Автор: Искраrnrn
Пред 6 години во јуни,rnтелата ни беа потенки,rnдушите послободни,rnа грижите некако детинести.rnСе соблекувавме крај ширум отворената балконска врата,rnсе допиравме како да ни е првпат,rnсе сакавме без да не оптоварува мислата за љубовта…rnСакам да е јуниrnи тоа не кој било, туку оној кога го осетив она,rnзнаеш… истото што го осети и ти.rnСега се допираме, поретко од порано,rnпоинаку од порано…rnСега сме пријатели, најверни другари,rnбизнис партнери и партнери во домот.rnМи недостига да грицкаме семки за 20,rnда шетаме цела ноќ по Партизанска,rnда ме испратиш до влезот на мојата зградаrnи пешки да се вратиш до твојата.rnМи недостига да не можеш да си дозволиш роза,rnно сепак да купиш една за мене со парите од твојот пропуштен оброк.rnБи сакала да беше јуни,rnне оној кога бев дете,rnне оној кога веќе станав жена,rnго сакам точно оној јуни,rnкога јас и ти бевме млади, заљубени и безгрижни,rnкога те сакав помалку од денес, но поубаво,rnкога не мислев на иднина, туку на сегашност,rnкога повеќе се смеев одошто плачев,rnкога твојата љубов ја купував со мојата,rnа ти мојата ја освојуваше на кредит…rnЗнам дека времето не оди наназад,rnи дека денес можеби е дури полесно од тогаш,rnно ете така, овој декемвриrnсакав да се сетам на јуни,rnне на кој било…rnна оној кога бев посреќна со помалку…
Tag: Предложи содржина
-

Поезија: Јуни
-

Поезија: Има ли крај?
Автор: Soldier of Lovernrnrn
rnrnСе буди нов ден.rnБудилникот повторно ја пее својата мелодија.rnЈас повторно се будам уморна.rnНишто ново на запад.rnПовторно истите исцрпувачки мисли кои го окупираат мојот мозок.rnПовторно истата мелодија според која чука моето срце.rnПовторно истата тага и меланхолија.rnЈас сум истата, на истото место, во истото време.rnДеновите се копии едни на други.rnДенови исполнети со кафе покрај креветот,rnпепелник во кој една цигара постојано догоруваrnи истите тажни песни кои по којзнае кој пат предизвикуваат солзи на моето лице.rnПовторно гледам грб кој го напушта мојот живот.rnПовторно скршена, повторно ранлива и сама.rnИ по којзнае кој пат со себе го носам својот најскапоцен моден додаток – насмевката.rnНасмевка која ги крие тие солзи, таа болка, таа меланхолија.rnМоите очи молат некој конечно да земе гума и да ја избрише таа болка, но…rnкако и секогаш, нема никој кој ќе ги слушне моите неми повици за помош.rnСветот е полн со луѓе, а сепак осаменоста е константна.rnОсаменост која убива, гуши и омалува…rnИма ли крај на оваа душевна апатија?rnА ако има, каде е? -

Сонувај за двајца
Автор: Катерина Неделкоскаrnrnrn
rnrnКажи ми, си се обидел ли некогаш да сонуваш? Не сам за себе. Да сонуваш во пар. Да сонуваш за двајца? Две половинки. Мали безначајни. А кога ќе ги споиш добиваш приказна поразлична од сè останато.rnrnЗнаеш ли да сонуваш во пар?! И тоа не само да сонуваш, туку и да пробаш да ги оствариш тие соништа. Цврсто да ги зариеш ноктите држејќи се за своите цели и идеали, без разлика на тоа кој што ти зборува. Злобниците секогаш ќе зборуваат. Ќе се обидат прво да ти го скршат сонот, а потоа ќе ги соберат парчињата и ќе си направат нешто за себе, гордо покажувајќи го на светот како нивно дело. А твое дело е. Ваше дело. Твое и нејзино.rnrnНе е лесно да сонуваш за двајца. Пат со дупки и кривини, болка на сите страни. Но кога ќе ги собереш сите среќни моменти кои допрва треба да дојдат, некако како да ти даваат сила да се кренеш од прашината и да продолжиш понатаму.rnrnЦелта ги оправдува средствата, нели?! Тогаш зошто ти е гајле кој што ќе рече, ако на крајот вие сте среќни?! Обиди се. Сонувај за себе. Сонувај за двајца. Верувај, крајниот резултат е она за што сонуваат сите, а го постигнуваат само најупорните. -

Затоа што секој крај е почеток…
