КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Моќта на поставувањето прашања на самите себе

    Моќта на поставувањето прашања на самите себе

    Луѓето имаат неверојатна способност за насочување на своите мисли, емоции, навики и врски кон себе. Токму оваа самосвест нè прави интелигентни и ни овозможува успешно да се адаптираме на нашата околина. Една од најкорисните „алатки“ кои ги поседуваме е моќта да си поставиме прашања сами на себе.Моќта на поставувањето прашања на самите себеМожеби ви изгледа логично дека би требало да ги знаете одговорите на сите прашања за себе, па тогаш која е целта за нивното поставување? Вистината е дека овие прашања можат да ни помогнат да размислуваме на нови начини, кои ќе нè насочат кон одговори кои не се веднаш видливи и очигледни. Поголемиот дел од нашето размислување се случува несвесно. Но, со поставувањето на прашањата ги донесуваме овие внатрешни мисловни процеси во „центарот на настаните“.rnrnНа пример, одберете некое ваше цврсто верување и пробајте да го анализирате преку наредниве неколку прашања:rn

      rn011

    • Зошто го имам ова верување?
    • rn011

    • Со какви докази можам да го поддржам ова верување?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој размислувам?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој се чувствувам?
    • rn011

    • Како ова верување влијае на начинот на кој дејствувам?
    • rn011

    • Како би можело ова верување да е погрешно или бескорисно?
    • rn011

    • Кои други верувања би можеле да бидат вистинити?
    • rn011

    • Каков вид докази би можеле да го променат ова верување?
    • rn011

    • Како би можела промената на перспективата кон ситуацијата да го промени моето верување?
    • rn011

    • Какви други верувања би можеле да бидат покорисни?
    • rn

    rnВаков вид прашања можете да си поставувате на себеси за да откриете повеќе за начинот на кој вашиот ум функционира. Нема потреба да ги имате сите одговори, но добро е ако се потрудите најмногу што можете. Доколку сметате дека е потребно, составете свои прашања кои ќе ви помогнат да навлезете подлабоко во вашиот мисловен процес. Предизвикајте се себеси. Преземете ја улогата на „адвокатот на ѓаволот“. Испрашувајте се себеси исто како што би разговарале со непознат.Моќта на поставувањето прашања на самите себеГолем број од одговорите на најважните прашања во животот мораме да ги пронајдеме ние самите. Не можеме да очекуваме дека другите ќе можат да ги одговорат наместо нас. На пример, секој би требало сам да го знае одговорот на прашањата како:rn

      rn011

    • Кој/а сум јас?
    • rn011

    • Што е тоа што навистина го вреднувам во животот?
    • rn011

    • Што значи „среќата“ и „успехот“ за мене?
    • rn011

    • Што можам да направам за да се подобрам себеси?
    • rn011

    • Каде се замислувам себеси за 5, 10, 20 или 50 години од сега?
    • rn011

    • Што е добро, а што лошо?
    • rn011

    • Ако денес ми е последниот ден од животот, за што би се каел/а?
    • rn011

    • Што во мојот живот не би го продал/а за ниедна сума пари во светот?
    • rn

    rnОва се неколку одлични прашања кои можеме да го употребиме за подобро да се запознеме себеси. И тие се само почеток. Сè на сè, зависи од вас и вашиот ум за да одлучите што навистина вреди подетално да се истражи и анализира. Можеби имате проблем на факултет, на работа или дома за кој што е потребно да одвоите повеќе време…rnrnПсихолозите сметаат дека поставувањето на вистинските прашања е поважно од тоа да ги имате сите одговори. Како прво, затоа што никогаш никој не може да ги има сите одговори. И како второ, вистинските прашања имаат моќ да го натераат нашиот ум да размислува на нови и подобри начини кои ќе ни помогнат да сфатиме нешто што претходно можеби целосно сме го игнорирале…rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тенката линија помеѓу диетата и анорексијата

    Тенката линија помеѓу диетата и анорексијата

    Секој од нас барем еднаш во животот поминал низ некаква диета. Но, до каде ќе се движи таа зависи само од начинот на кој се гледаме себеси во огледалото. Желбата да се биде слаб и верувањето дека ниската телесна тежина се изедначува со убавината може да доведе до сериозни проблеми кои во најлош случај завршуваат со смрт. Постои тенка линија помеѓу диетата и анорексијата која никако не смеете да си дозволите да ја поминете.rnrnТенката линија помеѓу диетата и анорексијатаrnrnАнорексија (anorexia nervosa) е нарушување во исхраната и се карактеризира со екстремно ограничување на внесените калории при што личностите и покрај тоа што се премногу слаби се доживуваат како дебели.rn

