КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Фасцинантни ефекти од хакирање на вашиот мозок

    Фасцинантни ефекти од хакирање на вашиот мозок

    Мозочното хакирање е многу едноставно. Се замислувате себеси далеку во иднината, како живеете во друга држава, или пак како сте друга личност. Целта е да имате чувство на одделување, на некој начин, на оттргнување од себеси.Психолошко дистанцирање - Фасцинантни ефекти на мозочно хакерствоВаквото замислување ве става во апстрактна или во психолошки далечна состојба на вашиот ум, која има различни видови влијанија на вашата перцепција за светот. Погледнете ги наредниве неколку примери за да можете подобро да разберете за што станува збор.rn
    rn

    1. Потешките предизвици ќе ви изгледаат полесно

    rnКога ќе налетате на потешка задача, зголемувањето на психолошката оддалеченост од неа ќе направи да ја чувствувате како полесна:rn
    rn

    „Активирањето на апстрактното размислување го намалува чувството на тежина. Физичката манипулација на оддалеченоста од задачата го создава истиот ефект. Учесниците забележале дека задачата е многу полесна кога тие се дистанцирале себеси од неа така што се навалувале наназад на нивните столици.“ (Томас & Тсаи, 2011)

    rnНо, психолошкото дистанцирање помага исто како и физичката оддалеченост.rn
    rn

    2. Вашата способност за себе-анализа ќе се подобри

    rnКога нештата нема да се одвиваат според вашиот план и кога се обидувате да сфатите каде грешите, психолошката оддалеченост може да ви биде од голема помош:rn
    rn

    „…Насочувањето на луѓето да ги анализираат своите чувства од себе-оддалечена перспектива, додека се опкружени со негативни автобиографски искуства, во споредба со нормалното размислување (во прво лице), краткорочно ги води кон доживување помалку емоционални и психолошки реакции и истовремено, со тек на време, ги ублажува негативните последици од размислувањето.“ (Ајдук & Крос, 2010)

    rn

    3. Ќе станете полесно убедливи

    rnКога се двоумите, на пример, дали да купите нешто или не, психолошката оддалеченост може значително да ви помогне со решителноста.rn
    rn

    „Резултатите од две експериментални студии ни покажуваат дека потрошувачите кои се двоумат, многу полесно можат да се одлучат кога им влијаат пораки со психолошки далечна ориентација, која ја потенцира иднината или се однесува на некоја далечна личност…“ (Ненков, 2012)

    rn

    4. Ќе стекнете поголема емоционална самоконтрола

    rnПсихолошкото дистанцирање ни овозможува и емоционална оддалеченост:rn
    rn

    „…Негативните сцени имаат тенденција да бидат попозитивни и помалку емоционално предизвикувачки доколку замислувате дека се оддалечувате од себе, или пак спротивното, кога замислувате дека се доближувате однадвор – навнатре, односно кон себе.“ (Дејвис и колегите, 2011)

    rnАко сте премногу емоционална личност, психолошката оддалеченост може да биде корисна техника за контрола на вашите емоции:rn
    rn

    „Надополнувањето на вообичаеното гледиште на одредена личност со психолошко оддалечување води кон подобро емоционално контролирање. Но, сепак индивидуите кои се склони кон избегнување проблеми (природно оддалечување од нивните искуства) подобро е доколку се обидат со обратната постапка – психолошко задлабочување, додека пак оние кои се склони кон анксиозно решавање на проблемите (природно задлабочување во нивните искуства) можат да имаат бенефит од психолошото дистанцирање.“ (Вонг и колегите, 2012)

    rn

    5. Ќе станете поверни на себеси

    rnПсихолошкото дистанцирање може да ве направи помалку подложни на социјално влијание.rn
    rn

    „…Помошта доаѓа од оддалечувањето, со што постојано се рефлектираат основните вредности и идеали на личноста, кои често се споделуваат во кругот на важни врски или групи.“ (Леџервуд и колегите, 2010)

    rnСо други зборови, кога размислуваме апстрактно или со психолошка оддалеченост ние сме поискрени со себе.rn
    rn

    6. Ќе станете попристојни

    rnЛуѓето имаат тенденција да бидат попристојни кога размислуваат апстрактно.rn
    rn

    „Осум студии покажаа дека пристојноста е поврзана со високо ниво на конструктивна, временска или просторна оддалечност.“ (Стефан и колегите, 2010)

    rn

    7. Ќе ја зголемите својата креативност

    rnПробајте да ја замислите својата задача како нешто многу далечно – истражувањата покажале дека ова може да ви биде од голема помош доколку имате потреба од креативни решенија.rn
    rn

