КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Се прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!

    Се прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!

    Луѓето често велат дека секоја слика, секоја песна, секој роман или секоја песна е на некој начин за љубовта. Љубовта е централна тема во уметноста и во нашите животи. Во продолжение прочитајте кои се најдобрите книги кои можат да ви помогнат да ја сфатите психологијата на љубовта и да разберете како функционира и што таа претставува за човекот.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

    Зошто сакаме – Хелен Фишер

    rnКритичарите ја нарекуваат оваа книга „револуционерно истражување на нашата најсложена и мистериозна емоција“. Оваа книга всушност ги претставува резултатите од студијата во која Хелен Фишер ги скенирала мозоците на луѓето кои тукушто се заљубиле и таа докажала дека одредени области на нашиот мозок се активираат кога го доживуваме ова чувство. Таа објаснува што доживуваме кога се заљубуваме, зошто избираме одредена личност и како романтичната љубов влијае на сексуалниот нагон и на чувствата на приврзаност кон партнерот.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

    Новата психологија на љубовта – Роберт Ј. Стернберг, Карин Стернберг

    rnВо оваа прекрасна книга, авторите ги анализираат мислењата од десетина стручни соработници за да го решат прашањето за дефинирање на љубовта. Тука ќе најдете многу научно-докажани факти за љубовта.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

    Општа теорија на љубовта – Томас Луис, Фари Амини, Ричард Ланон

    rnОваа книга се базира на најновите научни истражувања во однос на тоа како функционираат врските, како навистина функционира психотерапијата, како родителите влијаат врз развојот на децата и ни нуди нова перспектива за човечката интимност.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

    Како да ја добиете љубовта што ја посакувате – Харвил Хендрикс

    rnОваа книга за прв пат била објавена во 1988 година и им помогнала на милиони парови. Авторот, Харвил Хендрикс, ја создал Imago Relationship Therapy, која се заснова на различни дисциплини како што се гешталт терапија и когнитивна терапија.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

    Седум правила за успешен брак – Џон Готман, Нан Силвер

    rnМногу луѓе би можеле да кажат дека д-р Џон Готман направи револуција во проучувањето на бракот затоа што ги проучувал навиките на брачните парови со невидени детали во текот на многу години. Оваа книга е всушност кулминација на неговиот животен труд и содржи 7 правила кои можат да доведат до хармоничен и здрав однос.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rn

    Држи ме цврсто: Седум разговори за живот полн со љубов – Сју Џонсон

    rnВо оваа книга, д-р Сју Џонсон за прв пат ја претставува емоционално фокусираната терапија на пошироката јавност, техника опишана од страна на магазинот „Њујорк Тајмс“ како најуспешна терапија за парови. Оваа книга е лесна за читање и е разбирлива и за стручните лица и за луѓето кои се заинтересирани да ја подобрат својата врска.rnrnСе прашувате како функционира љубовта? Овие книги го содржат одговорот!rnrnОткако прочитавте кои книги можат да ви помогнат подобро да ја сфатите љубовта, можеби ќе сакате да откриете и кои безвременски љубовни романи вреди да ги прочитате барем еднаш во животот.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Знаци што ги занемарувате, а кои покажуваат дека пред вас е голема промена

    Знаци што ги занемарувате, а кои покажуваат дека пред вас е голема промена

    Вашиот живот е монотон во последно време… Честопати се чувствувате како да сакате да се откажете од сè, да кренете раце и да се помирите со нештата. Всушност, постојат големи шанси да сте блиску до промената што ви е потребна. Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа…rnrnЗнаци што ги занемарувате, а кои покажуваат дека пред вас е голема променаrn

    Се чувствувате изгубено

    rnСметате дека вашиот живот нема смисла. Се обидувате да го пронајдете својот пат, но не ви е јасно каде одите и кој е вашиот следен чекор. Се чувствувате како да пропаѓате, како на пример да скокате од авион, а не знаете дали ќе ви се отвори падобранот. Тоа е знак дека сепак се движите напред.rn

    Долго време сте сами и сè ви е здодевно

    rnПоминавте многу време со себе, разбирајќи ги своите потреби, слаби и силни страни, откривајќи и прифаќајќи ги сопствените чувства. Долго време сте сами, па затоа сега се чувствувате подготвени да се отворите кон другите и да започнете да градите здрави врски.rn