    Кои се симптомите на анорексија?

    rnАнорексијата честопати се појавува покрај други психолошки состојби како депресија, анксиозности и/или булимија. Нејзините најчести симптоми се:rn

      rn011

    • Екстремно ограничување на внесените калории – јадење помалку калории (во текот на неколку дена) отколку што е потребно за одржување на здрава телесна тежина.
    • rn011

    • Изобличена себе-перцепција и силна желба да се биде слаб.
    • rn011

    • Употреба на лаксативи за да се елиминираат што повеќе калории од диетата.
    • rn011

    • Прекумерено растење тенки влакна на телото, срцева аритмија и онесвестување.
    • rn

    rn

    Што ја предизвикува анорексијата?

    rnСè уште не е познато што точно стои позади анорексијата. Но, постојат неколку фактори кои ја зголемуваат потенцијалноста на одредена личност да ја развие, како:rn

      rn011

    • перфекционисти – анорексијата им овозможува да имаат чувство на целосна контрола на нивните животи и тела.
    • rn011

    • родители кои премногу контролираат
    • rn011

    • учествувањето во спортови каде што е потребна контрола на тежината, како танцот и гимнастиката
    • rn011

    • жените се посклони на анорексија од мажите
    • rn011

    • изложеност на нездрави фотографии од премногу слаби модели, глумци, пејачи…
    • rn011

    • адолесценти – анорексијата е премногу често присутна помеѓу младите девојки кои пробуваат да се прилагодат на промените на телото кои доаѓаат со пубертетот.
    • rn

    rn

    Кој е третманот за анорексија?

    rnБидејќи анорексијата може да биде фатална, првиот чекор во лекувањето е фокусирањето на диетата. Во најлош случај, личностите со премногу ниска телесна тежина добиваат интравенозно течности или цевка за исхрана. Наредниот чекор е терапија, посебно групна терапија која има голем успех при лекување на анорексијата. Доколку не постои желба за терапијата, тие се сместуваат во специјални установи за нивно добро, каде што можат да добијат поддршка и совети од личности кои исто така поминуваат низ тој проблем.

  • Психолошка вежба која ќе ви го подобри расположението

    Психолошка вежба која ќе ви го подобри расположението

    Врз основа на резултатите од различни истражувања, психолозите смислиле едноставна, но ефективна вежба која ќе ви помогне да се чувствувате одлично и полни со живот.rnrnПсихолошка вежба која ќе ви го подобри расположениетоrnrnУдобно наместете се на вашиот кревет, фотелја или кое било место кое вам ви е омилено. Затворете очи и замислете си блескав светлосен зрак како трепери пред вас. Замислете си како таа светлина ве опкружува и ќе почувствувате како полека ве обзема некое пријатно чувство и топлина.rnrnПосле неколку минути, отворете ги очите и ќе забележите дека сте многу порасположени од претходно – тврдат стручњаците и објаснуваат дека после вежбата, ќе бидете сосема подготвени за новиот ден, бидејќи оваа активност е најдобриот лек против депресијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје

    Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје

    Дали постои вистина во изреката „во здраво тело, здрав дух“? Еден од најстарите митови во психологијата е дека нашите умови се одвоени од нашите тела. Но, денес постојат премногу истражувања кои ни покажуваат како нашето психичко здравје е директно под влијание на мозокот и биологијата. Голем дел од ова влијание доаѓа од она што сме го наследиле преку гените, за кое немаме многу голема контрола. Секако, здравата исхрана и вежбањето исто така играат многу важна улога во одржување на здравјето на нашето тело и ум и токму тоа е тоа, над кое секој од нас има целосна контрола.Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеПрочитајте за неколку од најновите откритија кои ни ја укажуваат важноста на здравата исхрана и вежбањето за психичкото здравје, како и неколку совети со чија помош ќе можете да ги подобрите овие аспекти од вашиот живот:rn
    rn