    „Луѓето честопати прават паузи додека работат на нешто за малку да го одморат својот мозок, но психолошкото дистанцирање и во овој случај може да биде од помош. Учесниците од една студија кои требало да размислуваат за својата задача како за нешто многу далечно, решиле двапати поголем број проблеми од оние кои не ја употребувале оваа техника.“ (Џија и колегите, 2009)

    rn

    8. Ќе поттикнете мудри мисли во себе

    rnДа се биде мудар, значи да се гледа „поголемата слика“. Апстрактното размислување и психолошкото дистанцирање можат да ви помогнат со тоа.rn
    rn

    „Два експеримента покажале дека посочувајќи им на луѓето да размислуваат за нивните лични значајни проблеми од дистанцирана перспектива, го подобрува нивното мудро резонирање, ставовите како и однесувањето.“ (Крос и Гросман, 2011)

    rn

    9. Сепак, пазете се од илузијата на објаснувачката длабочина

    rnНе сите ефекти од апстрактното размислување се позитивни. Една од опасностите на апстрактното размислување е фактот што тие нè наведуваат да мислиме дека одредено нешто го разбираме подобро отколку што навистина е. Ова се нарекува „илузија на објаснувачка длабочина“.rn
    rn

    „Многу луѓе отприлика знаат дека земјотресот се појавува поради судир на две геолошки плочи, кои релативно се движат една кон друга, но сепак многу малку знаат за самиот механизам кој ги поттикнува овие судири. Без разлика на тоа, луѓето веруваат дека длабоко ги разбираат овие концепти и потоа доколку некој детално им го објасни целиот концепт, тие се изненадени од нивната површност.“ (Алтер и колегите, 2010)

    rnПоради тоа,rn
    rn

    „И покрај тоа што здраворазумската мудрост сугерира дека ние често не ја гледаме шумата како дрвја, понекогаш тоа што повеќе загрижува е фактот дека ние не успеваме да ги видиме дрвјата како шума.“ (Алтер и колегите, 2010)


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Од каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет?

    Од каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет?

    Одите по улица како и секој друг ден, кога одеднаш од никаде ви паѓа на памет сеќавање од пред неколку години за личност на која не сте помислиле многу долго време. На само еден момент вие сте транспортирани во време и место за кои сте сметале дека се одамна заборавени. И по само еден миг, сеќавањето исчезнува исто толку брзо колку и што се појавило…rnrnОд каде доаѓаат мислите кои одеднаш ви „паѓаат на памет“?rnrnОва доживување најчесто се поврзува со нешто за коешто вашиот свесен ум не знае дека постои. Но, можеме да се сретнеме и со уште почуден начин на појавување на овие скриени мисли. На пример, кога одеднаш ќе се сетите на збор или фотографија која нема никаква врска со она за што сте размислувале. Како зборот „портокал“ или замислување на ренде. Тие мисли изгледаат уште почудно бидејќи немаат никаква поврзаност со некое минато искуство, место или личност – мисла без никаква автобиографска основа.rnrnИ покрај тоа што мал дел од луѓето никогаш не се соочиле со вакви искуства, во едно истражување психолозите откриле дека голем број од луѓето имаат вакви мисли барем еднаш дневно. Тие најчесто се појавуваат за време на рутински активности, како додека одите по улица, си ги миете забите или пак, додека се облекувате. Тие исто така се појавуваат и кога вашето внимание е намалено.rnrnЗа некои од овие скриени мисли може да се пронајде причината. Психологот Лија Квавилашвили дава кратко објаснување на оваа тема со свој пример:rn
    rn

    „Додека го фрлав ѓубрето во кантата, зборот „Акапулко“ ми падна на памет и бидејќи немав никакво објаснување зошто баш тој збор ми се појави во мислите, му се обратив на моето семејство за помош. На мое изненадување, ми рекоа дека зборот „Акапулко“ бил спомнат на телевизија пред околу 45 минути.“

