КАФЕ ПАУЗА

Tag: Предложи содржина

  • Лудо лулање со јаже

    Лудо лулање со јаже

    Автор: ДареrnrnМногу од нас трагаат по адреналин, но ова е повеќе од лудо. Зборовите не можат да ја опишат забавата која ја имаат овие дечки, жедни за авантура. Погледнете го видеото и дозволете срцето да почне да ви потскокнува.rnrnЛудо лулање со јажеrnrnrnrnP.S. Колку од вас би го пробале истото? :)rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки мили животинчиња

    Слатки мили животинчиња

    Животните се слатки на толку многу начини. Тие претставуваат одлично друштво кога се чувствуваме осамено, делуваат терапевтски врз нас кога сме под стрес, креираат семејна топлина и љубов кога ги чуваме по домовите, а со нивната милина и палавост шират позитивна енергија, која прави да се чувствуваме поисполнето и посреќно. Погледнете ја следнава галерија фотографии од разни милички животинки, која со сигурност ќе ви го стопли срцето во овие студени денови.rnrnСлатки мили животинчињаСлатки мили животинчињаСлатки мили животинчињаСлатки мили животинчињаСлатки мили животинчињаСлатки мили животинчињаСлатки мили животинчињаСлатки мили животинчињаrnrn

  • Среќата доаѓа во мали пакувања

    Среќата доаѓа во мали пакувања

    Насмевнете му се на денот нов што се раѓа, на Сонцето кое повторно изгрева на вашиот прозорец, израдувајте се на можноста да дочекате ново утро, можноста за нов почеток и тоа што сте чекор поблиску до остварување на вашите цели! Отворете ги очите, размислувајте правилно и соништата претворете ги во јаве, зашто имате моќ да ги промените работите кон подобро, само ако го сакате тоа.rnrnСреќата доаѓа во мали пакувањаrnrnНасмевнете му се на она што го гледате кога ќе погледнете во огледало, а ако не ви се допаѓа, би се изненадиле колкава е вашата способност да го промените одразот.rnrnБакнете ги најблиските, топло поздравете ги соседите, насмевнете им се на малите дечиња и учете од нив, тие се радуваат на сè без некоја посебна причина! Помогнете им на оние кои се во неволја, отстапете им седиште во автобусот на постарите, израдувајте се на благодарноста која блеска во нивните очи и помолете се да дочекате старост, староста не е лоша, напротив, тоа е смирен период во кој си правите ретроспектива на вашиот живот, му се радувате на секој убав спомен, на сè што сте направиле, а излегло добро, можеби и подобро од очекуваното!rnrnНаправете добро дело и бидете задоволни со себеси. Одете гордо и исправено, чувствувајте се удобно во својата кожа, зашто сте убави и блескате, а постојат најмалку десет личности кои во истиот момент би го потврдиле тоа!rnrnУживајте во слатките мали задоволства, тие му даваат смисла на животот и го прават убав. Убавите мигови „фатете ги“ на фотографија и не дозволувајте ни еден пријатен момент да ви се лизне од сеќавањата. Насмевнете некое натажено лице, прегрнете осамена личност, избришете ги солзите од нечиј плачлив лик, дарувајте среќа и ширете позитивност! Зашто ВИЕ можете сè, ВИЕ сте моќни и ВИЕ, како и сè друго што постои на светот сте ТУКА со ПРИЧИНА!rn

      rn011

    • Она што не ви одговара – сменете го.
    • rn011

    • Личноста која ви пренесува негативна енергија – оддалечете ја од себе.
    • rn011