Автор: Катерина НеделкоскаrnrnrnЗнаеш што е работата со последните средби? Тоа што ретко кога знаеш дека се последни. Најчесто, не ни претпоставуваш. Имам јас јака интуиција, скоро секогаш знам кога се ближи крајот. Колку е благослов, уште повеќе е клетва… Тажно е што верувам во бесконечност. На себе носам ланче со приврзок знак за бесконечност, а не верувам дури ни во подобро утре. Верувам дека сè има свој крај. Кога не би имало крај, зошто воопшто би започнало?! Некои работи беа судени да се завршат тогаш. Таа зима, во таа иста соба, меѓу тие четири ѕида каде што пред многу години бев најсреќниот атом во вселената. Не повеќе.rnrn
rnrnНешто ми кажуваше дека таа вечер е последна, додека чувствував како срцето ми се празни од љубовта без која порано не бев способна да дишам. Вдиши, издиши, вдиши, издиши… Празнина.rnrnИ најголемата сила на светот ослабна и исчезна.rnrnТокму тоа му требаше на светот, уште една просечна емоција, небаре малку има!rnrnНе можам да живеам просечен живот, не можам да заспивам и да се будам со стравот дека тоа што го живеам сега е најдоброто што може да биде, кога знам дека не е. Не живеам скромно, одбивам да чувствувам скромно! Сакам љубов која ќе ме буди во сред ноќ само за да ме потсети дека реалноста ми е милион пати подобра од кој било сон. Адреналин и среќа до тој степен што ти доаѓа да се расплачеш кога ќе помислиш што имаш покрај себе! Верувам дека нема помоќно чувство од она дека некому вистински припаѓаш.rnrnДа не знаев тогаш дека таа ноќ е последна, да не ставев крај во точно определениот момент, немаше да бидам каде што сега сум. Среќна, своја, негова…rnrnКрајот има специфичен мирис и вкус, но не секој ја има привилегијата да го почувствува кога е најпотребно…rnrnТој крај беше почеток на сè што следеше, и конечно почна да важи она старо добро познато правило: краевите најчесто се ништо друго освен огромни почетоци, зависно од тоа колку си спремен да дадеш. -

Автопортретите на големите ренесансни и барокни мајстори
Цветанка Арнаудоваrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnАвтопортретот е претстава на уметникот. Може да е цртеж, слика, фотографија или пак скулптура изработена од самиот автор. Првите автопортрети чии автори можат да бидат идентификувани се појавуваат во раната ренесанса во средината на XV век. Уметниците се портретираат како главна фигура или пак го наоѓаат своето место како дел од настани, или пак како дел од групни портрети. Знаевте ли дека Човекот со турбан од 1433 година, чиј автор е фламанскиот сликар Јан Ван Ајк се смета за најстар автопортрет на западното штафелајно сликарство?
Понатаму во историјата на уметноста, автопортретите стануваат значаен дел од творештвото на многумина автори. Италијанскиот сликар Сандро Ботичели, кој ни е познат по неговите Раѓање на Венера и Пролет, се насликал во десниот агол, во своето дело од 1475-1476 – Обожување на магите.
Еден од најплодните автопортретисти кој припаѓа на ренесансата е германскиот графичар Албрехт Дирер. Неговото прво дело, автопортретот кој го изработил на 13 години, како што и се вика, Автопортрет на 13 години. Во 1493 го насликал Автропортретот со бодликав цвет, дело кое се наоѓа во Лувр во Париз со кое бил прв нормандиски сликар кој се насликал самиот себе, не како член на една заедница, туку како поединец. Овој автопортрет ù го пратил на својата вереница Агнес Фрај. На дното на сликата може да се прочита и мотото „Мојот живот тече кон желбите на небото“. Со ова тој не искажал воодушевување, туку помирување со она што го очекува, бракот кој го прифатил од почит кон татко му.
Од 1498 година е Автопортретот со ракавица во Прадо, Мадрид на кој сликарот е во облека на елегантен господин. Две години подоцна на почетокот на новиот век, Автопортретот со крзно го претставува Дирер во ликот на Христос. Занимливо нели? 🙂 Сепак нема ништо безбожно во тој став, единствено само значење дека Бог го просветлува уметникот.
Дирер го гледаме и во склоп на композицијата Поклонување на мудреците каде мудрецот Мелхиор е самиот Дирер. И ова дело е дел од колекцијата на галеријата Уфици во Фиренца.
