КАФЕ ПАУЗА

Tag: Предложи содржина

  • Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

    Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

    Автор: М. ДавидовскаrnrnОвој брз ритам на живеење секојдневно ни создава чувство на депресија, огорченост, незадоволство, завист и љубомора. Дали сте се запрашале која е причината? Сè е до вашата психа! Затоа се потрудивме да ви одвоиме неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете да работите на себе и да ја користите моќта која ја поседувате.rnrnПостојат разни теории за позитивното размислување. Природниот закон на енергијата која постои во сите нас, која не поврзува, која ја шириме во правец на позитивно или пак негативно влијание кон другите и кон самите себе, е енергија која никогаш не умира, туку само ние, како дел од неа можеме да ја менуваме, да делуваме на најразличен начин. Позитивната енергија е извор на сите убави случувања, на нашата насмевка, на среќните и весели мигови и на исполнување на сите цели кои си ги задаваме во животот. Позитивната енергија не се купува, не се добива со посебно знаење, туку потребна е само желба и упорност за да ја достигнете.rn

    За почеток верувајте дека во вашата личност се крие голема сила и ослободете ја!

    rnЗамислете си што сакате да бидете и постигнете го тоа. Помислете дека токму во овој момент ви се случува таа промена.rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Исфрлете го од употреба зборот „невозможно“!

    rnНајдете ја неговата вистинска примена, а во вашиот речник внесете и применувајте го почесто исказот „јас можам“. Често употребуваните зборови со негативна конотација предизвикуваат да ви се случат работи кои не ги сакате.rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Не сомневајте се во вашите способности!

    rn

    Во моментот на разочарување, насочете ги мислите на позитивната страна и верувајте дека во вас постои Џин и изнесете го на површина.

    rn

    Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

    rnrn

    Полетот е клуч за долга младост

    rnЖивејте како млади сега и секогаш. Па дури и старецот, доколку верува во себе и својата способност, започнувајќи го денот полетно, тој ги завршува работите со успех.rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Самодовербата нека го засени чувството на неспособност

    rnТајната на успехот е: нема тајна на успехот! Вие ја поседувате способноста да успеете. Хранете и одржувајте ја вашата самодоверба. Доколку нешто не можете да го завршите сами, тогаш бидете сигурни дека постои некој околу вас што се грижи за вас и е тука да ви помогне во сè и секогаш!rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Неверојатната моќ на имагинацијата

    rnОбидете се да замислите како сакате да изгледа она што планирате да го започнете. Не сме сите големи фантазери, но можеме да се потрудиме да замислуваме убави работи, секојдневно накратко да ѕиркаме во замислениот „розов свет“. Бидете искрени, верувајте, трудете се и ќе остварите!rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Не оставајте простор за паника!

    rnВо моменти на стрес и напнатост, не дозволувајте паниката да ве обземе, смиреноста ќе ви помогне разумно да постапите, да се справите со ситуацијата и да изнајдете решение. Стравот е демонски плод, па затоа заборавете го засекогаш тој збор бидејќи не постои ништо од што треба да се плашите!rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Барајте го решението во иднината!

    rnНикогаш не присетувајте се на пропуштените можности, лошите моменти, размислувајте на иднината и пронајдете ги решенијата на проблемите во неа. Трудете се да ги видите новите можности кои ви се пружаат.rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rn

    Вие сте поголеми од вашите проблеми

    rnОживејте го спортскиот дух и со негова помош хранете ја вашата психа со мисли кои ќе ви помогнат да се искачите и на највисокиот врв! Погледнете околу себе и црпете енергија од сето она што ве опкружува. Променете ги своите мисли и пристапете со позитивен став – од тој момент ќе почнете да ги доживувате „чудата“!rnrnВие ја имате моќта да го остварите невозможното!rnrnВашиот ум е предуслов за успех. Дозволете и на позитивната мисла да внесе радост во вашиот живот, само вие можете да направите од себеси човек за кој „розовиот свет“ ќе биде светот во кој живеете. Пронајдете го во себе непресушниот извор на позитивната енергија, изворот на среќата, љубовта, успехот, топлина и пријатност и ширете ја наоколу, така вие и сите луѓе околу вас ќе бидат среќни и задоволни!rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поезија: Портрет

    Поезија: Портрет

    Автор: ПеперуткаrnrnПортретrnrnСакам да те насликам,rnа не знам да сликам.rnА толку многу сакам да знам.rnСакам да си ги бојамrnчувствата и мислите,rnсликите и зборовите.rnСакам многу бои.rnНеправилни форми,rnапстракции со конкретна моќrnсо силина и душаrnкако чувствата во мене.rnНе знам како правилно да те насликамrnама имам право да сакам.rnИ не сакам правила,rnзатоа ти ќе бидеш мое платно.rnЧетки не користам.rnМислиш дека ќе се снајдамrnсамо со она што го имам?rnСветлозелен поглед потонатrnво сатенската црнина на твоите очи.rnСнежно бели мали стапкиrnшто водат кон твоите чекори.rnРозови воздишки од треперењаrnштом застанам пред тебе.rnНебесно сина насмевкаrnбез ниедно облаче,rnнескриена,rnискрена,rnсо воскликrnза тебе.rnМлада месечинаrnсе огледува во твоите очи.rnНежни праска допири.rnСамо мала срамежлива нијанса.rnТанц на жолти преграткиrnоколу целото твое тело.rnПеперуткасти виолетови бакнежиrnпо твоето лице.rnМоите омилени бои.rnСо нив сакам да бојамrnдолго, долго, долго…rnКолку си прекрасен!rnНо не сум завршила.rnИ нема да завршам.rnВака можам да сликам бесконечно.rnДодека мотивот е љубовна искра што тлее,rnскокотлива радост, растреперен пулс, немирно срце,rnдодека ти си моето платно,rnјас сум најдобрата сликарка.