    • На оние кои ве сакаат – возвратете им ја љубовта.
    • rn011

    • На оние кои ги сакате – кажете им го тоа.
    • rn011

    • Тоа што прави да се чувствувате добро – зачувајте го.
    • rn011

    • Предметот кој ќе ве направи среќни – купете го!
    • rn

    rnКој ќе ве запре? Кој може да ве запре? ВИЕ сте господари на вашиот живот и ВИЕ управувате со него, кој ќе ви забрани нешто? Кој ќе проба да ја тргне насмевката од вашето лице? Кој би се осмелил на тоа?rnrnДавајте им важност на малите задоволства, на мирисот на вашето утринско кафе, шлапкањето во вирчињата по улиците, јадењето на вашата омилена калорична тортичка, гордиот поглед во очите на вашите родители, новиот цвет кој расцветал во вашиот двор, ненајавената реприза на вашата омилена серија која сте ја пропуштиле минатиот ден, мирисот на вашата постела, прегратката од некој ваш близок, украсувањето на новогодишната елка, игрите во снегот, собирот со вашите најблиски пријатели…rnrnИ запомнете, доколку го поминете вашето време во планирање и чекање на нешто големо, ќе ги пропуштите сите оние мали нешта кои ви носат насмевка на лицето!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубомора – сигурен убиец на секоја врска!

    Љубомора – сигурен убиец на секоја врска!

    Автор: Катерина НеделкоскаrnrnrnДенес почнав да размислувам за љубомората. Дали е добро да ја има и ако да, во која количина?! Ако ме прашувате мене, малку љубомора е корисна за секоја врска. Кога викам малку, значи ептен малку, еве на пример она мутаво чувство што се јавува од време на време, поради опасноста дека може да ја изгубите личноста што ја сакате. И тоа е тоа. Без драми, без напади во јавност, а богами ни приватни напади, зашто од таква беља никој аир не видел.rnrnЉубомора - сигурен убиец на секоја врска!rnrnИсто како што јас не сакам дечко ми да ми драматизира и да паѓа во несвест секој пат кога некој ќе се поздрави со мене додека сме излезени, било да е дискотека, кафуле, па и на сред плоштад да е, небитно, и јас не сум склона на такви испади. Што порано си сфатиме дека тој некој си имал живот пред нас, живот што вклучува девојки, забави, секс, сè по ред, толку полесно ќе си продолжиме со врската. Па јас не сум светица, нели?! 🙂 Сум имала и јас живот пред него, а ќе имам и после него.rnrnНикако не можам да ги разберам оние партнери кои забегале до тој степен што си ги знаат пасвордите на Фејс, мејл, Твитер, пинови и заштитни кодови на телефоните, строго филтрирање на фејсбук-пријатели, девојката да нема бивши во пријатели или па не дај боже некои дечки што не ги знае лично, да не случајно ѝ остави некој од нив лајк или па коментар, скраја да е! Неговиот профил исто така никако да нема бивши девојки, девојки на пријатели, девојки што не ги познава лично, строго најтесен круг на пријатели и роднини. Што ќе му се школски пријателки, демек некогаш пак ќе ги види?! И мобилниот телефон. Кај нејзе 20-30 броеви од најблиските, и слики строго нивни заеднички, со други луѓе, никако! Исто и кај него. На пиво со другарите еднаш неделно, или уште подобро, еднаш на две недели, што ќе му е толку пиво, уште па да се здебели на крај. 😀 Кафе/коктели со пријателките онолку пати колку што него му е дозволено да излезе на пиво со другарите. Дискотеки и кафани не доаѓаат предвид за сингл излегувања, таму само заедно. Ако едниов малце повеќе испие, обавезно да не прават муабет во следните две недели, па тоа е сериозна грешка!rnrnИ да ви кажам што беше последното нешто што го слушнав за една врска на една девојка што не ми е блиска пријателка, но ете почувствувала потреба да ми се довери. Си ги знаат пиновите на кредитните картички, односно да бидам поконкретна, тој го знае пинот на нејзината кредитна картичка, па ѝ ја позајмува од време на време, да провери дали претерала со шопинг, или па да си купи нешто за него, ако не му стигнат неговите пари. Кааааде бе со тој муабет?! Мене татко ми не ми го знае пинот на картичката, а не па некој контрол-фрик кој по некоја случајност се погодил да ми биде дечко! Што е многу, многу е!rnrnЗа моја среќа, јас овој љубоморниов ген или го имам во минимални неприметливи количини, или па воопшто го немам. А и уште една среќа моја, се гледам со дечко што исто така или го има во минимални неприметливи количини или воопшто го нема. Lucky me! :DrnrnМене ми е смешна целата таа претстава со мобилните телефони, мојот телефон е моја приватна работа, исто како што неговиот телефон е негова приватна работа, и да ви кажам најискрено, воопшто не ме интересира ништо околу тоа. Исто и Фејсбук. Малку ми е налудничаво сето тоа контролирање на кој што каде пишал, единствено што може да се постигне е да си всадам некој сомнеж, и ете ми после главоболки за некоја што најверојатно или му е братучетка или школска или бивша, сеедно, не ме интересира. А од друга страна па не кријам ништо, мојот телефон секогаш стои на маса и воопшто не би ми било проблем ако некогаш не можам во моментот да кренам слушалка, а тој е поблиску да се јави.rnrnВо мојов случај голема улога игра инаетот и забраните. Делуваат целосно контрапродуктивно, што повеќе забрани и правила добивам, толку ми е поинтересно да ги кршам. Сум била во врски во кои пробувале да ми наметнат некои правила и забрани, и истите завршиле со раскинување откако претходно сум ги направила сите бељи колку да докажам дека не следам ничии правила! Ама затоа вака кога ми е дозволено да имам свој живот и да правам што сакам, секако во граници на нормалата, баш и не ми е интересно да се глупирам. Ја давам истата слобода што ја добивам, и да ви кажам најискрено, тоа е најдобрата комбинација.