Фламанскиот сликар Рембрант кој ни е најмногу познат по неговата Ноќна Стража, исто така во својот опус има голем број на автопотрети. Овде го гледаме Автопотретот од 1632, каде ужива голем успех како моден портретист и Автопортретот од 1640, каде е претставен целосно во костим од еден век порано.
Еден од виртуозите на високата ренесанса пак, пред сè скулптор, а потоа и сликар Микеланџело, се насликал во сцената Страшен Суд која зафаќа цел ѕид на Сикстинската капела во Ватикан (1536- 1541). Претставен е како кожа која виси во раката на светецот Бартоломеј.
Од овој период би го посочиле и автопотретот на Рафаел Санти, изработен во 1506 година, кој се наоѓа во галерија Уфици во Фиренца. Тука е и автопортретот на Тицијан, неговиот прв автопортрет кој го насликал тек во постари години – Автопотретот од 1567 година, кој е дел од колекцијата на музејот Прадо во Мадрид. Интересен е и автопортретот на Ел Греко од 1604 година.
Питер Пол Рубенс се насликал пак со својата прва сопруга Изабела, дело од 1609 година. Шпанецот Диего Веласкез познат по неговите Las Meninas, го гледаме со Автопотретот од 1645, кој денес се наоѓа во галеријата Уфици во Фиренца.
И за крај, не смее да се заборави еден од најголемите сликари на барокот – шпанецот Франциско Гоја, кој е предвесник на модерната уметност. Него го гледаме не само како главна фигура во своите дела, туку и како дел од друга портретна композиција.rnrnГоја си се вклучил себеси во Портрет на фамилијата на Чарлс IV, изработен во периодот 1800-1801. Интересен е неговиот автопортрет од 1795-1797, кога оглувел и поради тоа себеси се претставил со подолга разбушавена коса.
И како за крај, дело од 1820, – Гоја и неговиот доктор Ариета, Ретко интимна слика на Гоја, како сведоштво за нивното пријателство.
Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Значењето на бакнежот
Автор: СтефанијаrnrnБакнежот на различни делови од лицето или телото може да има различно значење. Еве ги 8-те најчести бакнежи и потези во љубовните ситуации и нивните толкувања…rnrn
rnrn1. Бакнеж во рака: Те почитувам.rnrn2. Бакнеж во лице: Би сакал да останеме пријатели.rnrn3. Бакнеж во врат: Те посакувам.rnrn4. Бакнеж во усни: Те сакам.rnrn5. Бакнеж во уво: Само си играм со тебе.rnrn6. Поглед во очи: Бакни ме.rnrn7. Игра со твојата коса: Без тебе не можам да живеам.rnrn8. Рацете околу твојата половина: Испробувам. -

Блуз и три коцки мраз
Автор: Анаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnКој би рекол дека таа умее така прекрасно да танцува? Старото радивце беше вклучено и насекаде низ станот се разлеваа звуци на блуз… Како тој да ги пиеше нејзините грациозни движења со своите жедни очи, желни за уште и уште. Ја гледаше неуморно додека цигарата му гореше меѓу прстите, а вискито стоеше на масата. Таа се насмевна заводливо и во меѓувреме ја виде желбата во неговите очи и реши…
.rn„Ќе танцувам цела вечер, сè додека тој сака, сè додека тој не ме замоли да престанам. А потоа ќе се препуштам на ноќта, ќе ù дозволам таа да се погрижи за останатото…“
rnКако да стана неподносливо жешко во премалиот стан, што од нескротливата желба, а што од страста што гореше секаде околу нив. Тој со брзо и отсечно движење посегна кон масата и си стави три коцки мраз во вискито. Испи две-три голтки и повторно ја врати чашата на старото место. Таа бавно се приближуваше кон него, а потта се слеваше насекаде по нејзиното тело. Очите ù беа како дијаманти кои сјаеја непрестајно во бескрајната ноќ…rnrnСе гледаше дека и обајцата гореа од желба да бидат заедно, да се спојат во едно и никогаш да не се разделат. Нивните погледи го покажуваа тоа, а и говорот на нивните тела. Сè уште се слушаше стариот блуз од радивцето, но девојката престана да танцува. Ја подотвори устата со цел да изусти нешто, нешто што одамна требаше да биде кажано, а остана скриено, како тајна во нивните срца што чукаа едно за друго.rn.rn
„Ах, драга моја, нема потреба од зборови. Ти си тука, а јас сум до тебе. Зар можеме да посакаме нешто друго?!“ – ù се обрати тој нежно покривајќи ù ги усните со неговата рака.