    Храната која ја јадете влијае на вашиот мозок

    rnВашиот мозок има потреба од здрава исхрана за да функционира најдобро што може. Храната која е потребно да ја консумирате мора да биде богата со карбохидрати (извор на енергија за мозокот), витамини, минерали, протеини (за изградба на нови невротрансмитери) и незаситени масти (посебно омега-3 киселини кои ги подобруваат когнитивните способности).Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје Можете да задоволите голем дел од овие нутрициони потреби така што ќе јадете многу свеж зеленчук, овошје, житарици, квалитетно месо и риба. Психолошките студии покажале дека здравата исхрана која се состои од овој вид на храна, значително го намалува ризикот од психолошки нарушувања како анксиозност и депресија.rnrnКлучна „храна за мозокот“ која мора да ја имате на ум е:rn

      rn011

    • Риба, јајце, месо од животни кои биле хранети само со трева.
    • rn011

    • Бадеми, лешници, ореви…
    • rn011

    • Производи од житни растенија
    • rn011

    • Многу овошје и зеленчук
    • rn011

    • Вода
    • rn011

    • Кафе или чај
    • rn

    rn
    rn

    Вежбањето помага при подобрување на психолошкото здравје и когнитивната способност

    rnПоследниве неколку години, научниците успешно докажале дека вежбањето е исто толку важно за нашето психичко здравје како и одржувањето на балансирана исхрана. Една студија покажала дека децата кои не биле физички активни имале понизок академски просек во однос на оние кои редовно вежбале, кај кои се забележало зголемено подобрување на меморијата, вниманието и донесувањето одлуки. Истите резултати биле пронајдени и при тестирање на помлади и постари возрасни луѓе.rnПоврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеСпоред истражувачите, постои цврст доказ дека вежбањето може да биде од корист при голем број извршни функции кои вклучуваат мултитаскинг, планирање и себе-контрола. Вежбањето исто така помага при намалување на ризикот за појава на депресија, бидејќи на тој начин се испуштаат невротрансмитери како ендорфин, серотонин и анандамид, кои се познати по подобрување на расположението и чувствата на задоволство.rn
    rn

    Намалете со алкохолот, цигарите и употребата на дрога

    rnДругата страна од нашето физичко и психичко здравје се опасните навики кои вклучуваат претерано консумирање алкохол, цигари и дрога. На многу начини, злоупотребата на овие супстанци претставува наша сопствена ментална болест. Исто така, постои вистина и во тоа дека оние кои се впуштаат во ова однесување, можат понатаму во животот да развијат различни видови мозочни абнормалности и ментални болести како на пример, оштета на мозокот предизвикана од алкохол.rnПоврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеНаправете разумна одлука да бидете попаметни кога станува збор за дрогата и исфрлете ја целосно од вашиот живот. Што се однесува до алкохолот и пушењето, ако не можеме да ве убедиме во спротивното, барем обидете се да бидете повнимателни и посвесни за нивното влијание на вашето тело, бидејќи како и сѐ останато што внесувате во вашиот организам и тие ќе влијаат на некој начин врз вашиот мозок и психичкото здравје.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каков е работниот карактер на вашите колеги?

    Каков е работниот карактер на вашите колеги?

    Според голем број психолози, постојат многу теории за поделбата на различни видови личности. Но, од сите досегашни модели, најпознатиот е „Тип А и Тип Б личности“ според Ендру Голдсмит. Оваа поделба се базира според нивото на анксиозност и стрес со кои се сретнуваат вработените луѓе.Каков е работниот карактер на вашите колеги?rnrnЛичностите од тип А генерално живеат со повисоко ниво на стрес, бидејќи:rn

      rn011

    • Тие уживаат да ги остваруваат своите цели, уште повеќе ако тие се потешки. Поради тоа постојано работат за да го достигнат она што си го замислиле.
    • rn011

    • Тие имаат потешкотии со прекинување, дури и откако ќе ги завршат своите цели.
    • rn011

    • Тие го чувствуваат притисокот на времето, постојано работејќи „под полн гас.“
    • rn011

    • Тие сакаат да се натпреваруваат, и ако можат дури и самите ќе создадат натпревар.
    • rn011

    • Тие мразат неуспех и подготвени се многу да работат за да го избегнат.
    • rn011

    • Тие најчесто се во добра форма и добро образовани (како последица од нивната анксиозност).
    • rn

    rnЛичностите од тип Б генерално живеат со пониско ниво на стрес и најчесто:rn

      rn011

    • Тие работат полека, уживајќи во нивните постигнувања, но не се под стрес кога нема да ги постигнат своите цели.
    • rn011

    • Кога тие ќе се соочат со натпревар, учествуваат сè додека уживаат во играта и не им пречи ако се откажат или изгубат.
    • rn011

    • Тие често се креативни и уживаат во истражувањето на нови идеи и концепти.
    • rn011