    rnОваа способност да се најде изворот на одредена скриена мисла не е само еден изолиран случај. Во своето истражување, Квавилашвили и Мендлер откриле дека зборовите и фотографиите кои случајно се појауваат во нашите мисли, всушност не доаѓаат баш од никаде. Понекогаш тие можат да се објаснат со асоцијации како на пример, разговорот за Божиќ подоцна да доведе до појава на песната „Jingle Bells“ во вашите мисли.rnrnФактот дека на голем дел од мислите кои одеднаш ви паѓаат на памет не може да им се најде изворот е резултат од тоа колку многу информации се процесираат потсвесно во вашиот мозок. Тоа што е фасцинантно кај овие доживувања е што можат да се појавуваат по неколку недели, месеци, па дури и години по нивното оригинално појавување.rnrnНекои психолози дури веруваат дека овие мисли можат да бидат повразни и со креативноста, бидејќи тие навидум случајни асоцијации можат да ви помогнат на креативен начин да се справите со одреден проблем. Тие исто така се уште еден доказ дека ние ги снимаме сите информации кои ги примаме. За среќа, нашиот мозок прави добра работа при нивното „маскирање“ бидејќи доколку сите тие ни се постојано достапни би ни го одвлекувале вниманието и би имале големи проблеми со концентрацијата.rnrnПа, затоа нареден пат кога ќе ви падне на памет нешто сосема неповрзано со вашата моментална активност, без разлика на тоа колку ви е чудно во тој момент, запомнете дека најверојатно настанало од нешто што сте виделе, слушнале и размислувале пред некое време. Секако, зошто баш на тие работи се присетуваме, сè уште е многу голема мистерија…rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врската

    Намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врската

    Намаленото лажење може да доведе до значајни придобивки за вашето ментално и физичко здравје, според неодамнешна студија која била презентирана на 120-тата годишна конференција на Американската психолошка асоцијација.Наука на искреноста: Намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врскатаЗа време на конференцијата, истражувачи од Универзитетот на Нотр Дам презентирале „експеримент за искреност“ кој мерел дали кажувањето лаги може да има некакви ефекти врз нашето здравје. Студијата траела околу 10 недели и вклучувала 110 учесници. На половина од групата им било кажано да избегнуваат да кажуваат какви било лаги, вклучувајќи ги и „белите“ лаги за време на овие 10 недели, додека пак другата половина не добила никакви посебни инструкции.rnrnСекој испитаник еднаш неделно поминувал низ мерења за здравјето и врската, како и низ полиграф за да може да се процени отприлика колку лаги кажувал во текот на неделата. Истражувачите откриле дека и во двете групи оние кои помалку лажеле покажувале значително помалку поплаки за менталното здравје (како анксиозност или тага) како и помалку поплаки за физичкото здравје (како болки во грлото или главоболки).rnrnОвој ефект бил многу посилен во групата која „не лажела“ и која воглавно била поискрена отколку во другата група. Дополнително, истражувачите откриле и дека индивидуите кои биле поискрени покажувале подобрување во нивните блиски врски и во општата социјална интеракција таа недела.rn
    rn

    Вежбајте искреност во секојдневието

    rnНаука на искреноста: Намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врскатаИскреноста е клучниот дел од среќата и успехот во животот. Можеби постојат ретки ситуации во коишто мала лага би била попогодна, но сепак искреноста е нешто што сите ние би требало да го применуваме што е можно почесто. И најважно од сè, мора да бидеме искрени со себе. Не е можно да бидеме искрени со другите доколку избегнуваме да бидеме искрени со себе.rnrnНеколку од најчестите начини со кои можете да научите како да бидете поискрени во текот на денот се:rn
    rn

      rn011

    • Кажувајте ја вистината за вашите дневни достигнување и избегнувајте да претерувате за она што сте го направиле.
    • rn011

    • Не смислувајте лажни изговори за доцнењето или за причините поради кои не сте успеале да завршите одредена задача.
    • rn011

    • Доколку не сакате да одговорите на одредено прашање, пробајте учтиво да ја смените темата или поставете друго прашање.
    • rn011

    • Признајте ја грешката и извинете се кога ќе повредите или разочарате некого.
    • rn011

    • Не ширете гласини и озборувања за други луѓе, посебно за ситуации за кои не знаете ништо.
    • rn

    rnПравете мали чекори како овие и со тек на време ќе научите да бидете многу поискрени со себе и со оние околу вас.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Петте најголеми психолошки откритија во изминатава година

    Петте најголеми психолошки откритија во изминатава година

    Секоја година технологијата сè повеќе се развива и доживува промени. Но, истото важи и за психолошките истражувања. Секоја година се прават сè повеќе истражувања кои носат важни заклучоци за подобрување на начинот на размислување, подобро извршување на обврските и подобра контрола над сопствената психа. Еве некои од нив кои донесоа највпечатливи и најважни заклучоци во 2012 година.Петте најголеми психолошки откритија во изминатава годинаrn