rn
„Не, остави ме да го кажам она што одамна го чувам недокажано… Знаеш ли колку долго ја чекав оваа ноќ кога повторно ќе бидеме заедно, колку ноќи го сонував истиот сон… Загаснати светла, твојот стан и тивки звуци на блуз. Ти, потпрен на старата фотелја, виски во раката, а во него – три коцки мраз. rnrnПотоа доаѓам јас и танцувам, танцувам сè додека не паднам на нозеве од умор и сè додека зората не ме разбуди. И иако можеби не те познавам толку долго време и имам поминато само една ноќ со тебе (можеби безвредна за другите, но проклето вредна за мене), јас сепак мечтаев за уште една таква ноќ кога повторно ќе ти се предадам не размислувајќи… зошто и како.“
rnВо моментот кога и последните зборови излетаа од нејзината уста, тој почна страсно да ја бакнува, насекаде и без престан. Не можеше да се воздржи, тој толку многу ја посакуваше, а и таа него… А и мислата дека можеби веќе никогаш нема да ја види и да го почувствува оној мирис на ванила на нејзината кожа, го тераше сè повеќе да се препушти на моментот и да ужива во него… Зашто истиот можеше да му е последен.rnrnСе зазори, веќе стана утро. Тој само што се разбуди, а таа не беше веќе крај него. Другата страна на креветот беше празна. Тој како да се насмевна, можеби со надеж дека повторно ќе ја сретне „неговата газела на ноќта“, која како да ја имаше моќта да ги направи и најневозможните работи – возможни… Мирисот на кафе и свежо лиснато тесто допираа до него од кујната. Кафето беше сè уште топло… Изгледа таа си заминала пред малку, но не сакала да го разбуди. Имаше и порака на масата.rn.rn
„Ти направив кафе и ти купив лиснато тесто, пред да заминам… Шприцнав и неколку капки од мојот омилен парфем од ванила во твојата соба, со надеж дека ќе се задржи што подолго и ќе те потсетува на мене… Ти благодарам на прекрасната ноќ за која имам преголема желба да се повтори, а и ти го знаеш тоа… А, ако веќе никогаш не се вратам, сепак, чувај ја оваа порака и секогаш кога ќе ти недостасувам – посегни по неа и ќе ме најдеш мене во неа. rnrnСè најдобро, твојата ноќна газела.“
rnTој само воздивна и промрморе…rn
„Ах, драга, да знаеш дека ќе те чекам, вечно ќе те чекам да се вратиш… и да останеш со мене.“rn
rnИ така, ноќта си замина, трите коцки мраз беа одамна стопени, а вискито испиено. Звуците на блузот повеќе не допираа до него, тие како да беа изгубени во ноќта која пребргу си замина и ја однесе грациозната танчерка со неа… Сега, кога веќе не постоеше ништо како остаток од таа прекрасна вечер, остана нивната љубов, да живее засекогаш.rnrnА, таа никогаш не се врати. Само остана да живее во неговото срце, како бескраен спомен кој никогаш нема да се избрише…rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Штикли
Автор: Butterflyrnrnrn
rnrn8-ца, 10-ка, 18-ка, 20-ка…rnЦрни, црвени, кафени, сиви, бели, виолетови…rnОтворени, затворени, зимски и летни.rnШтикли.rnЗа некого само обувки, за некого неподносливи.rnЗа мене незаменливи.rnОбожувани, сонувани, посакувани. Едни од малите нешта кои ме прават среќна.rnКога ќе кажам штикли, помислувам на елеганција, отменост, малку арогантност, а пред сè женственост. Моќ работите да ги гледаме од малку повисоко.rnМе потсеќаат на вечер, ноќ, и се единствени сведоци на она што вистински се случило таа вечер. Кријат тајни, прават болки.rnСпособни да разбудат еден цел град, да ги растреперат улиците, да се слушнат, да остават некој без сон.rnМе носеле секаде каде што сум посакувала, места кои само тие ги памтат.rnПокрај тоа што биле агресивно соблекувани, одделени од ногата поради страст, болка, тие секогаш го знаат патот за назад, и никогаш ама баш никогаш не ги раскажуваат своите приказни и тајни средби со градските сокачиња и скали.rnНивниот звук го означува почетокот на една ноќ, една љубов, една средба, еден танц…rnМоите штикли се спремни да одекнат низ улиците…rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

ВИП во нашиот град
Автор: Нинаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnТАА – добар „look“, беспрекорна шминка, поглед фатален, тело извајано, косата паѓа по рамениците, солариум, фитнес, сауна, силикони… ТОЈ – добар „look“, јак парфем, обликувано тело, продорен поглед, средена коса, бели заби… Дали овие работи значат дека сме во потрага по совршен надворешен изглед?