    • Тие често се склони кон многу размислување како за надворешните, така и за внатрешните светови.
    • rn

    rnСфаќањето на работниот карактер на одредена личност може да ви помогне да го најдете најдобриот начин за соработување со него/неа. Кога станува збор за личности од типот Б, секој од нас лесно би можел да воспостави добра комуникација и брзо да ја заврши работата со нив. Но, ако вашиот колега припаѓа на групата од тип А, кои постојано работат со максимална брзина и се инспирирани да постигнуваат огромни цели, тогаш единствениот начин да се справите со нив, е да ги почитувате наредниве неколку правила:rnrnРаботите со нив, не против нив – Секој и сешто е предизвик и натпревар за овие личности и тие ќе направат сè за да ги срушат бариерите кои им го попречуваат нивниот пат. Поради тоа погрижете се да ги убедите дека припаѓате на нивниот тим, не на спротивниот.rnrnЗавршувајте ги задачите или целите како да нема утре – Овие личности имаат нереално чувство за итност и поради тоа не сакаат да губат време. Тие постојано се „тркаат“ за што побрзо да го завршат тоа што го наумиле. Обидете се сите ваши задачи да ги завршувате точно на време или уште подобро, предвреме.rnrnМултитаскинг – Мора да бидете подготвени без грешка да завршувате повеќе неповрзани задачи или цели. Бидејќи тие имаат преголеми планови од сите области, не знаат како да се сконцентрираат само на една работа. Мора да научите да ги следите во секој чекор.rnrnНикогаш не доцнете – Со доцнењето им давате до знаење дека не сте доволно вредни за нивното време и поради тоа може целосно да ве отфрлат од своите планови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)

    Нешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)

    Сите ние сме повеќе или помалку под влијание на општеството. Едноставно не можеме да се бориме против него. И покрај тоа што сакаме да веруваме дека сме слободни и автономни индивидуи, вистината е дека родителите, професорите, шефовите, политичарите и религиските фигури играат огромна улога во насоките кои ги одбираме како и во тоа како одлучуваме да го живееме нашиот живот.rnrnНешта кои ви се наметнати од општеството (а не мора да ги направите)rnrnНа помлади години, имаме потреба од водење сè додека не научиме како сами да се снаоѓаме во животот. Но, за жал во овој период можеме да научиме многу работи кои не мора да значи дека за нас ќе бидат позитивни или вистинити. Многу е важно да го преиспитуваме она што сме го научиле од општеството и она што општеството го бара од нас. Луѓето на кои секојдневно сме изложени можеби навистина ни мислат најдобро, но тоа не значи дека тие знаат што е добро за секој од нас индивидуално.rn

    „Мора да одите на факултет“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnЗа некои кариери имате потреба од факултет и диплома, но за некои други таа едноставно не ви е потребна. Всушност, луѓето денес добиваат работа со помош од пријателите/роднините или пак според претходното искуство. Работодавците многу повеќе се грижат за вашите способности и за начинот на кој ја завршувате работата отколку за вашата диплома.rnrnТочно е дека факултетот може да биде одлично и вредно искуство, но митот дека сите треба да го завршат едноставно не е вистина. Некои од најпродуктивните членови на општествата, како Бил Гејтс, Марк Цукерберг или Стив Џобс никогаш не го завршиле својот факултет. Тој можеби едноставно не е за вас. Понекогаш е подобро веднаш да се фрлите на работа и да започнете со вистинско животно искуство, отколку да поминете уште 4 години затворени во училници од кои ќе излезете со големи долгови и без никакво работно искуство.rn

    „Мора да се венчате“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnУште едно очекување од општеството е дека со тек на време сите ние мораме да се венчаме. Бракот се смета за нормален и типичен начин на живот и индивидуите кои одбираат да не го почитуваат ова правило добиваат етикета дека нешто не е во ред со нив. Денес голем број од браковите завршуваат со развод. Луѓето чувствуваат притисок дека мора да се венчаат со партнерот, кој може да ги натера да направат непромислени одлуки поради кои подоцна ќе зажалат.rnrnБракот не е начин на живот кој одговара на сите карактери. Исто така за тој да биде успешен многу е важно да не се смета за уште една од оние работи кои „мора“ да ги направиме за да ги усреќиме луѓето околу нас.rn