    Не се познавате себеси онолку колку што мислите

    rnСите мислиме дека себеси се познаваме најдобро, но сè повеќе истражувања го докажуваат спротивното. Психологот Тимоти Вилсон, во својата книга „Непознати на самите себе“ (Strangers to ourselves), ја нагласува моќта на потсвеста. Тој вели дека многу од она што го правиме останува во потсвеста и затоа не можеме самите да го откриеме. Секако, со многу методи би можеле полесно да допреме до нашата потсвест, но многу информации како на пример, што чувствуваме, што мислиме или што сакаме, остануваат незабележани.rnrnТокму тоа е причината поради која некогаш не можеме да разбереме зошто работите тргнале погрешно. Мислиме дека сè сме направиле исправно, но сепак не сме го добиле посакуваниот резултат. Така, често се случува да обвиниме некого друг за нашите грешки. Тоа е бидејќи немаме целосна и точна претстава за сè она што ни се случува потсвесно. Некогаш други луѓе, како блиски пријатели или родители, многу подобро нè познаваат отколку што се знаеме самите себеси. Па затоа нареден пат, пред да претпоставите дека знаете сè за себе, запрете за минута и прашајте за совет некој ваш близок.rn
    rn

    Имате проблем? Дистанцирајте се за момент

    rnНовите истражувања ставаат акцент на феноменот дека би требало прво да се дистанцираме од проблемот, да размислуваме за нешто друго и повторно да се вратиме на првичниот проблем.Петте најголеми психолошки откритија во изминатава годинаСо цел да се истражи што се случува во мозокот кога се соочуваме со проблем, во текот на истражувањето направени се три групи од испитаници. Испитаниците требало да одберат замислен автомобил, а изборот би требало да биде базиран на повеќе критериуми, желби и потреби. Оние од првата група морале да одберат веднаш, без многу размислување, и секако не поминале баш најдобро во изборот. На испитаниците од втората група им било дадено многу време за размислување со цел да се сконцентрираат единствено на поставената задача. Но и нивниот избор не бил добар. На оние од третата група исто така им била дадена задачата, но им била дадена и друга задача за да им го одвлече вниманието. Изненадувачки, нивната одлука била најдобра.rnrnШто всушност се случило со испитаниците од последната група? Втората задача што им била дадена, психички не ги оптоварила премногу и не барала многу ментална енергија, па им дозволувала потсвесно да работат на првиот проблем. Со други зборови, кога мозокот добива втора задача, потсвесно продолжува да размислува и за првата, но доволно за да не се преоптовари носејќи погрешни одлуки. Затоа најдобро е за момент да се дистанцираме од главниот проблем, да се фокусираме на нешто помалку важно за да ги ослободиме мислите. Најчесто премногу размислување за одредена работа е токму она поради кое носиме погрешни одлуки.rn
    rn

    Покреативни сме кога размислуваме за нечија друга корист

    rnКреативноста е она што го движи светот. Креативноста често подразбира гледање на работите од поинаква преспектива. Новите истражувања покажуваат дека сме покреативни кога треба да размислуваме за решавање на туѓи проблеми, отколку кога станува збор за нашите сопствени потреби.rnrnСо цел да се тестира вистинитоста на ова тврдење, на 137 студенти им било поставено следново прашање: „Затвореник пробувал да избега од висока зграда во која бил затворен. Јажето кое го нашол во неговата ќелија било долго половина од височината на која се наоѓал. Како би можел затвореникот безбедно да се спушти на земја?“rnrnНа половина од испитаниците им било речено да се замислат себеси во улога на затвореникот (нив ќе ги наречеме групата затвореници), а на другата половина им било речено да замислат дека некој друг е заробен во зградата. Во групата затвореници, загатката ја решиле 48%, додека во втората група, 66% биле способни да ја решат загатката, чиј одговор е дека го поделил јажето на половина по должина и ги поврзал двата краја. Истражувањето покажало дека сме покреативни и полесно изнаоѓаме решенија кога станува за некој друг, а не за нас самите.rn
    rn

    Одморот е попродуктивен од прекумерната работа

    rnИстражувањата покажале дека кратките дремки ја подобруваат продуктивноста на мозокот и редовните одмори од ментални активности ја поттикнуваат креативноста, а прескокнувањето на одморите и паузите може да води до стрес и заморување.Петте најголеми психолошки откритија во изминатава годинаЗа да се донесе ваквиот заклучок, мозокот е спореден со другите мускули во телото. Исто како што на мускулите им е потребен одмор по физичката активност, така и на мозокот му е потребен одмор по психичка активност. Но, треба да се најде границата кога би требало да се одмориме од менталната активност, а кога да продолжиме.rnrnКако и да е, подолгата ментална активност некогаш резултира со поголема продуктивност бидејќи влегуваме во шема и немаме потреба од пауза. Паузата треба да се направи во оној момент кога се форсираме себеси и покрај тоа што чувствуваме замор. Едно истражување покажало дека спиењето после учење носи многу придобивки за помнењето. Така податоците примени во мозокот се разработуваат и складираат. Можеби во денешниот свет каде се верува дека преопторувањето со обврски и работењето повеќе часови секогаш резултира со успех, треба да се примени фактот дека на мозокот му се потребни паузи за неговата продуктивност да биде поголема.rn
    rn