  • Трулост

    Трулост

    Автор: Дарко СоколовrnrnТрулостrnrnПомина многу време откако последен пат ја силував хартијата и зачнав мисли, идеи, визии, кои ги оставам како копилиња да се родат, да израснат и да се расеат меѓу народот.rnrnСлучајно го видов Вардар како тече, полн, многу полн, онака, мирен, спокоен, безгрижен. Цела среќа што беше прилично мрачно, па не успеав да прозрам под површината, да видам што СÈ носи со себе.rnrnНо, затоа секогаш е светлина да видам што ЈАС носам со себе. Ништо. Едноставно, ништо не носам со себе. Како парталав скитник, нарамен само со своето крпче, полно со минати падови и идни искачувања… по некоја идеја… неколку спомени и еден куп предизвици, лутам низ Светот и среќавам луѓе.rnrnОнака, наивно, ѕиркам во нивната душа и барам причини за разбирање. Оние дребулии што ги наоѓам само ми ја разгоруваат желбата да копам подлабоко, со голи раце, искршени нокти, да гребам за грам надеж дека, дај Боже, трулоста не отишла предлабоко.rnrnВеќе и пестицидите не се тоа што беа… Не штитат од модерните болести… штета. А од надвор ги гледаш, цвеќиња, убавина, да застанеш и цел ден да им се восхитуваш, ма два дена. Внатре – трулост.rnrnСреќа што некои генетски се отпорни на модерните болести, инаку, ни пестициди ќе ги спасеа, ни ништо! Е, ама тие се старомодни, заостанати. Денес е ИН да си трул. Колку потрул, толку покул. А има и такви, калемени, на трулост.rnrnШтета што единствен критериум за вредност е трулоста. Таква ни е почвата, само трулост успева на неа. Еве, луѓе, зошто не можете да успеете. А ако успевате, овде, на сред ораница, БРАВО!

  • Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    Автор: Ана АнгеловаrnrnЗапочна новогодишната еуфорија низ градовите. Како и секоја година во овој период, жените, а посебно младите девојки најмногу обрнуваат внимание на облеката што ќе ја носат на новогодишната ноќ. Тоа е нешто посебно што треба внимателно да се одбере. Секако, секоја девојка посакува да биде најубава, па еве 10 предлози коишто би можеле да ви помогнат во изборот на облеката.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    1. Светкав фустан

    rnТренд којшто почнува да ги освојува модните писти и светските метрополи на модата. Светкавиот фустан кој на него има безброј мали светкави парченца е совршен за новогодишната ноќ. Во него не само што ќе бидете шик и тотално модерни, туку и ќе бидете во центарот на вниманието.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    2. Мини здолниште со карнери и топ маичка

    rnСовршена комбинација за оние коишто сакаат да бидат модерни и истовремено да се чувствуваат лежерно во облеката што ја носат. Доколку се одлучите за ваква комбинација, потребно е маичката да биде едноставна (како на сликата подолу). За да ја „освежите“ комбинацијата можете да додадете и болеро.rn