    „Мора да имате деца“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnИсто како и бракот, од сите нас се очекува еден ден да започнеме свое семејство. За многу луѓе децата се една од најважните цели на животот, но тоа не значи дека тие се нешто кое сите подеднакво го посакуваме. Голем дел од возрасните го променуваат својот живот откако ќе имаат деца, така што тие стануваат нивниот центар околу кој сè се врти. Оваа состојба знае да биде голем извор на стрес. Понекогаш многу е тешко да се замисли како некој би го живеел својот живот доколку не е во брак и нема деца, но постојат и други опции – ако ние така одлучиме.rnrnАко сакате да имате деца – имајте ги. Ако не сакате, тогаш немојте. Но, бидете сигурни дека овие важни одлуки ги донесувате вие самите, и дека не сте под влијание на тоа што другите околу вас го сакаат или очекуваат.rn

    „Мора да се помирите со кариерата која сте ја одбрале“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnМногу луѓе сметаат дека ако изберат одредена кариера според факултетот, тогаш тоа треба да го работат до крајот на животот. Ова не мора да биде случајот и со вас. Во економијата која постојано се менува, многу е подобро да бидете отворени кон повеќе видови работа отколку да се ограничувате себеси на она нешто кое отсекогаш сте го знаеле.rnrnВистината е дека луѓето можат успешно да ја променат својата кариера ако знаат како да се прилагодат и ако се подготвени да учат нови работи. Па, ако не сте среќни со насоката во која тргнала вашата кариера, слободно обидете се со нешто ново.rn

    „Мора слепо да ги следите сите авторитети“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnБез разлика дали сме дома, на училиште или пак, на работа, општеството бара од нас слепо да ги следиме авторитетите во одредена средина. Постои една изрека која вели, „Размислувајте сами. Преиспитувајте ги авторитетите.“ Доколку почнете да ја применувате брзо ќе сфатите колку некои работи се неоправдани и нерационални.rnrnСекако, не ви велиме да ги кршите сите можни правила на кои ќе налетате, туку дека многу е важно да не ги следите слепо авторитетите. Многу пати луѓето следат наредби бидејќи веруваат дека „правилата си се правила“, но ако сите го делат ова мислење, нема да постои никаков напредок во општеството. Присетете се на најголемите моменти во историјата и ќе сфатите дека повеќето од нив не би биле можни доколку сите без никакво прашање ги следеле авторитетите.rn

    „Мора да припаѓате на стереотипите“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnНие премногу учиме за нашата култура преку филмовите, музиката, телевизијата, книгите, видеоигрите како и преку некои други форми на забава. На овој начин индиректно сме приморани да ги прифатиме стереотипите за луѓе од различни раси, полови, религии, професии и начини на живот. Тие толку длабоко се „всадуваат“ во нашиот ум што понекогаш целосно им подлегнуваме. Поради тоа погрешно веруваме дека ни е потребно да имаме одредено хоби, да носиме одредена облека или да работиме некоја работа која се поврзува со нашата раса или пол и поради тоа се заглавуваме во „кутија“ од која подоцна нема да можеме да излеземе.rnrnНо, вистината е дека ние сите сме индивидуи со свои уникатни разлики и затоа би требало да се обидеме колку што можеме повеќе да ги избегнуваме овие стереотипи и едноставно да бидеме онакви какви што сме.rn

    „Мора да поседувате многу работи за да бидете среќни“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnНашето општество знае да биде многу материјалистичко. Многу луѓе веруваат дека за да бидат среќни мора да поседуваат многу скапи работи како огромен телевизор, убава куќа, Ајфон или нова кола. Но, истражувања во областа на психологијата многу јасно покажале дека среќата не може да се купи со пари. Оние кои се екстремно богати можат да страдаат од депресија и анксиозност како и сите останати.rnrnПостојат и други вредности во светот освен материјалното богатство, како самодовербата и врските со другите луѓе. Поради тоа луѓето кои се фокусираат на работите кои ги поседуваат многу потешко ќе успеат да најдат вистинска среќа, без разлика на тоа што општеството ги учи.rn

    „Мора да бидете религиозни за да бидете добра личност“

    rn8 нешта кои ви се наметнати од општеството (но, кои не мора да ги направите)rnrnЕдно верување кое го делат голем број од луѓето во нашето општество е дека мора да бидете верници за да бидете добра личност. Со други зборови, ако не одите во црква, храм или синагога, или не сте дел од други големи религиски здруженија, тогаш сигурно немате вредности ни морал кои ги почитувате во вашиот живот. И покрај тоа што многу луѓе преку религијата учат како добро да се однесуваат, тоа не значи дека тие навистина се добри личности.rnrnМногу неверници ги поседуваат истите вредности како верниците: добрина, сочувствување и алтруизам. Тие само не чувствуваат потреба да следат одредена религија или пак да веруваат во Господ за да ги применуваат овие вредности.