    За секоја активност постои најпогодно време

    rnНовите истражувања покажуваат дека за сè постои најпогодно време, и секој човек треба да си направи распоред на извршување на активностите според најпогодното време за нивно извршување. Исполнувањето на задачите и обврските си има одреден ритам кој зависи од многу фактори, и истите треба да се распоредат во секојдневна, 24-часовна рутина. Игнорирањето на овој ритам може да предизвика многу психички заболувања.rnrnВо одредени делови од денот продуктивноста на мозокот е поголема, во други е помала. Можеби вашето најпогодно време за учење е наутро или навечер пред да си легнете. Само треба да го следите она што вашето тело ви го кажува. Забележете во кој период од денот вашиот труд резултира со најдобри резултати. Секако, зависи и од условите во кои работите и опкружувањето, но најмногу од организирањето на времето. Доколку го одберете погрешниот период, резултатот на вашата работа би можел да биде повеќе изгубено време и нерви, а помали резултати.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минути

    Подобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минути

    Љубовта кон себе е една од најважните атрибути кои морате да ги одржувате. Кога се сакате себеси, другите аспекти од вашиот живот почнуваат природно да си доаѓаат на своето место.rnrnПодобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минутиrnrnОва се случува бидејќи со љубовта кон себе не постои страв и анксиозност за докажување пред другите. Вие се чувствувате удобно во вашата кожа, живеејќи го животот онака како што ви изгледа вам најдобро. Вие сте целосно среќни и задоволни, без разлика на тоа што не живеете во совршен свет.rnrnИстовремено, вие станувате подобри и посочувствителни со другите околу вас и станувате помoтивирани и поинспирирани при остварување на своите лични цели. Сè што е добро во животот доаѓа од љубовта кон себе, па затоа е многу важно да вежбате како да ја одржувате.rnrnЕве кратка медитација која може да ви помогне доколку имате проблем со прифаќањето и сакањето на себеси:rn

      rn011

    • Одберете мирна просторија или околина во која ќе можете да медитирате.
    • rn011

    • Затворете ги очите и 10 пати длабоко и бавно вдишете и издишете.
    • rn011

    • Во мислите пронајдете место каде што ќе можете да бидете релаксирани.
    • rn011

    • Замислете се себеси во вашата имагинација, колку што е можно поискрено и поточно.
    • rn011

    • Потоа кажете ги наредниве неколку потврдувања во вашиот ум неколку пати додека издишувате:
    • rn

    rn

    „Јас ја заслужувам мојата љубов.“rn„Јас заслужувам среќа.“rn„Си простувам на себе за своите грешки.“rn„Секој ден станувам сè подобра личност.“rn„Јас ја заслужувам мојата љубов.“

    rnrn

      rn011

    • Кажувајте ги овие потврдувања како навистина да ги мислите, со намера и јасно. Значењето позади зборовите е многу поважно од самите зборови.
    • rn011

    • Дозволете им на топлите и позитивни чувства на љубов кон себе да се насоберат при медитацијата.
    • rn011

    • Кога ќе бидете подготвени да завршите, повторно вдишете и издишете, полека и длабоко, 10 пати.
    • rn011

    • Отворете ги вашите очи и продолжете понатаму со денот имајќи ги на ум речениците кои си ги кажувавте на себе.
    • rn

    rnДури и по само една сесија од оваа медитација би требало да забележите разлика во вашите чувства кон себе. Но, за да направите подолготрајна промена мора да ја повторувате оваа вежба најмалку 2 пати неделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Усните никогаш не лажат

