КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Љубовта е страшна: 12 чудни фобии кои никој не ги очекува од својот партнер

    Љубовта е страшна: 12 чудни фобии кои никој не ги очекува од својот партнер

    Романсата дефинитивно знае често да предизвикува анксиозност. Но, понекогаш и сосема вообичаена „љубовна“ ситуација кај некои личности може да биде причина за огромен и неочекуван страв. Започнувајќи од стравот да се биде сам, па сè до ужаснувањето од чоколади, следуваат најчудните фобии поврзани со љубовта.rnrnЉубовта е страшна: 12 чудни фобии кои никој не ги очекува од својот партнерrnrn1. И покрај тоа што фобијата од обврски е измислена, сепак се верува дека личностите кои се плашат да бидат во врска имаат аморафобија – страв од љубов.rnrn2. Личностите со метрофобија имаат страв од поезија. Па, ако вашиот партнер ја има оваа фобија не очекувајте романтични и страстни стихови како изненадување за Денот за вљубените.rnrn3. Кутија во форма на срце која е полна со чоколади може да биде повеќе застрашувачка отколку романтична за оние кои имаа ксоколатофобија- страв од чоколадо.rnrn4. Еве една фобија која често се сретнува кај срамежливите луѓе. Еритрофобија или страв од црвенеење предизвикува огромна засраменост и повлекување во себе и поради тоа тие кои ја имаат ги избегнуваат своите симпатии.rnrn5. Секој кој бил „жртва“ на лош бакнувач може одлично да ги разбере оние кои имаат филематофобија – страв од бакнување.rnrn6. Испраќањето црвена честитка во форма на срце на некој кој има кардиофобија т.е. страв од срце, дефинитивно може да биде многу злобен избор за Денот на вљубените.rnrn7. Што може да биде страшно во еден букет со цвеќиња? Оние кои имаат антрофобија или страв од цвеќиња, само една ружа може да им предизвика силни чувства на анксиозност – дури и ако нема трнови.rnrn8. Личностите со хафефобија или афенфосмофобија мора се многу осамени, бидејќи поради нивните фобии тие не дозволуваат на никој да ја допре нивната кожа.rnrn9. Главоболките кои се предизвикани од премногу силни, хемиски миризби и изгорениците од топол восок може многу добро да објаснат зашто некој страда од кериофобија – страв од свеќи.rnrn10. Личностите кои имаат ануптафобија се чувствуваат анксиозно дури и при самата помисла дека би можеле да останат сами до крајот на нивниот живот.rnrn11. / 12. Овие две фобии одат „рака под рака“. Орнитофобија, стравот од птици и апипфобија, стравот од пчели можат многу да ви отежнат ако сакате да го однесете вашиот партнер на пикник.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Психолозите ни ја откриваат тајната за совршена меморија

    Психолозите ни ја откриваат тајната за совршена меморија

    Седењето мирно со затворени очи на само неколку минути прави разлика помеѓу успешно помнење на новите информации наспроти нивно целосно заборавање. Новото истражување кое било објавено пред неколку недели во списанието „Психолошки науки“ покажало дека еден од најдобрите начини да ја подобрите вашата меморија е да правите кратки паузи откако ќе научите нешто ново.Психолозите ни ја откриваат тајната за совршена меморијаЗошто одморот ѝ помага на меморијата? Според еден популарен поглед на оваа тема, паузата ни помага да ја зајакнеме трагата на тоа што сме го научиле пред неколку моменти. Потоа кога ќе имаме потреба да ги извлечеме тие информации од нашиот мозок, ќе ни биде многу полесно да ги пронајдеме.rnrnНаучниците успеале да го покажат овој ефект со истражувања во кои биле вклучени стаорци. На пример, нервната активност кај стаорците кои само што научиле нешто ново (на пример патот до местото каде што ги чека храна), изгледа многу слично со активноста во мозокот која се појавува за време на учењето. Ова ни укажува дека тие автоматски ги повторуваат новонаучените информации во нивната глава со цел подобро да ги запомнат. Интересно е и тоа што научниците дознале дека повторувањето на новонаучените информации е уште поефикасно доколку се случува за време на „буден“ одмор – кога животните само си седеле и не правеле ништо посебно.rnrnЗа да проверат дали одморањето имало некаква врска со подобрување на меморијата кај луѓето, психолозите од Универзитетите во Единбург, Мисури и Оксфорд спровеле едноставен експеримент. Тие побарале од постарите возрасни доброволци, на возраст од 61 до 81 година да учествуваат во истражувачка сесија која се состоела од два дела во период од 2 недели. На почетокот од првиот дел, цела група слушала една иста приказна, а по нејзиното завршување тие биле делени на две групи од кои едните седеле со затворени очи и одморале, а другите играле игра во која било потребно да се забележат разликите на две наизглед исти фотографии. По една недела, за вториот дел од истражувањето, сите добиле изненаден тест поврзан со приказната од почетокот.rnrnТестот го поддржал истражувањето кое било спроведено со стаорците. Онаа група на испитаници кои одморале по слушањето на приказната запомниле околу 75% од нејзините детали. Групата која ја играла играта помнеле само околу 60% од приказната. Што е уште поинтересно, мал број од луѓето за време на 10-минутното одморање изјавиле дека размислувале за приказната. Изгледа дека без разлика дали се обидуваме да запомниме нешто или не, доколку се одмораме веднаш по новонаучените информации – тие ќе остават подлабока трага во нашата меморија.rnrnВо денешниот „брз“ начин на живот каде што постојано сме бомбардирани со информации, многу е логично дека дел од нив нема да успеат да останат запомнети во нашите мисли. Поради тоа секогаш кога ќе можете, без разлика дали се работи за тест, документ од работа или пак за обична порака од вашите најблиски, најдете начин на само неколку секунди да ги затворите очите и да се опуштите. Во брзо време ќе забележите дека изреката „Леле, извини ама сосема заборавив на тоа…“ нема повеќе да биде дел од вашето секојдневие.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите неромантични теории за љубовта