    Прифативте нов предизвик, но не успеавте да го спроведете докрај

    rnНеодамна се соочивте со неуспех, ама не се обидовте да се утешите самите себеси поради тоа. Сепак, не ни ви треба утеха. Доволен е фактот дека се осмеливте да го прифатите предизвикот.rn

    Разочарани сте од себе

    rnСе сакате себеси, но понекогаш знаете и да се разочарате од себе, а тоа значи дека не сакате да се гледате себеси како жртва. Ги препознавате начините на кои би можеле да бидете подобри и сфаќате дека можностите за промена лежат во вас, а не надвор од вас. На чекор сте да преземете акција кон откривање на тие можности.rn

    Не ве усреќува она што сте го реализирале

    rnИмате прекрасен/на партнер/ка, ја работите работата од вашите соништа, а сепак не се чувствувате исполнето. Се наоѓате во период од животот кога сфаќате дека чувството на исполнетост е резултат на низа произволности. Вие знаете што е навистина важно во вашиот живот. Незадоволството што го чувствувате е можност да почнете да посветувате повеќе внимание на она што ви значи.rn

    Неуморно работите на нешто што (сè уште) не се исплаќа

    rnСе вклучивте во проект што сè уште не води никаде. Сепак, фактот дека напорно работите кажува многу – свесни сте дека успехот не доаѓа преку ноќ и упорни сте во ситуација кога некој лесно би се откажал. Само така продолжете.rn

    Вашите чувства се менуваат

    rnКога сте психолошки стабилни, умот престанува да го потиснува она што би можело да биде болно, па така не се чувствувате загрозено – знаете како да се соочите со чувствата и како да ги прифатите. Вие сте доволно зрела и стабилна личност.rn

    Им дозволувате на другите да ви помогнат

    rnИм дозволувате на другите да бидат дел од вашата борба, барате помош и поддршка од нив, а тоа го прават луѓето кои можат да ги прифатат своите слабости.rn

    Вршите селекција на советите што ги добивате

    rnОтворени сте за совети и насоки, но не ги следете сите. Го примате она што ви делува разумно и применливо и што одговара на вашата чувствителност како и начин на сфаќање. Знаете како да го препознаете тоа што ви е потребно, а тоа значи дека знаете што сакате и каде да се упатите за да го добиете.rn

    Го сакате тоа што сè уште го немате

    rnМожеби во вашиот живот има голема празнина на чие место би требало да има блиска врска или работа што сакате да ја работите. Едно е сигурно – луѓето кои го добиваат она што го посакуваат во животот се оние кои се навистина желни за тоа и не се откажуваат од потрагата.rnrnОткако прочитавте кои се знаците што покажуваат дека ве очекуваат промени, ви препорачуваме да ги усвоите и овие лекции што ќе ви го променат животот.

  • Што секој хороскопски знак треба да знае кога се чини дека нема светло на крајот од тунелот?

    Што секој хороскопски знак треба да знае кога се чини дека нема светло на крајот од тунелот?

    Никој од нас не треба да ги занемари сопствените способности и доблести кога се чувствуваме дека сме заглавиле и дека нема излез од проблемот. Еве како да се охрабри секој хороскопски знак.rnrnШто секој хороскопски знак треба да знае кога се чини дека нема светло на крајот од тунелот?rn

    Овен

    rnКога се чувствувате како да сте сами против сите, сетете се дека сте роден борец! Со вашиот знак владее планетата Марс, па така вие го носите неговиот огнен дух во своето срце, дури и во најтешките моменти. Веќе сте преживеале толку многу работи, сте победиле во многубројни битки, па можете да извојувате победа и во оваа. Запалете го факелот на Марс во вашето срце и само така продолжете.rn

    Бик

    rnНе дозволувајте гордоста и тврдоглавоста да ве спречат да се поврзете со луѓето (кои инаку ве сакаат и ве поддржуваат) и да побарате помош од нив кога сметате дека околностите се надвор од вашата сила и разбирање. Имате прекрасни пријатели и блиски луѓе околу вас кои го составуваат кругот на вашата поддршка. Доволно е да им кажете што ве мачи.rn