    Неутрална шминка на оваа комбинација би изгледало совршено. Се препорачува маичката да биде внатре за да не се покрива мини здолништето со што се добива и подобар изглед.

    rn

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    rnrn

    3.Тантела

    rn

    Оние кои обожаваат сè што има тантела, ова е полн погодок за нив. Црн, бел или црвен фустан… без разлика каква боја ќе одберете, ако има тантела, ќе изгледате сексапилно, заводливо и моќно. Со ваков фустан, ќе заведувате машки очи цела вечер. Ваквиот „аутфит“ не заборавајте да го комплетирате со високи потпетици, а совршени би биле и оние со голема платформа.

    rn

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    rnrn

    4. Опуштено

    rn

    За оние кои сакаат да имаат добра забава на новогодишната ноќ и да се чувствуваат лежерно, опуштено и „кежуал“, најдобар избор се плетените туники или пак топлите фустанчиња коишто личат на туники. Не грижете се, доколку изберете ваков тип „аутфит“ нема да погрешите. Би било добро доколку под туниката облечете хулахопки во боја. Така нема да изгледате дека сте сакале да бидете „кежуал“, туку повеќе ќе оставате впечаток како да велите „сакам да сум секси“.

    rn

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    rnrn

    5. Фустан на едно рамо

    rn

    Еден од најпопуларните модни трендови што направи бум во модата… Нема некоја позната личност која не облекла ваков фустан. Од Ким Кардашијан, Тејлор Свифт, па сè до „Очајните домаќинки“. Нема да погрешите доколку изберете ваков тип фустан и го искомбинирате со балетанки или високи потпетици.

    rn

    Топ 10 „аутфити“ за новогодишната ноќ

    rnrn

    6. „Ледена убавица“

    rnЗамислете, влегувате во објектот и гледате сите избрале темни бои на облека. А вие бело, снежно бело. Какво освежување би направиле таа вечер. Изберете ваков тип фустан или мини здолниште и ќе бидете посебни.rnrnДополнете со мала плик чанта или мала чанта на рамо со тенки прерамки до вашата половина. Најубава комбинација би била со свилени беж боја хулахопки, чанта на рамо, балетанки во светла боја (никако чизми) и мала бела лента во косата. Комбинација WOW.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    7. Огнено црвено

    rnОва е за оние похрабрите, посмелите и за оние коишто сакаат да се во центарот на вниманието. Најдобро би било да изберете краток црвен фустан со длабоко деколте. Машките очи нема да се тргнат од вас.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    8. Безвременско шаренило

    rnБез разлика дали ќе станува збор за мини здолниште, фустан, туника… ова е полн погодок ако се одлучите за ваков тип. Дали ќе има асиметрични фигури на него, цветен дезен или какви било шари, сеедно. Но, без претерување, инаку би испаднало кич. Еве една комбинација во која доаѓаат до израз сите ваши облини.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    9. Долги, елегантни фустани

    rnОвие безвременски парчиња облека ќе ве направат да се чувствувате како некоја позната ѕвезда која што ќе свети цела ноќ. Најдобро би било да се одлучите за црната, белата, црвената или темносината боја. И секако, треба да внимавате да нема многу детали на него. Колку помалку детали, толку повеќе овој фустан ќе ве прави како ѕвезда. Можете да се одлучите за фустан со тул или без. Доколку се одлучете фустанот да биде со тул, подобро не избирајте бела боја и внимавајте да нема многу слоеви бидејќи во спротивно можете добиете ефект на „невестински фустан“.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrn

    10. Разни стилови

    rnКако последен предлог за новогодишен „аутфит“, еве уште неколку видови фустани: тесни, фустан со паднат ракав за позатворени жени, нешто „покежуал“.rnrnТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќТоп 10 „аутфити“ за новогодишната ноќrnrnКој стил би го избрале вие за новогодишната ноќ?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Аурора аустралис – јужни светлини