  • Како да се справите со променливи личности?

    Како да се справите со променливи личности?

    Автор: Ха.Бе.rnrnПромената на расположението е природна појава. Сите ние некогаш можеме да бидеме вон нашата вообичаена здравствена или умствена состојба, да бидеме изнервирани, да имаме некои хормонални нарушувања или едноставно да сме пречувствителни. Некои луѓе дури и тврдат дека ги привлекуваат променливи типови на луѓе, кај кои непредвидливоста ја наоѓаат како интересна карактеристика.rnrnКако да се справите со променливи личности?rnrnМеѓутоа, ако сте личност со изградена интелектуална и емоционална стабилност, тогаш променливоста на луѓето најверојатно ја има изгубено својата привлечност, а променливиот пријател, колега или роднина, едноставно станува досаден и напорен, што резултира со замор и нервози кои влијаат и на вашето расположение. За да ги избегнете овие негативни ефекти без да ги избегнувате овие негативни луѓе, еве неколку корисни совети како да се справите со нив доколку не сакате да ги исклучите од вашиот живот:rnrn

    1. Покажете им како е да се биде на другата страна

    rnОва не се однесува на тоа дека треба да им враќаме во иста мера на ваквите луѓе, но некогаш ако точно им покажеме како е цело време да се биде во друштво на таква личност, можеби ќе помогне во ситуацијата. Тогаш таквата личност ќе ги регистрира работите од ваша гледна точка.rnrn

    2. Време за одмор

    rnАко сте постојано опкружени со променливи луѓе, без разлика дали тоа е пријател, член од фамилијата или колега, многу е важно да се тргнете настрана од нив одредено време. Многу е важно да се одморите и релаксирате оддалечени од нив. Ова ќе ви помогне да се осигурате дека вие сте си секогаш на прво место.rnrn

    3. Продолжете со вашето вообичаено однесување

    rnТреба да се обидете да се однесувате така како што вообичаено се однесувате, без да обрнувате внимание на нивното расположение. Во некои случаи постои причина за нивното однесување, но поголемиот број се однесуваат така што ќе привлечат најголемо внимание.rnrn

    4. Учтиво дадете им до знаење

    rnБидете учтиви кога го правите ова и кажете ѝ на променливата личност дека постојано има промена на расположението во начинот на нејзиното однесување. Можеби ќе откриете дека личноста е комплетно несвесна за нејзините постапки, па со тоа што сте ѝ дале до знаење, таа ќе го промени своето однесување. Можеби дури и ќе ви ги отвори своите емоции и ќе ви даде до знаење која е причината за таквиот нејзин однос кон околината.rnrn

    5. Размислете која би можела да биде причината за променливиот карактер

    rnКога ќе се конфронтираме со променлива личност, повеќето од нас ја обвинуваат неа, најчесто изградувајќи мислење во негативна конотација. Многу често ние не размислуваме дека таа личност можеби поминува низ тежок период; можеби во период на љубовни проблеми, жалост или други стресни ситуации.rnrn

    6. Останете со позитивна енергија

    rnСите знаеме дека е тешко да се биде во друштво на променливи луѓе, но многу е важно вие да останете со позитивна енергија. Некои луѓе веруваат дека со својата позитивна енергија можат да влијаат на расположението на другите луѓе. Затоа останете среќни и оптимистични.rnrn

    7. Не сте вие виновни

    rnЛуѓето често се обвинуваат себеси ако некоја личност е во постојано променливо расположение кога е во нивно опкружување, но вие не смеете да го правите ова. Не сте вие виновни за променливоста на нивниот карактер. Тие не заслужуваат, а уште помалку вие, да се одрази нивното однесување на вашиот личен живот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Поезија: Љубопитност – пронајдок – почеток…

    Поезија: Љубопитност – пронајдок – почеток…

    Автор: Страхил ТодоровrnrnЉубопитност - пронајдок - почеток...rnrnЈас седев на терасата од викендицата,rnсо прекрстени нозе ја рушев монотонијата на просторот…rnТвоето име беше дел од телефонскиот именик,rnи со фотографијата од тебе,rnлево од бројот и личните деталиrnзначеше само технолошко достигнување,rnи дотогаш ништо повеќе.rnДодека столетната врба, на чие стеблоrnбеа изгравирани две имиња од различен род,rnпреку летното шумолење ме молешеrnда ја одгатнам откриената тајна, вистината за нас,rnјас, започнав да ја плетамrnисторијата на една судбина,rnна едно внатрешно чувство,rnна една фотографија од телефонскиот именик.rnТогаш бев своевиден инспектор,rnактивен слушател на пасивниот исказ -rnвербален цртеж на твојата хемија,rnчија формула завладеа со мојот ум.rnИспитаникот го слушав енергично,rnнебаре сум создавач на човечката концентрацијаrnкоја ми помогна да восприемам сè што ми требаше,rnсè што беше до тебе, со тебе, во тебе…rnПо природа, верував во чуда,rnмечтаев да откријам нова планета.rnСе трудев да се убедам самиот себесиrnво тој момент на предизвик,rnда го наградам моето тажно егоrnсо зрак на можна судбинска надеж.rnБев подготвен да се соочам со тебе,rnсо вистината од фотографијата,rnсо едноставноста на цифрите од бројот,rnсо комплексноста на твоето име лесно за запомнување.rnБев сигурен дека вистинската ТИ,rnнекогаш, некаде, пред некого, а најдобро пред менеrnќе се појавиш таква каква што беше во сонот -rnневиното човечко суштествоrnчија фотографија беше во телефонскиот именик.