    Близнаци

    rnКога се соочувате со некаков проблем, инстинктивно се обраќате кон некого за помош бидејќи верувате дека две глави секогаш мислат подобро од една. Ова честопати е сосема точно, но понекогаш повеќе мислења можат да дадат спротивставени одговори па затоа треба да се фокусирате на сопствените чувства, интуицијата и да го следите гласот на своето срце за време на кризна ситуација. Одговорите на најважните прашања лежат внатре, во вас.rn

    Рак

    rnВерувате дека ѕидовите со кои сте се опкружиле ќе ве заштитат од ударите на животот, но тоа само ве прави да се чувствувате осамено додека ја водите сопствената битка за преживување. Кога ќе почнете да чувствувате дека животот е борба за која веќе немате сила и која ве исцрпува безмилосно, време е да го спуштите штитот и да стапнете во непознатото. Морате да ризикувате и да се отворите себеси, да ги искажете вашите потреби, да побарате внимание, помош, почит – бидејќи другите не знаат што ви треба доколку вие самите не се изјасните. Можеби ќе се изненадите кога ќе сфатите колку е поефикасно да бидете отворени кон другите отколку да се затворате во себе.rn

    Лав

    rnНе дозволувајте поради потребата да бидете во центарот на вниманието, да бидете главни, видени, почитувани, славни, богати – да го изгубите фокусот на она што е навистина важно. Дури и на најхрабрите лидери им треба одмор и релаксација, затоа препуштете си момент кога ќе се повлечете од сцената и ќе најдете време за да бидете загрижени, тажни, повредени. Не мора секогаш да ја држите главата високо и да се преправате дека сè е под контрола.rn

    Девица

    rnСклони сте кон преголемо драматизирање на околностите бидејќи ја анализирате секоја ситница на безброј начини – дури и една мала непријатност може да предизвика лавина од негативни мисли во вас. Секојдневно, сè може да биде причина за прекумерна загриженост и кога тој виор ќе почне да ве влече морате да застанете за миг – смирете се, затворете ги очите и само дишете неколку минути, опуштете ги мускулите и спомнете си дека сè е во ред.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Потребата за маче или куче има длабоко космичко значење

    Потребата за маче или куче има длабоко космичко значење

    Потребата да чуваме маче или куче силно влијае врз нашата човечка психологија, но има и длабоко космичко значење. Зошто е тоа така?rnrnПотребата за маче или куче има длабоко космичко значењеrnrnМногубројни истражувања покажале дека постои невидлив контакт помеѓу животните и луѓето. Се смета дека за време на интеракцијата, човечкото биолошко поле резонира со полето на животната сила на здраво животно. И бидејќи структурата на внатрешните органи кај цицачите е слична со онаа на луѓето, тие можат да ја „цицаат“ лошата енергија од нашите органи.rnrnДосега многу е напишано за позитивното влијание на енергијата помеѓу човекот и животните. Многумина од вас сигурно имаат забележано дека мачката може да осети кога нејзиниот сопственик е тажен. Мачката е мистериозно животно и има речиси магични способности да ја отстрани негативната енергија. Кога ќе почувствува негативна вибрација околу сопственикот, таа ја враќа виталноста и ја лечи енергијата. Седи близу до сопственикот сè додека не почувствува дека е „полна“ со негативна енергија, а потоа тивко се повлекува.rnrnМачката е единствениот цицач што може нормално да функционира по исцелувањето на вибрациите. Тоа значи дека никогаш не смеете да ја запрете мачката да го напушти местото покрај вас ако таа одлучила така бидејќи тоа значи само едно – таа веќе ја презела вашата негативна енергија и сега и самата треба да се наполни со нова енергија.rnrnКучињата најчесто ја имаат улогата на наши ангели-чувари и нè штитат како во добро, така и во лошо. Тие честопати дејствуваат како сунѓери, па така секоја негативна енергија насочена кон сопственикот – завист, страст, омраза, гнев и слично, сите овие работи ги апсорбира кучето. Тоа е чувар и заштитник во вистинска смисла.rnrnКучињата имаат вграден механизам на висок отпор кон „енергетската прашина“, но ако кучето е болно цело време или покажува знак на депресија, треба добро да размислите дали воопшто да чувате куче или не. Тие се многу усогласени со енергијата на сопственикот.rnПотребата да чуваме маче или куче влијае и врз нашата психологија. Кое е духовното значење зад сето тоа?rn