    Усните никогаш не лажат

    Кога станува збор за чувства и емоции, усните можат да бидат од голема важност при откривање на скриени сигнали. Тие можат многу лесно да ви укажат кога некоја личност е под стрес, а понекогаш дури и да ви помогнат да препознаете измама.rnrnУсните никогаш не лажатrnrnУсните „издаваат“ многу информации кои честопати се игнорирани или незабележани. Богати со нерви и високо васкуларни, тие реагираат во вистинско време на светот околу нас. Поради тоа кога некој ќе слушне лоши вести или кога ќе биде сведок на ужасен настан, нивните усни почнуваат да исчезнуваат, станувајќи толку тенки што едвај се забележуваат. Под екстремен стрес тие можат и целосно да исчезнат или цврсто да се потиснат една на друга.rnrnВо врските, двојките веднаш забележуваат кога нивниот партнер има некаков проблем токму поради ова движење на усните. Дури и бакнежите ќе изгледаат поразлично под стрес додека е ограничен протокот на крвта кој влијае на нивната големина, топлина и еластичност. Нашите усни реагираат на реалноста на моментот и комуницираат соодветно со нашите чувства и размислувања.rnrnБидејќи исчезнувањето или стиснувањето на усните се универзални однесувања, контролирани од лимбичкиот систем, можете слободно да се потпрете на нив и да ги сметате за автентични. Вие никогаш не можете да знаете како вашите усни изгледаат или како другите ги чувствуваат, но оние околу вас веднаш ќе ги забележат и најмалите промени.rnrnГризењето на усните е еден од начините преку кој се издаваме себеси дека сме под стрес. На тој начин ја ослободуваме внатрешната тензија која е мала и пролазна. Но, кога нешто поголемо ни пречи, нашиот лимбички систем, согласно со настаните ќе ги натера усните целосно да го сменат својот облик.rnrnИ покрај тоа што ова однесување само по себе може да значи многу работи, познавањето на говорот на телото може многу да ви помогне при сфаќањето за каков проблем точно станува збор. Но, едно е сигурно – ова однесување е секогаш индикатор на стрес и тензија. Поради тоа, следен пат кога сте на состанок, со колега или со вашиот партнер и разговарате за нешто посериозно, обрнете повеќе внимание на усните. Тие можат да ви кажат многу повеќе од зборовите на вашиот соговорник.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Подобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинација

    Подобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинација

    Нашата имагинација може да биде многу моќно оружје при промените во нашиот живот. Најчесто нашите најголеми ограничувања не се во нештата кои сакаме да ги направиме, туку во оние за кои никогаш не сме размислувале. Со употребата на имагинацијата, ние можеме да пронајдеме нови можности и нови начини за живеење. На пример, како би се чувствувале доколку бевте личност со малку поголема самодоверба?rnrnПодобрете ја самодовербата со помош на вашата имагинацијаrnrnОва е одлично прашање кое секој би требало да си го постави. Тоа ќе ви помогне да дефинирате што точно значи самодовербата за вас. И исто така ќе ја активира и вашата имагинација за да ви помогне во размислувањето и ќе ве натера веднаш да се почувствувате како личност со поголема самодоверба.rnrnЗатворете ги очите и размислете подобро за наредниве неколку прашања. Ако имавте поголема самодоверба:rn

      rn011

    • како поразлично би размислувале од сега?
    • rn011

    • како поразлично би дејствувале од сега?
    • rn011

    • како поразлично би се чувствувале од сега?
    • rn

    rnОткако ќе ги одговорите прашањата, можете да поминете и на наредниот чекор. Пронајдете одредена област од вашиот живот каде што би сакале да бидете со поголема самодоверба – во домот, на работа, во дискотека, или на кое било друго место. Потоа замислете како би се однесувале доколку имате поголема самодоверба. Како би размислувале и како би се чувствувале? Што би направиле ако забележите девојка или момче со кои би сакале да разговарате? Како би ја одржале својата презентација на работа?rnrnЗамислувањето на овие сценарија може да биде одлична ментална вежба. Таа ќе го подготви вашиот мозок и во реална ситуација да размислува и да се однесува на начинот кој сте го замислиле. Можете да ја подобрите оваа ментална вежба така што ќе внесете повеќе ситуации и повеќе имагинација во однос на видот, слухот, допирот, вкусот и миризбата. Не обесхрабрувајте се ако не ви успее од прва, за ова е потребно вежбање. Идејата е што подетално да ја замислите ситуацијата, за потоа да можете така и да се однесувате во секојдневниот живот. Едноставно научете го вашиот мозок како да размислува со поголема самодоверба и потоа и вие самите ќе се однесувате на истиот начин.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога е време да му/ѝ дадете повеќе простор?

    Кога е време да му/ѝ дадете повеќе простор?