    Најпознатите неромантични теории за љубовта

    Зошто само одредени луѓе толку многу нѐ привелкуваат, додека пак останатите немаат таков ефект врз нас? Што е тоа што прави да се заљубиме и да останеме заљубени во некоја личност? Поетите постојано ги опишуваат овие чувства преку прекрасни сонети, музичарите пробуваат да ја доловат нивната срцевина преку песни и многу други луѓе секојдневно наоѓаат некаков вид на инспирација од љубовта во нивните животи… Веќе отприлика знаеме како функционира „законот на привлекувањето“ но што велат психолозите на оваа тема?

    rn

    Најпознатите неромантични теории за љубовта

    rn

    Социјалната психологија и психологијата на личност имаат малку поинаков пристап при објаснување на овие чувства. Психолозите ја „расклопуваат“ љубовта до наједноставните облици, бои и равенки. И покрај тоа што овие теории прават љубовта да изгледа како нешто банално и невозбудливо, тие сепак укажуваат на една нејзина нова и елегантна страна.

    rnrn

    1. Љубовниот триаголник

    rnСпоред триагоналната теорија на љубовта од Роберт Стернберг (2004), таа се содржи од три компоненти: интимност (емоционална блискост), страст (сексуална и романтична привлечност) и посветеност. Идеалната форма на љубов според Стернберг ги содржи трите компоненти, но таа воопшто не е лесна за одржување бидејќи страста со тек на време избледува. Покрај оваа „совршена“ комбинација, тој објаснува уште 6 видови на љубов кои можат да се сретнат во секојдневниот живот.rn

      rn011

    • Допаѓањето се состои само од интимност.
    • rn011

    • Романтичната љубов се состои од интимност и страст, но нема посветеност и најчесто се појавува кај тинејџерите и младите возрасни.
    • rn011

    • Пријателската љубов содржи интимност и посветеност, но е без страст и најчесто се појавува помеѓу многу блиски пријатели или во долгогодишните бракови.
    • rn011

    • Заслепената љубов се состои само од страст и најчесто се појавува во почетокот на врската.
    • rn011

    • Празната љубов се состои само од посветеност, без интимност и страст. Таа скоро секогаш се појавува при договорените бракови, но со тек на време може да прерасне во некоја друга форма на љубов.
    • rn011

    • Несериозната љубов содржи страст и посветеност, но ѝ недостига секаков вид интимност.
    • rn

    rn

    Најпознатите неромантични теории за љубовта

    rnrn

    2. Боите на љубовта

    rnЏон Ли (1973) идентификувал 6 видови на љубов и ги нарекол боите на љубовта, кои секако немаат никаква поврзаност со вистинските бои.rn

      rn011

    • Ерос се карактеризира со идеализирање на својот партнер и со силни романтични чувства.
    • rn011

    • Лудус се карактеризира со потреба за возбуда и гледање на љубовта како игра. Истражувањата покажуваат дека мажите во поголем број го поседуваат овој вид на љубов отколку жените.
    • rn011