    Духовното значење на поседувањето мачка

    rnАстролошки гледано, мачката ја претставува благоста на месечината. Месечината како природен сателит зрачи ментална мекост, добрина и ги претставува тајните на светот. Децата или возрасните сакаат да имаат мачка кога се чини дека сè во нивниот живот е надвор од рамнотежа.rnrnМачките се многу добро организирани и можат да ни бидат пример за тоа како и ние самите да се организираме подобро. Кога детето копнее за маче, тоа може да има бројни значења, но најчеста причина е тоа што детето сака да почувствува космичка блискост со друго суштество.rnrnДецата од 2 до 3 години се длабоко поврзани со космичката енергија и копнежот по мачка значи дека сакаат да ја одржат оваа врска силна, дури и откако ќе пораснат и ќе ги преземат сите улоги што треба да ги играат во своето тогашно човечко тело.rnrnПонекогаш може да значи дека на детето му недостига емоционална храна во рамките на семејството и му е потребна емоционална поддршка, па така мачката би била една од најдобрите можни решенија.rnrnПотребата за маче или куче има длабоко космичко значењеrnrnКај возрасните, копнежот по мачка може да се појави во различни ситуации кога се чувствуваат емоционално празни или кога им треба силно духовно присуство околу нив.rn

    Духовното значење на поседувањето куче

    rnКучето ја претставува енергијата на сонцето.rnrnКога детето копнее по куче, тоа е знак дека е подготвено за животот и дека ќе ги подобри своите креативни способности. Тоа значи дека детето го крие уметникот во себе и чека можност да го ослободи. Детето кое сонува за кученце сака да биде забележано и чувствува потреба да ги развие своите таленти со цел да ги изненади и воодушеви другите. Ако возрасно лице сонува да има куче, тогаш е време да го промени својот живот.rnrnПотребата за маче или куче има длабоко космичко значењеrnrnСонцето е енергија во која сакаме да се претопиме кога ни се чини дека сè е лошо и кога немаме ниту најмала желба да продолжиме понатаму. Толку е голема усогласеноста меѓу кучето и човекот што и двете страни можат да се разберат на најдлабок можен начин.rnrnОткако откривте како присуството на домашни миленици влијае врз човечката психологија, ви препорачуваме да ги погледнете овие фотографии кои ја прикажуваат неверојатната врска помеѓу животните и луѓето.

  • 7 начини да се извлече максимум од останувањето дома

    7 начини да се извлече максимум од останувањето дома

    Поважно од кога било во овој момент е да пронајдете начин да го откриете значењето на релациите со другите луѓе. Оние кои се дома, може да се чувствуваат отуѓено, досадно, па дури и напнато. Ние сме социјални суштества по природа и сакаме да се поврземе со другите и да почувствуваме дека правиме нешто важно. Но, како да го сториме тоа за време на пандемија? Ние најдовме некои интересни идеи, па ајде да видиме дали можеме да го искористиме максимумот од оваа неповолна ситуација и да најдеме начин да бидеме креативни и да си овозможиме личен раст.rnrn7 начини да се извлече максимум од останувањето домаrn

    1. Започнете некаков проект

    rnБез разлика дали сте сами или со другите членови од семејството, започнувањето на проект може да биде одличен начин ефикасно да го искористите вашето време! Проектот може да биде уметнички, па да се зафатите со пишување на вашите мемоари. Доколку ова е ваша област, обидете се и со:rn

      rn 011

    • Боење
    • rn 011

    • Сликање
    • rn 011

    • Плетење/Везење
    • rn 011

    • Изработка на филиграни
    • rn 011

    • Работа на фото-албум преку Интернет
    • rn 011

    • Пишување роман
    • rn 011

    • Редење/Чистење
    • rn 011

    • Готвење
    • rn 011

    • Читање книгата која не сте ја дочитале
    • rn 011

    • Снимање домашни видеа и пеење
    • rn 011

    • Обидете се со DIY проект
    • rn 011

    • Испланирајте нешто за во иднина – можеби одмор, дневно патување, па дури и забавна вечера
    • rn 011

    • Направете книга „Тоа сум јас“ со вашето дете
    • rn

    rnЗапочнувањето и работата на проект може да биде одличен начин за да го пополните вашето време и да се чувствувате исполнето. Проверете дали можете да ги насочите вашите мисли кон нешто возбудливо. Ако имате деца, вклучете ги и нив и видете колку креативни можете да бидете!rn