  • Како влијаат трагичните филмови врз нашиот поглед на животот?

    Како влијаат трагичните филмови врз нашиот поглед на животот?

    Зошто сакаме да гледаме филмови кои нè депримираат? Ова прашање кое веќе подолго време ги интересира психолозите и филозофите можеби конечно ќе добие одговор. Силвија Нолбок-Вестервик од Државниот Универзитет во Охајо се обидела со помош на научен пристап да објасни зошто луѓето уживаат во фиктивни трагедии.Како влијаат трагичните филмови врз нашиот поглед на животот?За оваа студија, истражувачите собрале група од 361 студент кои гледале кратка верзија од филмот „Каење“ (Atonement), приказна за заљубен пар кој бил разделен за време на војната и починале без повторно да се видат. На испитаниците им биле поставувани прашања пред и по филмот за тоа колку биле задоволни од својот живот. Тие исто така биле прашувани и за време на филмот за тоа колку интензивни чувства им се појавувале додека гледале одредени сцени. На крај, по завршувањето на филмот, испитаниците требале да напишат како влијаел филмот врз нив во однос на нивните цели, врски и општо на нивниот живот.rnrnПрвото откритие покажало дека оние кои изјавиле зголемување на нивната тага додека го гледале филмот најверојатно пронаоѓаат сличности со нивните блиски врски. Другото откритие покажало дека оние кои спаѓаат во оваа категорија по завршувањето на филмот покажуваат зголемување на среќата и задоволството од животот. Научниците сметаат дека ова настанува поради тоа што трагичните приказни ги тераат да сфатат дека можело да биде и полошо кога станува збор за нивните реални врски.rnrnОва истражување е доследно и со други студии на депресијата и тагата, кои често имаат за задача да им ги „отворат“ очите на луѓето. Според Ноблок-Вестервик:rn
    rn

    „Позитивните емоции генерално се сигнал дека сè е во ред, нема потреба да се грижите и не мора да размислувате за проблемите во вашиот живот. Но, негативните емоции, како тагата, предизвикуваат да сте покритични за вашата сегашна ситуација. Поради тоа, ако гледате трагичен филм за љубовници кои не можат да бидат заедно, тој истовремено и ќе ве онерасположи и ќе ве натера да размислувате за вашата врска, како и да ја цените повеќе од претходно.“

    rnВо оваа студија, била тестирана и хипотезата дека некои индивидуи доживуваат поголема среќа бидејќи се соживуваат со ликовите од филмот и сфаќаат дека нивните животи и не се толку лоши. Но, истражувачите откриле дека оние кои се поврзуваат себеси со ликовите не покажале зголемување во среќата откако завршил филмот како оние кои го поврзувале со нивните врски. Причината може да е поради самата тема на филмот, која е фокусирана на заљубен пар и романтични врски. Многу е веројатно дека друг вид трагичен филм ќе ги натера луѓето да размислуваат на друг начин.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еден лош ден не треба да го смени вашиот поглед на животот

    Еден лош ден не треба да го смени вашиот поглед на животот

    Еден ден не смее да го диктира текот на вашиот живот. Дури и кога сметате дека тоа е најлошиот ден во вашиот живот досега, сепак тој е само една мала точка во целата шема на нештата кои поминале и на оние кои допрва ќе дојдат. Тоа што се случило – се случило, но и поминало. Пред вас има уште милиони други можности кои ќе се најдат на вашиот пат.rnrnЕден лош ден не треба да го смени вашиот поглед на живототrnrnНашиот живот не го одредуваат најголемите и најнегативните работи што ќе ни случат. И покрај тоа што мозокот на човекот работи така што се фокусира на најзначајните настани, без разлика дали тие се позитивни или негативни, понекогаш навистина е потребно да застанеме, да земеме воздух длабоко и да се обидеме да ја смениме нашата перспектива. Многу е важно кога гледате наназад, да научите како да ги препознаете вистинските „лекции“ од одредени настани кои ќе можат многу да ви помогнат во иднина.rn

    „Спомените не се статични. Ако се сеќавате на нешто во друга околина и момент, или дури и ако сте во различно расположение, вашите спомени можат да ја примат оваа нова информација,“ вели Дона Бриџ.