    • Сторж се одликува со стабилност и пријателство и е многу слично со Стернберговата пријателска љубов.
    • rn011

    • Прагма се карактеризира со практични размислувања, како на пример барање на одредени карактеристики и навики кај партнерот. Сторж и Прагма почесто се појавуваат кај жените.
    • rn011

    • Маниа содржи опсесија, љубомора и екстремни подеми и падови во чувствата и врската.
    • rn011

    • Агапе се однесува на несебичната и безусловната сочуствителност. Доколку сакате да го дознаете својот стил на љубов од тркалото во боја, решете го овој краток онлајн тест.
    • rn

    rn

    Најпознатите неромантични теории за љубовта

    rnrn

    3. Ефектот на блиска изложеност

    rnОваа теорија е можеби најнеромантичната од сите психолошки теории за љубовта. Овој ефект за прв пат бил забележан од Роберт Зајонц (1968) и се однесува на тенденцијата да преферираме работи кои се слични на нас, односно повеќе да ги сакаме оние нешта и луѓе на кои сме најчесто изложени. Ефектот на блиска изложеност најдобро ја објаснува и идејата дека една од главните детерминанти на интерпесоналната привлечност е физичката близина. Во една многу позната серија на студии спроведена од Леон Фестингер и останатите (1950), се покажало дека развојот на пријателството во комплекс од апартмани е поврзан со оддалеченоста на самите апартмани. Соседите кои живееле поблиску станувале подобри пријатели, за разлика од оние со кои се сретнувале само на скали или на влезот во зградата. Но, сепак постои и некој степен на случајност и среќа во врските кои ги формираме во текот на годините. И кога сме веќе на оваа тема, што мислите, дали ќе ги имавте истите пријателски и љубовни врски доколку се запишавте во друг клас во средно училиште или пак, ако одбравте друга насока на факултет?rnrnНајпознатите неромантични теории за љубовтаrn

    4. Клонираната привлечност

    rnДали спротивностите се привлекуваат или пак птиците со исти пердуви се оние кои завршуваат заедно? Истражувањата покажале дека втората теорија почесто се сретнува во пракса. Луѓето повеќе ги привлекуваат оние кои се многу слични на нив, започнувајќи од карактерот, религиозноста, па сѐ до физичкиот изглед. И паровите кои се послични според овие категории, најчесто се и посреќни во врската. Една неофицијална студија, која ги истражувала врските на славните личности покажала интересни резултати кои ја поддржуваат оваа теорија. Тоа истражување можете и вие во било кое време да го повторите. Пронајдете ја љубовната историја на вашите омилени славни личности и пробајте да забележите дали нивните најдолги врски биле со личност слична на нив или пак со некоја сосема различна.rnrnНајпознатите неромантични теории за љубовтаrn

    5. Равенката на посветеноста

    rnКолку сте посветени вие на вашиот/вашата партнер/ка? Истражувањата покажуваат дека посветеноста најчесто зависи од 3 фактори:rn

      rn011

    • Колку се инвестирате себеси во вашата врска?
    • rn011

    • Колку добивате од вашата врската?
    • rn011

    • Дали имате привлечни алтернативи надвор од врската?
    • rn

    rnКерил Расбалт го создала моделот на инвестирањето така што го истражувала патот по кој се движеле врските на студенти од колеџ. Според статистичките анализи, наредниве неколку варијабли се појавиле како најсилните уникатни предикции за посветеноста:rnrnПосветеност = инвестирање + (добивки – губитоци) – атрактивни алтернативиrnrnМоделот на инвестирањето е од голема помош при објаснување на најголемиот љубовен проблем – зашто луѓето одлучуваат да останат во врска во која се несреќни? Тие можеби се спречени од децата, финансиската зависност или пак едноставно немаат доволна екстерна социјална поддршка. Исто така оваа равенка може да објасни и зошто оние кои имаат голем број на атрактивни алтернативи имаат проблем со одржувањето на посветеноста кон само еден партнер.rnrnНајпознатите неромантични теории за љубовтаrnrnИ покрај тоа што само една теорија не може целосно да го долови ова комплексно доживување, научните студии за љубовта немаат намера да ја намалат нејзината „магија.“ Нивната цел е да ни помогнат да сакаме помудро и да имаме поголемо почитување и разбирање кон социјалните, биолошките и културните сили кои ги обликуваат одлуките кои секојдневно ги донесуваме.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растеме

    Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растеме

    Гените играат поголема улога во детерминирање на клучните делови од карактерот, како социјалните способности и способноста за учење отколку воспитувањето од нашите родители – велат истражувачите. Природата е „виновна“ за вашиот карактер, воспитувањето скоро и нема никаква улога, карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме… Добиените резултати се сосема спротивно од она што досега се верувало помеѓу психолозите, дека околината во која растеме игра поголема улога од генетиката во обликување на нашиот карактер.rnГените го одредуваат карактерот, не околината во која растемеИстражувачите од Универзитетот Единбург кои ја спровеле оваа студија на повеќе од 800 еднојајчани и двојајчани близнаци за да ги откријат ефектите на гените, сакале да дознаат дали тие имаат некаква улога во успешноста на луѓето во животот. Близнаците се многу корисни во ваков вид студии, бидејќи покрај тоа што растат во иста околина, тие исто така и ги делат истите гени.rn

    rnrnНа учесниците во истражувањето им биле поставувани одредени прашања: „Како се перцепирате себеси и луѓето околу вас?“, „Дали лесно потпаѓате под влијание на луѓе со цврсти ставови?“ Потоа нивните одговори биле проучувани според добро познати психолошки скали, дизајнирани за детектирање на различни видови психолошки црти кај секоја личност посебно.Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растемеИстражувачите откриле дека еднојајчаните близнаци имале два пати повеќе шанси за делење на истите психолошки црти и карактеристики, отколку двојајчаните – што укажува дека нивната ДНК го има „последниот збор“ во оваа дебата. Генетиката се покажала како највлијателна за самоконтролата, социјалните способности, способностите за учење, како и за решителноста. Професорот Тимоти Бејтс, кој ја водел оваа студија вели:rn

    rn
    rn

    „Претходно, улогата на фамилијата и околината околу домот честопати доминираше кај размислувањата на луѓето за што влијае врз психолошката благосостојба. Но, оваа студија покажа многу помоќно влијание од страна на генетиката.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Виртуелни ликови, замислени светови – фејсбукманија!

    Виртуелни ликови, замислени светови – фејсбукманија!