    2. Поврзете се со другите

    rnТоа што не можете непосредно да комуницирате со другите луѓе во моментов, не значи дека не можете да се поврзете на друг начин со нив. Најпрво, напишете 10 луѓе со кои би сакале да се поврзете. Тоа може да бидат старите пријатели, семејство, или едноставно луѓето кои се важни за вас. Јавете им се! Напишете им порака! Направете видео повик! Вие изберете, само исконтактирајте ги.rnrnДоколку сакате, можете на пријателите да им напишете писмо или електорнска пошта и да споделите со нив како се чувствувате. Тоа е одличен начин да ја „нахраните“ својата душа и да внесете малку радост за себе и за другите.rn

    3. Научете нешто ново

    rnКога сте постојано дома тоа може да ви биде голема шанста да научите нешто ново! Дали имате било какво прашање кое сакате да го одговорите? Сакате да дознаете повеќе од областа на науката, историјата или како се изработуваат некои работи? Ова е вашата шанса да научите! Интернетот може да ве изненади и таму можете да најдете дури и бесплатни часови.rnrnМожеби сакате да нучите повеќе за луѓето во вашето семејство. Ова е одлично време да поставите прашања и да дознаете повеќе за нив. Постојат многу ресурси на Интернет кои ќе ви помагнат да го подобрите начинот на комуникација.rnrn7 начини да се извлече максимум од останувањето домаrn

    4. Работете на себе

    rnНавистина е важно да не заборавите на себе и своите потреби во вакво време. Многу е важно да имате доволно време за грижа за себе. Овие идеи ќе варираат од личност до личност, но споделуваме неколку начини како да го унапредите вашиот секојдневен живот. На пример, вие би можеле:rn

      rn 011

    • Да вдишете длабоко
    • rn 011

    • Да мислете на нешто забавно
    • rn 011

    • Да вежбајте јога
    • rn 011

    • Да имате долги бањи
    • rn 011

    • Да направете нешто добро за себе
    • rn 011

    • Да користете апликација за забава
    • rn 011

    • Да гледате фотографии од животни
    • rn 011

    • Да гледате смешни видеа
    • rn 011

    • Да се напиете кафе/чај
    • rn 011

    • Да си најдете милениче
    • rn 011

    • Да ги искажете чувствата кон некого
    • rn 011

    • Да ги запишувате вашите мисли
    • rn 011

    • Да свирите некој инструмент
    • rn 011

    • Да изброите до 100
    • rn 011

    • Да читате инспиративни цитати
    • rn 011

    • Да се насмевнете во огледалото
    • rn 011

    • Да напишете песна
    • rn 011

    • Да слушате музика
    • rn

    rn

    5. Направете распоред

    rnСамо затоа што сте постојано дома, не значи дека треба да престанете да живеете според веќе утврдениот распоред. Ова е особено важно доколку имате деца. Напредок се постигнува кога се знае што да се очекува. Затоа, подгответе си распоред за да имате чувство на конзистентност и нормалност.rn

    6. Ограничете ги социјалните медиуми

    rnОсвен за гледање на слатки кутриња или беби-животни, обидете се да ја ограничите употребата на социјалните медиуми. „Бомбардирањето“ со вести може да биде огромно и да предизвика вознемиреност. Ограничен внес на информации може значително да му помогне на вашето расположение.rn

    7. Најдете начин како да се смирите

    rnАко се чувствувате презаситени поради постојана вознемиреност, грижа и страв, ве молиме разберете дека вашите чувства се оправдани и нормални. Има многу непознати нешта што се случуваат во моментов, па природен одговор на вашето тело е да пронајде начин како да преживее. Сепак, ова нема многу да ви помогне. Ако се почувствувате анксиозно, обидете се да се смирите правејќи го следново:rn

      rn 011

    1. 1.Забележете какви чувства имате и забалежете ги различните одговори од вашето тело. На пример, забележувам дека сум нервозна и ме стегаат градите;
    2. rn 011

    3. Забележете 5 работи кои ги гледате и именувајте ги гласно;
    4. rn 011

    5. Изберете предмет и забележете какво чувство тој ви буди додека е во вашата рака. Дали е груб или мазен? Тежок или лесен? Каква боја е?;
    6. rn 011