На времето, кога баба ми била на мои години, немало ништо од ова. Излегување навечер „у бољи живот“ за нив било одење на чешма со стомни по вода, „трачарењето“ на кафе со другарки било везење во селскиот двор со снаи и золви, припазувајќи ги кокошките да не го исклукаат врти попот и лалето. Пуштањето по СМС и честењето пијачки било праќање шефтелии и сл.rnrnДодека денес младите гледаат само да се видени во ВИП зоната во некоја уште поВИП дискотека во сабота навечер (дремуцкајќи во комотните фотелји, пиејќи добро виски) и во недела наутро на трач муабет, што-како, во некој елит кафич, особено ако е самер тајм, на надворешните фотелји со наочари во „Холивуд стил“ (што би рекол Тони Зен), бабите наши и дедовци „излегувале“ на пазар и ВИП зона им било каде што се продавале сомуни. Изгледот не ни бил толку битен колку што било битно да не „пукне брука низ село“ ако таа има 22 години, а е немажена. Демек „уседелица“ ќе останела! Дедо ми ја „армасал“ баба ми баш на ВИП-зоната и ù купил ВИП лепче-сомунче. Нормално по лепчето ја однел дома кај него, а баба ми ја испратила снаата да каже дека нема да се враќа веќе дома.rnrnДодека нашиве „елит“ (не зборам за сите) машки бараат девојка со „2 метра нога“, тогаш биле „ин“ ниски девојки. А сестрата на баба ми била така повисочка од модерното со 165 см, плус и слабичка и не била баш омилена кај стројниците. Кој му ја мислел тогаш на убавина и карактер!?rnrnГледале само да се земат и да изродат деца. И додека нашиве млади живеат предбрачно, што би рекле „колку за проба“ заедно, баба ми спиела 3 месеци со свекрвата иако веќе била мажена.rnrnКога ќе погледнеш „уназад“ 60 години, знаејќи ја баба ми, дедо ми сигурно со „нож под грло“ ја правел мајка ми =) =) =). Велат на никого не му пишува на чело каков е во душа, но овде баш имам едно прашање:rn.rn„Зошто место на крај да кукате дека сте се изгореле поради тоа ‘не му пишува на челo’, малце вие не ставите прст на чело, поразговарате и се зближите со личноста која ви го привлекува вниманието, а не одма да одите во врска?! Уште одма се впуштате во ‘љубов’! Што е? Не ви се чека? Ма дајте без наивност.“
rnЈас не велам дека на баба ми времето било убаво, но искрено, денешниве сè повеќе и повеќе на број фацки кои само дремат по кафичи, дискотеки и со муабет го минуваат денот, ми се преку глава… а уште повеќе преку глава ми е кога гледам како ги менуваат партнерите како циган коњи.rn.rn
„Не трагајте по совршенство, кога ни самите вие не сте тоа, никој не е совршен, постојат само сродни души…“
rnЗошто да живее човек во убава визија кога реалноста и не е баш така лоша!? Прифатете ги своите маaни, но и туѓите како дел од карактерот. Бидете она што сте и не гледајте да сте од ВИП-ложата, која за мене поточно е ИКП (Имаш Кеш – Повели!) Небаре парите ќе купат и љубов и среќа… Ноу рулс вит мани дјуд… ноу ВИП витаут мани… БУЛ ШИТ У БОЈА!!!rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни. ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Полноќна
Автор: Даркоrnrn
rnrnОтсјај од огледало,rnтрепери, те бара…rnвечерната магла ја разбива,rnнурка во длабочината на душатаrnи… пронаоѓа пајажина.rnrnКапката роса,rnкондензат на една чиста љубов,rnполека се слева во потокот солзи,rnврели, солени, полни копнеж.rnrnШепоти едно срце,rnрецитира поезија, љубовна,rnја буди душата да му створи мелодија,rnда ги разгори чувствата,rnпоривот љубовен да го скротат,rnда ја врзат муграта со денот иден.rnrnСликата полноќна,rnнасликана од солзи,rnљубов и копнеж,rnсрце растреперено,rnдуша вознесена од чувства,rnлесно потпрена на ѕидот,rnплете вистинска приказна,rnмоја љубена.