    Сте се запрашале некогаш дали еден неверојатен изум каков што е интернетот, кој воедно ни е многу лесно достапен на сите, знаеме правилно да го користиме? Какви чуда ни се достапни, знаењето ни е буквално дадено на чинија, а ние што правиме? Си се рекламираме на Фејсбук… па тоа е жалосно!Виртуелни ликови, замислени светови – фејсбукманија!Да, навистина, многумина од нас ќе прочитаат корисни работи, ќе ги надополнат своите општи познавања, ќе стапат во контакт со стари познаници, колеги, далечни роднини… но други едноставно, се рекламираат! Социјалниве мрежи станаа агенции за рекламирање, место и простор каде луѓето си лечат комплекси, си ја зголемуваат својата вредност. Најстрашно од сè е тоа што се заразни, се „лепиш“ за нив и не можеш да се тргнеш, како мафија се, нема излегување штом еднаш си влегол. Колку луѓе познавам што си го блокирале профилот, па се вратиле назад за кратко време.rnrnСоцијалните мрежи се корисни, и тоа како, но сè додека не „забегаш“ во некои глупави размери, сè додека знаеш која им е целта и зошто служат. Да се разбереме, постојат луѓе кои буквално се хранат со лајкови, внимание, „популарност“ и сл. Не дека се свесни за фактот што никој подалеку од нивниот нос всушност не ги знае, ама нема врска. Всушност, зошто би им се радувала на лајковите за моето фотошопирано лице и тело, кога знам дека не е такво кога ќе се погледнам во огледало? Која е целта? Кое е задоволството во целата оваа крајно глупава работа? Дали е тоа психолошка појава? Дали на оние со ниско ниво на самодоверба им треба внимание? Како всушност може лајкот да ти е доказ дека си убав/а? Според тој фамозен лајк, гледаме колку нешто е популарно, успешно, прифатено од околината, без разлика дали станува збор за одредена песна, слика, филм, личност и сл. Ми се чини дека лајкот стана мерило ама баш за сè. Колку само лицемерие се крие зад тие лајкови на ФБ!rnrnСпоред мене, редно е сите тие убавици, принцезички, популарни женски, мафијаши, лоши типци… (сето тоа во големи наводници), да ја напуштат пештерата на виртуелниот свет и да го видат вистинското околу нив. Она за што вреди да се живее, луѓето кои им значат и ги сакаат, местата кои треба да ги посетат, убавините кои треба да ги видат, со еден збор, вистинскиот живот кој треба да го живеат.rnrnДа, јас сè уште си вадам слики на „старовремскиот“ начин, и кога ги гледам, им се восхитувам на прекрасните спомени, ретко кој знае да ги цени сликите откако почна сè и сешто да се постира на интернет. Да, јас сум корисник на социјална мрежа (би била хипокрит ако не го спомнам ова), претпоставувам дека заразата брзо се шири, само што има разлика од корисник до корисник. И уште една потврда, да, мислам дека тинејџерките, наместо да се натпреваруваат која повеќе лајкови ќе собере, треба малку да излезат на дневна светлина и да си го разбистрат мозокот.rnrnЦелава филозофија на социјалните мрежи, е всушност многу интересна работа. Затоа што нашите животи се здодевни, баш супер што ни обелодени каде си, со кого си, што правиш, и се разбира, како си облечена. Од кожа ме вади мафијашкиот став на „јаките типови“ високи метро и желба за растење, прашина се крева околу нив… секој со својот филм, секој со својата мака. Има 12 години, нејзиниот коментар на слика е: „тс срц, поз кис муа!!!“… Баш супер, од сите тие кратенки наскоро ќе заборават да го зборуваат сопствениот јазик.rnrnДруго што ќе сретнете? Премногу работи, како на пример позајмени статуси и паметни мисли (ти си мислиш не знам колку се опаметила од последниот пат кога сте се виделе, ама отвора уста и сепак сфаќаш дека препишувала сè што ù звучело паметно), постирани песни (не дека знае што значат нивните текстови, ама некој ги објавил)… лајкови, лајкови, лајкови и по некој коментар… rnrnСлаби девојки кои од нигде–никаде добиваат облини, луѓе кои не знаат два збора да сврзат во живо, а на ФБ би напишале есеј, типови со приближна тежина на комарец кои одеднаш набиваат мускулна маса… Има да се информирате кој кого сака, кој кого „почитува“, кој ја прекинал љубовната врска, а кој започнал нова… Сè така во круг, глупави умови, плитки мисли, со еден збор ситуација рамна на катастрофа. Како се создаваат „пријателства“ на ФБ? Многу „логично“, тој ти е „пријател“ зошто го знае другиот пријател на 3-от братучед на твојот пријател.rnrnПа си велам, дали јас полека, но сигурно се претворам во оние тивки набљудувачи и иронични коментатори? Во секој случај, барем успешно го прикривам тоа… или го прикривав, сеедно.rnrnДраги мои, светот пребродел сè, секакви болести и зарази, на почеток опасни, ама сепак им го нашле лекот. Помисливте дека можеби сидата или ракот се болести на 21-от век? Не лажете се, поголема болест од сè ова горе наведено, мислам дека човештвото нема да доживее повторно. Затоа што психичките болести се многу полоши од физичките. Убаво си рекле луѓето, од умот си патиме.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Темно, горко и јако