    7. Забележете три работи кои можете да ги слушнете во моментот;
    8. rn 011

    9. Помирисајте нешто што е во ваша близина ( свеќа, коса, лосион…);
    10. rn 011

    11. Бидете присутни овде и сега.
    12. rn

    rnДоколку сте сè уште вознемирени, слободно направете го ова повторно. Побарајте некој да ве води низ процесот доколку ви е потребна дополнителна поддршка. Чувството на смиреност предизвикува и чувство на удобност и можност за донесување поефикасни одлуки.rnrnЗапомнете: Сите сме заедно во ова. Колку и да сме вознемирени, секогаш имаме избор како да одговориме на вознемиреноста. Не заборавајте да бидете љубезни кон себе и кон другите. Ова е тешко време.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321?rn

  • Психологија на боите: Носењето на овие нијанси докажано го подобрува расположението

    Психологија на боите: Носењето на овие нијанси докажано го подобрува расположението

    Во деновите кога има недостаток на сонце и градските улици се обоени во сива боја, расположението на многумина е многу кревко и генерално лошо. Многумина ја гледаат зимата како период на хибернација и едвај чекаат да пристигне пролетта и летото. Но, тоа не мора да биде така.rnrnПсихологија на боите: Носењето на овие нијанси докажано го подобрува расположениетоrnrnМногумина тврдат дека решението за подигнување на расположението во зима е во облеката со светли бои, а целата теорија се нарекува „допаминско облекување“. Психологот и авторка на книгата „The Little Book of Colour “ („Мала книга за боите“), Карен Хелер, објаснува дека боите како жолта, розова, црвена, зелена и сина веднаш го подигнуваат расположението.rnrnСветлите бои веднаш го поткреваат нашиот дух. Нашата самодоверба расте кога се облекуваме од глава до пети во омилена светла боја што добро ни прилега, истакнува Хелер, додавајќи дека облекувањето во јарки и светли бои влијае на нашите емоции многу позитивно и делотворно.rnrnСпоред Хелер, нашите мозоци светлите бои најчесто ги поврзуваат со убавите спомени. Затоа, кога ќе облечете жолта облека, се чувствувате весело, а кога ќе се облечете во црно сте премногу сериозни.rnrnМожеби сакате да дознаете и во каква боја да се облечете ако сакате да ја добиете работата.rnrn 

  • Дали сте ја испробале најсилната, најбрзата и најефикасната техника за справување со емоционалните трауми?

    Дали сте ја испробале најсилната, најбрзата и најефикасната техника за справување со емоционалните трауми?

    Траумата не е секогаш поврзана со очигледна трагедија (како војна, сообраќајна несреќа, сексуална злоупотреба или загуба на некој близок).rnrnДали сте ја испробале најсилната, најбрзата и најефикасната техника за справување со емоционалните трауми?rnrnНа Интернет, читаме дека во психологијата, траумата е ментално нарушување што се јавува како резултат на сериозен, вознемирувачки настан и дека таа нè спречува да живееме исполнет и среќен живот. Станува збор за искуство што е крајно стресно и непријатно за нас бидејќи чувствувавме како да ја губиме контролата врз нашиот живот.rnrnСеќавањето и чувството поврзано со тоа искуство останува во нас дури и откако трауматичниот циклус ќе заврши, бидејќи стресот што таа го предизвикува останува во телото. Траумата е настан што ни предизвика толку многу болка, па едноставно не можеме да заборавиме на неа.rnrnСекој од нас доживува траума на поинаков начин. Она што е трауматично за едно лице не мора да значи дека е трауматично и за друго. Начинот на кој реагираме на траумата зависи од нашиот биолошки систем и физичкиот, менталниот и емоционалниот праг на толеранција.rnrnСамото наше раѓање, одвикнувањето од доење, пристигнувањето на нов член во семејството и другите слични нешта – се примери за трауматски настани од нашето детство.rnrnВо раните години, се обидуваме да се ослободиме од траумата преку плачење. И тоа е всушност најдобриот начин да се стави крај на ваквото однесување. Но, бидејќи како деца сме биле казнувани или сме се срамеле да плачеме, нашето тело многу брзо ја прима пораката дека не е добро да се чувствуваме така. Затоа се воздржуваме и сметаме дека не е безбедно на тој начин да одговориме на траумата што ја доживуваме во моментот.rn