    rnСекако, целта не е да се обидувате целосно да ги промените вашите сеќавања, туку да го смените начинот на кој ги толкувате. Сигурно постои некое сеќавање кое отсекогаш ви било ужасно и болно, но доколку продолжите да го памтите како такво, во иднина од него нема да можете да извлечете здраво и конструктивно решение за некој друг проблем. Затоа погледнете ги овие неколку техники кои ќе ви помогнат да го смените начинот на кој размислувате за негативните спомени:rn

      rn011

    • Потсетете се на негативниот настан кога ќе бидете во многу добро расположение. На тој начин, ова сеќавање ќе ви изгледа помалку важно и ќе се чувствувате како да има помало влијание на вашиот живот.
    • rn011

    • Разговарајте за негативниот настан со близок пријател. Тие често знаат да ви понудат сосема нова перспектива на вашето искуство за која никогаш досега не сте размислувале.
    • rn011

    • Пронајдете нешто за коешто можете да се насмеете на тој негативен настан. Додавањето на еден слој хумор е одличен начин да го промените значењето на одредено сеќавање.
    • rn011

    • Кога ќе се сетите на настанот, отидете на некое ново место, како на пример во парк или на плажа додека размислувате. Тоа што ќе си дозволите удобен простор во кој можете да го видите тој настан ќе ви помогне да пронајдете завршеток или нова перспектива.
    • rn011

    • Создадете уметничко дело или музика за настанот. Ова е многу ефективен начин за промена на тоа како вашиот мозок размислува за него. Исто така е и одличен начин да трансформирате нешто „негативно“ во нешто „позитивно“ и креативно.
    • rn011

    • Пробајте да ја видите „поголемата слика“ позади настанот. И не заборавајте дека вашиот живот е преполн со различни искуства и ниедно од нив само по себе не може да го дефинира.
    • rn011

    • Пишувајте за настанот. Прифатете го и објаснете си на себе што сте научиле од него и зошто тој ве направил подобра личност.
    • rn011

    • Продолжете понатаму. По некое време мора да престанете да размислувате за тоа што се случило и да се преиспитувате себеси, бидејќи на тој начин може само да го зголемите негативното влијание.
    • rn

    rnЗа крај, никогаш не заборавајте дека во животот многу поважни се малите, секојдневни нешта кои постепено ни помагаат да се изградиме себеси. Секој ден правиме стотици избори, почнувајќи од најмалите како што ќе јадеме за доручек, какво кафе ќе се напиеме со најблиските, па сè до големите одлуки како изборот на факултет, вработување и започнување на сериозна врска… Овие одлуки се оние кои нè водат и токму во нив се наоѓа нашата вистинска моќ и слобода во изборот за тоа каков ќе ни биде животот.

  • Кога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?

    Кога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?

    Емоциите можат да ни бидат од голема корист кога нè водат кон конструктивни патишта, но понекогаш тие знаат да бидат многу опасни и да нè насочуваат на погрешна страна. Во некои ситуации многу е подобро да се „исклучиме“ од нашите емоционални инстинкти отколку импулсивно и без прашање да дејствуваме според нив.rnrnКога треба да го направите спротивното од она што го чувствувате?rnrnЕдна техника која се употребува во спречување на овие деструктивни емоции се нарекува „спротивна акција“. На пример:rn

      rn011

    • Гневот честопати нè тера да станеме агресивни, вербално или физички.
    • rn011

    • Тагата ни предизвикува потреба за изолација и желба да не правиме буквално ништо.
    • rn011

    • Стравот нè убедува дека треба да избегаме од одредена ситуација.
    • rn011

    • Срамот обично нè тера да се криеме.
    • rn

    rnКога вие одлучувате да ја следите онаа постапка која ви доаѓа природно од некои негативни емоции, по некое време може да заглавите во магичен круг од кој тешко се излегува. Но, ако успеете да научите да ги препознавате емоциите кои работат против вас и ако се обидете да го направите спротивното од тоа што тие ве тераат, тогаш има големи шанси да се вратите во вистинската насока.rnrnНареден пат кога ќе бидете нерасположени и кога нема да сакате да излезете од дома, пробајте да се убедите себеси да отидете на кафе со пријателите. Бидејќи уште во старт сте имале лоши очекувања за вечерта, дури и ако ништо интересно не се случи вие ќе си поминете одлично и ќе ви биде драго зашто не сте останале дома. На истиот начин, направете „спротивна акција“ како одговор и на други негативни емоции:rn

      rn011

    • Кога сте некому лути, направете нешто добро за него/неа.
    • rn011

    • Кога ви е премногу страв да се обидете нешто ново, соберете храброст и направете го тоа.
    • rn011

    • Кога не ви се станува од кревет, натерајте се себеси да излезете на свеж воздух.
    • rn011