    Темно, горко и јако

    Кога е здодевно се вртат и по малку глупави муабети, колку да ти мине времето. Се излежаваме кај Ена дома, ми се чини дека цел ден го поминавме така „оптегнати“ насекаде низ нејзината соба. Па добро, се прашувам, како е можно најјаките муабети да ни текнуваат на места каде не можеме слободно да зборуваме? А во вакви околности, ништо ич!Темно, горко и јакоЕ сега, од нигде–никаде ù текнува на Кики Карамел, да нè праша какво кафе пиеме. Но не само горко, благо или средно, туку сè во детали. Го пиеш жешко, ладно, со млеко, или со некаков засладувач? Навечер, насабајле, колку кафиња дневно пиеш, во друштво или сам? Бог да чува, што треба сега ова да значи? Кики ни е една од најпаметните во друштвото, без неа дури и плаќање сметка во кафуле станува вистинска конфузија. Па си велам, за ова прашање мора да постои некаква јака психолошка основа.rnrnНи на крај памет – какво си го пиел кафето, таков си бил во сексот! Што е следно, како ги јадеш шпагетите, таква ќе ти биде иднината? Можеби ги јадеш со вшмукување или пак ги загризуваш? Не знам од каде го чула овој „психолошки“ тест, ама добар е за „бош“ муабети. А чекај, тогаш што значеше тоа дали го пиеш во друштво или сам? Направивте обичното пиење кафе да се граничи со перверзност! Сега секогаш кога ќе си направам кафе, ќе си мислам што ми се „сака“ во моментот и зошто баш такво сум го направила? Не знам дали Кики ја постави темава само за да се пошегува со нас или да ни ги открие нашите „најскриени тајни“. Што значеше ако го пијам жешко и горко? Навистина? Епа се премислив, не го сакам такво! А ако сакаш инстант кафе две во едно, си бисексуалец?! Ајде сега да те видам кажи дека кафето го пиеш со многу шлаг-пена одозгора!rnrnИ не е само ова, слободно пребарајте на Гугл, има да најдете еден куп слични тестови. Ајде сега замисли си коцка. Ја замисли? Каква е, опиши ја коцката. ОК, тоа значи дека ти си таков, таков и таков човек. Ма немој, сето тоа според коцката која си ја замислив? Експерти! А ако утре ми текне да си ја замислам поинаку? Само си ги лажеме умовите. За некој да открие каков си психички, би требало истиот тој човек да биде психијатар, со диплома, да се разбира од човековата психа, зашто секој си е различен и свој. Ама не, во нашево општество ако одиш на психијатар си „мрднат“. Во ред, тогаш седете си дома, гледајте си на кафе, и муабетете за некакви бабини деветини и суеверија, па бидете нормални! Од толкав страв да не испаднеш ненормален пред другите, твоето скриено лудило сè повеќе расте.rnrnДојде време на самопрогласените експерти, секој е тоа што сака да биде без ни малку труд. Да, јас навистина верувам дека и во нашите најобични постапки се крие некакво психолошко значење, ама погрешно го толкуваме, даваме значење на погрешни работи. Не да се сконцентрираме на тоа што можеме да направиме денес за да си го подобриме животот, ние ќе останеме цел ден дома и ќе безделничиме зашто сме сонувале лош сон. Самите сме си саботери, ние си се уназадуваме, никој друг не ни е пречка. Во 21-век, кога за толку многу работи постојат докази и научни истражувања, кога имаме одговори за многу прашања, ние го величиме суеверието.rnrnВо минатото луѓето биле суеверни бидејќи врска немале зошто врне, или од каде доаѓа грмотевицата. Епа кое е тогаш нашето објаснување, зошто сме ние суеверни? Науката докажала дека може човек да биде полубуден во фаза на заспивање и да биде парализиран, ама не, нејзината баба кажала дека во тој случај ја „газат“ сенки. Абе биди свесна додека си будна и пази како одиш по улица да не те згазне камион, тоа е лошото.rnrnТопло ве поздравувам, и ви велам внимавајте какво кафе пиете на првиот состанок, каква храна јадете и на која страна од масата се навалувате, можеби вашиот партнер потајно ви прави психоанализа. И немој попладнево да сте метеле низ дома, зашто може никој да не сака да ве земе за жена. :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчестите психолошки нарушувања