    Аурора аустралис – јужни светлини

    Автор: marfirnrnrnАурора аустралис или јужните светлини се смирувачки, динамични дисплеи од светлина кои се јавуваат на небото над Антарктикот во зима, како и во Нов Зеланд, Австралија и Јужна Америка. Тие се всушност како лајт-шоу на природата, визуелна поезија од атмосферските гасови. Оние коишто биле сведоци на ваква глетка, со сигурност можат да потврдат дека многу малку глетки може да се израмнат со магијата и мистеријата на овие бои кои се појавуваат на антарктичкото небо.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Што е Аурора аустралис?

    rnАурора е заедничкото име на светлината од фотоните емитувана од атомите, молекулите и јоните кои се наелектризирани од разни партикули (најчесто електрони) кои патуваат низ магнетското поле на повисоката атмосфера на Земјата. Како резултат на интеракцијата меѓу соларниот ветер (соларна плазма) и магнетското поле на Земјата, се јавува Аурора.rnrnОвие судари произведуваат електрични празнења кои ги исполнуваат атомите со кислород и азот, кои ги даваат разните бои на светлината. Магнетските полиња на Земјата ги насочуваат овие празнења кон половите, а пак активноста на Сонцето и короналните дупки ги зајакнуваат празнењата на електроните од кои пак зависи интензитетот и траењето на дисплеите.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Колку трае?

    rnАктивната фаза може да трае 15-40 минути и повторно да се појави два-три часа подоцна. Траењето и интензитетот зависи од локацијата на која се појавува оваа светлина на јужниот пол.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Какви се боите?

    rnДисплеите може да се појават во многу бои, а бледо зелената и розовата се најдоминантни. Забележани се и сенки од црвена, жолта, зелена, сина и виолетова. Разните атоми на гасовите даваат различна боја. Атоми од наелектризиран кислород даваат црвена боја, јони од азотот даваат виолетова. А комбинацијата од овие гасови даваат белузлав изглед. Овие варијации зависат од висината, композицијата и густината на јоните на одредената висина.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Колку е оддалечена Аурора аустралис?

    rnГенерално, лакот на аустралис е во пониските граници на околу 113 км во висина. Ако долната граница е со розова боја, тоа значи дека висината е пониска, околу 80 метри, а ако има црвеникава боја тоа значи дека аустралис е во висина од над 240 км.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrn

    Во какви форми може да се јави?

    rnАустралис може да се јави во многу форми – столбови, снопчиња, ореоли од вибрирачки бои. Се простира од исток кон запад, а формата најчесто зависи од бројот на наелектризирани електрони во атмосферата и интеракцијата на електричните празнења и магнетните полиња. Ако ги има доволно, лакот на аустралис може неколку пати да ја промени формата и бојата.rnrnАурора аустралис - јужни светлиниrnrnПогледнете го прекрасното видео за појавата на Аурора бореалис во Северна Русија.

  • Трагите во снегот

    Трагите во снегот

    Ги паметиш ли нашите прошетки по ланскиот снег? Насмевките и среќата кои тој ги пробуди во нас? Ветувањата дека ќе си останеме верни еден на друг и во топли прегратки ќе го дочекуваме секое ново зимско утро? А во твојата прегратка јас наоѓав сè, сè што ми беше потребно, топлина, заштита, неизмерна среќа…rnrnОдејќи по снегот ги остававме нашите стапки, како доказ дека сме биле тука, сме оставиле некаков белег, некаква трага, а јас секогаш се лутев што твоето ангелче во снегот беше поголемо и поубаво од моето.rnrnТрагите во снеготrnrnГи памтиш ли снежните утра кои ги дочекувавме во топлина, се вкусно кафе и насмевки на лицата, а утрата беа толку бели, изгледаа така смирено и невино. А јас, јас бев сигурна дека што и да се случи, смиреноста ќе ја пронајдам со тебе. Колку и да беше бурно попладнето, твојот лик на крајот од денот ми носеше мир. Снегот се стопи, нашите траги во него исчезнаа, останаа само влажните улици, а без тебе тие се некако ладни и мрачни…Но не грижи се, среќата пак ќе најде пат до двајцата нас, само што нема да ја делиме истата.rnrnСега смирено на мојот прозорец го чекам првиот снег од новата зима, подготвена сум за него. И не се плашам, јас сум храбра девојка, можам и сама да чекорам по снегот, да ги оставам моите траги во него, моите стапки, и оваа година како дете да му се израдувам на снежно-белиот убавец. А новата љубов… ќе се случи, дали ќе ја донесе новиот снег, или пак, пролетното сонце, не е ни важно, важно ќе се случи, а во меѓувреме, со сета моја среќа, со сите мои насмевки и сета моја надеж, ќе уживам во белите утра, зашто се прекрасни!