    • Кога се срамите за нешто што сакате да го сокриете, бидете отворени и споделете го со вашите најблиски.
    • rn

    rnОва е многу полесно да се каже отколку да се направи, но ако успеете да се сконцентирате на „спротивната акција“ од овие негативни емоции, ќе можете многу полесно да го прекинете нивниот циклус на траење. Оваа техника ќе ви помогне да не бидете „роб“ на своите емоции. Само поради тоа што чувствувате дека треба да направите нешто, не мора да значи дека мора да им дозволите на тие емоции да ви го диктираат животот.rnrnСите ние правиме грешка кога веруваме дека мора да чувствуваме дека нешто е добро, пред да преземеме соодветна акција. Но, понекогаш потребно е да тргнеме по вистинскиот пат пред да се препуштиме на емоциите. Од време на време треба да бидете добри со луѓето околу вас, не затоа што тоа го сакате, туку затоа што на тој начин ќе бидете поздрави и посреќни.

  • Како да се справите со неодлучноста?

    Како да се справите со неодлучноста?

    Нашиот мозок одлично функционира во сите видови активности, вклучувајќи го и размислувањето. Постои одлична причина зашто Рене Декарт напишал, „Je pense, donc je suis“ односно „Мислам, значи постојам.“ Вие навистина мислите затоа што сте и токму тоа сте затоа што можете да мислите. Но, тука има многу повеќе отколку што изгледа. Односно, помалку. Понекогаш навистина е подобро помалку да го употребувате вашиот мозок.rnrnКако да се справите со неодлучноста?rnrnДа се има толку „голем“ мозок понекогаш знае да биде огромен проблем. Тој нè мами да мислиме дека треба многу да размислуваме за сè. Ова се протега до тој степен што ни создава потреба да контролираме сè што правиме, и тоа не на позитивен начин. Лошата страна е што во вакви ситуации почнуваме претерано да размислуваме, дури и кога станува збор за едноставни одлуки. Дали да одбереме да студираме во нашата држава или надвор? Дали да јадеме органска или неорганска храна? Дали да купиме балетанки или високи потпетици? Постојат неколку техники, кои доколку ги почитувате можат многу да ви помогнат во побрзо и поедноставно донесување на одлуки.rn

    Верувајте во себе

    rnДве глави се секогаш подобри од една. Донесувањето одлуки со помош од блиска личност може да ви звучи како одличен начин за разгледување на повеќе перспективи, но тоа може да доведе до дополнителни проблеми. Заедничкото одлучување предизвикува отфрлање на одредени клучни информации, според нова студија која била објавена во „Психолошки науки“. Оние кои одлучуваат индивидуално, внимателно собираат многу повеќе информации, отколку оние кои одлучуваат со помала или поголема помош од друга личност.rn

    Décidez en Français

    rnДали забележувате дека правите одлуки според вашите моментални чувства наместо според логиката? Пробајте да размислувате на друг јазик. Научниците сметаат дека на овој начин ќе создадете емоционална оддалеченост од вашиот проблем. Во неодамнешна студија објавена во „Психолошки науки“, каде што од учесниците во истражувањето се барало да го предвидат ризикот во одредени ситуации, како на пример, или да задржат еден долар или да свртат паричка за да заработат еден и пол долар – тие правеле помудра одлука кога проблемот им бил претставен на друг јазик.rn

    Не мислете премногу

    rnПрестанете да зјапате во многуте видови мармалад од јагоди. Не е важно кој ќе го одберете. Кога ни изгледа како одлуката да е многу тешка, честопати погрешно ја сфаќаме како многу важна, велат истражувачите од Универзитетите во Флорида и Пенсилванија. Пред да ѝ дозволите на тривијалната одлука да ве парализира, размислете за потенцијалниот резултат од вашата одлука. Ќе сфатите дека не е ништо страшно, дури и да го изберете погрешното.rn

    Престанете да рационализирате

    rnКога правиме лоши одлуки, честопати си наоѓаме објаснувања кои ни ја оправдуваат нашата одлука и кои нè тераат да помислиме дека сме избрале правилно.rn

    „Луѓето се господари за себе-измамување,“ велат Зои Ченс и Мајкл Нортон од Бизнис-училиштето Харвард. „Тие измислуваат оправдувања за нивното однесување – дури и за себе.“

    rnЗа да ја избегнете нереалната самодоверба при донесување одлуки, пробајте да разгледате некој проблем без да сметате дека вашата првична одлука била неизбежна. Најдете начин да сфатите зашто сте ја донеле токму таа одлука и обидете се нареден пат да не ја повторите истата грешка.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.