    Најчестите психолошки нарушувања

    Сите би се согласиле со тврдењето дека денешниот „модерен“ живот е многу тежок. Секој на сосема поинаков начин се соочува со потешкотиите и проблемите на кои секојдневно е изложен. Понекогаш, од често за нас необјасниви причини, се појавуваат промени во нашето расположение и однесување кои многу брзо поминуваат. Но, доколку тие промени почнат да влијаат на начинот на кој го живееме нашиот живот, тогаш големи се шансите да дошло до појава на некој вид психолошко нарушување. Погледнете ја оваа кратка листа на најчестите нарушувања и размислете дали можеби сте забележале некои симптоми кај вас или кај некој ваш близок…rnrnНајчестите психолошки нарушувањаrnrnДепресивно расположение – состојба на намалено расположение кое најчесто е проследено со безволност и безиницијативност. Препознатливи симптоми на ова нарушување се интензивни чувства на тага, немање волја за живот и губење на апетитот.rnrnЕуфорија и манично расположение – состојба на зголемено расположение. Симптомите на ова психолошко нарушување се немотивирана веселост, обземеност со мегаломански или експанзивни идеи. На кратко, личноста без никаква причина е хиперактивно пресреќна.rnrnАнксиозност – доживување на непријатна внатрешна напнатост која е проследена со чувство на непријатност, неодреден страв, исчекување на нешто непријатно и необјаснива загрозеност. Многу често се појавува паралелно со депресијата.rnrnНајчестите психолошки нарушувањаrnrnНапади на паника – синдром на повремени и временски ограничени, ненадејни и нагли напади на интензивен страв, исчекување и ужас. Проследена е со многубројни физички феномени меѓу кои доминира тахикардијата. Нападот на паника најчесто се јавува кога личноста „претчувствува“ несреќа во блиска иднина.rnrnАфективна раздразливост – зголемена моментална реакција која личностите едноставно не можат да ја контролираат. Таа настанува како последица од ниската емоционална толеранција на фрустрациите.rnrnФобично анксиозно нарушување – се карактеризира со интензивно чувство на страв кое ги надминува границите на потребите на дадената ситуација. Личностите кои го имаат ова нарушување, откако ќе се соочат со стравот, во иднина прават сè што е во нивна моќ за да ја избегнат таа непријатна ситуација. Во краен случај ова однесување може да доведе и до агорафобија – страв од отворен простор и сè она што е поврзано со него (целосно затворање во домот и појава на сериозни напади на паника доколку се излезе на отворено).rnrnНајчестите психолошки нарушувањаrnrnОпсесивно-компулсивно нарушување – се карактеризира со несакани и повторувачки мисли, чувства, идеи, импулси (опсесии) или однесувања кои ве тераат да направите одредено нешто (компулсии). Многу често личноста со овој вид нарушување смислува свои ритуали кои ù помагаат за момент да се чувствува подобро. Но, доколку таа не е во можност да го заврши својот ритуал, моментално доаѓа до појава на сериозна анксиозност проследена со многу негативни чувства.rnrnПострауматско стресно нарушување – одложен и/или продолжен одговор на стресна ситуација која на некој начин силно ја загрозила личноста. Се карактеризира со епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавањето преку „флешбекови“, лоши соништа или ноќни стравови.rnrnПарасомнии – во оваа категорија на нарушувања спаѓаат одењето во сон, ноќните стравови (оние кои страдаат од ова нарушување нагло стануваат од кревет со паничен вресок и плач, често трчајќи накај вратата како да сакаат да побегнат) и кошмарите (повторувачки застрашувачки соништа исполнети со екстремна анксиозност и/или страв кои доведуваат до целосно будење, при што личноста се сеќава во неверојатни детали на целата содржина од сонот).rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Комплексноста на светот преку уникатни фотографии

    Комплексноста на светот преку уникатни фотографии

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnТатјана Плахова е млад талентиран уметник од Москва која што има две сосема различни професии. Откако магистрирала на социјална психологија, се запишала на Високата академија за графички дизајн во Москва за да може да се занимава со нејзината најголема страст – фотографијата. Таа многу умешно ги соединува знаењата од двете области и создава уметност која не може да се спореди со ничија друга.Комплексноста на светот преку уникатни фотографииТатјана смета дека светот се развива во насока на културна комплексност, па токму преку своите дела се обидува да ја прикаже разновидноста на опкружувањето во кое живее, црпејќи инспирација од најразлични извори – релјефот, фолклорните елементи, геометријата, па дури и биологијата.Комплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни факти за човековата психологија

    10 интересни факти за човековата психологија

    Секој човек е различен на свој начин и различно реагира во дадена ситуација. Иако постојат голем број стереотипни размислувања, сепак некои работи можат да се издвојат како докажани и општо важечки. Ова се 10 интересни факти кои се поврзуваат со природата на двата пола.rnrn10 интересни факти за човековата психологијаrnrn1. Мажите се премислуваат два или три пати повеќе од жените. На повеќето жени им е потребно многу подолго време за да одлучат нешто, но штом го сторат тоа, тие се држат до истото.rnrn2. Според просекот на сите луѓе кои досега направиле тест на интелигенција, откако тие постојат, жените имаат малку поголем коефициент на интелигенција од мажите.rnrn3. Жените полесно помнат фаци од мажите, особено женски ликови.rnrn4. Мажите почесто помагаат отколку жените.rnrn5. Жените се попестимични од мажите во очекувањето успешни резултати од својата работа.rnrn6. Повеќето жени веруваат дека умеат успешно да извршат одредени задачи, но не сметаат дека се способни да направат сè.rnrn7. Жените се позагрижени и поплашливи од мажите.rnrn8. Жените се двојно позборлести од мажите. Во просек мажите кажуваат 12.500 зборови, додека жените 25.500 зборови на ден.rnrn9. Во просек мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди.rnrn10. Женскиот мозок е повешт во читањето фацијални експресии и емоционални изрази. Жените тврдат дека голем број од мажите, сè додека не видат дека почнуваат да течат солзи, не сфаќаат дека нешто не е во ред.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)

    Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)

