Автор: Маринкоrn (поднесено преку „Предложи содржина“)rn
Од самиот миг кога пристигнуваш на овој свет, здогледувајќи ги нејасните и непознати нешта што се вртат околу тебе, земајќи го првиот здив, знаеш дека си жив, дека тоа е твоето неоделиво право. Додека и наједноставните нешта те засмејуваат, а најмалите шумови те заплашуваат, го слушаш ритамот на твоето срце обидувајќи се да ја минеш најголемата пречка, првите чекори, со кои ги оставаш своите стапки во песокот на времето.rnrnПосегнуваш по највисокото место, работ на масата, обидувајќи се да откриеш, да ја смириш таа љубопитност што те боцка постојано да бараш одговори на непоставени прашања. Се создаваат првите пријателства кои ќе траат вечно или можат да згаснат по неколку години кои ќе пројдат како миг. Ти си феникс кој гори во пламенот на растењето, се провлекуваат и горат многу нешта меѓу пламенот на созревањето, чувството на одговорност, чувството на самоконтрола, самодоверба, на реалност, замаеноста на првата симпатија, експлозијата на првиот бакнеж.rnrnСтануваш човек. Твојот пат е пробиен на овој свет, сега ти го градиш натаму. Сите твои успеси и падови, сите луѓе кои ги запознаваш се циглите од кои е изградена твојата патека на судбината. Овде-онде ќе се најде некоја пукнатина или празнина, но ќе биде поправена, кога ќе се сретне таа посебна личност која со еден поглед ќе те исфрли од тактот по кој одиш и целосно ќе ги испреврти сите цигли.rnrnПолека ја губиш силата на младешката замаеност и непобедливост, но затоа си ја имаш мудроста и искуството, со кои полека се утешуваш додека останувате сами во гнездото кое некогаш било дом на вашето потомство, а сега остануваат празни гранчиња, сведоци за некогашната детска радост и смеа, солзи и плачки, штрби насмевки и нежни лица полни со мозолчиња.rnrnДенот доаѓа до крај, па така и овој пат кој го нарекуваме живот.rnrnОсуден си да останеш сам како утка, кога таа посебна личност не ќе е повеќе овде за да ги пополни пукнатините кои стануваат се поголеми. Но можеби поради некои конци кои ги влече судбината или пак чисто поради нејзина забава и љубопитност, ти си тој што оставаш пукнатини и празнини во туѓи животи…rnrnШто е животот ? Секој би ти дал различни поими и дефиниции, но тоа се нивни мисли и идеи, не твои. Јас би ти ја кажал мојата:rn.rn
„Животот е како цртеж без гума. Постојано цртаме со моливот на судбината, засенчувајќи со спомените на веќе заборавените времиња, боејќи со боите на заминатите денови и четките на годините. И тогаш, пред самиот крај, во тој миг на совршенство, ги здогледуваш твоите подеми и падови, твоите среќи и тажалки, твоите љубени и изгубени, ја здогледуваш сликата на твојот живот, на тоа што си бил, на тоа што си и тоа што засекогаш ќе останеш во екот на времето што изминува.“
rnТоа си ти, совршен со твоите недостатоци, уникатен и единствен со своите доблести. Тоа си ти, ти, еден и единствен…rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.







Доколку отидете во Њујорк, може да го побарате и 
Ова се само дел од уличните изведувачи во Њујорк. Сите тие се ѕвезди иако не се појавуваат на телевизија. Нивните перформанси се доживуваат само лично. Тие се едни од најубавите украси на градот.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на 






rnrnЧекајќи те, моето срце вришти од возбуда.rnМоето срце, малечко, но со многу љубов во него, сака само да допре до твоето.rnПеперутки низ стомакот, волшепство, бајка, ноќ, која штотуку започнува.rnТвојот лик, моја храна.rnСе појавуваш. Убав, згоден и совршен како и секогаш…rnЧекорам кон тебе, ти праќам насмевка, а ти ме погледнуваш како и секогаш, страсно, топло…rnТи ја подарувам мојата прегратка, најубавата прегратка, исполнета со љубов и топлина.rnМојата желба оваа вечер си ти.rnТвојот мирис.rnТвојата насмевка.rnТи.rnКако ли дозволив да те немам во моите прегратки толку долго? Како? Не смеев тоа да го дозволам.rnПлачеме еден за друг, ние сме совршени еден кон друг.rnРачиња сплотени, се држат и чекорат кон љубовното гнездо.rnНе можам а да не престанам да те гледам, допирам…rnТе гушкам…rnТе милувам..rnСе смеам… Ти си мојот живот..rnЗаспивам во твоите прегратки..rnНема ништо поубаво.rnСпијам и сонувам до мојот сакан..rnКолку ли само ми недостигаше.. Денови.. Месеци без тебе..rnПосакувам само едно.. Да не мораме да се одделиме од креветот цело утро..rnА мораме ли?rnАх, колку само ми фалеше овој мирис..rnНикогаш нема да те оставам.. Секогаш ќе пловам во твоите мисли..rnЗасекогаш.rnЉубов моја..
rn
Еј ти, патнику, надалеку што одишrnзнам не можеш со себе да ме водишrnво заборав, каде го нема тој лик,rnкаде ќе излечам срце за миг,rnкаде таа насмевка нема да ме пече,rnтој поглед длабок нема да ме сече..rnНо јас копнеам за слобода од оваа макаrnи те преколнувам… подај ми рака…rnПонеси го со себе срцето мое бедно,rnвеќе не може да љуби, не е вредно.rnЗеми ја душава, носи ја со себе,rnтаа страдаше долго време,rnзашто лажната надеж ù даваше знакrnи одеднаш западна в мрак.rnСтави ги и спомените во куферот твој.rnДраг патнику, спасител си мој!rnЈас пропаѓам, болката тежиrnво утробата на мојот живот лежиrnод мигот кога тој ми стана сè.rnПатнику, па земи ја и болката, носи сè од тукаrnљубов во ова тело веќе не ќе чука.rnНек изгрее нов живот без љубов – чувство врело,rnнов живот за мене, без срце, душа и тело.rn
П.С. Дами задолжително имајте марамче до вас ;)rn