  • Поезија: Зрнца на љубовта

    Поезија: Зрнца на љубовта

    Автор: Катерина НеделкоскаrnrnЗрнца на љубовтаrnrnШто убаво си врне.rnМирисот на дожд измешан со мирисот на свеќи од ванила… Мирис на есен.rnПоосамена од обично.rnНе јас. Есента.rnЈас… Мене ми е добро.rnГо комбинирам старото со новото,rnминатото го сакам назад, барем на кратко.rnКој може да ме обвини, студеново време ми ги врати спомените.rnА ги имаме премногу.rnПосебно во сезоната на калинките.rnИ ноктите ми се во боја на калинка.rnДодека внимателно ги одбирам најубавите зрнца,rnне можам, а да не се потсетам на тебе.rnНивниот вкус е како вкусот на нашето минато.rnТрае кратко, а е толку силен, впечатлив.rnВкусот го чувствувам долго потоа.rnВелат дека за да го почувствуваш вистинскиот вкус на калинкитеrnмораш да земеш повеќе зрнца одеднаш, само така се добивал целосниот впечаток.rnНе, не.rnЈас ги сакам едно по едно.rnМе потсетува на тоа дека најслатките задоволства на животот, се кратки.rnА сепак постојат!rnДа живее есента!rnСекогаш успешно те носи во мојот живот.rnЗа малку љубов, малку хаос.rnМалку моментална среќа. За шолја топол чај во нашето омилено кафуле,rnза твојата насмевка која во овој период од годината е најубава.rnЗа прегратки, за моите дланки да се стоплат во твоите.rnЗа моите усни да најдат мир врз твоите.rnЗа денес.rnЗатоа што утре не ме интересира.rnНе сме ние за иднина, сегашноста е наша.rnКому му е гајле за иднината, јас живеам за денес.rnИ онака есенските дождови успешно успеваат да ги избришат гревовите од изминатите години.rnИ од целата наша приказна, го паметам само убавото.rnСамо тоа ми е потребно.

  • 10 предлози за совршен новогодишен подарок за жена

    10 предлози за совршен новогодишен подарок за жена

    Автор: Марија П.rnrnСе наближуваат новогодишните и божиќните празници, а вие сè уште не сте купиле подарок за најблиските? Погледнете неколку предлози со кои сигурно ќе измамите насмевка и задоволство на нивните лица, а вашиот гест ќе ги стопли за време на студените денови.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn1. Салонки на висока потпетица – Секоја девојка сонува за ваков подарок. Одлични за време на најлудата ноќ.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn2. Ракавици – Со весел дезен, никого нема да остават рамнодушен. Плус, ќе им ги стоплите рацете.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn3. Пар чорапи – Шарени и штосни, можат да се подарат на пријател или на близок роднина.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn4. Комплет долна облека – Изненадете ја вашата сакана со прекрасен комплет. Ќе ви биде благодарна.rnrnrnrn5. Паричник – Не заборавете да ставите некој денар внатре. :)rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn6. Торба за викенд – Доволно голема за да ги спакувате најбитните работи за да заминете на новогодишна забава надвор од градот.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn7. Џемперче – Интересен дизајн. Впечатлива боја.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn8. Миризлива свеќа – За долгите зимски ноќи… Предлагаме со мирис на цимет и ванила.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn9. Сет: гел за туширање и лосион за тело – убаво спакувани…rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrnили… пенлива купка која се раствора во вода – ќе создаде пена, а на кожата ќе остави блескав траг.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарокrnrn10. Книга – Колку повеќе страници, толку подолго задоволство.rnrn10 предлози за совршен новогодишен подарок
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.