    ТВ серија за двојниот живот на една легална проституткаrnrnТајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Главни улоги: Били Пајпер, Идо Голдберг, Шери Лунги и Ешли МедекrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Луси ПреблrnrnПремиера: 27 септември 2007rnrnБрој на сезони: 4rnrnСтатус: завршенаrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrn————————————————————————————————————————————————–rn„Тајниот дневник на една колгерла“ е британска ТВ серија, која е различна од сето она што досега сте го виделе. Приказната е базирана на реални дневници на една легална проститутка чиј идентитет бил непознат. Но, на 15 ноември 2009 година, авторката на дневниците „Интимните авантури на лондонската колгерла“, потпишана како Бел ду Жур, чии спомени се искористени како основа за сценариото на оваа ТВ серија, открила дека нејзиното вистинско име е Брук Магнанти, истражувачки научник и бивша проститутка од Бристол. Во серијата очекувано има многу секс: нежен, груб, чуден, перверзен, емотивен, а ќе видите и многу голи мажи и жени, тројки, четворки и ред други ситуации кои никогаш не би ви паднале на ум.rn————————————————————————————————————————————————–rnТајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Приказна: Пред нејзиното семејство и пред пријателите, таа е Хана, обична девојка со завршени политички студии, која наводно работи како легална секретарка во трета смена, а во текот на денот ужива живеејќи го нејзиниот „нормален“ живот. Но, пред нејзините клиенти, таа е Бел ду Жур (фран. Убавицата на денот), легална проститутка која ќе им ги исполни сите нивни фантазии за големо купче пари.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Првата работа која што треба да ја знаете за мене е дека сум ку*ва. Јас сум од многу висока класа, што значи дека наплаќам по час. А наплаќам многу.

    rnНејзин најголем предизвик во животот ù е да ги одвои двата паралелни животи кои ги живее. Таа работи како колгерла бидејќи многу ги сака сексот, парите и сака да си биде сама своја газдарица. Најголемиот дел од нејзиното слободно време, Хана го поминува со нејзиниот најдобар другар Бен, со кој порано била во врска.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Придружничка, ку*ва, проститутка… Не ми е битно како ќе ме нарекувате. Тоа е само семантика.

    rnТајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)И покрај тоа што сексот е застапен во секоја епизода, централниот фокус на серијата е поставен во психологијата на личноста на Хана, нејзината борба сама со себе, да успее да води паралелен живот, притоа не откажувајќи се од работата која ја исполнува, ниту од нормалниот живот на една девојка.rn.rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Се трудам да бидам како сите други. Јас едноставно не сум од оној тип девојки кои работат нормална работа.

    rnТајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Правило број 4: хигиена, мојата и неговата. Секогаш користам машки деодоранс, никогаш не ставам парфем. Еден професионалец никогаш не би дозволил неговиот клиент да си замине мирисајќи на жена.

    rn

    .rn

    rnМожеби голем дел од гледачите не можат да се пронајдат во ликот на Бел, проститутката на која никогаш не и е доста од секс, но дефинитивно можат да се поистоветат со другиот дел од нејзината личност – Хана, интелигентна и емотивна, со длабок, комплексен карактер, која како и секоја друга млада девојка има потреба од дружење и љубов.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).rn

    Бел (им се обраќа на гледачите): Лоцирајте ги лифтовите, тивко поминете покрај рецепцијата. Изгледајте како да знаете што правите таму. Одете брзо. Не привлекувајте премногу внимание. Изгледајте волшебно, но бидете лесни за заборавање. Исто така, треба да знаете дека ова, не сум вистинската јас.

    rnКога и како да ја гледате: поради специфичното сценарио на „Тајниот дневник на една колгерла “, серијата ќе има најголем ефект врз вас доколку ја гледате навечер и тоа неколку епизоди одеднаш, што и не претставува некој проблем бидејќи една епизода трае 22 минути, а серијата е многу „заразна“.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Интересен податок: Британската глумица Били Пајпер, која го портретира ликот на Бел ду Жур во серијата, вели дека ужива во улогата на најпознатата колгерла, но и пречи што луѓето честопати мислат дека таа е проститутка и во реалниот живот. „На улица добивам разни чудни погледи од постарите. Некои од нив мислат дека сум вистинска проститутка. Јас им велам: не, јас сум актерка која игра проститутка“ – вели Пајпер. Пајпер, која е мажена со актерот Лоренс Фокс и со кого има син, вели дека не е сигурна оти играњето на улогата во контроверзната серија и се исплатело. Нема потреба да коментираме дека актерката одлично си ја завршила нејзината работа во серијата, нели?!rnrnСлични серии: „Буквата Л“, „Која Саманта?“, „Да се биде Ерика“