќно.rnrnМожеби го гледаме животот како драма или романтична приказна, наместо приказна за силата. За истрајноста. За враќањето од местото од коешто сме мислеле дека никогаш нема да се вратиме и за храброто чекорење напред.rnrnЗатоа што ова е вистината за сите приказни: Најдобрите никогаш не завршуваат среќно.rnrnТие завршуваат вистински. Искрено. Завршуваат на начин кој го истакнува она што покажува што значи да се биде човек. Најдобрите приказни не нѐ носат секогаш во магични светови и утопии каде сѐ е совршено. Најдобрите приказни нѐ носат назад во овој свет. Нѐ учат како да се соочиме со понекогаш суровата реалноста на животот.rnrnНо, сѐ додека неуморно бараме среќен крај, никогаш нема да ги научиме тие лекции. Никогаш нема да си дозволиме да ги прифатиме и да се развиваме од нив. Можеби не го разбираме крајот бидејќи едноставно сѐ уште не сме стигнале до него. Бидејќи мислиме дека поглавје број 10 или 20 или 30 е крајот, а сепак имаме уште стотици страници низ кои треба да поминеме.rnrnМожеби на крајот од приказната ќе завршиме сами. Можеби ќе завршиме со некој друг. Можеби ќе завршиме некаде каде што никогаш не сме очекувале да бидеме. Можеби постојат 12.000 различни шанси за среќа кои стојат токму пред нас, но ние не ги забележуваме бидејќи безнадежно се нервираме за оној крај кој не сме го добиле.rnrnМожеби можеме да бидеме совршено среќни со крајот кој го имаме, ако си дозволиме. Или ако едноставно застанеме за да сфатиме дека, после сево ова време, ние сме тие кои го држеле пенкалото.

  • Моќно писмо од мајка до нејзината ќерка: Херојот во вашата животна бајка сте вие!

    Моќно писмо од мајка до нејзината ќерка: Херојот во вашата животна бајка сте вие!

    Велат мајките знаат најдобро и честопати тоа навистина е така. Ако постои некоја личност во целиот свет која можеби ве познава подобро отколку што самите се познавате, тогаш тоа е вашата мајка. Таа секогаш била, е и ќе остане тука за вас, давајќи ја својата безусловна љубов и поддршка дури и во вашите најтешки моменти. Таков е случајот и со оваа мајка, која на својата идна ќерка ѝ напишала една моќна порака која совршено ја отсликува реалноста.rnrnМоќно писмо од мајка до нејзината ќерка: Херојот во вашата животна бајка сте виеrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКога ќе имам ќерка,rnrnќе ѝ кажам дека бајките се убави,rnrnно понекогаш погрешни.rnrnЅверот е само ѕвер –rnrnсамо неколкумина ќе се претворат во принцови.rnrnИстото важи и за жабите.rnrnДобрите вили ретко се појавуваатrnrnсо вистинскиот пар чевли во вистинскиот момент.rnrnАко чекаш да те спасат,rnrnне можеш да знаеш кој ќе се искачи по твојата косаrnrnи ќе уништи сѐ.rnrnСтои подалеку од прозорците на кулата,rnrnне се ослонувај на џуџињата,rnrnнајди го својот среќен крај.rnrnСама ќе се спасиш,rnrnили ќе останеш неспасена.rnrn[/message_box]

  • Чудовиштата од имагинацијата на овој артист ја прават нашата реалност многу позабавна

    Чудовиштата од имагинацијата на овој артист ја прават нашата реалност многу позабавна

    Велат дека не постојат граници на човековата имагинација, а доказ за тоа се и иновативните фотографии на Џаспер, аниматор, дизајнер, илустратор и уметник со повеќе од 10 годишно искуство во областа на филмот, музиката и маркетингот.rnrn(19)-koga-cudovishtata-od-imaginacijata-ja-pravat-nashata-realnost-mnogu-pozabavna-kafepauza.mkrnrnКако што самиот кажува, идејата ја добил кога решил да ги тестира новите iPad Pro и Apple Pencil. Секој ден во текот на месецот март, тој преку својот Инстаграм профил објавувал нови цртежи, во кои сигурно ќе уживате и на кои добро ќе се насмеете. Погледнете.rnrn

  • Очекувањата кои ги имаме од патувањата и реалноста со која се соочуваме

    Очекувањата кои ги имаме од патувањата и реалноста со која се соочуваме

    Денес, повеќето луѓе не носат розови очила кои ќе им помогнат да го гледаат светот поинаку. Наместо тоа, тие се одлучуваат за еден од филтрите на Инстаграм. Со самото тоа ќе се запрашате: Каде се тие идилични места кои ги гледаме на социјалните мрежи? Дали се навистина такви, или станува збор за паметен избор на добри фотографски трикови? Што всушност можеме да очекуваме кога патуваме во друга земја за да ги посетиме познатите туристички атракции и знаменитости? Во продолжение погледнете што навистина се случува кога ќе се одлучите да направите фотографија од некој познат монумент или место и кога ќе посакате да го споделите тоа искуство со вашите пријатели и познаници на социјалните мрежи.rnrn

    Очекувањата од посетата на Кинескиот ѕид
    Очекувањата од посетата на Кинескиот ѕид
    rnrn
    Реалноста од посетата на Кинескиот ѕид
    Реалноста од посетата на Кинескиот ѕид
    rnrn