    Сите знаеме дека вниманието е една од најважните нешта во врската, но ретко кој знае дека тоа мора да се користи мудро. И покрај тоа што една врска не може да функционира ако партнерите не поминуваат доволно време еден со друг, исто така таа не може да функционира и ако тие поминуваат премногу време заедно. Премногу време со една личност може да ве направи посесивни и наметливи. На некој начин дури може да станете и целосно зависни од таа личност и да не можете да се чувствувате среќно и исполнето ако тој/таа не е покрај вас.rnrnКога е време да му/и дадете повеќе простор?rnrnПоради тоа постои одредена рамнотежа која сите ние мора да ја одржуваме во нашите врски. Физички не е можно 24/7 да бидеме со одредена личност, но дури и да можеме тоа едноставно не е здраво. Луѓето имаат потреба од сопствен простор, бидејќи секоја индивидуа има свои вредности, интереси, хоби и цели. Кога во врската не се почитува оваа независност, таа може да стане деструктивна и штетна. Со просторот имате можност и вие и вашиот партнер да сфатите дека не се врти сè околу само една личност.rnrnГолем број од луѓето и не сакаат да бидат во врска која што со тек на време ќе почне да ги „загушува“. И кога тие ќе се почувствуваат така, едноставно си одат. А ако некој постојано има потреба да биде со својот партнер, тоа може да биде знак дека таа личност воопшто не му верува на својот партнер или пак, дека има многу ниска самодоверба и дека верува дека не е доволно добра за него/неа. Исто така овие размислувања можат да доведат и до појава на љубомора и несигурност.rnrnПогледнете ги наредниве знаци кои се појавуваат во врска каде што партнерите немаат доволно сопствен простор:rn

      rn011

    • Постојано размислувате за својот партнер кога не сте заедно.
    • rn011

    • Во текот на денот постојано му/ѝ се јавувате или пишувате.
    • rn011

    • Целото свое слободно време го поминувате со него/неа.
    • rn011

    • Лесно станувате депресивни или нервозни ако не сте со него/неа.
    • rn011

    • Станувате љубоморни или несигурни кога вашиот партнер поминува време со други луѓе.
    • rn011

    • Не можете да си замислите ни еден ден да поминете без него/неа…
    • rn

    rnМногу поздраво е за врската доколку и двајцата поминувате одредено време со самите со себе и со вашите пријатели. На сите нам понекогаш ни е потребно да се оттргнеме од сите и да се потсетиме себеси на поголемата слика во нашиот живот и на фактот дека постојат и други работи кои ни се важни. На крајот од денот, оставањето малку слободен простор всушност ни помага да се зближиме со нашиот партнер, повеќе да го цениме и да не го земаме здраво за готово.rnrnПостојат милиони начини на кој можете да го поминувате вашето време малку поразлично од досега и да се дозволите повеќе простор во вашите врски. На пример:rn

      rn011

    • Напијте се кафе со вашите пријатели и поблиски членови од фамилијата.
    • rn011

    • Прочитајте книга, гледајте филм или слушајте музика.
    • rn011

    • Започнете со креативно хоби како свирење на инструмент, цртање или пишување.
    • rn011

    • Започнете со џогирање, вежбање или спортување.
    • rn011

    • Волонтирајте.
    • rn011

    • Одете на неделен одмор во друг град.
    • rn011

    • Одредете време за метидација или молење…
    • rn

    rnОстанува на вас да одредите како ќе го употребите слободното време. Целта на овие предлози е да ве натера да одберете активности кои се совпаѓаат со вашите интереси и цели во животот, посебно активности кои нема да можете да ги правите со личностите со кои најчесто се гледате. Рамнотежата е клучна компонента во животот и е подеднакво важна и за вас и за вашата врска.

  • Не дозволувајте малите грижи да го преземат вашиот живот

    Не дозволувајте малите грижи да го преземат вашиот живот

    Постои погрешно сфаќање дека стресот настанува само под влијание на големи настани како сериозна болест, развод, смрт на блиска личност, банкрот… И покрај тоа што овие настани навистина знаат да бидат многу стресни, новите истражувања покажуваат дека секојдневните мали грижи можат да имаат многу посилен негативен удар на здравјето.rnrnНе дозволувајте малите грижи да го превземат вашиот животrnrnГолемите настани честопати се ретки и со релативно кратко траење. И бидејќи однапред се препознаваат како извор на стрес, личноста која се соочува со нив прави сè што е во нејзина моќ за да се избори и да продолжи понатаму. За разлика од нив, малите грижи постојано се собираат во вас и со тек на време можат да предизвикаат одредена стресна болест.rnrnНеколку од овие секојдневни грижи се:rn