    Па што правиме?

    rnЗа да се заштитиме себеси ја потиснуваме траумата и решаваме да заборавиме на она што ни се случило. И бидејќи тоа трауматско искуство останува зачувано во нас, започнува да функционира како магнет дури и во нашите зрели години.rnrnНашата нерешена траума станува главна точка на привлекување во нашите животи.rnrnИ покрај практикувањето на духовноста, позитивните вежби за концентрација ние „некако“ секогаш привлекуваме само слични негативни искуства. Едноставно доживуваме повторен циклус на трауми што останале во нас од детството.rn

    Најчестите симптоми за доживување траума се:

    rn

      rn 011

    • Хронична болка
    • rn 011

    • Зависност
    • rn 011

    • Депресија
    • rn 011

    • Ниска самодоверба
    • rn 011

    • Анксиозност
    • rn 011

    • Стрес
    • rn 011

    • Ретроспективи – болни спомени од минатото
    • rn 011

    • Кошмари
    • rn 011

    • Несоница
    • rn 011

    • Ментална болест
    • rn 011

    • Нарушувања во исхраната
    • rn 011

    • Дебелеење
    • rn 011

    • Промени во расположението
    • rn 011

    • Неисполнет живот полн со тага, болка, лутина, омраза, страв, тага, осаменост, празнина, немоќ, омраза кон себе, недостојност, вина и срам.
    • rn

    rnПродолжете да читате на наредната страница…rn

  • Цитати на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подобро

    Цитати на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подобро

    Анксиозноста е непријатно чувство предизвикано од страв, од стрес или од загриженост. Прочитајте ги овие корисни совети од Зигмунд Фројд што ќе ве изведат на вистинскиот пат и ќе ви помогнат да се ослободите од вашата вознемиреност и да се разберете себеси подобро.rnrnЦитати на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подоброrn

    „Мистеријата на човечката душа лежи во менталните драми од детството. Стигнете до дното на тие драми и ќе се излекувате.“

    rn

    „Личноста заздравува при ослободување на својата сексуалност.“

    rn

    „Единствената личност со којашто треба да се споредувате е личноста што сте биле вие во минатото. И единствената личност што треба да биде подобра сте вие сега.“

    rn

    „Не барајте сила и доверба однадвор, туку барајте ги во себе. Тие отсекогаш биле таму.“

    rn

    „Несомнено, анксиозноста е предизвикувач на многу критични проблеми; решавањето на загатката на вознемиреноста ќе фрли светло врз целиот ментален живот на личноста.“

    rn

    „Нервозата е неможност да се издржи неизвесноста.“

    rn

    „Во љубовната врска не можете да се поштедите еден со друг затоа што тоа може да доведе само до отуѓување. Ако има тешкотии, тие мора да се надминат.“

    rn

    „За жал, потиснатите емоции не умираат. Тие продолжуваат да влијаат на личноста одвнатре.“

    rn

    „Ништо не се случува случајно. Сè си има причина.“

    rn

    „Она што го нарекуваме среќа се случува како резултат на (веројатно непредвидено) задоволување на наталожените потреби.“

    rn

    „Човекот што многу ја сака својата мајка цел живот се чувствува како победник, а тоа многу често доведува до вистински успех.“

    rn

    „Сонот никогаш не се занимава со ситници; не дозволуваме безначајни работи да нè вознемируваат во сонот. Ако ги протолкуваме невините соништа, ќе откриеме и дека не се толку невини.“

    rn

    „Депресијата е замрзнат страв.“

    rn

    „Колку е храбар и самоуверен оној што е убеден дека е сакан.“

    rn

    „Луѓето сметаат дека реалноста е незадоволителна и затоа живеат во свет на фантазија замислувајќи се себеси како ги исполнуваат своите желби. Силните личности ги претвораат овие желби во реалност. Слабите личности продолжуваат да живеат во замислениот свет и нивните фантазии се симптом на разни заболувања.“

    rn

    „Да се биде потполно искрен со себе е добра вежба.“

    rn

    „Остварувањето на сонот од детството може да донесе среќа.“

    rnПрочитајте ги и овие 20 цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат.

