Секој кој има желба да пишува би требало максимално да го искористи својот талент. Но, доколку не сте по креативното пишување, постојат ментални и физички придобивки дури и од пишувањето за вашиот живот, како на пример водење дневник или блог. На тој начин можете да си ги подобрите и здравјето и психолошката благосостојба.rnrn
rnrnРазлични форми на пишување покажале подобрување во учењето, намалување на анксиозноста, полесно справување со траума, подобрување на физичкото здравје, како и различни видови подобрувања на социјалното и бихејвиоралното поле.rn
Пишувањето го подобрува процесот на учење
rnПишувањето е одличен начин да го задлабочите вашиот мозок во материјалот кој се обидувате да го научите. Oваа техника помага да се зацврсти сфаќањето на поголема содржина откако ќе ги затворите своите забелешки и кога ќе се обидувате да се потсетувате на информациите кои сте ги научиле со ваши зборови, а не само на факти кои се повторуваат. Исто така доколку студентите се поактивни во изработката на трудовите, тоа ќе им помогне да бидат подобри и попрактични во разбирањето на она што треба да го научат.rn
Пишувањето ве ослободува од анксиозност
rnИстражувачите веруваат дека зголемената анксиозност и стрес може да влијае многу на вашата работна меморија и да ги намали менталните ресурси кога ви се најпотребни. Со писменото опишување на вашата анксиозност ќе се ослободите од некои грижи и ќе ја подобрите вашата работна меморија за да можете полесно да се фокусирате на одредени задачи. Беилок, кој го водел истражувањето на оваа студија вели:rnrn
„Всушност, ние мислиме дека овој вид пишување ќе им помогне на луѓето да ги остварат своите најдобри перформанси во различни ситуации преполни со притисок – без разлика дали станува збор за голема презентација пред еден клиент или говор пред поголема публика.“
rnrn
Пишувањето може да ви помогне во надминување на трауматски искуства
rnИстражувачите имаат теорија дека експресивното пишување може да биде од голема корист по некои потешки искуства. Како прво, пишувањето за вашите трауматски настани може да ви помогне да се соочите со претходно потиснати емоции, кои можат да бидат голем товар за телото и умот доколку продолжите да ги игнорирате. Како второ, експресивното пишување може да доведе до некои поврзани случувања од минатото кои ќе ви помогнат да ги реорганизирате и структурирате трауматските сеќавања, резултирајќи со поадаптивна интерна шема.rnrnЕкспресивното пишување најчесто се објаснува на следниов начин:rnrn
„Во следните 4 дена, пишувајте за вашите најдлабоки мисли и чувства поврзани со најтрауматичното искуство во целиот ваш живот или пак, за екстремно важен емоционален проблем кој постојано влијае на вас и вашиот живот. Во пишувањето слободно целосно опуштете се и истражувајте ги вашите најдлабоки емоции и размислувања. Можете дури и да ги поврзете темите на пишување со вашите врски со луѓето околу вас, вклучувајќи ги родителите, партнерите, пријателите или роднините; со вашето минато, сегашност или иднина; или пак, со тоа какви сте биле, какви сакате да бидете или какви сте во овој момент. Можете да пишувате за истите генерални проблеми и искуства во текот на сите денови или за различни теми секој ден. Целото ваше пишување ќе биде комплетно доверливо. rnrnИсто така не грижете се за печатните, граматичките или грешките во структурата на речениците. Единственото правило е: штом почнете да пишувате, продолжете сè додека не ви истече времето.“
rnСпоред истражувањата, овој вид изразување има значајни емоционални придобивки. Експресивното пишување покажува долготрајни ефекти во:rn
rn011
- Подобрување на расположението
rn011
- Подобрување на психолошката благосостојба
rn011
- Намалување на симптомите на депресија
rn011
- Намалени пост-трауматски доживувања и симптоми на избегнување на проблемот
rn011
- Намалување на пост-трауматското стресно пореметување
rn
rnrn
Пишувањето го подобрува и вашето физичко здравје
rnСе разбира дека доколку имате сериозна медицинска ситуација, не смеете да прекинете да се консултирате со доктор или да се откажете од веќе препишаниот третман. Но, сепак добро е да знаете дека пишувањето игра позитивна улога во зголемување на вашето физичко здравје. Експресивното пишување може да ви помогне и на оваа тема, бидејќи на тој начин ќе го намалите нивото на стрес во вашето тело и ќе го подобрите целосниот имунитет.rn
Пишувањето може да помогне при снаоѓањето во одредени социјални и бихејвиорални ситуации
rnПишувањето покажува зголемени академски достигнувања, како и зголемени перформанси во спортот, на работа и во други социјални и бихејвиорални интеракции. Експресивното пишување може да ви помогне дури и при собирање храброст во пристапувањето на онаа личност која ви се допаѓа веќе подолго време. Преку пишувањето, ние ги ослободуваме мислите и чувствата и поради тоа можеме полесно да реагираме во одредени ситуации бидејќи не сме „заглавени“ во нив.rn
Вежба: Пишувајте по 15 минути секој ден, една недела
rnДоколку веќе немате навика редовно да пишувате, започнете со барем 15-тина минути секојдневно пишување во текот на една недела. Пишувајте за вашата анксиозност, грижи и немири кои во тој момент ги чувствувате. Пишувајте за какви било проблеми низ кои поминувате и како би можеле да ги решите.rnrnПробајте да пишувате цели 15 минути, без пауза и потоа на крајот од неделата прочитајте го сè она што сте го напишале. Последниот ден од неделата направете кратка содржина на вашето пишувачко искуство и напишете дали почувствувавте некакви придобивки. Доколку откриете дека оваа вежба ви е од корист – продолжете да ја практикувате и понатаму.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.