      rn011

    • Губењето на одредени работи, како клучевите
    • rn011

    • Големи промени во текот на денот
    • rn011

    • Проблеми со тежината
    • rn011

    • Премногу работни обврски, а премалку време за нивно завршување
    • rn011

    • Домашни обврски
    • rn011

    • Недоволен сон
    • rn011

    • Проблеми со соседите
    • rn

    rnШто би можеле да преземете за да се справите со овие извори на стрес?rnrnПозитивно размислување – Наместо да се грижите без прекин, започнете со позитивно размислување („Јас можам да го направам ова,“ „Ќе продолжам чекор, по чекор…“). Когнитивното преиспитување и претворањето на проблемите во предизвици, може многу да ви помогне при намалувањето на стресот.rnrnНаучете да се опуштите – Стресот предизвикува возбудување на телото наречено синдром на „борење или бегање“. Релаксирањето не е компатибилно со возбудувањето и поради тоа може многу да ви помогне доколку направите мала пауза во моментите кога ќе се чувствувате преовладано од дневните грижи.rnrnНаградете се себеси – Откако ќе се соочите со неколку извори на стрес, наградете се себеси со активност која ви причинува задоволство како спортување, танцување или пак, одење во кино.rnrnСправувањето со стресот, без разлика дали е голем животен настан или насобрани дневни грижи може да се реши само со директно соочување. Не дозволувајте постојано да се грижите. Претворете го проблемот во предизвик и најдете начин како најлесно да го надминете.

  • Модели на приврзување кај возрасните

    Модели на приврзување кај возрасните

    Системот на приврзување работи на многу едноставен начин. Ако сè е во ред (безбедно) тогаш не ни чувствувате како тој работи. Но, кога работите излегуваат од границите, системот на приврзување се активира и се појавуваат одредени однесувања кои ве доближуваат до личноста која би можела добро да се грижи за вас. Близината создава или обновува сигурна основа, чувство за безбедност и удобност од кои одредена личност откако ќе ја пронајде може да започне со истражување на светот околу неа.Модели на приврзување кај возраснитеИнтервјуто за приврзување кај возрасните (Adult Attachment Interview) е основна метода за проценување на ставот кон вашиот партнер. Според оваа метода описот на личноста се проценува преку 2 примарни димензии. Првата димензија е доследноста, а втората димензија е способноста да се рефлектираат мотивите од другите. Доследноста поконкретно се однесува на одговори кои овозможуваат чисти и убедливи описи, кои се веродостојни, концизни, целосни и се презентирани на чист и уреден начин.rnrnВо понатамошното испитување се следат уште 4 димензии како:rn

      rn011

    • Квалитет – да се биде искрен и да се има докази кои ќе го поддржуваат кажаното.
    • rn011

    • Квантитет – да се биде концизен и целосен. Дадените информации мора да ги содржат потребните податоци, но ништо повеќе од тоа.
    • rn011

    • Важност – способноста за издвојување само релевантни информации.
    • rn011

    • Начин на однесување – јасни/нејасни изразувања, јасно искажување на мислите/двосмисленост…
    • rn

    rnПо интервјуто можете да дознаете во која од наредниве категории припаѓате:rn
    rn

    Безбедност

    rnЛичностите со безбеден модел на приврзување имаат способност многу реално да ги гледаат другите околу нив. Тие ги ценат врските, емоциите и обврските. За време на интервјуто целосно соработуваат со психологот и нивните одговори се доследни, концизни и јасни. Приврзувањето за нив има големо значење, но истовремено тие и објективно ги гледаат сите настани/врски.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Негирање

    rnЛичностите со негирачки модели на приврзување имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека не треба да им поставуваат многу барања на оние кои се грижат за нив кога станува збор за нивните потреби. Овие личности ги отфрлаат сите искуства и врски во кои има можност за поврзување. Нивните одговори често се премногу општи и неспецифични. Тие исто така немаат конкретни примери и докази кои можат да го поддржат нивниот став и честопати при навраќање на одредено прашање знаат да дадат контрадикторни одговори.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Преокупираност

    rnЛичностите со преокупирачки модел на приврзување исто така имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека единствениот начин да го привлечат вниманието на оној кој се грижи за нив е да имаат премногу барања и очекувања. Нивните одговори многу често не се доследни. Овие личности се преокупирани со претходните врски и искуства. Тие во разговорот изгледаат многу нервозно, пасивно или исплашено. Употребуваат долги реченици, граматички испреплетени и со многу простор (испуштајќи гласови како „ааа“ или „хмм“) помеѓу мислите. Исто така внесуваат многу непотребни детали при обидот да го поддржат својот став.Модели на приврзување кај возраснитеrn

    Неорганизираност

    rnЛичностите со неорганизиран модел на приврзување немаат јасно видливи причини за нивното нереално гледање на останатите. Како деца најверојатно имале родители кои биле на некој начин застрашувачки. Во голем број од случаите тие доживеале хронично запоставување во врска која би можело да ја објасни значајната дисфункција во нивната способност да формираат емоционално значајна врска. Голем број од оние кои имаат некаков вид психолошко нарушување го поседуваат овој модел на приврзување. Исто така нивните врски се бурни, непостојани и понекогаш насилни.Модели на приврзување кај возраснитеШто мислите, кој е вашиот модел на приврзување? Препознавте ли некои од дадените однесувања?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.