  • Ментално аикидо: Техника што ќе ве исчисти од негативните емоции и мисли

    Ментално аикидо: Техника што ќе ве исчисти од негативните емоции и мисли

    Луѓето се склони да ги анализираат ситуациите и настаните и постојано да се премислуваат дали донеле добри одлуки, а сето ова може навистина да исцрпува. Потсвесни мисли можат да ни го нарушат животот, без воопшто да забележиме.rnrnrnrnСо помош на металното аикидо, вие ќе пронајдете мир и со леснотија ќе се носите со проблемите кои ќе се појават пред вас, ќе станете поодлучни, похрабри и ќе остварите сè што ќе посакате. Таа е корисна во ситуациите кога ве обземаат негативни и обесхрабрувачки мисли.rnrnПа, ако сакате да се ослободите од негативните емоции и мисли, тогаш сè што треба да направите се следниве два чекора…rn

    Медитација

    rnОсновната цел на оваа техника е постигнувањето ментална рамнотежа, што може најдобро да се постигне со медитација. Редовното медитирање го смалува бројот на негативните мисли, додека истовремено ги зголемува концентрацијата и мирот.rn

    Борба

    rnИако на почетокот ќе ви биде тешко, со доволно вежбање вие ќе научите да го истренирате мозокот за секоја ситуација прво да ја погледне од позитивната страна. На секоја негативна мисла којашто ќе ви се појави, вие мора да одговорите со позитивна.rnrnПа, следен пат кога ќе се најдете во ситуација во која треба да донесете некоја важна одлука или ќе ве обземат негативни емоции, направете го следново:rnrnКога ќе ви се јават мисли како „Зошто да одам на тоа интервју кога сигурно нема да ме вработат?“ веднаш заменете ги со нешто позитивно, како: „Дали би имале некаква причина да не ме ангажираат?“ Или пак, наместо, „Подобро да не ни почнувам денес, не сум уште спремен/спремна“, помислете: „Сега е вистинското време! Дури и да се соочам со пораз, знам дека дадов сè од себе.“rnrnОпуштете се, не двоумете се и не критикувајте се себеси и ценете го сето она што сте го постигнале досега. По неколку повторувања, позитивното размислување ќе ви премине во навика.rnrnДали и вие сте роб на парите и како овие негативни мисли ве повредуваат?

  • Повеќе од играчка: Кадифените мечиња ги смируваат децата кога мајка им не е во близина

    Повеќе од играчка: Кадифените мечиња ги смируваат децата кога мајка им не е во близина

    Кога ќе наполни 6 месеци, бебето влегува во природниот процес на одвојување од родителите, што е прилично стресно за самото дете. Во исто време тоа и несвесно ја одбира омилената играчка за спиење или за утеха.rnrnrnrnЧестопати овој избор е кадифено мече или некое друго животно, ќебенце или перничка, и токму тој предмет добива клучна улога во животот на детето. Имено, тоа одеднаш добива нешто што засекогаш ќе биде до него, дури и кога се чувствува сосема само. Овој предмет се проучувал во светот на психологијата уште од 50-тите години и неговата важност е докажана многупати досега. Тој овозможува сигурност и утеха, особено ако родителите не се во близина. Тоа е првиот предмет што детето го поседува, а потребата за него се зголемува кон крајот на првата година кога тоа почнува да го открива светот околу себе и се одвојува од мајката.rn

    „Овие предмети им помагаат на децата со стресот, особено кога им е потребна утеха и чувство на сигурност. Децата поврзуваат одредени значења и емоции со овие предмети, па неретко им ја даваат и улогата на помош во тешки ситуации. И тие навистина се чувствуваат побезбедно и попријатно“, објаснува психологот и терапевтот Теа Кнежевиќ.

    rnДетето има сè поголема потреба од овој прелазен објект во раната доба, како и по стресни животни ситуации како промена на околината или секојдневието, особено кога има потреба од поголема разбирање на околината. Како што детето расте, така тоа усвојува нови стратегии за да си помогне кога му е тешко, па улогата на овој прелазен објект се намалува.rnrnПа, ако се прашувате зошто вашето дете не може да се одвои од омиленото кадифено мече или ќебенце, сега знаете! И тоа е одлично, затоа што на тој начин расте и се развива. Што и да правите, не му го земајте овој предмет и оставете го самото да го надрасне.rnrnПрочитајте и колку е штетно за бебето ако живее во дом во кој се пуши.